Стотици луѓе вчера во клубот „Станица 26“ во Скопје поминаа една ноќ во дивина каде идеален начин да се згреат беше жестокиот пијалак Jägermeister. Познатиот бренд ја организираше забавата насловена како -18°C After Dark, на која посетителите беа опкружени со светлечки метални еленски глави, бршлен, скулптура од мраз и со апарати од кои бесплатно се точеше Jägermeister. Звукот на дивината го доловија Тони Зен и диџеите Чваре, Бугимен и Мартин, а настапија и хип-хоп танчерите од екипата Beatrix crew.rnrn
rnrnУште на самиот влез луѓето имаа можност да ја почувствуваат атмосферата на дивината. Висеа бршлени, а од ѕидовите „гледаа“ светлечки метални еленски глави, симболот на Jägermeister. Дел од просторот во клубот го заземаше дводимензионална ледена скулптура поставена во кутија со кршен мраз, во која, пак, се ладеа епрувети со познатиот пијалок. Хип-хоп музиката и ледениот Jägermeister го наполнија подиумот, а присутните имаа шанса да остават свој флуросцентен отпечаток на големо платно.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnИзненадување за присутните беше големата трафика со ретро дизајн, чија внатрешност беше уредена како шума во која гостите се фотографираа надополнувајќи ја дивата атмосфера во „Станица 26“. Жестокиот Jägermeister го точеа двајца искусни бармени користејќи најразлични трикови и акробации, при што гостите на забавата добија можност да пробаат и различни коктели со овој пијалок, како и да вкусат нови, интересни и невообичаени комбинации.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗабавата -18°C After Dark заврши во раните утрински часови, а публиката од Jägermeister остана да очекува уште креативни, уникатни и забавни настани во организација на овој светски познат бренд.rnrn
rnrn
rnrn
Tag: Jagermeister
-

Стотици луѓе се журкаа во дивина во центарот на Скопје
-

Жестока забава во соба од мраз сред Скопје
Првите работи во животот секогаш се паметат, а Jägermeister викендов им овозможи на голем број луѓе да имаат уникатни искуства на забавата која се одржа во Центарот за дизајн и иновација „Јавна соба“ во Скопје. Присутните се журкаа во соба од мраз каде можеа и да седнат на леден трон, ги почувствуваа мирисите на растенијата од кои е направен пијалакот и погледнаа инвентивна историска изложба додека диџеите Гоце САФ, Чваре и Флудер му дадоа ритам на настанот со сет-листи инспирирани од брендот. Повод за забавата беше новото редизајнирано шише на Jägermeister, но причината беше да им се овозможи на гостите да почувствуваат на своја кожа нешто ново и поинакво.rnrn
rnrnНа самиот влез, луѓето добиваа пијалак за добредојде и мапа која ги водеше низ зоните на уникатни искуства. Во историската соба беа изложени слики од повеќето шишиња на Jägermeister уште од времето на основањето на брендот пред повеќе од 100 години, а меѓу нив се најде и новото редизајнирано шише.rnrn
rnrnВо собата на вкусови и ароми, присутните можеа да ги допрат и помирисаат зачините и состојките од кои се прави овој пијалак кој е одличен дигестив и симбол на незаборавните журки. Сепак најголемо внимание предизвика ледената зона која беше поставена пред „Јавна соба“ и каде температурите беа под нулата. Во тој дел пијалаците беа најстудени, а присутните можеа да се сликаат седнати на трон направен од мраз.rnrn

-

Жешка забава со самовили, танчарки и „шотови“ во „Станица 26“
Самовила што оди на штули, егзотични танчарки во огледални костими, здравици со популарните „шотови“ и многу разиграни посетители беа главната декорација на забавата во организација на Jagermeister која се одржа во петокот во скопскиот клуб „Станица 26“.rnrn
rnrnЛудо, незаборавно и неверојатно забавно, беа едногласно оценките на сите присутни. Девојки и момчиња од цела Македонија до доцна во ноќта се забавуваа и танцуваа осветлени од стотици лед-светилки. Освен разиграните танчарки и пијалакот Jagermeister кој се служеше во епрувети, атмосферата дополнително ја вжештија неколкуте домашни диџеи кои ангажирано цела ноќ го следеа ритамот на публиката.rnrn
