Според резултатите од едно истражување апсолутно нема придобивки од работењето прекувремено, бидејќи тоа ѝ наштетува не само на работата, туку и на вашиот социјален и ментален живот, како и на здравјето воопшто. Можеби не се чувствувате така кога е 18 или 19 часот, а сè уште сте во канцеларија, но луѓето кои навреме си одат од работа се поздрави и посреќни.rnrn
rnrnА еве ги и причините зошто треба во 17 часот да се упатите кон дома:rn
Работењето прекувремено не е продуктивно
rn
rnrnСтудиите покажале дека во одредена мера, со работењето прекувремено нема да постигнете поголеми резултати – секој дополнителен час во канцеларијата е многу помалку продуктивен од претходниот. Затоа многу работодавачи ја мерат продуктивноста според резултатите наместо според часовите и всушност не се грижат ако работите помалку часови, сè додека го извршувате зададеното.rn
Ќе бидете поздрави
rn
rnrnПрекувременото работење резултира со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, замор, ниско ниво на енергија и лошо здравје. Студијата спроведена на 3 континенти открила дека луѓето кои работат над 55 часа неделно имаат за 33% зголемен ризик од мозочен удар, во споредба со луѓето кои имаат под 40 часа неделно. Исто така, според оваа студија, оние кои работат подолго имаат за 13% поголем ризик од срцеви заболувања.rn
Ќе завршите повеќе обврски во текот на денот
rn
rnrnАко се навикнете да ги завршувате сите ваши задачи до 17 часот, ќе сфатите дека всушност не ви треба дополнително време и тоа е супер! Избегнувањето на непотребниот дефокус од работата, долгите паузи за кафе или секојдневни разговори со колегите, значи подобрување на вештините за управување со времето. Луѓето кои го практикуваат овој распоред на работа, тврдат дека тоа навистина прави да ја напуштите канцеларијата чувствувајќи се добро и испонето поради завршените обврски.rn
Ќе знаете како да ги заштитете сопствените граници
rn
rnrnПоставување граници и давање до знаење дека ја напуштате канцеларијата во 17 часот, дури и ако вашите колеги претпочитаат да остануваат до подоцна, ја поставува вистинската атмосфера во канцеларијата. Честопати луѓето не заминуваат на време само затоа што не сакаат да се однесуваат поразлично од колегите и тоа да не делува како да не се доволно посветени. Важно е сите да сфатат каде завршуваат работните обврски, а каде започнува приватниот живот.rn
Ќе уживате во вашето слободно време и добро ќе се одморите
rn
rnrnМожеби никогаш не се чувствувате уморно од останувањето во канцеларијата до подоцна, па можеби и ја сакате работата, но кога ќе си отидете дома на време, ќе почувствувате колку е убаво да имате дополнителен час или 2 секој ден, само за себе. Ќе имате време за дружба со семејството и пријателите, за спортување, прошетки со вашето куче и занимавање со вашето хоби.rnrnОвие активности го полнат телото со енергија. Не мора да вклучувате други луѓе во вашите активности во слободно време, доколку не сакате. Времето за себе е од суштинско значење за долгорочно ментално и физичко здравје и има големо влијание врз нашата продуктивност и квалитетот на животот воопшто.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто луѓето кои работат од дома се посреќни!rn





rnrnПовеќето мачки имаат социјални потреби. Тие може да се дружат со другите животни и да соработуваат со нив. Може дури и да почувствуваат загуба. Мачките, исто така, се обидуваат да се дружат и да создадат врски со луѓето. Всушност, некои експерти велат дека мачките мислат дека и ние сме мачки. Поголеми од нив, но сепак мачки. Тие на нас гледаат како на семејство.rn
rnrnВашата мачка сака да биде блиска со вас. Таа се обидува да биде вклучена во она што го правите и да создаде чувство за приврзаност. Откако ќе создаде некој вид приврзаност со вас, таа се обидува да ја одржи приврзаноста со текот на времето. Ваквото однесување кон сопственикот е уште поприсутно за време на зрелоста, што значи дека вашата мачка ве гледа како нејзина примарна грижа.rn
rnrnСпоред еден
rnrnМачките имаат капацитет да прават разлика меѓу безбедноста и несигурноста кон луѓето. Според истражувањата, голем процент на мачки се чувствуваат побезбедно кога се покрај нивните сопственици. Поголемиот дел од мачките ги избираат своите сопственици како прв извор на безбедност, исто како што прават децата со нивните родители.rn
rnrnИако можеби не е толку очигледно, вашата мачка навистина се грижи за вас. Постојат различни начини на кои таа може да ви покаже љубов. На пример: преку предење, трепкање, милување со главата, покажување на стомакот. Кога мачките се галат со нивните сопственици, тие се чувствуваат многу опуштени и сакаат да покажат дека ви веруваат, како на родител.rnrnМожеби сакате да дознаете и дека се 
rnrnАко често консумирате многу шеќер, постои ризик тоа да ви стане навика, а д-р Лора Шмит од универзитет во Сан Франциско вели дека навиката всушност станува зависност.rnrnИако овие истражувачки досега не спровеле одредено истражување за ваквиот тип мамурлаци, тие имаат доста добри докази за поврзаноста меѓу неверојатната желба за благо и последиците од неговата консумација. Велат дека во одреден временски период, може да го промените составот на „центарот за наградување“ на мозокот. А тоа е нешто за што треба да се размисли, вели д-р Шмит.rnrnШеќерот го зголемува нивото на домапин, во делот на мозокот кој е поврзан со чувството на задоволство. Ако инјектираме допамин „однадвор“ во телото преку внесување слатки, со текот на времето мозокот почнува да „сфаќа“ дека не мора да произведува толку допамин.rnrnЗатоа, веднаш штом „надворешниот допамин“ или слатките нешта ќе се намалат или елиминираат, доаѓа таа нескротлива желба за благо.rnrnНајдобар начин да ги избегнете овие негативни последици од внесувањето на шеќер е да ја ограничите консумацијата на храна и пијалаци што го содржат.rnrnСпоред овие истражувачки нема потреба од внесување шеќер во организмот на дневно ниво.rnrnМожеби сакате да го прочитате и овој 

rnrnСпоред науката, колку се пошироки вашите образи, толку е поголема веројатноста дека сте наметливи, па дури и агресивни. Меѓутоа, ако имате широко лице, не значи дека сте опасни и агресивни, но тоа укажува дека најверојатно ќе реагирате на конфликтот, наместо да го игнорирате.rn
rnrnНаучниците откриле дека колку помалку имате маснотии на образите, толку се помали шансите за заболувања и за стрес. Освен тоа, луѓето со тенки лица имаат пониска стапка на вознемиреност и депресија. Ова може да биде поврзано со вашата кондиција затоа што, генерално, активните луѓе имаат помалку маснотии на лицето и се посреќни.rn
rnrnИстражувачот Абрахам Тамир подолго време ги проучувал карактеристиките на лицето и нивната поврзаност со личноста. Тој забележал дека луѓето со долг нос може да бидат многу амбициозни, да имаат добар инстинкт и имаат тенденција да бидат лидери.rn
rnrnНаучниците откриле дека мажите кои имаат бебешко лице се помалку доминантни во младоста, но учат како да бидат посамоуверени додека растат.rn
rnrnКако основа на ова истражување бил користен моделот на петте големи карактеристики на личноста и според тоа, забележано е дека оние луѓе што се пољубезни, имаат повисока линија на веѓите и помал распон на челото. Истражувачите забележале дека луѓето што имаат исто ниво на совесност и симпатичност, имаат слични лица.rn
rnrnОткако проучиле 1.793 слики, истражувачите забележале дека луѓето што имаат убав и краток нос полесно и побрзо ја покажуваат чувствителната страна. Исто така, тие може да бидат пољубезни од останатите.rn
rnrnИстражувањата покажале дека и комуникативните луѓе имаат некои заеднички карактеристики на лицето. Колку сте поголем екстроверт, толку повеќе ви се испакнати носот и усните. Исто така, забележано е дека овие луѓе имаат поизразена брада и подобри мускули за џвакање.rn
