КАФЕ ПАУЗА

Tag: кофеин

  • Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

    Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

    Дали кафето е изворот на вашата енергија или ви предизвикува непријатности? Ако се пронајдовте во првата категорија, тогаш спаѓате во мнозинството. За повеќето луѓе, една шолја кафе не прави ништо повеќе од овозможување дополнителна енергија кога им е најпотребна. Но, изгледа мал процент луѓе не можат да се справат со неговите ефекти, па тоа им предизвикува големи главоболки и неправилно биење на срцето.rnrnНачинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизамrnrnСпоред експертот за здравје и автор на голем број книги, д-р Мајкл Ројзен, вашиот метаболизам може да игра клучна улога во оваа необична реакција на омилениот утрински пијалак. Тој објаснува точно со кои симптоми ќе се соочите доколку сте почувствителни на кофеин.rn

    „Ако пиете нормална шолја кафе, околу 230 милилитри, кое е филтрирано, во текот на еден час и не добиете главоболка или болки во желудникот, ниту пак почувствувате неправилна работа на срцето и анксиозност, тогаш големи се шансите дека вашиот метаболизам е брз и дека ќе ги искористите придобивките од кофеинот.“

    rnОколу 88% од луѓето имаат брз метаболизам, па затоа и слободно уживаат во придобивките на пијалаците со кофеин, кои пак, го намалуваат ризикот од Алцхајмерова и Паркинсова болест, дијабетес тип 2 и неколку видови рак.rnrn(2) Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизамrnrnНо, останатите 12% од популацијата имаат бавен метаболизам, што значи дека кафето кај нив ќе предизвика мноштво негативни ефекти, кои ги надминуваат долгорочните придобивки.rnrnВо секој случај, големи се шансите дека припаѓате во категоријата на личности со брз метаболизам, па затоа сега имате и уште причина повеќе да го пиете вашиот омилен пијалак. Сепак запомнете, без разлика колку уживате во кофеинот, треба да престанете со пиење најмалку 3 часа пред да си легнете бидејќи во спротивно, тоа може да го наруши вашиот циклус на спиење.rnrn(3) Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

  • Науката вели дека зависноста од кофеин може да влијае врз слухот

    Науката вели дека зависноста од кофеин може да влијае врз слухот

    Кога станува збор за излегување во текот на работната недела, сите знаеме што се случува и кои се последиците. Без разлика дали ќе ја поминете ноќта во танцување и пеење или пак, пиејќи пиво со пријателите во локалниот бар, наредното утро воопшто нема да ви биде лесно.rnrnНауката вели дека зависноста од кофеин може да влијае врз слухотrnrnОткако конечно ќе се натерате да се истркалате од кревет, уморни како никогаш досега, првото нешто што ќе го направите се неколку литри кафе со чија помош се надевате дека ќе го истуркате денот до крај. Но, изгледа дека токму брзото расонување со помош на кафето може да ви направи повеќе штета отколку добро.rnrnЕдна неодамнешна студија им носи лоши вести на сите љубители на гласната музика кои не можат да живеат без кафе во раните утрински часови. Истражувачите откриле дека консумирањето кафе по слушањето гласна музика, може трајно да го намали вашиот слух.rnrnЗа целите на експериментот, научниците поделиле албино морски прасиња во 3 групи, кои потоа биле изложени на 110-децибални звуци, кофеин или и двете. За време на 15-дневниот експеримент, морските прасиња пиеле кафе секој ден и добивале едночасовна „акустична престимулација“ (со други зборови, изложеност на силни звуци) за време на првиот и осмиот ден од испитувањата.rnrnТие откриле дека морските прасиња кои биле изложени и на кофеин и на силни звуци, многу побавно заздравувале од другите 2 групи. Но, тоа не е сè. Не само што нивниот слух многу побавно заздравувал, туку тие исто така доживеале и загуба на слухот.rnrnРезултатите јасно покажуваат дека единствениот начин да го заштитиме нашиот слух е доколку не пиеме кафе дента откако сме биле изложени на гласна музика во текот на целата ноќ.

  • Научниците откриваат: Кофеинот нема никаков ефект по 3 ноќи недоволно спиење

    Научниците откриваат: Кофеинот нема никаков ефект по 3 ноќи недоволно спиење

    На сите ни е позната старата вежба: Не спиете цела вечер или спиете само неколку часа, пиете кафе, се чувствувате подобро, па повторувате. Но, можеби и не треба толку да брзаме кога станува збор за кафето како универзален лек за поспаноста. Според новите научни истражувања, ваквата формула функционира само за првите 2 вечери, а по 3-тата вечер слаб сон, кафето нема никаков ефект.rnrnНаучниците откриваат: Кофеинот нема никаков ефект по 3 ноќи недоволно спиењеrnrnИстражувањето вклучувало 48 учесници кои се ограничиле на 5 часа сон, 5 вечери по ред. Половина од испитаниците зеле плацебо, а другата половина се пиеле една голема шолја кафе, два пати дневно. За првите 2 дена, групата која консумирала кофеин имала подобри резултати и покажале посреќни чувства, отколку групата која зела плацебо.rnrnНо, по 3 дена, и двете групи покажале полоши резултати каде менталната свесност значително се намалила и скоро сите испитаници биле малку нервозни. Единствената позитивна страна која ја извлекле научниците бил фактот што кафето има добар краткорочен ефект, но на долгорочен план спиењето треба да биде вистинскиот приоритет.

  • Кој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?

    Кој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?

    Кафето, чајот, енергетските и газираните пијалаци, како и чоколадото се извори на стимулансот кофеин кои луѓето најчесто ги консумираат. Во продолжение прочитајте на кој начин кофеинот од секој од овие производи влијае врз вашиот организам, поконкретно врз вашето однесување и продуктивноста и откријте кои од нив можат да направи најголема штета врз вашата општа здравствена состојба.rn

    1. Кафе

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnДоколку кафето не делува премногу стимулативно на вас и го немате она чувство на будност во телото или анксиозност и преголема свесност откако ќе испиете една шолја, тогаш слободно продолжете со неговата консумација за да бидете попродуктивни. Во едно истражување се покажало дека на оние вработени од фирмата кои преминале од кафе со кофеин на кафе без кофеин, им се намалила продуктивноста за 19%. Но, кафето со кофеин е добро да се консумира умерено, што значи не повеќе од 2 до 3 шолји на ден.rn

    2. Чај

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnДоколку сакате да се чувствувате будни и попродуктивни во текот на денот, тогаш најдобар избор е црниот чај. Некои видови можат да содржат и до 70 милиграми кофеин, односно теин во 200 милилитри чај. Како и кафето, така и чајот може да го покачи крвниот притисок, да ја забрза работата на срцето и да ве направи поенергични. Меѓутоа, според резултатите од пребарувањата на Гугл, пронајдени се уште неколку други чести несакани последици од пиењето чај. Најбараните поими се „Зошто имам мачнина во желудникот кога ќе пијам чај?“ „Зошто од чај постојано ми се оди во тоалет?“ и „Зошто од чај постојано ми се спие?“.rn

    3. Енергетски пијалаци

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnИ додека кафето и чајот се стимулативни пијалаци кои секојдневно се консумираат, со енергетските пијалаци тоа никако не смее да биде така. Иако само еден енергетски пијалак во денот нема да направи сериозна штета во организмот, 2 до 3 енергетски пијалаци можат да предизвикаат аритмија, несоница, мачнина, нервоза, дехидрација и болки во стомакот.rn

    4. Газирани пијалаци

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnГазираните пијалаци би требало да бидат вашиот последен избор кога станува збор за изворите на кофеин. Тие изобилуваат со шеќер и предизвикуваат преголеми осцилации во количината на енергија заради што и не е препорачливо да се пијат.rn

    5. Чоколадо

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnЕдно истражување направено од Универзитетот Харвард покажало дека кај оние луѓе кои во текот на испитувањето пиеле по 2 чаши топло чоколадо на ден, во текот на еден месец имале подобра циркулација на крвта во мозокот поради што подобро памтеле и побрзо размислувале. Доколку немате топло чоколадо или не сте во можност да си направите, тогаш стимулирајте се со неколку коцки чоколадо или направете какао. Кофеинот е природна состојка во зрната на какаото, така што секое чоколадо содржи дел од овој стимуланс.

  • Што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?

    Што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?

    Најчестата навика која многумина практикуваат да ја прават наутро е пиењето кафе. Според многубројните научни истражувања познато е дека кафето нема долготрајни негативни ефекти врз здравјето, но постојат неколку причини зошто тоа не треба да се консумира на празен желудник. Во продолжение прочитајте што се случува со организмот кога првото нешто што го разработува е кафето и зошто е подобро ако го пиеме со или после јадење.rnrnШто се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?rn

    1. Се зголемува количината на желудочна киселина

    rnЗголеменото количество на желудочна киселина предизвикува проблеми со варењето на храната кое може да се чувствува во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со тек на време може да доведе до сериозни проблеми во абдоменот како чир, синдром на нервозни црева и рефлукс. Кафињата со понизок квалитет обично се покисели, што може само дополнително да ја зголеми штетноста.rn

    2. Се зголемува чувството на стрес и анксиозност

    rnПиењето преголеми количини кафе може да предизвика стрес и анксиозност, а кога се консумира на празен желудник, проблемот уште повеќе се зголемува. Од друга страна, храната и варењето можат добро да влијаат на нашиот организам, посебно ако се одлучиме за поздрави продукти. За да се намали влијанието на кафето врз нервниот систем, секогаш пијте го во комбинација со закуски по ваш избор.rn

    3. Се намалува нивото на хормоните

    rnГлавната причина поради која се зголемува чувството на стрес и анксиозност е всушност хормоналната нерамнотежа која настанува под влијание на кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да влијае врз производството на серотонинот, невротрансмитерот кој е одговорен за чувствата на задоволство, среќа и благосостојба. Истражувањата врз 20-тина испитаници покажале дека оние кои престанале да консумираат кафе на празен желудник биле попозитивни и порасположени, и општо се чувствувале подобро.

  • 9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    За многумина, кафето е еликсир на животот и го претставува сечиј почеток на денот. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, тогаш прочитајте ги овие интересни факти за вашиот омилен пијалак без кој сме сигурни дека не можете да си го замислите вашиот живот.rnrn9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знаеrn

    1. Ниеден енергетски пијалак нема толку кофеин како шолјата кафе

    rnНекои од најјаките енергетски пијалаци содржат околу 150 милиграми кофеин, што е скоро дупло помалку од големите шолји јако кафе.rn

    2. Лесно е да се стане зависен од кофеин

    rnАко секојдневно внесувате 150 милиграми кофеин во организмот, многу е возможно да станете зависни од него. Кога често уживате во кафето, а потоа одеднаш престанете да го консумирате, можете да искусите симптоми како недостаток на енергија, раздразливост и главоболки.rn

    3. Кафето може многу брзо да ве разбуди

    rnДоволни се само 10 минути за кофеинот да почне да делува во вашиот организам.rn

    4. Зрната кафе воопшто не се зрна

    rnОд технички аспект, зрната кафе се всушност плодови.rn

    5. Првата веб камера е направена благодарение на кафето

    rnМожеби ви звучи чудно, но во 1991 година на Универзитетот Кембриџ во Англија на луѓето им здодеало да шетаат лево-десно со цел да видат дали бокалот за кафе е полн или празен. Така, им дошла идеја и направиле веб камера која го снимала бокалот. Можеби треба да сме му благодарни на кафето за Скајп.rn

    6. САД трошат најмногу кафе годишно

    rnАмериканците консумираат премногу кафе. Истражувањата покажуваат дека тие пијат и до 400 милиони шолји кафе дневно. На годишно ниво тоа е 146 милијарди шолји кафе.rn

    7. Кафето најдобро разбудува од 90:00 до 11:30 часот

    rnТоа е така затоа што хормонот кортизол, кој го претставува часовникот на нашиот организам, стапува во хемиска реакција со кофеинот. Ако го пиете кафето рано наутро кога нивото на кортизол е високо, може да дојде до спротивен ефект и од тоа ќе ви се пие уште повеќе кафе.rn

    8. Јохан Себастијан Бах напишал цела кантата за девојката која била зависна од кафе

    rnrn

    9. Зошто кафето има подобар мирис отколку вкус?

    rnНаучниците тврдат дека тоа е така поради тоа што имаме две сетила за мирис: мирисот кој го чувствуваме од околината и мирисот кој го чувствуваме кога кафето е во нашата усна празнина. Кафето има подобар мирис кога го мирисаме додека го пиеме, бидејќи кога ни е во устата нашите рецептори за вкус го уништуваат тој мирис.

  • Како кофеинот од различни производи влијае на организмот?

    Како кофеинот од различни производи влијае на организмот?

    Според општите сознанија, кофеинот од кој било извор има исто или приближно исто влијание врз нашиот организам, но според личните искуства на луѓето, тој факт и не е толку вистинит. Во продолжение прочитајте какво влијание има кофеинот од различните производи, како што се кафето или чајот, водејќи се според само еден критериум: Кој производ најбрзо и најдобро ни помага да го поминеме денот?rnrnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rn

    1. Кафе

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnСпоред последните истражувања, кафето нема долгорочни негативни ефекти на организмот, но сепак треба да се консумира умерено. Доколку сте имуни на ефектите од кафето, за разлика од оние кои се колнат дека ги чувствуваат вибрациите на атомите во своето тело после половина испиена шолја, тогаш пијте го барем за стимулација.rn

    2. Чај

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnНекои личности кои се почувствителни на кофеинот можат да го променат своето расположение после само една испиена шолја црн чај. Што не е ни чудно, ако се земе предвид фактот што во 200 милилитри црн чај се содржат околу 70 милиграми кофеин. Чајот може да го зголеми крвниот притисок, да ги забрза срцевите отчукувања, да го зголеми прагот на внимание и да му овозможи вишок енергија на организмот.rn

    3. Енергетски пијалаци

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnНауката сѐ уште не потврдила дали енергетските пијалаци можат да го забрзаат пулсот или не, но наведува дека треба да се внимава на начинот и количината на консумирањето, особено поради состојките кои тие ги содржат во својот состав.rn

    4. Чоколадо

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnЕдно научно истражување од 2013-тата година покажало дека пиењето две шолји топло чоколадо еднаш во месецот може да ја подобри циркулацијата на крвта во мозокот, да ги зголеми концентрацијата и помнењето, како и да ги подобри моторните движења и мускулната активност кај постарите луѓе кои патат од лош крвоток. Кофеинот во чоколадото нема толку големо влијание на организмот како што има кофеинот од кафето, но сепак треба да се има мера за неговото консумирање. Едно млечно чоколадо од 100 грама содржи од 3 до 45 милиграми кофеин, додека црното чоколадо има од 15 до 105 милиграми кофеин.

  • Како да знаете дека сте претерале со кафето?

    Како да знаете дека сте претерале со кафето?

    Ако сте голем љубител на кафето и сакате секојдневно да го консумирате во поголеми количини, експертите советуваат да изберете кафе без кофеин, бидејќи и оваа алтернативна верзија на кафето е добра по здравјето и изобилува со антиоксиданси како и обичното кафе. Според последните истражувања, кафето е повеќе од добро за нашиот организам и целокупното физичко и психичко здравје. Но, како и со сѐ друго, така и со пиењето кафе треба да се има мера и да знаете кога всушност сте испиле повеќе од доволно.rnrnКако да знаете дека сте претерале со кафето?rnrnПовеќето возрасни кои пијат кафе консумираат околу 200 милиграми кофеин дневно, поточно една до две шолји во денот. Според научниците, горната граница на кофеинска консумација која не треба да ја преминуваме е 600 милиграми или пет до шест шолји кафе дневно.rnrnВо долгогодишното истражување, чии резултати биле објавени во магазинот „Circulation“, учествувале повеќе од 200.000 испитаници. Се покажало дека луѓето кои пиеле од една до максимум пет шолји кафе во денот имале помал ризик од смрт предизвикана од срцеви проблеми, невролошки болести и самоубиство, а пиењето кафе не се поврзало со смртта предизвикана од карцином. А, што се случува ако пиеме премногу кафе? Истражувањето покажало дека долгорочното пиење шест или повеќе шолји кафе во денот може да го зголеми ризикот од срцев удар.

  • Зошто испиеното кафе ве прави поуспешна личност?

    Зошто испиеното кафе ве прави поуспешна личност?

    Никој од нас не може да си го замисли почетокот на денот без кафе. Кафето ни делува како гориво. Повеќето од нас избираат кафе со кофеин, бидејќи она без кофеин како да не е кафе. Тоа е исто како да купувате хамбургер, но плескавицата да биде без месо. Нема поента. Сепак, вкусовите и желбите се различни, па за нив не се расправа. Во секој случај, студиите докажаа дека пиењето кафе ги прави луѓето поуспешни и попродуктивни.rnrn1-zoshto-ispienoto-kafe-ve-pravi-pouspeshna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    1. Влијае на физичката и психичката активност

    rnБез разлика дали пиеме лате, мока, еспресо, турско, нес или друг вид кафе, кога кофеинот ќе допре до нашиот организам тој ни дава сила, исто како што горивото делува на автомобилот. Кофеинот го подига и нивото на адреналин што значајно влијае на нашата продуктивност и размислување. Знаете и сами, кога сте уморни шолја кафе ве враќа во живот, па затоа не е чудно што многу стручни лица препорачуваат шолја кафе еден час пред одењето на вежбање.rn

    2. Го намалува ризикот од болести

    rnЌе се израдувате кога ќе дознаете дека вашиот омилен напиток го намалува ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни болести. Исто така, кафето позитивно делува против мозочните болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Иако не постојат лекови за наведените болести, оние кои пијат кафе имаат помал ризик да заболат од нив.rn

    3. Ги подобрува мозочните функции

    rnКолку пати ви се случило да почувствувате дека мозокот „не ви работи“ и дека не можете да функционирате сè додека не се напите голтка кафе? Можеби звучи неверојатно, но кафето ги подобрува мозочните функции и влијае на брзото размислување. Затоа нека не ве чуди ако одеднаш ви светне идеја баш додека го консумирате омилениот, утрешен напиток.rnrn2-zoshto-ispienoto-kafe-ve-pravi-pouspeshna-lichnost-www.kafepauza.mk_rn

    4. Успехот доаѓа со ритуалот на пиење кафе

    rnЗабележано е дека поголемите достигнувања во кариерата се врзуваат за ритуалот на пиење кафе. Наместо излежување во креветот, кафето ќе ве натера да скокнете на нозе и спремно да ги започнете обврските и останатите зададени цели.rn

    5. Луѓето кои пијат кафе се интересни

    rnКафето влијае на вашето расположение, а со самото тоа и на луѓето околу вас. Ако пиете кафе ќе забележите дека и вашите колеги кои го прават истото се поинтересни, занимливи и порасположени личности од оние кои го избегнуваат овој напиток.

  • Според науката: 5 предности од секојдневната консумација на кафе

    Според науката: 5 предности од секојдневната консумација на кафе

    Кафето е онаа магична напивка која ни дава енергија и нѐ спрема за активностите и предизвиците на денот. Но, започнувањето на денот со кафе е многу повеќе од само будење и снабдување со енергија – тоа е уживање и задоволство – ова го знаат само оние длабоките и искрени љубители. Ако кафето е есенцијален дел од вашата рутина, тогаш време е да слушнете за придобивките што ги имате од внесувањето кафе на дневна база.rnrn0-spored-naukata-5-prednosti-od-dnevnata-konzumacija-na-kafe-kafepauza.mkrn

    1. Само една шолја дневно ќе ви гo продолжи животниот век

    rnПостојат толку многу нешта кои објаснуваат зошто кафето ги потпомага доброто здравје и виталноста. Според едно неодамнешно истражување од списанието „The New England Journal of Medicine“, луѓето кои секојдневно пијат кафе имаат помали шанси да страдаат од болести кои му се закануваат на животот – срцев удар, болести на срцето и проблеми со дишењето.rnrnСо надеж дека ќе откријат колку вашата љубов кон кафето може да влијае врз вашиот животен стил, истражувачите ги анализирале здравствените картони на околу 400.000 мажи и жени во текот на 14 години. Од нив, откриле дека оние кои пиеле барем по една шолја дневно имале за 5% помал ризик од смртност, додека тие кои пиеле 4 шолји дневно го намалиле ризикот од овие заболувања за 16%.rnrnНа прв поглед, овие бројки не изгледаат многу значајно, но тие дефинитивно ги покажуваат бенефициите од секојдневното пиење кафе.rn

    2. Кафето е стимуланс – совршено гориво за мозокот

    rnКофеинот е познат по тоа што ги подобрува когнитивните способности. Научната издавачка куќа „The Wiley Online Library“објаснува како функционира кофеинот. Тој го забранува поврзувањето на аденозин и бензодијазепин – т.е. рецепторите кои се поврзуваат со мозочните мембрани.rnrn1-spored-naukata-5-prednosti-od-dnevnata-konzumacija-na-kafe-kafepauza.mkrnrnОвие невротрансмитери се познати по тоа што ја забавуваат работата на мозокот, а блокадата на рецепторите го намалува таквиот ефект. Кофеинот исто така предизвикува промени во голем дел од останатите невротрансмитери како: норадреналин, допамин, серотонин, ацетилколин, глутамат и гама амино бутерна киселина.rnrnПиењето кафе исто така ја подобрува меморијата и ја одржува кондицијата на мозочната реакција. Една голтка кафе пред важен состанок или презентација е целата течна храброст која ви е потребна.rn

    3. Го покренува расположението и ја зголемува енергијата

    rnСите знаеме дека кога имаме лош ден, ништо не е подобро од шолја кафе. Тоа ја поттикнува циркулацијата и ве прави посвесни за околината, а прави и да се чувствувате поживо. Уште една бенефиција од пиењето кафе е дека тоа е одличен начин да ги смирите вашите нерви без вината која доаѓа кога јадете поради стрес. Но, тоа не значи дека колку повеќе испиете – толку порелаксирани ќе бидете. Сепак, вистинската количина кафе секако дека ќе ви го олесни понеделникот или кој било друг ден од неделата.rn

    4. Ги намалува шансите за депресија за 20%

    rn2-spored-naukata-5-prednosti-od-dnevnata-konzumacija-na-kafe-kafepauza.mkrnrnСпоред списанието „The Archives of Internal Medicine“ жените кои пијат барем 4 шолји кафе дневно имаат помали шанси да страдаат од депресија, за разлика од оние кои пијат помалку од 4 шолји. Да не ви се верува дека нешто толку едноставно има толку голема моќ. Значи, нема ништо лошо во тоа да чувствувате дека ви е потребна енергија и на таков начин да го заштитите вашето психичко здравје.rn

    5. Полно со антиоксиданси – ѝ дава совршен изглед на кожата

    rnАнтиоксидансите се познати по тоа што ги подмладуваат кожните клетки и го преобратуваат процесот на стареење – што објаснува зошто многу луѓе го користат кафето како дел од нивните режими за убавина. Уште подобро, кафето содржи својства кои се борат со болести како ракот.rnrnЗрната кафе се едни од најдобрите извори на антиоксиданси – тие имаат 3 пати повеќе антиоксиданси за разлика од чајот, храната и виното.rnrnНо, имајте на ум дека колку и да е здраво кафето, сепак може да станете зависник од кофеин. Во превод, преголемото внесување на кофеин во организмот може да предизвика зависност која може да има ужасни последици врз вас и вашето здравје.rnrnКога веќе ги кажавме важните нешта, сега слободно можете да одите во најблиското кафуле и да се снабдите со оваа магична напивка. Или, подеднакво добра варијанта е самите да си го направите.