КАФЕ ПАУЗА

Tag: кафемат

  • За љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!

    За љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!

    Љубители на кафето, имаме радосна вест за вас. Постои нов вид кафемат што привлекува огромно внимание на Кикстартер бидејќи верувале или не, може да подготвува 3 видови кафе со само еден механизам на работа! Станува збор за GINA! Со овој апарат за кафе можете да подготвите топло варено, филтер и ладно кафе. Тоа исто така има и вградена вага, па со нејзина помош секогаш ќе го погодите совршениот размер на кафе и вода.rnrnЗа љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!rnrnКафематот, исто така може да се поврзе и со апликација на вашиот смартфон, каде што имате голем број насоки за подготовка на различни видови кафиња. Апликацијата исто така го мери времето на подготовка и помни забелешки со цел да ви помогне да ја пронајдете рецептата за совршената шолја кафе. Од друга страна пак, дизајнот е толку елегантен што може да се вклопи во секое место од вашиот дом.rnrnЗа љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!rnrnGINA доаѓа во црна, бела и сребрена боја и сè уште е во фазата на собирање средства за изработка на Кикстартер. Се очекува првиот модел да пристигне во април 2017 година и да чини околу 160 долари.rnrnЗа љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!rnrnКолку што можеме да видиме, овој кафемат има само една маана. Тој може да подготви само 4 шолји кафе одеднаш, па ако живеете во дом каде што се пие многу кафе, ова може да ви биде мал проблем.

  • Кујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?

    Кујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?

    Доколку сакате да го пиете вашето кафе додека е жешко, но понекогаш попатните активности не ви го дозволуваат тоа, еве едно едноставно решение.rnrnКујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?rnrnПред да го направите кафето, шолјата наполнете ја со врела вода. Потоа, истурете ја водата и сипете го кафето. Благодарение на овој трик, нема да ја загубите топлината на кафето, загревајќи ја студената шолја, поради што тоа подолго време ќе остане топло.rnrnТокму поради оваа причина, во кафулињата шолјите за кафе стојат на машината за еспресо – за постојано да се греат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • iCoffee – кафемат и печатач за пена во едно

    iCoffee – кафемат и печатач за пена во едно

    Секој од нас се расположува кога ќе седне во кафе-бар и келнерот ќе му донесе убаво кафенце со пена обликувана во срце или лист. Од што изгледа толку добро, жал ви е да го „расипете“ со првата голтка. Но, кај нас не секој бариста знае да црта на млечна пена,  па ова задоволство не ни се случува секојдневно. Отсега не ви е потребно да поседувате вештина за цртање по пената од кафето, туку само една модерна машина за кафе во вашата кујна. Технологијата се менува, а овој пат со неа се менува и начинот на доживување на искуството наречено пиење кафе.iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноHuang Guanglei ја дизајнирал машината за кафе т.н. „iCoffee“, која може да се поврзе со вашиот смартфон, со помош на блутут уред, кој е вграден во самиот апарат. Користејќи ја блутут технологијата, вие можете да пренесувате слика од вашиот телефон, во шолјата кафе, во форма на млечна пена. „iCoffee“ има скриени одводи за кафе и млеко, т.е. матрица од иглички. Откако ќе ја прими испратената слика од мобилниот телефон, машината ја користи матрицата за да ја преслика во форма на млечната пена. Па, без разлика дали на сликата има напишано некој збор, мачето „хелоу кити“ или името на некој бренд, не треба да се грижите како ќе испадне, бидејќи овој кафемат може да ги произведе сите облици на млечна пена. iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноОваа екстремно интересна машина за кафе на 21-от век, не е лимитирана само на обликот на млечната пена кој го создава. Таа истовремено има и еден прекрасен, минималистички дизајн со елегантни агли, кој ќе ù даде шарм и стил на секоја кујна.iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноКој би помислил дека еден кафемат може да биде истовремено и печатач и дека ќе може да ја испечати на вашето кафе, сликата која вие ќе ја одберете?! Нејзиниот оперативен интерфејс вклучува копчиња за слика, време, количина и сл.iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноАко сте поспани наутро, можете да се разведрите со млечна плена во облик на смешко, можете да му се извините на вашиот љубовен партнер доколку сте погрешиле или да му кажете колку го сакате преку шолјата кафе. Одеднаш и пријателите повеќе ќе ве дружат бидејќи ќе сакаат да пијат кафе исклучиво кај вас дома. Ќе се сложите со нас, дека многу нешта можат да се случат во текот на една кафе-пауза…rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еспресо машина брендирана од Ферари

    Еспресо машина брендирана од Ферари

    Веќе е вообичаено познатите брендови да соработуваат меѓусебно за да создадат кул гаџети. Овој пат луксузниот производител на автомобили Ферари заедно со компанијата Неспресо, се здружија и создадоа униката еспресо машина, која ја нарекоа „Рејспресо“. Направена е во форма на кацига, која одлично би се вклопила во секој простор.rnrnЕспресо машина брендирана од ФерариrnЗасега е само концепт, но набрзо машините ќе бидат достапни во продавниците. Ова не е прва ваква соработка, бидејќи неколку други производители на автомобили веќе успешно ги продаваат нивните брендирани кафемати.rnrnЕспресо машина брендирана од ФерариrnrnЕспресо машина брендирана од ФерариrnrnЕспресо машина брендирана од Ферари