КАФЕ ПАУЗА

Tag: кафулиња

  • 12 трикови што ги користат вработените во рестораните и во кафулињата за да манипулираат со вас

    12 трикови што ги користат вработените во рестораните и во кафулињата за да манипулираат со вас

    Јадењето е всушност последната работа на списокот зошто луѓето посетуваат ресторани и кафулиња. Обично одат таму за да се забавуваат и да бидат расположени. Сопствениците на ресторани и на угостителски објекти се добро запознаени со овој факт, поради што продолжуваат да употребуваат нови професионални трикови секој ден. Прочитајте какви тајни кријат сопствениците и вработените во рестораните од своите клиенти.rnrn12 трикови што ги користат вработените во рестораните и во кафулињата за да манипулираат со васrnrn1. Нема ресторан што не работи без претходно подготвени состојки. Тестенините и пиците честопати се купуваат претходно подготвени, наместо самите вработени во рестораните да го прават тестото. Супите, исто така, честопати се варат однапред и се чуваат во специјални садови.rnrn2. Бонбоните, гумите за џвакање и другите слатки работи што ви ги носат заедно со сметката не се бесплатни. Вработените го прават тоа за да ве натераат да се чувствувате виновно. Посетителот ќе чувствува дека треба да надомести за тој подарок и веројатно ќе остави поголем бакшиш.rnrn3. Луѓето јадат помалку во ресторани украсени со огледала. Ова се должи на фактот дека кога човекот се гледа себеси отстрана, нивото на самоконтрола во процесот на јадење се зголемува.rnrn4. Многу ресторани ја засилуваат миризбата за да ги натераат посетителите да се чувствуваат гладни. На пример, во пекарниците инсталираат специјални печки со минимална вентилација за да може аромата на свежо печени производи да стигне до потенцијалните посетители што се надвор од пекарницата.rnrn5. Келнерите ги бришат масите и ги земаат чиниите не затоа што сакаат да чистат, туку затоа што валканите чинии ќе ги потсетат гостите колку изеле и тоа ќе ги спречи да нарачаат нешто друго.rnrn6. Многу му помагате на ресторанот ако веднаш по влегувањето почнете да барате пријатно место во некој агол. На овој начин, ќе порачате повеќе храна затоа што знаете дека никој не ве гледа. Покрај тоа, посетителите кои избираат пријатно место нарачуваат повеќе калорична храна, а тоа влијае на продажбата на десерти на позитивен начин.rnrn7. И обратно, вработените во рестораните се обидуваат да ги сместат своите посетители до влезот или во „преден план“ за да создадат удобна атмосфера и да го направат местото да изгледа полно. На атрактивните луѓе им се нуди посебно место во близина на прозорецот за да привлечат поголемо внимание и да ги импресионираат луѓето што поминуваат.rnrn8. Ако нарачате тестенини карбонара, келнерот веднаш ќе сфати дека не сте личност што често посетува ресторани и дека не сакате да пробате нови работи. Рестораните го вклучуваат ова јадење во своето мени затоа што е прифатливо и лесно се готви.rnrn9. Кога храната се сервира во мали чинии, започнува да функционира таканаречената илузија на Делбоф. Дури и ако порцијата е релативно мала, посетителот на ресторанот се чувствува најадено. Рестораните честопати го користат спротивниот метод и ги служат главните јадења во големи чинии. На овој начин посетителот се чувствува како да не јадел доволно и ќе нарача и десерт.rnrn10. Ако побарате да го намалат гласот на музиката, вработените ќе го исполнат вашето барање само во еден од десет случаи. Најчесто, тие само ќе ви кажат дека го направиле тоа што го побаравте, а веројатно вие ќе почувствувате дека музиката е потивка.rnrn11. Рестораните сакаат да користат таканаречени „вкусни“ согласки на своето мени, чијшто изговор се совпаѓа со звуците на џвакање храна и ги имитираат движењата на устата кога јадете. Покрај тоа, клиентите почесто ги избираат зборовите што се изговараат од предниот кон задниот дел на устата. „Бодок“ е добар пример за ваков вид збор.rnrn12. Дури и наједноставните јадења се потполно украсени бидејќи на тој начин се создава разновидност. Истата приказна важи и за разнобојните јадења – човечкиот мозок реагира на светли бои бидејќи тие се поврзуваат со зрели плодови.rnrnПрочитајте ги и овие 16 тајни на слаткарите за коишто не зборуваат ни меѓусебно.

  • Кафулиња во кои ќе се чувствувате како да сте во филм од Вес Андерсон

    Кафулиња во кои ќе се чувствувате како да сте во филм од Вес Андерсон

    Овој режисер повеќе од две децении работи на развој на сосема нов суб-жанр на филмови, полни со меланхолија, неверојатна естетка, исклучително внимание на детали и внимателно одбрана алт-фолк музика. На тој начин и станал препознатлив во целата поп култура. Да го гледате светот од Андерсонова перспектива значи да уживате во екстремната симетрија и интензивните детали. Токму таа естетика се препознава во рестораните, кафулињата, дизајнот на кориците на книгите и во излозите. Додајте и малку пастелни бои, и веднаш делува како сцена од филм. А ако сакате да го почувствувате ова, тогаш следниве кафулиња се одличен избор за вас!rn

    1. Café Bar Luce, Милано, Италија

    rnrnrnОва кафуле го зазема првото место на оваа листа бидејќи самиот Андерсон бил дизајнерот. Тој вели дека се трудел да го направи автентично и живописно место, односно кафуле во кое и самиот би сакал да ги поминува своите попладниња.rn

    2. The Budapest Café, Ченгду, Кина

    rnrnrnБудимпешта во Кина? Самото име на ова кафуле ни дава до знаење што можеме да очекуваме од ентериерот. Инспириран од Андерсоновиот филм Големиот хотел Будимпешта (Grand Budapest Hotel), тој е како портал што води во паралелен универзум.rn

    3. Pink Zebra, Канпур, Индија

    rnrnrnОвој простор се одликува со црни линии кои се преклопуваат со розови нијанси. И овој дизајн е инспириран од филмовите на Вес Андерсон, особено во однос на изборот на боите и прецизната симетрија – нешта што се како печат за режисерот.rn

    4. Café Congreso, Малолос, Филипини

    rnrnrnАко пиете кафе во ова кафуле, вие ќе се чувствувате како да седите во облак од розови шеќерни памуци. Целиот дизајн е со ретро вибрации, а тиркизните ѕидови и златните детали се само уште еден знак дека дизајнерот бил инспириран од познатиот Андерсон.rn

    5. Superbaba, Викторија, Канада

    rnrnrnОва кафуле на многу специфичен начин ги обединило Андерсоновата естетика со блискоисточната атмосфера. Ако сте некогаш во Канада, особено во градот Викторија, и сте големи љубители на стилот на овој режисер, тогаш дефинитивно не треба да го пропуштите ова место!rnrnПогледнете ги и овие 12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат!

  • Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители?

    Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители?

    Солун е една од најчестите дестинации на Македонците кои сакаат да поминат викенд надвор од државата. Ако планирате некој викенд во овој град, разгледајте ги овие неколку места на кои можете да го испиете вашето кафе. Во Солун кафулиња има во изобилие, но овие се препорачани од локалните жители.rn

    1. Тихо Тихо (Tiho Tiho)

    rnТихо Тихо е модерно и симпатично место сместено во византиските ѕидини во близина на центарот на градот, на улица Полидору 1 и Аграфон (Рolidorou 1 & Agrafon). Го посетуваат сите генерации, од тинејџери до повозрасни луѓе. Покрај вкусното кафе, локалците го препорачуваат да го пробате и нивното полуслатко вино.rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

    2. Мон Фрер Кафе (Mon Frere Cafe)

    rnОва кафуле е уредено во стил на француско бистро. Внатре речиси сè е бело, а подот е како табла за шах. Покрај богатиот избор на кафиња можете да нарачате и бели печива. Многу е популарно меѓу локалните жители, па затоа не е лесно овде да се најде слободна маса. Ќе го најдете на Каролу Дил 6 (Korolou Ntil 6).rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

    3. Пис оф Кејк (Piece of Cake)

    rnМало симпатично кафуле скриено на ул. Хрисостому Смирнис 19 (Xrystostomou Smyrnis 19) во кое покрај кафето морате да нарачате и некое колаче, затоа што се прекрасни и омилени меѓу локалците. Кафулето го водат две девојки кои го уредиле по свој вкус, па местото има автентичен изглед чија цел не е да им се допадне на сите.rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

    4. Пастафлора Дарлинг (Pastaflora Darling)

    rnВо Пастафлора можете да се напиете кафе или нешто од големиот избор на коктели. Кафулето е во ретро стил, во многу бои и се наоѓа на улицата Зефксидос во самиот центар на градот. Тоа е едно од најпопуларните кафулиња во градот.rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

    5. Поко Локо (Poco Loco)

    rnАко сакате да се освежите со одлична лимонада, покрај кафето, Поко Локо е препораката на локалните жители на Солун. Се наоѓа на Георгиу Ставру 12 (Georgiou Stavrou 12).rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrn

    6. Микрон Кафе Корнер (Mikron Coffee Corner)

    rnМикрон е одлично место за пауза за кафе додека го разгледувате центарот на градот. Покрај кафето нуди и извонредни десерти. Ќе налетате на него на ул. Василеос Ираклеју 12 (Vassileos Irakleiou 12).rnrnКаде да се напиете кафе во Солун според локалните жителиrnrnДоколку вие знаете некое место кое вреди да се посети, а не е спомнато овде, споделете со нас во коментарите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како се служи кафето во различни делови од светот?

    Како се служи кафето во различни делови од светот?

    Интересна е помислата дека огромен број луѓе ширум светот, го започнуваат денот на ист начин – со шолја кафе. Јако, црно, со млеко и пена, со колач или без ништо, во пластична или во порцеланска чаша, кафето е напиток со кој се буди целава планета. Погледнете како се служи кафето во различни држави ширум светот.rnrn

    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Франција
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Грција
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Мајами
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Египет
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Шведска
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Јапонија
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Аргентина
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Индија
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Велс
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Шпанија
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Русија
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Гана
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Мексико
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Исланд
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Мадагаскар
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Австралија
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Кореа
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Италија
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Израел
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Данска
    rnrn
    Како се служи кафето во различни делови од светот?
    Германија
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На кафе во Прага

    На кафе во Прага

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnКафетериите во Прага, главниот град на Р. Чешка, постојат уште од 19-иот век. Во тоа време биле главни центри на собирање на прашките интелектуалци, кои покрај дневниот весник задолжително имале и шолја кафе. Некои од овие кафе барови се зачувани до денес и привлекуваат многубројни туристи, токму поради нивната специфичност.На кафе во ПрагаДенешна Прага нуди многубројни кафе барови, каде освен добро кафе можете да пробате и вкусен десерт. По долгите прошетки низ магичните прашки улици, направете кафе пауза во едни од најпознатите кафе барови во Европа.rn
    rn

    Славија (Slavia)

    rnЦелата прекрасна атмосфера во Прага може да се долови токму од овој кафе бар. Славија е едно од најпознатите туристички места во Прага, кое освен добро кафе нуди и прекрасен поглед кон Прашкиот замок, Карловиот мост и Националниот театар. Ова место постои уште од 1884 година и било центар за собирање на сите познати писатели, интелектуалци и актери во Прага. Поранешниот претседател на Р. Чешка, Вацлав Хавел, во времето на својата младост бил редовен гостин.На кафе во Прагаrn

    Лувр (Louvre)

    rnОва место е познато по тоа што често го посетувале значајни личности како Франц Кафка, Алберт Ајнштајн и многу други. Уреден во француски стил, Лувр е задолжително место да се види доколку се наоѓате во Прага. Освен многуте варијанти на кафе, овде можете да вкусите и прекрасни десерти. Сепак, она по што овој кафе бар е познат е топлото чоколадо, кое со сигурност може да се каже дека е најдоброто во Прага.На кафе во Прагаrn

    Глоуб (Globe)

    rnКафе барот Глоуб е вистинско место каде можете да избегате од прашкиот метеж и да се релаксирате со некоја книга, пиејќи го вашето омилено кафе. Ова место истовремено е  книжарница и кафе бар, кое освен добро кафе нуди над 10,000 наслови на книги. А во случај да огладнете, од менито можете да изберете интересни закуски и десерти.На кафе во Прагаrn

    Ориент (Grand Café Orient)

    rnОвој кафе бар е уникатен по својот внатрешен декор, бидејќи е изработен во стилот на кубизмот. Сместен во центарот на Прага, Ориент е прекрасно место да направите кафе пауза од долгите прошетки низ градот. За подобар поглед на Прага, препорачуваме да седнете на една од терасите. Под кафе барот се наоѓа продавница со предмети во кубистички стил, каде можете да се подновите со некој сувенир.На кафе во Прага
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.