КАФЕ ПАУЗА

Tag: какао

  • Кремасто топло какао со урми

    Кремасто топло какао со урми

    Густ и богат вкус

    rnКремасто топло какао со урмиrn

    Потребни состојки за една шолја:

    rn

      rn011

    • една лажица какао
    • rn011

    • една лажица путер од кикирики
    • rn011

    • 5 урми
    • rn011

    • млеко колку да ги покрие сувите состојки
    • rn011

    • вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги какаото, путерот од кикирики и урмите во блендер и прелијте ги со млеко колку да ги покриете. Блендирајте додека сите состојки добро се соединат, измешајте ги со шолја врела вода и вашиот пијалак е готов.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топло какао со ѓумбир и портокал

    Топло какао со ѓумбир и портокал

    Какао со силно зачинет вкус

    rnТопло какао со ѓумбир и портокалrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички какао
    • rn011

    • 4 лажички кафеав шеќер
    • rn011

    • рендана кора од ½ портокал
    • rn011

    • 1 лажичка ситно исечкан корен од ѓумбир
    • rn011

    • 100 мл млеко
    • rn011

    • 100 мл вода
    • rn011

    • малку екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЃумбирот, кората од портокал, шеќерот и екстрактот од ванила ставете ги во блендер и мешајте околу една минута. Потоа додајте го какаото и мешајте додека сите состојки убаво не се соединат.rnrnВо меѓувреме млекото и водата ставете ги во сад на тивок оган. Кога течноста ќе зоврие, почнете да додавате од неа во смесата од блендерот, константно мешајќи, и не повеќе од една лажичка наеднаш. Кога ќе добиете паста, истурете ја оваа смеса во течноста која врие на огин. Кога сето тоа добро ќе се соедини, вашиот пијалак е спремен за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неодолив чоколаден колач во шолја

    Неодолив чоколаден колач во шолја

    Совршена награда која треба да си ја дадете себеси после тежок испит, исцрпувачки ден на работа или тешка кавга со партнерот. Ова е колач во кој се ужива сам.

    rnНеодолив чоколаден колач во чаша

    rn

    Потребни состојки:rn

      rn011

    • 2 лажици какао
    • rn011

    • 3 лажици брашно
    • rn011

    • ¼ лажичка сол
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 3 лажици млеко
    • rn011

    • ¼ лажица прашок за пециво
    • rn011

    • 3 лажици кокосово или растително масло
    • rn011

    • ½ кесичка екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Добро измешајте ги сите суви состојки.
    2. rn011

    3. Додајте ги течните и повторно добро измешајте.
    4. rn011

    5. Префрлете сè во мал огноотпорен сад или шолја која може да се загрева на висока температура.
    6. rn011

    7. Ставете го садот во микробранова печка на 60 секунди на висока температура или печете во рерна 10 минути на 175 степени.
    8. rn011

    9. По желба украсете со шлаг, овошје или чоколаден прелив.
    10. rn011

    11. Послужете си го сами на себе и уживајте.
    12. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатка љубовна приказна раскажана преку лате-арт

    Слатка љубовна приказна раскажана преку лате-арт

    Кога ќе погледнеме во шолја кафе, повеќето од нас гледаат незаменлив еликсир на животот создаден со цел да ни помогне да го истуркаме денот. Но, подајте му ја шолјата на вешт бариста и тој може да направи чуда.rnrnslatka-ljubovna-prikazna-raskazhana-preku-late-art-kafepauza.mkrnrnСлаткото видео е создадено од јапонската компанија „Ajinomoto General Foods“ со цел да го промовираат нивниот нов вкус Maxim Stick.rnrnВидеото „Latte Motion“ е снимено за период од 3 дена, а употребени биле вкупно 1.000 шолји со кафе. Цртежите се направени со истурање какао врз пластични шаблони. Уживајте во видеото и погледнете како изгледа првата лате-анимација што некогаш била направена.rnrn

  • Домашно какао, преполно со здравје

    Домашно какао, преполно со здравје

    Топол зимски пијалак кој ќе ви помогне во борбата против студенилото

    rnДомашно какао, преполно со здравјеrn

    Потребни состојки за 2 шолји:

    rn

      rn011

    • 470 милилитри бадемово млеко со вкус на ванила
    • rn011

    • 1 супена лажица сирово какао
    • rn011

    • 1 супена лажица сиров мед
    • rn011

    • 1 супена лажица кокосово масло
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте го бадемовото млеко на шпорет до оној момент пред да почне да врие и додајте ги сите состојки во блендер. Мешајте една минута.

  • Вкусни и здрави колачи кои не се прават со брашно и шеќер

    Вкусни и здрави колачи кои не се прават со брашно и шеќер

    Ако сакате да ги замените брашното и шеќерот во слатките рецепти, веројатно досега не сте се сетиле на оваа магична состојка – слаткиот компир

    rn1-vkusni-i-zdravi-kolachi-koi-ne-se-pravat-so-brashno-i-shekjer-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 г пире од слатки компири
    • rn011

    • 250 г бадемов путер или путер од кикирики
    • rn011

    • 3 лажици какао
    • rn011

    • 1 јајце (по желба можете да употребите и 2)
    • rn011

    • 60 мл јаворов сируп
    • rn011

    • 1 ванила
    • rn011

    • 2 лажички цимет
    • rn011

    • 1 лажичка сода бикарбона
    • rn

    rn2-vkusni-i-zdravi-kolachi-koi-ne-se-pravat-so-brashno-i-shekjer-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Боцнете 3-4 слатки компири со виљушка и печете ги во рерна еден час. Ова можете да го направите и еден ден претходно и потоа да ги складирате компирите во фрижидер.
    2. rn011

    3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги сите состојки во сад, притоа додавајќи го јајцето последно.
    4. rn011

    5. Во коцкесто тавче ставете хартија за печење и откако добро ќе ја изедначите смесата сипете ја одозгора. Печете 25 минути и сервирајте ги колачите изладени после половина час.
    6. rn

    rn3-vkusni-i-zdravi-kolachi-koi-ne-se-pravat-so-brashno-i-shekjer-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Убиствено добра комбинација: Торта од чоколадо и костени

    Убиствено добра комбинација: Торта од чоколадо и костени

    Пирето од костени и кремот од чоколадо ќе создадат торта која ќе ви ја збогати трпезата, ќе ја јадете со сласт и ќе внесе дополнителна радост во ова преубаво годишно доба од годината

    rnubistveno-dobra-kombinacija-torta-od-chokolado-i-kosteni-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 јајца
    • rn011

    • 80 г шеќер
    • rn011

    • 2 лажици какао
    • rn011

    • 60 г пченично брашно (тип 40)
    • rn011

    • 5 лажици млеко
    • rn

    rn

    За кремот:

    rn

      rn011

    • 150 г пире од костени
    • rn011

    • 300 мл слатка павлака
    • rn011

    • 300 мл млеко
    • rn011

    • 1 крем за колачи од чоколадо
    • rn011

    • 100 г чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Жолчките и шеќерот заедно ставете ги во сад и со електричен миксер изматете ги додека не добиете кремаста смеса. Додајте го какаото помешано со брашно и добро измешајте. Белките изматете ги во цврст шлаг и нежно додавајте ги во смесата.
    2. rn011

    3. На дното на калап за торта со дијаметар 24 см ставете хартија за печење и добро премачкајте ја со путер. Сипете ја подготвената смеса, израмнете и печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени.
    4. rn011

    5. Извадете го печениот пандишпан и оставете го да се излади, а потоа напрскајте го со млеко.
    6. rn011

    7. Пирето од костени разредете го со 100 мл слатка павлака. Во сад ставете го ладното млеко, додајте го остатокот од слатката павлака и содржината од кесичката за кремот. Матете со миксер на средна брзина околу 2-3 минути, додека не добиете крем. Во него додајте го стопеното чоколадо и разреденото пире од костени.
    8. rn011

    9. Веднаш нанесете врз оладениот бисквит-пандишпан и израмнете. Потоа тортата ставете ја во фрижидер да се лади, после што е спремна за послужување. Дополнително можете да ја украсите со шлаг или чоколадна глазура.
    10. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите сексуално кафе? Да, и тоа навистина постои!

    Како да направите сексуално кафе? Да, и тоа навистина постои!

    Кафе кое покрај тоа што ќе ве снабди со потребната кофеинска доза, туку и вашата утринска рутина ќе ја претвори во извор на силна сексуална желба

    rnkako-da-napravite-seksualno-kafe-da-i-toa-navistina-postoi-kafepauza.mkrnrnОва кафе е базирано на состојки кои спаѓаат во суперхраната, а се користеле уште од античко време за поттикнување на сексуалниот нагон.rn

    Придобивки од состојките:

    rnМака: Тоа е ацтетски корен, кој обично се користи сомелен во прав. Како адаптоген го поддржува телото во создавање на ензимите кои му се потребни за да ги балансира хормоните и да ја поттикнува плодноста. Често се препорачува како афродизијак кој може да го подигне либидото.rnrnКакао: Суровото какао е стимуланс. Го поттикнува крвотокот и го стимулира телото да ослободува серотонин, кој го подобрува расположението. Според една студија објавена во Списанието за сексуална медицина, жените кои јаделе чоколадо, на дневна база имале повисок т.н. женски сексуален индекс односно оствариле повисоки резултати на табелата за женски сексуални функции.rnrnЦимет: Циметот ја стимулира виталната енергија, штитејќи го телото од одложување на желбата за секс што често настапува после напорен ден.rnrnМед: Медот може да ја продолжи издржливоста, а докажано е дека ја зголемува енергијата и плодноста.rnrnКокосово млеко: Многу култури го имаат користено кокосовото млеко за природно да ги балансираат хормоните и да ја зголемат сексуалната желба. Полно со здрави масти, кокосовото млеко ќе ви даде енергија за секс без да ви предизвика изнемоштеност потоа.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 мл жешко кафе
    • rn011

    • 1 лажица сурово какао
    • rn011

    • 2 лажица кокосово млеко
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn011

    • 1 лажичка мака
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете го кафето во среден сад. Додадете ги какаото, кокосовото млеко, медот и циметот. Матете со рачен блендер додека смесата не запени. Потоа додадете ја маката, изматете уште малку и веднаш сервирајте. Уживајте во кафето и секако – и во сексот! ;)rnrnПијте го ова кафе еднаш или двапати неделно кога ќе сакате да ги почувствувате придобивките од суперхраната која ја поттикнува сексуалната желба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Безглутенски какао тортички

    Безглутенски какао тортички

    Вкусно безглутенско задоволство кое ќе ви го направи денот поубав

    rnbezglutenski-kakao-tortichkirn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • 1 лажичка ванила
    • rn011

    • 60 милилитри јаворов сируп (додадете повеќе ако сакате тие да бидат поблаги)
    • rn011

    • 340 грама црн грав од конзерва, измиен и исцеден
    • rn011

    • 40 грама какао
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • 75 грама бадеми, исецкани
    • rn011

    • 25 грама кокос
    • rn011

    • 1 лажица чиа
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВклучете ја рерната на 175 степени и оставете ја да се загрее. Ставете ги бананата, ванилата и јаворовиот сируп во блендер и мешајте сè додека не добиете мазна мешавина. Потоа додајте го и црниот грав, какаото и солта и мешајте минута-две или сè додека повторно не добиете мазна мешавина. Претурете ја мешавината во сад, а во блендерот ставете ги бадемите и кокосот. Мешајте сè додека нивната големина не стане по ваш вкус. Откако ќе завршите, претурете ги во садот со мешавината, додајте ги и семките од чиа и мешајте сè додека сите состојки не се соединат. Калапот за печење (20,3 см x 28 см) премачкајте го со тенок слој масло и сипете ја мешавината за тортичките. Печете 35 минути.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Која е разликата помеѓу белото и црното чоколадо?

    Која е разликата помеѓу белото и црното чоколадо?

    Автор: Маја ЛинковаrnrnПовеќето луѓе сакаат чоколадо. Чоколадото е намирница на која ретко кој може да ѝ одолее. Всушност, чоколадото е најпопуларниот сладок производ во светот. Некои истражувања велат дека јадењето чоколадо може да ви го продолжи животот или да ви го подобри видот, други пак велат дека создава чувство како она кога се заљубуваме. Посакуваната слатка е позната по својата темнокафена боја, но исто така ја има и во бела боја. Која е разликата?rnrn0-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mkrnrnЦрното чоколадо се состои од какао путер, шеќер и какао во прав. За разлика од млечното кафено чоколадо, црното чоколадо не содржи млечни состојки.rnrnОд друга страна пак, белото чоколадо всушност не е чоколадо бидејќи не е направено од какао. Белото чоколадо се состои само од какао путер (масло од зрна од какао) измешан со млеко и шеќер. Се разбира тоа не значи дека белото чоколадо не е вкусно, напротив има многу поблаг вкус од црното чоколадо.rnrn1-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mkrnrnШто се однесува до здравјето, црното чоколадо ја има предноста. Луѓето кои конзумираат црно чоколадо имаат позитивни ефекти врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека доколку јадете 40 грама црно чоколадо на ден, може да ви се намали нивото на хормоните кои предизвикуваат емоционален стрес и вознемиреност. Поради тоа што во зрната какао има висока содржина на флаванолни антиоксиданси, темното чоколадо има придобивки кога се во прашање кардиоваскуларните заболувања и го намалува високиот крвен притисок.rnrn2-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mkrnrnОд друга страна, белото чоколадо содржи многу шеќер и масти кои му штетат на здравјето. Но, бидејќи не содржи какао и нема кофеин, идеален е за оние кои не конзумираат производи со кофеин.rnrnОбично се препорачува да се консумира чоколадо со 70% какао маса за да има поголем ефект. Но, тоа не значи дека чоколадите со помал процент на какао немаат никаков ефект. Конзумирајте по неколку коцки чоколадо на ден. Ќе забележите дека тоа ви е од голема корист за вашиот организам.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.