КАФЕ ПАУЗА

Tag: кавги

  • Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?

    Како може Фејсбук да ви ја уништи врската?

    Социјалните мрежи лесно ги спојуваат луѓето, но исто така можат и лесно да ги раздвојат. Секојдневно слушаме многу примери за тоа како луѓе се запознаваат преку Фејсбук и се вљубуваат, социјалните мрежи станаа дури и места каде се предлагаат бракови. Но сите тие лајкови, боцкања и коментари можат лесно да им наштетат на вашата врска или брак.rnrnКако може Фејсбук да ви ја уништи врската?rnrn1. Будно следење на профилот – Кај секој заљубен човек има доза на љубомора, и тоа до некаде е нормално. Но социјалните мрежи се експерти за поттикнување на љубомората, па така луѓето се претвораат во будни стражари на профилите на своите партнери. Се следи секоја акција, секој коментар, возвраќање на коментар и секое ново пријателство. Никој не сака љубоморен партнер, секој сака да има слобода и простор да дише.rnrn2. Безначајни лајкови – Лајковите на Фејсбук направија една огромна еуфорија, почна сè и сешто да се мери со лајкови, но не заборавајте дека тоа не е начинот на кој се мери вашата љубов. Ако вашиот партнер „лајкувал“ нешто, значи дека му се допаѓа тоа што е објавено, а не личноста која го објавила. Секој има право да го каже сопственото мислење, да „лајкне“ нешто што му се допаѓа, не кревајте паники веднаш, само оставате впечаток дека сте незрела личност која обраќа премногу внимание на споредни работи во животот. Но од друга страна, кога сте во врска, нема потреба да се „расфрлате“ со лајкови по други профили, особено ако станува збор за слики од згодни момци и девојки, па која е поентата?rnrn3. Размена на лозинки – Кога вашата врска ќе стигне до тој степен да изгубите секаква доверба еден во друг, па да дојде и до размена на лозинки, знајте дека тоа не е начин да ги поправите работите кои ви тргнале надолу. Кажување на лозинките, заеднички профили и мејлови, не се знаци дека многу се сакате, туку напротив, дека не сте сигурни во себе. И покрај тоа што сте во врска, заслужувате да си имате свој живот и приватност.rnrnКако може Фејсбук да ви ја уништи врската?rnrn4. Следење на разговори – Љубомората и опсесивноста не смеат да дојдат до ваков степен. Нема потреба да следите нечии разговори, исто како што и вие не би сакале некој да ве шпионира вас. Доколку го познавате добро човекот со кој сте во врска, значи дека му верувате и го сакате, нема потреба да следите нечии разговори, тоа само ќе ви доведе кавги и неслога, зашто кога-тогаш ќе се дознае.rnrn5. „Средување“ на листата со пријатели – Да му забраните на вашиот партнер да комуницира со некого, само ќе ги влоши работите, и од тоа ништо добро не може да излезе. Напротив, кога на некого ќе му забраниш нешто и ќе му ја одземеш слободата, многу полесно можеш да го изгубиш. Што сте направиле ако ја избришавте згодната девојка од листата на негови пријатели? Зарем не можат да се видат во живо? Ако човекот е склон кон неверства, таков е секогаш и секаде, ништо не можете да решите или забраните преку Фејсбук.rnrn6. Поставување песни и оставање коментари – Кавги во една врска, предизвикани поради Фејсбук, се и оние кога ќе се јави неслога поради постирање песни и оставање коментари. Однесувајте се зрело, ако подолго време не ви постирал песна на ѕид или не ви оставил некаков коментар, не значи дека повеќе не му значите ништо.rnrnЗошто си тагнат на таа слика и која е девојката што стои до тебе? Зошто не ми врати на коментарот и кој е оној со кого си станала пријател? … Сфатете дека Фејсбук е виртуелен свет, различен од оној реалниот, и не е мерило за вашата љубов. Вашата љубов е најдобро да ја негувате далеку од очите на јавноста, бидејќи е еден интимен чин. Сфатете ги социјалните мрежи како места за забава, никогаш не дозволувајте да ви ја уништат врската или да предизвикаат кавги.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот живот

    Работи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот живот

    Филмовите се виновни за многу несреќни љубовни врски. А и како не би биле, кога во речиси секоја романтична комедија, главната актерка покрај себе го има најхрабриот херој, кој ги прави некои од следниве работи:rnrnРаботи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот животrn

    1. Ѝ доаѓа на девојката под прозор и ѝ пее

    rnПовеќето од девојките кога ќе се скараат со момчето, седат на својот кревет, плачат и се обидуваат да го добијат на телефон. Филмскиот јунак ќе сфати дека тоа што го направил е погрешно, па ќе трча да го поправи проблемот со букет црвени ружи пред вратата на девојката на која ѝ ги повредил чувствата. Ако треба ќе седи надвор и на дожд ќе ѝ пее серенади, понижувајќи се пред комшиите и ќе нѐ натера нас девојките, кои плачеме пред телевизорот, уште повеќе да ги мразиме своите момчиња.rn

    2. Се заљубува во девојката од соседството иако е опкружен со манекенки

    rnУспешниот бизнисмен кој е постојано опкружен со убави жени и може да ја има која и да ја посака, одеднаш одлучува дека љубовта на неговиот живот е комшиката која ја сретнува на пат до пекарницата? Филмовите нѐ научија дека на патот до контејнерите можеби ќе ја сретнеме љубовта на нашиот живот, што можеби и не е толку нереално, но мажот сигурно во тој „романтичен“ момент додека го фрламе ѓубрето, нема да застане пред нас за да ни го побара телефонскиот број, иако сме облечени во пижами.rn

    3. Се заљубува во девојката иако се договорени дека се заедно само за секс

    rnЕштон Кучер и Натали Портман, Џастин Тимберлејк и Мила Кунис имаат неколку заеднички работи: преубави се, се имаат договорено дека се заедно само за секс кој не вклучува никакви емоции и потполно се нереални. Паровите кои се само пријатели со бенефиции, ретко завршуваат како оние на телевизија, бидејќи дури и едната личност да се заљуби, другата не ги има истите чувства, па неминовно ќе дојде до раскинување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали врска на далечина може да успее?

    Дали врска на далечина може да успее?

    За некои луѓе врската на далечина може да биде многу тешка, па така многу парови кои пробале да ја одржат љубовта на овој начин не успеале во тоа. Истражувачите пак тврдат дека врската на далечина не е невозможна мисија. Клучот за опстанокот на ваквата врска лежи во начинот на кој размислувате. Наместо далечината да ја гледате како проблем, треба да ја гледате како предност. Еве неколку причини за тоа.rnrnДали врска на далечина може да успее?rnrnВаквата врска може да ве направи среќни. Во ваквата врска ќе имате многу повеќе време за да посветите на себе, во што спаѓа и здравиот начин на размислување и живеење. Ви се отвораат и портите за надградување на образованието и напредок во кариерата, што во иднина сигурно добро ќе ù дојде на вашата врска. Со други зборови, можете истовремено да се чувствувате среќно и исполнето, но истовремено и сакано, иако од далечина.rnrnВрската може да ви биде совршена. Оние луѓе кои се сингл често се плашат од љубовта бидејќи им е страв да се врзат и да чувствуваат одговорност, додека на оние кои веќе се во врска им недостасува слобода. Вие можете да ги имате и двете работи.rnrnДали врска на далечина може да успее?rnrnНикој не ве спречува во ништо. Често може да се чуе како некој кажува „Планирав да продолжам со образованието, но мојот партнер сакаше да основаме семејство“. За вашата врска ова нема да биде проблем, бидејќи можете слободно да продолжите да си го живеете сонот, без страв дека тој не е по плановите на партнерот.rnrnВрската може да ви стане посилна и поздрава. Незадоволството на еден партнер од која било причина, може да ја уништи врската.  Вие имате шанса сето ова да го избегнете, бидејќи вашата врска нема да го има притисокот од секојдневните стресови и проблеми, од кои често можат да произлезат кавгите.rnrnДвајцата ќе станете поинвентивни и пооригинални на љубовен план. Врската на далечина бара од двата партнери оригиналност во пронаоѓањето начин за искажување на љубовта. Токму затоа овие врски се посебни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчести грешки во врските

    Најчести грешки во врските

    Понекогаш несвесно, понесени од некаква заљубеност правиме грешки. Грешките во врските се случуваат во секакви околности, особено на почетокот на врската. Секој греши, но сите имаме и можност да избегнеме одредени погрешни постапки.rnrnНајчести грешки во врскитеrnrnКои се најчестите грешки во љубовните врски?rnrn1. Му посветувате премногу време на партнерот – многу брзо врската ќе ја донесете до стадиум на тотална здодевност и тој/таа ќе чувствува како некој да му/ù ја одзема слободата.rnrn2. Мислите дека ќе се промени – дефиниција за лудило е да правите исто нешто повторно и повторно очекувајќи различни резултати. Па не бидете луди, престанете да му/ù давате шанси да ја поправи работата! Само залудно го трошите вашето, а воедно и неговото/нејзиното време.rnrn3. Дозволувате некој да биде супериорен во врската – секако постојат работи за кои е подобро да одлучите вие, а за други, вашиот партнер. Но сосема различно е некој да биде постојано супериорен во врската, да се слушаат неговите желби и да се почитуваат само неговите приоритети. Никој не сака неговото его да биде згазено, имајте почит за туѓите потреби.rnrn4. Претерано сте љубоморни – дури и кога ќе почувствувате љубомора не мора да ја искажувате. Во врската ќе донесете притисок, кавги и неслога. Нели врските треба да носат спокој, задоволство и среќа? Никој не сака да биде во врска со личност која е болно љубоморна.rnrn5. Реагирате лошо на неговите/нејзините средби со бившите – имал/а живот и пред вас, исто како што сте имале и вие. Во ред е да се сретне и поздрави со бившите, но доколку реагирате избувливо ќе изгледате како плашлива личност која нема доволно самодоверба и се плаши од луѓето во неговото/нејзиното минато. Избегнете бурни реакции пред другата личност или насамо со партнерот, освен доколку некој навистина премине одредени граници.rnrn6. Дозволувате емоционално насилство или сте емоционално насилни – врската со емоционално насилство нема иднина, не дозволувајте некој да ве вознемирува, да ги крати вашите права или слободата.rnrn7. Се изолирате од надворешниот свет – се оддалечувате од вашите пријатели, го запоставувате своето семејство. Но размислете, ако направите тој/таа да биде сè во вашиот живот, што би се случило кога на таа врска би ù дошло крај?rnrn8. Го/ја правите главна точка на распоред 24/7 – оставете го/ја да дише! Имајте си пауза еден од друг, врската побрзо ќе ви здодее доколку заедно го поминувате речиси целото слободно време, а тогаш кога не сте заедно „висите“ на телефон. Тоа се веќе опсесивни врски кои не траат долго.rnrn9. Го/ја опсипувате со подароци – со трошењето пари не правите да ве сака повеќе, може само да постигнете спротивен ефект.rnrn10. Прерано се запознавате со неговото/нејзиното семејство – додека врската не стане сериозна, нема потреба од избрзани постапки како присуствување на важни семејни собири.rnrn11. Немате разрешено со вашето минато – еден од главните проблеми во врските е мешањето на минатото со сегашноста, а уште полошо доколку не сте „начисто“ со минатото или доколку премолчувате важни работи кои би требало да бидат кажани.rnrn12. Премногу рано ја изразувате вашата љубов – внимавајте, љубов се изразува со „ладна“ глава, и секако, бидете свесни за последиците. Но не изјавувајте љубов ни предоцна. Доколку не ја вреднувате личноста со која сте во врска, може да биде доцна кога ќе сфатите колку таа личност ви била важна.rnrn13. Кавгите ги решавате со секс – расправијата која е потисната од моментално задоволство не е решена, само е скриена, но кога-тогаш ќе исплива на површина.rnrn14. Не внесувате ништо ново во врската – не дозволувајте ù на монотонијата да царува. Внесете нешто ново, интригантно, врската треба да ви биде интересна и возбудлива.rnrn15. Дозволувате други да ви се мешаат во врската – ни вашето семејство ни пријателите не знаат точно како ви е вам и кои се околностите со кои се соочувате. Не дозволувајте блиските да ви се мешаат и да ви „солат“ памет. Разграничете добронамерен совет од мешање каде некому не му е местото.rnrnИ за крај, најголемата грешка е да заборавите да се цените себеси. Не заборавајте колку вредите и дека не е крај на светот доколку на врската ù дојде крајот. Никој не е поважен од самите вас, не заслужувате некој кој ќе ве третира лошо!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни причини за кавги меѓу партнерите

    Смешни причини за кавги меѓу партнерите

    Кавгите со партнерот некогаш се издржани и можеби причина да размислувате за разделба, но многу често се смешни и во никој случај не се вредни да ви го расипуваат расположението и ведриот дух кој владее помеѓу вас. Која од овие ситуации била причина за кавга во вашиот случај?Смешни причини за кавги меѓу партнерите1. „Не ми се верува дека имаше секс со _____ пред мене.“rnrnСекако дека ова не е вистинската причина за лутењето и кавгата. Веројатно се работи за нешто друго што ги оптоварува мислите на вашиот партнер, но ова му е канал за покажување на револтот. Која е инаку логиката за ваквото обвинение? Тоа е исто како добиете покана за судење за казната за брзо возење која ја имате платено уште пред две години.rnrn2. „Ќе одиме кај моите родители за Велигден?“rnrnВо случајов може да се работи за кој било друг празник, а целата работа се состои во тоа што вашиот партнер веројатно никогаш не се чувствува многу комотно и пријатно во друштвото на вашите родители, но понекогаш мора да биде подготвен да даде потврден одговор. Ако неговиот одговор не е она што сте сакале да го чуете, веројатно ќе следува констатацијата: „Ти не ги сакаш моите родители“, што неретко може да доведе до поголема кавга, неколкудневно лутење, па и евентуален прекин на врската.rnrn3. „Во кој ресторан сакаш да одиме на вечера?“rnrnЗапрашајте се колку пати овој муабет бил извор на напнатост и причина за кавга во вашата врска. Вистината е дека кога ќе ви се постави ова прашање, вие веројатно го знаете одговорот, знаете и што ви се јаде и каде ви се јаде, но сакате да делувате прилагодливи и попустливи, па му ја препуштате одлуката на партнерот. На тој начин, него го товарите со обврската да пресече, но и да ви ги погоди моменталните преференции за храна и место за јадење. Зарем реално очекувате тој да ви прочепка во мислите, па и во стомакот!?rnrn4. „Вака сакаш да изгледам?“rnrnКога сте подолго време во врска, го губите правото да кажете дека некој друг ви е привлечен. Иако ја газите земјата заедно со уште 6 милијарди луѓе, кога сте со некој, тој е единствениот за вас, кој ете сте имале среќа да го најдете. Ако после коментарот за изгледот на некоја филмска ѕвезда, се погледнете во огледало и не сте задоволни од себе, па згора на тоа и ви текне дека веќе некое време не сте имале секс, наеднаш се раѓаат еден куп загрижувачки мисли, кои или ќе одлучите да ги премолчите или ќе прераснат во кавга од типот: „Ти не ме сакаш веќе мене“, „Знам дека ме мразиш“ и сл. Смешно, нели?rnrn5. „Твои се немиениве чинии?“rnrnСекако дека се негови. Но, во врските, на ваквото прашање скоро редовно му следува ироничен одговор од типот: „Не, гарант влегол комшијата Зоки, му се јадело, си спржил јајца, па ги оставил“. Овие кавги не завршуваат тука, па после две-три препукувања на истата тема, многу лесно се преминува на нешто друго, како: „Можеби и би си ги миел чиниите кога ти не би ги оставала твоите шминки низ целиот стан.“rnrn6. „Секогаш доцниш.“/„Кога ќе тргнеме?“rnrnНаучно е невозможно двајца луѓе да бидат подготвени за излегување во исто време. Но, додека едниот се спрема, а другиот „дреме ко мисир“, неизбежно е да се зголемува нервозата и лутината, што на крајот ќе експлодира со прашањето (со висок тон на гласот): „Добро, ќе излеземе некогаш од дома?“rnrn7. „Не ме слушаш кога ти зборувам.“rnrnКолку повеќе време поминувате со некого, толку помалку имате потреба да го слушате за да навистина „го слушнете“. Наместо тоа, во состојба сте да процените што ќе каже вашиот партнер според изразот на лицето, гестикулациите и висината на тонот на гласот, слично како што научниците комуницираат со делфините. Но, ако партнерот ве фати дека не го слушате, или барем го претпостави тоа, готов/а сте. Налутениот партнер во таков случај не чека одговор, туку веднаш избрзува со констатациите: „Ти мене не ме слушаш повеќе“, „Јас си зборам сам/а на себе“ итн. Обидете се некогаш да го почекате одговорот, можеби ќе се изненадите.rnrnРазмислете колку пати сте се скарале токму заради една од овие причини и ќе сфатите дека навистина се смешни за расправии.rnrnИмате да додадете некоја ваша на листата?rnrn—————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.