КАФЕ ПАУЗА

Tag: крушка

  • Еднодневна детоксикација во три чекори

    Еднодневна детоксикација во три чекори

    Најмоќна алатка за прочистување на организмот е здравата исхрана. Со неколку лесно достапни овошја и зеленчук, можете да ги исфрлите сите токсини од телото, за само еден ден.rn

    1. Започнете го денот со зелено смуди (smoothie)

    rnЗелениот и енергичен сок е совршен почеток за еднодневно прочистување на вашето тело. Со корисните ензими и влакна од овошјето и зеленчукот од кои се приготвува, ќе ги елиминирате токсините и ќе ја внесете неопходната дневна доза витамини и минерали.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 чаши студена вода
    • rn011

    • 1 просечна китка листови спанаќ
    • rn011

    • 1 просечна китка листови марула
    • rn011

    • 2 страка целер
    • rn011

    • 1 јаболко
    • rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • 1 крушка
    • rn011

    • 2 чаши лимонов сок
    • rn011

    • коцки мраз, коријандер, магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДобро измијте ги овошјето и зеленчукот. Внимавајте тие да бидат од органско производство. Најпрво исецкајте го зеленчукот и ставете го во блендер, кој ќе го вклучите на послаби вртежи. Откако смесата ќе стане хомогена, додадете ги претходно излупеното овошје, водата, лимоновиот сок и коцките мраз и зголемете ја брзината на блендерот. Ќе добиете околу четири чаши од густиот напиток, кој можете да го декорирате по ваша желба. Овошјето и зеленчукот полесно се разградуваат во организмот кога се во течна форма, па затоа и детоксикацијата е побрза и поефикасна.rn

    2. Искористете ја моќта на лимоните – направете топла лимонада

    rnЛимонот е едно од најсилните и најкорисни овошја. Содржи големи количини витамин Ц и ензими. Лимонот ги регенерира ткивата и ја активира работата на црниот дроб, кој пак, ја игра главната улога во целокупната детоксикација. Направете едноставна топла лимонада.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 1/2 лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтоплете ја водата, но внимавајте таа да не биде премногу жешка. Во неа истискајте половина лимон. Ова е неверојатно здрав и освежителен напиток, кој е пожелно да го конзумирате барем еднаш во денот. Вака приготвената лимонова вода можете да ја користите и како спреј за освежување на лицето и телото.rn

    3. Завршете го денот со шолја егзотичен чај

    rnПовторно потпрете се на благодетите на лимонот. Овојпат искомбинирајте го со ѓумбир и со луто пиперче и подгответе вкусен, егзотичен чај. Кога ќе ги измешате овие корисни и активни состојки, тие успешно се борат со штетните бактерии во организмот и ги исфрлаат токсините од вашето тело. Лимонот и ѓумбирот ја зголемуваат циркулацијата на крвта и помагаат во релаксација на напнатите мускули, а лутиот пипер ги разредува штетните секрети.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 1/2 корен од ѓумбир
    • rn011

    • 1 луто пиперче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечете го коренот од ѓумбир на ситни парчиња, сипете им вода и ставете ги на шпорет за убаво да зовријат. Откако ќе се изладат, исцедете им половина лимон.  Да ве потсетиме дека лимоновиот сок ставен во многу жешка вода, ги губи корисните својства, па затоа бидете трпеливи. На крајот, процедете ја смесата и поросете  ¼  кафена лажичка лут пипер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични сознанија за овошјето

    Необични сознанија за овошјето

    Секое овошје се разликува од другите по некои специфики кои го прават посебно. Тоа претставува клуч во среќниот и витален развиток на луѓето и има здраво и благородно дејство, одлично за правилната и нормална исхрана на човекот. Ова се неколку навистина специфични и многу интересни податоци поврзани со различни видови овошја. Инспирација за овој пост е ултрапопуларната игра за Ајфон, Ајпод и Ајпед „Fruit Ninja“.Необични сознанија за овошјето1. 25% од масата на јаболкото е составено од вода. Поради оваа причина тоа не може да потоне.rn2. Мангото има исто толку витамини, колку и портокалот.rn3. Римјаните ги користеле јагодите за лекување на многу болести.rn4. Лубениците се состојат од 92% вода.rn5. Најголемата лубеница во светот тежела 119 килограми.rn6. Истражувањата покажуваат дека честото консумирање јаболка, може значително да ги намали шансите за заболување од повеќе видови рак.rn7. Големите лимонови дрвја можат да родат од 1.000 до 2.000 плодови годишно.rn8. Стеблото на крушката може да издржи температури, ниски дури и до 40-от Целзиусов степен под нулата.rn9. Семките на јаболкото се малку отровни, но недоволно за да му наштетат на човечкиот организам.rn10. Постојат повеќе од 1.200 видови лубеници, кои се одгледуваат во 96 земји во светот.rn11. Јагодите се единственото овошје кое има семки на надворешниот дел од својот плод.rn12. Недозреаните ананаси се отровни.rn13. Консумирањето црни сливи ја подобрува апсорпцијата на железо во телото.rn14. Една третина од ананасот во светот расте на Хаваите.rn15. Сливите растат на сите континенти на светот, освен на Антарктикот.rn16. Една просечна јагода има отприлика 200 семки на нејзе.rn17. Ананасот некогаш бил многу ретко овошје, токму затоа и ја доби титулата кралот на овошјето.rn18. Кивито порано се нарекувало по неговото оригинално име „јанг тао“ (yang tao) или во превод сончева праска.rn19. Внатрешноста од лушпата на бананата може да се искористи за полирање кожени чевли.rn20. Доколку со внатрешноста од лушпа на банана го намачкате местото убодено од комарец, можете да го намалите чешањето.rn21. Најголемиот дел од витаминот Ц во крушката, се наоѓа во нејзината лушпа.rn22. Лимонот содржи повеќе шеќер од јагодите.rn23. Јаболкницата е способна да раѓа плодови повеќе од 100 години.rn24. Во просек еден човек јаде по 65 јаболка годишно.rn25. Доколку го стоплите лимонот пред цедење, ќе добиете повеќе сок.