КАФЕ ПАУЗА

Tag: јагоди

  • Храна за подобар секс

    Храна за подобар секс

    Ако сакате вашиот сексуален живот да биде многу подобар одошто е сега, верувале или не, храната може да ви помогне во тоа. Нема ништо подобро од романтична вечера, со домашно зготвено јадење, зар не? Во некои јадења има витамини и компоненти кои ја зголемуваат сексуалната функција и со тоа, сексуалното искуство.rnrnЕве неколку продукти кои имаат голема улога во афродизијачката историја, го зголемуваат сексуалниот апетит и прават да се чувствувате неодоливо секси.rn.rn

    Авокадо

    rn

    Храна за подобар секс

    rnАцтеките мислеле дека ова овошје е добро за  тестисите, заради неговиот облик. Научните факти пак, зборуваат дека авокадото е афродизијак поради големиот број незаситени масти кои ги содржи, наспроти заситените кои ги има малку. Незаситените масти го прават авокадото одлично за срцето и артериите. Сè што овозможува срцето да биде здраво, помага и крвта да тече на вистинските места во телото. Всушност, мажите со затскриени срцеви болести, два пати повеќе се изложени на ризик од еректилна дисфункција.rn.rn

    Бадеми

    rn

    Храна за подобар секс

    rnБадемите ја зголемуваат страста, дејствуваат како сексуален стимуланс, а исто така се и лек за плодноста. Исто како и аспарагусот, бадемите се богати со цинк, селен, витамин Е, кои се важни за сексуалното здравје и репродукцијата. Цинкот го подига либидото и сексуалната желба.rn.rn

    Јагоди

    rn

    Храна за подобар секс-

    rnЕдна студија покажала дека за мажите се секси оние жени кои носат црвена боја. Јагодите се одличен извор на фолна киселина и витамин Б, кои се одлични за жените бидејќи ги отстрануваат дефектите при пораѓањето, а кај мажите овозможуваат создавање на поголем број сперматозоиди.rn.rn

    Морска храна

    rn

    Храна за подобар секс

    rnИако имаат лизгава текстура, остригите се добро познат афродизијак. Тие се богати со цинк и затоа се одлични за подигање на либидото. Освен остригите, лососот и харингата се богати со омега 3 масни киселини и се дел од морските плодови кои влијаат на сексуалниот живот.rn.rn

    Рукола

    rn

    Храна за подобар секс

    rnИстражувањата покажаа дека овие зелени листови наречени рукола се полни со минерали и антиоксиданси кои се есенцијални за сексуалното здравје, бидејќи ја блокираат апсорпцијата на загадениот воздух, кој пак негативно влијае на либидото. Предлог: салата со рукола, тостирани ореви, маслиново масло и рендан пармезан.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.