КАФЕ ПАУЗА

Tag: контрадикторност

  • 3-те најконтрадикторни хороскопски знаци во зодијакот

    3-те најконтрадикторни хороскопски знаци во зодијакот

    Тие се одлични пријатели и незаборавни љубовници, но имаат една негативна особина што понекогаш може да ги извади од такт дури и најстабилните личности. Овие личности се контрадикторни до тој степен што понекогаш дури и не можете да се потпрете на нив за ништо. Па, доколку се пронајдете на оваа листа, можеби треба малку да се обидете да го промените своето однесување…rnrnrn

    1. Близнаци

    rnДа бидат контрадикторни е клучен дел од карактерот на Близнаците. Овие луѓе се родени збунети и постојано прават сè што е во нивната моќ за да откријат што е тоа што всушност треба да го направат. Ако тоа ви дава импресија дека знаат што прават, верувајте, грешите, така што немојте да се потпирате на нив кога гледате дека не стојат на цврсто тло.rn

    2. Вага

    rnСкалата не е секогаш во баланс кај Вагите, и најсмешниот, како и најироничниот дел е тоа што ретко им се случува да се избалансираат. Вагите постојано го менуваат своето мислење без никакво предупредување. Тие се доследно недоследни кога станува збор за моментите кога можете да се потпрете на нив и нивното контрадикторно однесување може да биде малку непријатно, особено во областа на романсата.rn

    3. Водолија

    rnАко тие го имаат најдоброто на ум, тогаш нештата не би биле толку страшни. Но, вистината е дека Водолиите не само што се контрадикторни, туку исто така се и себични. Ова значи дека без разлика на тоа колку се тврдоглави за нештата, тие исто така можат да го сменат своето мислење без никакво предупредување.rnrnДознајте ги и тајните и чудните навики на хороскопските знаци.

  • 13 контрадикторни работи кои секоја жена ги прави

    13 контрадикторни работи кои секоја жена ги прави

    Жените се чудни битија, само тоа може да кажеме. Некои контрадикторни работи ќе продолжиме да си ги правиме без разлика на сè, а ова се само некои од нив.rnrnTwo Beautiful Women Talkingrn

    1. Озборување на другите, но „плукање“ по оние кои озборуваат

    rnШто всушност зборува тоа за тебе?rn

    2. Кукање колку си дебела, но не преземање ништо околу тоа

    rnСо кукање не се слабее.rn

    3. Луд шопинг, па кукање дека немаш пари

    rnАко си купила 10 работи кои веќе ги имаш или воопшто не ти требаат, немој потоа да се жалиш дека немаш пари за нешто што ти треба.rn

    4. Демнеење на неговите бивши за да се споредиш

    rnПрашање: Дали некогаш по нешто вакво си се чувствувала подобро?rn

    5. Зборување лошо за неговата нова девојка, но и се споредуваш со неа

    rnПостојат очигледни причини поради кои не сте веќе заедно, па зошто и понатаму си ја тупиш главата каде и со кого е тој во моментов?rn

    6. Одбивање на сите момци околу себе, па жалење дека си сингл

    rnОва мириса на превисоки критериуми. Меѓу нив сигурно постои барем еден кој заслужува еден состанок со тебе.rn

    7. Негирање на зависноста од Инстаграм, но поминување на денот токму таму

    rnИ не ти е гајле колку лајкови имаш на сликата, само едноставно мораш цело време да проверуваш.rn

    8. Негирање дека не се грижиш што прават другите, но непрестајно кликање рифреш на Фејсбук

    rnМмм… да.rn

    9. Болна си, но излегуваш со другарките

    rnСакаш да ти биде подобро? Ако одговорот е потврден, излегувањето и алкохолот не се лек, барем не кога станува збор за настинка.rn

    10. Постојано приговарање на момчето, па потоа чудење зошто си повторно сама

    rnНикој тоа нема да го трпи.rn

    11. Зборување како мразиш женски серии, но си ги гледала сите

    rnИсто како што не можеш да ги смислиш семејството Кардашијан, но сите ги следиш на Твитер.rn

    12. Од понеделник почнуваш да се храниш здраво, но…

    rnЗа викенд ги посетуваш сите фаст фуд ресторани и слаткарници во градот.

  • 12 златни правила за пријатен разговор

    12 златни правила за пријатен разговор

    Без разлика дали сте на состанок со некој од спротивниот пол, на средба со колега од работа или пак едноставно сте излезени да се дружите со некој од вашите пријатели, добриот и пријатен разговор е клучот за започнување или зацврстување на односот кој го имате со таа личност, а е и предуслов за добар помин. За да бидете добар соговорник и за луѓето околу вас повеќе да ве ценат, секогаш на ум имајте ги следниве 12 златни правила за пријатен разговор.rn12 златни правила за пријатен разговор1. Избегнувајте непотребни детали. Не излегувајте од колосек на разговорот. Обидете се да не скокате од тема на тема, само затоа што ви текнало нешто друго од минатото кое не сте го кажале. rnrn2. Не прашувајте ново прашање пред да ви биде одговорено првото. Сè додека од соговорникот не добиете соодветен одговор на прашањето, не избрзувајте да прашате ново, за кое можеби би добиле одговор доколку би биле малку потрпеливи сослушувајќи го соговорникот до крај.12 златни правила за пријатен разговор3. Не прекинувајте никого дур зборува. Исто така, обидувајте се секогаш да раскажувате кратки приказни, за да му дадете шанса и на соговорникот да зборува и да не ве прекине.rnrn4. Не бидете контрадикторни, особено за нешто неважно. Избегнувајте да додавате непотребни детали во вашата приказна, но и во приказната на лицето од другата страна. Луѓето кои се контрадикторни, обично знаат после некое време истото нешто да го кажат на сосема нов начин оставајќи го слушателот збунет. Никој не го сака ова.rnrn5. Никогаш не зборувајте само вие. Прашувајте прашања за да ги најдете работите за кои имате заеднички интереси и теми на разговор.rn12 златни правила за пријатен разговор6. Немојте секогаш да бидете главниот херој во вашата приказна, иако приказната треба да има херој. Обидете се да ги истакнете и пофалите и останатите исто толку добро како да сте вие во прашање.rnrn7. Секогаш одбирајте тема од заеднички интерес. Извлечете ги интересите на соговорникот и гледајте да не го свртите муабетот на политика, доколку соговорникот сака да зборува за поезија и уметност. Избегнувајте да зборувате на теми кои ви лежат само вам и притоа несвесно да нарушите некое од останатите правила од оваа листа.rnrn8. Бидете добар слушател. Следејќи ги правилата на оваа листа сослушувањето ќе ви стане природна работа.rn12 златни правила за пријатен разговор9. Разговорот треба да е во хармонија со околината. Секогаш внимателно анализирајте што се случува околу вас. Понекогаш и тишината не треба да се потценува.rnrn10. Не претерувајте. Понекогаш не е сè „најдобро“, „најсмешно“ или „најлошо“ како што вам ви изгледа.rnrn11. Немојте погрешно да цитирате. Кога цитирате некого, треба да ја пренесете точната информација и чувството со која е кажана. Погрешното пренесување може да предизвика лажно обвинување на личноста.12 златни правила за пријатен разговор12. Имајте мерка. Не ширете невистини и не чувствувајте потреба да повредите некого. Внимавајте што кажувате, бидејќи не сите нешта идат во прилог на добриот тек на разговорот. Запомнете дека тишината е секогаш опција. Кажете го вистинското нешто или молчете.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn