КАФЕ ПАУЗА

Tag: изјави

  • Незаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“

    Незаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“

    Секогаш своја и единствена, Саманта знаеше да нè насмее до солзи со своите сурово-искрени зборови за љубовта, врските, сексот. Нејзините изреки од хит серијата „Сексот и градот“, ја направија Саманта Џонс, улога играна од страна на Ким Картал, вистинска легенда. Ова се дел од најдобрите изјави на Саманта.rnrnНезаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“
    rn

    Здраво, моето име е Саманта и јас сум зависник од љубов.

    rn

    Кери: Проклетство! Зошто таа девојка не ме остава на мира?rnrnСаманта: Заборави на тоа. Ако јас се грижев што секоја кучка во Њујорк мисли за мене, никогаш не ќе излезев од дома.

    rn

    Душо, толку гледаш наназад, што ти е потребен ретровизор за врски.

    rn

    Мажите изневеруваат од иста причина поради која кучињата си ги лижат тестисите, затоа што можат!

    rn

    Сексот со бившиот може да биде депресивен. Ако е добар, го немаш веќе. Ако е лош, само што имаше секс со бившиот!

    rn

    Парите се моќ. Сексот е моќ. Затоа, земање пари за секс е едноставно размена на моќ.

    rn

    Шарлот: Миранда роди момче!rnrnСаманта: Баш тоа што му требаше на светов, уште еден маж!

    rn

    Шарлот: Не ми се верува дека зеде екстази од непознат!rnrnСаманта: Не беше непознат, тоа беше другар на другарот Боби на другар ми Боби!rnrnМиранда: Ок, во тој случај е безбедно!

    rn

    Кери: Велиш дека не би излегла со маж кој живее со своето семејство?rnrnСаманта: Па… можеби со принцот Вилијам.

    rnНезаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“
    rn

    Вие фантазирате за маж со апартман на Парк Авенју и јако портфолио на берзата… Јас за пожарникар со добро, убаво црево.

    rn

    Шарлот: Саманта, сè оди толку добро!rnrnСаманта: Да, јас, Џејмс, и неговиот малечок пенис сме едно големо, среќно семејство.

    rn

    Ти за малку ќе мастурбираше, него за малку ќе му се кренеше, заедно за малку ќе имавте секс.

    rn

    Маж во бар: Може да ти купам пијалак?rnrnСаманта: Имам, благодарам.rnrnМаж во бар: Може да ти купам остров?rnrnСаманта: Не знам, можеш?

    rn

    Ало, пожарна? Горам.

    rn

    Дечкото може лесно да те остави и ако сте спиеле на првиот состанок, и ако сте чекале до десеттиот.

    rn

    Шарлот: Би откачила момче поради тоа што се бакнува лошо?rnrnСаманта: Мораш! Ако неговиот јазик само стои така, што мислиш, што ќе прави неговиот пенис?

    rn

    Саманта (во врска со сексот пред брак): Пред да купиш кола, ја носиш на пробно возење.

    rn

    Од лично искуство. Ако изгледа предобро за да биде вистина, тогаш веројатно е!


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Те сакам“ кажано на холивудски начин

    „Те сакам“ кажано на холивудски начин

    Љубовта била и ќе остане вечна инспирација за филмските режисери. „Те сакам“, „те сакам повеќе од мојот живот“, „те сакам зајченце мое, „ти си жената на мојот живот“, „не сум паметен човек, но знам што е љубов“, „ти си единствената жена за мене“, се само мал дел од слатките реплики на познатите холивудски филмови.rnrn„Те сакам“ кажано на холивудски начинrnrnВо ова видео се спакувани романтични изјави од дури 95 филмови. Можеби ќе го препознаете вашиот омилен филм и токму ова видео ќе биде причина за повторно да се препуштите и да уживате во романтична атмосфера.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnРоден во Хјустон, Тексас, Парсонс почнал да се интересира за глумата откако ја добил улогата на птицата Кока-кола во училишната изведба на „Детето на слонот“. Во 2001 година тој завршил театарски мастер студии на Универзитетот во Сан Диего и се преселил во Њујорк со надеж дека таму ќе ја започне својата кариера како глумец. Во 2007, Парсонс конечно ја добил својата шанса за пробивање со улогата на Шелдон Купер во ТВ-серијата „Теоријата за Биг Бенг“, улога која целосно ќе му го промени животот.Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг
    rn

    „Она што најмногу ми се допаѓа кај Шелдон е начинот на кој се обидува да реши големи научни проблеми. Ми се допаѓа и како неговото научно резонирање често не функционира во реалниот свет, на пример кога разговара со Пени или со некој надвор од неговиот мал круг на пријатели-гении, но сепак, не го менува својот начин. Шелдон е премногу сигурен во себе и мислам дека тоа е одлична карактеристика.“

    rnШелдон е физичар кој нема никакви социјални вештини. Уште од самиот почеток, Парсонс верувал дека може одлично да го долови карактерот на својот лик. И покрај тоа што не чувствувал никаква сличност со Шелдон, тој постојано бил фасциниран од дијалозите кои биле пишувани за него и од начинот на кој треба да се изразува.rn
    rn

    „За жал многу малку научив за физиката. Тоа е за срам, но сепак секогаш кога има нешто научно во сценариото барам на интернет за да знам за што говорам. Но, тоа е сè. Честопати се случува експертот за физика да напише некоја формула, шега на таблата и јас да не ја сфатам. И по долго објаснување кога конечно ќе сфатам, едноставно не ми е смешно. Не сум воопшто попаметен откако сум во серијата. Всушност, мислам дека сум малку поглупав бидејќи немам многу слободно време за учење нови работи.“

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг БенгВо 2009, Парсонс ја доби наградата „Television Critics Association“ за индивидуално достигнување во комедија, во 2010 доби Еми награда за неверојатен актер во комедија и во 2011 доби Златен Глобус за најдобар актер.rnrnНа прашањето како успеваш да направиш толку да го сакаат твојот лик кога како личност никој не би требало да го поднесува, тој вели:rn
    rn

    „Писателите многу внимателно ги омекнуваат „тешките“ зборови. Другиот начин е како другите ликови реагираат на него – со вознемиреност, но и со помирување. Тоа се префрлува и на публиката, а јас воопшто не се обидувам да го доомекнам. Искрено, многу често поентата е да биде премногу иритантен.“

    rnrnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг„Теоријата за Биг Бенг“ достигна огромен успех и успеа да привлече публика од сите возрасти. Но, она што никој нема да го заборави се интересните и уникатни реплики на Шелдон. Еве еден мал дел од нив:rn
    rn

      rn011

    • Базинга!
    • rn011

    • Не сум луд, мајка ми ме тестираше.
    • rn011

    • Сакаш топол напиток? Ми дадоа до знаење дека кога некој е тажен треба да му се понуди топол напиток…
    • rn011

    • Според договорот на цимерите…
    • rn011

    • Пени не треба да плачеш зашто си глупава. Човек плаче кога е тажен. На пример, јас плачам зашто другите се глупави, а тоа ме прави тажен.
    • rn011

    • Јас ја сакам мајка ми, но чувствата за моето место на каучот се многу поголеми.
    • rn011

    • Тоа е погрешна равенка. Повеќе не е еднакво на повесело. Да имаше 2.000 луѓе во апартманов сега, дали ќе славевме? Не, ќе се гушевме.
    • rn

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенгrn

      rn011

    • Знаете дека сум многу паметен човек. Дали мисите дека ако не бев во право, немаше да знам?
    • rn011

    • Што точно значи „пријатели со бенефиции“? Дали тој ѝ овозможува на неа здравствено осигурување?
    • rn011

    • Мало недоразбирање? Галилео и Папата имале мало недоразбирање…
    • rn011

    • Ејми мора да ти признаам дека преправањето како да имам однос со тебе ми донесе многу големо задоволство.
    • rn011

    • Очигледно не можеш да го хакнеш супер компјутерот на владата и да се обидеш да купиш ураниум без Одделот за домашна безбедност да те издаде на мајка ти!
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 цитати од Џони Деп кои ќе ве замислат

    10 цитати од Џони Деп кои ќе ве замислат

    Во личноста на Џони Деп се крие многу повеќе отколку само убаво лице и актерски способности. Тој е страстен за животот, за љубовта и за своето семејство. Преку неговите зборови светот може да разбере каков е и што го мотивира низ животот како татко, сопруг, актер и пред сѐ, како личност. Работите кои тој ги кажува се брилијантни и ќе ве натераат длабоко да размислите. Прочитајте ги 10-те негови најинтересни изјави.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    1.Сите сме оштетени на некој начин. Никој не е совршен. Мислам дека сите сме на некој начин по малку луди. Буквално секој од нас.“

    rnДеп има одлична поента со оваа своја мисла. Никој од нас не е совршен. Сите знаеме да ја оплескаме работата. Дури и оние луѓе кои најмногу ги почитуваме и сметаме дека се безгрешни човечки битија, исто така не се совршени. Ова е многу важно да се запамети.rn
    rn

    2.Животот е прилично добар, а зошто не би бил? На крајот на краиштата, јас сум пират.“

    rnЗошто еден пират да не може да е задоволен од својот живот? Секој од нас може да биде среќен, доколку навистина верува дека, земено во целина, животот е убав. Неверојатен е начинот на кој Џони се соживува со улогата на Џек Спероу во „Пиратите од Карибите“. Тој едноставно се забавува со сѐ што прави.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    3.Мислам дека никој не е подготвен за смртта. Можеш само да се надеваш дека кога таа ќе настапи, ќе се чувствуваш дека си го кажал сето она кое си сакал да го кажеш. Никој не сака да си замине на сред реченица.“

    rnОва е навистина длабока, тешка, но сепак и забавна реченица. Тоа е Џони Деп – интелигентен, сериозен, а сепак многу духовит.rn
    rn

    4.Ако сакаш две личности истовремено, одбери ја втората, бидејќи ако навистина си ја сакал првата, немало да се заљубиш во втората.“

    rnИ повторно тој е во право. Ако некогаш сте биле изневерени, овој цитат на Деп можеби ќе ви отвори стара рана, но сепак ве советува дека ако вашиот партнер решил паралелно да биде со некој друг, никогаш не ве сакал доволно за да бидете единствените во неговото/нејзиното срце.rn
    rn

    5.Постојат 4 битни прашања кои треба да си ги поставиме во животот: „Што е свето? Од што е создадена човечката душа? За што е вредно да се живее и за што е вредно да се умре? Одговорот на сите прашања е ист – само љубовта.“

    rnОва е еден од најслатките и најромантични цитати на Џони Деп. Прекрасен е неговиот начин на размислување, дека нашите души се креирани од љубовта и поради тоа се свети. Кој не би се согласил дека вреди да се живее и да се умре само за љубовта?!rn
    rn

    6.Единствените суштества кои можат да почувствуваат и пренесат чиста љубов, се кучињата и бебињата.“

    rnАко некогаш сте имале куче или сте држеле в раце новороденче, тогаш ја сфаќате оваа мисла на Џони Деп. Бебињата и кучињата го имаат оној опоен љубовен поглед во нивните очиња; тие се толку невини и чисти во душата. Погледот кон нивните очиња, е навистина нешто што не може да се опише, туку само да се доживее.rn
    rn

    7.Кога децата полнат една година, тоа е како да се шеташ со минијатурна пијаница. Мораш да ги држиш покрај себе. Тие се удираат во предмети. Се смеат и плачат. Уринираат. Блујат.“

    rnНавистина смешна реченица. Има ли нешто позабавно од гледање на едногодишно детенце како се тркала наоколу и се сопнува како некоја стара пијаница. Размислете за момент – ова е навистина многу соодветен опис на луѓето во првата година од својот живот.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    8.Една стара жена во хотелски ресторан во Лондон, ја праша мојата ќерка што работи нејзиниот татко. Таа одговори: „Тој е пират.“ Бев многу горд на нејзиниот одговор.“

    rnКолку се само децата невини, искрени и слатки. Исто така, прекрасно е и тоа што Деп го обожавал одговорот на неговата ќерка.rn
    rn

    9. Не можете да ја испланирате длабочината на љубовта која ќе ја имате кон вашите деца. Постанувањето татко за мене не беше свесна одлука. Тоа беше дел од прекрасното патување на кое бев. Тоа беше судбина, к’смет. Целата математика конечно профункционира.“

    rnНавистина е прекрасно да се слушне, дека Џони Деп бил толку возбуден и трогнат кога постанал татко, без разлика на тоа дали е холивудска ѕвезда или не. Имањето свое дете навистина го менува животот, но реткост е да чуете некој татко да зборува за татковството на ваков мил и интелигентен начин.rn
    rn

    10.Ако воопшто можам да извлечам некаква порака од мојата работа, е дека на крајот на краиштата, ОК е да се биде различен, добро е да се биде различен и треба да се преиспитаме себеси пред да дадеме суд за некого дека изгледа поинаку, се однесува поинаку, зборува поинаку или има различна боја.“

    rnБаш убава порака испраќа Џони до светот. Сите ние треба меѓусебно да си ги прифатиме разликите, да не се оптоваруваме со површни работи, туку да го прославуваме човештвото со добрина и љубов. Ова е една од најдобрите изјави на Деп, бидејќи испраќа една длабока порака за толеранција и меѓусебно прифаќање на различните.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ед Вествик – миленикот на женските срца

    Ед Вествик – миленикот на женските срца

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЕд е млад и згоден актер кој од ден на ден сѐ повеќе ја привлекува публиката ширум светот. Неговото најголемо досегашно филмско достигнување, е улогата на Чак Бес во ТВ серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) и лик по кој многумина го препознаваат. Неговиот нежен, но многу специфичен лик, сексапил и шармантност со интересна доза на дрскост, се причина токму тој да биде „сон“ на многу девојки. Неговата појава не остава никого рамнодушен.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНеговото вистинско име е Едвард Вествик. Овој млад убавец е роден на 27 јуни 1987 година во Стивенејџ, Хертфордшајр, Англија. Висок е 175 см и е рак во хороскоп. Наспроти улогата на дрскиот срцекршач Чак, кој секогаш ја држи чашката алкохол в рака, има екстремно богатство од својот татко и учеше во приватна гимназија, Ед потекнува од скромно семејство и учел во локалното училиште. Тој е најмладиот член во семејството Вествик, има двајца постари браќа и за себе вели дека е најфиниот во фамилијата.rnrnНеговиот татко држи универзитетски часови по бизнис, а мајка му е психолог. И покрај тоа што учел бизнис, право и комуникација, еден двонеделен летен курс по глума во Националниот младински театар во Лондон, му дал нова амбиција во животот. Инаку, негова работа од соништата е да биде дизајнер на градини. Поддржувач е на фудбалскиот клуб Челзи.Ед Вествик - миленикот на женските срцаВо врска со споредбата на неговиот карактер, со ликот на Чак, тој вели:rn
    rn

    „Постојат многу повеќе разлики, отколку сличности помеѓу мене и Чак. Кога имав 17 години, можеби имав одредени особини кои ги поседува и Чак, но во сосема поинаков контекст. Јас не потекнувам од Апер Ист Сајд и ги немам желбите кои ги има Чак. А да, исто така јас немам еден куп девојки. Јас сум добро момче. Девојките го сакаат Чак, а не мене, бидејќи тие ги сакаат „лошите“ момчиња. Она што најмногу ме нервира во врска со работата во „Озборувачка“ е тоа што морам да се бричам секој ден.“

    rnА како изгледа неговиот ноќен живот во Лондон?rn
    rn

    „Целото брмчење во градот ме возбудува. Јас сум „ноќна птица“ така што обожавам да излегувам. Секогаш можам да го почувствувам потенцијалот на вечерта, особено во текот на летниот период. Кога сонцето ќе излезе, девојките облекуваат убави фустанчиња. Таков е летниот Лондон: сета насобрана енергија која се криела и се крчкала под земјата 8 месеци од годината, конечно излегува на површина, заедно со изгревањето на сонцето.“

    rnЕд Вествик - миленикот на женските срцаrn

    „Доколку сакам да излезам надвор, да пијам и да ја фрлам чашата на улица, јас и ќе го сторам тоа. Тоа би го направил од причина што сакам да се забавувам, а не бидејќи сакам да создадам некаква тензија околу мене. Во тој случај би бил ку*наз, а не сум.“

    rnНеговата кариера започнала со појавувањето во филмот „Doctors“ како Холден, потоа следува ликот на Џони во „Casualty“ и ликот на Дарен во „Afterlife“. Треба да се споменат и неговите појавувања во филмовите „Breaking and Entering“, „Children of Men“ и  „Son of Rambow“.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНеговото појавување во „Gossip Girl“ како Чак Бес е клучната улога во неговата кариера. Од 2007 година, благодарение на успешното претставување на ликот на  Чак, Едвард бележи големи успеси во својата кариера. Во 2008 година е номиниран за најсекси маж во списанието „People“, а се појавува и на листата на 100 најубави луѓе заедно со екипата од „Gossip Girl”. Потоа следуваат наградите за најдобар „TV Villain“ (ТВ никаквец) на „Teen Choice Awards“ (Изборот на тинејџерите) и во 2010 година наградата за „Breakthrough Talent“ (Пробивен талент) од машкиот магазин „GQ“. Понови негови филмски остварувања се улогите во „Chalet Girl“и „J. Edgar“ во 2011 година, а во 2012 се очекува неговото појавување во филмот „Romeo and Juliet“ во улога на Тибалт. Тој е заштитно лице на модниот бренд Penshoppe.Ед Вествик - миленикот на женските срцаОсвен што е успешен актер, тој е одличен музичар. Ед е фронтмен на петчлениот британски инди рок бенд „The Filthy Youth“. Музиката за него е синоним за слобода, добар начин за да пренесеш порака.rn
    rn

    „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е само она што го гледаме, туку она што се случува во нашата глава. Музиката е она коешто произлегува од нашата потсвест. Музиката е моето ослободување.“

    rnВо фотографиите на Вествик, честопати може да се забележи дека тој сака да ги покажува своите гради низ раскопчаната маица. Во врска со тоа тој вели му се допаѓа покажувањето на дел од неговите влакнести гради и дека тоа е неговиот заштитен знак.Ед Вествик - миленикот на женските срцаВо врска со очигледната хемија помеѓу него и неговата колешка Лејтон Мистер во „Озборувачка“ тој објаснува:rn
    rn

    „Јас сум лудо заљубен во Лејтон. Тоа е она што помага за чувствување на таа енергија од моја страна. Ја сакам толку многу што таа не ни мора да биде вљубена во мене. Ја сакам доволно, таа е моја. Неизмерно сум близок со неа, Лејтон е прекрасна девојка.“

    rn Ед Вествик - миленикот на женските срцаВествик започна љубовна врска со неговата колешка од „Озборувачка“, Џесика Шор (Ванеса) при крајот на 2008 година. Тие се разделија во мај 2010 година, а Ед изјави дека девојките му предизвикуваат главоболка, но накратко тие се смирија во текот на снимањето на четвртата сезона од „Озборувачка“ во август, 2010. Во февруари 2012 година, Вествик и Шор официјално ја обновија нивната љубовна врска.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНа Ед му се допаѓа гламурозниот инди рок изглед. Тој на моменти има детско однесување, страстен е и помалку луд. Горд е на тоа што е романтичар и смета дека можеби е и еден од последните.rn
    rn

    „Слаба точка ми е вратот – кога девојките се премногу блиску до мојот врат, луди работи почнуваат да се случуваат.“

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни начини на раскинување

    Смешни начини на раскинување

    Автор: Викиrn
    rn

    „Сè уште ми недостасува мојот бивш, но пoзабавно ми е да го гледам како пати.“

    rnНајдобро е да се избегнуваат ваквите тажни и тмурни изјави. Она што обично ни помага да продолжиме понатаму после раскинувањето, се смешните ситуации на кои се присетуваме.rnrnБез разлика дали ќе му ги пратите на вашиот бивш/а преку СМС или пак ќе си ги задржите само за себе, со ваквите изјави и мисли, секако ќе имате причина да се насмеете. Плус, запомнете дека понекогаш работите треба да се сфаќаат малку полабаво, понесериозно.rnrnСмешни начини на раскинувањеrnrnЕве неколку начини на смешно раскинување:rn
    rn

    „Заборави ја љубовта, јас попрво би се заљубил/а во чоколадо.“

    rn

    „Најпрво, после раскинувањето, ќе имаш слика за себе, како си сама на 57-58 години, шеташ во ноќница, со косата фатена во пунџа, можеби си библиотекарка, подгреваш супа за една особа и се грижиш за пајажините што растат во твојата утроба.“rn-Убави девојки (1996)

    rn

    „Не оди си лут, само оди си!“

    rn

    „Не е до мене, до тебе е.“

    rn

    „Мојот витез во сјаен оклоп испадна дека е губитник во алуминиумска фолија.“

    rn

    „Јас добив прстен, тој доби прст.“

    rn

    „Ако твојот мобилен телефон не ѕвони, тоа сум јас.“

    rn

    „Јас сум толку мизерен/на без тебе, речиси исто како ти да си тука.“

    rn

    „Зошто не одиш на некое поудобно место, како на пример во кома?“

    rn

    „Омразата кон тебе ќе бара емоционална посветеност.“

    rn

    „Разговарај со раката, ако имаш некои прашања – консултирај се со мојот среден прст.“

    rn

    „Посакувам да бевме подобри непознаници.“

    rn

    „Ако ти е тешко да си се изнасмееш на себеси, не грижи се, јас со задоволство ќе го направам тоа за тебе.“

    rn

    „Подобро е да се љуби и да се загуби отколку да се живее со психо до крајот на животот!“

    rn

    „Мислам дека треба да бидеме само пријатели.“

    rn

    „Нова година, нова јас, истиот стар ти.“

    rn

    „Се чувствувам многу подобро откако се откажав од надежта.“

    rn

    Таа му раскинува, а тој и вели:rn„Никогаш нема да најдеш некој како мене“rn- Се надевам. Ако не те сакам тебе, зошто би сакала некој како тебе?“

    rn

    „Кога ти треба маж е исто како кога ти треба падобран. Ако не е тука првиот пат кога ќе ти треба, шансите се мали дека ќе ти треба повторно.“

    rn

    „Ако поминуваш низ пекол, продолжи да одиш.“

    rnКој е најинтересниот начин на кој вие сте откачиле некого или пак тој/таа ве оставил вас? Можеби имате нешто што сте сакале да му кажете на вашиот бивш/а, но не сте добиле прилика… испукајте се во коментарите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ги возбудува момците?

    Што ги возбудува момците?

    За девојките не е едноставно да ги знаат сите оние мали нешта што ги возбудуваат момците. Секое момче има свои мечти и фантазии, кои по подолго време може да се откријат, па да се направи нешто во врска со тоа. Постојат работи кои, очекувано или сосема изненадувачки, делуваат возбудливо за многу мажи. Космополитен ги повика момците да кажат по една работа која ги возбудува. Од многуте пораки кои ги добија преку Твитер, селекцијата паднала на овие изјави. Ако не знаете од каде да почнете, еве неколку идеи:rnrnШто ги возбудува момците?rn

      rn011

    • Дама на улица, откачена во спална
    • rn011

    • Гласот преку телефон, рано наутро или доцна навечер кога е изморена
    • rn011

    • Девојки што пливаат
    • rn011

    • Знае како да оди на нејзините високи потпетици
    • rn011

    • Амбициозна девојка
    • rn011

    • Жена која е 70% ангел, 30% ѓавол
    • rn011

    • Жена со многу самодоверба и самоувереност
    • rn011

    • Девојка што си ја плаќа сопствената вечера
    • rn011

    • Постара богата жена која сака да троши пари на млади дечки
    • rn011

    • Ако можете да се завртите додека „го јавате“
    • rn011

    • Девојка на која не ѝ треба шминка, која изгледа едноставно
    • rn011

    • Девојка што ќе игра со мене на PS3
    • rn011

    • Ако мириса убаво
    • rn011

    • Кога се шета со некоја моја маица
    • rn011

    • Кога ја гризе мојата долна усна додека се бакнуваме
    • rn011

    • Девојка која излегува освежена од туширање, со крпа на неа
    • rn011

    • Добар углед
    • rn011

    • Слатки ножни прсти
    • rn011

    • Девојка која е независна и не заборава дека не сум ù татко
    • rn011

    • Девојка која кулира во дуксер и тренерки
    • rn011

    • Девојка која цело време носи машки шорцеви
    • rn011

    • Девојка која игра видеоигри
    • rn011

    • Кога девојка си ја гризе нејзината уста додека ве гледа во очи
    • rn011

    • Секс за време на туширање
    • rn011

    • Кога девојката го знае моето минато, но ме цени заради тоа што сум сега
    • rn

    rnМомци, што би додале во листава?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати од легендарниот Хомер Симпсон

    Цитати од легендарниот Хомер Симпсон

    Кој се нема изнасмеано до солзи на глупостите кои ги има тресено Хомер низ сите сезони на ТВ серијата „Симпсонови“? Овој легендарен лик ќе се памети засекогаш, а неговите испади и шеги ќе се раскажуваат и гледаат со генерации и генерации. Ова се само дел од неговите најсмешни изјави низ сите 22 сезони.rnrnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Аххх, пиво… Причината и решението за сите животни проблеми.

    rn

    Која е поентата да се излегува надвор? И онака после пак ќе се вратиме тука.

    rn

    Како со учењето би се чувствувал попаметен? Плус, секогаш кога ќе научам нешто ново, исфрлам нешто што сум го научил претходно. Како оној пат кога отидов на курс за правење вино, заборавив како се вози.

    rn

    Обидувањето е првиот чекор кон неуспехот.

    rn

    Марџ, навистина многу ќе ми недостигаш. Не само поради сексот, туку и поради приготвувањето на храната.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Мислам дека г. Смитерс ме одбра поради моите мотивациски вештини. Сите велат дека мораат да работат двојно повеќе кога јас сум во околина.

    rn

    Синко, кога учествуваш во спортски натпревари, не е важно дали ќе победиш или ќе изгубиш. Важно е колку ќе се опијаниш.

    rn

    Марџ потребни се двајца за лага. Едниот да лаже, а другиот да слуша.

    rn

    Деца, давате сè од себе, но сепак, јадно, не успевате. Лекцијата е „никогаш не обидувај се.

    rn

    Со 10.000 долари, ќе бидеме милионери! Ќе можеме да купиме секакви корисни работи, како на пример… љубов!

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Ох, луѓето секогаш излегуваат со разни статистики за да докажат нешто. 14% од луѓето го знаат тоа.

    rn

    Момчиња, нуклеарен реактор е нешто слично како жена. Морате да го прочитате упатството и да го стиснете вистинското копче.

    rn

    Епа, сега е 1 часот по полноќ. Подобро да појдам дома и квалитетно да потрошам малку време со децата.

    rn

    Ќе може ли барем еднаш во животот некој да ме нарече „Господине“, без притоа да додаде „правите сцена“.

    rn

    Ве молам не јадете ме, јас имам жена и деца. Изедете ги нив!

    rn

    Лиса, вампирите се измислена работа, исто како елфовите, гремлините и Ескимите.

    rn

    Телевизија! Учител, мајка, таен љубовник.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Не морам да бидам внимателен, имам пиштол!

    rn

    Не, не, не Лиса! Доколку на возрасните не им се допаѓа нивната работа, тие не штрајкуваат. Тие одат секој ден на работа и пола од времето го преседуваат. Тоа е американскиот начин!

    rn

    Интернет! Тоа нешто уште постои?

    rn

    Јас никогаш не се извинувам! Прости ми Лиса, ама таков сум.

    rn

    Аххх, пиво…мојата единствена слабост. Или ако сакате, Ахилова пета.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Ох, доцнам 26 часа на работа.

    rn

    Деца тишина!!! Ако чујам уште само еден збор, за Барт нема веќе гледање цртани, а за Лиса нема одење на колеџ!!!

    rn

    Деца, ако дедо ви почне да се однесува чудно, однесете го во подрум.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.