КАФЕ ПАУЗА

Tag: кревет

  • Креативен татко направил прекрасен кревет во форма на автобус за својата ќерка

    Креативен татко направил прекрасен кревет во форма на автобус за својата ќерка

    Овој креативен татко и експерт на полето „Направи сам“ изградил неверојатен Фолксваген кревет за 3-от роденден на неговата ќерка. Идејата му дошла сосема случајно откако онлајн открил стари делови од овој автобус кои биле на продажба.rnrnКреативен татко изградил прекрасен кревет во форма на автобус за својата ќеркаrnrnТој наместо да го изгради креветот од почеток, одлучил дека е подобро да искористи веќе употребуван кревет на спрат и околу него да ги нареди металните делови од автобусот. Таткото покрај деловите од автобусот, употребил и иверица, боја и други материјали со чија помош изградил неверојатен модел од 2-та серија на Фолксваген автобусите, со кревет на кровот, колоритен ентериер, светла кои работат и волан со звучни ефекти. Погледнете…rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

    15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

    Овие петнаесет цитати зрачат со љубов кон креветот и слаткиот сон, исто како што и вие го сакате вашиот мил кревет кога треба да станете за на работа или предавања. 15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиелоrn

    „Ако сакаш да го оствариш неостварливиот сон, оди легни си.“ – Џоан Клемпнер

    rn

    „Единствените зборови што ги разбирам наутро се ‘врати се во кревет’ и ‘сланина’.“ – Непознат

    rn

    „Нема толку убаво изгрејсонце што може да ме натера да станам за да го видам.“ – Минди Кејлинг

    rn15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиелоrn

    „Никогаш не сум вежбал ништо друго освен спиење и одморање.“ – Марк Твен

    rn

    „Чувството на поспаност кога не си во кревет и не можеш да стигнеш до него е најлошото чувство на светот.“ – Едгар Вотсон Хоу

    rn

    „Сакам да спијам затоа што тоа е како временска машина до појадокот.“ – Непознат

    rn15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиелоrn

    „Обожавам да спијам. А ти? Нели е супер? Тоа навистина е најдоброто од двата света. Ем си жив, ем си несвесен.“ – Рита Раднер

    rn

    „Луѓето што ’рчат секогаш заспиваат први.“ – Непознат

    rn

    „Толку сум добар во спиењето, што можам да го правам тоа со затворени очи.“ – Непознат

    rn15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиелоrn

    „Спиењето е златниот синџир кој ги поврзува заедно нашите тела и здравјето.“ – Томас Декер

    rn

    „Спијам осум часа на ден и барем десет часа на вечер.“ – Бил Хикс

    rn

    „Имам состанок вечерва… со мојот кревет. Сигурно ќе спиеме заедно.“ – Непознат

    rn15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиелоrn

    „Ниеден ден не може да биде толку лош да не може да се поправи со една дремка.“ – Кери Сноу

    rn

    „О, кревету! О, кревету! Прекрасен кревету! Ти рају на земјата за изморената глава.“ – Томас Худ

    rn

    „Кога времињата се тешки, цврстите луѓе си дремнуваат.“ – Том Хоџкинсон

    rn15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

  • 10 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

    10 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

    Иако многумина не би поверувале, постојат многу знаци кои покажуваат дали тој е добар во кревет дури и ако никогаш не сте го виделе на дело. Овие нешта укажуваат на добар љубовник, па ако сте љубопитни продолжете да читате.rnrn10-znaci-deka-toj-kje-bide-dobar-vo-krevetrn

    1. Сака да знае како се чувствувате

    rnВе прашува како ви поминал денот, како се чувствувате, што е тоа што ве прави среќни. Ако тоа го прави секојдневно, постои голема веројатност да биде исто толку заинтересиран за тоа што сакате а што не во кревет.rn

    2. Знае каде да ве допре

    rnСекој негов допир како да е однапред испланиран да ги испровоцира вашите ерогени зони. Истото очекувајте го во кревет.rn

    3. Прави да се чувствувате полни со самодоверба

    rnВе третира како да сте најубавото и најсекси суштество на светот. Ако ви влева толкава самодоверба ќе бидете помалку свесни за мааните на вашето голо тело, што ќе резултира со подобар секс.rn

    4. Вреден е и амбициозен

    rnИако ова ви звучи смешно, ако тој е вреден и амбициозен секогаш ќе биде за акција наместо мрзеливо да лежи и секогаш ќе сака да поттикнува нови нешта и промени.rn

    5. Добро игра

    rnЗнаеме, и ова ви звучи смешно. Но, оној кој игра добро и знае да се опушти додека игра, негува посебна страст и нема срам од своите чувства.rn

    6. Воспоставува интензивен контакт со очи

    rnЗнае како да си игра и да освојува со очите. Самиот негов поглед прави да ви се затресат колената. Да, тој очигледно знае што прави.rn

    7. Не избрзува

    rnНе се обидува да ви ја пикне раката под блуза 10 секунди после поздравот. Тоа значи дека е воздржан, ненападен и веројатно ќе издржи многу подолго тогаш кога ќе биде потребно.rn

    8. Не осудува

    rnНе осудува често и прифаќа промени и различни мислења и сфаќања. Тоа значи дека е отворен за промени и на интимно поле.rn

    9. Се чувствувате удобно во негово друштво

    rnНе се плашите, не чувствувате потреба да се преправате. Ако нешто ви пречи и му кажете да прекине тој престанува. Многу е важно како се чувствувате во негово друштво и каква енергија пренесува, исто колку што е важно колку ве почитува и ги слуша вашите желби и потреби.rn

    10. Самоуверен е

    rnШто значи дека ќе биде слободен па и двајцата ќе се чувствувате убаво и удобно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    Сите ние во 20-тите години свесни сме дека имаме многу лоши навики кои треба да прекинеме да ги правиме, но никако да го сториме тоа. Еве што нè советуваат постарите. Ова се нештата од кои треба да се одвикнеме пред на нашата роденденска торта да стои бројот 25.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    1. Јадење во кревет

    rnОсвен доколку сакате вашиот пријател глушец да ве посетува почесто во кревет.rn

    2. Јадење брза храна

    rnДа, некогаш ќе имате мерак за хамбургер или хот дог, но не секој ден и не секој оброк. Пожелно е свеста за здравиот начин на исхрана да ја развиеме до 25-тата година од нашите животи.rn

    3. Губење време со лоши партнери

    rnИ самите знаете дека немате иднина, зошто упорно одите со главата во ѕид? Не, нема да се промени.rn

    4. Неконтролирано трошење на парите

    rnЕден ден ќе имаме семејства за кои ќе треба да се грижиме, а ако сме искрени, моментално и за нас самите не ни остануваат доволно пари.rn

    5. Гледање серии по цела вечер

    rnИако другиот ден немате утрински обврски, не останувајте будни цела вечер. Добриот сон е многу важен.rn

    6. Неконтролирано порачување пијалаци по барови и клубови

    rnНе, не давајте знак дека секогаш кога вашата чаша е празна треба да ви се донесе ново вино. Другиот ден многу ќе вложите напор во обидот да се сетите каде ви избегале парите.rn

    7. Споредување на себеси со други

    rnКако вашите пријатели на ФБ, или бившите соученици. Споредувањето е лоша навика со која мора да престанеме. Сечиј живот е различен а споредбите мора да прекинат.rn

    8. Потфрлање со личната хигиена

    rnНе сме мали деца па нашите мајки да трчаат по нас велејќи ни да си ги измиеме забите.rn

    9. Постојан мамурлак

    rnВо ред е да ви се случи еднаш, два пати, на важни датуми и сл. Лошо е ако луѓето многу долго ве немаат видено трезни и свесни. Грижата за себе, за добриот сон и контролираната консумација на алкохол се навики кои мора да се стекнат додека не е предоцна и додека не сме почнале да преминуваме некои граници.rn

    10. Остварување комуникација само преку СМС и социјални мрежи

    rnДа, корисно е да се вежба комуникација во живо.rn

    11. Спиење до пладне

    rnНекогаш ќе ви се случи, но многу неодговорно е да го започнувате денот на пладне. Плус, го пропуштате најубавиот период од денот – утрото.rn

    12. Озборување

    rnНе, доволно сме возрасни за малограѓанско однесување.rn

    13. Губење на професионалноста на работното место

    rnМлади сме и треба да покажеме способност и знаење. Лакирањето на работно место е строго забрането дури и ако никој не ве гледа.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    14. Неодржување хигиена во домот

    rnИако ви е мака, сепак фрлајте го ѓубрето редовно.rn

    15. Премногу откривање на вашата приватност на социјалните мрежи

    rnКако што растеме учиме да откриваме сè помалку бидејќи знаеме дека навистина е непотребно.rn

    16. Неконтролирање на сопствените емоции

    rnАко размислувате за зголемување на емоционалната интелигенција, сега е вистинското време.rn

    17. Неодговорно однесување

    rnАко сте ветиле дека ќе направите нешто сторете го, ако треба да бидете негде, стигнете на време.rn

    18. Позајмување и не враќање на позајменото

    rnВаквото однесување воопшто нема да им се допадне на вашите пријатели а и самите сте свесни дека ги ставате во незгодна позиција.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    19. Постојано доцнење за да фатите автобус

    rnИ не само автобус. Време е да се навикнете да пристигнувате на време.rn

    20. Наивно размислување

    rnНе, не може странец од улица да проба да ве разубеди во вашите основни верувања и ставови во животот, ниту може да ве натера да ги дадете вашите пари негде.rn

    21. ФБ прогонување на старите љубови

    rnЕдноставно оставете ги таму каде што им е местото – во минатото.rn

    22. Непланско пазарење

    rnЗнаеме дека е тешко да се контролираш себеси во преполн маркет или во бутик каде само што стигнала сезонската облека, но мора да размислуваме како возрасни.rn

    33. Дозволување гордоста да надвладее со нас

    rnВо ред е да побарате помош и да признаете слабост.rn

    25. Неследење на временската прогноза

    rnМожеби ви звучи смешно, но многу е добро да имаш со себе чадор кога на сред улица ќе те фати дожд.rn

    25. Заборавање да се каже „благодарам“

    rnОва за многумина не е сериозен проблем, но благодарноста е клучна во животот. Тогаш кога ќе научиме да бидеме благодарни и за најмалите нешта, ќе научиме вистински да ги вреднуваме нештата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 кул идеи за уредување на детски соби

    15 кул идеи за уредување на детски соби

    Ако сакате да ја декорирате собата на вашето дете, а тоа да биде на навистина оригинален начин, ви даваме 15 супер идеи. Еве што сè може да ви послужи како инспирација:rnrn

    15 кул идеи за уредување на детски соби
    Кул кревет-јахта
    rnrn
    15 кул идеи за уредување на детски соби
    Мебел како од волшебна бајка
    rnrn rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци кои откриваат каков ќе биде во кревет

    10 знаци кои откриваат каков ќе биде во кревет

    И пред да имате секс со новиот партнер, можете да дознаете каков ќе биде во кревет. Постојат некои сигнали кои го издаваат, а на вам е да им обрнете внимание. Еве 10 работи според кои можете да откриете повеќе одошто тој би сакал.rnrn10-znaci-koi-otkrivaat-kakov-kje-bide-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    1. Грицка нокти

    rnМаж кој грицка нокти самиот себеси се турка подалеку од сопствените граници и оди во крајности – тоа обично се изедначува со страст. Можеби оваа навика нема да ви изгледа привлечно, но тоа може да значи дека е одличен љубовник.rn

    2. Има куче

    rnМажите кои имаат куче како домашен миленик, често потребите на другите ги ставаат пред своите, што значи дека веројатно и во сексот не се себични. Но, сопствениците на кучиња се навикнати на кучешки влакна, па не се баш опседнати со хигиената, што пак може да ви ја „исклучи“ сексуална желба.rn

    3. Не е Бредли Купер

    rnАко момчето не е страшно згодно и не освојува многу жени со својот изглед, веројатно ќе вложи многу повеќе труд и време за да ја направи среќна својата партнерка.rn

    4. Убаво пишува

    rnСпоред стручњаците за ракопис, мажите кои малата буква „у“ ја пишуваат со опавче имаат високо либидо и голема фантазија.rn

    5. Божествено мириса

    rnМирисот е една од карактеристиките која е важна за привлечноста. Колку некој има подобар природен мирис за одредена жена, толку е поголема веројатноста дека тие двајца се генетички комплементарни.rn

    6. Стои исправено

    rnМлитавото и подгрбавено држење на телото е индикатор за несигурност и мрзливост. Колку момчето стои поисправено, толку е поголема неговата самодоверба и повеќе се труди.rn

    7. Се шегува на своја сметка

    rnСекој маж која знае да се пошегува на своја сметка не е егоцентрик и не се доживува себеси пресериозно, што е добро кога е сексот во прашање.rn

    8. Како вози автомобил?

    rnМашките кои лесно се вознемируваат додека возат се и нестрпливи љубовници опседнати со крајниот резултат – оргазмот, и тоа само својот. Често се незаинтересирани кога е во прашање задоволувањето на партнерката. Брзите возачи се страсни и сакаат таков секс. Настрана од бавните и претерано внимателни возачи покрај кои и вашата баба би сакала да види малку повеќе акција зад воланот.rn

    9. Роб на дневните рутини

    rnАко се вознемирува на секоја, па и најмала промена на дневната рутина, тоа може да биде лош знак. Ако се однесува како робот, големи се шансите дека на истиот начин води љубов. Во текот на сексот подобро ништо не менувајте, бидејќи тој веднаш ќе си помисли дека нешто не е ОК.rn

    10. Зборува со своите раце

    rnАко прави драматични потези со рацете додека зборува, веројатно се работи за креативен маж со многу фантазија кој е и вешт љубовник.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спијте голи, тоа може да ви го спаси бракот или врската

    Спијте голи, тоа може да ви го спаси бракот или врската

    Најдобриот начин да ја одржите среќата во бракот и воопшто во врската е да спиете голи. Оние луѓе кои се легнуваат голи во кревет се посреќни во своите врски од оние кои носат пижами или друга облека за спиење.rnrnspijte-goli-toa-mozhe-da-vi-go-spasi-brakot-ili-vrskata-kafepauza.mkrnrnОд 1.004 Британци кои учествувале во едно истражување, 57% од оние кои спијат голи изјавиле дека се задоволни во својата врска, во споредба со 48% од оние кои спијат во пижами и долна облека.rnrnСтивен Мекензи (33) од Портсмут вели: „Спијам гол веќе шест години и многу е попријатно отколку носењето пижами или боксерки. Мојата жена исто така спие гола и навистина никогаш не сме биле посреќни. Ни помага целосно да се опуштиме во кревет.“rnrnРезултатите од анкетата се изненадувачки: 4 од 10 луѓе спијат голи, а скоро половина (45%) од 55-годишните и нагоре исто така.rnrnЕкспертите велат дека многу работи влијаат на среќата во врската, а еден од поважните фактори е околината во која спиете.rnrnПостелнината треба да биде многу пријатна и мека за кожата, што може да ја поттикне отвореноста и интимноста помеѓу партерите што пак на крајот влијае на зголемување на среќата.rnrnНавиките во спалната соба исто така значтелно влијаат на задоволството во врската, се тврди во ова истражување. Луѓето не сакаат партнерот да им јаде во кревет, дури 59% не сакаат валкана облека на подот во собата, а 23% не поднесуваат кога партнерот носи чорапи во кревет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 19 кул и креативни постелнини за вашиот кревет

    19 кул и креативни постелнини за вашиот кревет

    Во просек, ние поминуваме околу 1/3 од нашиот живот во спиење, па токму затоа постелата треба да биде одбрана со внимание. Таа треба да биде удобна и да ве топли кога е ладно, но во зависност од вашите години, и да ве штити од чудовишта. Доколку ви се потребни декоративни идеи и сакате да ја направите совршената атмосфера во вашата детска или спална соба, погледнете ги наредниве неколку постелнини за инспирација.rnrn19 кул и креативни постели за вашиот креветrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Испробајте: 3 Кама Сутра пози за силните љубовници

    Испробајте: 3 Кама Сутра пози за силните љубовници

    Сакате да совладате некои древни страсти кои вам и вашиот партнер ќе ви загарантираат незаборавно уживање? Испробајте ги овие 3 секс-пози кои ќе ве доведат до врвно задоволство, но истовремено се и добар тренинг за рацете и мускулите на задникот.rnrnisprobajte-3-kama-sutra-pozi-za-silnite-ljubovnici-kafepauza.mkrnrnКама Сутра е древен текст од индиската книжевност кој содржи совети за различни сексуални активности и во превод значи „уметност на водење љубов“.rn

    Сирена

    rnПотребен ви е кревет. Жената лежи со лицето свртена кон креветот, но горниот дел од телото ѝ виси преку работ на креветот, а тежината е префрлена на подлактите. Машкото лежи врз партнерката во истата положба, но потпрен на дланките со испружени раце. Подигнувањето и спуштањето на горниот дел од телото во склек позиција го диктира темпото. Оваа положба е добра вежба за бицепсите и трицепсите.rn

    Мост

    rnПотребна ви е висока површина како стол или висок кревет. Женското лежи на стомак, така што само горниот дел од телото (до струкот) ѝ е на креветот. Машкото ѝ приоѓа одзади и ѝ ги раздвојува нозете. Во полуклекната положба, машкото го диктира темпото и динамиката. Оваа позиција е одлична за зајакнување на задникот и бедрата.rn

    Водопад

    rnВи треба када и топла купка. Машкото седи во кадата со испружени нозе. Партнерката седи врз него свртена со грбот, со свиткани колена. Машкото со рацете ја опфаќа партнерката околу струкот и на тој начин го диктира темпото, а таа го следи подигнувајќи се и спуштајќи се повторно во клекната положба. Оваа поза е добра вежба за женскиот задник и за машките бицепси.

  • Направете сами: удобен кревет за вашето милениче

    Направете сами: удобен кревет за вашето милениче

    Искористувањето на стари материјали или парчиња облека е одличен начин да заштедите парични средства. Со помош на овој краток и едноставен туторијал, ќе го искористите стариот џемпер за да му направите меко и удобно место за спиење на вашето поспано милениче.rnrnНаправете сами: удобен кревет за вашето миленичеrnrnЗемете го стариот џемпер и наполнете ги ракавите со мек материјал или вид пена. Ставете малку од истиот материјал во средина на џемперот. Двата краеви на џемперот здиплете ги навнатре и зашијте ги. Потоа крајот на едниот ракав ставете го во другиот и зашијте ги заедно за да не излезе материјалот.rnrnСега слободно може да го израдувате вашето домашно милениче со удобен кревет за спиење и попладневни дремки.rnrnПогледнете го и овој туторијал за како да ѝ направите удобна куќичка на вашата мачка.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.