КАФЕ ПАУЗА

Tag: кофеин

  • Како да постигнете максимална концентрација?

    Како да постигнете максимална концентрација?

    Некогаш е многу тешко да се остане сконцентриран, дури и кога тоа е многу потребно. Губењето концентрација може да ви се случи во различни ситуации, на пример додека слушате некакво предавање на факултет или на работа, кога зборовите што ги слушате веднаш ви се лизгаат од сеќавањата и не паметите многу од она што сте го чуле. Може да изгубите концентрација додека читате или учите нешто важно. Сигурно ви се има случено да останете со часови над книга, а на крај да покажете слаби резултати.rnrnКако да постигнете максимална концентрација?rn

    Причини за губење на концентрацијата:

    rn

      rn011

    • Кога не сте подготвени да учите
    • rn011

    • Кога материјалот е тешко сфатлив
    • rn011

    • Ви недостига интерес за она што го учите
    • rn011

    • Немате точна и прецизна цел што сакате да постигнете
    • rn011

    • Има преголема врева или бучава околу вас
    • rn011

    • Имате премногу обврски
    • rn011

    • Емоционални проблеми
    • rn011

    • Премореност
    • rn011

    • Страв од неуспех
    • rn

    rnКако да постигнете максимална концентрација?rn

    Како да останете сконцентрирани?

    rn1. Одберете го вистинското време – доколку работата или учењето не ви е итно, а вие очигледно не сте сконцентрирани, подобро одложете го за друг пат, бидејќи нема да ги постигнете најдобрите резултати. Најдете време за работа кое вам ви одговара, на пример многу студенти преферираат учење во подоцните вечерни часови бидејќи тогаш се посконцентрирани.rnrn2. Одберете место – одберете просторија во домот каде нема бучава и можете да се сконцентрирате или пак учете во читална или во библиотека. Многу е важно местото да е мирно и никој да не го одвлекува вашето внимание, а доколку имате поголеми проблеми со останување фокусирани на нештата, пробајте читање во природа или купете си зелена ламба за во соба, бидејќи зелената боја ќе ве опушти и релаксира, а исто е добра за концентрација.rn rnrn3. Отстранете ги работите кои ве деконцентрираат – расчистете го просторот околу вас, тргнете сè што ви ја одзема концентрацијата, развијте позитивен ментален статус кон работата и зацртајте си цели.rn rnrn4. Соберете ги сите потребни материјали – сите книги, учебници, скрипти и копии, сè што ви е потребно нека стои пред вас за да не мора да станувате за да земете нешто, така само дополнително губите концентрација. Останете фокусирани и сè што ви е потребно имајте го при рака.rnrn5. Направете план – поделете ја работата во помали целини и маркирајте ги деловите кои сте ги завршиле. Правете јасни белешки, обрнете внимание на клучните зборови и подвлекувајте ги најбитните работи кои мора да ги запаметите.rnrn6. Бидете мотивирани – помислете кои би биле придобивките од добро завршената работа, мотивирајте се да работите повеќе со цел да го добиете она што го сакате.rnrn7. Бидете активни – концентрацијата ви е потребна во многу сфери во животот, затоа научете како брзо да се сконцентрирате на одредени работи. Бидете активни, правете вежби. Доволни се 5 минути телесни вежби наутро и 5 минути телесни вежби навечер пред легнување.  Вежбите нека бидат лесни, тие пред сè имаат за цел да ве опуштат.rn rnrn8. Соодветен сон – спијте цврсто, тоа е клучен фактор од кој зависи вашата концентрација. Доколку имате проблем со несоница, избегнувајте конзумирање кофеин или гледање телевизија 2 или 3 часа пред да заминете во кревет. Пијте топло млеко пред легнување и спијте во темна просторија со изгаснати светла.rn rnrn9. Вежби за мозокот – внимавајте на исхраната, внесувајте витамини, и тренирајте го вашиот мозок, така ќе научите полесно да се концентрирате.rn rnrn10. Правете паузи – На секој саат или два, правете пауза од учењето или работата, излезете на воздух, но внимавајте паузите да не се долги и секогаш да знаете каде сте застанале и од каде треба да продолжите. После паузата направете мала промена на местото на учење, на пример од една соба во друга или од биро на кревет и сл.rn rnrn11. Изолирајте се од надворешниот свет – не проверувајте имејл, исклучете го телефонот, едноставно заборавете на сè друго и сконцентрирајте се на работата.rn rnrn12. Ладен туш и кофеин – кога крајниот рок за завршување на работата се наближува, останете присебни и не паничете. Кога ќе добиете ужасна желба за сон, одете под ладен туш или напијте се јако кафе.rn rnrn13. Пресметки кои ќе ве остават будни – често луѓето губат концентрација или ги фаќа сон додека возат, особено ако возат навечер по долг автопат. Во тој случај самите терајте се да останете будни, пробајте да се сетите што сте купиле претходниот ден, кога последен пат сте биле на шопинг и колку пари сте потрошиле. Правете пресметки колку километри сте поминале и уште колку ви остануваат, најважно е мозокот да ви биде активен.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кофеинот ви ги подобрува лекторските способности

    Кофеинот ви ги подобрува лекторските способности

    Со сигурност во текот на денот пиете по неколку кафиња кои ви помагаат да се разбудите и полесно да ги извршувате работните обврски. Но според најновите истражувања внесувањето на производи кои содржат кофеин како што се кафе, чај, сокови или некои видови чоколадо може да имаат и едно малку поинакво дејство врз вас. Ова особено ќе им се допадне на лицата кои се занимаваат со лекторска дејност, бидејќи докажано е дека кофеинот ни помага полесно да ги забележуваме печатните и граматичките грешки.Кофеинот ви ги подобрува лекторските способностиКофеинот ги подобрува перформансите на некои од сложените мозочни процеси кои се одвиваат во десната мозочна хемисфера, како што е толкување на јазикот кој е зборуван или напишан.rnrnЗа време на истражувањето, кое е објавено во весникот „Experimental Psychology“, истражувачите им дале задача на 36 студенти кои консумирале многу мала количина на кофеин на дневно ниво, отприлика 100 мл кафе дневно. Задачата била да прочитаат една статија во големина на една страна од весник за 5 минути и притоа да ги коригираат сите печатни и граматички грешки во текстот.rnrnЧетириесет и пет минути пред исполнувањето на задачата, на студентите им биле поделени капсули кои содржеле различна количина на кофеин во нив. Имало капсули без кофеин, но и капсули од 100, 200 и 400 милиграми кофеин.rnrnВо второто истражување, истражувачите го повториле истиот експеримент со 38 студенти кои консумирале поголемо количество на кофеин во текот на денот. Отприлика овие студенти пиеле по 3 кафиња од 250 милилитри на дневно ниво.Кофеинот ви ги подобрува лекторските способностиВо првиот експеримент најдобри резултати покажале оние студенти на кои им била дадена капсула од 200 милиграми кофеин. Тие без проблеми пронаоѓале и коригирале разни грешки во текстот. Оние студенти на кои им била дадена капсула од 400 милиграми, повеќе изгубиле отколку што добиле. Во овој случај тие имале голем проблем да ги пронајдат грешките и многу тешко ги разликувале зборовите кои се пишуваат слично.rnrnВо вториот експеримент всушност било заклучено дека нормалното консумирање кафе во денот нема да направи голема разлика при наоѓањето грешки во некој текст. За таа цел потребно ќе биде да се зголеми дозата непосредно пред читањето на текстот.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лек против мамурлак

    Лек против мамурлак

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnБрена Хајсом е „виновна“ за ефикасната формула што лечи мамурлак. После бројни обиди за справување со последиците од долгите, бурни и непреспани ноќи, конечно  дошла до ефикасен рецепт кој делува за само 15 минути. Открила  дека мамурлакот може да исчезне со точно 500 милиграми аспирин, 60 милиграми кофеин и антацид, кој го стабилизира вознемирениот стомак.Жена пронашла лек против мамурлакХајсом не е научник, ниту пак е дел од здравството, туку е поранешна финансиерка која мака мачела со мамурните утра. Комбинациите од лекови, чаеви и што уште не, кои ги пробувала исклучиво на себе, воопшто не ѝ помагале. Нејзиниот благодетен изум сега е патентиран како „Blowfish“ и може да се најде во аптеките во САД. Една доза од лекот чини околу три долари. Тој е признаен од  американската Агенција за храна и лекови (ФДА) и наредната година најверојатно ќе се појави и на европскиот пазар.Жена пронашла лек против мамурлак
    rn

    Едно особено брутално утро на кое му претходеше исклучително добра ноќ, почнав да размислувам за тоа дека мора да има начин и утрата да станат толку добри и долги, исто како и ноќите. Навечер пиев хербални лекови кои не ми го решаваа проблемот. Затоа започнав да трагам по нешто што навистина ќе функционира и што ќе може да се конзумира наутро, после пиење алкохол. Открив комбинација која брзо делува ѝ ја споделив со пријателите“,  вели таа.

    rn

    Многу луѓе се срамат од мамурлакот. Јас мислам дека тој е дел од животот, но дефинитивно со ова не ги охрабрувам луѓето да пијат прекумерно, без разлика што слоганот на производот е ‘Биди сопственик на ноќта, спаси го денот’“, додава Хајсом.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочници

    Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочници

    Најновите истражувања покажуваат дека кремите за лице кои се направени на база на кофеин ги бришат брчките и уморот од лицето, како и подочниците и темните кругови околу очите.Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочнициВаквите креми станаа голем хит низ светот, а за ова говори и фактот што еден производител на креми од Велика Британија морал да состави листа на чекање со повеќе од 4.000 луѓе за неговиот производ направен на база на кофеин.rnrnПознатиот шминкер Џорџи Даглас кој се грижи за изгледот нам многу холивудски ѕвезди исто така го потврдува ефектот на производите кои се направени на база на кофеин. Тој соопштува дека една таква крема користел при шминкањето на Џенифер Анистон, при што темните кругови околу нејзините очи, по одреден период самите исчезнале. Тоа е така бидејќи кофеинот ја зголемува циркулацијата на крвта во капиларите околу очите. Тоа овозможува да делувате многу поздраво и посвежо, а истовремено очите да не ви бидат отечени. Жените кои користат вакви производи велат дека очигледни резултати се добиваат по само еден месец од нивното користење.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кофеинот го намалува ризикот за рак на дојка

    Кофеинот го намалува ризикот за рак на дојка

    Според најновите истражувања објавени на „Breast Cancer Research“, кофеинот може да го намали ризикот од некои видови рак на дојка до 55%. Истражувањето било спроведено од шведските истражувачи од институтот Каролинска во Стокхолм. Преку него се открила директна корелација помеѓу дневното внесување кофеин во организмот и развивањето подвид на рак на дојка наречен „естроген рецептор-негативен рак на дојка”.Кофеинот го намалува ризикот за рак на дојкаВо истражувањето учествувале 6.000 жени од Шведска. Откриено било дека жените кои пиеле по 5 или повеќе шолји кафе на ден, ги намалувале шансите за добивање на ваков вид рак за повеќе од 55%. Иако тоа е огромна количина на кафе за да се пие во еден ден, сепак ефектите од неговото консумирање играат голема улога во заштитата од сериозно здравствено нарушување кај жената.

  • Кафето во нашите животи

    Кафето во нашите животи

    Кога ќе помислите на кафе, веројатно веднаш ви доаѓа асоцијација за многу работи во главата. Дружба, смеење, забава, расонување, состанок… Без разлика дали го сакате или го мразите, не може да се негира фактот дека кафето е составен дел од секојдневието на секого.Кафето во нашите животиКафе-барови има на секој чекор, нови видови кафиња, машини и други кафе-продукти излегуваат секој ден, а реченицата „Ај да одиме на кафе“ е типично да се слушне дури и од човек кој не го консумира овој напиток. Па, зошто кафето е толку застапено во нашите животи? Што е толку зависно во врска со него? Веројатно, првата причина лежи во самото негово дејство.rnrnКофеинот е супстанца која предизвикува зависност. Тој е причината поради која не можете да заспиете доколку консумирате кафе доцна навечер, но и за вашата силна главоболка кога ќе го испуштите утринското. Но, она што создава дополнителна зависност, веројатно и многу поголема, е неговиот социјален аспект. rnrnКафето оди одлично во друштво со пријателите, овозможува со некого да се запознаете подобро, да надокнадите за пропуштеното, да озборувате… Кафе-баровите претежно ги одликува опуштена атмосфера со свеж мирис и удобни столчиња, заради што тие се прв логичен избор при договарање средби.Кафето во нашите животиВо време кога сите сме презафатени со многу обврски, немаме време или пари за да излегуваме често во град или пак пријателите со кои одамна не сме се виделе, живеат на другата страна од градот, пиењето кафе во некој кафе-бар кој се наоѓа на пола пат, излегува како сосема очекувана опција. Еве што може да се прави на кафе:
    rn

      rn011

    • да се видите со пријателите
    • rn011

    • да решите нечиј проблем, да споделите мака или само да озборувате
    • rn011

    • да појдете со колега кој сакате подобро да го запознаете
    • rn011

    • да се запознаете со симпатијата кој ви е сè уште незгодно да го поканите на вистински состанок
    • rn011

    • да гледате во згодни момци/девојки кои исто така се „на кафе“
    • rn011

    • да решавате задачи по математика или да спремате испит од друга област
    • rn011

    • да разменувате идеи и да кроите планови
    • rn011

    • да се видите со братучед/ка, кој/а ви е врсник, но вообичаено го/ја среќавате само на свадби
    • rn011

    • да викнете некој дома или да му „се трупнете“ на некого ненајавено – со кафе ова се простува 🙂
    • rn011

    • да уживате сами со шолјата кафе и весник или лаптоп
    • rn

    rnКафето во нашите животиПовеќето кафе-барови сега имаат безжичен интернет пристап, па ова ги прави згодна дестинација за состанок со колеги и соработници од работа, како и со колеги од факултет. Не е воопшто чудно што првата идеја за средба која на многумина им паѓа на памет е за „на кафе“. Изборот за местото е голем, може да се работи и да се ужива во исто време, плус имате можност да пробате некој нов кафе-напиток.rnrnrnНа нашето прашање: Како најмногу сакате да го пиете вашето попладневно кафе?, несомнено најмногу одговори добивме од оние кои сакаат да посетуваат кафе-барови со пријателите или подетално:rn

      rn011

    • Со пријателите во кафе-бар: 144 гласа
    • rn011

    • Сам/а, сервирано во огромна шолја: 48
    • rn011

    • Дома, со најблиските: 49
    • rn

    rnОстанатите одговори имаа помалку гласови, а само 8 од 302 гласачи не пијат кафе.rnrnrnГолемата понуда на разни кафе-машини е уште една погодност за љубителите на кафе. Тие удобноста за состанување со блиските ви ја овозможуваат директно во вашиот дом. Да не забораваме дека домашната подготовка ви отвора многу можности за експериментирање со разни вкусови.rnrnЗаклучокот би бил дека без разлика дали пиете кафе, каде го пиете и дали воопшто го консумирате кога одите „на кафе“, социјалната улога на кафето односно пиењето кафе во друштво, предизвикува исто толку зависност колку и самото кафе.rnrnСе сложувате? Колку кафето е значајно во вашиот живот?rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Ефектите од кофеинот

    Ефектите од кофеинот

    Во денешно време, внесувањето кофеин во организмот претставува неопходност поради темпото на живеење и за да може да се постигне со сите обврски во текот на денот. Сепак, секојдневно низ светот се прават разни истражувања кои презентираат различни резултати за ефектите од кофеинот. Според некои, кофеинот има многу добри страни, според други треба максимално да се избегнува. Ова се само неколку тези кои погрешно се пренесени и разјаснување на ефектите кои (не) ги предизвикува кофеинот.Ефектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот создава дехидрација

    rn

    Всушност ова не е вистина. Порано се верувало дека кофеинот има дијуретски ефект, бидејќи ја зголемува потребата за уринирање и притоа ги зголемува шансите за дехидрација. Како и да е, денешните истражувања укажуваат дека кофеинот го нема овој ефект, сè додека не почнете да пиете повеќе од 500 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на огромна количина кафе (околу 7 шолји). Пијалаците кои содржат кофеин, имаат и други состојки, како што е солта, кои можат да доведат до дехидрација, но доколку пиете обично кафе тоа е многу тешко.rnЕфектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот создава зависност

    rn

    Ова исто така не е вистина, но ако се консумира во умерена доза. Кофеинот се смета за благ стимулант, односно состојка која го подигнува нивото на физиолошка или умствена активност на телото. Во превод, кофеинот ја зголемува стапката на загревање на невроните кај човекот. Токму затоа и потоа се чувствувате целосно будно и подготвено. Сепак, тој не создава хемиска зависност. Но, доколку сакате да ја прекратите дозата која секојдневно ја пиете, во наредниот период од 2 недели можеби ќе почувствувате неколку симптоми како што се раздразливост и редовни главоболки.rnЕфектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот создава несоница

    rn Секако дека ова во голема мера зависи од тоа колку кофеин консумирате на дневна база. На телото треба да му оставите простор од четири до шест часа пред да си легнете на спиење по консумирањето кофеин. Во спротивно може да си имате проблеми. Препорачливо е да се избегнува консумирање кофеин по 16 часот. Препорачлива здрава доза, за возрасен човек, е околу 200 милиграми кофеин дневно или 2-3 шолји кафе, но во утринскиот дел од денот.rn
    rn

    Кофеинот помага при слабеењето

    rn

    Според клиниката „Mayo“, не постојат докази дека консумирањето кофеин е значајно или перманентно во однос на губењето килограми. Доказите велат дека кофеинот ја покренува работата на метаболизмот за одреден степен, а истовремено и го потиснува гладот. Сепак, за да се осети некој ефект од слабеењето, ќе треба да пиете многу голема количина кафе дневно (според некои истражувања, околу 35 шолји кафе дневно, што во ниеден случај не е здраво). Доколку кофеинот го примате преку некој друг засладен пијалак, тогаш со сигурност внесувате и голем број калории, па ефектот од кофеинот значајно се намалува.rnЕфектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот го спречува растењето

    rnОва може да е вистина само во случај кога ефектот од кафето се користи за да се избегнува или манипулира со квалитетното спиење. Избегнувањето на сонот, може да доведе до престанување на растот и развивањето, но причината не е кофеинот директно.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Со кофеин во борба против целулитот

    Со кофеин во борба против целулитот

    Целулитот е состојба во којашто на кожата се појавуваат дупчиња, давајќи и изглед како кора од портокал. Најчесто може да се забележи на бутовите, стомакот и задникот и тоа почесто е видлив кај жените отколку кај мажите, поради начинот на кој жените ги складираат мастите. Покрај ова, понекогаш и тежината може да игра улога, иако не секогаш е така. Други придонесувачи за неговата појава се лошата исхрана, задржување на водата во телото и доколку голем дел од времето го поминувате седејќи или лежејќи. Токму затоа, дури и најслабите луѓе понекогаш имаат целулит. Генетиката, исто така, може да претставува фактор за негово добивање. Прочитајте до крај, после објаснувањето, следуваат неколку едноставни, но делотворни рецепти кои можете да ги приготвите во домашни услови.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnПотрагата по креми и лосиони кои ќе го победат целулитот се одвива веќе со декади. Најновите анти-целулитни креми кои се наоѓаат по маркетите содржат кофеин и навистина покажуваат резултати. Кофеинот во продуктите за нега на кожата, всушност ги проширува крвните садови со што се зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се намалува задржувањето на водата во организмот која ги притиска маснотиите кон кожата и обезбедува нејзин помазен изглед. Масажата е одличен домашен лек за болести и за грижа на кожата. Таа го подобрува крвниот притисок и циркулацијата, притоа разбивајќи ги масните клетки. Ова во комбинација со кофеин, дава неверојатни резултати во намалувањето на целулитот.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnСамо во САД, секоја година се трошат повеќе од 10 милиони долари на анти-целулитни препарати. Пред повеќе од година дена, еден австриски научник создаде хулахопки исполнети со кофеински микрокапсули. Овие хулахопки имаат функција да го забрзуваат метаболизмот и да ги согоруваат маснотиите. Резултатите биле феноменални, бидејќи се продадени повеќе од 20.000 парчиња за само 18 месеци и од нив само шест биле вратени поради незадоволство од производот.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnДоколку сте спремни да се борите со целулитот, на пазарот можете да најдете неколку добри продукти на база на кофеин, но има и некои кои можете да ги направите самите дома. Еве неколку домашни рецепти со кои можете да го започнете вашиот третман против целулитот:rnrn


    rnrn

    Рецепт 1

    rn

      rn011

    • 240 мл топло сварено кафе
    • rn011

    • 1 белка од јајце
    • rn011

    • 1 супена лажица маслиново или ему масло
    • rn

    rnПостапка: Искомбинирајте ги сите состојки за да создадете смеса. Со неа масирајте ги деловите со целулит, правејќи нежни кружни движења, а пота исплакнете. Исто така, можете смесата да ја намачкате на пределите и да го замотате тој дел со најлонска фолија. По 5 до 10 минути отстранете ја фолијата и измасирајте со кружни движења. На крајот убаво исплакнете. За најдобри резултати, употребувајте ја смесата 3 пати неделно.rnrn


    rnrn

    Рецепт 2

    rn

      rn011

    • топол талог од кафе
    • rn011

    • 1 супена лажица маслиново масло
    • rn

    rnПостапка: Состојките измешате ги убаво за да добиете паста. Потоа со раце или со луфа нанесете на пределите со целулит. Масирајте и на крајот исплакнете. Ова постапка правете ја неколкупати во текот на неделата.rnrn


    rnrn

    Рецепт 3

    rn

      rn011

    • мелено кафе
    • rn011

    • лосион или гел за тело
    • rn

    rnПостапка: Во вашиот гел за тело или лосион, ставете една доза мелено кафе. Намачкајте го телото, почекајте неколку минути и потоа исплакнете. Ова правете го секој ден. За подобри резултати употребувајте свежо мелено кафе, а доколку немате, заменете го со инстант кафе.

  • Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

    Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

    Повеќето луѓе сакаат да консумираат алкохол и го прават тоа секогаш кога имаат прилика или кога се во добро друштво. После некоја чашка сите се весели, среќни и безгрижни, а животот изгледа совршен. Но наредното утро, на оние чиј метаболизам им трпи помалку отколку што испиле, не им е баш сè така „розово“. Во нашата Македонија се пие често и се пие многу, особено на слави, родендени и празници, а кога станува збор за младите – на секое излегување во дискотека или кафуле. Бидејќи не можеме да го намалиме количеството на алкохол кој го внесувате, можеме да ве посоветуваме како да се спасите од утринскиот мамурлак.rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПрочитајте ги советите на д-р Оз, за спасувањето од утринскиот мамурлак. Тој моментално го води неговото мега популарно шоу „Шоуто на д-р Оз“, а има гостувано во 5 сезони во „Шоуто на Опра Винфри“.rnrn

    На забавата…

    rn

    Наполнете го стомакот пред пиење

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПред да отидете на забавата каде што планирате да пиете алкохол, убаво најадете се. Лош избор на храна се супите, манџите и секаков вид течна храна. Пригответе си чикен бургер со кашкавал или нешто слично и утринската мачнина е до пола намалена. „За да ја свари храната, вашето тело го затвора вентилот на тенкото црево, каде што најмногу се апсорбира алкохолот, поради што е помалку веројатно брзо да се опијаните“ – вели д-р Оз.rnrn

    Белиот алкохол е побезбеден

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?Изберете некој од белите алкохолни пијалаци: вотка, џин, бело вино, наместо црвено вино, виски или коњак. Темниот алкохол содржи повеќе хемиски состојки, кои побрзо го загреваат организмот и го интензивираат опивањето.rnrn

    Кофеин + алкохол = лоша комбинација

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлакrnrnАко мешате алкохол со кока-кола ќе огладнете многу побрзо од вообичаено, што значи и дека побрзо ќе се почувствувате зашеметено. Исто така избегнувајте да мешате алкохол со енергетски пијалаци. Кофеинот кој го има во кока-колата и енергетските пијалаци прави да се чувствувате помалку пијани отколку што навистина сте, така што може да не забележите дека сте ја надминале вашата граница за пиење.rnrn

    Кога ќе се вратите дома…

    rn

    Измијте го лицето

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnКога ќе ги миете забите, измијте ги убаво и рацете и лицето. Алкохолот го спречува производството на Т-клетки, кои му се потребни на телото за заштита од бактерии и микроби, а недостатокот од нив ги засилува симптомите на мамурлак.rnrn

    Напијте се H2O

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnДехидратацијата е неизбежна кога консумирате алкохол, особено жестокиот и таа ги намалува течностите околу крвните зрнца, што од своја страна предизвикува главоболка, вртоглавица и мачнина. За да ги намалите негативните ефекти од  вчерашната „луда“ забава, испијте 1-2 чаши вода пред да си легнете.rnrn

    Исклучете го алармот

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnАко сте претерале со алкохол минатата вечер, наредното утро најверојатно ќе се чувствувате скршено, а сонот ќе ви биде нестабилен и прекинуван со повеќекратно будење. „Алкохолот ги нарушува мозочните хемикалии кои го регулираат спиењето, така што наместо кога ќе се разбудите да се чувствувате закрепнато од вчерашната забава, ќе имате многу лесен сон.“ – вели д-р Оз. Спијте повеќе часови, па можеби ќе ги избегнете главоболките и мачнината во стомакот.rnrn

    Наредното утро…

    rn

    Испржете си јајца

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrn„Јајцата се мојот лек за мамурлак“ – вели д-р Оз. „Тие содржат цистеин, супстанца која го неутрализира ацеталдехидот – токсин кој се содржи во алкохолот и создава мамурлак.“ Добар избор на храна против мамурлак се и чорбите и бананите, кои го обновуваат натриумот и калиумот, кои пак се губат во текот на честото ноќно мокрење.rnrnrn

    Сварете си чај од ментол

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПосле утринскиот оброк сварете си чај од нане мента и во шолјата ставете една лажица мед или исцедете си една чаша 100% овошен сок. Ментата го смирува стомакот, а медот и фруктозата (овошниот шеќер) помагаат побрзо да се отстрани алкохолот од организмот. Дефинитивно немојте мамурлакот да се обидувате да го отстраните водејќи се по изреката „Клин со клин се избива“, во случајов,  мачнината да ја неутрализирате со нова чашка алкохол. Тоа само ќе ја продолжи и зголеми вашата мака.rnrn

    „Убијте“ ја главоболката

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnСигурно ви било убаво додека сте се забавувале и „налевале“ со алкохол, но наредното утро толку многу ве боли главата што мислите дека ќе ви пукне во секој момент. За да ја неутрализирате болката напијте се едно апче ибупрофен. Овој медикамент го инхибира простагландинот кој ја зголемува болката и мачнината предизвикана од мамурлакот. Избегнувајте аспирин бидејќи тој го надразнува стомакот и ацетаминофен, кој се метаболизира преку црниот дроб, кој веќе работи прекувремено поради алкохолот.rnrn

    Спортувајте

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrn„Не можете да го измиете алкохолот со вежбање“ – вели д-р Оз. „Но некои луѓе сметаат дека спортувањето им помага да се чувствуваат подобро, веројатно поради хемикалиите кои се ослободуваат преку физичката активност, а прават да се чувствуваме убаво.“ Вежбајте јога умерено и ослободете го духот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

    Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

    Кафето најчесто се консумира со идејата дека кофеинот ќе го зголеми когнитивното функционирање и ќе го подобри расположението на консументот.  Всушност, многумина навистина и не можат да функционираат без утринското кафе. Тоа е така, бидејќи кофеинот го стимулира централниот нервен систем, го ублажува уморот и ја зголемува будноста. Меѓутоа како и се друго, кафето мора да се консумира во умерени количини за да го има посакуваниот ефект и за да се избегнат можните непосакувани последици од претерувањето.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnСпоред експертските анализи, еден просечен возрасен човек треба да пие 200-300 милилитри кафе дневно, што би значело 2 шолји кафе. Секако, во оваа бројка е вклучено само чистото кафе, без додатоци како млеко, засладувачи, преливи и слично. Редовното внесување на поголема количина кафе од просечната може да ви предизвика несоница, немир, нервоза, главоболки, неправилни и забрзани отчукувања на срцето, па дури и дијареа.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnНо, и откажувањето од кофеинот може да има лоши последици. На организмот ќе му треба време на се навикне на новата состојба, па затоа во првите недели би требало да чувствувате немоќ, константно да имате главоболки, да чувствувате болки во мускулите и слично. Доколку сте решени да го сторите ова, би ви било многу подобро доколку во тој период внесувате кофеин преку црн и зелен чај, чоколадо, енергетски пијалаци и други слични алтернативни производи кои содржат помало количество на кофеин.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?