КАФЕ ПАУЗА

Tag: јагоди

  • Рози од јагоди и чоколадо: Веднаш ќе сакате да ги направите и вие!

    Рози од јагоди и чоколадо: Веднаш ќе сакате да ги направите и вие!

    Дури и да не знаете да готвите, ова ќе сакате да го пробате. Само три состојки до креативен, несекојдневен десерт, кој е одличен за послужување.

    rn0-rozi-od-jagodi-i-chokolado-vednash-kje-sakate-da-gi-napravite-i-vie-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Цврсти јагоди во правилна конусна форма
    • rn011

    • Темно чоколадо за обликување
    • rn011

    • Бело стопено чоколадо
    • rn011

    • Стапчиња за лижавчиња
    • rn

    rn

    1-rozi-od-jagodi-i-chokolado-vednash-kje-sakate-da-gi-napravite-i-vie-kafepauza.mk

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЧоколадото најпрво се обликува во вид на топчиња и едно долгнавесто парче, кои потоа се сплескуваат со сукало помеѓу хартија за печење. Јагодите се натопуваат во белото чоколадо и потоа околу него се редат цветните ливчиња од чоколадото за обликување.rnrnrn

    Подготовка на чоколадото за обликување:

    rnСтавете чоколадо на пареа или на среден оган и постојано мешајте додека не се стопи подеднакво. Штом се растопи, тргнете го од оган и додадете мед. Мешајте додека чоколадото не почне да се стега. Кога сè ќе се соедини и згусне, прелијте го чоколадото врз хартија за печење, во дебелина од 1 см и прекријте го со друг слој хартија.rnrnСтавете го садот на ладно за целосно да се стегне.rnrnОладеното чоколадо можете да го обликувате како сакате, но претходно ќе мора малку да го омекнете со рацете. Постапката е како да си играте со пластелин. Чоколадото можете да го боите со прехранбени бои во прав, така што ќе ги нанесете со помош на четкичка или директно додека чоколадото се топи.rnrnЗарем не ви доаѓа овој рецепт да го пробате уште денес?rnrn2-rozi-od-jagodi-i-chokolado-vednash-kje-sakate-da-gi-napravite-i-vie-kafepauza.mk

  • Уживајте во јагодите: 9 причини зошто ова овошје е одлично за вашето здравје

    Уживајте во јагодите: 9 причини зошто ова овошје е одлично за вашето здравје

    Силната црвена боја и слаткиот вкус ги прави јагодите едни од најнеодоливите овошја за луѓето. Тие се едноставно премногу вкусни, но истовремено и многу здрави. Нив можеме да ги најдеме само пролетно време, па токму затоа погледнете зошто би требало максимално да ги искористите оваа сезона…rnrnУживајте во јагодите: 9 причини зошто ова овошје е одлично за вашето здравјеrn

    1. Високо ниво антиоксиданси

    rnТие се четвртото овошје со најголемо ниво антиоксиданси кои го штитат нашето тело од слободните радикали и кои се поврзуваат со предвремено стареење и различни заболувања. Тие исто така содржат и природни феноли кои служат како еден вид аспирини и благотворно делуваат против воспаленија и болки. За разлика од вештачките лекови, фенолите од јагодите не предизвикуваат крвавење во цревата.rn

    2. Одличен извор на витамин Ц

    rnВитаминот Ц ја зголемува силата на артериите, го спречува создавањето модринки и ја засилува работата на жлездата за адреналин која бара поголемо количество витамин Ц во однос на било кои други жлезди и органи во нашето тело. Од јагодите поголемо количество витамин Ц содржат само портокалите.rn

    3. Добри се кога станува збор за слабеење

    rnЈагодите имаат многу малку калории. Тие содржат околу 36 калории во една порција од 100 грама, не содржат масти и имаат ниско ниво натриум и шеќер. Јагодите содржат природни шеќери, но во мало количество.rn

    4. Борба против тумори и алергии

    rnТие содржат флавноиди кои го поттикнуваат телото да создава пречки во фазите на развој на клетките рак и ја спречува нивната можност за размножување, додека пак киселините во ова овошје имаат антиалергиски својства, па токму затоа и помагаат при намалување на биохемиските процеси кои се поврзуваат со алергиските реакции.rn

    5. Регулирање на шеќерот во крвта

    rnНамалувањето на тежината е еден од најдобрите начини да ја спречите појавата на дијабетесот тип 2, како и голем број срцеви болести. За оваа цел јагодите можат многу да ви помогнат. Високото ниво шеќер се поврзува со прекумерната тежина, промената на расположението како и дијабетесот. Јагодите исто така делуваат благотворно против воспаленија и имаат седативно дејство.rn

    6. Регулирање на крвниот притисок и холестеролот

    rnВо една порција јагоди се наоѓаат 134 милиграми калиум кој го регулира крвниот притисок и делува како заштита од негативното влијание на натриумот. Јагодите припаѓаат на групата храна која е најздрава за срцето. Тие содржат состојки кои позитивно влијаат врз здравјето на целокупниот кардиоваскуларен систем. Исто така го намалуваат лошиот холестерол во крвта, кој предизвикува затворање на артериите.rn

    7. Здравје на очите

    rnАнтиоксидансите во јагодите го намалуваат ризикот од појава на катаракта која може да предизвика слепило. Очите исто така имаат потреба од витамин Ц со цел да се заштитат од ултравиолетовото зрачење, додека пак истиот витамин игра важна улога и во зајакнување на рожницата и мрежницата.rn

    8. Борба против брчките

    rnВитаминот Ц му е потребен на телото со цел да произведува колаген кој ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата. Со оглед на тоа што со производството на колаген се намалува стареење, консумирањето храна која е богата со витамин Ц би можела да ѝ помогне на вашата кожа долго да остане млада и здрава.rn

    9. Регулација на варењето на храната

    rnХранливите влакна во јагодите се неопходни за здравјето на дигестивниот систем. Доколку во вашето тело не внесувате доволно хранливи влакна, може да дојде воспаление на цревата, што се случува кај скоро 50% од личностите постари од 60 години.

  • 10 одлични финти со овошје кои можете да ги испробате дома

    10 одлични финти со овошје кои можете да ги испробате дома

    Сите ние понекогаш сме имале мали незгоди со овошјето, без разлика дали станува збор за тоа како да ги исчистиме јагодите или пак како јаболката да не ни потемнат. Со овие трикови сето тоа ќе стане минато.rnrn0-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    1. Направете сладолед од една состојка – банана: Исечкајте зрела банана на крукчиња, замрзнете ја (најмалку 2 часа), потоа миксирајте ја во процесор за храна или во моќен блендер додека не добиете мазна пенеста смеса. Јадете веднаш или вратете го сладоледот повторно во замрзнувачот.

    rn1-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    2. Направете сад од кора од лубеница

    rn2-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    3. За да спречите јаболката да потемнат: Измешајте 2 лажички мед со една шолја вода, потопете ги исечените јаболка и оставете ги да отстојат неколку минути.

    rn3-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    4. Замрзнати боровинки и грозје за разладување и ароматизирање на виното

    rn4-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    5. Направете сами суво овошје: Загрејте ја рерната на 50-70 степени и печете соодветно според овошјето.

    rn5-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    6. Коцки мраз со овошје за освежување во топлите денови

    rn6-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    7. Свеќа од кора од мандарина: Внимателно исечете ја кората на половина, оставете го белиот средишен дел како фитиљ и налејте малку маслиново масло.

    rn7-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    8. Тајната на јаболкото: Пред спиење испијте една чаша сок од јаболка, ќе ви помогне да сонувате подобри соништа.

    rn8-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    9. Користете сламка за да ги исчистите јагодите од дршките

    rn9-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mkrn

    10. Ролано овошје: Загрејте ја рерната на 80 степени. Обложете ја тавата со целофан така што ќе излегува од краевите. Измиксајте околу 400 г јагоди (или друго овошје) во блендер, додадете засладувач (по избор) и засладете по вкус. Истурете ја смесата врз обложената тава (да дојде околу 3 мм високо). Печете 6-8 часа, односно додека не е лепливо. Извадете ја целофанската хартија и ставете ја на работната маса да се излади смесата. Превртете врз хартија за печење, отстранете го целофанот, исечете на ленти и замотајте.

    rn10-10-odlichni-finti-so-ovoshje-koi-mozhe-da-gi-isprobate-doma-kafepauza.mk

  • Овошна пица за десерт

    Овошна пица за десерт

    Слатка и освежителна варијанта на добро познатиот рецепт

    rnovoshna-pica-za-desert-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Тесто за голема пица
    • rn011

    • 120 грама крем-сирење
    • rn011

    • 35 грама шеќер
    • rn011

    • Една мала лажица екстракт од ванила
    • rn011

    • Една мала лажица кора од портокал
    • rn011

    • Една голема банана исечкана на мали парчиња
    • rn011

    • 10 големи јагоди исечкани на мали парчиња
    • rn011

    • 250 грама боровинки
    • rn011

    • 25 грама исечкани бадеми или ф’стаци
    • rn011

    • 20 грама кокос
    • rn011

    • 60 грама темно чоколадо, исечкано на мали парчиња
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Ставете го тестото за пица да се пече во рерна додека добие златна боја, а потоа извадете го и оставете го настрана.
    2. rn011

    3. Во сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот, кората од портокал и екстрактот од ванила додека добро да се соединат. Потоа смесата намачкајте ја на тестото, па врз нив наредети ги бананите, јагодите, боровинките. Потоа испрскајте со кокос и бадеми или ф’стаци, па ставете ја пицата да се пече така уште три минути.
    4. rn011

    5. Во сад на оган растопете го чоколадото.
    6. rn011

    7. Послужете го секое парче овошна пица испрскана со малку растопено чоколадо.
    8. rn

  • Чизкејк во чаша: Лесен рецепт за летно уживање

    Чизкејк во чаша: Лесен рецепт за летно уживање

    Најомилениот летен десерт, подготвен на наједноставниот и најбрз начин за кој не треба ни да ја вклучите рерната

    rnchizkejk-vo-chasha-lesen-recept-za-letno-uzhivanje-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки за основата:

    rn50 г интегрални бисквитиrn25 г путер, омекнат на собна температураrn

    Крем:

    rn100 г густ јогуртrn50 г тазе крем-сирењеrn75 г слатка павлакаrn1 лажица шеќер во правrn

    Прелив:

    rn250 г јагодиrn1 лажица шеќерrn1 лажица цеден сок од лимонrn

    Начин на подготовка:

    rn1. Бисквитите измелете ги и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на заоблениот дел од лажицата. Ставете ги чашите во замрзнувач додека го подготвувате остатокот.rnrn2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не постане цврста, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додајте ја изматената слатка павлака. Сите состојки нежно измешајте ги додека не се соединат. Кремот додајте го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу 1 час.rnrn3. Во меѓувреме свежите јагоди исечкајте ги на ситно и префрлете ги во тенџерче, додајте ги шеќерот и лимоновиот сок и варете на ниска температура околу 10 минути со константно мешање. Смесата оставете ја да се олади, а потоа додајте ја врз вториот слој од крем во чашите. Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите.rn

    Совет:

    rnОвошјето во преливот можете да го замените по желба, но со крем-сирење најмногу одговараат киселкасти ситни плодови како вишни, малини, капини и сите видови бобинки.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ништо полесно! Домашен сладолед од само 3 состојки

    Ништо полесно! Домашен сладолед од само 3 состојки

    Променете го мислењето дека за домашен сладолед ви требаат многу состојки, труд и време. Овој овошен сладолед ќе го направите брзо и лесно, а основната состојка која ви е потребна се бананите.

    rnIce creamrn

    Потребни состојки (за 4 топки):

    rn

      rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • Јагоди
    • rn011

    • Ливчиња од свежо нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Бананата и јагодите замрзнете ги и потоа извадете ги од фрижидерот и оставете ги неколку минути надвор малку да се отпуштат за да можете да ги миксирате (но сепак да останат замрзнати).
    2. rn011

    3. Потоа миксирајте со рачен миксер или во блендер, додека не добиете густа паста. Ако е потребно додадете лажица-две вода. Додајте ги и ливчињата нане и повторно промешајте.
    4. rn011

    5. Ставете ја смесата во сад, поклопете ја и вратете ја во замрзнувачот. Оставете ја таму додека не постане цврста, но сепак да може да се извади со лажица. Доколку сакате, на секои 15 минути можете да ја промешувате смесата со лажица и повторно да ја враќате во фрижидер.
    6. rn

    rn

    Совети:

    rn

      rn011

    1. Количината на јагодите и нането одредете ја според вашиот вкус. По желба смесата можете да ја засладите, но имајте предвид дека бананата дава природна блажина.
    2. rn011

    3. Ако не го изедете целиот сладолед, можете да го вратите назад во замрзнувачот, но пред да го послужите повторно треба да го извадите малку да омекне.
    4. rn011

    5. Основата на сладоледот се бананите, а останатите состојки можете да ги менувате и додавате по желба, на пример чоколадо, карамела сос, друго овошје.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колач од Нутела и бисквити: Супер брз рецепт без многу филозофии

    Колач од Нутела и бисквити: Супер брз рецепт без многу филозофии

    Совршен спој на Нутела и бисквити за кој не ви треба рерната ниту искуство во кујната

    rnkolach-od-nutela-i-biskviti-super-brz-recept-bez-mnogu-filozofii-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 3 шолји слатка павлака
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn011

    • 2 лажички екстракт од ванила
    • rn011

    • ½ шолја Нутела (или сличен намаз)
    • rn011

    • 15 бисквити со житарки (или други суви колачиња)
    • rn011

    • Свежи јагоди (по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во сад за матење измешајте ги павлаката, шеќерот, циметот и ванилата и сето тоа добро измиксајте го додека не добиете изедначена кремаста смеса (3-4 минути).
    2. rn011

    3. Во смесата додајте ја Нутелата, и полека со лажица мешајте додека во целост не се соедини.
    4. rn011

    5. Во калап наредете ги бисквитите покривајќи го целото дно. Ако е потребно, искршете парчиња за да ги пополните празнините.
    6. rn011

    7. На бисквитите нанесете од кремот во дебел слој и рамномерно распоредете го.
    8. rn011

    9. Врз кремот ставете уште еден слој бисквити и повторно покријте со крем.
    10. rn011

    11. Садот покријте го со фолија и ставете го во ладилникот преку ноќ.
    12. rn011

    13. Колачот исечете го на коцки (ако користевте правоаголен калап) или на триаголници (ако користевте кружен калап) и послужете.
    14. rn

    rn

    Совети:

    rn

      rn011

    • Кога во смесата ќе ја додадете Нутелата, мешајте полека и внимателно за да не се опушти кремот.
    • rn011

    • Ако сакате на колачот да му дадете свежина, во рецептот додајте свежи јагоди. Исечете ги на тенки плочки, поставете ги врз првиот слој крем и потоа прекријте ги со бисквити.
    • rn011

    • Според рецептот, треба да користите калап со димензии околу 20 на 20 см за да ви испаднат 3 слоја бисквити и 3 слоја крем.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастичен трик: Како да им го продолжите свежиот вкус на јагодите?

    Фантастичен трик: Како да им го продолжите свежиот вкус на јагодите?

    Со топлото време ни доаѓаат и вкусните овошни плодови кои ги обожаваме: јагоди, цреши, грозје, па на крај и лубеници и дињи. Ретки се луѓето кои не го сакаат слаткиот вкус на јагодите, но проблем е тоа што тие траат кратко, имаат краток рок и брзо ја губат свежината, па на тој начин ни ја скратуваат можноста да уживаме во нив. Еве како да го зачувате вашето омилено овошје од уништување.rnrnfantastichen-trik-kako-da-im-go-prodolzhite-svezhiot-vkus-na-jagodite-kafepauza.mkrnrnСепак, постои начин да ги спасите јагодите од скапување. За почеток, направете мешавина од јаболков оцет и вода во однос 1:10. Потопете ги јагодите во овој раствор и оставете ги неколку минути. Потоа добро измијте ги, исцедете ги и префрлете ги на чиста кујнска крпа за да се исушат. Потоа ставете ги јагодите во фрижидер. По ваквиот третман, јагодите би требало да останат свежи и до две недели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мафини со вкус на јагоди и ванила

    Мафини со вкус на јагоди и ванила

    Десерт кој ќе ве расони и ќе ве исполни со среќа

    rnМафини со вкус на јагоди и ванилаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 јајца
    • rn011

    • 60 грама путер, стопен
    • rn011

    • 240 милилитри кокосово млеко
    • rn011

    • 15 грама екстракт од ванила
    • rn011

    • 60 мл мед
    • rn011

    • 85 грама кокосово брашно
    • rn011

    • 1/2 лажичка грама прашок за пециво
    • rn011

    • 1/4 лажичка морска сол
    • rn011

    • 30 грама смрзнати и исушени јагоди, исецкани на мали парчиња
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВклучете ја рерната на 200 степени. Додека чекате таа да се загрее, во голем сад изматете ги заедно јајцата, стопениот путер, кокосовото млеко, медот и ванилата. Во посебен сад измешајте ги кокосовото брашно, солта, прашокот за пециво и исецканите јагоди. Додадете ги и двете мешавини на едно место и мешајте сѐ додека тестото не стане без грутки. Но, не претерувајте. Откако ќе завршите, дозволете ѝ на смесата да постои околу 5 минути за да може кокосовото брашно да ги впие течностите. Потоа додадете ја смесата во калап за мафини. Печете околу 30 минути.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лајт чизкејк – торта од јогурт со јагоди

    Лајт чизкејк – торта од јогурт со јагоди

    Лесна и освежителна, сочна и вкусна, и што е најважно, едноставна за подготовка

    rnlajt-chizkejk-torta-od-jogurt-so-jagodi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки за подлогата:

    rn

      rn011

    • 125 г растопен путер
    • rn011

    • 250 г бисквити
    • rn011

    • 2 лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn

    rn

    За кремот:

    rn

      rn011

    • 3 стандардни пакувања густ јогурт или кисело млеко (x180 грама)
    • rn011

    • 120 г шеќер во прав
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 6 ливчиња желатин
    • rn011

    • 2 мали слатки павлаки (4 дл)
    • rn011

    • 1 конзерва компот од јагоди или шумско овошје
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со кафеавиот шеќер и циметот и потоа додадете го стопениот путер.
    2. rn011

    3. Смесата втиснете ја во калап и кратко печете во рерна (3-5 минути на 200 степени).
    4. rn011

    5. Во два и пол јогурта измешајте го шеќерот во прав и измиксајте.
    6. rn011

    7. Желатинот растворете го во ладна вода според упатството. Во тенџере загрејте ја преостанатата количина јогурт, додајте го во неа желатинот и тргнете го тенџерето од оган. Кратко мешајте додека желатинот не се растопи и потоа таа мешавина додадете ја на остатокот од кремот и сѐ измиксајте.
    8. rn011

    9. Изматете ја слатката павлака и потоа додајте го кремот и сѐ заедно добро измешајте.
    10. rn011

    11. На бисквитите наредете го овошјето, прелијте го со кремот и ставете го во фрижидер за длабоко да отстои преку ноќ.
    12. rn

    rn

    Совети:

    rn

      rn011

    • Наместо компот можете да користите и смрзнато или свежо овошје. На тавче загрејте малку масло, додадете го овошјето, малку кафеав шеќер и сето тоа кратко пропржете го додека овошјето малку не се опушти, па потоа прелијте го врз подлогата.
    • rn011

    • Наместо цимет, во тестото можете да ставете рендана кора од лимон и малку сок од лимон.
    • rn011

    • Овошјето може да се сервира и настрана, наместо да се стави врз подлогата на тортата.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.