КАФЕ ПАУЗА

Tag: јагоди

  • Летно освежување од јагоди кое е готово за само 3 минути

    Летно освежување од јагоди кое е готово за само 3 минути

    За да започнете да живеете здраво и да се спасите од непотребните калории, шеќери и маснотии, денес ви откриваме еден рецепт за сладолед кој можете да го подготвите дома и тоа за само неколку минути. Преполн со овошје, овој сладолед е вкусна и здрава замена, а кога еднаш ќе го пробате повеќе никогаш нема да помислите на сладоледот кој го консумиравте досега.rnrn1-letno-osvezhuvanje-od-jagodi-koe-e-gotovo-za-samo-3-minuti-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 смрзнати банани
    • rn011

    • 350 грама смрзнати јагоди
    • rn011

    • 1/2 чајна лажица екстракт од ванила
    • rn011

    • 2 до 4 лажици млеко од индиско оревче (по ваш вкус, можете да го замените со кое било друго млеко)
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна и кремаста смеса. Подготвениот сладолед префрлете го во сад за сервирање и украсете го со кокос и исечкани јагоди. Вашиот летен сладолед за вистинско освежување е готов.rnrnСекако, секогаш можете да избирате здрави варијанти и десерти, па токму затоа ви предлагаме да ја испробате оваа здрава и вкусна летна ужина.

  • Брзо и вкусно: Одлични десерти со јагоди

    Брзо и вкусно: Одлични десерти со јагоди

    Сезоната на јагодите полека почнува, па веќе можете да ги најдете во маркетите и на пазарите. Најдобро е да купувате домашни јагоди, од локалните произведувачи, бидејќи тие се најздрави и највкусни. Освен тоа што се вкусни, јагодите се едни од намирниците кои спаѓаат во групата „суперхрана“, бидејќи содржат многу витамини и минерали, како и разни супстанци кои го штитат нашето здравје, па дури и лечат некои болести. Содржат големо количество витамин Ц и антиоксиданси, па затоа задолжително вклучете ги во вашата исхрана. Денес за вас подготвивме неколку занимливи рецепти со јагоди, па погледнете ги во продолжение.rn

    1. Торта со јагоди и павлака

    rn2-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 10 послужувања:

    rn

    За подлогата:

    rn

      rn011

    • 200 грама бисквити
    • rn011

    • 100 грама пржени, мелени бадеми
    • rn011

    • 100 грама кокосово масло или путер (стопен)
    • rn

    rn

    За кремот:

    rn

      rn011

    • 300 милилитри слатка павлака за шлаг
    • rn011

    • 300 милилитри кисела павлака
    • rn011

    • 150 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 10 грама желатин во прав
    • rn011

    • 500 грама јагоди
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Сомелете ги бисквитите и пржените бадеми и потоа додајте го маслото или растопениот путер. Мешајте додека состојките не се соединат и добро втиснете ги на дното од калапот со дијаметар од 24 сантиметри, кој претходно сте го обложиле со фолија. Оставете го да отстои во фрижидер додека го подготвувате кремот.rnrn2. Подгответе го желатинот според упатството на кесичката. За тоа време изматете ја слатката павлака заедно со шеќерот во прав. Потоа, додајте ја киселата павлака и измешајте ги сите заедно.rnrn3. Набабрениот желатин загрејте го и додавајте го малку по малку во претходно изматената смеса, со постојано мешање.rnrn4. Измијте ги јагодите, исчистете ги и исушете ги. Оставете неколку настрана за украсување! Ставајте ги густо една до друга на подлогата од бисквити и бадеми и потоа прелијте сѐ со подготвениот крем од павлака.rnrn5. Украсете по сопствена желба со преостанатите јагоди и добро изладете (најдобро преку ноќ).rn

    2. Чоколаден мус со јагоди

    rn3-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 6 послужувања:

    rn

      rn011

    • 5 јајца
    • rn011

    • 200 грама чоколадо
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 2 пакетчиња ванилин шеќер
    • rn011

    • јагоди
    • rn011

    • 125 милилитри слатка павлака
    • rn011

    • 4 лажици јако филтрирано кафе
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОдвојте ги белките од жолчките. Искршете го чоколадото и стопете го на пареа. Изматете ги белките со 100 грама шеќер, а во друг сад изматете ја слатката павлака. Измешајте го ванилиниот шеќер со жолчките, додека не добиете пенеста смеса, а потоа додајте го процеденото кафе, па растопеното чоколадо и на крајот шлагот. Распределете го мусот во чаши и ставете го во фрижидер да се стврдне. Декорирајте со какао, шлаг и јагоди.rn

    3. Ролни со јагоди

    rn4-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 4 послужувања:

    rn

      rn011

    • 7 парчиња бел леб
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 3 големи лажици млеко
    • rn011

    • 240 грама шеќер
    • rn011

    • 1 лажичка цимет
    • rn011

    • 100 грама путер
    • rn011

    • Нутела
    • rn011

    • 100 грама јагоди
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Од парчињата леб внимателно отстранете ја кората. Притиснете ги со рацете за да не се ронат. Премачкајте ги по целата површина со тенок слој Нутела или некој друг крем по желба.rnrn2. Јагодите измијте ги во студена вода, исцедете ги и исушете ги. Исечете ги на коцки. Наредете ги по работ на секое парче леб.rnrn3. Внимателно свиткајте го парчето со јагоди за да добиете ролна. Повторете ја постапката со преостанатите парчиња леб и јагоди.rnrn4. Во подлабок сад, додајте ги јајцата, млекото и мешајте додека не добиете глатка смеса. Во друг сад, измешајте го шеќерот и циметот.rnrn5. Во тава растопете го путерот. Секоја ролна натопете ја во мешавината од јајце и млеко и ставете ја во тавата, така што преклопот да се наоѓа на долната страна. Кога ќе добијат златна боја, свртете ја и запечете ја од другата страна. Повторете ја постапката со сите ролни.rnrn6. По ред, како што ги вадите од тавата, валкајте ги од сите страни во мешавината од шеќер и цимет. Послужете ги топли во комбинација со свежи јагоди.rn

    4. Овошна торта со јагоди

    rnStrawberry Shortcakern

    Потребни состојки за 6 послужувања:

    rn

      rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • 8 лажици шеќер
    • rn011

    • 8 лажици брашно
    • rn011

    • Прашок за печиво (на врвот од ножот)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте ги јајцата со шеќерот за смесата да стане потполно пенеста.rnrn2. Кога ќе ја мешате смесата полека додавајте 8 лажици брашно и прашок за печиво и тоа со лесно мешање.rnrn3. Кога ќе ја изматите смесата, ставете ја во калап за колачи со дупка на средината.rnrn4. Печете ја тортата 15 минути на 200 степени.rnrn5. Кога тортата ќе биде готова извадете ја и оставете ја да се излади. Додајте ги јагодите или некое друго овошје по желба и украсете ја со шлаг.rn

    5. Тирамису со јагоди

    rn6-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 12 послужувања:

    rn

      rn011

    • 2 жолчки
    • rn011

    • 50 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 500 грама маскарпоне
    • rn011

    • 250 милилитри слатка павлака
    • rn011

    • 250 грама јагоди
    • rn011

    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • rn011

    • 300 грама бисквити со путер
    • rn011

    • 1 шака исечкани бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте ги жолчките заедно со шеќерот во прав и ставете ги да се варат на пареа околу 10 минути додека не се згуснат. Кога добро ќе се оладат додајте го маскарпонето и измешајте го. Посебно измешајте ја слатката павлака и додадете ја на претходната смеса и повторно измешајте со миксер. Бисквитите ставете ги во кеса и здробете ги, а бадемите исечете ги на мали парчиња. Јагодите исечете ги на плочки и посипете ги со ванилин шеќер.rnrn2. На дното од чашата ставете малку крем, а потоа на него наредете ги зашеќерените јагоди. Посипете ги со бисквитите и бадемите и повторете уште еден ред маскарпоне, јагоди и бисквити. На врвот ставете го кремот со маскарпоне и украсете со помали парчиња јагоди и бадеми. Ставете во фрижидер за да се излади.

  • Совршено пролетно освежување: Кафе со вкус на чоколадо и јагода

    Совршено пролетно освежување: Кафе со вкус на чоколадо и јагода

    За будење на сите сетила!

    rnСовршено пролетно освежување: Кафе со вкус на чоколадо и јагодаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 120 милилитри кафе
    • rn011

    • 20 милилитри ликер од јагода
    • rn011

    • 40 милилитри чоколаден ликер
    • rn011

    • Шлаг пена, за декорација
    • rn011

    • Свежи јагоди, за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКомбинирајте ги течните состојки во шолја за кафе, добро измешајте и декорирајте со шлаг пена и свежи јагоди. Уживајте!

  • Пролетна лимонада со јагоди

    Пролетна лимонада со јагоди

    За пролетно освежување и будење на сите сетила!

    rnПролетна лимонада со јагодиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 950 милилитри филтрирана вода
    • rn011

    • 1 лимон, исцеден
    • rn011

    • Неколку листови свежо нане
    • rn011

    • 100 грама јагоди
    • rn011

    • 3 лажици мед (количината може да се смени по вкус)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер и добро изматете, а потоа сипете ја лимонадата со јагоди во висока стаклена чаша, додајте ледени коцки и уживајте во вкусот!rnrnРасонете се и со ова моќно кафе со вкус на јагода!

  • Освежувачки летен десерт: Сладок мус од јагоди

    Освежувачки летен десерт: Сладок мус од јагоди

    Јагодите се едни од најубавите летни овошки со кои можете да направите најразлични освежителни рецепти, посебно за жешките денови

    rnОсвежувачки летен десерт: Сладок мус од јагодиrn

    Потребни состојки:

    rn

    За жолтиот фил:

    rn

      rn011

    • 2 жолчки
    • rn011

    • 3 лажички шеќер
    • rn011

    • 50 грама бело чоколадо
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 150 милиграми слатка павлака
    • rn011

    • 5 грама желатин
    • rn

    rn

    За филот од јагоди:

    rn

      rn011

    • 250 грама јагоди
    • rn011

    • 4 лажици шеќер
    • rn011

    • 5 грама желатин
    • rn011

    • 150 милилитри слатка павлака
    • rn

    rn

    За декорацијата:

    rn

      rn011

    • 150 грама јагоди
    • rn011

    • 3 лажички шеќер
    • rn011

    • 5 грама желатин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

    Жолт фил:

    rnВо сад соединете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер и гответе на пареа со непрекинато мешање, додека сместа не се згусти. Додајте го искршеното бело чоколадо и мешајте додека не се растопи. Во изладената смеса од жолчки и чоколадо додадете шлаг од слатка павлака и полека промешајте. Желатинот прелијте го со две лажици ладна вода, помешајте и одма додајте го во филот и помешајте со голема лажица за мешање.rn

    Фил од јагоди:

    rnЈагодите ставете ги во блендер, соединете ги со шеќерот и кратко варете додека 1/3 од смесата не зоврие. Желатинот прелијте го со две лажици вода и помешајте додека не се подигне, па додадете го во топлата смеса со јагоди. Слатката павлака сматете ја во цврст шлаг и додадете ја во изладениот фил од јагоди. Помешајте.rn

    Финална постапка:

    rnВо стаклена чаша за декорација нанесете го филот од јагодите и преку него турете го жолтиот фил. Преостанатите јагоди за декорација измешајте ги и сварете ги со шеќер. Додајте го желатинот и оставете да се излади. Изладената смеса разлејте ја преку жолтиот фил и оставете да се стврдни.

  • Без шеќер и конзерванси: Најлесниот рецепт за домашен џем од јагоди

    Без шеќер и конзерванси: Најлесниот рецепт за домашен џем од јагоди

    Сезоната на јагодите е веќе тука, а овие црвени овошки се неодоливи и кога се во форма на џем. Во продолжение прочитајте го најлесниот домашен рецепт за џем од јагоди, без шеќер и конзерванси, кој е толку лесен да се направи што ќе им успее и на сите почетници во кујната.rnrnБез шеќер и конзерванси: Најлесниот рецепт за домашен џем од јагодиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 килограм јагоди
    • rn011

    • 60 милилитри лимонов сок
    • rn011

    • 3 кафени лажички кора од лимон
    • rn011

    • 70 грама мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсчистените јагоди иситнете ги и изгмечете ги, а потоа ставете ги во длабок сад. Додајте ги и останатите состојки: Кората од лимон, сокот од лимон и медот. Добро помешајте и ставете да се готви на среден до лесен оган со често мешање. Кога смесата ќе стане доволно густа, односно кога ќе се појават балончиња, по околу 45 минути готвење, џемот е готов. Оставете да се излади и џемот од јагоди е спремен за консумација. Чувајте го на ладно место, а може да трае и до 2 недели.

  • Интересни факти за јагодите коишто можеби не сте ги знаеле

    Интересни факти за јагодите коишто можеби не сте ги знаеле

    Јагодите се овошје на коешто ретко кој може да му одолее. Покрај тоа што се вкусни, тие се и богат извор на витамини и минерали. Освен што може да се консумираат свежи, јагодите неретко се употребуваат и во торти и сладоледи. Колку и да ги обожавате, сигурно не сте ги знаеле овие неколку факти за нив.rnrnrnrn1. Јагодите се единственото овошје на коешто семето му е надвор. Една просечна јагода на себе содржи околу 200 семки. Затоа, не е воопшто чудно што со само еден залак веќе ги чувствувате семките на вашите заби.rnrn2. Јагодите не се вистински бобинки, како што се боровинките, па и грозјето. Всушност, за бобинките е карактеристично семето да им е внатре во плодот.rnrn3. Јагодите се членови на фамилијата рози. Приближете им се на јагодите додека се на растенијата и ќе видите дека покрај тоа што се вкусни, тие мирисаат и многу слатко.rnrn4. Растението јагода е перманентно. Ова значи дека ако го засадите сега, тоа ќе ви трае и идната година, па и понатаму. Не може да роди плод уште веднаш, но кога ќе го направи тоа, ќе остане продуктивна за околу пет години.rnrn5. Во Белгија има музеј посветен на јагодите. Во продавницата за сувенири во Le Musée de la Fraise (Музејот на јагодите), можете да купите сè што е од јагода!rnrn6. Домородното население во Америка знаело за јагодите многу одамна, пред истите да пристигнат во Европа. Како овошје коешто пристигнува прво во пролетта, тие ги користеле јагодите за лекување, ги јаделе свежи или пак ги печеле во пченкарен леб.rnrn7. Старите римјани сметале дека јагодите имаат лековита моќ. Тие ги користеле за лекување депресија, температура, камења во бубрезите, болки во грлото и слично.rnrn8. Во Франција се верува дека јагодите се еден вид афродизијак. Така, на младенците на традиционалниот свадбен појадок им се служат јагоди во вид на слатка крем супа.rnrn9. Се верува дека јагодите помагаат во намалување на срцевите заболувања и во заболувањата од одредени видови рак. Тие немаат многу калории, а богати се со витамин Ц, Б6, калиум, растителни влакна, фолна киселина и аминокиселини.rnrn10. Јагодите содржат високо ниво нитрати. Ова се покажува со тоа што јагодите го зголемуваат протокот на крв и кислород до мускулите. Истражувањата покажале дека луѓето коишто консумирале јагоди пред вежбање имале поголема издржливост и согорувале повеќе калории.rnrn11. За да ги зачувате јагодите свежи, измијте ги и отстранете им ја дршката. Сепак, ако планирате да ги чувате во фрижидер неколку денови, мијте ги токму пред да ги јадете, затоа што миењето го забрзува расипувањето.rnrn12. Јагодите исто така може да бидат кисели. Ова особено важи ако се презреани. Сепак, искористете ги и направете си џем сладок џем од нив.

  • Тирамису со јагоди: Колач на чиј вкус ретко кој може да одолее

    Тирамису со јагоди: Колач на чиј вкус ретко кој може да одолее

    Неодолив и едноставен колач кој ќе ве освежи и во вашиот дом ќе го донесе вкусот на Италија!

    rnТирамису со јагоди: Колач на чиј вкус ретко кој може да одолееrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 400 грама јагоди
    • rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • 200 милилитри шлаг
    • rn011

    • Зацврстувач за шлаг
    • rn011

    • 200 грама пишкоти
    • rn011

    • 30 милилитри рум
    • rn011

    • 200 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 500 грама маскарпоне сирење
    • rn011

    • 200 милилитри кафе
    • rn011

    • Какао во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги јагодите, исчистете ги и исечете ги на половина. Околу половина од нив пасирајте ги со рачен миксер, а остатокот исечете ги на четвртини. Во сад сматете 3 жолчки, 1 јајце и шеќер во прав. Матете додека смесата не се соедини и стане пенеста и светла. Со постојано мешање, додајте го пирето од јагоди и маскарпонето. Сматете го шлагот и зацврстувачот за шлаг и додадете го во смесата. rnrnПотоа смешајте го кафето и румот и во добиената мешавина потопете ги пишкотите. Во калап ставете еден ред натопени пишкоти, потоа еден ред исечкани јагоди и еден слој од кремот. Повторете 2 пати и потоа рамномерно измазнете го колачот. Подготвеното тирамису ставете го во фрижидер да отстои преку ноќта и пред послужување посипете го со какао во прав.

  • Совршено смуди: Кое овошје треба да го употребувате, а кое да го избегнувате?

    Совршено смуди: Кое овошје треба да го употребувате, а кое да го избегнувате?

    Идеалниот начин да го започнете денот е да направите едно овошно смуди кое ќе ги содржи сите потребни хранливи материи кои ќе го задржат вашето енергетско ниво во рамнотежа. Откријте кое овошје е најдобро за подготовката на најразличните рецепти на овој пијалак и кои ја потпомагаат физичката активност и вежбањето, а кое овошје треба да го избегнувате за да постигнете подобри резултати.rnrnСовршеното смуди: Кое овошје треба да го употребувате, а кое да го избегнувате?rn

    Одличен избор за смуди

    rnЈагодиrnrnНе мора да значи дека сѐ што има сладок вкус има и лош ефект врз нашата линија. Таков пример се јагодите. Тие не само што содржат 5 грама шеќер во порција од 100 грама јагоди, туку се и богат извор на полифенол со чија помош се регулира нивото на шеќерот во крвта, а се намалува можноста за насобирање на масните наслаги.rnrnБоровинкиrnrnБоровинките се едни од најздравите овошки кои содржат птеростиблен, органско соединение која помага во разградувањето на мастите и јаглехидратите во организмот. Во една порција од 100 грама боровинки има само 7,3 грама шеќер.rn

    Добар избор за смуди

    rnМалиниrnrnИсто како и боровинките, така и малините носат голем број придобивки бидејќи содржат високо ниво калциум кој го забрзува метаболизмот и помага при согорувањето на мастите. Во 100 грама малини има 9,5 грама шеќери.rnrnКивиrnrnИако се богати со влакна и витамин Ц кој го зајакнува имунитетот, кивите треба да се консумираат во умерени дози поради тоа што содржат дури 10,5 грама шеќер во една порција од 100 грама киви.rn

    Лош избор за смуди

    rnГрозјеrnrnВкусот на ова овошје се поврзува со големи количини шеќер, но позитивната страна е што грозјето содржи големи количини и од витаминот К, кој ги зајакнува коските.rnrnМангоrnrnОва сочно овошје е богат извор на витамините А и Ц, но содржи и најголема количина шеќер во споредба со другите овошки. Неговото користење, се разбира, е дозволено и препорачано, но во ограничени дози.

  • 7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

    7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

    Доколку сакате да имате јагоди долго по завршувањето на нивната сезона, тогаш погледнете ги следниве неколку стари и нови методи за конзервирање кои не бараат многу труд и време. Станува збор за едноставни трикови кои ќе ви овозможат да имате јагоди дури и за време на зимата.rnrn7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезонатаrn

    Едноставен сируп од јагоди

    rnЗа сирупот од јагоди ќе ви бидат потребни 200 грама шеќер и 1 литар вода. Исчистете ги јагодите и ставете ги во пластичен сад за замрзнување, прелијте врз нив ладен сируп и ставете ги во замрзнувач. Откако ќе замрзнат извадете ги од замрзнувачот и оставете ги цела ноќ во фрижидер за да се стопат. Овој сируп ќе ви биде одличен додаток за десерт, можете да го користите за колачите или овошни јогурти. Во сирупот исто така можете да додадете ванила, цимет или кора од портокал за дополнителна арома.rn

    „Дехидрирани“ јагоди

    rnСушените продукти во нутритивна смисла се многу препорачливи бидејќи овој процес не ги нарушува природните карактеристики. Станува збор за многу едноставна постапка за подготвување. Измијте ги јагодите, исечкајте ги на тенки парчиња и оставете ги да се сушат. Тоа можете да го направите и во рерна, на најниска температура околу 3 часа. Потоа затворете ги јагодите во стаклен сад и ако се добро исушени можат да траат и до 1 месец.rn

    Смрзнување цели јагоди

    rnСмрзнатите јагоди се идеални за изработка на овошно фрапе или колачи во текот на целата година. Тие најдобро е да се смрзнуваат поединечно, па откако ќе ги измиете распоредете ги во замрзнувачот така што да не се допираат. Прво замрзнете ги, а потоа спакувајте ги во кеса. На овој начин можете да смрзнувате и друго овошје.rn

    Сос од јагоди

    rnСосот од јагоди е одличен како прелив за сладолед, палачинки, колачи, па дури и како додаток за мусли. Измијте половина килограм јагоди и заедно со една лажица шеќер и пола лажица лимонов сок ставете ги во блендер. По вкус можете да додадете и повеќе шеќер. Откако ќе завршите замрзнете го сосот.rn

    Ледени коцки

    rnОдличен трик! За да го подготвите концентратот, ќе ви биде потребен сосот од јагодите. Во 230 милилитри сос додајте 200 грама шеќер и 230 милилитри цеден сок од лимон. Ставете ги сите состојки во блендер, добро измешајте, а после сипете го овој концентрат во калапи за лед и замрзнете го. Откако ќе замрзне, во една чаша ладна вода ставете две коцки концентрат и за секунда ќе добиете освежителен пијалак.rn

    Џем од јагоди

    rnЈагодите се одлични состојки кога станува збор за подготовка на џем. Врз 1 килограм јагоди сипете 700 грама шеќер и сок од 1 лимон и оставете ги да преноќат во фрижидер. Потоа исцедете ги јагодите, а добиената течност ставете ја во голем лонец каде што за околу 1 час ќе згусне. Претурете ги јагодите во сад за готвење и откако ќе зовријат, варете уште 15-тина минути заедно со 10 исчекани свежи лисја од нане и 10 големи зрна бибер. Џемот сипете го во загреани тегли.rn

    Овошни кори

    rnОвошните кори кои се познати и како дехидрирано овошно пире, можете да ги подготвите на следниов начин: Со миксер измешајте јагоди и шеќер (количина по ваш вкус), на кои можете да им додадете и различни зачини по желба. Потоа смесата излијте ја на хартија за готвење во многу тенок слој (од само неколку милиметри) и исушете го исто како „дехидрираните“ јагоди. Корите се готови откако целосно ќе се исушат, односно кога нема да ви се лепат на допир. Во фрижидер, заедно со хартија за готвење тие можат да траат и по неколку месеци.