Зборот канцеларија веднаш асоцира на голема просторија сместена во некоја зграда, која најчесто се дели со повеќе колеги. Но, денес пристапот кон работата полека се менува. Благодарение на Интернетот и социјалните мрежи, сè поголем број луѓе се одлучуваат за работа од дома. Ние ви нудиме неколку едноставни, но прекрасни идеи за уредување на домашна мини канцеларија. Овие фотографии докажуваат дека за удобна и пријатна работна атмосфера не ви е потребен голем простор, туку со малку фантазија и креативност, тоа може да биде само едно ќоше од вашиот дом. Создадете си минијатурна домашна канцеларија која ќе биде ваша инспирација и во која ќе уживате додека работите.rnrnСè е бело – одберете маса, полици и столица во истата боја како ѕидот, за визуелно да го отворите работниот просторrnrn
Автор: Горана КоневскаrnrnВо денешно време инвентивноста значително расте сѐ повеќе и повеќе, а во модата се внесува сѐ поголема креативност и индивидуалност. Се настојува да се остави сопствен печат и еден вид уникатност, со што ќе се покаже предност пред другите и ќе се остави трага.Еве како некои креатори направија обиди за диференцијација од конкуренцијата, користејќи ништо друго, освен разнобојни балони во нивните креации.rnrn
Џереми Скот е дизајнер кој очигледно има голема смелост при креирањето нови модели за „Адидас“. Тој има и претходно соработувано со овој светски бренд, а неговата пролетна колекција за следната сезона ќе биде навистина екстра.Во новата колекција тој повторно ги има вметнато неговите препознатливи крилја на обувките. Покрај тоа, тој има внесено тотална иновација во чевлите на „Адидас“, па така може да се забележи модел со дезен на крзно од крава, сандали направени да наликуваат на легендарните и веќе препознатливи модели на патики, па дури и модели со опашка од тигар. Бидејќи неговата претходна колекција доживеа огромен успех, очигледно од „Адидас“ му дале одврзани раце, а тој тоа го искористил максимално. Па кој модел ви е најсимпатичен?