КАФЕ ПАУЗА

Tag: кревет

  • Ловец на соништа

    Ловец на соништа

    Автор: ЦветанкаrnrnrnДомородните Американци верувале дека ноќниот воздух е полн со соништа, добри, но и лоши. Ловецот на соништа тие го закачувале над креветите или близу до нив за да ги „фаќа“ соновите. Добрите соништа поминуваат низ пајаковата мрежа и се спуштаат надолу нежно по пердувите, така што често лицето не памти што сонувало. Лошите соништа пак, остануваат заробени во пајаковата мрежа и исчезнуваат при доаѓањето на новиот ден.rnrnЛовец на соништаЛовец на соништаrnrnЛовците на соништа потекнуваат од нацијата Оджибве, а за време на пан-индијанското движење од 1960-тите до 1970-тите години, тие биле присвоени од домородните Американци. Некои веруваат дека ловецот на соништа е симбол на унија помеѓу многубројните индијански нации и главен симбол на идентификација со домородните Американци или првите културни нации. Сепак, другите домородни Американци почнале да го сметаат ловецот на соништа за премногу комерцијализиран.rnrnЛовец на соништаЛовец на соништаrnrnАмериканската етнографка Френсис Денсмор во нејзината книга „Chippewa Customs“ (1929, повторно издадена во 1979, стр. 113) вели:rn
    rn

    „Дури и доенчињата беа заштитени со магија. Пример за тоа се овие ‘пајакови мрежи’ закачени над лулките. Обично биле закачени две пајакови мрежи над креветите и се велело дека ‘тие ги фаќаат’ сите лоши работи кои се вечерта во воздухот и сакаат да ни наштетат, како што пајаковата мрежа на пајакот фаќа сè што ќе дојде во допир со неа.“

    rnЛовец на соништаЛовец на соништаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

    Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

    Фенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи претставува аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално фенг шуи се користи првенствено за да се одбере вистинското место за живеење, за работа и за гробни места. Доколку немате добар љубовен живот, познавачите на фенг шуи вештината, тврдат дека тоа можете да го поправите со реорганизација на вашиот дом.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnЗа почеток, треба да земете еден компас и најпрво да одредите на која страна од светот е свртена вашата куќа или стан. Ова е важно бидејќи фенг шуи се заснова на односот на природните сили и нивното насочување кон напредок, благосостојба и среќа на поединецот и семејството како целина.rnrnОткако ќе одредите на која страна од светот се наоѓа вашиот дом, фокусирајте се на местото на кое ќе биде вашата спална соба и брачниот кревет. За да биде вашиот љубовен живот успешен, најдобро е спалната соба да ја лоцирате на југозападниот дел од вашиот стан/куќа.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnПотоа, обратете внимание на цела низа крупна и ситни детали. Така, за да имате подобри партнерски односи, спалната соба обојте ја во жолта боја. Брачниот кревет никако не смее да биде насочен кон вратата, за да не се појават здравствени проблеми, но сепак вратата треба да биде видлива од некој агол на лежење на креветот.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnДоколку сакате да имате љубовна врска исполнета со многу страст, треба да закачите превез со бисерна или стаклена монистра на вратата од спалната соба. На тој начин се поттикнува нова енергија помеѓу вас и вашиот партнер и се спречува неверството.rnrnЗа подобра комуникација и среќа во вашата врска, добро би било да ставите две идентични виолетови или црвени свеќи во стаклени свеќници, на двете страни од креветот. Доколку на сето ова додадете и сет ламби над креветот, ќе провоцирате енергија на среќа и чувство на меѓусебна привлечност.rnrnМирисот на ванила позитивно делува на љубовта и ја зголемува лојалноста помеѓу партнерите. Затоа поставете ароматични стапчиња или свеќи со мирис на ванила на југозападниот агол од спалната соба, бидејќи тоа ќе ја зголеми физичка привлечност помеѓу вас и вашиот партнер.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnОгледалата во спалната соба се апсолутно непожелни, затоа што тие носат енергија која ги наведува партнерите на прељуба или вмешување трета личност во нивната врска, а воедно го нарушува и сонот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кревет кој сам ја мести постелата

    Кревет кој сам ја мести постелата

    Производителите на мебел „OHEA“ од Шпанија го претставија првиот автоматски кревет на светот кој сам се мести после спиење на него. Овој паметен кревет има механизам кој автоматски ги мести прекривката и перниците.rnrnКревет кој сам ја мести постелатаrnrnЗа само 50 секунди, овој футуристички кревет ќе ја намести вашата постела совршено. Во него е вграден и сигурносен систем, кој спречува механизмот да се активира доколку некој лежи на креветот. Механизмот има копче на кое се одбира дали сакате креветот да се мести сам или механички. Па доколку е подесен на механичко местење, 3 секунди откако ќе станете од него, тој ќе почне да се мести.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Висечки кревети – модерен детаљ за секој дом

    Висечки кревети – модерен детаљ за секој дом

    Автор: Елена ЈошескаrnrnВисечкиот кревет внесува чувство на илузија и забава во собата. Со додавање на јаже, креветот не само што е посигурен, туку и личи на голема лулашка. Тоа ги прави висечките кревети погодни за секаков вид игри.Висечки кревети модерен детаљ за секој домЈажето може да ги надополнува топлите тонови во собата. Ако нијансата на тепихот или ѕидот е слична со нијансата на јажето, тогаш висечкиот кревет одлично би се вклопил дури и во најформалната спална соба.Висечки кревети модерен детаљ за секој домВисечки кревети модерен детаљ за секој домВисечките кревети можат да се вклопат во секоја тематска соба. Тие можат да направат собата да изгледа како подморница, или како некое рајско место. Атмосферата во собата може да се дополни со поставување на ламба покрај висечкиот кревет.Висечки кревети модерен детаљ за секој домВисечки кревети модерен детаљ за секој домДоколку креветот е поставен пониско, на тој начин во собата се создава смирена и релаксирана атмосфера. Креветот изработен од природни материјали, како што е дрвото, е вистински избор за оние кои ги почитуваат правилата на фенг шуи. Висечките кревети се доста практични. Делот под креветот може да се искористи за складирање на разни предмети.Висечки кревети модерен детаљ за секој домВисечки кревети модерен детаљ за секој домВисечки кревети модерен детаљ за секој дом
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топла постела за ладни зимски ноќи

    Топла постела за ладни зимски ноќи

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПостелнина или „облека за креветот“ се однесува на материјалите со кои го покриваме нашиот кревет, душек и перници заради одржување на хигиената, топлината и секако, заради декоративен ефект. Изборот на права постелнина е важна за човекот. Добриот сон е неопходен за функционирањето на човекот, а топлата и мека постела има голем придонес за тоа. Лесна памучна, подебела фротирска или пак свилена постелнина, изборот е голем. Зависно од временскиот период, дали е лето или зима, се бира видот на постелнина, подебела за зима и постелнина од полесни материјали за лето. Дали постелнината ќе биде во нежни неутрални бои, јаки пастелни нијанси, разни шари, форми и дезени зависи од вкусот и стилот кој го негуваме.rnrnТопла постела за ладни зимски ноќиrnrnЗимата е период од годината кога најголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории. Ладното време е најголемиот демотиватор за излегувања надвор од домот. Дружбата со креветот кај повеќето луѓе е една од поомилените зимски активности. Сами или во друштво, во тишина, со добар филм или со омилената музика, одберете сами. Удобната и топла постела нека биде во служба на вашите зимски активности. Може подолу прикажаните слики ќе ја разбудат вашата желба за нова декорација во спалната соба, за нова постелнина за вашиот кревет. Нека ладните зимски ноќи и вообичаената „досадана“ постела не бидат причина за лош сон. Разбудете ја вашата фантазија и создадете мало царство од вашиот кревет, удобно место за пријатни сни.rnrnТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќиТопла постела за ладни зимски ноќи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најкул работни позиции

    10 најкул работни позиции

    Не сите луѓе си ја сакаат работата што ја работат. Поточно, ова е вистинска реткост. Сепак, некои луѓе се прави среќници… или барем нам на другите така ни се чини. Задоволни или не, луѓето кои ја работат оваа работа, дефинитивно имаат најкул работни позиции во светот.rn
    rn

    1. Контролор на марихуана за медицински цели

    rn10 најкул работни позицииОвие луѓе буквално стануваат „high“ во текот на нивната работа. Со отворањето на многубројните аптеки за марихуана во Калифорнија, Колорадо и во други земји, се отвори и работната позиција за проверувач на квалитетот на овие места и производите кои таму се нудат. Сепак, за да можат да ја работат оваа работа, тие луѓе и самите мора да смеат легално да купуваат марихуана.rn
    rn

    2. Контролор на тобогани

    rn10 најкул работни позицииТоми Линч има многу интересна работа, иако некогаш е лизгава. Тој е проверувач на забавни базени (тобогани). Тој ја проверува висината, брзината, количината на вода и сигурноста при спуштањето за да се осигури дека сè е како што треба за луѓето кои доаѓаат на одмор.rn
    rn

    3. Дегустатор на чоколадо

    rn10 најкул работни позицииОва е буквално слатка работа. Сали Меккинон кој е проверувач на чоколадо и менаџер за развој на производите за ланецот продавници Теско, вели дека ја има најдобрата работа во светот.rn
    rn

    4. Изумител на печена храна

    rn10 најкул работни позицииОваа вкусна работна позиција му припаѓа на Абел Гонзалес од Далас. Досега има изумено многу вкусни печени колачи. Со ваква работа, не можеш да останеш гладен.rn
    rn

    5. ТВ-леш

    rn10 најкул работни позицииАко сакате да ја работите најмрзливата работа во светот, која подразбира лежење и неправење ништо по цел ден, тогаш вие треба да станете ТВ-леш. Ќе се дружите и зезате за време на снимањето, ќе добиете бесплатна храна и добар хонорар (200$), барем ако сте дел од светскиот шоу-бизнис. Се прашуваме колку се плаќа за глумење леш во македонски услови?rn
    rn

    6. Пробувач на пиво

    rn10 најкул работни позицииАко имате ваква работа, ќе се чувствувате потопло, но и помалку занесено, почесто од сите други луѓе. За разлика од дегустаторите на вино, пробувачите на пиво мора да голтнат за да дадат оценка за квалитетот на пивото. На здравје пиење!rn
    rn

    7. Тестер на видео игри

    rn10 најкул работни позицииАко ги сакате видео игрите, ова е вистинската работа за вас. Тестерите на видео игри, ги играат игрите пак и пак и пак и пак, сè додека не се уверат во нејзиниот квалитет, во тоа таа да нема никакви технички проблеми, да пробаат да ја „срушат” и многу повеќе.rn
    rn

    8. Контролор на луксузни кревети

    rn10 најкул работни позицииВо ред, работава сигурно нема да ви трае вечно, меѓутоа навистина е кул и забавна додека трае. Во август, 2009, Роисин Мадиган, студент од Бирмингем, Англија, добивал по 1.600 долари месечно само за да ги пробува најдобрите кревети и постелнини чијашто цена се движела од 8.000 до 43.500 долари.rn
    rn

    9. Блогер што патува

    rn10 најкул работни позицииПаровите коишто уживаат да патуваат и да пишуваат ќе ја обожаваат работава. Официјалните претставници на министерството за туризам на Тајланд, неодамна почнале да ја рекламираат оваа работа за двојки кои би патувале и би блогирале за Тајланд. На петте победнички двојки ќе им бидат платени сите патни трошоци, а парот којшто ќе биде најдобар во својата работа во Тајланд, ќе добие и 10.000 долари, видео камера и Блекбери.rn
    rn

    10. Велосипедист во Париз

    rn10 најкул работни позицииГо сакате велосипедизмот и Градот на Светлината? Па тогаш сигурно ќе ја обожавате и оваа работа. Имено, Гугл вработил двајца млади велосипедисти да возат ултра технолошки велосипеди на три тркала низ главниот град на Франција во летото, 2009. Фенси троциклите биле опремени со по 9 камери, GPS, компјутер и генератор за велосипедистите да направат илјадници дигитални фотографии за познатиот сервис Google Maps.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn