КАФЕ ПАУЗА

Tag: кревет

  • Спијте како вистинска принцеза на овој кревет инспириран од „Малечката сирена“

    Спијте како вистинска принцеза на овој кревет инспириран од „Малечката сирена“

    Зарем постои девојка што длабоко во себе не посакува да биде принцеза? Особено ако во детството омилениот цртан филм ви бил „Малечката сирена“, тогаш имаме одлично изненадување за вашата внатрешна Ариел!rnrnrnrnЗарем некому би му здодеало да живее живот на сирена? И покрај тоа што можеби вие нема да се преселите под вода, сепак можете да спиете во креветот на Ариел и конечно да ги претворите вашите опсесии со сирени во реалност. Зарем има нешто послатко од тоа?rnrnrnrnДа бидеме реални, овој кревет е всушност наменет за нашите деца, но и ние се сметаме за деца во срцето, така што сосема е во ред да спиеме на него! Креветот во форма на отворена школка може да биде купен преку португалската компанија „Circu“ што создава магичен мебел. Заедно со него доаѓа и внатрешна ноќна светлина и сè тоа по цена од 16.000 долари.rnrnrnrnВо ред, ова можеби е малку скапо, и најверојатно ќе биде уште едно од оние нешта што ни се слизнале низ раце, но со оглед на тоа што станува збор за креветот на ќерката на Кралот Тритон, смееме да сонуваме, се согласувате?

  • Тајните на брачниот кревет: Што предизвикува немир во спалната соба?

    Тајните на брачниот кревет: Што предизвикува немир во спалната соба?

    Речиси една третина од животот ја минуваме во спиење, па според тоа, спалната соба мора да биде просторија во која ќе можеме да уживаме. Според кинеската дисциплина Фенг шуи, спалната соба е од големо значење во домот, бидејќи има силно влијание на квалитетот на односот со саканата личност.rnrnТајните на брачниот кревет: Што предизвикува немир во спалната соба?rnrnПри уредувањето на собата каде што спиете, треба да се водите според вашиот вкус и инстинкт. Самите треба да откриете што ве вознемирува, а што ви носи хармонија и радост. Сепак, добро е да знаете кои работи предизвикуваат проблеми според Фенг шуи. Ова се некои од правилата на оваа древна вештина:rnrn1. Огледалото не треба да виде веднаш пред вас или над креветот.rnrn2. Телевизорот во спалната соба доведува до разделба на парот.rnrn3. Немојте да спиете во кревет над којшто се наоѓа греда која ја дели постелата на два дела.rnrn4. Немојте да спиете на брачен кревет што има одвоени душеци.rnrn5. Ако сакате да ги подобрите вашите сексуални односи, направете енергетски промени во спалната соба. Пирамидата од стакло или камен ќе ви помогне да го сторите тоа. Иако нејзините страни се рамни и остри, таа има способност да ја привлече и насочи енергијата што лесно може да побегне.rnrn6. Собата треба да ви биде уредна и чиста.rnrn7. Закачете ѕвончиња на прозорецот и немојте да чувате стари работи под креветот.rn

    Најважна е положбата на креветот

    rnНајдобро е спалната соба да биде најоддалечена од влезната врата. Влезот не би требало да биде во директна линија со влезната врата, бидејќи тоа влијае на интимноста. Исто така, не би смеела да биде во директна линија со тоалетот или кујната.rnrnКреветот треба да се наоѓа на такво место што личноста која лежи на него ќе може да види кој влегува во собата. Обично, најдобрата положба е да се постави дијагонално во однос на вратата. Наслонот треба да се допира со ѕидот, што ја симболизира потпората на вашите желби и не би требало да се наоѓа веднаш под прозорецот, бидејќи тоа може да ви донесе чувство на несигурност.rnrnДоколку сакате, едната страна на креветот може да го допира ѕидот, но само ако спиете сами. Кога ќе се разбудите, би требало да имате пријатен поглед. Тоа може да биде привлечен поглед низ прозорецот или убава слика на ѕидот.rnrnПрочитајте ги и овие фенг шуи лекции за вечна љубов.

  • Астрологијата ги открива „валканите“ работи што хороскопските знаци сакаат да ги прават во кревет

    Астрологијата ги открива „валканите“ работи што хороскопските знаци сакаат да ги прават во кревет

    Покрај чувствата, вниманието и другите начини на изразување љубов, во една љубовна врска и сексот игра голема улога. Нормално е секоја личност да не биде иста кога станува збор за игрите помеѓу чаршафите. За тоа што можете да очекувате од секој хороскопски знак, астрологијата делумно ви открива неколку тајни кои можете да ги проследите во продолжение.rnrnАстрологијата открива какви „валкани“ работи сакаат да прават хороскопските знаци во креветотrn

    Овен

    rnОвните се познати по нивната љубов за авантура и подготвеност да испробуваат нови работи. Па, во креветот речиси сѐ се наоѓа на нивното мени. Единствената тешкотија за личностите родени во овој знак е монотонијата. Ако сакате повторно и повторно да правите исти работи, тогаш наместо Овен пронајдете друг партнер.rn

    Бик

    rnЛичностите родени во знакот Бик може да направат многу откачени работи во кревет, но за нив важно е тие да бидат оние кои ќе го предложат тоа. Биковите сакаат да бидат доминантни, па треба навистина да имате среќа за вие први да предложите некоја нова идеја.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците би направиле сѐ. Тие се страсни и игриви љубовници кои секогаш сакаат да истражуваат нешто ново. Овие личности се оптимисти и позитивни и не сакаат многу сериозни или агресивни работи.rn

    Рак

    rnЛичностите родени во знакот Рак се полни со љубов и грижа и сѐ би направиле за својот вистински партнер, но тие никогаш нема да бидат оние кои ќе предложат нешто. Тие се фокусирани на тоа да го направат нивниот/нивната партнер/ка среќен/а, па ќе бидат многу возбудени сѐ додека во преден план е емоционалната врска.rn

    Лав

    rnЛавот без сомнение ќе биде најдобриот сексуален партнер кој некогаш сте го имале. Неговата желба да биде во центарот на вниманието го прави природен егзибиционист. Тој сака да се покажува себеси во најдобро светло и да добива внимание од својот партнер.rn

    Девица

    rnДевиците не се авантуристички љубовници. Ако сакате да експериментирате, тогаш не би биле среќни со личност родена во знакот Девица. Како и да е, тие се многу добри во она што се подготвени да го направат. Како и за сѐ друго во животот, Девиците детално истражуваат и откриваат начини како да станат совршени.rnrnАстрологијата открива какви „валкани“ работи сакаат да прават хороскопските знаци во креветотrn

    Вага

    rnВагите имаат исклучителни вештини па никогаш не треба да вложуваат премногу напор за да добијат внимание или наклонетост. Големи се шансите тие да бидат пофалени за секој секс. Тие ќе се впуштат во авантура со вас, но потоа нема да ве бакнуваат.rn

    Скорпија

    rnЛичностите родени во знакот Скорпија може да бидат најдобри знаци во зодијакот кога станува збор за сексот, особено ако најдете припадник на овој знак чиешто его не е на премногу високо ниво. Тие се совршена комбинација на сензуалност и агресивност и имаат посебен начин на однесување. Тие исто така се обидуваат да бидат и доминантни личности.rn

    Стрелец

    rnСтрелците речиси секогаш се мешаат во работите. Тие ќе започнат како по шега, а потоа ќе станат вистински интерес. Па, бидете внимателни ако се впуштате во љубовна романса со личност родена во овој знак.rn

    Јарец

    rnЈарците се навистина внимателни и разумни. Тоа не значи дека тие нема да иницираат ништо, туку тоа ќе го направат на таков совршен начин при што подоцна ќе ги пофалите за тоа. Ако почнете да им кажувате некои свои минати искуства, кај нив веднаш ќе се разгори страста за натпреварување, па ќе почнат да прават некои работи со кои ќе сакаат да ве импресионираат.rn

    Водолија

    rnЛичноста родена во знакот Водолија нема да се впушти во сексуален чин доколку тоа не го смета за сосема коректно. Со ваквите личности заборавете на доминацијата и потчинувањето, но држете се до нив затоа што тие особено за грижат за задоволството на нивниот партнер и секогаш враќаат за направената услуга.rn

    Риби

    rnРибите се креативни суштества кои кога се во кревет „бојат и надвор од линиите“. Понекогаш тие се едноставни во нивната сензуалност, но во она што е навидум обично, секогаш го вклучуваат и својот талент. Иако не се екстремно авантуристички, овие знаци во зодијакот најдобро се бакнуваат.rnrnАстрологијата открива какви „валкани“ работи сакаат да прават хороскопските знаци во креветот

  • Фотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во кревет

    Фотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во кревет

    Некои личности се сосема против навиката за јадење во кревет и внимаваат тој секогаш да биде уреден и чист. Наспроти нив се наоѓаат оние кои обожаваат да јадат додека се наместени во удобна позиција во нивниот омилен кревет. Ако се пронајдовте во втората група, тогаш дефинитивно ќе ви бидат познати многу од овие моменти.rn

    1. Вашиот кревет е ваша маса, а таа мора да биде поставена за посебни прилики

    rn

    Фотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во кревет

    rn

    2. Вашите чаршафи на крај секогаш изгледаат вака…

    rnФотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во креветrn

    3. Знаете дека само еден мал погрешен потег, може да направи неред

    rnФотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во креветrn

    4. Ова се случува секогаш!

    rnФотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во креветrn

    5. Но сепак ќе го правите ова, затоа што знаете дека јадењето е многу повкусно додека сте удобно сместени под ќебето

    rnФотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во креветrn

    6. Вашите фотографии со храна на Инстаграм, изгледаат малку поразлично од другите

    rnФотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во креветrn

    7. Вие изгледате некако вака…

    rnФотографии што ќе ги разберат само оние кои сакаат да јадат во креветrnrnПогледнете уште фотографии во кои можете да се пронајдете, на наредната страница…rn

  • 18 начини да го направите вашиот кревет поудобен за спиење

    18 начини да го направите вашиот кревет поудобен за спиење

    Сите знаеме дека добриот и мирен сон е потребен за нормално функционирање во текот на наредниот ден. Покрај другото, на тоа влијае убавата атмосфера, како и удобниот кревет. Погледнете ги овие начини кои ќе ви помогнат да го направите вашиот простор пријатен и погоден за одмор и релаксација.rn

    1. Зошто да не направите прекрасен балдахин над вашиот кревет? Не мора да купите, туку можете да бидете креативни и да направите самите

    rn18 начини кои ќе ви помогнат да го направите поудобен вашиот креветrn

    2. Имате мал простор? Поставете го креветот во ќошот од вашата соба, а приватност наместете соодветна завеса

    rn18 начини кои ќе ви помогнат да го направите поудобен вашиот креветrn

    3. Претворете ја вашата соба во простор каде што ќе се будите расположени, така што ќе додадете интересни елементи

    rn18 начини кои ќе ви помогнат да го направите поудобен вашиот креветrn

    4. Или пак направете мирен простор со тоа што ќе изберете неутрални бои

    rn18 начини кои ќе ви помогнат да го направите поудобен вашиот креветrn

    5. Широкиот кревет на дрвена платформа изгледа луксузно, зар не?

    rn18 начини кои ќе ви помогнат да го направите поудобен вашиот креветrn

    6. Слатките прекривки за кревет може да му додадат удобност на вашето место за спиење. Можете да купите некои интересни или пак, да ги декорирате по своја желба оние што веќе ги имате

    rn18 начини кои ќе ви помогнат да го направите поудобен вашиот креветrnrnПогледнете уште интересни предлози на наредната страница…rn

  • Искрени признанија: 6 момчиња откриваат што направиле за да ја одведат девојката во кревет

    Искрени признанија: 6 момчиња откриваат што направиле за да ја одведат девојката во кревет

    Понекогаш на момчињата им е потребно повеќе напор за да ја одведат девојката во кревет, но во некои ситуации тоа изгледа прилично лесно. Во продолжение погледнете ги изјавите на овие шест момчиња кои покажуваат на каков начин го направиле тоа.rnrnИскрени признанија: 6 момчиња откриваат што направиле за да ја одведат девојката во креветrn

    „Ѝ реков дека има убави панталони и почнав да ја прашувам за облеката. Преминавме на пиво и потоа продолживме да нарачуваме пијалаци. Веднаш штом ги соблеков чевлите, таа веќе беше спремна.“ – Марк, 38 години

    rn

    „Продолжив да ја прашувам за нејзиното семејство. Бев навистина заинтересиран и не мислев дека сум ‘добро момче’. Таа рече дека не ѝ е вообичаено момчињата да ја прашуваат лични работи како ова, па сакаше да ми се заблагодари. Додека го правеше ова, таа си ја откопчуваше нејзината кошула.“ – Крис, 26 години

    rn

    „Не требаше да зборувам многу. Сето тоа беше во моите раце. Бевме на венчавка и почнавме да танцуваме заедно, потоа кога седнавме да се напиеме вода, моите прсти и нејзините бедра почнуваа да стануваат пријатели. Останатото е историја.“ – Џејк, 29 години

    rnИскрени признанија: 6 момчиња откриваат што направиле за да ја одведат девојката во креветrn

    „Ја сретнав неколку пати на работа. Девојките живеат во фантазија, тие се визуелни, ги сакаат работите што ги гледате во филмовите. Не беше тешко да се игра улога на момче кое не знае како да го користи фотокопирот.“ – Грифин, 27 години

    rn

    „Седевме во кафуле зборувајќи со часови за Војна на ѕвездите. Не бев многу популарен на факултетот, а и таа исто така. Подоцна таа ноќ ѝ ги покажав моите постери и други колекции на списанија и работи, па токму тоа доведе и до секс.“ – Вилијам, 26 години

    rn

    „Играв на картата лошо момче. Се однесував незаинтересирано, што направи таа повеќе да се заинтересира. Гледајќи наназад сега, тоа беше детски потег, но бев на факултет и сега таа е среќно омажена, па не се чувствувам толку лошо. Јас и моите пријатели излеговме и ја запознавме неа и нејзините пријателки. Јас всушност бев заинтересиран за нејзината најдобра пријателка, но пет минути подоцна таа дојде горе по мене.“ – Дилан, 30 години

  • Запознајте го Мохито, кучето што секоја ноќ носи различни играчки во кревет

    Запознајте го Мохито, кучето што секоја ноќ носи различни играчки во кревет

    Секое куче сака играчки, но љубовта на ова 3-годишно куче што е обучувано да им пружи утеха и заштита на луѓето, е поразлична. Во текот на една и пол година, кучето носело со себе играчки во кревет, секоја ноќ избирајќи различна, откако ја пребарувало целата куќа, за да ја најде онаа со која сака да спие таа вечер.rn

    „Мохито има многу играчки… Навистина многу“, вели Ким Дауни, неговата сопственичка.

    rnЗапознајте го Мохито, куче која секоја ноќ носи различни играчки во креветrnrnКим вели дека секогаш кога ќе отидат во продавница, Мохито инсистира да си избере некоја, па така, секој месец таа добива нова играчка.rn

    „Многу е специфична за она што ќе го одлучи да го земе во кревет. Таа ќе пребарува во куќата и ќе ја испразни нејзината кутија за играчки сѐ додека не го најде токму тоа што го бара“, објаснува Ким.

    rnrnrnИграчките остануваат горе, сѐ додека Мохито не одлучи поинаку.rn

    „Ако ги симнеме надолу, таа ќе ги земе повторно“, вели таа.

    rnНаредното утро Мохито сака да си игра со сите нејзини играчки, а понекогаш ги споделува и со нивната мачка.rnrnНаучниците тврдат дека кучињата имаат неофилија, односно склоност кон нови работи. Но, ако сакате еден период да прекинете со купување играчки, истражувачите препорачуваат да направите тие да изгледаат како нови со тоа што ќе им додадете различен мирис. Исто така обидете се некоја играчка да ја скриете одреден период, па потоа повторно да им ја покажете.rnrnПогледнете ја галеријата и запознајте се со Мохито и нејзините најомилени играчки.rnrn

  • Ако ги поседувате овие 2 карактеристики, ви честитаме – вие сте одлични во кревет!

    Ако ги поседувате овие 2 карактеристики, ви честитаме – вие сте одлични во кревет!

    Иако бројот на сексуални односи во текот на неделата зависи од самиот карактер на луѓето, едно неодамнешно испитување покажало дека луѓето со најбогат сексуален живот делат само две карактерни особини – добрина и несебичност.rnrnАко ги поседувате овие 2 карактеристики, ви честитаме – вие сте одлични во кревет!rnrnВо истражувањето што било објавено во „The British Journal of Psychology“, учествувале 192 сингл жени и 105 сингл мажи. За потребите на студијата, тие требало да решат низа тестови со цел да се утврди поврзаноста помеѓу алтруизмот – однесувањето чија цел е да се помогне некому без корист или награда и успехот во љубовта, односно во врските и сексуалниот живот.rnrnИстражувањето покажало дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите луѓе и најмногу се задоволни од сексуалните односи. Кај машките испитаници тоа вклучувало и поголем број женски партнери за секс без обврски. Конечно науката потврдува нешто во што сите ние се сомневавме подолго време.rnrnДека добрината и несебичноста се посакувани особини кај припадниците на спротивниот пол ни докажува и историјата, односно времињата на општествата од ловци и собирачи, каде што мажите кои го делеле пленот со жените биле многу попосакувани мажи од останатите.

  • 5 работи што никогаш не треба да ги правите додека сте во кревет

    5 работи што никогаш не треба да ги правите додека сте во кревет

    Креветот пред сè е место за одмор, но честопати во него правиме секаков вид други активности. Токму од овие навики мора да се ослободите, доколку сакате да се разбудете одморени и наспани.rnrn1-izbegnete-gi-problemite-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-krevet-www.kafepauza.mk_rn

    1. Гледате телевизија

    rnГледањето телевизија е дел од вечерниот ритуал на многу луѓе, но се работи за грешка која ви го нарушува сонот, особено ако имате навика да спиете со вклучен телевизор. Експертите предупредуваат дека светлината од екранот всушност го спречува создавањето на мелатонин, хормонот кој го поттикнува чувството за приспивање. Содржината кој ја гледате пред спиење, исто така влијае на сонот, па затоа избегнувајте филмови или серии со насилна тематика.rn

    2. Го користите мобилниот телефон

    rnГо исклучивте телевизорот и компјутерот, отидовте во кревет, а потоа посегнавте по мобилниот телефон за да проверите што има на социјалните мрежи? Во прашање е уште една лоша навика. Мобилниот телефон влијае на вас исто како и телевизорот, бидејќи емитува уште поголема количина на светлина директно во вашето лицето и оневозможува да заспиете.rn

    3. Јадете

    rnЗаборавете на појадок во креветот или на полноќните ужини, освен ако секојдневно не ја менувате постелнината. Трошките храна брзо и лесно се завлекуваат во креветот и привлекуваат крлежи, мравки и други инсекти.rnrn2-izbegnete-gi-problemite-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-krevet-www.kafepauza.mk_rn

    4. Се расправате

    rnКреветот честопати е место на бурни расправии со партнерот кои може да ескалираат во караница. Лесно е да пламнете после стресен ден на работното место и сите фрустрации обично излегуваат на виделина кога ќе се спремите за спиење. Експертите советуваат овие расправии да ги оставете за некоја друга доба од денот, бидејќи насобраните негативни емоции пред спиењето може лошо да делуваат на нашето емотивно здравје.rn

    5. Спиете со вашиот домашен миленик

    rnМногу луѓе сакаат да им препуштат малку место од својот кревет на домашните миленици и тоа нужно не е лоша идеја. Докажано е дека таа навика го намалува стресот, бидејќи во друштвото на животните се чувствуваме мирно и удобно. Меѓутоа, спиењето со домашните миленици има и една голема маана, а во прашање е испрекинатиот сон. Животните имаат поразличен ритам од луѓето, често се будат, а на тој начин може да ве разбудат и вас неколку пати во текот на ноќта што многу ќе влијае на вашиот одмор. Доколку имате немирен миленик, избегнувајте го спиењето во негово друштво.rnrn3-izbegnete-gi-problemite-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-krevet-www.kafepauza.mk_

  • Направете зен кревет и подобрете го квалитетот на вашиот сон

    Направете зен кревет и подобрете го квалитетот на вашиот сон

    Квалитетниот сон е од големо значење за нормалното функционирање и за одржување на здравјето и енергијата. Во Фенг шуи филозофијата, спалната соба има големо влијание на вашето тело, но и на вашата душа. Со оглед на тоа што голем дел од времето што го поминувате таму сте во пасивна состојба, тоа што се наоѓа околу вас има силно влијание и на вашиот сон. Еве неколку начини со чија помош можете да го разубавите вашиот простор, а притоа да го подобрите и квалитетот на вашиот сон.rnrn5 едноставни начини да го направите вашиот простор поудобен за спиењеrn

    1. Проверете што имате под креветот

    rnДали можете да се потсетите на сите оние нешта што сте ги ставиле под креветот на кој спиете? Најчесто луѓето овде чуваат стари сметки, љубовни писма, чевли и слично. Но, најдобро е да не чувате ништо, со цел енергијата слободно да се движи. Доколку пак морате да го искористите и овој простор, тогаш најдобро е да чувате меки работи, како што е перница или ќебе. Според Фенг шуи филозофијата, старите сметки може да ви предизвикуваат стрес околу парите, а пак старите љубовни писма може да ја избркаат новата љубов.rn

    2. Наместете го креветот на соодветната локација

    rnФенг шуи филозофијата исто така ни покажува и кое е најдоброто место за вашиот кревет. Според тоа, најдобро е да го поставите така што кога ќе лежите да имате можност да ја гледате вратата. Доколку ова не е возможно, тогаш поставете огледало кое ќе ја рефлектира вратата. На овој начин би се чувствувале посигурно и би спиеле помирно.rn

    3. Чувајте кристали околу креветот

    rnПриродните кристали имаат моќ да ја променат енергијата во просторот. Доколку сте во можност, ставете неколку под креветот или на масичката до креветот со цел да имате помирен сон.rn

    4. Оддалечете ги книгите

    rnАко чувате голем број книги во вашата спална соба, тогаш препорачливо е да ги отстраните. Книгите создаваат активна енергија и може да направат да не се одморите добро. Доколку не сте во можност да ги отстраните, слободно можете да ги покриете за да ги тргнете од поглед. Ако избирате материјал за оваа намена, изберете сина или зелена боја кои дополнително ќе ве смират.rn

    5. Ставете зелени растенија во собата

    rnЗелената боја делува многу благотворно и ја имитира природата. Според Фенг шуи филозофијата, живите растенија значат исцелување, негување и обезбедување со животна енергија.