КАФЕ ПАУЗА

Tag: корења

  • Совети за одгледување собни растенија – Филодендрон

    Совети за одгледување собни растенија – Филодендрон

    Филодендронот (Monestera deliciosa) претставува растение кое потекнува од шумите на Средна Америка, поконкретно Мексико. Со своите раскошни листови, погоден е за чување во поголеми простории, хали и ходници. Совети за одгледување собни растенија - филодендронТерминот deliciosa се однесува на тоа дека растението има јадливи плодови кои се јавуваат кај постарите растенија. Плодовите се жолти до бледо кафени. Ако ги оберете прерано имаат вкус на окасална киселина, а предоцна, веќе се трули. Филодендронот е растение кое бара многу влага и храна и има потреба од некаква потпора за да може убаво да се развие. Совети за одгледување собни растенија - филодендронЕве неколку корисни информации за вашиот Филодендрон:rn

      rn011

    • Најдобра местоположба за него е позади ролетни или завеси, никако директно изложен на сонце. Оптималната температура е 20-35 степени Целзиусови.
    • rn011

    • Во зимскиот период растението не толерира температури под 12 степени. Пожелно би било да го внесете дома бидејќи централното греење не му пречи.
    • rn011

    • Филодендронот не мирува. Единствено во зимскиот период ширењето на листовите е редуцирано.
    • rn011

    • Што се однесува до храната, најправилно би било да го храните со хумус или да го засадите во тресетишна земја. Осигурајте се дека ќе одберете голема и длабока саксија бидејќи брзо расте и развива големи корења.
    • rn011

    • Наводнувајте го често преку целата година. Филодендронот сака вода. Дохранувајте од март до септември.
    • rn011

    • Се размножува лесно. Коренот се развива без поголеми тешкотии.
    • rn

    rnСовети за одгледување собни растенија - филодендронrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Волшебни и чудни дрвја

    Волшебни и чудни дрвја

    .rn

    „Секој ќе седи мирно под виновата лоза и под својата смоква.“ – пророк Михеј, глава 4, Библија

    rnНа крајот на овој пост може да размислите само да седите под винова лоза и под смоква, имајќи ги предвид сите овие дрвја кои ќе ги видите. Има многу фантастични растенија во светот кои пленат со својата егзотичност, убавина и миризливост. Ќе се согласите дека имаат и многу интересни приказни позади своите имиња.rn.rn

      rn011

    • Веројатно, највонземско и мистично име има Змејското крваво дрво. Црвената смола која тоа ја испушта се користи за правење кармин, во локални ритуали и во алхемијата. Во вуду магиите се смета дека црвената смола привлекува љубов или пари (никогаш заедно), а се употребува и како освежувач за здив или паста за заби.
    • rn

    rn

    Волшебни и чудни дрвја

    rnrn

      rn011

    • Со право, дрвото Топовско ѓуле мора да оди со знак за опасност под него. Неговите плодови се големи како топовско ѓуле, па кога паѓаат може да ве повредат, а ако се поголеми од 10 инчи во дијаметар, можат дури и да ве убијат. Но, ако успеете да му се приближите, ќе ги забележите неговите волшебни цветови.
    • rn

    rn

    Волшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвја

    rnrn

      rn011

    • Уште едно егзотично дрво со прекрасни цветови е Бомбакс, познато и како дрвото со свилен памук. Ова дрво спаѓа во фамилијата баобаб и потекнува од Индија. Неговиот цвет, кој има интензивно црвено обојување, ги разубавува улиците на Израел и Индија и од далеку изгледа како да е пластичен.
    • rn

    rnволшебни и чудни дрваВолшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Ова величествено дрво расте во форма на бонсаи, од само едно семе (лево). Од десната страна е прикажан Bombax Ellipticum во форма на оклоп од желка.
    • rn

    rnВолшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Демонот на мртвите – замотан во бомбаксовите корења. Овој вид Бомбакс има застрашувачка приказна: според фолклорната легенда на народите од Тринидад и Тобаго, замокот на ѓаволот е големо свилино дрво кое расте длабоко во шумите, каде демонот Базил бил заробен од страна на дрводелец. Дрводелецот го намамил Базил да влезе во дрвото, каде што тој издлабил 7 соби една над друга, кои одат директно во ковчег. Според нивната легенда Базил сè уште е заробен таму.
    • rn

    rnВолшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаЕве уште едно големо бомбакс дрво пораснато врз камбоџиски храм (лево), едно во парк во Индија (десно) и во Мексико (долу).Волшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Дрво-засолниште и движечко дрво – Го почнавме овој пост со седење под смоква. Еве една огромна смоква (Ficus benghalensis) која е карактеристична за Индија. Таму народот има култ кон ова дрво. Луѓето се движат под овие воздушни огромни корења кои можат да пораснат колку една цела населба. Всушност, ова дрво само по себе е шума.
    • rn

    rnВолшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаКога веќе зборуваме за воздушни корења (нозе на дрвото) мора да го спомнеме движечкото дрво кое со своите корења во форма на ногарки изгледа како да оди. Можеби кога ќе зајде сонцето навистина се движи? 🙂Волшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Африканско лале – Ова дрво се нарекува „оганот на шумата“ и е едно од најинвазивно растечките дрвја во светот, кое често се сади во урбани средини поради својата раскошност. Па, според претходното сознание, не е чудо ако овие дрвја, целосно го заземат градот. Дрвото има убава форма, а цветовите се опрашуваат со помош на лилјаци.
    • rn

    rn

    Волшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живите мостови во Индија

    Живите мостови во Индија

    Во североисточна Индија, јужните падини од ридовите Каси и Јаинтија се богати со необични дрвја од видот „Ficus Elastica“, или познати како индиските дрвја од гума. Чудното кај овие дрвја е тоа што поголемиот дел од своите корени ги вадат надвор од земјата.rnЖивите мостови во ИндијаАнтичкото племе Мегхалаја ги има забележано овие квалитети на дрвото, па неговите корени ги искористиле за градење мостови преку многубројните реки и потоци низ целата околина. Интересно е тоа што жителите им оставиле на мостовите сами да израснат, притоа тие помагале само коренот да го фати вистинскиот правец кон другата страна од реката.rnЖивите мостови во ИндијаНекои од овие мостови се стари повеќе од 500 години, а за еден мост да биде функционален потребни се најмалку 10 до 15 години заплетување на корените. Најдолгиот мост кој е направен е долг 30 метри и може да издржи 50 луѓе. Овие мостови и денеска секојдневно ги користат жителите на околните села.rnЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во Индија
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn