КАФЕ ПАУЗА

Tag: кофеин

  • 8 знаци дека полека, но сигурно станувате зависни од кафе

    8 знаци дека полека, но сигурно станувате зависни од кафе

    Голем дел од човештвото не може ни да си го замисли денот без омилената шолја кафе. Но, понекогаш, поради брзиот начин на живот, може да паднеме во искушение да ја зголемуваме дневната доза со цел да го „преживееме“ денот побудно и пофокусирано. Ова може да доведе до појава на зависност, што потоа може да има негативно влијание на вашето здравје. Па, ако сте големи љубители на кафето и се сомневате дека можеби вашата љубов преминува во зависност, тогаш погледнете ги следниве знаци коишто откриваат дека е време да ја намалите вашата дневна доза кофеин.rnrnrn

    1. Главоболка

    rnИстражувањата покажале дека над 50% од луѓето што редовно пијат кафе имаат умерена до силна главоболка ако пропуштат да се напијат кафе само еден ден.rn

    2. Срцебиење

    rnАко срцето брзо ви чука и почнува да ви „прескокнува“ ритам откако ќе се напиете кафе, голема е шансата дека веќе сте ја надминале безбедната граница кофеин за вашето тело.rn

    3. Немир

    rnАко чувствувате необјасниви немир, нервоза и анксиозност во текот на денот, особено по пиењето кафе, тогаш можеби сте се „предозирале“ до тој степен што вашето тело веќе почнува да го отфрла кофеинот.rn

    4. Лошо расположение

    rnСте забележале ли дека сте многу избувливи доколку не се напиете кафе наутро? Кофеинот е стимуланс што дава енергија и позитивни чувства, па ако сте „заборавиле“ како да бидете среќни без него, тогаш без сомнение сте развиле зависност.rn

    5. Несоница

    rnКофеинот го поттикнува адреналинот, па затоа и се чувствувате енергично и будно. Ако го пиете рано наутро, тоа нема да ви го наруши сонот. Но, ако пиете претерано и во текот на целиот ден, вашето спиење ќе страда.rn

    6. Имунитет

    rnАко пиете едно кафе на ден, особено наутро, вие постојано ќе ги чувствувате неговите придобивки. Но, ако претерувате, ќе станете имуни на ефектите, а можеби дури и негативно ќе ви влијаат така што ќе ве успива наместо да ве расонува.rn

    7. Глад

    rnПретераното консумирање кафе може да доведе до зголемен апетит, бидејќи кофеинот го поттикнува хормонот што се лачи при појава на чувството за глад.rn

    8. Не можете без кафе

    rnАко и самото размислување да се откажете од кафе ви предизвикува нервоза и благ напад на паника, тоа е знак дека веќе сте развиле зависност.rnrnЗнаете дека сте зависници од кафе и кога…

  • Традиционален арапски рецепт со зелени зрна кафе

    Традиционален арапски рецепт со зелени зрна кафе

    Кофеин во малку поинаква форма

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 супена лажица зелени зрна кафе, лесно испечени и смелени
    • rn 011

    • 1 супена лажица зрна кардамом, искршени
    • rn 011

    • 600 милилитри вода
    • rn 011

    • 1/8 кафена лажичка жички од шафран
    • rn 011

    • 1 кафена лажица розова вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво зовријте ја водата во тенџере. Откако ќе зоврие, додајте го смеленото кафе. По 10-тина минути вриење, додајте го и кардамомот и повторно мешајте додека врие околу 4-5 минути. Исклучете го огнот, покријте го тенџерето со капак и дозволете им на зрната кафе да отстојат околу 1 минута во водата. Не мешајте. На крај додајте го шафранот и розовата вода, добро промешајте, исцедете и послужете го кафето во вашите омилени шолји. За најдобар вкус, послужете и урми.rnrnДознајте и како да направите оригинално турско кафе!

  • Како влијае кофеинот врз вас и колку навистина може да ве држи будни?

    Како влијае кофеинот врз вас и колку навистина може да ве држи будни?

    Кофеинот ни помага брзо да ги разбудиме умот и телото и да можеме да се ставиме „во погон“ за задачите кои нè чекаат во текот на денот. Но, дали една доза ќе може да „држи“ цел ден и што можете да направите за да бидете ефикасни на работа, без да треба да се предозирате со кофеин? Кога влегува во организмот, кофеинот брзо го стимулира нервниот систем и го забрзува крвниот притисок, а со тоа и енергијата и расположението.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rnrnСекоја личност различно реагира на кафето. Кај некои не влијае врз сонот, додека кај други може да предизвика тахикардија. Оние кои имаат проблеми со спиењето или со кардиоваскуларниот систем треба да го ограничат консумирањето според индивидуалната потреба. Сепак, да ги разгледаме факторите кои влијаат врз тоа колку ќе трае дејството на кофеинот кај една здрава личност.rn

    Колку време му треба на метаболизмот да го преработи кофеинот?

    rnВо просек, трошиме половина од количината на кофеинот во следните пет часа откако ќе го испиеме. Најизразено дејство има во првите 15 до 45 минути. Многу луѓе во овој период чувствуваат наплив на енергија и потреба за уринирање, но овие симптоми исчезнуваат по првиот час.rnrnСекое тело кое е редовно изложено на кофеин со тек на време станува отпорно на него, а оние пак, кои се почувствителни, дејството може да го чувствуваат и следниот ден. Генерално земено, нема правила и ограничувања. Како и за сè друго, ефектот зависи од земената доза, но и од личните карактеристики на лицето, како што се телесна маса, возраст и индивидуална чувствителност на кофеин.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rn

    Кои продукти содржат кофеин?

    rnКофеинот најчесто може да се најде во сите видови кафе, но го има и во црниот, зелениот и белиот чај, потоа во газираните пијалаци (особено во таканаречените црни сокови) и во енергетските пијалаци. Исто така, го има и во какаото и темното чоколадо, во сладоледите со вкус на кафе, производи кои содржат гуарана, во енергетските прашоци, протеинските житни плочки, во лекови против главоболка и во пилулите и капсулите за слабеење.rn

    Колкави количини кофеин има во овие производи?

    rnВо 30 милилитри свежо сварено кафе од мелени зрна има околу 95 милиграми, додека во еспресото има 64 милиграми кофеин. Во една шолја црн или зелен чај има 47 милиграми кофеин, а во половина литар енергетски пијалак има околу 160 милиграми. Најчесто, содржината на кофеинот е наведена на декларациите на производите.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rn

    Дали кофеинот влијае врз мајчиното млеко?

    rnБремените жени треба да консумираат кофеин во што помали количини, а во сосема мала концентрација може да се пренесе и преку мајчиното млеко. Најчесто, ако помине доволно време помеѓу пиењето кафе и доењето, кофеинот никако нема да влијае врз бебето, но секако, не смее да се претерува со испиената количина.rn

    Како кофеинот влијае врз спиењето?

    rnЦелосниот ефект може да се почувствува во текот на целиот ден. Како што веќе споменавме, сето ова зависи само од индивидуалната толеранција на секој засебен организам. Додека едни нема да почувствуваат никаков проблем, други можеби нема да заспијат цела ноќ поради едната шолја кафе која ја испиле утрото. Во просек, една здрава возрасна личност може да испие 200-300 милилитри кафе без да почувствува последици по спиењето.rnrnДоколку се сомневате дека токму кофеинот ви предизвикува проблеми ноќе, тогаш ограничете го или целосно исфрлете го. Обидете се пред спиење да применувате техники за опуштање како јога и медитација или вежби за рамномерно дишење. Исто така, воспоставете рутина и внесувајте кофеин во точно определен дел од денот, за да можете да воспоставите правилен циклус на спиење и будност без несакани влијанија.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rn

    Несакани ефекти од кофеинот

    rnНекогаш е тешко да забележиме дека претеруваме со кафе или друг кофеински производ, но овие симптоми можат да ви укажат дека сте претерале:rn

      rn 011

    • нервоза
    • rn 011

    • болка во стомакот и дијареја
    • rn 011

    • неправилни отчукувања на срцето и забрзано дишење
    • rn 011

    • несоница и немир
    • rn 011

    • напади на анксиозност
    • rn

    rnИсто така, не смеете и нагло да го прекинете внесот на кофеин, бидејќи може да почувствувате проблеми со концентрацијата, главоболка и мигрена, вознемирени црева, несвестица или мачнина.rnrnСледете ги симптомите и слушајте го телото, тоа самото ви кажува кога има потреба од нешто или кога е презаситено. Секако, обидете се на што поприроден начин да го регулирате нивото на енергија, односно со активен живот, здрава исхрана и квалитетен сон.rnrnДознајте кога кафето и кофеинот престануваат да работат.

  • Силно кафе за најхрабрите срца

    Силно кафе за најхрабрите срца

    Овој рецепт е за силен концентрат што треба да биде растворен пред пиење

    rnСилно кафе за најхрабрите срцаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 300 грама свежи зрна кафе
    • rn 011

    • 1 литар вода на собна температура
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ја водата во сад и додајте ги зрната кафе. Покријте ги со капак и оставете ги да отстојат околу дванаесет часа. Исцедете ја течноста со ситна цедилка или газа и потоа чувајте ја во фрижидер до една недела.rnrnЗа да го подготвите кафето за пиење, најдобро е да смрзнете вода во ледени коцки во истата количина колку што ќе сипете и кафе во чашата. Оваа количина може да се модификува, но внимавајте да не претерате со кофеинската доза.rnrnСакате силно кафе со специфичен вкус? Пробајте го и овој рецепт што ќе ве држи будни цела ноќ!

  • 8 совети за победување на попладневната поспаност без кофеин

    8 совети за победување на попладневната поспаност без кофеин

    Има нешто во попладневните часови, веднаш по ручекот. Многу луѓе чувствуваат голем замор помеѓу 14 и 17 часот и навистина им е тешко да го поминат тој период. Ако ја немате слободата сами да ги правите распоредот, голема е веројатноста тој период да сте на работа и да мора да останете будни. Во овој случај, повеќето посегнуваат по кафе мислејќи дека ќе го решат проблемот. Но ако сакате да го намалите внесот на кофеин, оваа опција не е за вас. Сепак, постои и решение за ова. Следниве совети ќе ви помогнат да ја победите попладневната поспаност без кофеин.rnrn8-soveti-za-namaluvanje-na-popladnevnata-pospasnost-bez-kofein-kafepauza.mkrn

    1. Прошетајте

    rnПонекогаш излегувањето надвор и дишењето свеж воздух може да направи многу за вашата психа. Ако ви дозволуваат временските услови, излезете и прошетајте малку. Пуштете си музика која ќе ве расони и возбуди, а потоа вратете се свежи на работното место.rn

    2. Пијте вода

    rnНа телото му е потребна вода за да преживее и напредува. Па, почнете да се навикнувате да пиете многу вода. Вашето тело ќе функционира подобро, нема да се чувствувате мрзеливо а вашето внимание ќе стане подобро. За да го избегнете честото одење во тоалет, немојте да пиете многу вода одеднаш. Доволно е по една голтка одвреме-навреме за подобро да се апсорбира.rn

    3. Слушајте музика

    rnПонекогаш самите звуци во канцеларијата можат да ве заспијат. Ако ви е дозволено, ставете си слушалки и пуштете музика додека работите за да го стимулирате вашиот мозок. Се разбира, внимавајте да не им пречите на вашите колеги.rn

    4. Направете пауза од 10 минути за вежбање

    rnАко не можете да ја напуштите канцеларијата за прошетка, пронајдете скали и неколку пати качете се и симнете се по нив. Направете неколку скокови, и неколку јога вежби за истегнување. Чукањето на вашето срце ќе забрза а вашиот ум ќе биде стимулиран.rn

    5. Решавајте загатки

    rnЗагатките се одличен начин да го стимулирате вашиот ум. Можете да симнете некоја апликација на вашиот смартфон или пак да изиграте брза партија шах со некој колега. Научниците препорачуваат да се играат вакви игри, особено во староста бидејќи го стимулираат мозокот и го намалуваат ризикот од појава на Алцхајмер и деменција.rn

    6. Јадете нешто полесно за ручек

    rnАко вашиот ручек бил обилен, големи се шансите да ви биде тешко да останете будни. Јадете храна која е лесна за вашиот стомак и гледајте да внесете повеќе растенија. Ќе бидете заситени, но и будни.rn

    7. Искористете ја моќта на природните тревки и масла

    rnАко сакате да го избегнете кафето, направете си чај, додајте природен засладувач (како мед) и ќе добиете природен зголемувач на енергија. Есенцијалните масла се терапевтски, па можете да ги користите на работното место. Ако имате навлажнувач за воздух, ставете неколку капки масло од нане. Исто така можете да го нанесете маслото и на пулсирачките точки на вашето тело.rn

    8. Земете витамин Б12

    rnМногу луѓе ги сакаат додатоците за исхрана со Б12 бидејќи тој дава енергија. Постојат неколку начини на кои можете да го консумирате. Можете да го купите како прашок или како капсули. Дури можете да добиете и инјекција со Б12.rn

    Намалете го кафето, но не и енергијата

    rnПоради популарноста на кафето, многу луѓе не ни размислуваат за алтернативните решенија кои се достапни. Иако шолјата кафе има одличен вкус, сепак не треба да се претера со негова консумација. Овие совети навистина ќе ви помогнат во тоа.rnrnПогледнете и кои се природните додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се справите со хроничниот замор.

  • Кога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?

    Кога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?

    Многу луѓе не можат да си го замислат животот без кафе. Но, кафето нема ист ефект на сите негови консументи. Некои поединци после шолја кафе се однесуваат како хиперактивни деца кои изеле торта, но некои можат без проблем да заспијат дури и по 3 шолји кафе. Па, зошто одредени луѓе пијат кафе и потоа се чувствуваат продуктивни и будни, а други се исто толку поспани колку и пред да внесат кофеин во организмот? Се чини дека не е важно кафето или видот на кофеин, туку периодот од денот кога уживате во вашиот омилен пијалак. Тука голема улога играат и хронотиповите, па затоа најважно е прво да го дознаете вашиот личен хронотип.rnrnКога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?rn

    Што се хронотипови?

    rnХронотипот е поврзан со однесувањето што го покажувате како последица од вашиот биоритам. Тој одредува кога треба да спиете во текот на 24-те часа од денот. Постојат 4 хронотипа: Делфин, лав, мечка и волк. Сите тие се одликуваат со различни особини и начини на однесување. Можете да дознаете кој е вашиот хронотип со помош на овој тест.rnrnМајкл Џ. Брус е клинички психолог кој специјализирал во областа на нарушувања на сонот. Неговата книга „Моќта на кога“ (The Power of When) ги анализира 4-те хронотипа врз основа на нивните утрински и вечерни навики. Книгата може да им помогне на читателите да разберат кој е најповолниот период од денот за извршување разни активности, од џогирање па сѐ до барање покачување на платата. Брус исто така дава совет за пиењето кафе.rn

    „Ако се разбудите и внесете кафе, односно диуретик, во организмот, тоа само ќе ја зголеми вашата дехидратација. Освен тоа, кога се будите, нивото на кортизол е природно многу високо. Па така, вие само внесувате неефективен стимуланс и покрај тоа што веќе имате еден многу ефективен. Кафето треба да го зачувате за периодот од денот кога ќе почувствувате дека губите енергија“, пишува тој во книгата.

    rn

    Кафето и хронотиповите

    rnБрус тврди дека најлошиот период за пиење кафе е помеѓу првите 2 часа по будењето и 6 часа пред спиење. Додека спиете, вие издишувате 1 литар вода. Без оглед на тоа кој е вашиот личен хронотип, првиот пијалак по кој треба да посегнете е водата. Во продолжение прочитајте кога треба да пиете кафе според вашиот хронотип…rnrnДелфините треба да уживаат во кафето помеѓу 8.30 и 11.00 или 13.00 и 14.00. Тие исто така треба да се разбудат во 6.30.rnrnМечките треба да внесат кафе во периодот помеѓу 9.30 и 11.30 или 13.30 и 15.30, а да се разбудат во 7.00.rnrnВолците можат да се напијат кафе само во периодот помеѓу 12.00 и 14.00 и треба да го започнат денот точно во 7.30.rnrnЛавовите најдобро би било да пијат кафе помеѓу 8.00 и 10.00 или 14.00 и 16.00. Тие најрано треба да го започнат денот, односно во 5.30-6.00.rnrnКога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?rnrnСега сигурно почнавте да пресметувате кога треба да одите на спиење, ако сакате да се разбудите и да испиете кафе во идеалното време за вас. Но, не грижете се! Брус открил и кога би требало да си легнувате навечер.rn

    „Правилото според кое треба да спиете 8 часа дневно е мит. На повеќето луѓе им се доволни 7 часа, додека делфините можат да функционираат со 6 часа спиење. Најважна е вашата доследност и психичката подготвеност за легнување (исклучување на сите екрани, смирување и опуштање) која треба да започне 1 час пред да одите во кревет. Не треба да легнувате во кревет за ништо друго освен за спиење и секс. Тоа ќе му помогне на вашиот ум да го поврзува зборот ’кревет’ со ’спиење’“, објаснува психологот.

    rnДелфините треба да си легнуваат околу 23.30, додека лавовите би требало да заспијат околу 22.00 часот. Волците можат да останат до полноќ, а мечките треба да одат на спиење во 23.00.rn

    Прекумерната количина на кафе може да биде многу опасна за организмот

    rnАко имате одредени проблеми со здравјето или земате лекови што не смеете да ги мешате со кофеин, немојте да им се спротивставувате на докторите поради вашиот хронотип. Наместо тоа, прилагодете ги вашите навики. Можеби не смеете да пиете кафе толку колку што сакате, но можете да го промените времето кога си легнувате и се будите.rnrnКога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?rn

    Влијанието на кафето на вашето здравје

    rnКафето е вкусно и корисно. Но, што му прави овој пијалак на вашето тело покрај тоа што му дава енергија? Прочитајте ги и неверојатните придобивки од кафето…rnrn1. Кафето заштитува од рак. Порано, кафето имаше лоша репутација дека е канцерогено. За среќа, овој мит беше побиен. Освен тоа, Светската организација за здравје открила дека со секоја шолја кафе се намалува ризикот од рак на црниот дроб за 15%. Но, секако се мисли на една шолја дневно!rnrn2. Кафето го заштитува црниот дроб. Пиењето кафе може да ја намали штетата на црниот дроб предизвикана од прекумерното пиење алкохол. Неодамнешните истражувања покажале дека ако пиете 2 дополнителни шолји кафе дневно, ќе го намалите ризикот од цироза на црниот дроб за 44%.rnrn3. Кафето согорува маснотии. Тука се мисли на вистинско кафе, а не на фрапучиното што содржи илјадници калории. Според едно истражување од 2013 година, пиењето кафе пред физичка активност ќе му помогне на телото да согори повеќе маснотии.rnrn4. Кафето помага да заздравите побрзо по вежбањето. Болките во мускулите по вежбањето даваат неверојатно чувство на исполнетост. Но, ако имате толкави болки што не можете да станете од кревет, време е за кафе! Друго истражување од 2013 година открило дека болките во мускулите се намалуваат ако внесете кафе во организмот 1 час пред вежбањето.rnrn5. Кафето ја зголемува вашата издржливост. Голем број истражувања покажале дека кафето може да ви помогне да вежбате подолго време и да постигнете подобри резултати.rnrn6. Кафето ја подобрува вашата меморија. Едно истражување од 2014 година докажало дека кафето може да ви помогне да се сетите на некои детали, па дури и да ја зголеми мозочната способност за создавање долгорочни сеќавања. Само една шолја на ден може значително да ја подобри вашата меморија.rnrn7. Кафето може да ви го подобри расположението. Пиењето кафе може да е исто толку добро колку и пиењето антидепресиви. Според едно истражување од 2013 година, кај љубителите на кафето постои помала веројатност да извршат самоубиство или да помислуваат на тоа.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за хронотиповите, прочитајте каков карактер имате според вашите навики за спиење.

  • За сите љубители на кафе: Започнете го денот со кофеински ѓеврек!

    За сите љубители на кафе: Започнете го денот со кофеински ѓеврек!

    Ѓеврекот е омилен појадок на повеќето луѓе, бидејќи е лесен, хранлив и вкусен. Освен со ѓеврек, луѓето најчесто го започнуваат денот и со шолја кафе. Но, што ако ви кажеме дека сега постои производ што ги нуди и двете во едно? Не ни верувате? Станува збор за кофеински ѓеврек!rnrnЗа сите љубители на кафе: Започнете го денот со кофеински ѓеврек!rnrnЃеврекот се вика „Еспресо Баз“ (Espresso Buzz) и содржи околу 32 милиграми кофеин, односно една третина од количината што редовно ја внесувате преку шолјата кафе. Со оглед на тоа што пиењето кафе заедно со јадењето ѓеврек не е повеќе во мода, произведувачите го создале овој нов тип ѓеврек во период од 9 месеци и се надеваат дека ќе им се допадне на сите уморни хипстери во земјата.rnrnЛуѓето кои го пробале ѓеврекот имаат поделени мислења околу тоа дали може да се јаде или не. Еден од нив го опишал како „кафе што може да се џвака“, а друг како „неверојатно горчлив“. Сепак, некои луѓе сметаат ѓеврекот одлично би одел со шолја кафе, така што ако никогаш не ви е доста од кофеин, ова е совршеното ѓеврече за вас.rnrnШто мислите вие за оваа идеја? Би го замениле кафето со кофеински ѓеврек?

  • Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот живот

    Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот живот

    Што ако ви кажеме дека вашата на моменти здодевна зависност од кофеин може да ви донесе повеќе придобивки отколку што некогаш сте верувале? Да, секојдневната доза кафе во утринските часови дава незаменлива енергија, но како би реагирале ако ви кажеме дека таа исто така може и да ви го продолжи животот?rnrn(1) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnЕдна неодамнешна студија спроведена од страна на Универзитетот Стенфорд, ни открива дека кафето може да ни помогне да се бориме против хроничните процеси на воспаленија што се јавуваат подоцна во текот на животот. Со помош на крвна слика, направена на повеќе од 100 учесници во студијата, научниците успеале да најдат поврзаност помеѓу прераното стареење, систематичното воспаление, кардиоваскуларните болести и пиењето кафе.rnrn(2) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnСтудијата ги нагласува хроничните процеси на воспаленија што најчесто ги доживуваат постарите луѓе и кои се активни предизвикувачи на кардиоваскуларните болести. Згора на сè, овие процеси ги зголемуваат шансите за смрт. Дејвид Фурман, водечкиот автор на истражувањето, открива дека повеќе од 90% од болестите што не реагираат на лекови во староста се поврзани со хроничното воспаление. Па, како нашиот омилен пијалак ни помага да се бориме?rnrn(3) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnОдамна е познато дека кофеинот се поврзува со долговечноста. Многу студии ја покажале оваа врска. Но, тоа што научниците со ова истражување откриле е причината за таа поврзаност. Изгледа дека механизмите што ги предизвикуваат воспаленијата се неактивни кај оние што редовно пијат пијалаци со кофеин, како кафето. Резултатите дошле како изненадување за научниците што воопшто не ја ни испитувале оваа поврзаност.rnrn(4) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnПа, ако сакате да живеете подолго, тогаш не се откажувајте од вашиот омилен кофеински пијалак. Оваа студија ни дава само уште една причина плус зошто треба да продолжиме да уживаме во утринската шолја кафе.rnrnАко ви се потребни повеќе причини за уживање во кофеинот, прочитајте и за 5-те предности од секојдневната консумација на кафе!

  • Кога кафето и кофеинот престануваат да „работат“?

    Кога кафето и кофеинот престануваат да „работат“?

    Ммм омиленото кафе… Тој мирис… Тој вкус… Тоа чувство после само една голтка… Па, може ли денот да биде неубав кога ќе го започнеме со нашата омилена напивка? О не, никако! И секојпат кога ни е потребно малку мир, уживање и опуштање, посегнуваме по шолја од омиленото кафе. И секојпат кога ќе ни падне притисокот, енергијата, кога ќе ни се приспие и ни е потребно малку „подигнување“, се знае што ќе не „подигне“. Па да, кафето!rnrn1-koga-kafeto-i-kofeinot-prestanuvaat-da-rabotat-www.kafepauza.mk_rnrnНо, можеби и самите сте забележале, понекогаш, дека ниту кафето и кофеинот го немаат она дејство за кое сме верувале дека го имаат. Едноставно, тоа изостанува. Се запрашавме зошто е тоа така и откривме кога кафето и кофеинот престануваат да „работат“.rnrnИстражувањата покажаа дека кафето и кофеинот не помагаат после три дена навистина лош сон. Тогаш моќта на кафето во вашиот организам се намалува и не може да ве разбуди и да влијае на тоа да се чувствувате подобро, а тоа ќе го потврди секој кој барем еднаш се соочил со сериозна несоница. Ова истражување е спроведено на 48 возрасни личности кои 5 ноќи по ред спиеле по само 5 часа. Во текот на денот дел од нив земале одредена доза кофеин, додека другите добивале плацебо. Истражувачите го испитувале расположението и енергијата кај секого од нив, а утврдено е дека кофеинот престанал да делува после третиот ден.rnrn2-koga-kafeto-i-kofeinot-prestanuvaat-da-rabotat-www.kafepauza.mk_rnrnЗначи, после 3 дена дури ни кафето не може да нè „подигне од мртвите“ кога веќе со денови спиеме лошо. Секако, ниту алкохолен пијалак нема да биде од голема помош, но затоа, сонот може. Морате да се наспиете доколку сакате нормално да функционирате, бидејќи кафето ќе ви го „чува грбот“ само 3 дена. После тоа – право во кревет!

  • Направено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојки

    Направено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојки

    Доколку сте љубители на кафе и барате нешто што ќе ве држи будни подолго време, ова австралиско кафе можеби е вистинскиот избор за вас. Кафулето „Viscous“ во Аделаида, Австралија служи пијалак кој го доби името „најсилното кафе во светот“. Имено, ако го испиете ова кафе, ќе внесете иста количина на кофеин како да сте испиле 80 шолји обично кафе.rnrnНаправено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојкиrnrnОва ладно приготвено кафе е изум на сопственикот на кафулето, Стив Бенингтон, по барање на една медицинска сестра за итни случаи која морала да остане будна подолго за време на ноќната смена. Според Бенингтон, медицинската сестра го пиела овој посебен пијалак два дена и благодарение на неговата магија успеала да остане будна речиси три дена по ред.rnrnПред да ја стави оваа кофеинска бомба на менито, Бенингтон го прилагодил рецептот и го ублажил малку во согласност со потребите на потрошувачите. Неговиот сегашен состав содржи 120 милилитри ладно кафе кое 10 дена стоело во вода со собна температура, 4 дози еспресо и 8 коцки мраз. Една шолја од пијалакот содржи 5 грама кофеин (нормалната шолја кафе содржи 120 милиграма кофеин). Само една единствена коцка мраз содржи исто толку кофеин колку 2 дози еспресо.rn

    „На некои луѓе им се допаѓа, некои не можат да го поднесат, но сѐ тоа е во името на забавата“, изјавил Бенингтон.

    rnНаправено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојкиrnrnПијалакот треба да се консумира постепено во текот на 3 до 4 часа за да овозможи до 18 часа будност без губење енергија. Меѓутоа, рецептот испаднал толку вкусен, што на гостите во кафулето им било тешко да не го испијат целото одеднаш.rn

    „Се работи за чисто кафе со добар квалитет и тоа е единствениот проблем. Вкусот е толку добар што тешко е да потрае толку колку што треба“, објаснил Бенингтон.

    rnКонсументите се советуваат да внимаваат. Бенингтон секогаш разговара со возбудените гости пред да им го донесе пијалакот за да биде сигурен дека знаат во што се впуштаат. Освен тоа, во менито стои предупредување напишано со црвени букви: „Луѓето со висок крвен притисок и/или со срцеви заболувања пијат на свој ризик“. Смртоносната доза на кофеин за возрасни изнесува 18 грама внесена во текот на еден до два часа, но кофеинот има различно влијание кај сите. Ова кафе ја надминува препорачаната безбедна доза која изнесува 400 милиграми, но несомнено е дека оваа шолја полна радост ќе ве разбуди и наполни со енергија што ќе ве држи во текот на целиот ден.