Летото полека се приближува, а со него почува и сезоната на комарците. Познати ли ви се летните вечери кога не можете целосно да уживате во нив затоа што тука се овие мали, досадни инсекти? Иако на секаков начин се обидувате да се ослободите од нив, тие повторно наоѓаат начин да ви се приближат и да ви досадуваат. Покрај тоа што знаете дека се неподносливи, во продолжение дознајте уште неколку факти за овие инсекти.rnrnrnrn1. Комарците се најсмртоносните суштества на светот. Секоја година тие предизвикуваат смрт кај преку еден милион луѓе ширум светот (ширејќи маларија). Тоа е повеќе смрт отколку што предизвикува кое било друго животно.rnrn2. Само женските комарци цицаат крв. Ним им треба крвта како извор на протеини со цел да произведат здрави поколенија. Но, исто како и нивните машки партнери, тие исто така мораат да јадат цвет и растителен нектар како хранливи материи.rnrn3. Комарците може да цицаат 3 пати повеќе отколку што е тежината на нивната крв. А таа зависи од видот на комарците и може да изнесува некаде помеѓу 0,001 и 0,01 милилитри.rnrn4. Она што прави убодот да ве чеша е нивната плунка. Тие ја внесуваат плунката кога каснуваат, затоа што содржи агенси коишто ја разредуваат крвта и ја ублажуваат раната (така што понекогаш не знаете ниту дека сте каснати). Но, повеќето луѓе се алергични на оваа плунка, па затоа потоа чувствуваат потреба од чешање.rnrn5. Тие живеат подолго од останатите инсекти. Од ларви, па до целосно развиени комарци, нивниот животен век е од 2 до 3 недели.rnrn6. Комарците сакаат бремени жени. Идните мајки ослободуваат повеќе јаглерод диоксид и топлина од телото, па затоа им се попривлечни на комарците. Инсектите исто така се забележуваат повеќе и крај луѓето коишто носат темна облека.rnrn7. Пиењето пиво ве изложува на поголем ризик од комарци. Една студија направена со 25 здрави мажи покажала дека оние коишто пиеле пиво биле изложени на поголем ризик од каснување од комарци.rnrn8. Комарците летаат од 1,5 до 2,5 километри на час. Тие замавнуваат со нивните крила од 300 до 600 пати во секунда, што е причина ние да го слушнеме нивното зуење уште пред да слетаат на нашето тело.
Сигурно сте ја слушнале изреката дека нешто може да биде толку страшно што „ја смрзнува крвта во вените“. Најновото истражување покажува дека тоа навистина се случува. Група холандски истражувачи докажале дека гледањето хорор филмови може да предизвика необични реакции во нашето тело.rnrnrnrnНаучниците откриле дека гледањето страшни филмови го активира протеинскиот фактор VIII, кој влијае на коагулацијата на крвта. Меѓутоа тие напоменуваат дека фановите на вакви филмски остварувања немаат причина за паника и дека и понатаму можат слободно да гледаат драми за вампири и останати страшни авантури.rnrnВо оваа интересна студија, холандските истражувачи ја анализирале крвта на 24 здрави млади лица откако им дале да го гледаат филмот со паранормални појави „Insidious“. Нивна цел било да откријат дали стравот, како што се верувало во средниот век, навистина ја „смрзнува крвта“. Тестовите покажале дека после гледањето на филмот, кај учесниците наеднаш пораснало нивото на протеинскиот фактор VIII, што не се случило кај лицата кои гледале патеписна репортажа.rnrnrnrnПросечниот раст од преку 11 IU/dl (меѓународна единица/децилитар) на протеинот во крвта на исплашените гледачи, може да се протолкува како имање 17% поголеми шанси за добивање венска тромбоза. Сепак, научниците не успеале да воспостават каква било врска помеѓу стравот и другите коагулативни протеини.rnrnИако гледањето страшни филмови предизвикува коагулација, тоа не доведува до создавање тромбови. Всушност, со коагулацијата на крвта во моментите на страв нашето тело се обидува да го ограничи евентуалното крвавење, објаснуваат научниците и додаваат дека треба потемелно да се истражи овој биолошки механизам.
Подгответе се за науката да ве воодушеви! Истражувачите од Институтот за медицина „Howard Hughes“ развиле технологија со која можете да ги откриете сите вируси со кои некогаш сте биле заразени. Сè што ви е потребно е само една капка крв.rnrnrnrnОвој нов метод се нарекува „VirScan“ и е огромно откритие во областа на медицинската дијагностика. Тестот има способност да детектира повеќе од 1.000 патогени одеднаш, за разлика од традиционалните тестови кои можат да тестираат по само еден патоген. Според Стивен Елеџ:rn
„Она што го прави ова толку уникатно е размерот: Во моментов докторите мора да погодуваат кој вирус би можел да биде во игра и потоа индивидуално да ја тестираат својата теорија. Но, со овој метод ние можеме да бараме голем број вируси, дури и оние ретките, со само еден единствен тест.“
rnСо цел да го направат овој процес реален, Елеџ и неговиот тим развиле пептиди (фрагменти од вирусите) кои им овозможуваат да откријат дали испитаникот некогаш бил или е во моментов изложен на одреден вирус. Тимот тестирале 569 луѓе, при што откриле шема која сугерира дека повеќето луѓе биле изложени на истите пептиди или вируси.rnrnИсто така оваа студија открила и дека со овој метод на тестирање може да се истражува и начинот на кој одредена изложеност на одреден вирус може да биде поврзана со можноста да се здобиете со нов вирус понатаму. „VirScan“ има потенцијал да им помогне на истражувачите да развијат превентивни методи за рак и други сериозни заболувања.rnrnСо напредокот на оваа технологија, научниците можат подлабоко да го разберат геномот на вирусите и за возврат, да научат многу повеќе за самите болести. Неверојатно, се согласувате?
Ако мислите дека вашата крвна група е важна само кога би ви била потребна трансфузија, тогаш дефинитивно би требало да го прочитате овој текст. Истражувањата покажале дека крвната група е клучен генетски фактор кој влијае врз многу области од вашето здравје и добросостојба. За време на вашиот живот, сигурно сте имале можност да забележите дека некои луѓе губат тежина полесно, додека пак за други оваа битка трае многу подолго време. Или дали некогаш сте се запрашале зошто одредени луѓе страдаат од хронични болести додека пак некои други постојано се здрави? Одговорот на сите овие прашања може да се најде во вашата крвна група.rnrnrnrnЗнаењето на крвната група е важна алатка при разбирање на начинот на кој вашето тело реагира на различни видови храна, на кои болести е подложно, која е природната реакција на стрес, како и многу други нешта. Една капка крв содржи биохемиски траги кои се уникатни исто како вашиот отпечаток од прст. Погледнете ги наредниве факти за вашата крвна група кои можат да го променат вашиот живот:rn
1. Вашата крвна група може да ја предвиди подложноста на одредени болести
rnИстражувањата покажале дека индивидуите со одредена крвна група можат да бидат на повисок ризик за одредени болести. На пример, студиите откриле дека оние кои имаат крвна група 0 имаат помал ризик за развивање срцева болест, но повисок ризик за стомачни чирови. Оние кои имаат крвна група А се поизложени на микробиомски инфекции, додека пак жените со оваа крвна група се поплодни. Други истражувања покажале дека оние кои имаат крвна група АБ и Б се на поголем ризик при развивање рак на панкреасот.rn
2. Луѓето со различни крвни групи различно реагираат на стрес
rnОние личности со крвна група А во нивното тело имаат природно повисоко ниво на кортизол, кој е стрес хормон и токму затоа повеќе го произведуваат како одговор на стресни ситуации. Од друга страна пак, оние со крвна група 0 имаат „бори се или бегај“ реакција на стрес која резултира со преголема продукција на адреналин. На „нултите“ им е потребно повеќе време да се изборат со стресот бидејќи им е многу потешко да го исчистат адреналинот од нивното тело.rn
3. Антигените од вашата крвна група не се наоѓаат само во вашата крв
rnАнтигените се насекаде низ телото, а особено многу на површината која е во интеракција со околината. Тоа го вклучува дигестивниот тракт, започнувајќи од вашата уста, па сè до дебелото црево, како и носните патишта и белите дробови. Бидејќи антигените се насекаде, тие влијаат врз реакцијата на она што го внесувате во вашиот организам. На пример, лектинот во одреден вид храна се поврзува со антигенот од вашата крвна група и предизвикува еден вид соединување кое резултира со чувство на замор, главоболки, дигестивни проблеми, проблеми со кожата како и многу други здравствени состојби.rn
4. Бактериите во цревата се поврзани со крвните групи
rnЛуѓето со различна крвна група имаат и различни видови бактерии во цревата. Ова се случува поради нашите предци чии дигестивни системи се развивале така што ќе можат да ја поддржуваат начинот на исхрана во областа каде што тие живееле. На пример, макробиомите кај одредени луѓе се развиени на тој начин што многу поефикасно ги „кршат“ јаглехидратите (крвна група А), додека пак, некои имаат тенденција повеќе да ги складираат во вид на маснотии (крвна група 0).rn
5. Секоја крвна група има потреба од посебен нутрициски пристап
rnИстражувањата покажале дека не сите имаат исти базични нутрициски потреби. Сите ние знаеме некој кој е строг вегетаријанец и одлично се чувствува со овој режим на исхрана, додека пак за некој друг истиот ефект може да се постигне со друг вид на режим на исхрана, како на пример, безглутенската. Погледнете ја листата за исхрана која ја нуди диетата „Eat Right 4 Your Type“ со чија помош ќе можете да ја одберете онаа храна која ќе ја одржува вашата тежина на оптимално ниво, ќе ги намали воспаленијата и ќе ви ја зголеми енергијата.
Хендрикје ван Андел-Шипер во 2005 година починала на возраст од неверојатни 115 години, правејќи ја една од најстарите луѓе во светот. За жена на нејзини години, таа била во исклучително добра здравствена состојба. Хендрикје исто така била доволно фина за да го донира своето тело на науката и научниците со нетрпение чекале да откријат нешто повеќе за неа што би можело да им помогне да го разберат стареењето. Поточно, истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитетот ВУ во Амстердам сакале да дознаат нешто повеќе за мутациите во соматските клетки кои се насобираат како што старееме.rnrnХендрикје ван Андел-ШиперrnrnВо студијата која била објавена во Журналот „Истражување на геномите“, тимот истражувачи пронашле 450 соматски мутации во нејзините здрави бели крвни зрнца. Уште поинтересно, овие мутации изгледале како навидум безопасни мутации-патници, за разлика од оние кои се поврзуваат со болестите.rnrnГрешките во репликацијата на ДНК-та често настануваат со поделбата на клетките, но поголемиот дел од времето се отстрануваат како мутации кои водат кон одредена болест. Фактот дека овие мутации не се поврзани со никаква болест сугерира дека нејзиното тело било многу ефикасно при отстранувањето на овие безопасни мутации и ни демонстрира голем број мутации кои можат да бидат толерирани во нормалното и здраво ткиво.rnrnПонатамошните истражувања покажале дека поголемиот дел од нејзините бели крвни зрнца настанувале од само 2 матични клетки. Ова откритие ни укажува дека нејзиниот базен од матични клетки бил скоро потрошен имајќи го на ум фактот дека сите ние за време на раѓањето имаме околу 20.000 матични клетки.rnrnТие исто така откриле и дека теломерите (заштитните капачиња на крајот од хромозомите) во нејзините бели крвни зрнца биле екстремно кратки, околу 17 пати пократки од оние кои биле пронајдени во нејзините мозочни клетки. Скратувањето на теломерите е природен и постепен процес кој настанува со делењето на клетките. Но, кога одреден момент ќе биде достигнат, клетките почнуваат да умираат и ние почнуваме да доживуваме нешто што се нарекува истоштеност на матичните клетки.rnrnСите овие резултати ни укажуваат дека можеби еден од факторите кои ни го ограничуваат нашиот животен век е базенот од матичните клетки кои полека изумираат и со тоа ние ја губиме способноста за регенерирање на ткивата. Овие резултати исто така ни даваат надеж дека еден ден, можеби ќе може да се забави процесот на стареењето така што ќе се најде начин да се обновуваат матичните клетки надвор од телото.rnrn
„Доколку земам сега еден примерок и си го дадам на себе кога ќе бидам многу постара, повторно ќе имам подолги теломери – но, ова можеби би успеало само со крвта, не и со другите ткива,“ вели водечкиот автор на оваа студија.
Многу девојки си го поставуваат ова прашање. Дали е безбедно? Дали ќе биде неуредно? Дали ќе боли? Што ќе си помисли дечко ми?rnrnВистината е дека во овој период од месецот девојките се чувствуваат повозбудено и им се зголемува желбата за секс, што е резултат на зголеменото количество на хормони. Тоа е сосема нормално, како што е нормално и да одите докрај остварувајќи си ја сексуалната желба.rnrnrnrnДевојките се грижат од неколку причини да имаат секс за време на менструалниот циклус. Еве кои се тие:rnrn1. Дали ќе боли? – Сексот за време на месечниот циклус не боли. Ова не значи дека треба да биде груб. Целиот вагинален дел за време на менструацијата е многу сензитивен, што е добро. Тоа значи дека вашиот секс ќе биде многу позадоволувачки. Внимавајте, не треба да имате длабоко пенетрирачки секс и избегнувајте грубости, бидејќи вашата матка во овој период е поспуштена, па може да осетите болка доколку ви навлезе предлабоко. Вообичаениот секс би требало да биде не само што прифатлив, туку и да ви пружи нови возбудливи сензации. Дури, ако не сте го правеле ова порано, ќе жалите за сите пропуштени прилики секој месец.rnrn2. Може ли да се забремени при секс за време на менструалниот циклус? –Тешко е веројатно. Веројатноста да забремените е многу мала, но не и сосема исклучена. Спермата останува активна до 72 часа, па ако имате секс при крајот на вашиот циклус, а потоа три дена предвремено овулирате, постои многу мала можност спремата да дојде до вашите јајце-клетки. Веројатноста е мала, но превентивно можете да одлучите да имате секс порано во циклусот или пак да користите контрацепција.rnrn3. Дали при секс за време на месечниот циклус полесно се фаќаат сексуално преносливи болести? – Ризикот постои доколку еден од вас има некоја сексуално пренослива болест. Повеќето парови кои би се одлучиле да имаат секс при менструално крвавење, веројатно добро се познаваат и си ја знаат својата здравствена состојба. Дури и да постои здравствен проблем или сомнеж, секогаш можете да изберете да користите кондом. Така нема да мора да ја пропуштате сензационалната забава секој месец.rnrn4. Дали ќе му се згади од крвта? – Од некои причини, при секс за време на менструалниот циклус, крвавењето сопира, па тоа е многу згодно. Во секој случај, добро е прво да разговарате за тоа, наместо да го изненадите. Ако тој се сложи, веројатно е спремен на малку неуредност за време на чинот. Инаку, нередот е многу помал од она што повеќето девојки би го очекувале. Дополнително, можете да го избегнете непосакуваниот неред, така што ќе постелете нешто на душекот или врз чаршавот за спиење, или пак да го направите тоа во бањата. Во вториот случај, двајцата нема ни да забележите дека ви се оние денови.rnrnДоколку тој не се чувствува пријатно да има крв на неговиот пенис, би можел да стави кондом, иако на повеќето мажи ова не им пречи. Доколку вие носите тампон пред сексуалниот чин, тој ќе ја впие сета крв која дотогаш протекла, па откако ќе завршите може да се изненадите дека нема ниту една капка по чаршафите.rnrnСексот за време на менструалниот циклус е прашање на лична преференција. Доколку на двајцата партнери не им пречи, можат да изнајдат начини како да го ослободат сексуалниот нагон во овој период. На некои им е ова незамисливо. Мислата дека кога сè ќе заврши, вашиот чаршав може да изгледа како таму да се случило брутално убиство, може да не ви дозволи ни да почнете да уживате. Но запомнете, вие сте силно возбудени во овој период, па делувате и екстравозбудливо за вашиот партнер. Па, зошто тогаш да се лишите од силните задоволства секој месец? Ќе се изненадите колку луѓе го прават ова.rnrn
Викиншки борбен поход исполнет со многу крвrnrnРежија: Фарен БлекбурнrnrnУлоги: Чарли Бјули, Клајв Станден, Александра ДаулингrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 мај 2013rnrnЖанр: акција, авантураrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rn„Чекан на боговите“ (Hammer of the Gods) спаѓа во жанровите историска акција и авантура, а главните протагонисти се Викинзи. Имајќи го предвид нивниот углед на храбри и борбени воини, нема да погрешите ако очекувате сцени исполнети со битки и многу крв.Дејството нè враќа назад во деветтиот век кога Викинзите владеат со Британија, но губат неколку битки по ред од Саксонците. Додека чекаат засилување од Скандинавија, кралот е смртно ранет и му остануваат уште само неколку дена живот. Тој смета дека неговите два сина сè уште не се спремни за да го наследат престолот и да го водат народот против Саксонците. Затоа ќе го прати помладиот Стајнар во потрага по Хакан, синот од друга жена од кого тој одмана се откажал, а кој според него поседува квалитети да биде идниот крал на Викинзите.Постариот син Харалд е многу изненаден од одлуката на својот татко, а Стајнар беспоговороно ја слуша заповедта на татко му. За негова несреќа никој не знае каде се наоѓа Хакан, па единствената опција за него е да собере армија од неколку најлојални војници и да тргне на слепо да го бара полубратот и свој иден крал.Нивниот поход содржи три елементи: многу насилство, малку интриги и уште неколку можни предавства. Бруталноста, за жал, е најсилниот адут на филмот. Тој сигурно нема да ве воодушеви со дијалозите кои се преедноставни и служат најмногу за да ја истакнат храброста на Стајнар, или напнатоста која речиси и ја нема. Режисерот Фарен Блекбурн пред овој филм режирал само телевизиски серии, па дури и неговото режисерско деби помалку наликува на епизода од некоја серија.Не ви го препорачуваме ако седнувате да гледате филм кој сакате да ве возбуди, да ве остави да мислите на него и подоцна и на крај да го препорачувате кому стигнете. Тој нека биде вашиот избор за моментите кога ќе ви треба нешто што е лесно за следење, не трае многу долго и служи за релаксација. Секако, ако сте љубители на борбени сцени со изобилство на крв.rnrnrn
Активистите за заштита на правата на животните „Animal Equality“, организирале спектакуларен протест пред црквата Санта Еулалија во Барселона, кој најверојатно набрзо нема да го заборави ниеден човек кој се нашол во близина.Демонстрантите ги симулирале пакувањата со сирово месо коишто се продаваат во супермаркетите, но во еден многу поголем облик, а во нив пикнале фотомоделки обоени со крв црвена боја и ги покриле со пластични фолии. Целта била да се подигне свеста за убивањето на животните и да се предизвикаат сѐ повеќе луѓе да престанат да јадат месо. „Animal Equality“ е интернационална непрофитна организација за заштита на правата на животните, која настојува да го покрене вниманието и почитта кон животните и да се прекине ропството под кое се тие. Организацијата е позната по организирањето улични демонстрации за промоција на важноста на животните.Воедно „Animal Equality“ спроведува и директни акции и мерки против убивањето на животните, како на пример спасување на свињите од касапниците и пробивање во засолниште во кое се чувале 40.000 заробени животни. Овој необичен протест се случил на 20 март, 2013 година, во текот на интернационалниот ден без месо.rnrnДоколку ви беше интересна оваа содржина, веројатно ќе ви се допаднат и протестите со бакнежи во Чиле.rnrn
rnЗа едни тој е симбол на страв и ужас, за други народен херој, за некои голем христијанин, за некои антихрист… Безброј приказни и митови се врзани за животот на Дракула. Од досегашните записи, нема дилеми единствено околу неговото вистинско име и местото на раѓање. Се викал Влад Трети Цепеш и е роден во 1431 година, во Сигишоара, Трансилванија, која во тој период била под власт на Унгарците. Три пати бил војвода на Валахија (1448; 1456–1462; 1476).rnrnСин е на принцот и витез во братското здружение „Редот на змејовите“, Влад Втори Дракул (Дракул доаѓа од латинскиот збор „драк“ и значи змеј) и на принцезата Чнеајна од Молдавија. Цепеш имал и тројца браќа (Мирчеа Втори, Влад Чалуграрул и Раду чел Фрумос). Се претпоставува дека потекнува од кралско семејство од Валахија, а Дракула е неговиот прекар и значи „син на змејот“. Така бил наречен во чест на неговиот татко, заради неговата храброст и заслугите во борбата против Турците. Но, покрај змеј, зборот „драк“ истовремено (на романски) значи и ѓавол. Кога се потенцира темната страна на Цепеш, на површина испливува второто значење на зборот и Дракула се претвора во лошиот лик од приказните, односно во „синот на ѓаволот“.„Редот на змејовите“ е создаден од унгарскиот крал Зигмунд Луксембуршки, за да го штити христијанството од непријатели, особено од Турците. Членовите биле облечени во црвено-црна комбинација. Коинциденција или не, токму така е опишан и вампирот, наречен гроф Дракула, во книгата на ирскиот писател Брам Стокер. Во Редот, од своите 5 години членувал и Цепеш. Доказ за тоа е неговиот потпис на еден од документите, кои биле подоцна пронајдени. Тој се потпишувал како Wladislaus Dragwlya или Drakwlya.rnrnВлад Цепеш Дракула на 17 години ги изгубил татко му и неговиот постар брат. Тие биле обезглавени од страна на аристократите. Според легендите, ова бил пресудниот момент, кој го излудел Дракула и од него направил монструм. Тргнал да го одмазди семејството и започнал со свирепите измачувања и убиства…rnrnДруга легенда пак, заради која се верува дека Дракула станал брутален владетел е самоубиството на неговата прва сопруга, чие потекло е непознато. Според легендата, Турците испратиле писмо до неа, во кое ù напишале дека го убиле Влад Цепеш, кој во тој момент бил на бојното поле. Откако го прочитала, таа не можела да се помири со загубата и се фрлила од еден од прозорците во реката Аргеш (денеска е позната како Реката на принцезата) која течела под замокот. Кога дознал што се случило, Дракула им објавил војна на Турците. Тогаш се свртел и против црквата, со образложение дека таа била должна да ја заштити неговата сопруга од злото, а не го сторила тоа. Од бракот со првата сопруга тој имал само едно дете.rnrnДракула се оженил и по вторпат, за ќерката на кралот Матијас, Илона Шилаѓи, со која имал два сина. Постариот се викал Влад Четврти Дракула, а името на помладиот е непознато.Цепеш за првпат се споменува во турски хроники од 15-16-ти век, каде е наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Тоа име го добива поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на затворениците и на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, меѓу кои и голем број Турци, но тогаш тоа не го направило немилосрден убиец, туку национален херој. Неговиот народ го гледал како човек кој ја брани земјата од султанот и го штити христијанството.rnrnЕден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.rnrnДракула бил убиен во 1476 година, во една од битките против Османлиите. Тие неговата глава ја ставиле во мед и му ја испратиле на султанот, кој потоа ја покажувал на народот, за да го увери дека Дракула е мртов.rnrnСе верува дека посмртните останки на Дракула биле закопани во Валахија. Во 1931 година, кога грбот бил откопан заради одредени истражувања, во него не било пронајдено апсолутно ништо. Најверојатно тој бил мета на крадците… Некои пак, веруваат дека гробот на Дракула се наоѓа во манастир во Снагов (во близината на Букурешт).rnrn
Замокот на Дракула (Замокот Бран во Романија)
rnЗамокот Бран, попознат како Замокот на Дракула во минатото бил од стратешко воено и економско значење. На почетокот бил дрвена тврдина, изградена во 1212 година, од витезите на Тефтонскиот ред. Тогаш бил нарекуван „Dietrichstein“. Во 1377 година, унгарскиот крал им дозволува на жителите на Брашов да издигнат нова тврдина на истата локација.rnrnНивните потомци, во 1920 година одлучиле замокот да ù го подарат на романската кралица Марија. Тој брзо станал нејзина омилена резиденција. Денес посетителите можат да видат артефакти главно од нејзиното време, како мебел и традиционални таписерии, кои биле нејзини лични колекции. Она што недостасува, се предмети кои би сведочеле за животот на крвавиот владетел Дракула.rnrnВо 1948 година, кога Романија е под комунистички режим, Владата го конфискува замокот од нејзината ќерка и наследничка, принцезата Илеана и го депортира целото кралско семејство. 58 години подоцна, во 2006 година, Романската влада имотот му го враќа на нејзиниот единствен син Доминик од Австрија, принцот на Тоскана, познат како Доминик Фон Хабсбург, архитект во државата Њујорк. Тој уште наредната година сакал да го продаде и го ставил на аукција, но властите го спречиле во намерата.rnrnДенеска замокот на суровиот владетел е една од најпосетуваните и најпопуларни туристички атракции во светот. Се издига величествено на карпа со преубав поглед, близу градот Бран, помеѓу романските провинции Трансилванија и Влашко. Во него има долги и темни ходници, во кои се верува дека грофот Дракула се криел од Османлиите…rnrn