КАФЕ ПАУЗА

Tag: крвен притисок

  • Кои се предностите на секојдневните прошетки?

    Кои се предностите на секојдневните прошетки?

    Прошетките се генерално добар вид физичка активност кој не мораме секојдневно да го исполнуваме со намера. Можеме да се прошетаме и кога одиме до продавница, до автобуската станица, да го прошетаме миленичето или да излеземе со пријателите и сето тоа има добро влијание врз нашиот организам и нашето тело. Меѓутоа, подолгите прошетки имаат неверојатни здравствени предности.rnrnКои се предностите на секојдневните прошетки?rnrnНа пример, кратките прошетки од 30-45 минути може да ја спречат појавата на Алцхајмеровата болест во подоцнежните години, да го подобрат тонусот на мускулите, да го спречат добивањето глауком, да го подобрат здравјето на белите дробови и многу други здравствени работи. Во продолжение прочитајте подетално за овие предности на прошетките и трудете се што повеќе да пешачите.rn

    1. Го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест

    rnПрошетката е добра за умот и менталното здравје воопшто. Според последните истражувања на Универзитетот во Вирџинија, мажите помеѓу 71 и 93 години, кои оделе повеќе од половина километар дневно имале значително помала зачестеност на деменција и Алцхајмерова болест.rn

    2. Ги зацврстуваат мускулите

    rnПознато е дека со вежбањето се оформуваат мускулите, а ова има посебно значење кога е во прашање прошетката. За време на одењето се зајакнуваат мускулите на нозете, задникот и стомакот. Доколку внимавате и на својот став и начинот на кој пешачите, ќе можете да ги зацврстите и стомачните мускули и половината.rn

    3. Го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат крвниот притисок

    rnСекој којшто имал срцеви проблеми најпрвин треба да се посоветува со доктор. Меѓутоа, прошетката може многу да помогне во подобрувањето на здравјето на срцето и има позитивен ефект врз притисокот.rn

    4. Го подобруваат здравјето на дебелото црево

    rnСпоред некои експерти, прошетката може да го намали ризикот од добивање на рак на дебелото црево дури до 31% кај жените. Секојдневните прошетки во времетраење од 10-15 минути помагаат во правилното функционирање на целиот дигестивен систем бидејќи вежбите се особено важни за варењето на храната во цревата.rn

    5. Го подобруваат расположението

    rnАко се чувствувате лошо и депресивно, решението за проблемот можете да го најдете во прошетката. Според едно истражување, луѓето кои пешачат помеѓу 30 и 40 минути секојдневно, 5 пати во неделата имаат подобро расположение и намалени депресивни мисли.rn

    6. Го победуваат глаукомот

    rnЗа оние кои имаат ризик од глауком или висок очен притисок, прошетката е препорачана помош за ослободувањето од притисокот во очите. Истражувањата покажуваат дека умереното вежбање, како трчањето и прошетките минимум 3 пати неделно, може да го намали очниот притисок.rnrnПокрај сите овие наведени придобивки на прошетките, секојдневните излегувања исто така можат да ви помогнат во слабеењето, зацврстувањето на коските, намалувањето на ризикот од дијабетес и подобрувањето на здравјето на белите дробови. Затоа се препорачува што почесто да шетате за да си обезбедите здрав и квалитетен живот.

  • 10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладни

    10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладни

    „Кога надвор е студено и вие мора да излезете, студот најмногу го чувствувате во прстите. Тоа е нормално. Екстремитетите се обично поладни, бидејќи телото најпрво испраќа повеќе крв и топлина кон вашите витални органи: срцето, мозокот и белите дробови“, објаснува д-р Давид А. Фридман, кардиолог од Њујорк.

    rn10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладниrnrnНо, ако прстите секогаш ви се ладни, дури и во простории со повисоки температури, тоа може да биде знак за нешто друго. Ова се 10-те причини за ладни прсти:rn

    1. Рејноов синдром

    rnОвој феномен е честа причина за ладни прсти.rn

    „Рејноовиот синдром е состојба во која има стеснување на крвните садови во прстите на рацете, а понекогаш и во прстите на нозете, во ушите и носот, како реакција на студот или на емоционален стрес“, вели Орин Траум, ревматолог од Санта Моника, Калифорнија.

    rnЗа време на епизода од овој синдром, прстите стануваат бели, па сини, бидејќи многу малку крв тече низ овој дел. Потоа тие стануваат црвени, бидејќи крвта се враќа. Често, за време на нападот, прстите можат да бидат здрвени, да боцкаат или да болат. Повеќето случаи на овој синдром немаат познати причинители. Но, добрата вест е што синдромот често е само иритирачки, а не опасен по живот. Промените во начинот на живеењето, како носењето потопла облека, носењето ракавици во студени средини и избегнувањето на емоционалниот стрес се доволни за тој да се држи под контрола.rn

    2. Автоимуни болести

    rnПонекогаш, некоја друга состојба во организмот може да предизвика Рејноов синдром. Лупусот, болест при која имуниот систем го напаѓа сопственото ткиво, склеродермата, болест која доведува до стврднување и појава на лузни на кожата, како и ревматичниот артритис се само дел од автоимуните болести кои можат да предизвикаат Рејноов синдром. Ова е познато како секундарен Рејноов синдром. Обично, кога е во прашање некоја друга состојба, присутни се и преостанатите симптоми. Во тој момент кога оригиналната состојба ќе биде дијагностицирана и доведена под контрола, ќе се подобрат и симптомите на овој синдром.rn

    3. Хипотироидизам

    rnНеретко се појавуваат здрвени и ладни прсти кога е нарушен балансот на тироидната жлезда.rn

    „Тироидната жлезда е термостат на телото. Кога е помалку активна од нормалата, повеќето од телесните функции го забавуваат темпото на работа и може да се појават симптоми како умор, тврда столица, зголемена телесна тежина и чувство дека секогаш ви е ладно, вклучувајќи и ладни прсти“, вели д-р Али Аџам, ревматолог од Охајо.

    rnХипотироидизмот е најчест кај жените и луѓето над 50 години.rn

    4. Проблеми со циркулацијата на крвта

    rnОва е обично главната причина за која луѓето мислат дека е причинител за ладни прсти.rn

    „Слабата циркулација на крвта се појавува кога хранливата крв богата со кислород тече послабо низ телото, поради слабо пумпање на крв од срцето, физички опструкции на крвотокот како блокирање на холестеролот во големите артерии или помалите капилари, или од други причини“, вели Фридман.

    rnКога срцето не може да испумпа доволно крв низ телото, тоа ќе го почувствувате во дланките и стапалата во форма на студ, здрвување или боцкање, бидејќи тие се најоддалечени од него.rn

    5. Анемија

    rnАнемијата се јавува кога телото нема доволно црвени крвни зрнца или кога хемоглобинот во крвта е понизок.rn

    „Анемијата резултира со намалено количество кислород во телото, што може да предизвика ладни раце“, вели д-р Несочи Океке-Игбокве, интернист од Њујорк.

    rnНекои познати причинители се недоволното консумирање железо, губење крв (поради тежок менструален циклус, чиреви или гастроинтестинални крвавења), некои одредени форми рак и дигестивни нарушувања како целијакија или Кронова болест. Покрај ладните раце, анемијата може да предизвика умор, главоболка, вртоглавица, потешкотии во дишењето и бледа кожа. Во повеќето случаи, анемијата предизвикана од недостаток на железо може да се излечи со суплементи на железо.rn

    6. Недостаток на витамин В12

    rnВитаминот В12, кој го има во месото, јајцата, млекото и други производи, е многу важен во создавањето на црвените крвни зрнца.rn

    „Недостатокот на овој витамин може да доведе до намалено производство на црвени крвни зрнца, а со тоа и да се појави анемија“, вели д-р Океке-Игбокве.

    rnНедостатокот на овој витамин е чест помеѓу вегетаријанците како и луѓето над 50 години кои можат да ја изгубат способноста да го апсорбираат овој витамин од храната. Обично испитување на крвта може да покаже дали постои недостаток на Б12 и дали тоа е причината зошто вашите прсти се ладни.rn

    7. Низок крвен притисок

    rn10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладниrn

    „Хипотензијата, или нискиот крвен притисок, може да се појави од најразлични причини: дехидрација, губење крв, одредени лекови и ендокрини болести“, вели д-р Океке-Игбокве.

    rnКога крвниот притисок ви е низок, вашите крвни садови ќе ја поместат крвта подалеку од екстремитетите и ќе ја насочат кон виталните органи, што може да резултира со ладни прсти. Ако имате симптоми на хипотензија, како вртоглавица, заматен вид, умор, нагон за повраќање и збунетост, побарајте лекарска помош.rn

    8. Стрес и анксиозност

    rnПознато е дека стресот може да предизвика голем број болести и нарушувања на различни делови од телото, а дланките не се исклучок. Кога искусувате хроничен стрес или анксиозност, вашето тело се подготвува „или да бега или да се бори“. Адреналинот се покачува и како резултат крвните садови во екстремитетите се стеснуваат и прстите, како и дланките стануваат ладни. Ако го контролирате и намалите стресот, ќе ги намалите и симптомите.rn

    9. Лекови

    rnНекои од лековите може да предизвикаат ладни раце.rn

    „Постојат многу лекови кои ги стеснуваат крвните садови, поконкретно во артериите, и кога тоа се случува, еден од несаканите ефекти кој се појавува може да биде Рејноовиот синдром“, вели Фридман.

    rnНекои од овие лекови се бета-блокатори (кои се препишуваат за регулација на крвниот притисок), одредени лекови за рак, за главоболка и слично. Разговарајте со вашиот лекар или фармацевт за да дознаете дали некои од лековите кои ги земате може да ги предизвикуваат вашите симптоми.rn

    10. Пушење

    rn10 причини зошто вашите прсти се секогаш ладниrnrnПокрај многубројните причини да ги откажете цигарите, еве уште една: никотинот предизвикува стеснување на крвните садови и може да предизвика блокирање на делови од артериите, што резултира со намален крвоток во екстремитетите.

  • Намалете го високиот крвен притисок за само 5 минути со помош на овие 2 едноставни чекори

    Намалете го високиот крвен притисок за само 5 минути со помош на овие 2 едноставни чекори

    Високиот крвен притисок е болест на модерното време која се поврзува со стрес, недостаток на сон и лош начин на исхрана. Скоро секој човек во одреден момент од својот живот може да се најде во ситуација каде притисокот му е покачен. Но, дали знаете што треба да направите во овие моменти со цел да го регулирате? Вашите мускули мора итно да се опуштат, па според Лун Хансен, докторот на фудбалскиот клуб Спартак, тоа можете да го сторите преку една тајна древна кинеска медицинска техника. Со нејзина помош вие можете да го намалите високиот притисок за само 5 минути, без притоа да мора да пиете лекови. Сè што треба да направите е нежно да ги масирате следниве 2 точки на вашето тело…rnrnНамалете го високиот крвен притисок за само 5 минути со помош на овие 2 едноставни чекориrn

    Прва точка

    rnСтанува збор за линија на телото која се протега помеѓу ресите на ушите до средината на клучната коска. Оваа линија не треба да се притиска силно, туку нежно и бавно да се гали со скоро незабележителни движења на вашите раце, од горе надолу, едвај допирајќи ја со врвовите на прстите. Повторете 10 пати од едната страна, а потоа преминете на другата, повторно 10 пати.rn

    Втора точка

    rnОваа точка се наоѓа на делот од лицето кој е во ниво на ресите на ушите, на половина сантиметар од самите уши, во насока на носот. Масирајте ја оваа точка со врвовите на прстите, по 1 минута на двете страни од лицето. Притискајте посилно, но без притоа да почувствувате болка. Откако ќе завршите, вашиот крвен притисок треба да биде значително намален.

  • Мачкиното предење – решение на голем број проблеми

    Мачкиното предење – решение на голем број проблеми

    Во последно време, многу луѓе зборуваат за здравствените бенефиции од мачкиното предење. Мачките се навистина мистериозни и необични суштества, а ова тврдење е особено чудно, но останува да тестираме за да видиме колку е вистинито.rnrn0-machkinoto-predenje-reshenie-na-golem-broj-problemi-kafepauza.mkrn

    1. Го намалува стресот

    rnВибрациите кои го создаваат мачкиното предење делуваат како седатив на нервниот систем кај луѓето и на тој начин ги смирува. Исто така, го намалуваат стресот и напнатоста која редовно ја чувствуваме од работата и од други стресни обврски.rn

    2. Предењето може да биде индикатор за болест

    rnСпоред научниците, постои разлика во предењето од задоволство и предењето кога мачката се обидува да го предупреди човекот за некоја болест. Исто така, постои истражување кое кажува дека во зависност од болеста секое предење е различно.rn

    3. Го намалува крвниот притисок

    rnМирното мачкино предење има моќ да го регулира крвниот притисок. Секако дека не може да ги замени лековите, но сигурни сме дека позитивно може да влијае врз вас.rn

    4. Ги зајакнува коските

    rnСпоред зборовите на светските ортопеди, фреквенцијата од 25-200 Hz која мачката ја произведува додека преде е најдобра за зајакнување на коските.rn

    5. Го намалува ризикот од срцев удар

    rnСпоред последните кардиолошки истражувања, сопствениците на мачки имаат и до 40% помали шанси да доживеат инфаркт.rn

    6. Спречува отоци и инфекции

    rnСилните вибрации кои мачките ги произведуваат за време на предењето ја забрзуваат циркулацијата – поради што доаѓа до намалување на отокот и елиминација на инфекциите од организмот.rn

    7. Позитивно делува на лигаментите и мускулите

    rnМногу професионални спортисти го забележале позитивното дејство од нивните мачиња во моменти на замор на мускулите или повреда на лигаменти и тетиви. Затоа, при умор или повреда на лигаменти и тетиви се препорачува долго галење на мачки.rnrnЗа крај, еве видео снимка од едно сонливо маче чие предење ќе ги излечи сите ваши болки.rnrn

  • 5 здравствени придобивки од црешите кои не смеете да ги занемарите

    5 здравствени придобивки од црешите кои не смеете да ги занемарите

    Слатки и вкусни, полни со хранливи материи и одлични за здравјето. Ако ви се потребни уште причини зошто уште сега да наполните една чинија со цреши, тогаш продолжите да читате.rnrn0-5-zdravstveni-pridobivki-od-cresite-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite-kafepauza.mkrn

    1. Содржат витамини и хранливи материи кои го спречуваат ракот

    rnЦрешите содржат бројни фитохемикалии и диетални влакна кои се поврзуваат со намалување на ризикот од колоректален рак (рак на дебелото црево). Внесувањето на големо количество диетални влакна исто така помага при контрола на тежината. Ова е важно кај оние кои се изложени на ризик од канцер бидејќи вишокот масти го зголемува ризикот за седум пати.rn

    2. Полни се со антиоксиданси

    rnВитамин Ц, каротеноиди и антоцијани спаѓаат во групата на антиоксиданси. Имаат голема улога во организмот бидејќи спречуваат оштетување на клетките, што некогаш доведува до рак. Антоцијанинот е флавоноид кој им ја дава интензивната црвена боја на црешите. А цијанидинот и кварцетинот се антиоксиданси кои го намалуваат оштетувањето на клетките предизвикано од слободните радикали.rnrn1-5-zdravstveni-pridobivki-od-cresite-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite-kafepauza.mkrnrnКварцетинот е флавоноид кој е одговорен за пигментацијата на црешите. Оваа пигментација по која се познати црешите и состојките кои ги има во нив, не можете да ги најдете во жолтите цреши. Но, и тие се полни со антиоксиданси и витамини.rn

    3. Го намалуваат воспалувањето и ги ублажуваат болките при артритис

    rnВо едно истражување кое било спроведено од страна на Кери Куел, доктор на науки на Универзитетот за здравје и наука во Орегон, се проучувале 20 жени на возраст од 40 до 70 години кои имале инфламаторен остеоартритис. Истражувачите откриле дека пиењето сок од цреши два пати дневно во рок од три недели драстично ја намалило инфламацијата, особено кај оние кои имале највисоки нивоа на почетокот од истражувањето.rnrnДруго истражување спроведено на Истражувачкиот институт Бејлор открило дека дневна доза екстракт од цреши ја намалува болката при остеоартритис за 20% кај поголем дел од популацијата.rnrnЦрешите исто така се одличен лек за справување со болните мускули. Една студија објавена во списанието на Меѓународното здружение за спортска исхрана во 2010 вели дека луѓето кои се напиле 700 мл сок од цреши пред маратон чувствувале помала болка и помалку се жалеле за разлика од оние кои пиеле плацебо.rn

    4. Тие поттикнуваат здрав сон

    rnДобриот сон е клучен за добро здравје. Затоа земете една рака полна цреши. Тие содржат природен мелатонин, супстанција која многу од нас ја земаат како суплемент за подобар сон. Иако во телото го создава епифизната жлезда, сепак таа количина што се добива од јадење цреши ќе ви го подобри сонот. Победете ја несоницата на природен начин.rn

    5. Го одржуваат крвниот притисок

    rnИако некои препораки се специфични за потемните видови цреши, овде станува збор за оние послатките. Тие се богати со калиум и тој го одржува балансот на телото кој лесно се променува со внесување на многу солена храна.rnrnИстражувањето во списанието Критички преглед на науката за храната и исхраната во 2010 вели дека луѓето кои јадат храна богата со калиум имаат помали шанси да патат од хипертензија. И бананите содржат калиум, но многу подобар и помалку калоричен избор се црешите. Затоа уште веднаш наполнете една рака и уживајте во благодетите на ова овошје.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERA

  • Традиционален лек на Амишите: Спречува рак, чир, ги намалува холестеролот и крвниот притисок

    Традиционален лек на Амишите: Спречува рак, чир, ги намалува холестеролот и крвниот притисок

    Заради единствената комбинација на лековитите состојки, традиционалниот рецепт на Амишите го јакне имунолошкиот систем, ги намалува холестеролот и крвниот притисок, делува антивирусно и антивоспалително. Овој лек е делотворен во превенција и лекување на астма, импотенција, рак, артиритис, чиреви, настинки и инфекции. Се препорачува да се конзумира наутро, на празен стомак, а првите позитивни резултати доаѓаат за 2 недели.rnrnТрадиционален лек на Амишите: Спречува рак, чир, ги намалува холестеролот и крвниот притисокrn

    Потребни состојки за 1 доза:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка јаболков оцет
    • rn011

    • 1 лажичка сок од лимон
    • rn011

    • 1 рендано чешне лук
    • rn011

    • 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
    • rn011

    • 1 лажичка мед (или алтернативен засладувач за дијабетичарите)
    • rn

    rnСите состојки помешајте ги и така подготвениот лек чувајте го во фрижидер. Рокот на употреба е 5 дена.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?

    Магнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?

    Магнезиумот е можеби еден од најпотценетите минерали. Тој сè уште не е популаризиран на некој едноставен начин кој ќе ни овозможи да го памтиме, како што се случува со калиумот и бананите, калциумот и здравјето на коските и натриумот и крвниот притисок. За разлика од сите овие примери, магнезиумот влијае позитивно на многу нешта поврзани со нашето здравје и е толку важен што голем број доктори, нутриционисти и истражувачи веруваат дека тој е можеби најважната хранлива материја за човекот која постои.rnrnМагнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?rnrnМагнезиумот е клучен за над 300 различни хемиски реакции во вашето тело, вклучувајќи го и одржувањето на вашето ниво на енергија, помагањето да се опуштите и одржувањето на здравјето на вашето срце и крвни садови. За жал, во денешниот модерен свет, недостатокот на магнезиум е можеби еден од најчестите проблеми на луѓето. Бидејќи тој има клучна улога во многу функции на нашето тело и бидејќи изгледа дека нè штити од сериозни состојби кои преовладуваат ширум светот, магнезиумот навистина може да се нарече „чудотворен минерал“.rn

    Зошто токму вас ви е потребен магнезиум?

    rn1. Една од најчестите употреби на магнезиумот е ослободувањето од тврдата столица, сигурно сте го забележале во состојките на различни лаксативи. Тој исто така е и природен блокатор на калциумовите канали, односно голем дел од медицината се користи со додатоци од магнезиум со цел да се намали крвниот притисок до здравото ниво.rnrn2. Често слушаме за важноста на калциумот за коските, но ретко кој говори за клучната улога на магнезиумот при одржувањето на вашите коски здрави. Но, бидејќи многумина земаат калциумови медикаменти без магнезиум, тоа може да доведе до поголема потреба за магнезиум отколку за калциум кај луѓето кои се најранливи за артритис.rnrn3. Магнезиумот е можеби еден од најважните хранливи материи кои помагаат при одржувањето на човековото срце. Тој му помага на срцето да функционира многу подобро. Магнезиумот исто така им помага и на крвните садови, каде што се случуваат поголем дел од срцевите заболувања. Тој исто така и природно го спречува згрутчувањето на крвта, како што ѝ влијае аспиринот, па многу доктори и истражувачи веруваат дека може да помогне и при спречување на срцеви и мозочни удари.rnrn4. Областа во која магнезиумот може да има најголемо влијание е во спречувањето на дијабетес. Научниците покажале дека нивоата на магнезиум се многу ниски кај оние кои страдаат од ова заболување, додека пак, оние кои имаат високо ниво на магнезиум едноставно не развиваат дијабетес.rnrnКако и сите останати минерали во храната, тој мора да биде присутен во почвата каде што самата храна се израснува. Најдобрите извори на магнезиум се зрната, особено сојата, но може да се најде и во триците, бадемите, бразилските ореви, па и во одредени семки, како сусамот и сончогледот. Тој исто така е дел и од какаото во прав, односно од темното чоколадо.

  • 7 причини зошто авокадото е неверојатно добро за вашето здравје

    7 причини зошто авокадото е неверојатно добро за вашето здравје

    Авокадото е едно од најчесто потценуваните овошја со широк спектар на здравствени придобивки. Всушност, едно ново истражување објавено во „Journal of the American Heart Association“ ни покажува дека секојдневното консумирање авокадо може многу да помогне при одржувањето на холестеролот на нормално ниво.rnrn7 причини зошто авокадото е неверојатно добро за вашето здравјеrnrnИстражувачите откриле дека доволно е само едно авокадо на ден со цел да се одржува здрав режим на исхрана и да се намалат нивоата на „лошиот“ холестерол кај луѓето кои имаат прекумерна телесна тежина. Тоа исто така покажало огромни здравствени придобивки и во следниве полиња…rn

    1. Авокадото може да им помогне на луѓето со прекумерна телесна тежина да се чувствуваат сити подолго

    rnАвокадото може да биде одличен начин за справување со копнеењето за благо помеѓу ручекот и вечерата. Една студија од 2013 година која била објавена во „Nutrition Journal“ ни открива дека возрасните со прекумерна телесна тежина кои јаделе по половина авокадо за ручек имале и до 40% намалување на желбата повторно да јадат во наредните 3 часа. Кај некои, ова чувство се зголемувало и до 5 часа.rn

    2. Авокадото може да го зацврсти вашиот имунитет

    rnТие се преполни со глутатоин, кој истражувањата ни покажуваат дека изобилува со моќни антиоксиданси. Тоа е одличен начин за детоксикација на вашето тело.rn

    3. Авокадото може да помогне при намалување на крвниот притисок

    rnОва овошје содржи повеќе калиум дури и од бананата. Истражувањата ни покажуваат дека зголеменото внесување на калиум може да го намали крвниот притисок кај оние кои страдаат од хипертензија, а со тоа и да го намали ризикот од мозочен удар за 24%.rn

    4. Авокадото е одлична храна за мозокот

    rnИстражувањата покажале дека со висок крвен притисок се зголемува и ризикот за намалување на когнитивните способности. Авокадото може да ви помогне да го намалите вашиот крвен притисок, како и холестеролот, притоа овозможувајќи ви здрав проток на крв со кој се намалува ризикот од мозочен удар.rn

    5. Авокадото му помага на вашето тело да ги апсорбира клучните хранливи материи

    rnСпоред една студија од 2014 година, свежото авокадо може значително да го зголеми внесувањето на бета-каротините, како и да го подобри претворањето на провитаминот А (неактивната форма на витамин) во витамин А (активната форма). Витаминот А е антиоксидант кој помага при одржување на здравјето на вашата кожа, видот и имунитетот.rn

    6. Авокадото има своја улога при борбата со орален рак

    rnЕкстракт од одредени видови авокадо (Hass) може да го убие или пак, да го спречи растот на предканцерогените клетки кои со тек на време можат да доведат од орален рак. Истражувачите веруваат дека состојките во авокадото ги уништуваат овие „лоши“ клетки без притоа да ги повредат здравите клетки.rn

    7. Авокадото заштитува од артритис

    rnАвокадото е богато со лутеин и зеаксантин – каротеноиди кои се поврзуваат со намален ризик од дефекти на ‘рскавицата, кои се рани индикатори на артритис.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што прават 10 дена на море за вашето здравје?

    Што прават 10 дена на море за вашето здравје?

    Летувањето го чувствуваме со сите сетила. Сепак, освен добриот одмор и забавниот помин, постојат и неколку важни здравствени придобивки од вашата 10-дневна изложеност на море.rnrnshto-pravat-10-dena-na-more-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mkrn

    Поголема плодност

    rnСончањето ја засилува плодноста кај двата пола бидејќи го зголемува нивото на витамин Д. Медицинските експерти од Австрија откриле дека витаминот Д го зголемува нивото на женските хормони прогестерон и естроген што го регулира циклусот и ги зголемува шансите да останете бремени.rn

    Повеќе секс

    rnЕдно неодамна спроведено истражување во Велика Британија покажало дека учесниците најмногу сексуални односи имале во август. Научниците ги објасниле резултатите со фактот дека сонцето го поттикнува хормонот на среќата серотонин и допаминот и го покачува нивото на тестостеронот – и кај мажите и кај жените.rn

    Понизок крвен притисок

    rnПовеќе медицински студии имаат покажано дека УВ-зраците го зголемуваат ослободувањето на соединението азот моноксид од кожата, што поттикнува отпуштање на крвните садови предизвикувајќи пад на крвниот притисок.rn

    Подобар сон

    rnСамо заради тоа што не поминувате време пред компјутер или телевизор ќе почувствувате позитивно промена во вашето спиење. На тоа секако влијаат самиот одмор покрај море, промената на климата и психичкиот одмор.rn

    Полесно дишење

    rnЕден од главните причини зошто одморот на море е од голема важност за здравјето е што морскиот воздух е полн со јони кои ја стимулираат апсорпцијата на кислородот, ги олеснуваат симптомите на астмата и го регулираат нивото на хормоните.

  • 5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјето

    5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјето

    Од подобар имунитет до подобар сон, еве како пријателството и социјалните врски го подобруваат вашето здравје. Причина повеќе да бидете подружељубиви уште од денес!rnrn5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјетоrn

    1. Поголем имунитет

    rnСпоред едно интересно истражување спроведено од страна на Списанието на американското медицинско здружение, луѓето кои редовно ги одржувале врските со пријателите и колегите од работа, се поимуни на настинки и вируси. Имено, истражувањето било спроведено така што на здрави луѓе им биле дадени капки за нос кои носеле вирус. Оние кои одржувале 6 или повеќе видови социјални врски (на пример, колеги од работа, познајници, соседи, блиски пријатели и слично), имале дури 4 пати помала веројатност да се разболат од оние кои одржувале помалку пријателства.rn

    2. Помалку стрес

    rnИстражувачите од Универзитетот во Лондон го измериле нивото на кортизол (еден од показателите на хроничен стрес), 30 минути по будењето на испитаниците. Откриле дека нивото кај осамените личности е за 21% повисоко отколку кај социјално активните.rn

    3. Подобри когнитивни способности

    rnДружењето и комуникацијата се вежби за вашиот мозок. Оние кои почесто се во некаква интеракција со другите имаат подобри когнитивни способности. Едно истражување на американското списание за јавно здравство спроведено меѓу постарите жени, открило дека ризикот за појава на деменција (оштетување на мозокот и нарушување на менталните процеси), е за 43% помал кај оние кои секојдневно се среќавале и комуницирале со пријателите.rnrn5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјетоrn

    4. Понизок крвен притисок

    rnИстражувањата покажале дека луѓето со хипертензија (висок крвен притисок), кои се во добра комуникација со своите пријатели имаат за третина помала веројатност состојбата неконтролирано да им се влошува. Во друго истражување каде состојбата на испитаниците се следела 4 години, се докажало дека оние кои не се осамени имаат понизок крвен притисок од оние кои се социјално изолирани.rn

    5. Подобар сон

    rnВо едно истражување спроведено од страна на Списанието за психолошка наука, истражувачите ја следеле состојбата на студентите и донеле заклучок дека оние кои се поповрзани со своите колеги во просек заспиваат за 14 минути побрзо и минуваат помалку време будни во текот на ноќта, за разлика од оние кои биле помалку друштвени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.