КАФЕ ПАУЗА

Tag: јагоди

  • 10 најбогати извори на витамин Ц

    10 најбогати извори на витамин Ц

    Автор : Маја ВладимироваrnrnВитаминот Ц му помага на телото во одржувањето на здрави ткива и силен имунолошки систем, како и во апсорпцијата на железо. За витаминот Ц се смета дека е важен сојузник ако се обидувате да ја победите настинката или некоја друга болест, но пак можете паметно да го искористите и како дел од вашата диета.10 најбогати извори на витамин ЦДневната доза на витаминот Ц, која се препорачува да се внесе е 90 милиграми за мажи и 75 милиграми за жени. Внесувањето на овој витамин е навистина важно, па затоа ги издвоивме десетте најбогати извори на витамин Ц.rnrn

    1. Гуава

    rnГуавата е многу богата со витамин Ц – 100 грама од ова овошје содржи дури 228 милиграми витамин Ц и 56 калории. Консумирајте ја свежа или како дел од некој свеж коктел.10 најбогати извори на витамин Цrn

    2. Црвена пиперка

    rnЦрвената пиперка содржи солидно количество на витамин Ц. Во 100 грама свежи исечкани црвени пиперки има 184 милиграми витамин Ц и 20 калории. Доколку ја готвите, количеството на витамин Ц се намалува до 116 милиграми.10 најбогати извори на витамин Цrn

    3. Киви

    rnОва овошје важи за едно од најбогатите со витамин Ц. Едно киви со средна големина има околу 70 милиграми витамин Ц и околу 46 калории. Се препорачува да се консумира свежо или пак како додаток на некој десерт.10 најбогати извори на витамин Цrn

    4. Портокал

    rnПортокалот е синоним за витаминот Ц. Еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин Ц и 62 калории. Иако многумина очекуваа дека портокалот ќе се најде на првото место, сепак постојат побогати извори на овој витамин.10 најбогати извори на витамин Цrn

    5. Зелена пиперка

    rnОсвен црвената, и зелената пиперка е значително богата со овој витамин. Во 100 грама благи исечкани зелени пиперки има 80 милиграми витамин Ц и само 15 калории, додека во зготвени има 51 милиграми витамин Ц.10 најбогати извори на витамин Цrn

    6. Грејпфрут

    rnГрејпфрутот е нискокалорично овошје, па така во 100 грама има 40 милиграми витамин Ц и 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    7. Сок од свежо исцеден зеленчук

    rnПиењето свежи сокови од зеленчук обезбедува големо количество на хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц. Во сок на база на домати, витаминот Ц е застапен со 50 милиграми во 150 милилитри, а ова количество сок содржи 34 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    8. Јагоди

    rnОсвен тоа што се богати со влакна и антиоксиданси, јагодите се богати и со витамин Ц чие количество во 100 грама изнесува 59 милиграми. Истото количество јагоди содржи 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    9. Зелка

    rnУште еден зеленчук којшто е исто така богат со витамини е зелката. Таа содржи 36 милиграми витамин Ц. Во 100 грама свежа зелка има 25 калории. Освен со витамин Ц, зелката е многу богата и со витамин К.10 најбогати извори на витамин Цrn

    10. Диња

    rnЕдна четвртина од диња со средна големина содржи 47 милиграми витамин Ц и 50 калории.10 најбогати извори на витамин Ц
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најскапите слатки задоволства

    Најскапите слатки задоволства

    Список со најскапите десерти за „налудничаво“ богатите луѓе… За останатите, следуваат цени кои едноставно го убиваат апетитот. :-)rnrn1. Дијамантска овошна торта – Ова слатко искушение чини 1.650.000 долари. Дури и оние со најдлабоки џебови добро би размислиле дали да му одолеат. По целата торта се распрснати 223 мали дијаманти, кои секако остануваат кај страсниот љубител на слатки, кој голем дел од своето богатство ќе оддели за ова краткотрајно уживање. Освен дијамантите, останатиот дел од тортата се јаде. Овој екстремно скап десерт е идеја на слаткар од Токио. За да го подготви му требале цели шест месеци, по што го нарекол „Дијамантите: чудата на природата“ и точно на Божиќ го понудил на продажба.Најскапите слатки задоволства2. Најскапите јагоди на светот се на менито на ресторанот „Арно“ во францускиот дел на Њу Орлеанс. Нивната цена е 1.400.000 долари. За овие пари нема да вкусите ништо повеќе од една мала чинија јаготки, сервирани со слатка павлака и со нане. Но, ако погледнете убаво, меѓу овошјето се наоѓа и прстен со 4,7-каратен розов дијамант, кој бил во сопственост на Сер Ернест Касел, англиски кралски финансиски советник. Ова можеби ќе ги збуни вашите рецептори во устата и ќе ви предизвика чувство на најслаткото нешто што сте го вкусиле во животот. 🙂 Покрај овошниот десерт и скапоцениот прстен, добивате и вино од 24. 850 долари. Уживањето е заокружено со џез музика во живо.Најскапите слатки задоволства3. Платинеста торта од 130.000 долари – Во споредба со претходните десерти, овој може да се каже дека е „евтин“. Тортата е поросена со шеќер во прав и покриена со платинест накит, како синџирчиња за на врат, шпенадли, приврзоци, па дури и платинести лисја. Ја приготвил јапонскиот слаткар Нобу Икара и ја посветил на жените. Целта му била да ги убеди да носат платина. Но, очигледно не ги одвратил од нивните најверни пријатели – дијамантите. Икара не успеал да ги продаде ниту идејата, ниту тортата.Најскапите слатки задоволства4. Пудинг во стилизирано Фаберже велигденско јајце – Десертот е направен од четири видови најдобро белгиско чоколадо и од желе од шампањско. Украсен е со листови од злато и со двокаратен дијамант. Оваа чоколадна фантазија чини 30.000 долари. Заслужни се вештите раце на готвачот Марк Губерт од кантри хотелот „Линдет Хов“ во Виндермир, Кумбрија. Десертот го купил британскиот бизнисмен кој тргува со дијаманти, Карл Вајнингер.Најскапите слатки задоволства5. Скапоцено замрзнато чоколадо – Ова е малку поинаков десерт по форма. Ресторанот „Serendipity 3“ во Њујорк ви нуди слатко задоволство, за кое ветува дека никогаш нема да го заборавите. За 25.000 долари ќе се насладите со замрзнат спој на какао од 14 различни држави, млеко и 5 грама 24-каратно злато. Десертот е полеан со слатка павлака и поросен со парчиња тартуфо. Вкусниот деликатес се сервира во сад обложен со злато и украсен со дијаманти. Се јаде со златна лажичка, која можете да ја задржите. Тој некаде пред 2007 година, бил прогласен за најскап десерт во светот, со што тогаш си обезбедил место во Гинисовата книга на рекорди.Најскапите слатки задоволства6. „Тврдината на која ужива рибарот со патерица“ – Овој десерт можете да го вкусите во ресторанот „Galle“ во Шри Ланка, за „скромна“ сума од 14.500 долари. Направен е со златни ливчиња и компот од манго и калинки. Украсен е со 80-каратен полускапоцен камен аквамарин, кој е поставен врз чоколадната конструкција. Овој десерт не е баш најдобро прифатен меѓу богатите уживатели во слатките. Досега не е продаден ниту еден.Најскапите слатки задоволства7. Необична чоколадна торта – Овој специјалитет можете да го вкусите на источното крајбрежје во САД, се разбира ако сте подготвени да платите 1.000 долари. Десертот се продава во ресторанот „Brule“ во Атлантик Сити, Њу Џерси. Оваа торта се приготвува од темно чоколадо, покриено со италијански лешници. Заедно со слаткото искушение, клиентите добиваат и исклучително скапо португалско вино, ставено во кристален распрскувач.Најскапите слатки задоволства8. Ако некогаш посакате да го пробате вкусот на златото, тука е „Златната торта на султанот“ која се служи во хотелот „Ciragan Palace Kempinski“ во Истанбул. Таа содржи смокви, круши, кајсии, дуњи, кои претходно цели две години стоеле во Јамајкански рум. Сето тоа е полеано со ванила од Француска Полинезија, со карамела, црно тартуфо и лист од 24-каратно злато. Тортата се сервира на сребрена чинија со златен печат и чини 1.000 долари. За да се приготви, потребни се 72 часа. Се приготвува само по нарачка.Најскапите слатки задоволства9. Уште еден десерт на ресторанот Serendipity 3 во Њујорк… Станува збор за најскапата мелба на светот наречена „Златно богатство“. Овој десерт е приготвен во чест на 50-годишнината на ресторанот и се продава по цена од 1.000 долари. Содржи 5 лажици сладолед од таитска ванила, искомбинирана со мадагаскар-ванила, венецуелско чоколадо и лист од 23-каратно злато. Покрај ова, десертот е збогатен и со карамелизирани плодови, марципанови цреши и тартуфо. Сето тоа е поросено со најскапите чоколадни бонбони, a врвот на овој десерт го краси карамелизиран цвет. Заедно со мелбата добивате и мала стаклена чинија со црн кавијар, засладен со портокал, маракуја и армањак.  Десертот се јаде со 18-каратна златна лажица, во кристална чаша.Најскапите слатки задоволства10. Чоколадна Нока – Се работи за специјална серија чоколади од познатата компанија Нока. Ова е веројатно најскромниот десерт во списокот. Чини „само“ 854 долари. За овие пари добивате 450 грама десерт, кој содржи 75% различни видови какао од Еквадорот, Венецуела, Брегот на Слоновата Коска и од Тринидад.Најскапите слатки задоволства
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадно фрапе со јагоди

    Чоколадно фрапе со јагоди

    Богат вкус создаден за уживање

    rnЧоколадно фрапе со јагодиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 мл ладно инстант кафе
    • rn011

    • 1 топка сладолед од јагода
    • rn011

    • 20 мл чоколаден прелив
    • rn011

    • 2 лажички шеќер
    • rn011

    • 4 коцки мраз
    • rn011

    • 1 јагода
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСладоледот од јагода, чоколадниот прелив и шеќерот ставете ги во блендер и измешајте ги за да добиете пенлива и еднолична смеса. Потоа во блендерот додадете ги кафето и мразот и мешајте додека мразот убаво не се искрши. Кафето сипете го во висока стаклена чаша, декорирајте со шлаг , малку чоколаден прелив и една цела јагода на врвот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошни сладоледи

    Овошни сладоледи

    Најздравите сладоледи се пред вас. Направете ги и лижете без да се грижите за килограмите…

    rnОвошни сладоледиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 г јагоди, исчистени
    • rn011

    • 100 г мед
    • rn011

    • 3 супени лажици сок од лимон
    • rn

    rnОвошни сладоледиrn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги јагодите во бледнер. Миксајте ги додека да се создаде еднолична смеса. Кога ќе бидат убаво измиксани, ставете ги медот и сокот од лимон и измешајте со лажица. Смесата распоредете ја во калапи за сладолед.rnrnОвошни сладоледиrnrnСтавете ги калапите да се замрзнат најмалку 4 часа.rnrnОвошни сладоледиrnrnДецата ги обожаваат, но има ли воопшто некој што не ги сака!?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошни коцки мраз

    Овошни коцки мраз

    Ова е една многу кул идеја која со сигурност ќе најде примена во текот на жешкото лето. Во ледени чаеви, ладни овошни сокови или во обична вода, овие овошни коцки мраз со шумско овошје ќе ви бидат вистински хит ова лето.rnrnОвошни коцки мразrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • калапи за мраз
    • rn011

    • шумско овошје (свежо или замрзнато)
    • rn011

    • вода
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnПодготовката е иста како и за обичните коцки мраз. Разликата е во тоа што треба да ставите помало количество вода од вообичаеното. Во секоја вдлабнатина ставете по едно од сите различни овошја и калапот ставете го во замрзнувач.rnrnОвошни коцки мразОвошни коцки мразОвошни коцки мразОвошни коцки мразrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јагоди полнети со чизкејк

    Јагоди полнети со чизкејк

    Дали сте подготвени за најдобриот десерт што постои? Јагоди полнети со чизкејкПотребно е:rn

      rn011

    • 20 јагоди
    • rn011

    • 230 г крем сир
    • rn011

    • 120 г шеќер во прав
    • rn011

    • 1/2 лажиче екстракт од ванила
    • rn011

    • 6-7 бисквити
    • rn011

    • 1 чоколадо, растопено на пареа
    • rn

    rnПодготовка: Измијте ги јагодите ги и со ноже внимателно издлабете ги. Јагоди полнети со чизкејкЈагоди полнети со чизкејкЈагоди полнети со чизкејкЈагоди полнети со чизкејкВо сад изматете ги крем сирот, шеќерот во прав и екстрактот од ванила. Во готварски шприц ставете го филот и наполнете ги јагодите. Јагоди полнети со чизкејкИстолчете ги бисквитите и во трошките валкајте ги наполнетите јагоди од страната на филот. Јагоди полнети со чизкејкЈагоди полнети со чизкејкЈагоди полнети со чизкејкНа крај, декорирајте ги јагодите со растопеното чоколадо. Јагоди полнети со чизкејкrnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мохито од јагоди

    Мохито од јагоди

    Кога ќе ви здодее обичното мохито, еве што да направите. За љубителите на јагоди, ова е пијалакот од соништата…Мохито од јагодиПотребно (за едно мохито):rn

      rn011

    • 5 јагоди
    • rn011

    • 1 рака нане
    • rn011

    • 80 мл шербет
    • rn011

    • 60 мл рум
    • rn011

    • сок од половина лимон
    • rn011

    • минерална вода
    • rn011

    • кришки зелен лимон и јагоди за декорација
    • rn

    rnПодготовка: Во голема чаша ставете ги јагодите, нането и неколку коцки мраз. Со тап кујнски предмет исчукајте ги состојките. Мохито од јагодиМохито од јагодиПотоа, додадете ги румот, шербетот и лимоновиот сок. Течноста претурете ја во чаша и дополнете ја со минерална вода. Декорирајте со засечени парчиња јагоди.Мохито од јагодиrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошни цигари

    Овошни цигари

    Попладневни грицки и интересни, брзи и лесни суканици

    rnОвошни цигариrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 450 г јагоди, исечкани на мали парчиња
    • rn011

    • 60 мл вода
    • rn011

    • 1 лажица сок од лимон
    • rn011

    • 1 лажица масло
    • rn011

    • 60 г шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

    Загрејте ја рерната на 60 степени Целзиусови. Исечкајте ги јагодите и заедно со водата и лимоновиот сок ставете ги во тенџере да се варат неколку минути, покриени, на средна температура.

    rn

    Овошни цигариОвошни цигари

    rn

    Кога ќе бидат меки, тргнете ги од оган, ставете го шеќерот и претурете сè во блендер. Мешајте убаво додека да се измикса целата смеса. Пробајте од смесата и ако треба додадете уште шеќер.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Во тава ставете хартија за печење и намачкајте ја со малку масло. Претурете ја смесата врз хартијата и со лажица убаво распоредете ја за да биде тенка и во еден рамномерен слој. Печете околу 12-15 часа, при што некаде на половина печење, смесата треба да се преврти на нова намасленета хартија во тавата. Ако смесата почне да се суши во текот на печењето, намачкајте ја со вода. Доколку немате 15 последователни часови на располагање за печење, можете привремено да ја сушите смесата покрај прозорец изложен на сонце.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Готовата смеса оставете ја да се олади. Од неа исечете долгнавести ленти и потоа завиткајте ги како цигари.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    По желба, истиов рецепт можете да го примените за да направите овошни цигари од друг плод.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивка

    Новите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивка

    За да ја лансираат новата формула на светски популарната вотка „Smirnoff“, која е инспирирана од бразилскиот пијалак Кајпирошка, компанијата побарала од агенција за дизајн „JWT“ да им креира креативна обвивка за шишињата.rnНовите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивкаТие како инспирација го искористиле надворешниот изглед на овошјата според кои е создаден вкусот на пијалакот, односно употребиле кора од зелен лимон, јагоди и плод од пасифлора. Тие смислиле и многу забавен начин како да го отворите т.е. олупите шишето. Вотките можат да се набават и во дрвени гајби, исто како што се транспортира овошјето на пазарите низ Бразил.Новите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивкаНовите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивкаНовите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивкаНовите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивкаНовите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивка

  • Како да ја одржите белината на вашите заби?

    Како да ја одржите белината на вашите заби?

    Дали би се изненадиле кога би разбрале дека белото вино може да има полошо влијание врз вашите заби одошто црвеното? Познато ли ви е дека јаготките имаат обелувачко својство на забите? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да им се спротивставите на дамките на забите и да ја одржите вашата насмевка, бисерно бела.Како да ја одржите белината на вашите заби?Д-р. Ирвин Смиџел, личниот стоматолог на Џастин Тимберлејк, Џенифер Лопез, Џони Деп и многу други светски славни личности, споделува неколку совети за зачувување на белината на забите и нивниот сјај:rnrn 1. Белото вино може да предизвика повеќе дамки на забите од црвеното бидејќи има повеќе киселини. Високиот степен на киселост е причината што белото вино создава повеќе дамки од чајот, кафето и сè друго што јадеме или пиеме, а е во боја. Вакви пак се: кечапот, сенфот, сосот од соја, сосот за шпагети и сите зрнести плодови. Киселината ја уништува природната глазура на забите, создавајќи груби точки и вдлабнатини кои стануваат мета на обоената храна и пијалаци.Како да ја одржите белината на вашите заби?2. За да го намалите ефектот од киселината, плакнете ја устата со вода помеѓу голтките вино и помеѓу залаците од силно обоената храна што ја конзумирате. Пиењето вода и јадењето леб со ваквите предизвикувачи на дамки на забите, влијае на неутрализирање на киселоста и со тоа се намалува штетниот ефект.Како да ја одржите белината на вашите заби?3. Не се препорачува четкање на забите веднаш по јадење храна или пиење пијалак со висок степен на киселост. Глазурата на забот е веќе ослабена од киселината и шеќерот, па четкањето ќе предизвика понатамошно еродирање на забите. Во ваков случај, најдобро е да почекате 30 минути пред да ги исчеткате забите. Уште подобро е да користите гел или водичка за плакнење на здивот со избелувачко дејство. Вака, можете веднаш да ги истретирате забите по пиењето вино или јадењето обена храна, без да треба да ги уништувате со четка. Ќе ги намалите дамките, а ќе го спречите понатамошното оштетување. Ваквите производи се од двојна корист, а можете да најдете и мали пакувања кои ќе ги носите секогаш во вашата чанта или џеб.Како да ја одржите белината на вашите заби?4. Јагодите се едни од најдобрите домашни избелувачи на забите. Јагодовата киселина не дозволува да се изгуби бојата на површината на забот и делува избелувачки. Состојката која му го дава киселиот вкус на овошјето, покрај во јагодите, ја има и во грозјето. Најефикасно белеење со ова овошје ќе постигнете кога тоа е зрело, но не кога е презереано, бидејќи тогаш веќе ја губи оваа состојка.Како да ја одржите белината на вашите заби?5. 80% од причините за лошиот здив се предизвикани од бактериите кои се задржуваат на јазикот. Четкањето на јазикот со четка за заби нема да ги отстрани бактериите, туку само ќе ги разнесе низ устата. Затоа, најдобро е да се користат специјални чистачи за јазик кои можат успешно да го победат лошиот здив.Како да ја одржите белината на вашите заби?6. Џвакањето мастики без шеќер, по оброците, ќе стимулира лачење на плунка, која има улога на природен детегрент и отстранува некои дамки од забите. Дури и жабуркањето со вода, доколку немате ништо при рака, ќе отстрани барем дел од дамките.Како да ја одржите белината на вашите заби?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.