КАФЕ ПАУЗА

Tag: креации

  • 50 пролетни фустани за сечиј вкус

    50 пролетни фустани за сечиј вкус

    Деновите се подолги, стануваат сè потопли и попријатни, а шарените бои се добредојдени во плакарите. Секој ужива во пролетта на свој начин, но за оние кои најмногу уживаат во пролетната гардероба, ова се 50-те најпопуларни фустани за оваа пролет.rnrn50 пролетни фустани за сечиј вкусrnrnВо оваа галерија има по нешто за сечиј вкус и за секоја градба на тело. Уживајте во палетата креации и шаренила.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дел од шармот на годинешниот Fashion Week во Скопје

    Дел од шармот на годинешниот Fashion Week во Скопје

    Автор: Софија Сионоваrn Фотографија: Христина ТрајкоскаrnrnИмавме можност да присуствуваме на четвртиот ден од Модната недела во Скопје. Префинетост и хипи боем, блескави, нежни и шарени бои е она што го видовме на деветтото издание на FWSK. Во продолжение ви ги претставуваме креациите на Оливера Штакоска, Ивана Јованоска, Јасмина Дракул.rnrndel-od-sharmot-na-godineshniot-fashion-week-vo-skopje-kafepauza.mkrn

    Хипи боемски стил: Оливера Штакоска

    rnПод насловот „Lace“, Оливера Штакоска за првпат во рамките на FWSK, преку сопствената призма ни ја претстави својата хипи боемска колекција исполнета со весели и игриви бои надополнети со пријатни и лесни материјали покажувајќи како треба да се изгледа во топлите летни денови. Едноставните и секојдневните комбинации исполнети со племенски мотиви беа полн погодок, а најзастапени беа свилените фустани со детали од тантела и долгите макси фустани со џебови, во цигански стил. На нозете манекенките носеа лесни римјанки со мали чантички во рацете, а косата им беше во релаксирана варијанта, најчесто во бушава плетенка.rnrn

    rn

    Моден перформанс: Ивана Јованоска

    rnОсвен Штакоска, деби перформанс имаше и Ивана Јованоска која со својата елеганција и префинетост ќе ве остави без здив. Иако за првпат се претстави на Модната недела, Ивана Јованоска покажа дека целосно го заслужи вниманието, пофалбите, како и местото покрај веќе добро познатите дизајнери. Манекенките пленеа со својата убавина, слатките лица и интересните кокови, а често се слушаше и звук од златните синџири кои елегантно висеа на фустаните така што акцентот беше ставен на рамениците. Најзастапена беше белата боја со примеси од злато, а целокупниот изглед беше надополнат со златни или крем шпиц чевли.rnrn

    rn

    Во полн сјај: Јасмина Дракул

    rnСофистицираност, грациозност и шарм се зборовите кои најдобро ја опишуваат колекцијата на Јасмина Дракул. „Во полн сјај“ е насловот на колекцијата, а Дракул ни ја претстави својата замисла за пролетта со грациозни коктел фустани и неколку величествени тоалети. Палетата на бои се движеше од жолта до бела, со по некој црн фустан, а необично беше тоа што на свиленикавите делови беа рачно додадени и цветови. Фризурите беа со ретро кадрици, карактеристични за златната ера во Холивуд, а моделите чекореа во беж и црна боја високи потпетици.rnrn

    rnrnНа настанот ја сретнавме модната блогерка Фросина Дамјановска. Низ муабет таа ни откри дека трендот за оваа сезона ќе биде цветниот принт, кроп топот, високите шпиц потпетици и белата боја, а според Фросина, на овој FWSK најубава била ревијата од Мила Кадриу.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно

    Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПовеќето сцени од филмовите ќе останат запаметени по фустаните во кои актерките се појавуваат (Помислете на Мерлин Монро и познатата сцена со белиот фустан).rnrnОвие култни модни креации го сменија текот на модата и стилот на многу жени ширум светот, и претставуваа инспирација на многу дизајнери за нови модни колекции.rnrn0-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mkrnrnВо продолжение погледнете дел од нив:rn

    1. Белиот фустан на Џенифер Лоренс (American Hustle, 2013)

    rnКостимографот на филмот, Мајкл Вилкинсон ја облече Лоренс во бел, елегантен фустан, карактеристичен за диско стилот од 70-тите.rn
    rn

    „Знаевме дека овој фустан мора да изгледа опасно“ изјави Вилкинсон за The Post.

    rnФилмот „Американски измамници“ е еден од главните „виновници“ за враќање на модата од 70-тите години од минатиот век.rnrn1-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mkrn

    2. Кира Најтли и свилениот, смарагден фустан (Atonement, 2007)

    rnСамо неколку фустани во филмската историја успеаја да привлечат огромно медиумско влијание, меѓу кои е и смарагдниот, лелеав фустан, кој го носеше Кира Најтли во филмот на Џо Рајт.rnrnНежниот материјал, должината до земја и отворениот грб ги натера жените ширум светот да пробаат да го ископираат овој филмски костим.rnrnЗа време на снимањето, овој фустан е направен во неколку копии, бидејќи костимографите стравувале од негово оштетување.rnrnATONEMENTrn

    3. Одри Хепберн и фустанот на Живанши (Breakfast at Tiffany’s, 1961)

    rnЦрниот, сатенски фустан кој го носеше стилската икона Одри Хепберн предизвика револуција во модниот свет, носејќи го епитетот за „најпознат црн фустан на сите времиња“.rnrnАнкета спроведена во 2010 година, од страна на компанијата Lovefilm го прогласи овој фустан за најдобар женски костим во историјата на филмската индустрија.rnrnMBDBRAT EC001rnrn

  • Зухаир Мурад – Колекција „Haute Couture“ пролет 2014

    Зухаир Мурад – Колекција „Haute Couture“ пролет 2014

    Дизајнерот Зухаир Мурад пораснал во Балбек, Либан. Уште од најмали години тој сонувал да го освои светот на фантазијата, а со цртањето фустани започнал кога имал само 10 години.rn
    rn

    „Не се сеќавам на ниту еден ден во мојот живот кога не сум држел молив во мојата рака,“ вели тој.

    rnДенес тој работи во срцето на Бејрут, но неговите неверојатни креации се познати низ целиот свет. Погледнете ја колекцијата на Мурад за висока мода која се очекува оваа пролет да се најде во продажба.rnrnЗухар Мурад - Колекција „Haute Couture“ пролет 2014 rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што да правите со старите излитени чорапи?

    Што да правите со старите излитени чорапи?

    Есента е совршено време за реорганизирање на облеката и средување на плакарот. Фармерките, блузите и маиците, секогаш можеме да му ги подариме некому или да ги донираме, но што да правиме со старите излитени чорапи?rnrnШто да правите со старите излитени чорапиrnrnНаместо да ги фрлите во кантата за отпадоци, овие фотографии можат да ве инспирираат од нив да направите интересни работи кои можат да ви се најдат во извршувањето на секојдневните работи. Од стар чорап можете да си направите стегач за рака во кој ќе го чувате мобилниот телефон додека трчате, интересна кукла за вашите деца, да создадете разни украси за низ дома и многу други креативни изработки.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни креации од разнобојни растенија

    Прекрасни креации од разнобојни растенија

    Интернационалниот натпревар во хортикултурна уметност кој се одржува во Монтреал, Канада е вистинско уживање за артистичките души и љубители на природата. Настанот има натпреварувачки карактер, а опфаќа креирање и монтирање на живи уметнички дела од растенија со листови во разни бои.Прекрасни креации од разнобојни растенијаИзложбата е отворена на 22 јуни годинава и ќе трае до 29 септември во Ботаничката градина на Монтреал. За креациите се користат 22.000 видови растенија кои се распределени во 10 изложбени оранжерии и тематски градини.Прекрасни креации од разнобојни растенијаНие ви пренесуваме дел од овие убавини преку селекција на фотографии од најинтересните креации, а за повеќе ве упатуваме на Фликр.Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија Прекрасни креации од разнобојни растенија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Таткото како суперхерој во очите на неговата ќерка

    Таткото како суперхерој во очите на неговата ќерка

    Италијанката Џулија Пекс од Милано која работи како илустратор и фотограф, направила многу интересни креации за денот на татковците. Таа на брилијантен начин го претставила својот татко како суперхерој, цртајќи врз фотографии од него.Таткото како суперхерој во очите на неговата ќеркаrn
    rn

    „Кога имав шест години, го советував мојот татко да стане професионален борач, бидејќи тој беше неизмерно силен, најверојатно еден од најсилните мажи во светот. Тој тогаш беше мојот суперхерој и сè уште е“  – вели таа.

    rnТаткото како суперхерој во очите на неговата ќерка Таткото како суперхерој во очите на неговата ќерка Таткото како суперхерој во очите на неговата ќерка Таткото како суперхерој во очите на неговата ќерка
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уживајте во шолја 3Д кафе

    Уживајте во шолја 3Д кафе

    Дури и да не сте преголеми обожаватели на кафе, со сигурност нема да одолеете на феноменалните креации на јапонскиот уметник Казуки Јамамото. Овој 26-годишен Јапонец, чија кафе-уметност ја видовме и претходно, создава фантастични 3Д скулптури од млечната пена на кафињата, а со тоа ги анимира и привлекува гостите во кафулето „Cafe10g“ во Осака. Која креација најмногу ви се допаѓа?Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе Уживајте во шолја 3Д кафе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нешто што пред 30 години би стоело на хартија

    Нешто што пред 30 години би стоело на хартија

    Автор: Маја Кузмановска Оскар Вајлд, во една прилика обидувајќи се една голема мудрост да ја смести во мала реченица изјавил:rn
    rn

    „Мажите ја измислија цивилизацијата за да ги импресионираат жените.“

    rnНешто што пред 30 години би стоело на хартија Денес, без разлика дали си маж или жена имаш потенцијал да го импресионираш светот, а притоа да те нема во жолтиот печат. Ако ме прашаш како, јас ќе ти го дадам мојот одговор кој неминовно ќе биде субјективен. Ако го прашаш татко ми, ќе ти каже дека тоа е невозможно и дека леташ в облаци. Ако го прашаш дедо ми, ќе ти каже дека нема никаква можност да го импресионираш светот бидејќи сè е измислено и сè она што го нарекуваме „новосоздадено“ е само копија на веќе постоечкото. Дали тоа значи дека треба да се откажеме од креациите? Дали тоа значи дека треба да се помириме со нештата такви какви што ни се дадени и да не менуваме ништо? Дали тоа значи дека не треба да создаваме нови вредности во општеството кое почна да ги губи старите!? Во минатото, уметниците биле тие што создавале чувство на импресија кај обичниот народ. Но, што со оние луѓе кои немаат уметничка душа? Имаат ли тие можност да импресионираат некого? Категорично, да! Започни од тоа да бидеш добар. Љубезен. Подготвен за прегратка. Една насмевка дневно не ја намалува твојата банкарска сметка. Неколку убави зборови нема да му наштетат на твојот нов автомобил. Една силна и искрена прегратка нема да ја расипе храната во твојот фрижидер. И ете, си ме импресионирал! За жал, живееме во капиталистичко општество каде парите ги поставуваат вредносните модели на однесување, каде и чувствата стануваат бренд. Некогаш, за среќа подолготрајни од сите останати брендови заедно. Биди со луѓето, меѓу луѓето и за луѓето. Секој има своја приказна. Слушни ја, можеби денес таа е најимпресионирачката на целиот свет. Кога повеќе би се слушале едни со други, кога повеќе би комуницирале со силни пораки и преку вистинските медиуми, кога повеќе би љубеле, можеби ова би бил најдобриот од сите можни светови. Најди си начин и простор да ја кажеш својата приказна. Тишината е најголем непријател на општеството и конфузија за човекот. Биди искрен, како кога беше дете и ѝ кажа на баба ти дека е дебела, затоа што тоа си го слушнал од мајка ти. Биди љубопитен, како кога прашуваше зошто небото е сино. Знаеш ли денес од научен аспект да ми објасниш зошто небото е сино!? Биди предвидлив, не за џабе употребуваш фаќалка за тавата од шпоретот. Но, пред сè, биди свој. Само така ќе имаш уникатна приказна. И уште еднаш ќе нè импресионираш!rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Клише филмски постери

    Клише филмски постери

    Кирби Фергусон има снимено неколку кратки документарци под наслов „Everything is a remix“ (Сè е ремикс), во кои тој објаснува дека секоја новосоздадена работа е под силно влијание на некоја претходно создадена. Нема потреба тоа многу да се истражува, бидејќи доволно е да ги погледнеме само официјалните постери на светски познатите филмови.Клише филмски постериФранцускиот блогер Кристофер Куртис направил неколку монтажи од постери за филмови кои имаат иста или многу слична тематика.rnrn

    Клише филмски постери
    Човек свртен со грб
    rnrn
    Клише филмски постери
    Жена облечена во црвено
    rnrn
    Клише филмски постери
    Грб со грб
    rnrn
    Клише филмски постери
    Меѓу нозе
    rnrn
    Клише филмски постери
    Во постела
    rnrn
    Клише филмски постери
    Око
    rnrn
    Клише филмски постери
    Син постер со животни
    rnrn
    Клише филмски постери
    Црно-бел постер за акционен филм со црвено-жолт истакнат детаљ
    rnrn
    Клише филмски постери
    Трчање по улица
    rnrn
    Клише филмски постери
    Лице направено од други објекти и слики
    rnrn
    Клише филмски постери
    Правдата е слепа
    rnrn
    Клише филмски постери
    Доминантни големи букви пред човечко лице
    rnrn
    Клише филмски постери
    Големи лица над мали луѓе на плажа
    rnrn
    Клише филмски постери
    На клупа
    rnrn
    Клише филмски постери
    Рефлексија од очила

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.