КАФЕ ПАУЗА

Tag: контакт

  • Контакт со очи: Совладување на вештината за гледање на луѓето во очи

    Контакт со очи: Совладување на вештината за гледање на луѓето во очи

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДоколку, поради лични или професионални потреби сте имале можност да го изучувате говорот на телото, сигурно ви е позната важноста и значењето на контактот со очи. Очите претставуваат еден од најважните фактори во ефективната комуникација и имаат огромно влијание врз социјалните однесувања. Со очите ние разменуваме емоции, покажуваме одредени ставови, a и флертуваме. Преку нашите очи ние комуницираме со светот. Ги апсорбираме информациите од околината, сите убави и сите неубави нешта. Преку очите се поврзуваме со другите. Гледаме длабоко во другите и дозволуваме другите да погледнат кај нас.rnrnrn

    Очите се прозорец на душата – Народна поговорка

    rnkontakt-so-ochi-sovladuvanje-na-veshtinata-za-gledanje-na-lugjeto-vo-ochi-kafepauza.mkrnrnСигурен сум дека старите не навлегувале толку психолошки во концептот на контакт со очи или говорот на тело, како наука, не им бил познат за да ги сфатат очите и нивната важност. Тие низ годините, низ искуството и прераскажувањата, ја препознале важноста на очите и на погледот.rnrnКога гледаме некого или некој не гледа нас, како се чувствуваме?! Дали се чувствуваме пријатно или не? Дали на состаноци секогаш ни е лесно да воспоставиме контакт со соговорникот? Дали сакаме некому да дозволиме лесно да влезе во нашата душа или мисли? Во зависност од ситуацијата и од околностите, понекогаш ни е пријатно да ги гледаме или да нѐ гледаат другите, но понекогаш и не.rn

    Ова се најважните моменти кога не може да ги гледаме луѓето во очи:

    rn

      rn011

    • Криење/лага – Доколку сакате да скриете нешто од другите или да ги излажете, може да имате проблем со гледање во очи. Ние си мислиме дека преку очите ќе им ја кажеме вистината на другите. Е сега, голем број на оние што лажат веќе го знаат ова (свесно или не) и научиле дека кога лажат треба да ги гледаат луѓето во очи. Ова, генерално потекнува уште од нашата најмала возраст кога родителите нѐ учат да ги гледаме во очи и да им ја кажеме вистината. Децата брзо сфаќаат дека кога сакаат да излажат, само треба да ги гледаат родителите во очи.
    • rn

    rn

      rn011

    • Маскирање на емоции – Понекогаш не сакаме да излажеме некого, но сакаме да сокриеме некоја емоција или состојба во која се наоѓаме. Не гледајќи ги во очи, мислиме дека ќе ги намалиме шансите да нѐ фатат.
    • rn

    rn

      rn011

    • Несигурност – Ова е една од најголемите причини за одбивање на гледање во очи. Доколку се најдете во ситуација со подоминантна личност, менаџер од повисока позиција и моќ, доколку сте несигурни во себе, ќе ви биде многу тешко да ги гледате во очи. Кога ќе влезам на состанок, во зависност од тоа дали другата личност ме гледа во очи или го избегнува погледот, мене ми е јасно каде е оската на моќ и како понатаму ќе се развива муабетот. Ако се најдеме некогаш на состанок, гледајте ме во очи :).
    • rn

    rnВо нашето општествено опкружување, фокусот на погледот (гледање во очи) е многу важен во професионалната комуникација и делување. Многу истражувања покажале дека, луѓето што воспоставуваат повисоко ниво при контактот со очи, се перципирани како: подоминантни и моќни, потопли и приемчиви, атрактивни и сакани, со повеќе вештини и знаење, луѓе од доверба, искрени, сигурни и емоционално стабилни.rnrnЗатоа, ако сакате да оставите впечаток некому или во деловната комуникација (преговори) да презентирате сигурен став, мора да научите да ги гледате луѓето во очи.rnrnСепак, кога зборуваме за значењето на очите и погледот, од оваа перспектива, повеќе се мисли на денешната западна култура на живеење и работење.rnrnВо другите култури можно е да добиеме погрешен впечаток, ако го следиме ова правило. На пример, во муслиманскиот свет, фокус и поглед директно во очи на некој од спротивниот пол е навредливо. Јапонците не воспоставуваат контакт со очите, со луѓе со повисоки титули (хиерархија) од нивната. Затоа, многу е важно да ја знаеме точно ситуацијата во која сме и заднината на оној со кого разговараме.rn

    Совети како да ја развиете вашата вештина за гледање на луѓето во очи:

    rn

      rn011

    • Релаксирајте се во разговорот – Не му придавајте големо значење на разговорот и на соговорникот, дали ќе бидете добри или не. Како и со сè друго, што повеќе размислувате на тоа, толку подлабоко навлегувате во проблемот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Концентрирајте се на едното око – Не гледајте ги луѓето наизменично во двете очи. Фокусирајте се на едно око и на тој начин ќе воспоставите поголема контрола.
    • rn

    rn

      rn011

    • Избегнувајте зјапање во очи – Погледот нека ја следи релаксираната атмосфера на разговорот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Активно слушање – Доколку сте активен слушател и внимателно го слушате соговорникот, тогаш нема потреба да се грижите за тоа каков ви е погледот со очите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Смејте се со очи – 2 мускула на лицето се најважни во процесот на смеењето. Мускулите на јаболчниците и на надворешната страна на очите. Оние на очите ни покажуваат дали некој вистински се смее или само од култура.
    • rn

    rnГледајте го контактот со очите како ментален предизвик – Најважно е да сфатиме дека гледањето во очи е тешка ментална активност и побарува големо когнитивно напрегање. Доколку сакаме да скриеме нешто или да излажеме или сме несигурни, мозокот секогаш ќе иницира тргање на очите од погледот кон соговорникот. Наше е да не потклекнеме.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини зошто да имате повеќе физички контакти со блиските

    7 причини зошто да имате повеќе физички контакти со блиските

    Без разлика дали сте личност која сака или не сака допири, постојат повеќе причини за да ги зголемите физичките контакти во вашите блиски врски. Погледнете дел од нив:rnrn7 причини зошто да имате повеќе физички контакти со блискитеrnrn1. Физичкиот контакт испушта хормони кои прават да се чувствувате добро. Една од причините поради кои прегратката, држењето за раце и допирите прават да се чувствуваме добро е бидејќи овие однесувања го зголемуваат нивото на окситоцин, хормон кој ја намалува болката и предизвикува смирувачки сензации. Според едно истражување, окситоцинот се зголемува за време на сексуални оргазми, но и како резултат на нежен допир.rnrn2. Физичкиот контакт ја одржува љубовта во бракот. И покрај тоа што љубовта помеѓу сопружниците има тенденција да го предвидува нивото на нивната физичка блискост, може да се случи и спротивното. Односно, според една студија се покажало дека количината на физичкиот контакт помеѓу мажот и жената може да предвиди колку всушност тие навистина се сакаат.rnrn3. Физичкиот контакт е поврзан со нискиот притисок. Една студија покажала дека оние жени кои добиваат повеќе прегратки од нивните романтични партнери имаат понизок крвен притисок. Но, сè уште не се знае дали ова се случува и кај мажите.rnrn4. Физичкиот контакт прави да изгледате како личности на кои може да им се верува. Верувале или не, физичкиот контакт може да го подобри начинот на кои другите ве гледаат. Според едно истражување, со допирот можете да ја зголемите вашата доверливост во очите на луѓето околу вас.rnrn5. Физичкиот контакт ги намалува хормоните за стрес. Според една студија, со зголемувањето на физичката наклонетост кај романтичните партнери, се намалуваат дневните нивоа на хормонот кортизол, кој е одговорен за стресот.rnrn6. Физичкиот контакт е поврзан со зголеменото задоволство во врската. Една студија покажала дека партнерите кои се повеќе физички наклонети еден кон друг се и позадоволни во својата врска.rnrn7. Со денешниот физички контакт утре ќе бидете во подобро расположение. Придобивките од физичката блискост не се ограничени само на моментот. Според едно истражување, за жените, впуштањето во физичка блискост со саканата личност значи подобрување на расположението наредниот ден.rnrnСекако, придобивките од физичките контакти најчесто се ограничени само на блиските врски. Интересен е фактот дека физичката блискост со непозната личност може да предизвика стрес. Во некои ситуации оваа блискост може да биде од корист, на пример кога медицинска сестра држи пациент за рака, но во повеќето ситуации се случува сосема спротивното.rnrnКога станува збор за нежни допири како прегратки, држење за раце или пак, каков било друг вид допири со саканата личност, тогаш најчесто крајниот ефект е подобрување на врската, на физичкото здравје, како и на психичката добросостојба. Токму поради овие причини мора да најдете време за допири! Па, ајде започнете уште веднаш. Одете кај вашиот партнер и без да му кажете ништо, едноставно гушнете го…

  • Останете во контакт со поранешните колеги

    Останете во контакт со поранешните колеги

    Одржувањето контакт со поранешните соработници е од голема важност, затоа што тие можат да ви овозможат одговори на најразлични прашања и да ви дадат препораки. Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да останете во контакт со поранешните колеги. Останете во контакт со поранешните колегиrn

    Поврзете се уште додека работите заедно

    rnПолесно е да го задржите стариот муштерија отколку да најдете нов. Истото важи и за соработниците. Многу е полесно да го задржите постоечкиот професионален однос отколку да започнете сè од почеток. Затоа, обидете се да остварите добри односи со соработниците додека сè уште работите заедно.rn

    Не секој соработник ќе ви биде пријател и во приватниот живот. Но, целта не е со сите колеги да имате само строго професионален однос, туку и да им оставите добар впечаток, за да се сеќаваат на вас и на времето кога сте работеле заедно, откако сте си заминале од фирмата. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Користете социјални мрежи

    rnСоцијалните мрежи не се место само за споделување на уникатни мисли, туку и за поврзување на соработниците и размена на професионални мислења. Мрежите како Фејсбук и Твитер се одлични за одржување на контактите со поранешните соработници. Лесно може да ги продолжите контактите со помош на виртуелното спријателување и следењето на активностите.rn

    Направете список на поранешни соработници и пронајдете ги на социјалните мрежи. Коментирајте ги нивните постови и активности, а секоја недела одберете неколку од нив кои ќе ги исконтактирате телефонски. На тој начин од нив може да очекувате препораки кои ќе ви бидат од голема корист. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Комуницирајте умерено

    rn

    Дали познавате личност која не се интересира за никој, сè додека не ѝ биде потребна некоја услуга? Немојте да бидете таква личност. Комуницирајте редовно, но не претерувајте. Бидете сигурни дека најголемиот дел од вашата комуникација има некаква вредност за поранешниот соработник. Доволно е да споделите некоја информација со него, да му го честитате роденденот, да го прашате како е или едноставно да го насмеете. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Гледајте се повремено

    rn

    Виртуелната комуникација со поранешните соработници е добра, но нема ништо подобро од директната комуникација лице в лице. Обидете се да се гледате со поранешните соработници колку што е можно почесто. Присуствувајте заедно на разни настани, организирајте забава на која вие ќе бидете домаќин или најдете некое заедничко хоби кое ќе ве зближи. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn

    Помогнете

    rn

    Размислете како можете да им помогнете на поранешните соработници. Ова не подразбира само професионална помош, туку и приватна, ако е потребно. Помагањето не треба да ви претставува тешкотија, ниту да ви одзема многу време. Најважно е вашите поранешни соработници да знаат дека им стоите на располагање и затоа треба да останете во контакт. Така тие ќе ви ја вратат услугата кога вам ќе ви биде потребно. Дури и да не се случи тоа, барем ќе знаете дека треба да се фокусирате на други луѓе. Останете во контакт со поранешните колеги

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Краток водич за моќен контакт со очи

    Краток водич за моќен контакт со очи

     „Најважните работи во првите секунди кога се сретнуваме со друга личност се: цврстото ракување, насмевката, добриот контакт со очите и вниманието што ѝ го обрнуваме.“ – Пет Шауман

    rnКраток водич за моќен контакт со очиrnrn1. Контактот со очи претставува конекција која овозможува градење врски со другите.rnrn2. Остварувањето контакт со очи ѝ покажува на личноста спроти вас дека сте заинтересирани за она што го зборува.rnrn3. Гледањето во очи кажува нешто за вас – дека сте самоуверени и сигурни во себе.rnrn4. Обратно, човек кој не може да оствари контакт со очите изгледа несамоуверено, расеано и недоверливо. Без разлика дали личноста е срамежлива по природа, ваква е перцепцијата на луѓето околу неа.rnrn5. Кога му давате некому комплимент, гледајте го во очи.rnrn6. Контактот со очи овозможува остварување интимни врски.rnrn7. Остварувајте контакт со очи кој трае 5-10 секунди, потоа тргнете го погледот настрана и повторно вратете го.rnrn8. За да бидете сигурни дека остварувате контакт со очи, секогаш обидувајте се да ја забележите бојата на очите, без разлика дали подоцна ќе ја паметите или не.rnrn9. Искрена насмевка со добар контакт со очи прави луѓето да се чувствуваат убаво и пријатно во вашето присуство.rnrn10. Постојан контакт со очите може да значи самодоверба, авторитет и искуство.rnrn11. Гледањето во очи значи дека слушате.rnrn12. Гледањето во очи може да направи другиот да се чувствува непријатно. Вежбајте со пријател или близок.rnrn13. Не носете темни очила во затворен простор. Луѓето се чувствуваат непријатно кога не знаат каде гледаат оние со кои зборуваат.rnrn14. Доколку не можете да гледате директно во очите, гледајте во други делови од лицето кои ќе го создадат истиот впечаток: горниот капак на очите, во ќошето на очите или во пределот каде очите се спојуваат со носот.rnrn15. Доколку некој не ви возвраќа со контакт со очите, тоа нема никаква врска со вас.