Автор: Ели РадескаrnrnНекои жени и девојки ја одржуваат својата убавина од изгрејсонце до зајдисонце, други пак, мора да ја обноват шминката барем еднаш во текот на денот. Со сигурност не треба да бидете робови на производите за убавина, но некои поводи и прослави бараат шминката да остане совршена во текот на целиот ден. Еве ги чекорите придружени со совети кои треба да ги следите за да успеете во тоа.
rn
1. Чистење на лицето
rnДобро исчистете ја кожата на вашето лице за да ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата. Не правете пилинг непосредно пред шминкањето за да одбегнете црвенило и иритација. Доколку имате масна или комбинирана кожа, обрнете особено внимание на Т-зоната.rnrn
2. Хидратација
rnОдберете хидратантен крем и нанесете го на вашето лице за да обезбедите нежна и мазна површина за вашата шминка. Почекајте од 5 до 15 минути, во зависност од вашата кожа, за да се впие кремот пред да продолжите со следните чекори.rnrn
3. Основа на шминката
rnНанесете основа за шминка чии состојки ќе бидат базирани на пудра за лице. Ако сте подолго време на отворено побарајте водоотпорна основа за шминка. Доколку ја нанесувате со сунѓер, внимавајте претходно да биде добро исчистен. Нанесувајте во нагорна и надворешна насока и избегнете триење на кожата.rnrn
4. Коректор
rnОдберете соодветен коректор за вашата кожа. Користете коректор во стик доколку имате масна кожа или течен коректор доколку имате сува кожа. Нанесете околу очите и на местата каде тенот не ви е изедначен. Коректорите, како и пудрите направени од минерали траат подолго и се поздрави за вашата кожа.
rn
5. Руменило
rnДодадете боја на вашето лице со руменило или бронзер. Со цел да трае подолго можете да измешате нанесувајќи крем руменило, а над него руменило во прав, оваа мешавина мора да ја нанесете внимателно.rnrn
6. Пудра за лице
rnНанесете пудра за лице, повторувајќи ја постапката на масните делови од лицето, нанесете и на очните капаци. Квалитетната пудра е клучен фактор во долготрајноста на вашиот мејкап изглед.rnrn
7. Пудра во прав
rnНанесете пудра во прав или камена пудра. Дувнете врз четката или сунѓерчето пред да нанесете. Прескокнете го овој чекор доколку имате сува кожа, зашто ќе добиете сув, неприроден изглед, а порите ќе ги направите видливи. Додадете уште еден слој руменило или бронзер и завршете го овој чекор така што внимателно ќе прснете лак за коса врз вашето лице, на раздалеченост од две дланки поставени во ширина.rnrn
8. Долготраен кармин
rnСигурно не сакате прославата да ја минете со огледалце и кармин во рака. Направете вашиот кармин да трае подолго. Прво нанесете моливче за усни по краевите на усните, а потоа и на целата површина. Моливчето не смее да биде потемно од нијансата на карминот. Секој кармин може да го направите да трае долго и тоа со нанесување на повеќе слоеви. Прво нанесете кармин, земете марамче, доближете ги усните и тапнете неколку пати врз марамчето. Потоа нанесете повторно од карминот, повторувајќи ја истата постапка. За крај нанесете уште еден слој. Врз карминот по желба, може да додадете и сјај за усни, сето тоа внимателно искомбинирано.
rn
9. Моливче за очи
rnОва е критична зона, бидејќи очите природно лачат течност. Со памук внимателно поминете по внатрешните краеви на очите, пред да нанесете моливче за очи. Врз моливчето, со тенко сунѓерче тапкајќи нанесете црна сенка за очи. Ова можеби наликува на изгледот „зачадени очи“, но постапката е многу практична бидејќи ќе спречи размачкување на моливчето.rnrn
10. Долготрајна шминка за очите
rnУживајте во долготрајна шминка на очите со нанесување на лесни слоеви сенки за очи. Сунѓерчето со кое ќе ја нанесувате, претходно „извалкајте го“ во пудра во прав. Маскарата ќе трае подолго, ако претходно внимателно сте нанеле пудра во прав врз вашите трепки.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Ваквите креми станаа голем хит низ светот, а за ова говори и фактот што еден производител на креми од Велика Британија морал да состави листа на чекање со повеќе од 4.000 луѓе за неговиот производ направен на база на кофеин.rnrnПознатиот шминкер Џорџи Даглас кој се грижи за изгледот нам многу холивудски ѕвезди исто така го потврдува ефектот на производите кои се направени на база на кофеин. Тој соопштува дека една таква крема користел при шминкањето на Џенифер Анистон, при што темните кругови околу нејзините очи, по одреден период самите исчезнале. Тоа е така бидејќи кофеинот ја зголемува циркулацијата на крвта во капиларите околу очите. Тоа овозможува да делувате многу поздраво и посвежо, а истовремено очите да не ви бидат отечени. Жените кои користат вакви производи велат дека очигледни резултати се добиваат по само еден месец од нивното користење.rn
rn
rn