Филм за предаторите околу нас кои може да дојдат во различна форма и обликrnrn
Режија: Кристијан Е. КристијансенrnrnУлоги: Минка Кели, Лејтон МистерrnrnВреметраење: 91 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 февруари 2011rnrnЖанр: трилерrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnНајчесто во новите односи влегуваме со целосна доверба. Делумно затоа што секогаш се надеваме на најдоброто, а делумно затоа што животот и не се живее во постојан сомнеж дека некој ќе ти забие нож во грбот. Сепак, понекогаш и тоа ни се случува, иако на повеќето од нас, во многу поблага варијанта од онаа во „Цимерката“.rn————————————————————————————————————————————————————————rn
rnПриказна: Сара (Минка Кели) доаѓа во Лос Анџелес за да студира. Во интернатот мора да ја дели собата со друга девојка и се вселува со Ребека (Лејтон Мистер). И според името на филмот не е голема мистерија дека вистинскиот центар на приказната е цимерката во која уште на стартот бараш црни дамки и… многу од нив, скоро ги добиваш. Ребека е опсесивна девојка за која пријателството значи и комплетна зависност. Таа е подготвена да направи се за да ја тргне Сара од остатокот на светот и да биде само нејзина, засекогаш. Сето тоа излегува надвор од контрола, а на крајот некој завршува со фатални последици додека друг поминува само со гребнатинка, и физичка и емоционална.
Кога ќе земеш филм што се вика „Цимерката“ и по жанр е трилер, веднаш претпоставуваш повеќе или помалку вакво сценарио. Иако има напнати моменти, доколку режисерот го зголемел волуменот на насилството и на комплетните опсесивни акции, ќе го направеше филмот потензичен и погледлив за љубителите на добриот хорор, трилер. Вака е само на половина пат помеѓу трилер и можеби некој женски колеџ филм.
Дефинитивно за „Цимерката“, своја верна публика носи Лејтон Мистер која е позната од хит-серијата „Озборувачка“. Додека за Минка Кели ова е една од малкуте ударни улоги, но факт е дека таа само што почнува да се пробива на филмската сцена. И двете имаат коректни остварувања, но не излегуваат надвор од просечноста. Ја служат улогата за која што се платени, но не внесуваат никаква особена иновација.
Кинематографија: Поголем дел од филмот се одвива на колеџ-кампусот или пак на улиците на Лос Анџелес во тек на ноќниот живот. Тука студентите воопшто не наликуваат на нашите, а студентските соби изгледаат како да се во хотелот „Хилтон“. Нивните ноќни излегувања, пак, се преполни со домашни забави, нашминкани клубови и нормално, со убави луѓе. Впрочем сте гледале американски филмови кои допираат ваква тематика и точно можете да си ја исцртате сликата во главата.
Кога и како да го гледате? Пуштете го навечер, како и секој друг трилер. Инаку, поради кастингот и разработката само на женски опсесивен однос, се чини дека „Цимерката“ е наменет пред се за женската публика.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Главни улоги: 
Тргнувајќи со поинаков мотив, тој оформува група за заедничко учење шпански јазик, која станува јадрото на серијата. Во групата има од сè по нешто. Брита е згодна блондинка, која на времето се откажала од студирање, а сега обожава да глуми „hard to get” и постојано се обидува нешто да докажува, Ени – млада зависничка од дрога, која во ова место го гледа нејзиниот спас, но има дури и преамбициозни очекувања со оглед на условите, а Ширли е средновечна црнкиња која го пропуштила животот поради тоа што рано започнала да гради семејство со нејзиниот поранешен сопруг кој ја оставил за стриптизерка.

На другата страна на групата, балансира машката популација, на чело со Џеф, со ликовите на Пирс, постар човек, кој се има докажано во животот, но кој никако не успева целосно да се вклопи во групата. Не ги разбира нивните шеги и не успева да ги засмее другите со свои. Но, сепак, некако тие не можат ни без него. Трој е средношколска фудбалска ѕвезда, која уште живее во минатото и се чини дека му е тешко да се откаже од славата која го следела во животот.

Гриндејл е навистина необично место. Професорот по шпански е без малку луд, деканот е сосема луд, а бога ми и многу смотан. По ходниците шетаат „старци“, професорките се стари колку нивните секси студенти, но забавата е присутна и покрај сè.

Во една сезона има по 25 епизоди, а во моментов се прикажува втората сезона, така што имате доста за гледање. Времето и местото воопшто не се битни. Битно е само присуството на други луѓе, но не заради вас, туку заради нив. На моменти очекувајте толку гласно да се смеете што дури може да ги „заразите“ и комшиите од другата страна на ѕидот.