КАФЕ ПАУЗА

Tag: изјави

  • Брилијантни изјави од доктор Хаус кои ќе ве потсетат на реалната страна од животот

    Брилијантни изјави од доктор Хаус кои ќе ве потсетат на реалната страна од животот

    Арогантен, саркастичен, досетлив, духовит и генијален. Доктор Хаус е еден, единствен и неповторлив! Иако сите ние никогаш нема да ја заборавиме неговата ТВ серија, сепак тоа по што најмногу ќе го помниме се неговите изјави кои секогаш удираат директно во сржта на нештата. Погледнете дел од неговите животни мудрости според кои сите ние треба да се водиме.rnrnБрилијантни изјави од доктор Хаус кој ќе ве потсетат на реалната страна од живототrn

    „Нештата се менуваат. Но, тоа не значи дека ќе се сменат на подобро.“

    rn

    „Сите грешиме и сите плаќаме за тие грешки.“

    rn

    „Основната вистина за човековото постоење е дека сите лажат. Единственото нешто што варира е причината за лагата.“

    rn

    „Да се биде нормален е здодевно.“

    rn

    „Ако разговарате со Бог, тогаш сте религиозни. Ако Бог разговара со вас, тогаш сте психотични.“

    rn

    „Тоа што ти го мислиш за мене нема да ме промени, но би можело да го промени тоа што јас го мислам за тебе.“

    rn

    „Работете паметно, а не напорно.“

    rn

    „Истовремено ме забавува и нервира тоа што мислиш дека треба да бидам помалку тврдоглав од тебе.“

    rn

    „Лесно е да го слушате срцето. Пробајте еднаш да го послушате мозокот.“

    rn

    „Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Помеѓу љубовта и омразата всушност постои Кинески ѕид со вооружени стражари на секои 10 метри.“

    rn

    „Ако се ожените во дваесеттите, во триесеттите ќе бидете шокирани со личноста со која всушност живеете.“

    rn

    „Велат дека не можете да живеете без љубов… Јас мислам дека кислородот е далеку понеопходен.“

    rn

    „Очите можат да преварат, насмевката да излаже, но чевлите секогаш ја говорат вистината.“

    rn

    „Кога сакате да ја знаете вистината за некој, тој некој е последната личност која би требало да ја прашате.“

    rn

    „Луѓето не го добиваат тоа што го заслужуваат. Тие го добиваат тоа што ќе го добијат и тука не може ништо да се направи.“

  • Љубовта не постои насекаде: 20 алтернативни причини поради кои луѓето стапуваат во брак

    Љубовта не постои насекаде: 20 алтернативни причини поради кои луѓето стапуваат во брак

    Успешниот брак вклучува постојано заљубување во истата личност. Постои неверојатно моќна вистина во оваа мисла, која би ви ја потврдила секоја личност која е во долга врска. Секоја љубов има свои моменти на подеми и падови, бидејќи едноставно не е можно да се задржи силниот интензитет на ова чувство засекогаш. Имајќи го ова на ум, постојат и многу други причини поради кои луѓето стапуваат во брак и кои немаат никаква врска со емоциите. Погледнете 20 од нив, кои ќе ви покажат една сосема нова димензија на бракот.rnrnЉубовта не постои насекаде: 20 алтернативни причини поради кои луѓето стапуваат во бракrnrn1. „Никогаш не го сакав мојот сопруг. Се венчав со него само затоа што ми е страв да не умрам сама.“rnrn2. „Се плашам дека се омажив со мојот сопруг само поради неговата кариера.“rnrn3. „Се омажив со мојот сопруг само затоа што не сакав да го повредам. Најмногу се каам затоа што никогаш нема да почувствувам вистинска љубов.“rnrn4. „Стапив во брак од погрешни причини. Сакав бебе и никој друг не беше заинтересиран. Но, ги сфатив моите ветувања сериозно и со тек на време најдов љубов со мојот сопруг.“rnrn5. „Се оженив со мојата сегашна сопруга само затоа што мислев дека тоа ќе ми помогне да добијам старателство над мојот син.“rnrn6. „Пред 2 месеци се омажив поради пријателство и партнерство. Како што времето поминува, така се молам дека набрзо ќе доживеам страсно бакнување, див секс и пеперутки во стомакот. Дури и ако тоа не е со мојот сопруг.“rnrn7. „Почнувам да сфаќам дека стапив во брак само затоа што верував дека не можам да направам ништо од себе.“rnrn8. „Се омажив само за да му помогнам да добие зелена карта. Помеѓу нас никогаш немаше љубов и сега претерано многу се каам.“rnrn9. „Се омажив со мојот сопруг само поради 10.000-те долари кои неговото семејство ми ги даде за тој да стане државјанин на Америка.“rnrn10. „Се омажив со мојот сопруг само затоа што сакав моите деца да имаат подобар модел на однесување од нивните татковци.“rnrn11. „Се венчав со мојот сопруг само затоа што останав бремена.“rnrn12. „Посакувам да можев да му кажам на мојот сопруг дека сум лезбејка. Се омажив со него само за да ја скријам оваа тајна од моите родители.“rnrn13. „Се омажив со мојот сопруг затоа што мајка ми и мајка му се најдобри пријателки од детството и не сакав да им го уништам тоа. Него не можам да го поднесам.“rnrn14. „Стапив во брак со мојот сопруг само затоа што мажот што го сакав 5 години не сакаше да биде со мене.“rnrn15. „Се венчав за да избегам од малиот град и тешкиот живот. Сега посакувам да се омажев за љубов, бидејќи имам пари, но не сум среќна.rnrn16. „Се омажив со мојот сопруг поради здравственото осигурување и сите го знаат тоа.“rnrn17. „Се оженив со мојата сопруга бидејќи ми се смачи од досадата и осаменоста. 5 години подоцна, сè уште сум осамен и ми е здодевно.“rnrn18. „Се омажив со мојот наскоро бивш сопруг само затоа што мајка ми го мразеше, а јас сакав да одам до екстреми за да ѝ пркосам.“rnrn19. „Се венчав поради пари и сигурност. Не го сакам како што би требало и се чувствувам ужасно за тоа.“rnrn20. „Се омажив за мојот сопруг само затоа што тој многу наликуваше на моето бившо момче кое почина.“

  • Генијално и практично: Претворете ги овие 11 секојдневни негативни фрази во нешто позитивно

    Генијално и практично: Претворете ги овие 11 секојдневни негативни фрази во нешто позитивно

    Едноставно кажано, слушањето и користењето позитивен говор може да направи да се чувствувате многу подобро од претходно – физички, ментално и емоционално. Од друга страна пак, негативниот говор може да ги блокира природните механизми на релаксација во мозокот, а со тоа да ви започне низа други проблеми. Токму затоа погледнете ги следниве 11 преформулации на секојдневниот јазик кои инстантно ќе ви овозможат позитивно поттикнување.rnrngenijalno-i-praktichno-pretvorete-gi-ovie-11-sekojdnevni-negativni-frazi-vo-neshto-pozitivno-www.kafepauza.mkrn

    Секојдневен позитивен јазик

    rn1. Зошто не? → Звучи добро.rnrn2. Нема проблем. → Дефинитивно!rnrn3. Не можам да се пожалам. → Сè е добро, благодарам.rnrnОвие изрази треба да бидат позитивни, но човечкиот мозок најчесто е негативно пристрасен и несвесно ги изнесува сите причини зошто да не се направи нешто, како и проблемите или жалењето додека се изговараат овие зборови.rnrn4. Јас сум исцрпен/а. → Морам да се одморам.rnrnСо преформулирање на изразите, вие ќе ги тргнете негативните значења кои веќе се „залепени“ на одредени зборови и ќе овозможите подобри емоции за себе, како и за вашиот слушател.rn

    Позитивен говор на работа

    rn5. Заборавив. → Ќе се погрижам да имам потсетник следниот пат.rnrnНагласувањето на она кое може да се направи за да се подобрат нештата може да им помогне на луѓето околу вас да очекуваат позитивни резултати.rnrn6. За жал, проектот не може да биде завршен навреме поради проблемите кои ги предизвикаа некои луѓе кои доцнеа со својата работа. → Може ли секој да се насочи кон својот дел од проектот до петок, со цел да можеме да ја завршиме работата навреме и да го исполниме рокот?rnrnБлагодарение на мејловите, вие имате совршена шанса да поработите на вашиот позитивен говор бидејќи можете да ги уредите своите зборови пред да ги испратите на колегите или клиентите. Внимавајте на зборовите како „за жал“, „невозможно“ и „проблеми“ со цел да не влијаете дополнително негативно врз целата ситуација.rnrn7. Конструктивна критика. → Повратни информации.rnrnЗборовите кои ги користите со цел да соберете повратни информации можат да имаат значајно влијание на тоа како таа информација ќе биде примена. Со додавање дополнителни позитивни вибрации и здрава доза пофалби за постигнувањата, вие ќе им помогнете на вашите колеги полесно да ги прифатат сите коментари насочени кон нив, позитивни или негативни.rn

    Позитивен говор во домот

    rn8. Немојте да си играте со топка внатре. → Ве молам играјте си надвор со топката.rnrnИли…rnrn9. Немојте… → Повеќе ми се допаѓа кога…rnrnОва подеднакво важи и за децата и за возрасните. Префрлете го фокусот кон тоа што сакате да биде направено, а не кон тоа што не сакате. На тој начин ќе ги зголемите своите шанси за позитивен исход.rnrn10. Многу ми недостасуваше! → Многу ми е мило што те гледам!rnrnИако отсутноста може да создаде потреба за таа личност, сепак повторната средба треба да биде време за радување во сегашноста, без поврзување со негативни емоции од минатото.rnrn11. Не! → Знам дека сакаш сладолед, но тој не е здрав во големи количини.rnrnВие секогаш треба да дадете објаснување зошто сте кажале „не“, бидејќи тоа им помага на децата да се чувствуваат ценети и вклучени во одлуката.

  • 5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој ден

    5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој ден

    За една врска да може да биде добра и успешна, вие треба многу да работите на неа. На љубовта ѝ треба добра подлога во облик на правилна комуникација помеѓу партнерите за таа да успее, па токму затоа следниве 5 реченици можат многу да ви помогнат во оваа цел.rnrn5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој денrnrn1. Ние можеме да го решиме тоа. Токму зборот „ние“ е клучен за успехот на секоја врска или брак. Овој збор укажува дека вие се доживувате како тим и дека заедно можете да ги надминете сите проблеми кои ќе ви излезат на патот. На тој начин лесно се соочувате со сите оние недоразбирања кои се неизбежни во долгите врски.rnrn2. Разбирам што ми кажуваш. Сите ние често се жалиме дека партнерот не нè слуша. Желбата да бидеме чуени и разбрани е дел од човековата природа. Со изговарањето на овие реченици вие му давате на вашиот партнер до знаење дека ги разбирате неговите мисли, желби, несигурности или проблеми. Но, исто така имате можност и да возвратите со свое мислење, укажувајќи му/ѝ дека се грижите за него/неа.rnrn3. Луд/а сум за тебе. Луѓето најчесто ги задржуваат за себе убавите мисли за своите партнери, но тие треба да бидат поделени и со нив. Ако сте горди на вашите дечко или девојка, едноставно кажете им го тоа јасно и гласно. Ако ве привлекуваат, исто така не се воздржувајте да го искажете тоа. Сите ние одвреме-навреме сакаме да ги дознаеме оние нешта кои другата половина ги цени или сака кај нас…rnrn4. Ти благодарам. Најсреќните парови знаат дека големата тајна за љубовната среќа се крие во малите нешта. Немојте да заборавате де кажете „Ти благодарам“ кога тоа треба да следува. Со оваа магична изјава вие оддавате признание за неговиот или нејзиниот труд и вложување.rnrn5. Само напред, ти можеш! Оваа реченица испраќа едноставна, но силна порака. Вие со неа му/ѝ кажувате дека сте покрај него/неа, дека му/ѝ верувате и дека го чувате неговиот/нејзиниот грб. Ова е нешто што секој сака да го чуе од љубените со цел да се почувствува посигурно кога се впушта во нови авантури.

  • 9 клише изјави за раскинување и нивното вистинско значење

    9 клише изјави за раскинување и нивното вистинско значење

    Постојат малку нешта кои се полоши од раскинувањето, како на пример, алергична реакција на восок за депилирање на интимната зона, смрт на домашно милениче или дупната гума во опасно маало. Не мора ни да почнеме да објаснување колку е лошо самото раскинување. Но, работите можат да станат уште полоши доколку тој употреби една од овие клише изјави со кои не ни добивате официјално раскинување, па токму затоа и потоа постојано ќе се прашувате што точно значат неговите зборови. Па, без разлика дали сте оптимисти или реалисти, погледнете што тој навистина сака да каже со овие изјави…rnrn9 клише изјави за раскинување и нивното вистинско значењеrn

    1. „Не е до тебе, до мене е.“

    rnОптимист: Ти не си проблемот, ти си совршена. Јас ги правам сите проблеми и сум единствената причина зошто нашата врска не функционира.rnrnРеалист: Ти си 100% од проблемот!rn

    2. „Ми треба простор.“

    rnОптимист: Потребно ми е да направам еден чекор наназад и да ја анализирам нашата врска.rnrnРеалист: Имам потреба да избегам што подалеку од тебе.rn

    3. „Премногу сме исти.“

    rnОптимист: Ти си исто толку забавна, грижлива, чувствителна и шармантна како мене.rnrnРеалист: Досадно ми е со тебе.rn

    4. „Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе.“

    rnОптимист: Жал ми е, но не успева ова помеѓу нас. Мислам дека би можеле да најдеме други партнери со кои ќе бидеме посреќни.rnrnРеалист: Веќе се гледам со други личности, па сметам дека треба и ти истото да го правиш.rn

    5. „Мислам дека ни е подобро како пријатели.“

    rnОптимист: Не би сакал да го загрозиме нашето одлично пријателство со врска.rnrnРеалист: Немам потреба да те извлечам од твојата облека. Всушност, преферирам да си со облека.rn

    6. „Не сум подготвен за врска.“

    rnОптимист: Ти си одлична за врска, но во овој момент од мојот живот не сум спремен за сериозна врска – можеби да пробаме пак по некое време.rnrnРеалист: Нашата заедничка иднина ме плаши.rn

    7. „Имам потреба да се фокусирам на мојата кариера.“

    rnОптимист: Ти си толку неверојатна што постојано ми го одвлекуваш вниманието и се плашам дека ќе изгубам сè доколку продолжам да те љубам.rnrnРеалист: Ми се допаѓа колешката од работа.rn

    8. „Ти заслужуваш подобро.“

    rnОптимист: Ти си одлична девојка, секој би бил среќен да те има покрај себе. Не се чувствувам доволно добар за тебе и не можам да живеам со тоа чувство.rnrnРеалист: Сакам да ти раскинам нежно за да не полудиш.rn

    9. „Мислам дека работите се одвиваат премногу брзо.“

    rnОптимист: Ајде да забавиме и да уживаме во возењето.rnrnРеалист: Престани постојано да ме прашуваш што правам. Знам дека веќе знаеш.

  • Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

    Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

    Интересен е начинот на кој децата размислуваат. Тие се обидуваат да најдат своја смисла за светот преку интересни и без сомнение креативни забелешки кои имаат моќ да нè насмеат до солзи. Па, погледнете ги следниве 40 изјави кои ќе ви го направат денот подобар и ќе ве натераат да се вратите во времето кога и вие сте имале толку безгрижно сфаќање за она што се случува околу вас…rnrn(1) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзиrn

    „Повеќе ја сакам сестрата на мајка ми, отколку мојата. Сестрата на мајка ми е моја тетка, а мојата не ми е ништо!“

    rn

    „Мамо, тебе жал ти е што си дебела?“

    rn

    „Мојата мајка има бебе во стомакот, ама не знам како го голтнала.“

    rn

    „Кога двајца заљубени за прв пат ќе се бакнат, одма паѓаат и нема да станат барем саат време, а можеби и повеќе“

    rn

    „Полуостров е остров кој не е до крај направен.“

    rn

    „Баба е дебела затоа што е полна со љубов.“

    rn

    „Јас би сакала да имам уште еден брат, ама мојата мајка користи тампони.“

    rn

    „Колку е човек постар, толку неговите заби се поскапи.“

    rn

    „Кога прдите, вашиот задник се проѕева.“

    rn

    „Девојчињата не можат да мократ стоејќи затоа што немаат што да држат.“

    rn(4) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзиrn

    „Кога баба ја болат забите, таа едноставно си ги остава во чаша.“

    rn

    „Еднаш бев толку многу болна што имав 40 килограми температура.“

    rn

    „Јас немам веќе баба, ја посадија на гробишта.“

    rn

    „Дали мора и мајките да јадат трева за од градите да им тече млеко?“

    rn

    „На Марс има животни. Ама тоа е само хипотенуза.“

    rn

    „Израелците направиле златно теле бидејќи немале доволно злато за златна крава.“

    rn

    „Швајцарските крави се користат претежно за правење чоколадо.“

    rn

    „Жителите на Сардинија се викаат Сардини.“

    rn

    „За да биде добра медицинска сестра, мора да биде целосно стерилна.“

    rn

    „Лекарите велат дека смртоносните болести се најлоши.“

    rn(3) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзиrn

    „Кога се роди мојот помлад брат мораа да го стават во акумулатор.“

    rn

    „Пеперутката е инсект од фамилијата хеликоптери.“

    rn

    „Најкорисно животно е свињата. Од неа можеме да направиме сè, месо од напред и позади, кожа за чевли, влакна за четки и погрден збор!“

    rn

    „Зоолошката градина е одлична работа. Таму можеме да ги видиме и животните кои не постојат.“

    rn

    „Не сум крстен, ама затоа сум вакциниран.“

    rn

    „Животното осигурување се пари кои ги добива оној кој ќе преживее смртен случај.“

    rn

    „Разликата помеѓу село и град е тоа што тревата во селото е во еден дел, а во градот е испрекината.“

    rn

    „Не знам колку години имам, тоа цело време се менува.“

    rn

    „Многу се уплашив кога мама се разболи. Помислив дека тато ќе ни готви.“

    rn

    „Аквариумот е мало стаклено море каде што живеат домашните риби.“

    rn(2) Папата живее во Вакуум: Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзиrn

    „Алиментација е плата за деца кога ќе им се отсели таткото.“

    rn

    „Посвојувањето е многу подобра можност од раѓањето. Така родителите можат сами да си изберат дете и не мора да го прифатат баш она кое го добиле.“

    rn

    „Папата живее во Вакуум.“

    rn

    „Сите риби носат јајца, а руските дури и кавијар.“

    rn

    „Кравите не смеат брзо да трчаат со цел да не го истурат млекото.“

    rn

    „Кај нас мажите можат да се оженат само со една жена. Тоа се нарекува монотонија.“

    rn

    „Кругот е кружен квадрат.“

    rn

    „Со брат ми денес изедовме цела тегла мармалад. Вечерва ќе добиеме или пролив или ќотек!“

    rn

    „Не разбирам зошто мама толку се лути што сме ја скршиле вазната. Таа секако беше стара и кинеска, а не наша.“

    rn

    „Баба отишла на другиот свет. Сега и ние имаме некој што живее во странство.“

  • 9 прашања и изјави кои на сите близнаци им е смачено да ги слушаат

    9 прашања и изјави кои на сите близнаци им е смачено да ги слушаат

    Близнаците се интересна појава која на многумина им е забавна за гледање. Бидејќи со самото свое постоење, тие се малку понеобични од останатите, луѓето веднаш сакаат да знаат нешто повеќе, поставувајќи глупави прашања и давајќи непријатни изјави со цел да откријат какво е чувството да се живее со близнак. Па, погледнете ги 9-те најчести прашања и изјави кои сите близнаци ги вадат од такт…rnrn9 прашања и изјави кои на сите близнаци им е смачено да ги слушаатrn

    1. Дали сте идентични близнаци?

    rnНајпрво, не е можно брат и сестра да бидат идентични близнаци. Ако се идентични, ќе имаат ист пол. Од друга страна, идентичните близнаци скоро и да не можат да се разликуваат, па токму затоа и големи се шансите дека веќе го знаете одговорот на ова прашање уште пред да го поставите.rn

    2. Близнаци сте? Какво е чувството?

    rnКако би можел некој тоа да го објасни со зборови? Овие личности цел живот живееле покрај близнак, брат или сестра, па токму затоа и не знаат како е да се биде без нив со цел да можат убаво да ви објаснат како е во споредба со вашето искуство. Ова прашање е исто како и тие да ве прашаат какво е чувството да се има руса коса или кафеави очи.rn

    3. Ако те штипнам, дали твојот близнак ќе го почувствува тоа?

    rnПа, не. Тие се две различни човечки суштества со две одвоени тела. Исто како што вашиот брат или сестра нема да почувствува доколку ве штипнат вас. Дури и да го кажувате ова на шала, тие сигурно досега многу пати го чуле и веќе не им е смешно, ниту пак забавно.rn

    4. Можете ли да си ги читате мислите?

    rnЗа жал, тие немаат способност да си ги читаат мислите. Тие не се сијамски близнаци и се доволно среќни да имаат сопствено тело и ум, исто како и другите деца или возрасни. Од друга страна, тие не се хибриди, мутанти ниту вонземјани за да поседуваат способност која ја немаат останатите луѓе.rn

    5. Дали сè правите заедно?

    rnНе, тие не прават сè заедно. Со оглед на тоа што се две различни индивидуи со различни интереси и пријатели, тие се движат на сосема различни страни во животот. И покрај тоа што како мали, близнаците често поминуваат многу време заедно, како што растат, исто како и останатите деца, развиваат свои хобија и вештини кои ги водат кон различни активности.rn

    6. Дали се карате?

    rnДали вие се карате со вашите брат или сестра? Да? И близнаците се браќа или сестри, па токму затоа е сосема нормално доколку одвреме-навреме и тие имаат несогласувања. Всушност, без разлика дали живеете со членови од семејството, пријатели или партнер, вие без сомнение ќе имате караници со оглед на тоа што живеете под еден ист покрив.rn

    7. Кој/а од вас е постар/а?

    rnДали воопшто се смета некој за постар или помлад доколку се родени на ист ден? Близнаците најчесто се родени за само неколку минути разлика, што е незначително на подолг рок. Па, тогаш зошто би ви било вам важно?rn

    8. Посакувам и јас да имав близнак

    rnБидејќи тие отсекогаш имале брат или сестра близнак, не знаат какво е чувството да се биде без нив. Токму затоа и многу им е непријатно кога другите го посакуваат она кое тие го имаат без да знаат како навистина тоа изгледа и најчесто не знаат што да одговорат на оваа изјава.rn

    9. Сигурно никогаш не се чувствувате осамено

    rnЧувството на осаменост може да се појави дури и кога сте опкружени со голем број луѓе. Тоа не е детерминирано од надворешноста, туку произлегува од јадрото на човекот. Токму затоа и близнаците понекогаш се чувствуваат осамено, дури и ако во нивна близина се наоѓа нивниот брат или сестра. А ако се одвоени и живеат подалеку еден од нив, тие скоро секогаш чувствуваат празнина за својата втора половина.

  • 19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на девојка за време на нејзиниот месечен циклус

    19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на девојка за време на нејзиниот месечен циклус

    Месечниот циклус е дел од животот на секоја жена. Но, само затоа што мажите не поминуваат низ него, не значи дека немаат разбирање за своите најблиски. Најчесто, нивните коментари се кажани со добра намера, иако понекогаш тие ги избираат погрешните зборови и токму затоа мора да бидете многу внимателни. За време на месечниот циклус, жените се преплавени со хормони и многу лесно можете да ги навредите или повредите, па ако сакате да ги избегнете непријатните моменти, погледнете ги следниве 19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на вашата девојка за време на менструацијата…rnrn19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на девојка за време на нејзиниот месечен циклусrn

    1. Дали сè уште крвавиш?

    rnАко треба да прашате, одговорот најверојатно е да.rn

    2. Мислам дека изгледаш добро.

    rnМислите? Подобро би било доколку сте сигурни.rn

    3. Зошто на влошките пишува „супер“?

    rnШто е супер? Супер циклус? Или вагина со супер големина? И покрај тоа што ви делува смешно, не правете шеги на оваа тема.rn

    4. Мислам дека треба да јадеме нешто лесно вечерва.

    rnИ таа веднаш ќе помисли дека е дебела и дека индиректно се обидувате да ѝ го кажете тоа.rn

    5. Што не е во ред со тебе?

    rnНејзините хормони полудуваат, па токму затоа големи се шансите дека тоа ќе се одрази и на нејзиното однесување. Не мора да го нагласувате тоа.rn

    6. Што точно значи ПМС?

    rnОва прашање оставете го за периодот по завршувањето на циклусот бидејќи таа може да го сфати како критика за нејзиното однесување.rn

    7. Дали тоа значи дека оваа недела ќе биде посветена на орално задоволување?

    rnДа, таа сигурно го забележала тоа на нејзиниот календар со цел случајно да не ги наруши вашите планови.rn

    8. За колку крв станува збор?

    rnГолеми се шансите дека најверојатно не ни сакате да го чуете одговорот.rn

    9. Сигурна си дека можеш да изедеш сè што порача?

    rnДве порции пилешки прсти, помфрит, печен компир, школки… Без разлика што ќе порача, не грижете се, таа сигурно ќе го изеде тоа.rn

    10. Па, дали од сите дупки крвавиш или?

    rnОва е едно од оние прашања чиј одговор ви е веќе познат, но сепак си велите дека не би штетело доколку прашате. Реалноста е дека сепак би можело да наштети.rn

    11. Тоа дефинитивно ги објаснува претходните неколку денови…

    rnМожеби таа навистина била нервозна, не секогаш ПМС-от е крив за сè негативно што ѝ се случува.rn

    12. Нели неодамна имаше циклус?

    rnПа, најверојатно да, бидејќи месечниот циклус доаѓа секој месец.rn

    13. Дали те боли кога крвавиш?

    rnМожеби би требало да го проверите тоа на вас?rn

    14. Почекај, овие чаршафи се нови.

    rnДали вашиот план е да ја нервирате до солзи?rn

    15. Погледни на светлата страна – барем не си бремена!

    rnКолку и да ви изгледа оваа изјава како утеха, верувајте во нејзината глава ни најмалку не е.rn

    16. Ќе ти попуштам затоа што имаш циклус.

    rnПогрешен чекор!rn

    17. Сакаш да одиме на плажа?

    rnСериозно?rn

    18. Ајде да одиме на прошетка.

    rnБез разлика во каква ситуација претходно таа барала од вас да одите на прошетка, ова не е соодветна можност за исполнување на нејзината желба.rn

    19. Имаш циклус?

    rnПа, ајде проверете…

  • 10-те најглупави изјави од познатите личности

    10-те најглупави изјави од познатите личности

    На секого му се случува да каже нешто глупаво и смешно, но кога се работи за познатите личности, тие навистина знаат кога да го направат тоа.rnrnGrizzlies v LakersrnrnКога ви се случува тоа во приватниот живот, забележуваат само луѓето околу вас, но замислете да кажете нешто толку глупаво, без да се обидувате да изгледате смешно, а притоа ве гледа целиот свет. Звучи страшно и сигурно би покасале да пропаднете во земја од срам.rnrnПогледнете ги овие глупави изјави на познатите личности кои слатко ќе ве насмеат.rn

    1. Брук Шилдс

    rn1.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Пушењето може да ве убие, a ако сте мртви, вие сте изгубиле многу важен дел од вашиот живот.“

    rnВо право е. Тешко е да имате нормален живот откако ќе умрете.rn

    2. Линдзи Лохан

    rn2.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Зошто се сите во толкава паника околу ураганот (јас го викам Сали)? Престанете да ширите негативност! Мислете позитивно и молете се за мир.“

    rnЛиндзи успеа да пронајде одличен начин да им помогне на сите кои беа зафатени од ураганот Сенди. Со позитивна мисла!rn

    3. Ракел Велч

    rn3.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Ме повикаа да дојдам во Чикаго затоа што Чикаго е една од нашите 52 држави.“

    rnДа, Ракел го има изјавено ова за време на интервјуто со Лари Кинг.rn

    4. Шекил О’Нил

    rn4.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Јас навистина не можам да се сетам на имињата на сите клубови ги посетивме.“

    rnОва бил одговорот на Шекил кога репортерот го прашал дали имал шанса да го посети Партенонот за време на неговата посета во Грција.rn

    5. Аксел Роуз

    rn5.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Навистина е тешко да се одржува моногамна врска ако жената не ме остава да се гледам со други жени.“

    rnАксел е во право. Денес жените се навистина чудни…rn

    6. Ким Кардашијан

    rn6.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Денес разговарав со девојка која има рак и зборувавме за тоа колку ѝ е тешко, но дека притоа научила и голема лекција за тоа кои ѝ се пријатели и уште многу нешта за животот. Таа има 18 години. Jас ѝ реков, знам како се чувствуваш.“

    rnКим всушност го споредува нејзиниот краток брак со Крис со болеста од рак.rn

    7. Парис Хилтон

    rn7.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Сè што може лошо да му се случи на човек, ми се има случено мене.“

    rnДа, Парис, сигурно имаш поминато низ многу потешкотии во својот живот.rn

    8. Аманда Бајнс

    rn8.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Крис Браун те тепа затоа што не си доволно убава.“

    rnОва беше навистина груба изјава на Аманда откако се откри дека Крис Браун ја тепал Ријана.rn

    9. Шантел Хафтон

    rn9.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Аксел ми се смееше затоа што мислев дека Сонцето и Месечината се една иста работа. Испадна дека не се.“

    rnСе прашуваме дали Шантел мисли и дека Сонцето и Месечината се планети.rn

    10. Бритни Спирс

    rn10.10-glupavi-izjavi-od-poznatite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    „Јас никогаш не сум сакала да одам во Јапонија. Едноставно затоа што не сакам да јадам риба, а знам дека тоа е многу популарно таму во Африка.“

    rnМожеби е подобро што не сакала да ја посети Јапонија, којзнае каде ќе завршела.

  • 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

    11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

    Колку пати ви се случило да ве прашаат што е најлошото што би можело да ви се случи доколку јадете глутен? Или пак, да ве осудуваат затоа што прочитале на интернет дека работите не се онака како што вие ги кажувате? Доколку страдате од целијакија или пак, имате нетолерантност или алергија на глутен, тогаш без сомнение барем еднаш сте ги слушнале овие 11 изјави или прашања од вашите пријатели.rn

    1.„Што е најлошото што може да се случи?“

    rn(1) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnЗа оние кои страдаат од целијакија, глутенот може да биде опасен по живот. Помалите симптоми вклучуваат гасови, надуеност, дијареја, проблеми со кожата, мигрени главоболки, воспаленија и промени на расположението. Тоа ви звучи како нешто што не е лошо?rn

    2. „Дали само се обидуваш да ослабиш?“

    rn(2) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnНе. Само се обидувам да ги избегнам сите симптоми кои се набројани погоре.rn

    3. „Па, дали некогаш пак ќе можеш да јадеш глутен?“

    rn(3) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnДали би го поставиле ова прашање на некој кој има алергија на кикирики? Или пак, на некој кој е алергичен на убод од пчели? Не. Секако.rn

    4. „Точно знам како се чувствуваш, јас сум вегетаријанец.“

    rn(4) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnДа се биде вегетаријанец е избор. За оние кои се нетолерантни на глутен тоа е медицинска состојба. Токму затоа и не можете да разберете како е.rn

    5. „Ах, прочитав на интернет…“

    rn(5) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnИнтернетот е познат по омразата кон оние со уникатен режим на исхрана. Интернетот исто така е познат и по ширење погрешни факти. Токму затоа ако тоа што сте го прочитале не е составено од доктор или од личност нетолерантна на глутен, воопшто не го спомнувајте.rn

    6. „Како можеш да живееш без леб?“

    rn(6) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnДали некогаш би прашале алкохоличар како живее без алкохол? Не, бидејќи неговата битка е очигледна и сигурно не би ви било пријатно. Но, истото се случува и со оние кои имаат целијакија.rn

    7. „Ах, слушнав дека тоа е само нешто што во моментов е во тренд.“

    rn(7) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnИ покрај тоа што во последно време се зголемува јавниот интерес за безглутенската исхрана, тоа не значи дека оваа состојба не постоела одамна и дека нема да постои уште долго во иднина.rn

    8. „Отсекогаш си го пребирал тоа што го јадеш.“

    rn(8) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnЗарем вие мислите дека овие луѓе уживаат во избегнувањето глутен?rn

    9. „Безглутенска исхрана? Мора да го пробам тоа.“

    rn(9) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnДоколку некој ваш пријател ви каже дека се бори против депресија или пак, се обидува да ја победи својата зависност, дали мислите дека би помогнало доколку вие би се запрашувале гласно дали е време да се подготвувате за летната сезона? Секако дека не.rn

    10. „Би те поканил/а ама не знам што би јадел/а.“

    rn(10) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnТи благодарам за разбирањето. Добро е да знам дека нашето пријателство е валидно само доколку има тестенини на менито.rn

    11. „Да, мислам дека е безглутенско. Би требало да бидеш во ред.“

    rn(11) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутенrnrnТоа е исто како да кажете: „Да, мислам дека овој пиштол не е наполнет, така да би требало да бидете во ред.“