КАФЕ ПАУЗА

Tag: кревет

  • 8 работи кои маж во хороскопскиот знак Јарец ги сака во кревет

    8 работи кои маж во хороскопскиот знак Јарец ги сака во кревет

    Извесно време меркате некој Јарец и сакате да бидете подготвени кога ќе добиете прилика да го заведете. Ако е така, подгответе се да вложите многу. Следуваат 8 работи кои Јарецот ги сака во кревет.rnrnЈарецот е секси, мистериозен и убав, него тешко можете да му одолеете, но шансите да го уловите се потешки одошто би очекувале. Тој не се отвора лесно, многу е традиционален и знае точно што сака. Со други зборови, нема компромиси. Ако сте имале среќа и трпение да го доведете својот Јарец во кревет, еве неколку корисни совети кои ќе ви се најдат додека сте таму.rnrn1-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    1. Дозволете му да биде главен

    rnИма многу момци на кои би им се допаѓало да бидат врзувани за креветот секоја вечер, но вашиот Јарец не е еден од нив. Всушност, на почетокот водењето љубов со него може да ви делува рутински и да ви недостасуваат перверзии. Прво, дајте му време да почне да ви верува, а потоа сексот ќе станува сѐ поинтересен. Второ, немојте да бидете доминантни. Мора да му дозволите тој да биде главен. Само не му дозволувајте да стане себичен кон вас.rn

    2. Бидете елегантни

    rnНекои од нас сакаат валкани разговори и безобразна облека, но Јарецот не. Со цел да го намамите во кревет, прво треба да му го фатите погледот, што значи мора соодветно да се облечете за да го привлечете. За мажот-Јарец тоа значи дека треба да одите на постерилна варијанта. Заборавете на шилестите потпетици и облечете сензибилни рамни чевли кои треба да ги искомбинирате со фустан до колена бидејќи овој маж сака традиционални и елегантни дами.rnrn2-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    3. Не се обидувајте веднаш да легнете со него

    rnСо цел да го одведете во кревет, мора да го оставите малку да се потруди за тоа. Јарецот никогаш нема да легне со жена која не ја почитува, и тие ретко почитуваат жени кои веднаш скокаат во кревет. Воздржете се и не започнувајте интимни сексуални односи со него. Тоа ќе го натера повеќе да ве посакува.rn

    4. Полека со вашите сексуални фантазии

    rnЗнаеме колку е прекрасен и колку ви доаѓа да му ги откорнете копчињата од кошулата со заби и да лижете чоколаден сируп од неговите голи гради, но не смеете, барем не веднаш. Јарците не можат да си замислат жените кои ги сакаат да бидат палави во спалната соба, тие едноставно не ги спојуваат овие две нешта. Затоа бидете благи во реализирањето на вашите сексуални фантазии. Потоа постепено почнете да вметнувате забава во вашиот сексуален живот со машкиот Јарец.rnrn3-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    5. Кажете го тоа со вашите очи

    rnБидејќи машките Јарци се почитувачи на традицијата, ќе отидете чекор понатаму со нив доколку во вашите очи забележат одушевеност и исчекување. Никогаш немајте поглед на доминација кога сте во спалната соба и во никој случај не отворајте уста доколку ви надоаѓаат валкани мисли во главата. Напротив, замислувајте дека сте во филм од 1940-та и подарете му секси поглед во старовремски црно-бел стил.rn

    6. Не претерувајте со парфеми и шминка

    rnИако многу мажи сакаат жени кои се облекуваат посебно за нив во кревет, Јарецот не го сака тоа. За да го заведете со облеката во спалната соба облечете долга свилена наметка. Овие момци сакаат богатство и љубат жени со елеганција и стил. Искомбинирајте ги двете нешта и за него ќе бидете злато. Исто така, носете смирени бои за него. Нешто розово или со боја на слонова коска. Ако носите парфем, нега има лесни ноти. Немојте да користите некој што е многу овошен или со изразени тонови на мошус. Некој фин парфем од линиите на Шанел или Елизабет Тејлор ќе биде полн погодок.rn

    7. Играјте улога на невина жена

    rnДами, да бидеме искрени, сите знаеме што се прави во кревет. Знаеме што сакаме и како да излудиме маж. Обично точно знаете како да го возбудите секој маж и да му го дадете она што го сака. Но, за жал, со Јарецот нема да ви успеат тие трикови. Со овој маж играјте улога на невина жена. Може да изгледа контрадикторно. Мажите сакаат силни и независни жени, но од друга страна сакаат невини и потчинети љубовнички. Овој маж сака да ви биде јасно дека тој е главниот, затоа преправајте се дека немате поим како да бидете вие главни и дозволете му да ја има контролата. Нивното его ги прави многу самоуверени во кревет, а многумина од нив ќе се потрудат да го врискате нивното име од задоволство.rnrn4-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    8. Правете го она што го бара

    rnКонечно, штом го имате Јарецот во кревет, и веќе сте интимни некое време, тој ќе сака да ги распалувате страстите, а вам ќе ви биде мило што сте биле трпеливи со него. Тој постепено ќе ви ги открива неговите фетиши. Ви предлагаме да му дозволите да бара нешта од вас. Но, треба да му дозволите да сфати дека можете да бидете и потчинети и перверзни во спалната соба. Овие момци се одлични семејни мажи, но бидејќи ги ставаат жените кои ги сакаат толку високо на пиедестал, неретко изневеруваат за да ја надополнат својата потреба за перверзни активности со други. Но, ако постепено му покажете дека знаете да ги играте двете улоги, тој ќе биде цврсто фатен на јадицата и нема да се откачи од неа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што би ви кажал секој хороскопски знак за да ве однесе во кревет, а што потоа?

    Што би ви кажал секој хороскопски знак за да ве однесе во кревет, а што потоа?

    Во овој хороскоп ќе се пронајдат момците, а ќе им биде корисен на девојките. Еве што секој машки хороскопски знак кажува за да заведе девојка во кревет, а што откако ќе добие секс.rnrn1-shto-bi-vi-kazhal-sekoj-horoskopski-znak-za-da-ve-odnese-vo-krevet-a-shto-potoa-kafepauza.mkrn

    Додека се обидуваат да ве освојат:

    rnОвен: Се викам Бонд. Џејмс Бонд.rnrnБик: Дома имам шише шампањ. Страв ми е да не се расипе, пошто веќе долго време ми стои така.rnrnБлизнаци: Зошто не ја измериме нашата меѓусебна привлечност?rnrnРак: Чувствувам дека си одлична во кревет и тоа по малку ме плаши.rnrnЛав: Веруваш во љубов на прв поглед или да те погледнам повторно?rnrnДевица: Навистина не би требало да користиш шминка, само ти ја нарушува убавината.rnrnВага: Мила, заради твојата убавина и сонцето го изгуби својот сјај.rnrnСкорпија: По една година терапија и тестирање се обидувам да сфатам дали сум алергичен на секс или не. Сакаш да ме тестираш?rnrnСтрелец: Само да знаеш, јас носам број на кондури 48.rnrnЈарец: Душо, јас заработувам повеќе одошто ти можеш да потрошиш.rnrnВодолија: Ме фасцинираш повеќе од инфинитезимален дел од математиката.rnrnРиби: Имаш задник како голема уметница.rnrn2-shto-bi-vi-kazhal-sekoj-horoskopski-znak-za-da-ve-odnese-vo-krevet-a-shto-potoa-kafepauza.mkrn

    После сексот:

    rnОвен: Ќе се обидеме пак?rnrnБик: Пица или кинеска храна?rnrnБлизнаци: Причекај секунда, само да напишам статус на Фејсбук.rnrnРак: Одбра старосватица?rnrnЛав: Бев ли одличен?rnrnДевица: Нема да каже ништо, само ќе чекира уште една точка од својата to do листа.rnrnВага: Дали ти се допадна? Мене ми се допадна ако ти се допадна и тебе. А, што велиш, ти се допадна?rnrnСкорпија: Сакаш да те однесам дома или ќе пробаме уште еднаш?rnrnСтрелец: Не ме барај, јас ќе те побарам тебе. Ама навистина.rnrnЈарец: Имаш визитка?rnrnВодолија: Ќе пробаме уште еднаш? Ама овој пат без облека.rnrnРиби: Како рече дека се викаш?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

    Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

    Автор: Ана ПетровиќrnrnНе дозволувајте вашата колекција на марами да стои во плакарот. Искористете ги на креативен и интересен начин. Токму поради фактот што модата се менува и она што сте го купиле пред една деценија, веќе не го носите, тука е ентериерот на кој добро би му дошло едно мало разубавување.rnrnДоколку сакате да внесете разиграни бои и уникатни шари во домот, во продолжение ви претставуваме неколку идеи како да го направите тоа.rn

    Наслон на кревет

    rnНадополнете го вашиот еднобоен кревет со преубав дезен на марама, со кој би добил сосема различна нота.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Обвиткајте ја вазната

    rnМарамите имаат двојна функција. Освен што ја надополнуваат вашата облека, можат да послужат и како декоративен детаљ во просторот, кој внесува свежина и радост во вашиот дом. Врзете ја вашата марама на омилената вазна за цвеќе. Ова е и одличен начин да ја маскирате обичната тегла ако немате вазна.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Украс за столиците

    rnНајдете една или две марами со иста должина и ставете ги на столот како украс.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Марама во рамка

    rnКој би се сетил да урами некој уникатен дезен на марама и да го закачи на ѕидот во некоја од собите? Прекрасна идеја, која ќе ги воодушеви вашите пријатели.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Навлаки за перници

    rnМарамите искористете ги и како навлака за перници. Одберете ги најубавите свилени марами, кои би придонеле за пософистициран изглед на мебелот.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Марама на ѕидот

    rnЕдноставно и лесно. Земете ја вашата стара марама во винтиџ стил и закачете ја на ѕидот. Можеби звучи чудно, но доколку сте љубители на боемскиот стил, ова е одлична идеја за уредување на домот.rnrn(6) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mkrn

    Обложете ги столиците

    rnТапацирајте ги вашите столици или наслони со помош на марамите. Тие ќе добијат нов изглед, а вашата работа ќе биде завршена, бидејќи столиците ќе изгледаат како нови.rnrn(7) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mk

  • Кревет за мирен сон под ѕвездено небо

    Кревет за мирен сон под ѕвездено небо

    „Вселенски кревет“ е името на изумот на руската дизајнерка Наталија Румјанцева, кревет кој овозможува мирен сон под ѕвездено небо во затворена просторија. Каде и да го сместите, смирувачкиот сонувачки амбиент не ви бега.rnrnКревет за мирен сон под ѕвездено небоrnrnВселенскиот кревет е направен од бел фиберглас и има форма на пресечено јајце. Магијата ја постигнува со ЛЕД светилки поставени на горниот дел, а ја дополнува со аудио систем кој пушта смирувачка музика и систем кој испушта мириси кои го поттикнуваат сонот. Душекот може да се навалува нагоре или надолу, како што подобро му одговара на оној кој го користи. Покрај тоа, во креветот е вграден и аларм за будење.rnrnКревет за мирен сон под ѕвездено небо Кревет за мирен сон под ѕвездено небо Кревет за мирен сон под ѕвездено небо
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 најпопуларни секс-пози кои ја обележаа минатата година

    3 најпопуларни секс-пози кои ја обележаа минатата година

    Минатата година ја обележаа секс-пози во кои доминираат жените. Со оглед на тоа што ниту еден маж не може да му одолее на сексуалниот однос во кој главната акција ја води неговата врела партнерка, доколку планирате во 2014 година да зачекорите во топол однос, погледнете ги трите најпопуларни пози кои ја обележаа минатата година, кои секој маж ќе го доведат до лудило.rnrn3 најпопуларни секс-пози кои ја обележаа минатата годинаrn

    Завртена јавачка

    rnВо оваа секс-поза мажот лежи на грб со раширени нозе, свиткани во колената. Жената седнува врз него, завртена со грб спрема неговото лице. Придржувајќи се за неговите колена, жената ја контролира брзината и длабочината на пенетрацијата, наизменично клекнувајќи и издигнувајќи се, а мажот ѝ асистира, допирајќи ги и поткревајќи ѝ ги колковите.rn

    Секс на столица

    rnНаслонот од столицата потпрете го до кревет или до фотелја. Мажот треба да седне на столот, а жената свртена кон него со лице, треба да седне врз него и да ги префрли нозете преку неговите бедра, потпирајќи се со стапалата на креветот. Додека мажот ја држи за колковите и нежно ја придружува, таа се подига, држејќи се за неговите рамена и така ја диктира динамиката на односот.rn

    Yab Yum

    rnЕдна од најпопуларните тантрички пози е онаа во која мажот седи со прекрстени нозе, на т.н. турски начин. Жената седи на него, свртена кон него со лице, обвивајќи го неговиот струк со нејзините нозе. Мажот го диктира темпото на водење љубов, со подигање на нејзиното тело. Ова е многу интимна поза, бидејќи во неа партнерите се постојано прегрнати и воедно можат да си разменуваат бакнежи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор

    10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор

    Малиот простор е проблематичен од два аспекти – треба да изгледа добро уреден, додека истовремено треба да ви ја овозможува сета практичност и достапност која секому му е потребна во домот. Доколку имате мала квадратура, овие неколку генијални идеи ќе ви помогнат да дојдете до некои решенија за преуредување на просторот со кој располагате.rn

    Разделник за соби со библиотека и основа за прикачување телевизор

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Кревет на спуштање кој го ослободува просторот во текот на денот

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор 10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор 10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Маса на собирање

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор 10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Функционално пополнување на просторот околу прозорец

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Кауч во форма на буквата L кој се трансформира во кревет за спиење

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Имитација на маса доцртана на ѕид околу лебдечка полица

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Цела кујна на отворање

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор 10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Подвижна кабина која служи за спиење

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Мал простор комплетно опремен со кревет на таван, кујна, дневна и тоалет

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал просторrn

    Плакар-соба над кој е поставен креветот за спиење

    rn10 генијални идеи за уредување применливи во мал простор
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Целосна соба спакувана во една кутија

    Целосна соба спакувана во една кутија

    Можеби звучи невозможно, но компанијата „Casulo“ создала кутија од која можете да распакувате цела соба. Од оваа кутија излегува работно биро, плакар, кревет, полица, две табуретки, столче и креденец со фиоки.rnrnЦелосна соба спакувана во една кутијаrnrnЗасега овој изум останува само концепт, но во блиска иднина сигурно би го нашол своето место на пазарот.rnrnЦелосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фенг шуи совети за подобар љубовен живот

    Фенг шуи совети за подобар љубовен живот

    Без разлика дали сте во врска или сè уште трагате по вашата сродна душа, доколку ви треба промена која ќе го промени вашето предвидливо секојдневие може да се свртите кон фенг шуи.rnrnОваа древна кинеска вештина се залага за урамнотежување на енергиите со цел постигнување на хармонија и среќа. Оние кои практикуваат фенг шуи веруваат дека тоа е и најдобриот начин за привлекување љубов во животот. Клучниот елемент е позитивната животна енергија чи, која треба слободно да минува низ вашиот живот и низ вашата спална соба. Штом тој проток запре, тоа негативно ќе се одрази на вашиот живот. Затоа е потребно да ја вратите рамнотежата и да го создадете потребниот простор за проток на таа позитивна енергија. Овие совети можат да ви помогнат да ја пронајдете или да ја задржите вашата страст во животот.rnrnФенг шуи совети за подобар љубовен животrn

    1. Одберете го вистинското место

    rnПозицијата на спалната соба во домот е од исклучителна важност. Идеално би било таа да гледа кон југозапад, а ако тоа не е возможно, тогаш југозападното ќоше во собата би требало да биде средиштето на вашата романса. Направете го тој простор посебен – украсете го со заеднички фотографии или предмети кои се симбол за љубов и романтика, но кои истовремено имаат одредено значење за вашата врска.rn

    2. Средете го просторот и ослободете се од минатото

    rnРеорганизирајте и средете ја вашата соба. Нередот го блокира протокот на позитивната енергија, затоа засукајте ги ракавите и фрлете се на чистење. Фрлете ги сите непотребни ствари, посебно оние кои ве потсеќаат на пропаднатите врски, како фотографии со бившите, писма, подароци и слично.rn

    3. Направете простор за љубов

    rnБез разлика дали сте во потрага по нов партнер или пак сакате да остварите подлабока конекција со моменталниот, мора да направите простор за нив во вашиот живот, а особено во спалната соба. Така, ако вашите плакари се сосема полни со ваши ствари, ослободете барем 25% од просторот. Исто така купете уште една четка за заби. На тој начин сами на себе си покажувате дека имате волја и подготвеност за делење на тој простор со некој друг.rn

    4. Преместете ги работното биро и справите за вежбање

    rnСпалната соба е место за спиење и интимност, па во неа не би требало да вежбате, ниту да работите. Затоа отстранете ги предметите кои се поврзуваат со работа и со вежбање. Енергиите поврзани со тешката работа и физичкиот напор треба да ги чувате надвор од спалната.rn

    5. Заеднички фотографии, огледала, растенија

    rnОслободете се од сликите кои прикажуваат една личност или украси кои симболизираат осаменост и самотија. Наместо нив, побарајте романтични уметнички дела или предмети кои прикажуваат парови. Свеќите, перниците и цветните украси се добар избор за подобрување на љубовниот живот.rnrnФенг шуи совети за подобар љубовен животrnrnКружното огледало е добра идеја бидејќи симболизира целина и надополнување. Но, со огледалата бидете внимателни – тоа не смее да биде свртено кон врати и прозори бидејќи на тој начин ја одбива позитивната енергија од вас.rnrnЦвеќињата исто така се препорачливи во спалната соба и во домот воопшто, само треба да бидат живи. Во никој случај не украсувајте го вашиот дом со вештачки цвеќиња. Фенг шуи се залага за сè што е природно, а се противи на сè што е вештачко.rn

    6. Поместете го креветот

    rnКреветот во спалната соба поставете го така за да оставите подеднакво простор од сите страни и да може да се проаѓа покрај него отсекаде. На тој начин ни вие ни вашиот партнер нема да се чувствувате ограничено.rnrnИсто така, добро би било да го наместите креветот спроти вратата од собата. Таа положба ви дава можност да гледате кон неа, спречува изненадувања и ви дава контрола над вашата романтична средина. Ако го потпрете креветот на ѕид, на тој начин ги спречувате сите шанси за влегување на љубов во вашиот живот.rn

    7. Задоволете ги сите ваши сетила

    rnВид – Користете меко осветлување во спалната, носете секси долна облека, гледајте еротски филмови со вашиот партнер.rnrnЗвук – Слушајте ја вашата омилена музика.rnrnМирис – Користете миризливи свеќи, лосиони и парфеми.rnrnДопир – Секогаш имајте миена коса, носете меки свилени ношници и пижами и редовно менувајте ја постелнината.rnrnВкус – Одвреме-навреме почестете се себеси и партнерот со чоколадо и шампањ.rnrnФенг шуи совети за подобар љубовен живот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеалното решение за гушкање во кревет

    Идеалното решение за гушкање во кревет

    Овој удобен душек е дело на Меди Моџтабави и е идеално решение за паровите кои сакаат да се гушкаат во кревет. Душекот е направен од траки помеѓу кои има место да ви пропадне раката, па така можете да го гушкате партнерот, без вас да ви пречи неговата тежина, ниту вие да го притискате и бодете.Идеалното решение за гушкање во креветКонцептот сè уште го нема најдено патот на пазарот, но Иранецот Меди постојано е во потрага по инвеститор кој ќе му помогне на овој концепт да се најде во домовите на вљубените парови.Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор

    Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор

    Во потоплите денови, секогаш е подобро денот да се поминува надвор и да се ужива во енергијата која ни ја пружа сонцето и чистиот воздух. Па, токму затоа нема подобар начин како да се ужива отколку на убава и мека лежалка, која можете да ја усогласите со вашиот надворешен мебел и уредувањето на дворот, бидејќи ги има во различни големини и стилови. Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот дворПоголеми, помали, изработени од различни материјали во различни форми, на нив ќе можете да уживате со пријателите и семејството, да читате книга, да дремнете, па дури и да поработите во мирна и пријатна атмосфера. Ова се неколку интересни модели на надворешни кревети и лежалки, кои ќе ве инспирираат да појдете и да си набавите.Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn