КАФЕ ПАУЗА

Tag: калкулатор

  • Краток тест: Дознајте колку е здраво вашето срце

    Краток тест: Дознајте колку е здраво вашето срце

    Дали сте знаеле дека две од пет жени во светот имаат срце и до пет години постаро од остатокот од телото? Овој податок би требало да ве поттикне да размислите за здравјето на најважниот мускул во вашето тело. Па, доколку сакате да дознаете колку е здраво вашето срце, сè што треба да направите е да го решите тестот што ќе го пронајдете во продолжение.rnrnrnrnСтареењето е дел од природен процес, а првите знаци ги гледаме на лицето, телото и кожата, и тоа во облик на брчки и бели влакна. Но, стареењето се случува и во нашиот организам, а понекогаш тоа може навистина да нè изненади дека не е видливо.rnrnИмено, истражувањето од американскиот центар за контрола и превенција на болести покажало дека две од пет жени имаат и до пет години постаро срце од остатокот од телото. Таканаречениот синдром старо срце се однесува на неговото здравје и работа, што може да биде показател за можни идни болести.rnrnПа, доколку сакате да дознаете колку е старо вашето срце, тестирајте го со помош на овој калкулатор за срце. Во калкулаторот треба ги внесете своите години (над 35), телесната висина и тежина, состојбата на шеќерот во крвта (дијабетес) и дали сте пушач. Резултатот би требало да ја открие состојбата на вашето тело, како и процентот на ризик за заболување од одредени срцеви болести во следните 10 години.rnrnНаправете го и овој едноставен тест со кој ќе откриете дали кај вас постои ризик од прерана смрт.

  • Секс калкулатор: Со колку луѓе сте спиеле индиректно?

    Секс калкулатор: Со колку луѓе сте спиеле индиректно?

    Повеќето луѓе многу добро знаат со колку лица имале сексуални односи. Но, дали сте свесни со колку луѓе сте имале секс индиректно? Тој податок веројатно не ви е познат, но благодарение на една фармацевтска компанија од Велика Британија, бројот на индиректни сексуални партнери повеќе не е мистерија.rnrnСекс калкулатор: Со колку луѓе сте спиеле индиректно?rnrnОваа фармацевтската компанија одлучила да ја разбуди свеста кај луѓето ширум светот така што создала секс калкулатор чија цел е да открие со колку луѓе сте имале индиректен сексуални односи во текот на вашето досегашно сексуално искуство.rnrnОвој калкулатор функционира по теоријата на Милграм за шесте нивоа на разделеност, според која кои било две личности можеле да дојдат во контакт преку 6 други различни личности. Индиректниот секс не се однесува на вашите сексуални партнери, туку на луѓето со кои вашиот партнер имал односи, како и сите оние луѓе со кои неговите или нејзините партнери имале односи. Сите тие можеби за вас се непознати, но индиректно преку вашиот партнер вие сте имале сексуални односи и со нив.rnrnРезултатите сигурно ќе ве шокираат, но тоа е и целта на овој проект кој се обидува да ја подигне свеста за опасностите на кои се изложувате секогаш кога сте сексуално активни, односно на ризикот од сексуално преносливи болести. По оваа шокантна бројка дефинитивно повеќе ќе внимавате и секогаш ќе користите заштита.rnrnПодготвени сте да дознаете која е вашата бројка на индиректни сексуални партнери? Испробајте го овој секс калкулатор и дојдете до неверојатното откритие кое ќе ве загрижи, но и ќе го промени вашиот начин на размислување.

  • Најдобрите апликации за Google Chrome

    Најдобрите апликации за Google Chrome

    Автор: Дејан ЗафировскиrnrnПродавницата на Google Chrome (Chrome Web Store), беше за првпат претставена на Google I/O конференцијата пред околу една година или на 19 мај, 2010 година, а официјално беше стартувана на 6 декември. Со помош на оваа продавница корисниците на Google Chrome можат да преземаат апликации и екстензии за поголема продуктивност, за подобрување на нивното и онака позитивно искуство со Chrome, но и да заиграат некоја игра во слободно време. Актуелната дванаесетта верзија на Google Chrome со својата природна поддршка за HTML5 стандардот и хардверското забрзување, создава услови за креирање многу подобри и помоќни апликации. Ние избравме неколку од нив, кои нам ни оставија најголем впечаток. Читајте!Најдобрите апликации за Google Chromern

    1. Chromey Calculator

    rnИако сите ја знаеме основната апликација „Калкулатор“ од Windows, понекогаш знае да создаде проблеми барајќи ја низ менито, а со самото тоа влијае и на времето потрошено за сработување некој проект. Но, доволно е ја инсталирате екстензијата Chromey Calculator, да ја кликнете иконата до линијата за адреси и тоа е тоа. Никогаш не било полесно.rnrnОваа апликација ви овозможува да извршите разни научни, математички, па дури и конвертабилни пресметки. Ги поддржува сите типови операции, броеви, а исто така, тука се и математичките и физички константи од типот pi, e, c, h и ред други. Доколку згрешите, на помош ви доаѓа опцијата на Google – Did You Know, a во извршувањето на сите пресметки, покрај Google, задолжена е апликацијата Wolfram|Alpha. Вистинска комбинација на моќни и брзи пресметки за миг. Да не заборавиме дека можете да направите брза конверзија на мерните единици. Квалитетна екстензија која секој математичар треба да ја користи. Времето е пари, зарем не?Најдобрите апликации за Google Chromern

    2. 3DТin

    rn3DTin е „аматерска“ алатка за сите кои се занимаваат со 3Д моделирање. Иако оваа апликација всушност води до официјалната страница за апликацијата (можете да ја зачувате и како bookmark), сепак ги искористува предностите на HTML5 стандардот и наменета е да се користи исто како и стандардните десктоп-апликации. Што значи ова? Можете да ја користите дури и кога сте офлајн, благодарение на HTML-кешингот.rnrnСо 3DTin ќе можете да создавате квалитетни 3Д модели, a потоа да ги зачувате во облак или некаде локално во PNG, SVG, OBJ или STL формат. Искористете ја моќта на WebGL и Google Chrome и моделирајте исто како што го правите тоа во Maya или Softimage. Проверете како. Да се разбереме, софтверите на Autodesk се неспоредливи со оваа апликација, но имајте на ум дека вашите првични идеи можете да ги преточите преку 3DTin, па од тука да продолжите во некој од познатите софтвери.Најдобрите апликации за Google Chromern

    3. Aviary Image Editor

    rnПовеќето знаат (барем) како изгледа интерфејсот на Photoshop. Исто така знаат дека од десната страна се наоѓа менито за Layer-и, а од левата класичните алатки, од типот Crop Image, Freeform Selection, Selection Tool и слично. А, да, горе се наоѓаат и многуте ефекти и филтри за креирање уникатна композиција. Е, па и во Aviary Image Editor менито е исто како во Photoshop, па доколку ја немате таа апликација некаде при рака или можеби е прескапа за вашиот џеб, ова е вашата алтернатива за секојдневна употреба. Полесно, здравје.Најдобрите апликации за Google Chromern

    4. Marvel Comics

    rnПознатата апликација за Android и iOS, сега е достапна и за Google Chrome. „Must Have“ апликација за љубителите на стриповите од продукцијата на Marvel. Искуството е исто како она кај паметните телефони. Кој имал – знае. Да не „тупиме“ многу, инсталирајте ја Marvel Comics, купете си некој стрип или прочитајте ги сите бесплатни и влезете во светот на иднината. Многумина ќе се согласат дека полека, но сигурно, изумира потребата за читање стрип во печатена форма, кога на интернет сè ви е на дланка. Ако повеќе милувате да читате во „hard copy“ верзија, тука е опцијата за праќање печатени верзии на вашата домашна адреса.Најдобрите апликации за Google Chromern

    5. Angry Birds

    rnНема да одолговлекуваме многу со пишување. По iPhone, Android, Maemo, webOS, Symbian^3, PlayStation 3/PSP, Windows и Mac OS X, Angry Birds сега и во Google Chrome.Само не дозволувајте лутите птици да станат вашиот лут шеф кога ќе ве види како играте во вашиот прелистувач. На крајот на краиштата, немојте да му се лутите ако почне да ве мава со кутии, стакла, камења, бомби… Сепак, тој е вашиот шеф :).Најдобрите апликации за Google ChromeДруги апликации кои ви ги препорачуваме: Super Mario Bros., Super Mario Bros. Crossover, Planetarium, Dropbox, Cycling the Alps, Magic Actions for YouTube, Official Facebook Extension, RoboForm Lite, Virtual Keyboard, Smooth Gestures, dA Message Notifier, Picnik, Pixlr Grabber – Screen capture/image grabbing, AutoCAD WS и Jolicloud.rnrnНа располагање ја имате целата продавница, а на вас останува да се послужите сами. Дури и ако излезете со цела торба производи, нема да ве пречекаат дома со прашањето: „Колку те чинеше ова?“, или „Но, зошто? Ова веќе го имавме во фрижидер!“rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.