Куклите во бутиците постојат од далечната 1800-та година, кога во текот на индустриската револуција, биле направени излози на бутиците, за да се прикажат последните модни трендови во тој период. Но, се чини модата на изложените кукли, никогаш не се сменила.rnrn
Синџирот продавници H&M кој има околу 2.800 продавници ширум светот, можеби ќе го промени начинот на којшто ја доживуваме облеката на излозите, облечена на супер слабите манекенки. Шведскиот H&M воодушеви со своите нови кукли, кои се пополни и конечно покажуваат како изгледа просечното тело на обичната жена во 21 век. Тие инсталирале реалистично обликувани пластични манекенки во нивната продавница, за да им покажат на нивните муштерии, како навистина облеката ќе изгледа на нив, откако ќе ја откачат од закачалките и ќе ја облечат на себе.
Овие модели имаат за цел да му дадат реализам на шопинг-искуството, нешто коешто одамна требаше да се случи. Она што ги прави овие кукли реалистични се нивните меки стомаци, пополни бутови, бојата на кожата, фризурата на периките и генерално, пореални пропорции од оние на традиционалните кукли, во коишто сме навикнати да зјапаме по излозите. Во продавницата има разни модели: со мали бутови, голем задник, па дури и со големи гради.
Со години наназад, продавниците ширум светот им даваа голем акцент на нивните излози, со цел да ги натераат купувачите да влезат внатре, а куклите коишто ги користат се број 38. Но, по сѐ изгледа полничките познати лица како пејачката Адел и актерката Кристина Хендрикс, како и враќањето на модата од 50-тите и 60-тите, помагаат облините повторно да бидат „ин“ и секси.
Кај производителот на кукли „Displaysense“ нарачките за пластични манекенки со броеви 42 и 44, се зголемиле за 16%, бидејќи бутиците почнале да се ослободуваат од оние со „број нула“ и почнале да ги фаворизираат облините.
rnrn
Претставник од компанија изјавил: „Облините се повторно ин, и ќе останат да бидат во текот на оваа сезона пролет/лето. Најбитна работа во бизнисот, е да им останете релевантни на вашите потрошувачи, а нашите нарачки покажуваат дека покрупните и понадарените манекенки, како и пошироки закачалки за потешките алишта и други изложбени производи за плус-големини, се несомнено во пораст.“
rnrn
Останува само да се надеваме дека свеста за нереалните пропорции на куклите во бутиците, ќе зачука и на вратите во бутиците, ширум нашава држава.rnrnrnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Идејата е на мобилната телеком компанија
Но, Гвинет Лич, заедно со сите нејзини посетители, секој работен ден седи по 3 часа на столчето и им наоѓа нова креативна употреба на веќе употребените хартиени чашки за кафе. Оваа изложба е многу повеќе од обична уметност. Таа истовремено претставува инсталација и перформанс, при што публиката се јавува и во улога на создавач на делото. Самата инсталација пак, постојано добива нова форма и нови креативни елементи, ширејќи се во просторот и заземајќи нови „слободни“ правци.
Целата работа Гвинет ја документира на
Проектот има едноставна порака дека секојдневните предмети имаат повеќекратна употреба и треба да се реупотребуваат. Резултатот од сево ова е шарена и жива, но сепак смирувачка атмосфера во најбрзиот дел од градот.






rn