КАФЕ ПАУЗА

Tag: контекст

  • Знакот СТОП во неколку симпатични варијанти

    Знакот СТОП во неколку симпатични варијанти

    Знакот СТОП сепак можел да биде многу симпатичен. Најнеомилениот меѓу сообраќајните знаци послужил како инспирација за дизајнерскиот тим „Changing Lines“, кои со едноставно додавање на неколку зборови создаваат порака со која сосема го менуваат контекстот на знакот. Нивните знаци не забрануваат движење, туку не дозволуваат да се запре со музика или да се гледа во минатото.Знакот СТОП во неколку симпатични варијантиЗнакот СТОП во неколку симпатични варијантиНе секој СТОП знак можел да биде дел од нивната серија фотографии. Сите тие се избрани според локацијата која ù дава вистинска смисла на пораката која ја праќаат.rn
    rn

    СТОП знаците беа внимателно избрани според нивната локација со цел да се создаде врска меѓу пораката, локацијата и искуството во дадениот момент. Тие ги тераат луѓето да застанат и да ги прочитаат пораките, предизвикувајќи реакција која од нив бара да ги преиспитаат сопствените навики и однесување, – вели еден од членовите на „Changing Lines“.

    rnЗнакот СТОП во неколку симпатични варијантиЗнакот СТОП во неколку симпатични варијантиЗнакот СТОП во неколку симпатични варијантиЗнакот СТОП во неколку симпатични варијантиЗнакот СТОП во неколку симпатични варијантиЗнакот СТОП во неколку симпатични варијантиrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

    7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

    Во последниве неколку години, комуникацијата преку Фејсбук сосема го промени начинот на живот. Наместо да излеземе надвор, воздух да не фати, дремеме пред нашите компјутери и гледаме што денес објавиле нашите „пријатели“ на нивните Фејсбук-профили. Наместо да се јавиме некому на мобилен или да му испратиме СМС порака, му праќаме приватна порака на Фејсбук и очекуваме веднаш да ни врати без разлика што не знаеме дали таа личност моментално е на Интернет. Навиките и вредностите се менуваат од корен, но без разлика на реалноста, доколку сакате да одржувате добра комуникација и односи со вашите пријатели, секогаш треба да имате на ум, што НЕ треба да правите на Фејсбук. Во продолжение следуваат 7 причини поради кои интерперсоналната е подобра од онлјан комуникацијата.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    1. Се губи контекстот

    rnЗа да може да се оствари добра комуникација, потребно е соговорниците да го разберат контекстот на разговорот. Речениците разменети преку Фејсбук треба да бидат едноставни и кратки и воопшто, не смеете да дозволите онлајн-комуникацијата да ви ја замени интерперсоналната. Кога му се обраќате некому преку Фејсбук, секогаш постои ризик таа личност нешто погрешно да протолкува, бидејќи тоа се машински искуцани зборови, преку кои тешко е да се препознаат вистинските емоции кои стојат зад нив. Исто така, понекогаш можеби се чувствувате уморно или безволно, а вашиот соговорник тоа може да го сфати како вие да сте индиферентни за муабетот или демонстрирате некоја иронија. Тогаш се создаваат проблеми во комуникацијата, па можеби и во односите со таа личност воопшто.rnrn

    2. Не може да се чуе тонот на гласот

    rnМногу е лесно погрешно да се протолкува нечиј тон на гласот кога комуникацијата се остварува на текстуално базиран медиум како што е Фејсбук. Ако на пример, некој ваш пријател на Фејсбук цело време пишува некои самосожалувачки, мизерни статуси, неговите пријатели, не само што нема да можат да сфатат што тој се обидува да сподели со нив, туку ќе почнат да го сметаат за „кралица на драмите“ која вечно се обидува да привлече кон себе погрешен тип внимание.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    3. Сите гледаат што пишувате

    rnИзгледа како некои луѓе на Фејсбук да не можат да сфатат дека за приватните разговори треба да ја користат опцијата „испрати порака“, а не да го вадат целиот „валкан веш“ на ѕидот на својот пријатели. Верувајте, ниеден ваш пријател на Фејбсук не сака да ви ги чита подмолните напади или саркастичните коментари кои си ги разменувате со некого онлајн, пред очите на стотици луѓе.rnrn

    4. Недостаток на приватност

    rnНа крајот на краиштата, социјалната мрежа Фејсбук не е основана за го заштитува вашиот приватен живот, туку токму спротивното – постои за на неа да ги споделувате вашите чувства и мисли со еден куп пријатели, познаници или странци. Самото тоа е доволен показател дека не треба да навлегувате во некои сериозни и важни разговори со вашите пријатели. Дури и кога пишувате приватни пораки, секогаш постои опасност:rnrnа) да сте останале пријавени од некој друг компјутер, бидејќи сте заборавиле да се одјавитеrnrnб) некој да ви ги прочита пораките на вашиот компјутер бидејќи никогаш не се одјавуватеrnrnв) додека разменувате приватни пораки, никогаш не можете да бидете сосема сигурни дали вашиот соговорник е сам или во друштво со некој друг.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    5. Неусогласени мислења

    rnКога ги објавувате вашите мисли јавно, очекувате да добиете некаков фидбек, во случајов да добиете „лајкови“ и/или коментари од вашите Фејсбук пријатели, преку кои тие го искажуваат нивното мислење околу вашиот статус. Но, во ситуациите кога ќе објавите некој посериозен статус, не можете да знаете како тој може да биде протолкуван од некоја друга особа и какви чувства побудува кај истата. Затоа, пред да објавите нешто на вашиот профил, имајте на ум какви пријатели имате и дали со тој статус би повредиле или испровоцирале некого на коментирање.rnrn

    6. „Онлајн-тепачки“

    rnСите овие недоразбирања и проблеми можат до доведат до „онлајн-тепачка“. Кој не ги мрази оние лоши надмудрувања, во кои се прават муабети на празно, поради неможноста целосно да се искажат раскараните страни!? Најлошиот дел е што овие конфронтации и провокации, имаат големо влијание и во офлајн-животот на истите луѓе.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    7. Комуникацијата е безлична

    rnМожеби најважното нешто е тоа што, обидот да се комуницира за важни работи на Фејсбук е безличен. Сосема е во ред вашите пријатели на Фејсбук да дознаат дека од сингл станувате зафатен, во врска или верен/а, но дали мислите дека и вашите блиски и семејството треба истото да го дознаат на овој начин? Исто така, обидете се личните работи да ги кажувате на луѓето в лице и со нив да разговарате за проблемите во живо, а не да се жалите преку оставање статус.rnrnКакво е вашето размислување за комуникацијата која се остварува на Фејсбук?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.