КАФЕ ПАУЗА

Tag: кофеин

  • Енергетски пијалак или кафе?

    Енергетски пијалак или кафе?

    Благодарение на состојките како гуараната и женшенот, се верува дела енергетските пијалаци ја подобруваат концентрацијата и дека даваат сила. Меѓутоа, според најновите истражувања, единствената корисна состојка во енергетските пијалаци е кофеинот.rnrnЕнергетски пијалак или кафеrnrnИстражувањето објавено во магазинот „Nutrition Reviews“ покажува дека енергетските пијалаци навистина содржат состојки како таурин, гуарана и женшен, но не постои никаков доказ дека тие состојки ја подигнуваат енергијата.rnrnСепак, истражувачите сугерираат дека ваквите пијалаци навистина ги подобруваат физичките и когнитивните перформанси на оној што ги пие, но само благодарение на високите дози на кофеин кои тие ги содржат. Едно претходно истражување покажало дека, овие пијалаци содржат дури 14 пати повеќе кофеин од сите останати безалкохолни пијалаци. Исто така е потврдено дека овие енергетски пијалаци, не треба да ги пијат луѓе кои не се физички активни, бидејќи содржат многу калории.rnrnЕкспертите предупредуваат дека поради големите количини на кофеин кои се наоѓаат во енергетските пијалаци, може да дојде до појава на срцеви проблеми, дијабетес и слично. Затоа најдобро е да се напиете едно кафе по ваш вкус, кое ќе ве расони, а преку него ќе внесете нормална доза на кофеин во организмот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

    Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

    Кофеинот за првпат бил изолиран во 1820 година, а денес се смета за „скриена дрога“ која може да се најде во многу популарни пијалаци и лекови. Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

    rnrn

      rn011

    • Хемискиот назив на кофеионт е 1,3,7-триметилксантин.
    • rn011

    • Кофеинот се создава по природен пат во дури 60 различни растенија меѓу кои спаѓаат и зрната кафе (најчестиот извор на кофеин), листовите чај, гуараната (изворот на кофеин во енергетските пијалаци) и оревите од видот Кола.
    • rn011

    • Кофеинот се добива со варење под притисок на зрната и листовите со помош на јаглерод диоксид. На тој начин се добива кофеин во форма на прашок.
    • rn011

    • Умереното количество на кофеин го зголемува нивото на допамин заради што се чувствуваме посреќни и ги блокира рецепторите за аденозин што ја намалува сонливоста.
    • rn011

    • Меѓу другото, кофеинот ја зголемува способноста за учење, разбирање, памтење, рефлексно реагирање и појасно размислување.
    • rn011

    • Кофеинот има исто влијание врз одредени делови од мозокот како и кокаинот, хероинот и амфетамините. Разликата е во тоа што ефектите на кофеинот се поблаги од ефектите на другите супстанци.
    • rn011

    • Но, кофеинот има и негативни ефекти. Тој предизвикува несоница затоа што стимулативниот ефект на кофеинот го одржува мозокот активен и ја блокира потребата за сон. Освен тоа, кофеинот делува како диуретик и поттикнува често уринирање што е уште една причина за несоница. Кофеинот, исто така, ја забрзува работата на дигестивниот систем и може да предизвика дијареја.
    • rn011

    • Атлетичарите имаат голема корист од кофеинот. Пет милиграми кофеин на еден килограм од телесната тежина ја зголемуваат издржливоста преку редуцирање на гликозата и го подобруваат согорувањето на мастите.
    • rn011

    • Ова е причината поради која Меѓународниот олимписки комитет ја забранил консумацијата на кофеин за време на натпреварите.
    • rn011

    • Се проценува дека секоја година се консумираат околу 12.000 тони кофеин и тоа најчесто преку кафето (54%) и чајот (43%), а остатокот од 3% отпаѓа на храна и пијалаци кои содржат кофеин.
    • rn

    rnФакти за кофеинот кои треба да ги знаетеrn

      rn011

    • Предозирањето со кофеин може да биде смртоносно. Смртоносното количество кофеин изнесува 150–200 милиграми кофеин на еден килограм телесна тежина. Тоа се 100 шолји кафе испиени во рок од 4 часа.
    • rn011

    • Во 2007 година, забележана е смрт заради предозираност со кофеин откако еден човек испил 30 таблети „No doz“ кои се направени на база на кофеин.
    • rn011

    • Кофеинот целосно се апсорбира во организмот за 30–45 минути, а неговото дејство трае околу 3 часа.
    • rn011

    • Потврдено е дека кофеинот предизвикува зависност. Апстиненцијата започнува после 12–24 часа, а трае 2–9 дена. Симптомите вклучуваат главоболка, замор, депресија, раздразливост и намалена енергија.
    • rn011

    • И безкофеинските производи содржат кофеин. Во Америка безкофеинскиот производ подразбира помалку од 2,5% кофеин во него.
    • rn011

    • За време на последните денови од Втората светска војна, Хитлер примал инјенции со гликоза и кофеин за да ја одржува енергијата.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како се произведува безкофеинското кафе?

    Како се произведува безкофеинското кафе?

    За сите оние кои се љубители на незаменливиот вкус на кафето, но не можат да ги поднесат ефектите на кофеинот, научниците развиле неколку начини како да им овозможат да продолжат со својот секојдневен кафе-ритуал.Како се произведува безкофеинското кафе?Еден од најпознатите методи за вадење на кофеинот од зрната кафе се нарекува „растворлива екстракција“, при која зрната се изложуваат на пареа за да се зголеми нивната влажност. На тој начин растворениот кофеин излегува на површината на зрната и се отстранува со органски раствори како метилен хлорид. Откако целосно ќе се отстрани екстрахираниот кофеин, зрната се оставаат да се исушат и набрзо потоа се подготвени за испорака. Оваа процедура навистина ве тера да се замислите кој го пие „остатокот“ нели?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Помалку познати извори на кофеин

    Помалку познати извори на кофеин

    Премногу работа и обврски, помалку време за сон и одмор, факт е дека во денешно време на многу луѓе кофеинот е она што им дава сила и истрајност. Тоа не е воопшто лошо, всушност 250 милиграми кофеин дневно, односно два до три филџани кафе, го буди мозокот, го ублажува стресот, ја подобрува концентрацијата и дури може да ви помогне да живеете подолго. Но ако се претвори во зависност и секојдневно се „предозирате“ со кофеин, може да имате несакани последици, како дехидрација, нервоза, проблеми со спиењето и варењето на храната.Помалку познати извори на кофеинДоколку пробувате да ја намалите количината на кофеин која ја внесувате, имајте предвид дека оваа состојка не ја содржат само кафето и чајот. Еве некои извори на кофеин за кои можеби не сте биле свесни:rn
    rn

    Безкофеинско кафе

    rnМожеби самото име иницира на помислата дека станува збор за кафе кое воопшто не содржи кофеин. Нека не ве лаже името, и популарните „дикаф“ кафиња содржат одредена количина кофеин, само помалку одошто другите кафиња.rn
    rn

    Чоколада

    rnПознато е дека кофеинот го има во зрната какао, така што логично е што го има и во чоколадите, но не во големи количини. Колку што е потемна чоколадата, толку повеќе кофеин содржи.Помалку познати извори на кофеинrn

    Газирани пијалаци

    rnЗнаеме дека газираните сокови кои содржат кола, како популарната Кола-кола, содржат кофеин. Но не само тие, речиси сите газирани напитоци содржат кофеин, без разлика дали станува збор за обични или за диетални сокови. Дури и многу пива како состојка го имаат кофеинот.rn
    rn

    Сладолед

    rnМногу компании нудат сладолед со вкус на кафе кој содржи околу 30 до 45 милиграми кофеин во половина филџан, што би било речиси иста количина колку што содржи и една лименка Кока-кола. Како и да е, останатите вкусови на сладолед, како на пример чоколадниот, содржат многу помала количина кофеин.`rn
    rn

    Таблети за намалување тежина

    rnИ покрај тоа што кофеинот не ја игра најголемата улога во намалувањето тежина, речиси сите таблети за оваа намена содржат многу кофеин. На пример, 1.223 милиграми апчиња од ваков вид се изедначуваат со 12 филџани кафе.Помалку познати извори на кофеинrn

    Пилули против болки

    rnМала количина кофеин помага при главоболка, но преголема количина може да ја создаде. Речиси сите пилули против болки содржат кофеин, а со земање поголема количина од препорачаната добивате контраефект.rn
    rn

    Енергетски пијалаци

    rnСè почесто е производството на новиот тренд енергетска вода. Едно шише содржи речиси исто кофеин колку една шолја кафе. Исто така, енергетските пијалаци, алкохолни или безалкохолни, содржат кофеин. Еден енергетски пијалак е повлечен од продажба откако се открило дека една лименка содржи исто кофеин колку што содржат шест лименки Кока-кола.rnrnКофеинот исто така го има и во многу освежувачи на здив, семките од сончоглед, како и во инстант овесните снегулки. Покрај во прехрамбените производи, кофеинот многу често е главна состојка на производите за нега и убавина.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со кафето против болките во вратот и рамената

    Со кафето против болките во вратот и рамената

    Доколку премногу време поминувате пред компјутер, голема е веројатноста дека постојано чувствувате силни болки во пределот на вратот и рамениците. Научниците тврдат дека утринската шолја со кафе ви помага да се ослободите од болките.Со кафето против болките во вратот и раменатаНаучниците од Универзитетот во Осло дознале дека кофеинот има многу позитивен ефект против болките, па токму затоа е составен дел од апчињата парацетамол и аспирин.rnrnВо истражувањето учествувале здрави, како и луѓе кои пателе од хронични болки предизвикани од постојаното седење во незгодна положба пред компјутер. После пиење шолја кафе, испитаниците без престан седеле по 6 часа на стол и работеле на компјутер. По ова скоро никој не се жалел на болки во вратот, рамената, рацете или зглобовите, дури и оние кои никогаш не пиеле кафе наутро.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 знаци дека сте зависни од кофеин

    7 знаци дека сте зависни од кофеин

    Многумина сметаат дека кофеинот е безболен начин да се внесе дополнителна енергија во организмот за да се завршат секојдневните обврски. За жал, доколку тоа излезе од контрола може да дојде до зависност од кофеин. Ако се прашувате дали спаѓате во групата на зависници, следните седум знаци ќе ви го дадат одговорот.7 знаци дека сте зависни од кофеинrn

    1. Чувствувате дека ви фали нешто додека не внесете кофеин

    rnЗависниците од кофеин сметаат дека тој им е неопходен за добро да функционираат и чувствуваат дека им фали сè додека не го внесат во организмот. Брзаат да се напијат кафе или енергетски пијалак пред да ги стигне вознемиреноста или главоболката, иако реално нема причина за тоа да се случи.rn
    rn

    2. Кофеинот ви дава сила

    rnКофеинот можеби ви дава чувство дека со него сте посилни, поконцентрирани и поенергични. Ако верувате дека без кофеин вашите перформанси ќе се намалат, веројатно станува збор за зависност.rn
    rn

    3. Ви помага да го намалите апетитот

    rnЗависниците често го злоупотребуваат кофеинот за да го намалат апетитот, да добијат чувство на ситост, па дури и да прескокнат цели оброци.rn
    rn

    4. Верувате дека ви помага да се расположите

    rnАко сте зависни од кофеинот ќе имате илузија дека тоа ви помага да се расположите, па дури и подобро и поквалитетно да разговарате. Тоа ќе ве натера да се напиете кафе секогаш кога ќе почувствувате дека треба да го унапредите вашиот социјален живот.7 знаци дека сте зависни од кофеинrn

    5. Верувате дека ви ги зголемува физичките способности

    rnСметате дека кофеинот ќе ви помогне да вежбате подобро и подолго и ќе ги подигне вашите атлетски перформанси.rn
    rn

    6. Верувате дека ги намалува физичките способности и ве прави немирни

    rnЗависноста од кофеин нема секогаш позитивни индикации. Понекогаш зависниците сметаат дека една шолја кафе или друг напиток во одредена ситуација ќе им ги намали физичките можности или ќе ги вознемири.rn
    rn

    7. Не ви дава да заспиете

    rnВистина е дека кофеинот може да ви помогне да се расоните и да ве спречи да заспиете, но тоа нема еднаков ефект на сечиј организам. Кога тоа нема ефект на организмот на зависникот, а тој сè уште верува во тоа, многу е веројатно дека се работи за некој кому кофеинот му станал навика.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 најголеми митови за дебелеењето

    4 најголеми митови за дебелеењето

    Скоро и да не постои жена која барем еднаш во животот не пробала да држи диета или пак да почитува некои совети кои ѝ ги дале нејзините другарки или нивните нутриционисти. Јади го ова, ама не во секој период од денот, пази на ова, бидејќи не одговара на твојата крвна група, внимавај со внесувањето на ова, бидејќи можат да настанат вакви проблеми и така до бескрај. Сигурно се прашувате како да се снајдете во џунглата на информации? Ова се 4 најголеми митови поврзани со дебелеењето.rnrn4 најголеми митови за дебелеењетоrn

    Јадете на 3 часа за да не го забавите метаболизмот

    rnАко неколку часа чувствувате глад не значи дека го огладнувате телото, бидејќи за тоа би ви биле потребни цели три дена со минимално внесување храна. Исто така доколку сакате да го одржите нивото на шеќерот во крвта на нормално ниво, не морате да јадете на секои 3 часа. Затоа, доколку чувствувате глад и посегнете по некоја коцка чоколадо, не значи дека од тоа ќе се здебелите.rnrn4 најголеми митови за дебелеењетоrn

    Не јадете касно, бидејќи од тоа ќе се здебелите

    rnКонсумирањето храна по 20 часот нема да влијае поразлично од оброкот кој сте го внеле неколку часа порано. Истражувањата покажуваат дека е важно колку калории сте внеле во организмот, а не во кој период од денот.rnrn4 најголеми митови за дебелеењетоrn

    Кофеинот лош за вашето здравје

    rnМногуте тврдења дека кофеинот е штетен за вашето здравје не се вистинити. Популарните пијалаци и напитоци кои содржат кофеин нема да го дехидрираат вашето тело, не се лоши за вашето срце и не предизвикуваат мозочен удар. Нормално доколку не се консумираат во огромни количини. Кофеинот има многу корисни дејства. Тој ја стимулира работата на мозокот, а истражувањата покажуваат дека делумно штитат од Паркинсонова и од Алцхајмерова болест.rnrn4 најголеми митови за дебелеењетоrn

    Пилешкото е најздраво месо

    rnОва е уште една невистина. Едно парче телешко или свинско месо може да биде исто толку лесно и корисно, колку и белото месо од пиле или мисирка. Чистото црвено месо содржи двојно повеќе цинк, железо и витамин Б12, за разлика од пилешкото и мисиркиното месо. Како и за сè друго, бидете умерени во консумирањето.rnrn4 најголеми митови за дебелеењето
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчестите причини за нашите главоболки

    Најчестите причини за нашите главоболки

    Доколку сте дел од оние кои никогаш немале главоболка во својот живот, не мора да читате ништо понатаму. Но, останатите многу добро знаат дека главоболките можат многу често да бидат голем проблем во секојдневното нормално функционирање. Секако, постојат лекови кои понекогаш можат да помогнат, но најдобрата стратегија е да се обидете да ја спречите нивната појава.Најчестите причини за нашите главоболкиДехидрација – Ова е најчестата причина за појава на главоболка. Вашето тело содржи повеќе од 60% вода и поради тоа му се потребни големи количини на вода за да може да го одржува тој процент. За избегнување на главоболките од овој вид, возрасните би требало да пијат од 8 до 10 чаши дневно. Имајте на ум дека не сите течности помагаат – кафето и газираните пијалаци имаат дехидрирачки ефект.

    rnЛекови против болка – Иронично, но вистинито. Половина од хроничните мигрени (25% од сите главоболки), настануваат како „повратен удар“ предизвикан од преголема употреба на овие лекови.rnrnКофеин – И покрај тоа што кофеинот често помага при главоболките; преголемата употреба на нешто добро во овој случај може да доведе до спротивен ефект. Исто така постои и опасност од ефектот на откажување. Доколку одеднаш прекинете да пиете кафе, ќе имате главоболки сè додека вашето тело не се навикне на недобивање дневна доза.rnrnСтрес – Главоболките проследени со тензија во главата, настануваат од физички или емотивен стрес. Причина за еден од најчестите видови на физички стрес е долгото непрекинато седење пред компјутер. За избегнување на овој вид главоболка, обидете се на секој пола саат да станувате, да се истегнувате убаво и да гледате малку во далечина. Емотивниот стрес не е толку лесен за елиминирање.rnrnСинуси – Суви или блокирани синуси можат да предизвикуваат чести главоболки. Тие се проследени со длабока и константна болка во делот кај образите, челото и околу носот. Болката се зголемува доколку направите нагло движење со главата. За намалување на овие главоболки зовријте вода во тенџере, застанете над него и неколку минути вдишувајте ја пареата. Покријте се со ќебе или чаршав за да го ограничите движењето на пареата. Доколку секојдневно ја применувате оваа „терапија“, за кратко време ќе забележите позитивни резултати.Најчестите причини за нашите главоболкиНизок шеќер во крвта – Овој дисбаланс може многу брзо и лесно да се поправи со внесување на протеини преку исхраната.rnrnОдредена храна – Кикириките, чоколадото и црвеното вино содржат амино асид тирамин кој често предизвикува главоболки. Исто така избегнувајте ја и храната што содржи нитрати како што се саламата, хот догот или колбасите. Млечните и житните производи во ретки ситуации исто така можат да бидат причина за појава на главоболки.rnrnПромена на време или на надморска височина – Промените во времето како наглото опаѓање на барометарскиот притисок често предизвикуваат главоболка. Дури и посетата на град кој е на поинаква надморска височина од оној во кој дотогаш сте биле може да го има истиот ефект.rnrnХормони – Естрогенот и прогестеронот влијаат на хемикалиите во мозокот кои се поврзани со главоболките. Високото ниво на естроген може да помогне при главоболки, но пониското ниво има сосема спротивен ефект.rnrnИзложеност на пушење „од втора рака“ – Чадот од цигарите предизвикува мигрени. Пробајте да ги избегнувате просториите во кои се пуши. Доколку немате таква можност, секогаш имајте ментол бонбони при рака, тие барем на момент ќе го неутрализираат влијанието од чадот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вдишете кофеин без да пиете кафе

    Вдишете кофеин без да пиете кафе

    Колку пати ви се случило толку многу да ви се спие дури и ви се плаче, во фрка сте со обврски и немате време да се напиете едно кафе за да живнете? Харвардскиот професор Дејвид Едвардс смета дека револуционерен изум за овој проблем е неговиот производ „AeroShot“, кој претставува инхалатор со големина на кармин, кој се појави оваа година на пазарот во Масачусетс, Њујорк и на францускиот пазар.Вдишете кофеин без да пиете кафеСиво-жолтиот пластичен инхалатор содржи 100 милиграми кофеински прав (колку што содржи и една поголема шолја кафе) и Б витамини. Едно парче чини 2,99 американски долари.rnrnБиомедицинскиот инженер Дејвид Едвардс вели дека „AeroShot“ е безбеден и не содржи додатни адитиви како на пример таурин, кој се користи во енергетските пијалаци за да го засили ефектот на кофеинот. Тој смета дека неговиот производ е наменет за луѓе кои се во потрага по брзо и евтино освежување на енергијата.rnrnКога корисникот ќе инхалира од овој бескалоричен прав со вкус на лимон и лимета, тој започнува да се разложува речиси инстантно во вашето тело. Од една тубичка може да се вдише 6 пати.Вдишете кофеин без да пиете кафеКоментарите кај корисниците варираат од една кон друга крајност. Некои сметаат дека вкусот на „AeroShot“ е одличен и дека тоа е супер кофеински производ, додека други велат дека никогаш не би го замениле вкусот, мирисот, ритуалот и бавното консумирање на кафето во течна состојба.rnrnКреаторите на овој кафе-инхалатор велат дека нивниот производ нема за цел да го замени вообичаениот начин на консумација на кафето, туку само да го олесни внесувањето кофеин кај луѓето кои имаат динамичен животен стил и мораат да ја „вдишат“ нивната дневна доза додека се во движење. Исто така, тие објаснуваат дека „AeroShot“ е многу практичен за ситуации во кои не можете со себе да носите производи во течна состојба, како на пример кога учите во читална, се качувате во авион или возите автомобил со часови. Воедно, сметаат дека е брзо и едноставно да вдишете од инхалаторот и додека возите велосипед, скијате или правите каква било активност за која ви е потребна енергија.Вдишете кофеин без да пиете кафеПрвиот ваков производ на проф. Едвард беше чоколадото кое може да се вдише, т.н. „Le Whif“, а наскоро се подготвува да го промовира производот „Le Whaf“, кој претставува стаклен сад со футуристички изглед, преку кој нискокалорична храна и пијалаци се консумираат во вид на вкусен облак. Дали ова значи дека во иднина ќе престанеме да јадеме и пиеме на начинот на којшто тоа го правевме досега? Останува да видиме…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    За повеќето возрасни луѓе со добро здравје, внесувањето 200 до 300 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на две до четири шолји кафе, не е штетно по здравјето. Напротив, умерените количини кафе можат да го подобрат вашето целокупно здравје. Тоа ја намалува главоболката и болката во мускулите, ја подобрува краткотрајната меморија, го крева крвниот притисок, го намалува ризикот од рак на кожа и дојка, се бори против целулитот, дури се користи и како состојка во препаратите за нега и убавина… Но, преголемата консумација на кофеин може да има и негативни последици како несоница, нервоза, тегоби во стомакот, неуморност, брзо чукање на срцето и тресење на снагата.rnrnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rnrnАмериканската администрација за храна и лекови го регулира внесувањето кофеин во газираните пијалаци. Лимитот е 71 милиграм кофеин во 350 милилитри газиран пијалак. Енергетските пијалаци многу го прекршуваат овој лимит, откако масовно го заземаа пазарот на пијалаците. Многу брендови содржат и многу поголеми количини кофеин во една лименка, за кои купувачот не е ни свесен. Затоа, доколку кофеинот ви создава некакви проблеми, посетете ги официјалните веб-сајтови на пијалаците кои честопати ги консумирате за да проверите колку кофеин содржат. Плус, имајте на ум дека ваквите пијалаци содржат многу „празни“ калории и вештачки засладувачи, кои доведуваат до покачена телесна тежина. rnrnПогледнете колкави количини кофеин се кријат во популарните пијалаци.rnrn

      rn011

    • Во 250 мл инстант кафе има од 27 до 137 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 30 мл еспресо има 30 до 90 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл безкофеинско кафе има од 3 до 12 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола има 23 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетална Кока-кола има 31 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола зиро има 23 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 250 мл Пепси има 25 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетално Пепси има 24 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл чај има од 40 до 120 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во лименка Ред бул од 250 мл, има 80 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл топло чоколадо има 3 до 13 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.