КАФЕ ПАУЗА

Tag: корпа за ѓубре

  • Работи што не помислувате да ги исчистите

    Работи што не помислувате да ги исчистите

    Честопати ги занемаруваме, а на нив треба редовно да им се обрнува внимание. Бацилите се појавуваат на места кои често забораваме да ги исчистиме. Но, хигиената треба да се запази во секое делче од домот.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrn

    Телефони

    rnСтатични или мобилни, овие апарати се често на нашето уво или во раце, па затоа се и број еден пренесувачи на бактерии и вируси. Исчистете ги со меко крпче и алкохол, внимателно на сите ќошиња и дупчиња.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrn

    Завеси во када

    rnСекој ден стануваат влажни, што ги прави одлична подлога за создавање мувла. Кога ќе ги видиме нечисти, ги заменуваме со нови, наместо да ги сочуваме и да ги чистиме редовно.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrn

    Канти за ѓубре

    rn

    …особено оние кои се во бањата и кујната. Испразнувањето на ќесите со ѓубре не е и чистење на кантата. Откако ќе ги отстраните ќесите, измијте ги кантите со средство за чистење.

    rn

    Работи што не помислувате да ги исчистите

    rnrn

    Машина за миење садови

    rnАко одблизу погледнете во вашата машина за миење садови, ќе видите црни дамки, а во некои случаи и мувла. Истото важи и за гумените делови од вратата на фрижидерот.rnrnРаботи што не помислувате да ги исчиститеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Брзото темпо на живење не ни дозволува да посветиме многу време и внимание на домот. Особено кога станува збор за чистењето, е тоа е веќе проблем. Затоа, погледнете што сè можете да исчистите во домот за помалку од 20 минути. Ова се неколку проекти за одржување на чистотата во домот, кои можете да ги прилагодите на слободното време кое го имате:rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 20 минути? – Исчистете го подот од бањата

    rnЗемете го џогерот, натопете го во вода и миризливо средство за чистење и исчитете го подот од бањата. Особено обрнете внимание на ќошињата на кои се лепат сите нечистотии.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 15 минути? – Исчистете ги прозорците и огледалата во две соби

    rnОдберете две соби (спална и дневна) и исчистете ги прозорците. Чистете од горе кон долу со средство за чистење стакло, притоа внимавајќи да не оставите некој дел неисчистен. За чистење на огледалата, потсетете се на стариот трик за чистење со стари весници.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 10 минути? – Исчистете го правот од дневната соба

    rnЕлектрониката и ламбите фаќаат многу прашина. Исчистете ги со помош на мека крпа и средство за чистење. Посветете внимание на најнедостапните места на електронските уреди и на широките површини околу нив.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 5 минути? – Испразнете ги корпите за ѓубре

    rnЗемете голема црна ќеса и испразнете ги корпите за ѓубре од секоја соба. Потоа, заменете ги со нови.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 1 минута? – Ставете ги нечистите садови во машината за садови

    rnИсчистете ги остатоцте од чиниите и ставете ги во машина за садови. Соберете ги садовите од сите соби и масички. Вклучете ја машината и таа ќе ја заврши работата за вас.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrnrnОва не се совети за чистење кои некој не ги знае, но понекогаш ни треба потсетување дека повеќе работи можат полесно да се завршат доколку се праваат во различни периоди од нашето слободно време. Што чекате? Прашината од мониторот нема сама да се избрише. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.