КАФЕ ПАУЗА

Tag: изјави

  • 15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето

    15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето

    Во минатото, паровите си шепотеле слатки љубовни изјави на уво и си праќале љубовни писма преку кои ги искажувале своите најдлабоки чувства. Но, денес имате многу повеќе можности на располагање. Секако, вие сè уште можете му праќате писма или да му шепотите на уво, но исто така можете и да му пратите СМС порака или имејл. Бидејќи комуникацијата е многу олеснета, зошто да не ја искористите во ваша цел? Погледнете ги следниве 15 слатки изјави кои за само неколку секунди можат да ви помогнат да му го освоите срцето…rn

    Соодветни изјави за новите љубовни врски

    rn(1) 15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцетоrn

    1. „Ми се допаѓа тоа што си џентлмен во мое присуство.“

    rnОваа слатка изјава му покажува на вашето момче колку многу го цените неговото однесување кон вас, како и му укажува на фактот дека сакате да продолжите со него.rn

    2. „Ти си многу интересен човек. Знаеш толку многу нешта за скоро сè.“

    rnНикогаш не е на одмет да го зајакнете егото на вашето момче. На крајот од краиштата, не постои човек кој не сака да се чувствува почитувано и обожувано. Токму затоа оваа кратка изјава може да ве одведе на ново ниво во вашата врска.rn

    3. „Имав лош ден, но тогаш се потсетив на тебе и одеднаш мојот свет се осветли.“

    rnОва можеби е многу директно, но доколку навистина се почувствувате на овој начин, тогаш дефинитивно треба искрено да му го кажете тоа и на вашето ново момче. Тој ќе го цени гестот.rn

    4. „Никогаш не сум сретнала маж кој е толку амбициозен и решителен како тебе.“

    rnОва е само уште една едноставна и добронамерна изјава која може да ја однесе вашата врска на ново ниво.rn

    5. „Едвај чекам да се видиме повторно.“

    rnКратка, но јасна порака која ќе му покаже дека уживате во вашето време поминато заедно. Во новите врски, ова исто така е и добар начин да му дадете до знаење дека кај вас постои желба за продолжување на односот.rn

    Соодветни изјави за сериозните љубовни врски

    rn(2) 15-slatki-izjavi-so-koi-mozhete-da-mu-go-ukradete-srceto-ww.kafepauza.mkrn

    6. „Посакувам сега да беше тука“

    rnОваа изјава едноставно му кажува на вашето момче дека тој многу ви недостасува. Едноставно секој човек сака да се чувствува посакувано, па токму затоа оваа изјава може да биде една од најслатките пораки во долгите и сериозни врски. Но, внимавајте да не претерате со нејзината употреба бидејќи во спротивно тој би можел да се почувствува згушено.rn

    7. „Ми велеа дека љубовта може да се создаде во само еден момент, но не верував во тоа сè до моментот кога се заљубив во тебе.“

    rnОваа порака ги открива вашите најдлабоки чувства кон вашето момче и му дава до знаење дека не се плашите да зборувате за нив.rn

    8. „Кога гледам во твоите очи, забележувам пат кон свет во кој сакам да постојам.“

    rnДоколку не сте многу блиски, оваа порака може да има спротивен ефект. Но, доколку сте подолго време во врска и чувствувате дека можете да му ги признаете дури и најдлабоките ваши чувства, тогаш оваа изјава е полн погодок.rn

    9. „Ако добијам можност да го преживеам целиот мој живот одново, тогаш единственото нешто што ќе го сменам е јас и ти да се запознаеме порано.“

    rnОваа слатка порака му укажува дека вие би сакале уште многу време да поминете заедно и дека го цените неговото присуство во вашиот живот.rn

    10. „Се чувствувам многу заштитено и безбедно кога си покрај мене.“

    rnМажите отсекогаш сакале да се чувствуваат како „заштитници“, па токму затоа и ќе обожаваат да ја слушаат оваа ваша изјава. Знаењето дека се чувствувате безбедни покрај нив е најдобриот комплимент за повеќето мажи.rn

    11. „Не постои маж на оваа планета кој може да ме разбере подобро од тебе.“

    rnСекоја добра врска се состои од искреност и отворена комуникација. Токму затоа со оваа изјава вие ќе му дадете до знаење дека сте дел од здрава љубовна врска.rn

    12. „Отсекогаш си знаел како да ме насмееш, дури и кога сум многу нерасположена.“

    rnПартнерството поминува низ голем број подеми и падови. Тоа е дел од животот. Токму затоа признавањето на фактот дека тој секогаш има позитивно влијание врз вашето расположение е една од најголемите знаци за добра врска кои можете да му ги покажете.rn

    13. „Не можам да си го замислам животот без тебе.“

    rnКога два живота ќе се спојат, станува незамисливо да се замислите без „другата половина“. Ова е позитивен чекор во врската, па доколку навистина се чувствувате така, разговарањето на оваа тема може да направи тој да се почувствува одлично покрај вас.rn

    14. „Не знам како ме трпиш, ама мило ми е што го правиш тоа.“

    rnОваа изјава му дава до знаење дека вие знаете колку сте тешки за справување и дека го цените она што тој се обидува да го направи за вас. Оваа порака е особено од голема важност доколку поминувате низ потежок период.rn

    15. „Само моето срце може да ти каже колку те сакам, моите зборови не се доволни моќни.“

    rnСо оваа изјава вие му велите дека едноставно не можете со зборови да ги објасните вашите чувства кон него. Зарем постои нешто друго што еден заљубен маж би сакал да го чуе од својата љубена?

  • 7 нешта кои никако не смеете да ѝ ги кажете на жена која е сингл во нејзините 30-ти

    7 нешта кои никако не смеете да ѝ ги кажете на жена која е сингл во нејзините 30-ти

    Откако ќе наполните 30 години и особено ако сте сè уште сингл, луѓето ќе почнат да се однесуваат поинаку со вас. Вие веќе не сте младата девојка која е полна со енергија и која целосно го има сфатено животот покрај шише алкохол. Сега сте жената која „знае подобро“. 30-тите се годините во кои сè се врти околу бебиња, па доколку познавате жена која во моментов не е во врска и која нема деца, тогаш подобро е доколку се воздржувате од следниве 7 коментари за нејзиниот живот…rnrn7 нешта кои никако не смеете да ѝ ги кажете на жена која е сингл во нејзините 30-тиrn

    1. „Мора да родиш бебе пред да наполниш 35 години“

    rnИ покрај тоа што науката докажала дека е многу потешко да се има бебе по овие години, тоа не значи дека е невозможно. Голем број жени решаваат да родат подоцна во својот живот и тие сосема добро се снаоѓаат со тоа.rn

    2. „Не можеш веќе да го носиш тоа“

    rnОдеднаш, кога ќе наполните 30 години, вашата гардероба треба целосно да се промени. Постои некое општо прифатено верување дека жените во 30-тите повеќе не треба да ги покажуваат своите нозе, па затоа и се очекува тие никогаш повеќе да не облечат фустан или здолниште. Доколку жената се чувствува пријатно и самоуверено, нема причина зошто да не ги носи сите оние парчиња облека кои ги посакува.rn

    3. „Можеби би требало да се обидеш со онлајн состаноци“

    rnВерувале или не, скоро секоја сингл жена во 30-тите се има сетено на оваа можност. И доколку тоа сè уште го нема направено, тоа значи и дека не ѝ се допаѓа тој начин на запознавање мажи. Многумина мислат дека онлајн запознавањето ги забрзува работите, но реалноста е дека понекогаш тоа само ги влошува.rn

    4. „Премногу пребираш“

    rnИнтересно е како кога сте биле тинејџери никој не ви велел да се задоволите со второто најдобро и никогаш да не ги остварите вашите соништа. Но, кога ќе наполните 30, одеднаш доаѓа време за „намалување на очекувањата“.rn

    5. „Не би можела да разбереш, не си родител“

    rnСите знаеме колку зафатени можат да бидат жените во 30-тите кои имаат свои деца, но тоа не значи дека оние кои се сингл не се способни за емпатија и за помош. Исто така, тие се свесни дека не се родители, па со оваа изјава вие само би ги навредиле.rn

    6. „Нема да го запознаеш господинот Совршен во бар“

    rnОва може да биде вистина, но понекогаш многу е забавно да не го запознаете господин Совршен во бар покрај пијачка и добро друштво.rn

    7. „Веќе нема да имаш забавни родендени“

    rnВо вашите 20-ти, сигурно повеќето родендени завршувале со пијани бакнежи, непријатни моменти и ужасен мамурлак следното утро. И да не заборавиме на повраќањето. Искрено, дали овие сценарија ги сметате за најдобар начин на славење на роденденот? Плус, не заборавајте дека со 30 години вие сте чекор поблизу до кандидирање за претседател. И покрај тоа што со 18 години можете легално да си купите алкохол, на 40 можете да бидете лидер на државата.

  • 7 реченици кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жена која се разведува

    7 реченици кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жена која се разведува

    Разводот е еден од најстресните настани во животот. Жената која се разведува е особено чувствителна во овој период, па понекогаш дури и најдобронамерните совети и изјави од пријателите можат да имаат негативен ефект врз неа, правејќи да се чувствува уште полошо од претходно.rnrn7 реченици кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жена која се разведуваrnrn1. Избегнувајте ја изјавата: „Па, поголемиот број луѓе се разведуваат, ти не си единствена.“rnrnНаместо тоа, кажете ѝ: „Знам дека за тебе твојот брак беше единствен, посебен и поинаков. Но, вистинската љубов на крај секогаш победува, па во моментов најважно е да опростиш бидејќи секое заздравување се темели на опростувањето.“rnrn2. Избегнувајте ја изјавата: „И јас мислев дека нешто не е во ред со вас периодов.“rnrnНаместо тоа, кажете ѝ: „Кога ве видов последен пат изгледавте убаво и исполнето. Ова што сега ми го кажуваш навистина ме изненадува. Раскажи ми сè што се случи помеѓу вас.“rnrn3. Избегнувајте ја изјавата: „Љубоморна сум ти дека почнуваш од почеток.“rnrnНаместо тоа, кажете ѝ: „Одвои колку време и да ти е потребно за да си ги средиш мислите. Јас ќе бидам покрај тебе.“rnrnДополнителен совет: Избегнувајте да ги спомнувате сите негативни емоции кои жената ги чувствува во процесот на разведување, меѓу кои се и љубомората и стравот од нов почеток.rnrn4. Избегнувајте ја изјавата: „Јави ми се ако ти треба нешто.“rnrnНаместо тоа, кажете ѝ: „Ајде заедно да одиме на викенд како во старите добри времиња.“rnrnДополнителен совет: Личноста која се наоѓа во тешка ситуација нема да побара сама помош, бидејќи ќе ѝ биде непријатно. Жената која се разведува нема да сака да ве мачи со нејзините проблеми, па често може да премолчува. Токму затоа вие треба да бидете онаа која ќе иницира заеднички активности.rnrn5. Избегнувајте ја изјавата: „Го мразам твојот сопруг.“rnrnНаместо тоа, кажете ѝ: „Мислам дека ти и твојот сопруг одлично функциониравте и многу напредувавте во вашата заедница.“rnrnДополнителен совет: Со таа изјава ѝ кажувате на вашата пријателка дека нејзиниот избор бил ужасен, па токму затоа и негативно ќе влијаете врз нејзината самодоверба.rnrn6. Избегнувајте ја изјавата: „Го видов пред некој ден. Изгледаше ужасно.“rnrnНаместо тоа, не ѝ кажувајте ништо. Доколку го видите нејзиниот бивш партнер, подобро е да премолчите бидејќи таа исто ќе посака да го види.rnrn7. Избегнувајте ја изјавата: „Потребна ти е кратка авантура.“rnrnНаместо тоа, кажете ѝ: „Ајде да се забавуваме заедно.“rnrnДополнителен совет: Доколку жената која се разведува се впушти во кратка сексуална авантура, таа може да се почувствува уште полошо од претходно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 видови луѓе на кои никогаш не треба да им верувате

    20 видови луѓе на кои никогаш не треба да им верувате

    Постојат некои луѓе кои уште од првиот момент кога ќе ги здогледате, знаете дека целосно ќе се согласувате со нив. Но, исто така постојат и одредени луѓе кои без особено објаснување ни најмалку не ви се допаѓаат. Тие шират некоја негативна енергија околу нив чиј извор не може лесно да се открие. Можеби следниве поделби ќе ви помогнат…rnrn20 видови луѓе на кои никогаш не треба да им веруватеrnrn1. Фризери или фризерки кои велат „Знам која фризура најдобро ќе ти стои. Верувај ми“. Никогаш не им верувајте кога упорно ве убедуваат дека нивната одлична идеја ќе биде добра и за вас. Станува збор за различни луѓе, со различни вкусови, па ако не сакате да излезете со солзи, не дозволувајте да ја преземат контролата.rnrn2. Луѓе кои не ја сакаат ТВ серијата „Пријатели“. Што не е во ред со нив?rnrn3. Мажи со неверојатно нежни и мазни раце. Зарем тие никогаш не работеле? Или можеби се толку многу опседнати со својот изглед што дури и нарцисите не им се рамни? Ако нѐ прашувате нас, оваа комбинација е рецепт за катастрофа.rnrn4. Луѓе кои никогаш не можат да најдат ништо во бутиците. Цел ден шетале и ништо не им се допаднало? Дури ни белите чорапи? Или се премногу пребирливи или се личности кои никогаш не можат да донесат одлука. Во секој случај, нема да бидат добри пријатели.rnrn5. ЛуЃеТо КоИ кУцАаТ вАкА. Додека пишуваат, сигурно прават детален план како да ве убијат. Нема друго објаснување.rnrn6. Луѓе кои можат да изедат само една коцка чоколадо. Потребна е голема самоконтрола за да се сопрете по првото залче чоколадо. Толку голема што е скоро невозможна. Тоа значи дека тие луѓе едноставно не се од овој свет!rnrn7. Луѓе кои не употребуваат емотикони. Сигурно и во реалноста не ги искажуваат своите чувства, се согласувате?rnrn8. Луѓе кои не сметаат дека животните се слатки. Психопати? Социопати? Сериски убијци?rnrn9. Луѓе кои биле МНОГУ убави како деца. Тие сигурно не морале да научат како да бидат фини и љубезни бидејќи откако ќе ги виделе сите автоматски ги сакале. Тоа е една од многуте причини зошто денес се многу злобни и очекуваат сè што ќе сакаат да им падне во нивните раце без никаков труд.rnrn10. Луѓе кои не слушаат музика. Бизарно.rnrn11. Луѓе кои не можете да ги откриете со едноставно пребарување на Гугл. Што се обидуваат да сокријат?rnrn12. Непознати личности кои рано од сабајле пријатно ви се смешкаат. Чудаци!rnrn13. Доктор Гугл. „Дали станува збор за обична главоболка или можеби имам Менингитис?“ Доктор Гугл секогаш ќе се обиде да ве натера да паничите, дури и за најмалата и секојдневна ситница која ја чувствувате.rnrn14. Луѓе со екстремно голема коса. Таа е сигурно преполна со тајни. Зарем никогаш не сте го гледале филмот „Злобни девојки“?rnrn15. Луѓе кои никогаш не го гледале филмот „Злобни девојки“. Сигурно во тоа време биле затвор. Не постои друга причина поради која би можеле да го пропуштат овој филм. Бегајте од нив.rnrn16. Луѓето кои не сакаат да појадуваат. Премногу погрешно за да се објасни со зборови.rnrn17. Луѓе кои не плачат додека го гледаат филмот „Титаник“. Роуз требало да ве турне вас во водата, а не Џек!rnrn18. Луѓе кои не запознале ниту еден нов пријател во последниве година дена. Бегате од вашето минато? Интересно…rnrn19. Луѓе кои не ставаат кечап, мајонез и цел тон сосови во својот хамбургер. Тие јадат само леб, месо и компири. Зошто?rnrn20. Луѓе кои веруваат во сè што ќе прочитаат на Интернет. „Се гради Ајфелова кула во Скопје? Чекајте да ги информирам сите пријатели за ова чудо.“ На овие луѓе најмалку можете да им верувате бидејќи тие не знаат како да разликуваат вистина од лага, дури и за најмалите ситници, па токму затоа и постојано ќе ви шират дезинформации.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нешта кои секој родител му ги кажува на своето дете пред излегување

    10 нешта кои секој родител му ги кажува на своето дете пред излегување

    Се сеќавате на оние тинејџерски години кога почнавте редовно да излегувате? Тоа се оние моменти кога вашите родители мораа да научат како да ве пуштат да си го градите својот живот и да ве остават да бидете одговорни сами за себе. Токму затоа тие често пред да излезете ви кажуваа дел од следниве молби и совети…rnrn10 нешта кои секој родител ги кажува на своето дете пред излегувањеrnrn1. Немој да пушиш.rnrn2. Не ја испуштај пијачката од вид, некој може да ти стави дрога во неа.rnrn3. Зарем мора секоја вечер да одиш во град?rnrn4. Со кој ќе излегуваш сега?rnrn5. А да се подружиш малку со книгата?rnrn6. Кој друг ќе остане со тебе до толку касно?rnrn7. Што правите толку касно?rnrn8. Мора ли цело време да излегуваш со него/неа, немаш ли некој друг?rnrn9. Облеката пред некој ден ти мирисаше чудно, да не почна и да се дрогираш?rnrn10. Прави што сакаш и онака не ти е гајле јас што мислам, сам/а на себе си штетиш, не на мене…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 нешта кои ниту еден родител никогаш не смее да ги каже на своите деца

    3 нешта кои ниту еден родител никогаш не смее да ги каже на своите деца

    Секој родител бил во ситуација кога едноставно изгубил контрола врз своето дете, па дури и покрај кажаниот збор „не“, сепак тоа продолжувало да се однесува на начинот на кој тоа сака. Згора на сè, додадете ги и крајните рокови на работа, непријатните средби со одредена личност или тешкиот и лош ден, па сосема е нормално во афект да не можете да ги одберете зборовите кои ќе ги искажете во оваа ситуација. Но, имајте на ум дека зборовите имаат значајно влијание врз вашите деца, особено ако постојано се повторуваат. Доколку тие се обвинувачки и строги, големи се шансите дека вашата врска со детето ќе страда, па токму затоа погледнете кои зборови никогаш и во ниту една ситуација не треба да му ги кажете…rnrn3 нешта кои ниту еден родител никогаш не смее да ги каже на своите децаrn

    1. „Ме полудуваш!“

    rnОваа фраза, како и останатите слични на неа, со помош на вина го мотивира детето да го промени своето однесување. Да, понекогаш децата навистина можеби ве полудуваат, но во тој момент тоа е нешто што не мора да им го кажете и на нив. Всушност, изразувањата чувства на овој начин можат само да ја влошат ситуацијата и со тек на време да имаат негативно влијание врз врската со вашите деца. Уште полошо, оваа фраза ги тера децата да се чувствуваат виновно за туѓите емоции, а тоа води кон ниска самодоверба и анксиозност.rn

    2. „Што не е во ред со тебе?“

    rnОва прашање, како и останатите слични на него, со помош на засрамување го мотивираат детето да го промени своето однесување. Исто како и со во случајот со вината, така и ова прашање кое засрамува може да води до учење дека детето е виновно за одредена ситуација, без притоа да се разгледаат сите агли кои го составуваат тој комплексен настан, вклучувајќи ги и сопствените перцепции, расположение, претходно искуство и очекувања.rnrnНа пример, доколку влезете во вашата спална и забележите дека вашето дете ја сече вашата омилена кошула на парчиња, последното нешто што треба да го направите е да го прашате „Што не е во ред со тебе?“ Наместо тоа, пред да почнете разговор, потсетете се дека сите постапки на децата настануваат од одредена потреба, како привлекување на вашето внимание (доколку се чувствуваат запоставени), барање информации и истражување (да откријат што ќе се случи ако го направат тоа) или пак, креативен проект (можеби планираат да ви дизајнираат нова облека).rnrnНикогаш не заборавајте дека со сите изјави кои предизвикуваат засрамување на децата тие учат дека се фалични и постојано го насочуваат своето внимание кон себе обидувајќи се да дознаат што навистина не е во ред со нив, наместо да бараат нов начин на однесување кое нема да дозволи да се случи истото и во иднина.rn

    3. „Подобро направи го тоа, ако не…“

    rnОваа фраза, како и останатите слични на неа, со помош на страв ја мотивираат промената на однесувањето кај децата. Таа се потпира врз агресија и закани. Имајте на ум дека вашето дете еден ден ќе биде многу поголемо и понезависно, па токму затоа оваа ваша стратегија на справување со проблемот еден ден ќе престане да биде ефективна. Но, она што е најпроблематично кај неа е тоа што преку моделирање на однесувањето, таа ги учи децата дека можат да добијат сè што сакаат преку агресија и закани. Уште полошо, со тек на време оваа фраза ќе се всели длабоко во нивните мисли и ќе ги уништи целосно довербата и почитта во вашата врска.rn

    Соодветни алтернативи на овие изјави

    rnПа, што можете вие да направите во овие моменти со цел да го научите вашето дете на соодветното однесување? Накратко, фокусирајте се исклучиво на самото однесување. Тоа можете да го сторите преку следниве фрази:rn

      rn011

    • „Не ми се допаѓа тоа однесување.“
    • rn011

    • „Не ми се допаѓа кога ти _______.“
    • rn011

    • „Кога го правиш тоа, ти правиш јас да се почувствувам _______.“
    • rn

    rnОткако ќе ги употребите овие фрази, смирено објаснете им на вашите деца зошто токму тоа однесување не е во ред и разговарајте заедно со цел да најдете нов начин на справување со ситуацијата во иднина.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ако храната и пијалaците ни го кажуваа токму тоа што сакаме да го слушнеме?

    Што ако храната и пијалaците ни го кажуваа токму тоа што сакаме да го слушнеме?

    Графичкиот дизајнер Дејвид Оленик на креативен начин ни ја открива вистината за она што сакаме да го слушнеме од храната која ја јадеме и пијалаците кои ги пиеме. Погледнете ги овие забавни илустрации кои ќе ве насмеат, но и конечно ќе ви овозможат да го добиете одговорот кој толку долго време сте го очекувале… :)rnrn

    Што ако храната и пијалоците ни го кажуваа токму тоа што сакаме да го слушнеме?
    Никој не мора да знае.
    rnrn

  • 20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме

    20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме

    Детето-претседател верува дека нештата кои ги кажуваме можат да го направат светот подобро место за живеење. Токму затоа тој направил листа од 20 нешта кои според него треба многу почесто да ги кажуваме.rnrn20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажувамеrnrnДел од работите кои тој смета дека недостасуваат во нашето изразување се оние „потешките“ изјави кои ретко се осмелуваме да ги изустиме, но кои можат многу да ни помогнат. На пример, тој верува дека треба да кажувате убави работи и доколку немате ништо добро да кажете, тогаш сигурно не сте размислиле доволно. Исто така кога ќе направите грешка, треба да ја признаете или пак, кога вашиот омилен спортски тим ќе изгуби да го прифатите поразот. Понекогаш потребно е да бидете оптимистични и да ги бодрите вашите најблиски, но само ако навистина верувате дека тие можат да го направат тоа. Тој верува дека работите ќе бидат многу подобри и доколку почесто ги кажувате следниве нешта:rn

      rn011

    • Благодарам.
    • rn011

    • Извини.
    • rn011

    • Ти простувам.
    • rn011

    • Ти можеш!
    • rn011

    • Те молам.
    • rn011

    • Сè ќе биде во ред.
    • rn011

    • Не знам.
    • rn

    rnПогледнете ја целосната листа на 20-те нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме, како и неговите неодоливи објаснувања кои ќе ве убедат уште веднаш да почнете да ги применувате неговите совети…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како дечињата гледаат на бракот?

    Како дечињата гледаат на бракот?

    Децата размислуваат на неверојатен начин. На многу рана возраст тие имаат длабоки мисли, големо срце и веруваат во честа. Група мали дечиња биле прашани на кој начин возрасните луѓе решаваат со кого да стапат во брак, а добиените одговори се забавни и многу слатки.rnrnКако дечињата гледаат на бракот?rn

    Како одлучуваме со кого да стапиме во брак?

    rn rn

    „Мораш да пронајдеш некој кој ги сака истите работи како тебе. На пример, ако сакаш да следиш спорт, неа треба да ѝ се допаѓа тоа и таа треба постојано да ти носи чипс со сос, додека гледаш натпревар.“ – Ален, 10 години

    rn

    „Ниедна личност не може вистински да одлучи со кого ќе се земе кога ќе порасне. Господ одлучува многу порано, а ти потоа дознаваш со кого си заглавил.“ – Кристен, 10 години

    rnrn

    Која е вистинската возраст за брак?

    rn rn

    „23 е најдобрата година за стапување во брак, бидејќи дотогаш ќе ја познаваш личноста ЦЕЛА ВЕЧНОСТ.“ – Камил, 10 години

    rn

    „Ниедна возраст не е соодветна за започнување брачен живот. Мора да си будала за да се венчаш.“ – Фреди, 6 години

    rn

    „84! Бидејќи на таа возраст не треба повеќе да работиш и ќе можете да го поминете целото време љубејќи се во спалната соба.“ – Керолин, 8 години

    rnrn

    „Веднаш штом престанам да одам во градинка, ќе одам да си најдам жена.“ – Берт, 5 години

    rnrn

    Како туѓинец знае дека двајца луѓе се во брак?

    rn rn

    „Ќе мораш да претпоставиш врз основа на тоа дали тие двајца им викаат на истите деца или не.“ – Дерик, 8 години

    rnКако дечињата гледаат на бракот?rn

    Што заедничко мислиш дека имаат твоите мајка и татко?

    rn rn

    „И двајцата не сакаат да имаат уште деца.“ – Лори, 8 години

    rnrn

    Што прават повеќето луѓе кога се излезени на состанок?

    rn rn

    „Состаноците се наменети за забава и луѓето треба да ги користат за да се запознаат подобро. Дури и момците имаат нешто да кажат, доколку слушате доволно долго.“ – Линет, 8 години

    rn

    „На првиот состанок тие си кажуваат само лаги, кои најчесто ги одржуваат работите доволно интересни, за да отидат и на втор состанок.“ – Мартин, 10 години

    rnrn

    Што ќе направиш доколку првиот состанок тргне на лошо?

    rn rn

    „Би истрчал дома и би глумел мртов. Наредниот ден ќе се јавам во весниците за да напишат за мене во црната хроника.“ – Крег, 9 години

    rnrn

    Кога е во ред да бакнеш некого?

    rn rn

    „Кога ќе дознаеш дека личноста е богата.“ – Пем, 7 години

    rn

    „Законот вели дека треба да имаш 18 години, така што не би се плеткал со тоа.“ – Курт, 7 години

    rn

    „Правилата се вакви: ако бакнеш некого, потоа треба да се венчаш со таа личност и да имате деца заедно. Така е исправно.“ – Хауард, 8 години

    rn

    „Никогаш не се бакнувајте пред други луѓе. Тоа е срамотна работа доколку некој ве види… Ако никој не гледа, јас можеби би пробала да се бакнувам со некое згодно момче, но само неколку часа.“ – Кели, 9 години

    rn

    „Никогаш не треба да бакнуваш девојка, ако немаш доволно пари за да ѝ купиш прстен и видео рекордер, бидејќи таа сигурно ќе сака да има видео-снимки од свадбата.“ – Ален, 10 години

    rnrn

    Дали е подобро да си сингл или во брак?

    rn rn

    „Не знам која варијанта е подобра, но ќе ти кажам една работа: никогаш нема да имам секс со мојата жена. Не сакам да ми се згрози од тоа.“ – Теодор, 8 години

    rn

    „Подобро е за жените да бидат сингл, но не е добро за мажите. На момците им е потребен некој кој ќе зачистува зад нив.“ – Анита, 9 години

    rnrn

    Како се запознале твоите родители?

    rn rn

    „Тие биле на забава во куќата на нивен пријател. Потоа, отишле да се повозат, но колата им се расипала… Тоа било добра работа, бидејќи добиле шанса меѓусебно да ги дознаат вредностите кои ги имаат.“ – Лоти, 9 години

    rnrn

    Како светот ќе беше поразличен доколку луѓето не стапуваа во брак?

    rn rn

    „Сигурно ќе имаше многу деца на кои ќе требаше да им се објасни тоа, зар не?!“ – Келвин, 8 години

    rnrn

    Што треба да направиш за бракот да функционира добро?

    rn rn

    „Кажи ѝ на жена ти дека изгледа убаво, дури и ако е голема колку камион.“ – Рики, 10 години

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 работи кои никогаш не треба да му ги кажете на преведувач

    10 работи кои никогаш не треба да му ги кажете на преведувач

    Преведувачите се луѓе со професија. Учеле за да го работат тоа што го работат и заработуваат токму заради нивните вештини поврзани со познавањето на јазиците.rnrnВнимавајте што ќе му кажете на преведувач за да не го навредите. Следниве 10 изјави се смешни, но и го одразуваат она што многумина го мислат за преведувачката работа.rnrn10 работи кои никогаш не треба да му ги кажете на преведувачrnrn1. Имам роднина што учеше во странство еден семестар. Ќе му кажам да ми го преведе текстов.rnrn2. Зошто мора да завршиш факултет за преведувач кога постои Гугл Транслејт?rnrn3. Учев англиски во средно. Сега сакам да најдам работа како преведувач.rnrn4. Зошто имаш толку многу речници? Не ти е доволен еден?rnrn5. Толку многу време ти требаше да го преведеш тоа? Па ич не е голем текстов.rnrn6. Знаеш само три јазици?rnrn7. Што не запишеш арапски?rnrn8. Значи, седиш дома и преведуваш. И, тоа ти е работата?rnrn9. Преведувач си? Значи знаеш и симултано да преведуваш, така?rnrn10. Како е зборов на англиски? Леле мора да знаеш, па преведувач си!