КАФЕ ПАУЗА

Tag: кофеин

  • Знаци преку кои нашето тело нè предупредува за прекумерното консумирање кафе

    Знаци преку кои нашето тело нè предупредува за прекумерното консумирање кафе

    Иако е познат позитивниот ефект на кафето врз нашиот организам, прекумерното консумирање кофеин може да има негативни последици.rnrnЗнаци преку кои нашето тело нè предупредува за прекумерното консумирање кафеrnrnПокрај бројните студии кои укажуваат на бројни придобивки од кафето за нашето здравје, количеството кафе кое го надминува нормалното може да предизвика негативни реакции на телото. Сепак, иако е тешко да се препознаат знаците кои ни кажуваат дека пиеме прекумерни количини од овој омилен пијалак, еве неколку симптоми:rn

    Чувство на вознемиреност

    rnКако што објаснуваат диететичарите, ако често чувствуваме анксиозност и вознемиреност без посебна причина, тоа најверојатно се должи на кафето. Истражувањето спроведено на оваа тема покажало дека луѓето кои пијат премногу кафе се чувствуваат вознемирени во текот на денот бидејќи кофеинот ја зголемува енергијата, а со тоа и хормонот на стресот.rn

    Болки во стомакот

    rnИако кафето може да биде сигурен пријател на варењето, со консумирање прекумерни количини се зголемува ризикот од појава на дигестивни нарушувања како болка, гасови или непријатни грчеви во стомакот. Научниците неодамна откриле дека одредени соединенија во кафето го стимулираат производството на стомачна киселина во клетките на желудникот, што може негативно да влијае врз процесот на варење.rn

    Проблеми со спиењето

    rnЛошиот сон и несоницата може да се поврзат со бројни здравствени проблеми, но причината може да биде и претераното консумирање кафе. Познат факт е дека кофеинот останува во нашето тело дури пет часа по консумирањето кафе, а тоа може значително да влијае врз квалитетот на сонот.rnrnОткако прочитавте кои знаци укажуваат на прекумерното консумирање кафе, можеби ќе сакате да прочитате и како консумирањето кафе може да му влијае на организмот за време на летните горештини.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?

    Дали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?

    Според најновите истражувања, кафето, зелениот и црниот чај можат да помогнат во намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Поточно, кофеинот во тие пијалаци и ефектот што може да го има врз телесните масти и тежината, може да биде причина за намалениот ризик.rnrnДали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?rnrnОсвен што го поттикнува метаболизмот, кофеинот има и голем број други потенцијални здравствени придобивки, како што се зголемување на будноста и концентрацијата, подобрување на перформансите за време на вежбањето и подобрување на расположението.rnrnСепак, експертите предупредуваат дека консумирањето премногу кофеин може да има и негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза.rnrnКафето, зелениот и црниот чај се богати со антиоксиданси, природни соединенија кои се карактеризираат со голем број здравствени придобивки.rn

    Кофеинот е поврзан со помал ризик од дијабетес тип 2

    rnДосегашните студии покажале дека умереното консумирање кафе (три до пет шолји дневно) е поврзано со помал ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.rnrnДруга студија покажала дека внесот на кофеин резултира со намалување на телесните масти. Авторите на оваа студија користеле генетски метод наречен Менделова рандомизација за да го испитаат влијанието на нивото на кофеин во крвта врз телесните масти и врз ризикот од дијабетес тип 2 и ризикот од кардиоваскуларни болести вклучувајќи коронарна артериска болест, мозочен удар, срцева слабост и неправилен срцев ритам.rnrnПритоа, истражувачите се фокусирале на две вообичаени генетски варијанти за два гена поврзани со тоа колку брзо телото го метаболизира внесениот кофеин.rnrnЛуѓето кои ги носат генетските варијанти поврзани со побавен метаболизам на кофеинот, во просек пијат помалку кафе. Сепак, тие имаат повисоки нивоа на кофеин во крвта во споредба со луѓето кои побрзо го метаболизираат кофеинот.rnrnЗа оваа студија, истражувачите испитувале генетски и други податоци од речиси 10.000 луѓе со претежно европско потекло, кои учествувале во шест долгорочни студии. Тие откриле дека луѓето кои се генетски предиспонирани да имаат повисоко ниво на кофеин во крвта имаат поголема веројатност да имаат понизок индекс на телесна маса (ИТМ) и телесни масти.rnrnПокрај тоа, тие имале помал ризик од дијабетес тип 2. Истражувачите процениле дека околу половина од намалениот ризик од дијабетес се должи на пониското ниво на ИТМ.rn

    Премногу рано за да се утврди со сигурност дека кофеинот го намалува ризикот од дијабетес тип 2

    rnРезултатите од новата студија ја покажале врската помеѓу внесот на кофеин и помалиот ризик од дијабетес тип 2. Сепак, истражувачите не ја разгледале конкретно врската помеѓу метаболизмот на кофеинот и нивото на гликоза во крвта. Но, на научниците им е познат фактот дека кофеинот има својства на зголемување на ситоста, што значи дека ја потиснува желбата за јадење, а тоа доведува до понизок ИТМ. Сепак, научниците не им препорачуваат на пациентите консумирање кофеин како метод за намалување на ризикот од дијабетес. Наместо тоа, тие им препорачуваат да се фокусираат на редовна физичка активност и здрава исхрана.rn

    Умереното консумирање е клучно

    rnСпоред научниците, консумирањето премногу кофеин може да има негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза. Повеќето здрави возрасни луѓе можат да консумираат до 400 милиграми кофеин дневно, односно четири или пет шолји сварено кафе. Зелениот и црниот чај, пак, содржат помали количини на кофеин по чаша.rnrnОткако прочитавте за ова најново истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто утринското кафе не ја зголемува продуктивноста.rnrnИзвор: healthline.com

  • Кои 4 намирници лошо влијаат врз женските хормони?

    Кои 4 намирници лошо влијаат врз женските хормони?

    Кога зборуваме за здравјето мислиме на повеќе аспекти кои се поврзани со него, како што се исхраната, движењето, општото здравје и менталната состојба. Ако честопати чувствувате грчеви и умор, голема е веројатноста тоа да има врска со вашите хормони.rnrnКои 4 намирници лошо влијаат врз женските хормони?rnrnХормоните се толку важни што можат да влијаат на речиси секој аспект од вашиот живот – од вашата ментална јасност, составот на телото, дебелината и квалитетот на вашата кожа, па дури и вашето расположение. Повеќето жени не се свесни дека нивниот избор на храна може да има големо влијание врз хормоналната рамнотежа. Затоа, важно е да знаете која храна да ја изберете, а која може да ги наруши вашите хормони. Во продолжение прочитајте кои четири намирници можат лошо да влијаат на вашите хормони:rn

    Кофеин

    rnКафето и чајот можат да доведат до ослободување на хормони како адреналин и кортизол. Тие прават да се чувствувате будно, но исто така можат да го зголемат вашиот крвен притисок, да го зголемат пулсот и да предизвикаат мускулна напнатост и главоболки. Бидете внимателни со овие пијалоци пред спиење, бидејќи тие може да ги попречат циклусите на длабок сон и да го отежнат заспивањето, што може да доведе до поголем замор во текот на денот како и тешкотии со концентрирање и несоница.rn

    Шеќер

    rnКога јадете многу шеќер, панкреасот ослободува инсулин кој помага да се контролира нивото на гликоза во крвта. Колку повеќе шеќер јадете, толку повеќе инсулин се ослободува и толку повеќе нивото на гликоза во крвта се намалува. Ова може да предизвика замор и промени во расположението и да доведе до отпорност на инсулин. Тоа, пак, може да доведе до бројни здравствени проблеми вклучувајќи и дијабетес. Ако постојано имате високи нивоа на инсулин вашето тело нема да препознае кога сте сити и ќе јадете повеќе отколку што навистина ви треба. Шеќерот исто така го зголемува производството на кортизол во вашето тело, хормонот на стрес кој ве тера да копнеете по храна кога сте под стрес.rn

    Овошје и зеленчук со пестициди

    rnЗеленчукот и овошјето кои биле третирани со пестициди може да имаат многу негативен ефект врз хормоните бидејќи содржат хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем. Сепак, ова може да се избегне ако изберете органска храна секогаш кога е можно.rn

    Алкохол

    rnКонсумирањето црвено вино во умерени количини може да биде добро за вашето здравје, но пиењето алкохол секоја вечер може да има хормонални последици. Сето ова може да доведе до надуеност, зголемување на телесната тежина, влошување на работата и функцијата на штитната жлезда и појава на здравствени проблеми со црниот дроб.rnrnОткако прочитавте кои намирници штетно влијаат врз женските хормони, можеби ќе сакате да прочитате и кои здрави напитоци ги регулираат хормоните на природен начин.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Колку кофеин има во чајот?

    Колку кофеин има во чајот?

    Кофеинот е соединение кое се наоѓа во кафето, чајот како и бобинките од гуарана. Дејствува како стимуланс на централниот нервен систем и ви помага да се фокусирате полесно, но и да се чувствувате помалку уморни.rnrnКолку кофеин има во чајот?rnrnОд друга страна, може да предизвика и несакани ефекти како вознемиреност, немир, несоница и пореметување на работата на срцето.rnrnВо поглед на чајот, пак, точната количина на кофеин зависи пред сè од видот.rnrnТака, на пример, една шолја црн чај содржи 35 милиграми, а зелениот чај содржи 32 милиграми кофеин. Имајте на ум дека колку подолго ја чувате филтер ќесичката, толку повеќе ќе се зголемува содржината на кофеин.rnrnОсвен тоа, постојат и други фактори кои влијаат врз содржината на кофеинот во чајот. Доколку температурата на водата е повисока, тогаш се зголемува и количината на кофеинот. Покрај тоа, можно е да внесете повеќе кофеин и доколку користите чај во филтер ќесички. Тоа е затоа што листовите во ќесичките се мелени на поситни делови што овозможува полесно испуштање на кофеинот.rnrnОткако прочитавте за содржината на кофеинот во чајот, можеби ќе сакате да прочитате и како влијае кофеинот врз вас и колку навистина може да ве држи будни.rnrnИзвор: healthline.com

  • Дали кафето може да ја подобри меморијата?

    Дали кафето може да ја подобри меморијата?

    Љубителите на кафе честопати си го поставуваат прашањето дали кофеинот може да им ја подобри меморијата. Тоа е затоа што многумина што често консумираат кафе, забележале дека повнимателно си ги вршат своите работни задачи особено откако испиле филџан кафе. Некои од нив изјавиле дека нивната меморија значително се подобрила благодарение на кофеинот. Дали постои некаква поврзаност помеѓу овие две работи? Дознајте во продолжение.rnrnДали кафето може да ја подобри меморијата?rn

    Како функционира кофеинот?

    rnКофеинот е стимулативен лек што директно влијае врз мозокот и ја зголемува состојбата на будност. Сепак, различни истражувања на ефектите врз меморијата дошле до различни резултати.rnrnСпоред некои студии, кофеинот може да делува позитивно врз некои видови меморија, особено од генерален аспект. Подеталните истражувања покажале дека придобивките од кофеинот за меморијата важат во одредени случаи. Со други зборови, кофеинот може да ја подобри меморијата само доколку се внесе во организмот во моментот на примање на информациите и во моментот кога субјектот треба да се потсети на тие информации.rnrnДоколку субјектот не внесе кофеин во моментот кога се презентираат информациите, постигнува послаби резултати доколку внесе кофеин во моментот кога треба да се сети на информациите. Од друга страна, ако субјектот примал кофеин кога ги примал и информациите, а немал кофеин кога требало да се сети на нив, постигнува уште полоши резултати од првото сценарио.rnrnДруги студии покажале дека преку извршување одредени задачи, кофеинот всушност може да ги влоши резултатите. Така, на пример, кога испитаниците имале листа со зборови што требало да ги запаметат без разлика на редоследот покажале лоши резултати. Истражувањето покажало и дека луѓето под дејство на кофеинот се сеќаваат на повеќе лажни спомени што значи кофеинот може да придонесе мозокот непрецизно да ги зачувува спомените.rn

    Како кофеинот влијае кај повозрасните?

    rnИстражувањето во врска со внесувањето кофеин кај постарите лица имало за цел да утврди дали кофеинот може да го минимизира проблемот со меморија што се јавува како резултат на стареењето. Едно истражување покажало дека кофеинот може да го намали ефектот на попладневниот пад на меморијата кај постарите лица што подобро ги извршуваат своите обврски наутро отколку попладне.rnrnСепак, други истражувања покажале дека кофеинот и не е толку сигурен начин за подобрување на меморијата кај постарите. За време на истражувањата, постарите лица имале послаби резултати на тестовите за епизодно паметење по внесувањето кофеин, за разлика од оние што не внеле кофеин во организмот. Иако вообичаеното консумирање на кофеин може да влијае позитивно врз долгорочната меморија, сепак не може да го спречи опаѓањето на меморијата што се јавува како резултат на возраста.rnrnЗа крај, би ве посоветувале да зборувате со вашиот лекар за да дознаете дали имате проблеми со вашата меморија и колкава количина кофеин може да внесувате дневно.rnrnОткако откривте за поврзаноста помеѓу кафето и меморијата, ви препорачуваме да прочитате и зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.rnrnИзвор: verywellmind.com

  • Ако не пиете кафе, може да се расоните со овие пијалаци

    Ако не пиете кафе, може да се расоните со овие пијалаци

    Колку и да е популарно кафето, секогаш ќе има луѓе на кои едноставно не им се допаѓа неговиот вкус. Но, само затоа што не ви се допаѓа одреден вкус, не значи дека треба да бидете поспани и уморни цел ден. Земете ја потребната доза кофеин од следниве пијалаци:rnrnАко не пиете кафе, може да се расоните со овие пијалациrn

    Комбуха

    rnКомбухата е дефинитивно еден од најпопуларните пијалаци и е позната по многубројните здравствени придобивки. Овој ферментиран пијалак, што се добива од печурката комбуха, сигурно ќе ви даде доволно енергија за да го започнете денот.rn

    Чај – но не од што било

    rnДруг пијалак што ќе ве разбуди без никакви проблеми е „чаи“, еден вид индиски чај кој е одлична комбинација на црн чај (што ќе ви го даде потребниот кофеин) и внимателно измешани зачини што ќе ве стоплат и ќе ве расонат.rn

    Зелено смуди

    rnОвој вкусен зелен пијалак е полн со здрави состојки што ќе ви помогнат да се подготвите за сите предизвици што ве очекуваат. Ако не сте голем љубител на лиснат зеленчук, не грижете се, бидејќи зеленото смуди може да биде и здраво и вкусно.rn

    Вода со лимон

    rnАко ви е преку глава од чаеви, можете да пробате уште еден одличен пијалак за будење – вода со лимон. Овој едноставен пијалак, покрај тоа што ќе ви овозможи многу здравствени придобивки, брзо ќе го хидрира вашето тело по долгата ноќ.rn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај е дефинитивно еден од најпопуларните чаеви и совршен пијалак за будење. Покрај тоа што содржи кофеин, тој е полн со хранливи материи и е многу вкусен.rn

    Топло чоколадо

    rnКога надвор е ладно, некако е потешко да станете од топлиот кревет. Вистинското решение во такви ситуации е топол пијалак, а ако не пиете кафе, тука е топлото чоколадо. Овој сладок пијалак ќе ве затопли и ќе ве подготви за претстојниот ден.rnrnПрочитајте кои 3 топли пијалаци ќе ви помогнат за полнење на батериите и детоксикација на целиот организам.

  • Кафе од цикорија: Здрава замена за вообичаеното кафе

    Кафе од цикорија: Здрава замена за вообичаеното кафе

    Цикоријата е растение чиј корен во минатото луѓето го печеле и го вареле како кафе, бидејќи тогаш кафето било многу скапо. Коренот на цикоријата е сличен како оној на глуварчето, а може да се исуши, да се пече или да се меле. Дава одлично кафе со вкус на црно чоколадо. Ако барате да го намалите внесот на кофеин, можете да пробате чисто кафе од цикорија или да го измешате со вашето вообичаено кафе.rnrnЦикоријата содржи пребиотици, кои придонесуваат за здравјето на цревата и ги стимулираат добрите бактерии. Ова промовира правилно варење и силен имунитет. Цикоријата може да има кардиоваскуларни придобивки и да ја прочисти крвта и да го подобри здравјето на црниот дроб.rnrnКафе од цикорија: Здрава замена за вообичаеното кафе rnrnДали знаете зошто треба да го пробате овој пијалак?

  • Што се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?

    Што се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?

    За кафето има толку многу спротивставени мислења што е невозможно да се избројат. Некои тврдат дека е многу корисно, други дека е штетно. Она што е факт е дека кафето го зголемува нивото на адреналин, што доведува до побрз проток на крв низ телото и зголемување на бројот на отчукувања на срцето. Но, тоа е само почеток…rnrnШто се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?rnrnИсто така, кафето спречува допаминот повторно да се апсорбира во вашиот систем, поради што останува подолго во мозокот, а тоа доведува да се чувствувате позитивно и да бидете посреќни подолго време. А, задржувањето на допаминот е она што го тера мозокот да бара повеќе кофеин.rnrnПогледнете какви промени се случуваат во вашето тело во првите 6 часа по пиењето кафе:rn

    Во првите 10 минути

    rnКофеинот влегува во крвотокот и се шири низ целото тело, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и на отчукувањата на срцето.rn

    До 20 минути

    rnКофеинот се врзува за рецепторите на аденозин и го неутрализира заморот. Нивото на допамин се зголемува, што создава чувство на будност и фокусираност.rn

    До 30 минути

    rnНадбубрежните жлезди почнуваат да лачат повеќе хормони, а во овој период се шират зениците и видот може да стане поостар.rn

    До 40 минути

    rnТелото почнува да произведува повеќе серотонин, што ја подобрува работата на нервите во внатрешноста на ‘рбетниот мозок, а тоа доведува до подобрена координација и зголемена мускулна сила.rn

    По 4 часа

    rnСе забрзува метаболизмот и затоа согорувате енергија побрзо. Во овој период, телото почнува да ги разградува маснотиите.rn

    По 6 часа

    rnТечното кафе поминало низ вашиот организам и најверојатно ќе треба да уринирате. А дотогаш, околу половина од кофеинот што сте го консумирале ќе излезе од вашето тело.rnrnПрочитајте што се случува кога ќе испиете кафе на празен стомак.

  • 7 скриени извори на кофеин

    7 скриени извори на кофеин

    Кофеинот е застапен во многу други производи, не само во вашето кафе. Дознајте ги скриените извори на кофеин, почнувајќи од протеинските чоколади до житарките.rnrn8 скриени извори на кофеинrn

    Што треба да знаете за кофеинот?

    rnДоколку пиете кафе по 17 часот постои веројатност да бидете нервозни и вознемирени во текот на  ноќта. Кафето, чајот и газираните пијалаци се очигледен извори на кофеин. Но, дали знаевте дека и протеинското чоколадо содржи кофеин?rnrnПостојат многу неочекувани и скриени извори на кофеин во храната и пијалоците со кои можеби не сте запознати. Важно е да сте свесни за сите извори на кофеин. Препораки на докторите се дека возрасните не треба да внесуваат повеќе од 400 милграми кофеин на ден.rnrnДокторите велат дека некои луѓе можат да имаат несакани реакции при консумирање на поголема количина кофеин. Може да имаат проблеми со спиењето, вознемиреност или дијареа.rnrnБремените жени треба да бидат многу повнимателни при внесувањето на кофеин. Тие треба да внесуваат помалку од 200 милиграми дневно.rnrnСподелуваме со вас 8 скриени извори на кофеин, со цел да ја следите количината на кофеин која ја внесувате на дневно ниво.rn

    1. Протеински чоколади

    rnЗвучи неверојатно оваа храна да содржи кофеин, нели? Сепак тоа не треба да ве изненадува, особено ако чоколадата е со вкус на кафе. Некој од нив содржат дури 55 милиграми кофеин. Овој кофеин потекнува од мешавина од екстракт од кафе, какао и хербалниот екстракт. Некои протеински чоколади содржат многу помалку кофеин. Тие не содржат кафе, но имаат за цел да обезбедат енергија преку екстрактот од зрно кафе кои го содржат. Оваа состојка содржи 4 милиграми кофеин. Иако ова не е многу, избегнувајте внесување на енергетски чоколади пред спиење, советуваат докторите.rn

    2. Комбуха

    rnЛогично е комбухата, која е базирана на чај, да содржи кофеин. Комбуха се подготвува од црн или зелен чај, а овие чаеви природно содржат кофеин. Просечната комбуха содржи околу 45 милиграми кофеин. Комбухата е позната по придобивките за здравјето на цревата, но многу луѓе не се информирани дека популарниот пијалак содржи кофеин колку една шолја зелен чај.rn

    3. Чоколадни десерти

    rn8 скриени извори на кофеинrnrnДа, чоколадото содржи кофеин. Кофеинот природно е содржан во зрната какао. Кога зрното какао се меле за да се направи чоколадо, таа смеса содржи путер од какао и цврсти какао делови. Едно темно чоколадо обезбедува околу 20 милиграми кофеин. Иако темното чоколадо има повеќе здравствени придобивки од другите видови чоколада, можеби подобро е да внесувате млечно чоколадо ( кое содржи само 6 милиграми кофеин) или бело чоколадо (со помалку од 2 милиграми кофеин) доколку се обидувате да ја намалите дневната количина на внес на кофеин. Кофеинот се наоѓа само во цврстите материи од какао, но не и во какао путерот кој го содржи белото чоколадо.rnrnДесертите подготвени со чоколадо или со какао во прав содржат кофеин. Тука е вклучен и чоколадниот пудинг. Колку е потемна бојата на пудингот, толку повеќе кофеин тоа содржи, бидејќи има повеќе какао во прав.rn

    4. Безкофеинско кафе

    rnЛуѓето се изненадени кога дознаваат дека безкофеинското кафе содржи кофеин.Бескофеинското кафе содржи кофеин бидејќи методите кои се користат да се извлече кофеинот од зрното кафе не се целосно ефикасни и сепак останува дел од кофеинот.  Содржината на кофеин во ова кафе е променлива. На пример, некој кафиња имаат 25 милиграми кофеин.rn

    5. Сладолед

    rn8 скриени извори на кофеинrnrnОвој популарен десерт може да содржи кофеин. Сладоледот со чоколадо и кафе, може да содржи кофеин затоа што е направен од состојки што содржат кофеин. Некои производители на сладолед наведуваат дека нивото на кофеин во сладоледот (порција 2/3 чаша) или парчињата чоколадо во сладоледот содржат околу 35 милиграми кофеин.rnrnСладоледот со вкус на кафе не е единствениот вкус на сладолед кој содржи кофеин. И другите вкусови што содржат чоколадо и какао, исто така, содржат кофеин. Сладоледот со чоколадо содржи помалку кофеин од сладоледот со кафе, сепак со претварањето на чоколадото во сладолед, односно додавањето на млеко, павлака и шеќер, се намалува содржината на кофеин.rn

    6. Енергетски пијалаци

    rnРечиси сите енергетски пијалаци содржат кофеин. Во лименка енергетски пијалак има 70 милиграми кофеин. Ова дефинитивно може да изненади некој кој редовно пие вакви напитоци. Кофеинот се добива од екстракт од овошје, кафе и екстракт од бел чај. Тоа е еднакво на шолја кафе.rn

    7. Житарки

    rn8 скриени извори на кофеинrnrnЛогично е житарките со вкус на чоколадо да содржи и кофеин. Иако брендовите не ја наведуваат количината на кофеин што ја внесувате преку 1 порција, количината на кофеин е висока. Житарките што содржат кофеин се барани од луѓе кои сакаат да обезбедат енергетско засилување но не им се допаѓа вкусот на кафето.rnrnМожеби сакате да дознаете и дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?rn

  • Ако пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптоми

    Ако пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптоми

    Ако сте од оние што веднаш штом ќе се разбудат не размислуваат прво за јадење, туку за кафе, веројатно сте зависни од овој кофеински пијалак. Ако не можете да функционирате без кафе, веројатно сте почувствувале некои од следниве симптоми:

    rnАко пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптомиrnrn1. Се будите вознемирени, мразите сè, особено алармот што ве буди и вашата прва помисла е каде да го пиете првото кафе: на работа или имате време да го испиете дома пред да заминете.rnrn2. Не успеавте да го подготвите кафето дома, доцните на работа, пристигнавте на работа, но нешто ви недостасува. Не можете да почнете да работите пред да ја испиете првата голтка кафе.rnrn3. Го испивте првото кафе, но сè уште сте многу нервозни. Веројатно нема да можете да ги толерирате луѓето до пладне, сè додека кафето што го испивте утрово не „проработи“.rnrn4. Пристигнавте на работа, нема кафе за да си направите, а тоа од кафематот не ви е вкусно. Веднаш барате кафулиња што се блиску до вашето работно место и ја чекате првата можност да направите „кофеинска пауза“.rnrn5. Луѓето околу вас забележуваат промени во вашето расположение пред и по пиењето кафе. Откако ќе го испиете кафето, вие сте највеселата личности и би им помогнале на сите, а пред да го испиете кафето никој не смее да ви се приближи.rnrn6. Вашиот дигестивен систем се навикнува на кафето што го пиете наутро и често трчате директно во тоалет за време на кофеинската пауза.rnrn7. Кај нас нема „Старбакс“, но кога одите во странство и гледате какви „глупости“ мешаат во кафето, почнувате да се прашувате како луѓето можат да го пијат тоа затоа што тоа веќе не е кафето што го знаете и на коешто сте навикнати.rnrn8. Вашата продуктивност на работа расте пропорционално со шолјите кафе што сте ги испиле. Станувате хиперактивни и побрзо ги завршувате зададените обврски.rnrn9. Пиете кафе и попладне, но иако имате чувство дека срцето ви чука забрзано, сепак не се откажувате.rnrn10. Се смеете кога некој ќе ви каже да пие кафе без кофеин. Тоа е како некој да ви рече дека пие пиво, а всушност пие „Радлер“.rnrnПрочитајте кои состојки можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување.