КАФЕ ПАУЗА

Tag: контактни леќи

  • Оваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очи

    Оваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очи

    Поголемиот дел од контактните леќи не се дизајнирани за континуирано носење. Најчесто, на крајот од денот, вие ги отстранувате леќите и ги оставате во раствор за да се дезинфицираат до наредното утро. Сигурни сме дека никогаш не сте ни помислиле да ги носите 6 месеци без прекин… Во случај да сте размислувале за тоа, веднаш ве предупредуваме да заборавите на таа идеја!rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnЗошто, би се запрашале? Студентката Лиан Као од Тајван го сторила токму тоа. Доколку контактните леќи останат врз вашите очи подолго време, тие ќе станат одлично место за криење на оние бактерии кои не сакаат кислород. Овие бактерии потоа ќе почнат да привлекуваат микроорганизми кои се хранат од нив, како на пример, акантамебата, како што се случило со Као.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnАкантамебата е еден вид амеба која најчесто не е штетна за луѓето. Но, што мислите, што ќе се случи доколку цела колонија на акантамеби се населат под контактните леќи каде што имаат неограничен извор на бактерии за исхрана? Во случајот на Као, докторите не се сигурни како таа стапила во контакт со овие амеби, но веруваат дека тоа се случило за време на пливање со леќите. Како што оваа колонија растела, така почнувала да навлегува во рожницата на Као, барајќи повеќе бактерии за храна. Токму тогаш се случило она што е познато како „Acanthamoeba keratitis“.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnОваа состојба знае да создава болка и црвенило, но не доволно за луѓето да побараат медицинска помош. Па, бидејќи не побарала помош на време, очите на Као денес изгледаат како на фотографијата подолу и таа е целосно слепа. Во некои ситуации видот може да се врати со помош на пресадување на рожница, но најчесто пациентите остануваат слепи поради неверојатно тешкиот начин да се отстрани оваа инфекција.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnНаравоучение: Никогаш не ги носете вашите леќи подолго од еден ден!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 навики кои им штетат на вашите очи

    11 навики кои им штетат на вашите очи

    Автор: Зорица ТодороваrnrnВо овој динамичен свет кој нѐ опкружува едноставно не постои можност да не ги оптоваруваме очите: компјутери на работа, кога сме излезени телефоните ни се постојано во рака, носење леќи, а понекогаш дури забораваме и да си ја исчистите маскарата! Време е да ги промените овие штетни навики.rnrn0-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    1. Постојано зјапате во телефон

    rnМожеби една од причините поради која сѐ почесто ве болат очите е постојаното напрегање да ги прочитате ситните букви од екранот на телефонот, особено ако ова го правите со часови. Ова може да доведе до замаглен вид, суви очи и вртоглавица.rnrnЗа да ги одморите очите оставете го телефонот на секои 20 минути, или уште подобро, зголемете го фонтот на самиот телефон за да не мора да се напрегате да го прочитате тој ситен Фејсбук статус.rnrn2-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    2. Гледате телевизија навечер

    rnВсушност, гледање во каков било екран пред спиење со изгасено светло – телефон, телевизор, лаптоп е лошо за вас. Светлината на екранот брзо се менува и затоа вашите очи напорно се трудат да ги процесираат сите тие промени што може да доведе до главоболка и црвенило на очите. Уште полошо, може да ви го наруши и распоредот на спиење.rnrnОд друга страна, не се препорачува ниту читање со пригушено светло. Ако веќе сакате да ја дочитате последната глава од книгата, вклучете ја ноќната ламба и завршете побрзо.rn

    3. Спиете со контактни леќи

    rnНормално, доцна е и изморени сте. Но тоа не е оправдување за да не ги извадите леќите пред спиење. Не само што се зголемува ризикот од инфекција, туку може да си направите трајни оштетувања. Затоа навечер вадете ги леќите од очите и осигурете се рацете да ви бидат чисти.rn

    4. Ги триете очите

    rnЕдноставно немојте. Премногу силното триење на очите може да ги оштети крвните садови под капаците. Наместо тоа, смирете ги иритираните очи со ладен притисок врз нив.rnrn3-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    5. Често употребувате капки за очи

    rnИако моментално им помагаат на очите, на долг рок капките може само уште повеќе да ги иритираат. Ако користите капки за очи на рецепт, тогаш внимателно следете ги упатствата од вашиот лекар, а ако ви предизвикаат некаква иритација веднаш престанете.rn

    6. Не се храните правилно

    rnДа, начинот на исхрана е многу важен. Одредено овошје и зеленчук е многу потребно за здравјето на вашите очи, особено она со витамините Ц и Е, цинк и омега-3 масни киселини. Консумирајте цитрусно овошје, растителни масла, јаткасти плодови, цели зрна, лиснат зеленчук и риба колку што можете повеќе.rn

    7. Не користите заштитни очила

    rnРечиси 45% од очните повреди се случуваат во домот. Најчестите ризици се изложеноста на хемикалиите од производите за чистење, прскање на врело масло за време на готвењето, работа во домот која вклучува употреба на шајки или косење на трева, како и употреба на жешки апарати за коса во близина на очите. Затоа е добра идеја да користите заштитни очила кога работите нешто дома, колку смешно и да изгледате со нив.rn

    8. Погрешна шминка

    rnСѐ што ставате во близина на очите е потенцијален ризик. Тоа вклучува маскара, туш за очи, сенка за очи и крема за очи. Затоа кога ставате шминка, гледајте да не ја допира линијата на трепките каде се наоѓаат масните жлезди. Нивното зачепување доведува до инфекции. Исто така, шминката која ја користите за очи фрлете ја на секои 3 месеци. Бактериите обожаваат да се размножуваат во темни, влажни места, а вашата маскара може да биде токму изворот на бројни инфекции.rnrnMake uprn

    9. Не спиете доволно

    rnНедостигот на сон може да доведе до голем број проблеми, меѓу кои и покачена тежина, депресија и опаднат имунитет. Дополнително, тоа им штети и на вашите очи (треперење, суви очи, замаглен вид, болка). Најдобро е да спиете минимум 7 часа навечер и запаметете, оставете го телефонот пред спиење.rn

    10. Не ги носите вашите очила (и оние за сонце)

    rnПостојаното мижуркање им создава напор и болка на вашите очи. За среќа, постои едноставно решение: носете ги очилата! А кога сте надвор, извадете ги очилата за сонце од чантата и заштитете се од штетните УВ зраци.rnrn1-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    11. Не го посетувате очниот лекар

    rnЛекарот не само што може да открие сериозни проблеми (како глауком) кои немаат симптоми, туку исто така може да види знаци и на други болести (како дијабетес и висок крвен притисок) со самото тоа што ќе ги погледне вашите очи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 златни правила за оние кои носат контактни леќи

    7 златни правила за оние кои носат контактни леќи

    Во статијата Дали хигиенски ги користите вашите леќи?, го споменавме истражувањето на магазинот „Optometry and Vision Science“, според кое само 2% од луѓето хигиенски ги користат леќите, а дури 80% се во заблуда дека правилно ги употребуваат. За да не спаѓате во тие 80%, ви препорачуваме да ги прочитате следните 7 златни правила за употреба на контактните леќи.rnrn7 златни правила за оние кои носат контактни леќиrn

    1. Секогаш убаво мијте ги рацете

    rnНајважен чекор е темелното миење на рацете пред ставањето и вадењето на леќите. Окото е сензитивен орган и дури и најмалите бактерии може да предизвикаат голем проблем. Затоа, внимавајте и секогаш обрнувајте внимание на чистотата на рацете.rn

    2. Менувајте го растворот во кутијата секој ден

    rnНе ги оставајте леќите во истиот раствор неколку дена, мислејќи дека така ќе заштедите на време и пари. Не само што ризикувате да се здобиете со инфекција, туку и дополнително создавате нечистотии на самите леќи, што подоцна ќе ви го отежни видот. Затоа, секојдневно менувајте го растворот во кутијата за чување.rn

    3. Вадете ги леќите пред спиење

    rnВадењето на леќите пред спиење е важно бидејќи така полесно се задржува нивниот квалитет и употреба. И секако, препорачливо е очите да се одморат од нив, барем додека спиете.rnrn7 златни правила за оние кои носат контактни леќиrn

    4. Ставете ги леќите, па нанесувајте шминка

    rnСекогаш ставајте ги леќите пред нанесувањето шминка. На тој начин, ги избегнувате честичките шминка што може да се залепат на леќата и да ви го нарушат видот. Истото важи и за вадењето на леќите. Првин извадете ги, па отстранете ја шминката.rn

    5. Ноктите нека ви бидат пократки

    rnДолгите нотки може да попречат во правилното ставање и вадење на леќи. Затоа, трудете се да имате добро средени, кратки нокти, за да не дојде до гребење и кинење на контактните леќи.rn

    6. Кутијата за леќи менувајте ја секој месец

    rnПовеќето офталмолози препорачуваат менување на кутијата за леќи на секои две до четири недели, а најмногу до шест. Тие воопшто не се скапи и најубаво е уште веднаш да си набавите повеќе. Очите и леќите ќе ви бидат благодарни.rnrn7 златни правила за оние кои носат контактни леќиrn

    7. Плакнете ги леќите

    rnПред да ги ставите леќите, најпрвин положете ги на дланката, на нив нанесете раствор за леќи и нежно масирајте ги неколку секунди. Ова ќе ги исчисти наталожените нечистотии. А доколку често ви се случува да ви се сушат очите и леќите да постанат лепливи, а видот матен, тогаш најдобро е да си набавите вештачки солзи, кои би ги нанесувале во текот на денот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да гледате добро и без очила?

    Како да гледате добро и без очила?

    Видот без сомнение е еден од најпривлечните човечки сетила. Кога станува збор за спознавање на светот, видот е оној кој навистина ни овозможува да веруваме во нештата кои постојат. Можеби токму затоа постојано се трудиме да го подобриме, па носиме очила, леќи или пак, одбираме ласерска операција. Но, она што сигурно не сте го знаеле досега е дека доколку поради кои било причини не можете да стигнете до вашите очила или леќи, доволно е само да направите мал отвор со вашата дланка и низ него светот повторно ќе ви стане кристално чист и јасен. Неверојатно, се согласувате?rnrnКако да гледате добро без очила?rnrnЗа да го сфатите овој трик, прво треба да се навратите на основите за тоа како функционираат очите. Светлината патува од одреден извор, се одбива од објектите на својот пат и поминува низ ретината во вашето око каде што формира слика. Ако вашето око нема леќа, тогаш светлината би ја удирала ретината на многу места, а со тоа сликата што ќе се создава би била замаглен хаос. Функцијата на леќата е да ја фокусира светлината кон една локација во вашата ретина и со тоа да создава јасна слика. Но, доколку леќата во вашето око не работи како што треба, тогаш мора да носите очила или леќи за да гледате појасно. И да се навратиме на нашиот трик. Леќите кои не работат како што треба имаат проблем со фокусирање на објектите од различни далечини. За разлика од леќата, малите отвори сами ја насочуваат светлината од сите страни кон едно место, а со тоа ви овозможуваат да гледате чисто и фокусирано. Обидете се и самите.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи?

    Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи?

    Сигурно мислите дека внимавате на хигиената на вашите очи откако носите контактни леќи, во однос на начинот на кој ги измивате и користите, но тоа најверојатно е далеку од вистината.rnrnНовото истражување спроведено од магазинот „Optometry and Vision Science“ покажало дека само незначителни 2% од луѓето кои носат леќи ги следат правилата кои се однесуваат на хигиената, додека 80% од луѓето се во заблуда дека внимаваат на хигиената и правилно ги користат – известува британскиот медиум „NPR“.rnrnДали хигиенски ги користите вашите контактни леќиrnrnНајлоши навики за оние луѓе кои носат леќи се кога тие спијат, се капат и пливаат без да ги извадат и не ги заменуваат на време, туку откако ќе ми истече рокот – известува NPR. Друга нехигиенска навика е потопувањето на леќите во употребениот раствор во кутичето за леќи, наместо секојдневно менување на течноста, како и фактот дека многу ретко ни текнува да го смениме кутичето за леќи и покрај тоа што добиваме ново, со секоја купена течност.rnrnВо ова истражување, 72% од испитаниците се изјасниле дека почувствувале некаква неудобност поврзана со носењето леќи, а 47% пријавиле дека им се има појавено инфекција на очите од леќите.rnrn„ABC news“ ги истакнува потенцијалните проблеми кои можат да настанат од несоодветната хигиена на леќите. Помалку опасен проблем е конјуктивитисот, воспаление кое настанува како резултат на бактериска инфекција. Почетни симптоми се чешање и печење на двете очи, чувство на туѓо тело во окото, црвенило и замаглен вид. Неколкудневно користење капки за очи и соодветна нега, би требало да го решат овој проблем. Најопасно е инфицирањето од бактериите псевдомонади, акантамеба и е-коли, кои можат да предизвикаат губење на видот или целосно губење на окото.rnrnДали хигиенски ги користите вашите контактни леќиrnrnД-р Двајт Каванаг, кој го водел ова истражување, вели дека постојано има пациенти кои го губат видот, а биле инфицирани од бактеријата псевдономади. Има и пациенти инфицирани од амеба, бидејќи се туширале или капеле в езеро со нивните леќи.rnrnЗа да се минимизира ризикот од овие компликации, Американската академија за офталмологија, Здружението на офталмолози за контактни леќи, Здружението Рожница и Американското здружение за рефрактивна хирургија и операција на очно перде, ги нудат следниве совети:rn

      rn011

    • Пред секое допирање на леќите, измијте ги рацете со сапун и вода и убаво исушете ги со крпа која не испушта влакненца.
    • rn011

    • Избегнувајте контакт на леќите со вода (пред да пливате, извадете ги).
    • rn011

    • Никогаш немојте да ги измивате или да ги чувате леќите во вода, без разлика дали е стерилизирана или од шише.
    • rn011

    • Никогаш немојте да ги навлажнувате леќите со вашата плунка (во неа има многу бактерии).
    • rn011

    • Физиолошкиот раствор и капките за навлажнување на очите не ги дезинфицираат леќите.
    • rn

    rnДали хигиенски ги користите вашите контактни леќиrn

      rn011

    • Фрлете ги вашите стари леќи и заменете ги со нов пар кога ќе им помине рокот на употреба. Користете ги онолку, колку што ви кажал вашиот очен доктор.
    • rn011

    • Секојдневно измивајте ги вашите леќи со течноста за леќи и редовно менувајте ја онаа во кутичето за леќи.
    • rn011

    • Додека ги чистите леќите, нежно протривајте ги со вашиот прст и потоа исплакнете ги со течност за леќи.
    • rn011

    • Измијте го кутичето со течност за леќи, а не со вода и потоа оставете го да се исуши на воздух.
    • rn011

    • Најубаво е да ги менувате вашите леќи на секои три месеци.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.