Алката Embrace+ се носи на зглобот на раката како накит, но се поврзува со вашиот смартфон кој може да се наоѓа во вашиот џеб или чанта. Многу големи компании веќе иновираат технолошки производи кои можат да се носат на телото, па овој изум не е нешто неочекувано, но дефинитивно е многу практичен и кул.
Наместо постојано да го проверувате вашиот мобилен телефон за пропуштени повици и пораки, како и за нотификации од социјалните мрежи кои ви го прават денот позабавен, со Embrace+ ќе бидете известувани со вибрации и со промена на бојата на алката. На тој начин, алката известува преку комбинација од визуелни и тактилни знаци, додека вашиот телефон е надвор од вашиот видик и настрана од вашиот досег.
Можете да добивате нотификации за дојдовните повици, за СМС пораки, имејл, родендени, кога батеријата на телефонот ви е празна, како и за апдејти на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук, Тамблр, Инстаграм и Линкдин.
Алките доаѓаат со апликација која овозможува да се одредат поставките за нотификации според преференциите на корисникот. Така тој може да одлучи за што да биде известен, кога, колку често и на кој начин. Променлива е бојата, која може да биде различна за различни видови нотификации, како и интензитетот и времетраењето на светењето и вибрациите.
Производот беше поставен на сајтот Kickstarter со цел изумителите да соберат пари за финансирање на производството, но пред истекот на рокот тие ја надминаа целта од 80.000 долари за трипати.rnrnАлката е изработена од проѕирен силикон, во неа се вградени ЛЕД светла, користи магнетно полнење наместо стандардно преку УСБ и е водоотпорна. Ќе биде достапна во неколку различни бои, а сега можете да ја нарачате однапред за 69 долари.
rnrn
rnБи носеле ли вие алка?rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Пред активирањето на оваа опција, родителите кои сакаа да ја споделат радоста, мораа да отвораат нов профил за нивното неродено дете, при што ги кршеа правилата на Фејсбук, според кои секој корисник мора да има минимум 13 години.rn
Вашата статусна промена ќе биде објавена и во јавниот дел за новости „news feed“, со која вашите пријатели ќе бидат информирани за новата голема промена во вашиот живот.rnrnКога била пуштена новата опција на 24 јуни, Фејсбук имал некој проблем во системот, при што шегобијците практично можеле да си ги додаваат имињата на нивните другари како бебиња кои допрва треба да се родат. Сега тој проблем е поправен.rnrnОд формирањето на Фејсбук до денес, се направени доста промени во опциите за персоналните врски, што им овозможува на неговите корисници да ги прилагодат информациите кои сакаат да ги споделат, на начин на кој целосно ќе се претстават себеси.rnrnВо февруари 2011, Фејсбук овозможи како љубовен статус да се одбере опцијата „in a civil union“ (во пристојна заедница) или “in a domestic partnership“ (во семејно партнерство). Оваа опција е корисна за нетипичните љубовни партнерства, како и за хомосексуалните двојки, а беше доживеана како извојувана победа на граѓанските права. Ваквата опција е активна за корисниците од САД, Канада, Велика Британија, Франција и Австралија.rnrn