КАФЕ ПАУЗА

Tag: кревет

  • 8 утрински навики за попродуктивен ден

    8 утрински навики за попродуктивен ден

    Голем број луѓе често забораваат дека клучот за вистински успешен ден се наоѓа токму во раните утра. Можеби ќе ви звучи како клише, но наутро треба да се подготвите за успехот што сакате да го постигнете во текот на денот. Подготовката почнува од моментот кога ги отворате очите. Можеби често сте си помислиле дека не успевате да завршите поголем дел од обврските кои си ги поставувате? Дали некогаш сте размислиле да ја поставите вашата продуктивност на едно повисоко ниво? Тоа значи дека треба да ја подобрите вашата утринска рутина и верувајте, не е толку тешко, колку што си мислите. Постојат 8 работи кои можете да ги правите секое утро за попродуктивен ден.rnrn(1) 8 утрински навики за попродуктивен денrn

    1. Легнувајте си секоја вечер во исто време

    rnОваа навика е многу корисна, но денес сè помалку луѓе ја практикуваат. Социјалните мрежи, телевизијата, сериите… Сето тоа ни го одвлекува вниманието, па многу често знаеме да „заглавиме“ до доцна во ноќта. Но, навиката да си легнуваме во исто време и да спиеме од 7 до 8 часа ни помага да ги одмориме нашето тело и мозок и да се подготвиме за утрешниот ден. Нашиот мозок се одмора кога е во длабок сон, па затоа легнувајте си во исто време и наутро ќе бидете свежи и подготвени за акција.rn

    2. Местете го креветот веднаш по станувањето

    rnИако наутро сè уште сте сонливи, потрудете се да ја проветрите собата и да си го наместите креветот. Местењето на креветот е првата продуктивна работа којашто сте ја направиле во новиот ден, а по неа го отворате патот и на другите работи. Тоа ќе ви даде одредено чувство на гордост дека сте направиле нешто позитивно и ќе ве охрабри да продолжите храбро кон другите обврски кои ве чекаат во текот на денот.rn

    3. Медитирајте неколку минути пред да почнете со активностите

    rnПонекогаш е добро да избегате од целата утринска рутина и да си дадете мала оддишка. Затоа, потрудете се секое утро, пред да започнете со брзиот ден, да издвоите по 3 минути за себе. Пуштете си ја омилената музика, сконцентрирајте се на дишењето и смирете го умот. Оваа навика ќе ви помогне да се наполните со позитивна енергија и да се свртите кон себе, што во текот на денот ќе ви даде една смиреност и способност да се справите со стресните моменти.rn

    4. Туширајте се наутро

    rnПостои долгогодишна дебата дали е подобро да се тушираме наутро или навечер. Секој ќе ви одговори различно, воден од личното искуство, но утринското туширање претставува посебен ритуал, сличен на медитацијата. Додека се туширате можете да размислувате за сите нешта кои ве чекаат во текот на денот, а многу често, свежината од водата, може да ви донесе нови идеи и да ви ја зголеми креативноста.rnrn(2) 8 утрински навики за попродуктивен денrn

    5. Развијте брзи и ефективни подготовки

    rnКога станува збор за самите подготовки, потрудете се тие да бидат едноставни, ефикасни и да следат некаков распоред. Особено внимавајте на хигиената на лицето и секако очилата или контактните леќи, доколку ги носите. Секој човек си има свои ритуали при одржувањето на хигиената, но потрудете се тие да не ви одземаат многу време, туку да ги правите брзо, за да имате време за останатите работи на кои треба да се сконцентрирате.rn

    6. Вежбајте барем 2 минути

    rnУтринските вежби се здрави за вашето тело, но добро ќе му дојдат и на вашиот ум. Тие ќе ве размрдаат и ќе ви го подобрат расположението. Вежбањето рано наутро не е едноставна задача, но можете да најдете неколку едноставни вежби кои ќе ги практикувате секој ден, а резултатите веднаш ќе ги забележите.rn

    7. Ставете кокосово масло во кафето

    rnКокосовото масло е многу здраво и вкусно, затоа доколку имате можност, потрудете се во вашето утринско кафе да ставите малку кокосово. Покрај тоа што има неверојатен мирис и вкус, маслото ќе ви помогне во намалувањето на апетитот до времето за ручек.rn

    8. Издвојте 5 минути за утринскиот дневник

    rnМожеби звучи здодевно, но сепак ова е едноставна пракса, која брзо може да ви прерасне во секојдневна навика. Додека го пиете кафето, отворете го вашиот тефтер и запишете неколку реченици, позитивни мисли, идеи, запишете на кои нешта сте благодарни, што сакате да ви се случи во денот кој следува. Преточувајќи ги вашите мисли на лист хартија, всушност им давате поголемо значење и некаков облик, а тоа ќе ви даде поголем поттик да ги постигнете.

  • 6 фази низ кои минувате кога спиете со вашиот партнер

    6 фази низ кои минувате кога спиете со вашиот партнер

    Спиењето заедно со друга личност си има свои предности и недостатоци. Не сакаме да спиеме сами за да не се чувствуваме осамено, но кога партнерот ќе почне да ‘рчи или немирно да мрда на секои пет минути, веќе не знаеме што сакате…rnrnСпоред илустраторот Џејкоб Ендрјус, постојат 6 фази низ кои минуваме кога спиеме со друга личност. Тој одлично ги илустрирал, на смешен, но и на реален начин. Сигурно ќе се пронајдете.rn

    Фаза 1: Златно време

    rn1-6-fazi-niz-koi-minuvate-koga-spiete-so-vashiot-partner-kafepauza.mkrnrnСамо што сте се наместиле удобно во прегратките на партнерот. И да сакате, не би можеле да бидете посреќни или поудобно наместени.rnrnТоа трае околу 10 минути, а потоа…rn

    Фаза 2: Пот насекаде

    rn2-stages-sleeping-with-your-partner-funny-relationship-cartoon-jacob-andrews-02rnrnНаеднаш станува неподносливо жешко, вашата изложена кожа меѓусебно се лепи, така што удобното одвојување станува невозможно.rnrnБарем не сте веќе удавени во пот, но сега, во остатокот од ноќта…rn

    Фаза 3: Или сте премногу блиску или премногу далеку

    rn

    3-stages-sleeping-with-your-partner-funny-relationship-cartoon-jacob-andrews-03
    Дојди!                                         Ох, Боже, тргни се пак.
    rnrnСовршена блискост помеѓу телата е невозможно да се постигне.rnrnИ дури и кога успешно сте заспале, има многу други чудни работи со кои треба да се соочите, како…rn

    Фаза 4: Спиење во чудни положби

    rn4-stages-sleeping-with-your-partner-funny-relationship-cartoon-jacob-andrews-04rnrnИ…rn

    Фаза 5: Неочекувани навики во спиењето

    rn

    5-stages-sleeping-with-your-partner-funny-relationship-cartoon-jacob-andrews-05
    Ќе ни ја изедат утробата!
    rnrnНо барем спиењето со некој друг, прави една добра работа за вас.rn

    Фаза 6: Ве тера навистина да го цените спиењето сами

    rn6-6-fazi-niz-koi-minuvate-koga-spiete-so-vashiot-partner-kafepauza.mkrnrnВо мали количини…rnrn

    7-6-fazi-niz-koi-minuvate-koga-spiete-so-vashiot-partner-kafepauza.mk
    Ох, колку сум осамен…

  • 4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет

    4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет

    Повеќето мажи се доста самоуверени кога станува збор за нивните техники во креветот и поради тоа честопати занемаруваат некои ситници кои можат добриот секс да го претворат во лошо искуство. Недостатокот на хигиена, занемарувањето на желбите на партнерката и бегството од предиграта се само мал дел од нивните навики кои жените воопшто не ги сакаат.rnrn4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во креветrn

    1. Мајсторот кој знае сѐ

    rnОна што жените најчесто го истакнуваат како голема маана кај нивните партнери е фактот дека не слушаат, а истиот проблем се случува и во кревет. Експертите наведуваат дека мажите имаат преголемо его во најголемиот број од случаите, па така и деталите поврзани со интимните односи ги земаат здраво за готово. Како во секојдневните ситуации, така и во креветот преовладува нивното големо „јас“ кое знае сѐ, па секој обид за разговор во врска со деталите за време на сексот завршува со познатата реченица „Јас го знам тоа подобро од неа“.rn

    2. Секс без загревање

    rnЖените ја обожаваат предиграта! Моментите на галење и опсипување со бакнежи се високо на листата на приоритети кај сите жени кои предиграта ја сметаат за исто толку важна како и самиот љубовен чин. Но, мажите овој податок многу често го занемаруваат. Тие го сакаат тоа брзо и без увертира што на дамите баш и не им е по волја.rn

    3. Лоша хигиена

    rnМрзеливоста кај мажите честопати се одразува и во креветот каде нивните „опојни“ мириси, кои ги сметаат за доказ за машкоста, на жените воопшто не им се примамливи. Глетката на испотено машко тело е привлечна само оддалеку или на филмови, бидејќи жените во креветот сакаат негувано машко тело со убав мирис.rn

    4. Ќути и работи

    rnМоментот на молчење за време на жешките игри во креветот со задоволство е практикуван од страна на посилниот пол, но на жените тоа не им се допаѓа. Затоа време е мажите да почнат да ги користат своите длабоки секси гласови и во креветот со истиот жар како кога навиваат на спортски натпревар.

  • 30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

    30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

    Врските се прекрасни, но тие бараат големи жртви. Сега, кога нештата не се вртат само околу вас мора да внимавате и на туѓите чувства – без разлика дали тоа значи да гледате некој хорор филм наместо романтичен, или да пропуштите забава за вечера со домашните.rnrn0-31-neshto-koe-go-gubite-koga-kje-vlezete-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mkrnrnДа, секако дека нема да можете да играте голи по станот или да го гледате згодниот сосед, но врските си имаат и убави нешта – прекрасни мигови исполнети со љубов плус добивате личност која ќе ве почитува и поддржува. Кога ќе ги ставиме работите на вага, тие изгледаат еднакво.rnrn1. Можноста да флертувате со други луѓе – Мех, и онака не бевте добри во тоа.rnrn2. Таа посебна облека за „оние денови“ (која одамна би требало да ја имате фрлено).rnrn3. Стравот со кого ќе одите на следната свадба.rnrn4. Сомневањето во себеси – конечно имате некој кој ќе ви ласка и ќе ви помага да верувате во себе.rnrn5. Шминката – Чувството е прекрасно кога ќе се разбудите во својата најприродна верзија.rnrn6. Слободата во вашиот кревет. – Сигурни сме дека би се откажале од многу нешта за чувството во раката додека лежи врз вас.rnrn7. Вашата рутина – Секој ден поминат со него е непредвидлива авантура…rnrn8. Чудните први состаноци – Вие и вашиот паричник можете да поминете без нив.rnrn9. Вишокот простор во креветот наместо крадењето на прекривките. Бидејќи сега што е ваше е негово и обратно.rnrn10. Поканата за забава кај некој познаник – Не чувствувате потреба да одите затоа што се надевате дека таму ќе има некој нов згоден тип.rnrn11. Вашата нормалност – Лудото заљубување изгледа како фантазија и сте среќни кога сте на небо.rnrn12. Времето со вашиот вибратор – Сепак, сексот е многу подобар.rnrn13. Време за вежбање – Постојат други начини за физичка активност…rnrn14. Гледањето филмови и серии до 4 часот наутро.rnrn15. Тиндер.rnrn16. Несигурностите – Иако не ви треба маж за да ви каже дека сте прекрасни, сепак е убаво кога ќе ви каже некој убав збор. Чувството е прекрасно кога знаете дека постои некој кој ве сака баш такви какви што се.rnrn17. Трошењето пари за вечера – А затоа имате повеќе пари на сметката. Има смисла сега…rnrn18. Вашите сексуални инхибиции – А вие мислевте дека тоа го има само во чик литературата…rnrn19. Вишокот килограми – Сигурно веќе не се опивате во барови и јадете после излегување. Има подобри нешта кои треба да се најдат во вашата уста.rnrn20. Апсурдните драматизирања со пријателките – Вие си ги одбирате битките и одлучувате кога да се истурите на вашите пријателки. Сега имате момче и можете и на него да му викате!rnrn21. Кога не знаете што да одговорите на нечие „те сакам“ – Кому му требаат зборови покрај вакви посебни чувства?!rnrn22. Сексот за една вечер – Кога се будите на сред вечер на непозната територија и се надевате дека звукот на вашето мочање нема да го разбуди странецот со кого малку сте се забавувале.rnrn23. Вашите големи планови да живеете со 657 мачки.rnrn24. Празниот простор на домалиот прст – Знаете на што мислиме. ;)rnrn25. Стравот од врзување.rnrn26. Постојаното прашување од мајка ви: „Кога ќе го запознаам тоа твое момче?“ – Сега мамо, сега…rnrn27. Возењето сами – Имате некој кој постојано ќе доаѓа со вас, скоро секаде каде што ќе одите. И уште поважно, тој ќе го прави тоа позабавно.rnrn28. Огорченоста кога ќе видите пар – Добредојдовте во клубот.rnrn29. Омразата кон романтични филмови – Чудно е како почнавте да се пронаоѓате во сите ликови.rnrn30. Грижата дека ќе умрете сами, а мачките ќе го изедат вашиот труп.

  • 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист кревет

    8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист кревет

    Делењето кревет со вашиот партнер може да биде одлична вежба за откривање на вашите способности како човек. Кога е 4 часот наутро и се обидувате да го намалите неговото ‘рчење така што притискате перница врз вашите уши, вие дури и да не сакате учите есенцијални вистини за себе. Како што веќе добро знаете, постои вечна битка за ќебето, но тоа е само почетокот на проблемите со кои се соочуваат оние кои делат ист кревет. Погледнете ги најчестите 8…rn

    1. За време на студентите вечери, има огромна и непобедлива борба за ќебето

    rn(1) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист креветrn

    2. Првата личност која наутро ќе стане од кревет е предавник на целта

    rn(2) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист креветrn

    3. ‘Рчењето е еквивалент на воен криминал

    rn(3) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист креветrn

    4. Научно е докажано дека другата личност ќе мрдне во истиот момент пред да заспиете и ќе ве расони

    rn(4) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист креветrn

    5. Нејзината коса ќе го најде својот пат до неговото лице, очи и/или уста, без разлика колку е добро собрана

    rn(5) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист креветrn

    6. Кога едниот се обидува да заспие, другиот ја осветлува просторијата со својот мобилен телефон

    rn(6) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист креветrn

    7. Премногу е топло кога се гушкате, а премногу е ладно кога сте раздвоени

    rn(7) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист креветrn

    8. Секое утро станувате од кревет нервозни бидејќи ве буди алармот на вашиот партнер 1 час порано, скратувајќи ви 60 минути кои можете да ги поминете во спиење

    rn(8) 8 проблеми кои можат да ги разберат само оние парови кои делат ист кревет

  • 10 работи кои секоја девојка мора да ги има во својот дом пред 30-тата година

    10 работи кои секоја девојка мора да ги има во својот дом пред 30-тата година

    Драги дами, се ближи вашиот 30-ти роденден и сфаќате дека е потребно големо уредување на вашиот домашен простор, а потоа и на животот. Затоа подготвивме список на работи кои секоја дама треба да ги има во својот дом пред да наполни 30 години. Па, започнете да читате по ред и собирајте идеи.rnrn0-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-kafepauza.mkrn

    1. Удобен кревет и убава постелнина

    rnСо оглед на тоа дека поголемиот дел од својот живот, но и некои од најубавите моменти ги поминуваме токму во кревет, нема потреба да нагласуваме зошто тој треба да биде удобен. Креветот треба да го краси убава и квалитетна постелнина, па затоа на овие работи не треба да штедите. Особено затоа што нема да ги купувате секој месец, а сигурно и потенцијалниот партнер ќе го воодушевите со удобноста на креветот и уште поубавата постелнина.rnrnrn

    2. Убав и удобен тепих

    rnНишто друго нема да му даде топлина и шмек на вашиот простор како што тоа ќе го направи убавиот тепих. Вие ќе уживате во својот избор, бидејќи се ближи вашата 30-та година и очигледно е дека имате многу идеи за тоа како нештата сакате да изгледаат.rn

    3. Работен простор

    rnБез разлика дали работите од дома или пак не, убаво уреден и инспиративен работен простор ѝ е неопходен на секоја дама. Уредна маса со удобен стол, рамка за слика, цвеќе, компјутер и потребните алатки е нешто за што мора да имате место во својот дом.rnrn3-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ситници и сувенири од патувања

    rnДали нешто ќе ви го врати сеќавањето од патувањата во Италија, Грција, Франција, како што тоа ќе го направат малите сувенири на полиците или магнетите на фрижидерот. Без разлика колку години имате, никогаш не е доста од сувенири, а ние ви предлагаме да обезбедите полица за нив и да уживате во спомените.rn

    5. Уметничко дело кое го сакате

    rnСекако дека не мора да биде скапо, туку сосема е доволно да се вклопува во просторот и да ве прави среќни.rnrnrn

    6. Љубовни фотографии

    rnНајубавите и најромантичните моменти не е доволно да се чуваат само во телефонот. Исполнете го вашиот простор со најубавите спомени, бидејќи тоа апсолутно нема да излезе од мода.rn

    7. Билки

    rnБез разлика дали тоа ќе бидат големи собни растенија, мали билки покрај прозорот или цвеќе во дневната соба, зеленилото е неопходно за да му даде живост на просторот.rnrnrn

    8. Добар кујнски прибор, садови… и комплет салфети

    rnВо моментот кога ќе се одделите од вашите родители, ќе ви биде потребен цел кујнски прибор и тоа квалитетен, бидејќи вие сега сте сериозна девојка и готвачка. Исто така, не е во ред да ѝ дадете на најдобрата другарка или на момчето да се избришат со крпа, доколку сте ги поканиле на вечера во својот дом. Секогаш треба да обезбедите еден комплет убави салфети, бидејќи ситниците ве издаваат.rn

    9. Убав комплет чинии

    rnДоколку се ближите до триесеттите, а сѐ уште јадете од пластични садови, време е таа навика да се заборави. Романтичната вечера ќе го загуби својот ефект ако едната чинија е црвена, а другата бела.rn

    10. Шише шампањ

    rnБидејќи ќе имате многу причини и настани за славење и би било добро секогаш да имате едно шише од овој пијалак во вашиот дом.rnrn4-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-www.kafepauza.mk_

  • 9 индикатори кои ќе ви откријат дали навистина е бог во спалната соба

    9 индикатори кои ќе ви откријат дали навистина е бог во спалната соба

    Едно од прашањата кои најмногу им го поставуваат на секс експертите е „Како да знаеме дали тој е добар во кревет?“ Вистината е дека не можеме точно да знаеме, без разлика колку сме одговарале на тестови во нашите омилени магазини. Вистина е дека жените детално го анализираат машкото однесување – од она што тој го прави (и начинот на кој го прави) до начинот на кој зборува. Но, одговорот повторно не го добиваме. Затоа, после долго истражување, ние дојдовме до овие 9 заклучоци.rnrn0-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    1. Не е фалбаџија

    rnДоколку тој многу зборува за неговите бивши, тогаш има можност да не е којзнае колку добар во кревет. Оние кои постојано зборуваат дека се богови во спалната, всушност не се. Фактички, сите жени се поинакви и секоја сака поинакви работи во сексот, а мажите не знаат автоматски што сака секоја девојка. Затоа, за да имате добар секс мора да имате добра комуникација, а не да го слушате што ви раскажува за неговите бивши.rn

    2. Прави да се чувствувате секси

    rnАко кога ќе излезете тој прави да се чувствувате секси, иако вие тоа не го забележувате, тогаш тој е пастув во спалната. А да се чувствувате секси е многу важно. Начинот на кој се чувствуваме во својата кожа, а не физичката појава, е тоа што придонесува да имаме квалитетен сексуален живот. Не ви е потребна секси долна облека за да имате добар секс. Ако сакате врската да опстои и да имате магија во спалната, давајте си комплименти и внимавајте на малите детали. Така никогаш нема да бидете разочарани.rnrn1-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    3. Вешт е со рацете

    rnМногу може да се каже според начинот на кој ги користи рацете. Оние кои често ги користат рацете – музичари, уметници или атлетичари, се многу добри во креветот.rn

    4. Дали ризикува?

    rnАко ужива во нови работи и презема ризици, тогаш големи се шансите да имате лав помеѓу чаршафите. Но, ако сте со личност која не сака да ризикува или не ужива во авантури како вас, тогаш подобро е прво да поразговарате пред да отидете заедно во кревет. Доколку и двајцата уживате во ризици и истиот вид авантура, тогаш новите потези и идеи ќе бидат полн погодок во спалната соба.rn

    5. Не е себичен

    rnЗа секс се потребни двајца. Затоа ако излегувате со некој што мисли само на себе тоа значи дека истото ќе се случува и во спалната соба. Ако тој ви обрнува внимание и надвор од спалната, тогаш тој ќе ви ги задоволува желбите и потребите и внатре во неа. Но, не треба да очекувате само тој да ги задоволи вашите потреби. Потрудете се и вие да ги задоволите неговите. Тоа е најдобриот начин за да имате добар секс.rnrn2-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    6. Начинот на кој оди

    rnАко се движи со самодоверба и крената глава, тоа значи дека таа самодоверба ја има и во спалната соба. Говорот на телото е најдобриот индикатор за тоа каков е всушност човекот, а според одот во извесна мера може да се препознае и карактерот.rn

    7. Го интересира како ви поминал денот

    rnДоколку ви поставува многу прашања тоа значи дека се обидува да ве направи среќна. Размислите за тоа, кој е најдобриот начин да запознаете некого? Најдобриот начин да научите што таа личност сака и посакува е да поставувате многу прашања и да поминувате многу време заедно.rn

    8. Начинот на кој се бакнува

    rnЕден од најдобрите показатели за тоа дали е добар меѓу чаршафите е начинот на кој се бакнува. Добриот бакнеж е нежен и страстен. Сигурно сакате некој кој ќе ви предизвика пеперутки со неговото бакнување. А бакнежот е најдобриот индикатор за хемија и заведување.rnrn3-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

    9. Дали вежба?

    rnЛуѓето кои вежбаат имаат поголема сила и се повешти во кревет. Доколку тој е физички активен и многу се движи, тој сигурно е добар во спалната соба.

  • Неодоливи кучиња спијат како мали човечиња

    Неодоливи кучиња спијат како мали човечиња

    Начинот на кој спијат како и местото каде што можете да ги најдете додека одмараат можат многу да ви кажат за кучињата. Доколку лежат на страна, тие најчесто дремат. Ако се склопчени во топче, не се сигурни за безбедноста на местото или пак, мислат дека треба да станат набрзина. Доколку ве допираат вас или друго куче, покажуваат љубов, а ако спијат на грб, полесно се ладат и се целосно опуштени бидејќи чувствуваат дека се на безбедно.rnrn(1) Неодоливи кучиња спијат како мали човечињаrnrnНо, постојат и кучиња кои спијат на истиот начин како нивните сопственици. Сигурни сме дека повеќето од овие неодоливи животни не се ни свесни дека се кучиња, па токму затоа и се однесуваат исто како своите сопственици…rnrn

  • Очајни во кревет: 3 хороскопски знаци кои едноставно не ги бива за секс

    Очајни во кревет: 3 хороскопски знаци кои едноставно не ги бива за секс

    Кога станува збор за сексот, постојат илјадници различни вкусови и уште повеќе потреби. Луѓето со сексот истовремено уживаат, делат интимност и љубов или понекогаш едноставно само ја задоволуваат својата сексуална глад. Но, кои знаци се навистина лоши кога станува збор за сексот? Прочитајте…rnrnОчајни во кревет: 3 хороскопски знаци кои едноставно не ги бива за сексrn

    Близнаци

    rnБлизнаците се љубопитни знаци кои секогаш се во движење. Токму затоа и голем дел од нив можат да го користат мозокот за време на сексот, што никогаш не е од помош. Мажите со овој знак обожаваат да се фалат колку се добри и дека постојано се спремни за акција, но кога ќе дојде до тој момент тие едноставно се откажуваат или блефираат. За нив сексот трае околу 2 минути, но најголемата себичност на Близнаците доаѓа до израз преку нивното однесување во креветот. Од друга страна пак, поголемиот број од женските припадници на овој знак се добри во кревет, дури и покрај тоа што имаат потреба од „вечна“ предигра.rn

    Стрелец

    rnНекои од карактеристиките кои често се забележуваат кај машките припадници од знакот Стрелец се авантуризмот и експериментирањето, додека кај жените настанува токму спротивното – традиционализам без многу експерименти. Токму затоа нивните сексуални односи произлегуваат од преголемата желба за нешто ново, перверзно и возбудливо, додека пак кај жените, од неверојатната желба за нешто класично, здраво и конвенционално. Но, кога нешто не им е по желба, Стрелците гледаат што побрзо да завршат и потоа да побегнат без воопшто да погледнат назад. Некои од нив дури можат да си отидат и за време на самиот секс. Но, не грижете се, вие не сте најлошите во сексот. Има еден знак кој е полош…rn

    Риби

    rnНикој не би претпоставил дека овој знак кој е познат како емотивен, длабок, сензуален и сексуален знак дека би можел да биде лош во сексот, па дури и во љубовта. Женските Риби се повеќе се грижат и провоцираат дури и од агресивните женски Скорпии или Овни и во потрага се по садизам бидејќи тие самите во суштина се мазохисти. Тие сè уништуваат, бидејќи станува збор за знак кој најмногу ужива, но и пати во сексот со емоции. Ова подеднакво важи и за двата пола.

  • Луѓето кои го средуваат својот кревет наутро се посреќни и попродуктивни

    Луѓето кои го средуваат својот кревет наутро се посреќни и попродуктивни

    Средувањето на креветот е лесна задача која најчесто тотално се отфрла откако вашите родители ќе престанат да ве тераат да го правите тоа. Многу е лесно да се разбере зошто некои луѓе не го средуваат својот кревет кога брзаaт за на работа или кога се премногу мрзливи да се качат на врз него за да го израмнат чаршафот.rnrnЛуѓето кои го средуваат својот кревет наутро се посреќни и попродуктивниrnrnСпоред една анкета која била спроведена на 68.000 луѓе од страна на веб-сајтот „Hunch“, 59% од луѓето не го средуваат својот кревет, 27% го средуваат, а 12% плаќаат некој друг да го направи тоа за нив. И покрај тоа што средувањето на креветот секое утро најверојатно е најмалата ваша грижа, сепак постојат многу нешта кои ни сугерираат дека оние кои го прават тоа се посреќни и попродуктивни. Еве зошто треба да размислите да ја развиете оваа навика…rnrnЛесно е за средување – Да бидеме реални, најтешкиот дел е станувањето од креветот, а не неговото местење. Вие дури можете да ги искористите овие 2 минути за психолошки да се подготвите за она кое ви следува во текот на денот.rnrnВи предизвикува чувство на постигнување – Ова е првото нешто што ќе го почувствувате утрото. Ако вие го средувате вашиот кревет секое утро, со тоа и ја завршувате првата задача на денот. Токму тоа ќе ви овозможи мало чувство на гордост и ќе ве охрабри да завршите уште една задача, па уште една и уште една…rnrnВашата соба визуелно ќе изгледа подобро – Можеби ви звучи очигледно, но ова е многу важно. Вашата соба е и ваше засолниште, па доколку е во хаос ќе ви предизвикува дополнителен стрес. Доколку вашиот кревет е среден, не само што ќе ви изгледа поудобно кога ќе треба да си легнете, туку и ќе ви помогне при одморање на вашиот ум.rnrnСостојбата на вашиот кревет е и состојбата на вашиот ум – Вашиот кревет е и ваш симбол. Доколку тој е среден, има големи шанси да чувствувате и дека во вашиот живот има ред.rnrnЈа подобрува продуктивноста и среќата – На анкетата спроведена од веб-сајтот „Hunch“, 71% од учесниците кои го местеле својот кревет наутро изјавиле дека се среќни, додека 62% од оние кои не го правеле тоа сметале дека се несреќни. Оние кои го местат својот кревет исто така повеќе уживаат во својата работа, редовно вежбаат и подобро спијат, за разлика од оние кои не го местат креветот и кои најчесто ја мразат својата работа, ја избегнуваат теретаната и генерално се уморни.rnrnВе подготвува за сите оние нешта кои не сакате да ги правите – Со тоа што правите нешто што не сакате да го направите, вие психолошки се подготвувате да ги извршувате и сите оние останати задачи кои можеби нема да ви се допаѓаат, но кои ќе мора да ги завршите.rnrnОтвора врата кон други добри навики – Средувањето на креветот е клучната навика која потоа овозможува создавање и други добри навики, како готвење или вежбање. Овие навики можат да вклучуваат и гледање помалку ТВ или јадење едно јаболко на ден.rnrnНо, ако тоа не е за вас, науката е повторно на ваша страна – Потребни се 66 денови за одредена задача да се претвори во навика или рутина, па ако не можете да издржите толку долго не грижете се. Некои научници велат дека растурените кревети можат да нè одржуваат здрави така што ги бркаат „бубачките“ кои најчесто се одговорни за настинки и астма. Тие не можат да преживеат во топлата и сува околина на несредениот кревет. Полн погодок.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.