КАФЕ ПАУЗА

Tag: истражување

  • Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае

    Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае

    Една од најкомплицираните односи што човекот ги има е оној кон храната. Ние не секогаш јадеме затоа што сме гладни, понекогаш желбата за храна е предизвикана од огромната количина на реклами и постери за храна околу нас. Покрај тоа, нашиот апетит е „буден“ и поради многу други фактори кои немаат никаква врска со празниот стомак. Зголемувањето на потрошувачката, а со тоа и на телесната тежина, влијае на нашето здравје. Едно истражување истакнува дека промените на апетитот се усогласени со возраста на луѓето и кога би ги знаеле различните фази во исграната тоа би ни помогнало да ја подобриме нашата исхрана и да се справиме со проблемите како зголемувањето на телесната тежина.rnrnЕве ги и декадите во исхраната наведени во оваа студија:rn

    Прва декада: 0 до 10 години

    rnВашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знаеrnrnНавиките за исхраната стекнати во раното детство можат да продолжат во зрелоста. Дебелото дете веројатно ќе стане дебело возрасно лице, ако родителите не преземат никакви мерки на претпазливост. Важно е децата да се навикнуваат да испробуваат храна со различен вкус, текстура и бои за да не се плашат од одредена храна подоцна.rnrnСпоред истражувањето, децата имаат исти навики во исхраната како и нивните родители, така што нивната околина треба да биде позитивна, урамнотежена и навикната на здравата храна, како што е зеленчукот. Исто така е добро децата да имаат одредена контрола врз количината храна што ја јадат. Принудувањето ги да изедат сè во нивната чинија може да ја намали нивната способност да ги восприемаат знаците на глад и апетит, што доведува до тоа да се стекнат со прекумерна тежина.rn

    Втора декада: 10 до 20 години

    rnВашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знаеrnrnЗа време на пубертетот и адолесценцијата, зголемениот апетит се должи на хормоните. Во оваа фаза, односот на една млада личност кон храната е поврзан со нејзиното тековно здравје и раст. Овој период е клучен со цел да се утврдат навиките во исхраната во иднина.rnrnБез соодветно насочување, младите имаат тенденција да претпочитаат нездрава храна, чија консумација има последици дури и во зрелоста. Научниците забележаа дека кај младите жени постои голема веројатност да страдаат поради недостигот на хранливи состојки, бидејќи во оваа фаза тие го развиваат својот репродуктивен капацитет.rn

    Трета декада: 20 до 30 години

    rnВашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знаеrnrnНа оваа возраст промените на животниот стил можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина. И штом се стекнат вишокот килограми, тешко се губат. Во оваа конкретна фаза, телото испраќа силни сигнали дека му се јаде кога е гладно, но сигналите што ги испраќа за да одбие храна кога не е, се многу слаби. Студијата објаснува дека тоа е така затоа што има толку многу физички и психолошки фактори кои влијаат на апетитот, кои ги охрабруваат луѓето да продолжат да јадат дури и кога не се гладни.rnrnВо текот на оваа фаза, важно е да научите како да го развиете чувство на ситост, да го слушате телото кога веќе не чувствува глад и со тоа да се избегне прекумерна консумација на храна. Ова се постигнува со избор на храна богата со растителни влакна и протеини, кои ви помагаат подолго да се чувствувате сити, за разлика од производите богати со шеќери и масти.rn

    Четврта декада: 30 до 40 години

    rnВашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знаеrnrnВо оваа животна фаза ефектите од стресот почнуваат да се покажуваат. Се покажало дека потешкотиите во зрелата возраст доведуваат до промени во рутината на исхрана и апетит со што може да се развие засилен апетит или, обратно, да се изгуби желбат за храна.rnrnНекои особини на личноста, како перфекционизмот, влијаат на однесувањето во исхраната затоа што тие често предизвикуваат вознемиреност. Во оваа фаза, клучно е да се сменат лошите навики во исхраната, без оглед на тоа дали се применуваат додека сте на работа или дома. На пример, избегнување на „грицките“ на работа и замената на висококалоричните закуски со здрава, свежа храна.rnrnПрепознавањето на ситуациите кои предизвикуваат стрес и минимизирање на истите, исто така, ќе помогне да се подобри вашата подготвеност на здрава исхрана.rn

    Петта декада: 40 до 50 години

    rnВашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знаеrnrnВо овој период, ќе биде многу тешко да се промени она што претходно не било променето, вели истражувањето. Умот диктира дека треба да имате урамнотежена исхрана и вежбање, но во реалноста, сè уште јадете неправилно и прекумерно.rnrnСпоред Светската здравствена организација, во оваа фаза се во прв план здравствените проблеми кои произлегуваат од лошите навики во исхраната, како високиот крвен притисок, високото ниво на холестерол во крвта и дијабетесот. Промените треба да бидат насочени кон подобрување на здравјето, пред симптомите да станат очигледни и неповратни.rn

    Шеста декада: 50 до 60 години

    rnВашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знаеrnrnОд 50-та година натаму, мускулната маса започнува да се намалува постепено и стабилно. Научниците ја нарекуваат оваа фаза „саркопенија“. Консумирање помалку хранливи материи од потребното,  недоволното ниво на физички активности и менопаузата може да го забрзаат овој процес.rnrnВо оваа фаза, неопходно е да се држи здрава, протеинска исхрана. Сепак, едноставните оброци честопати се заменуваат од други кои не ги задоволуваат хранливите потреби на луѓето во оваа фаза, или поради недостаток на време или поради губење на апетитот.rn

    Седма декада: 60 ​​до 70 години

    rnВашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знаеrnrnЗа време на староста, телото станува слабо, а тежината се губи неволно, бидејќи се губи и апетитот и гладот. Студијата посочува дека, во овој момент, јадењето е, пред сè, социјално искуство.rnrnОсаменоста, недостаток на семејно дружење и недостигот на ресурси го спречуваат уживањето во храната. На ова се додаваат и други фактори, како што е тешкотијата при џвакање и други болести. Во оваа фаза, одржувањето на здравата исхрана, надгледувана од специјалист, е неопходна за продолжување на животниот век.rnrnМожеби сакате да прочитате и за луѓето кои ги откриваат најчудните навики на исхрана кои некогаш ги виделе.

  • Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

    Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

    Една од најтешките задачи на секој родител е да ги убеди своите деца да имаат здрава ужина, наместо нездрава храна, и што е уште потешко, да направи тие да уживаат во здравите оброци.rnrnНаучниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?rnrnВо една неодамнешна студија се објаснува посебниот метод со кој може да ја искористите телевизијата во ваша корист и да ги натерате децата да јадат здрава храна.rn

    Колку и да изгледа неверојатно, телевизијата може да биде ваш сојузник и да ги натера вашите деца да имаат здрави оброци

    rnНаучниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?rnrnМожеби се прашувате: „Како може телевизијата да ми помогне да го натерам моето дете да ја изеде здравата ужина?“ Одговорот е поедноставен отколку што можете да замислите: вие само треба да ги натерате децата да гледаат емисии за готвење каде главните состојки се здрава храна. Емисиите и видеата за готвење може да имаат позитивен ефект врз однесувањето и ставовите на децата.rnrnКако? Авторите велат дека овие емисии промовираат здрави перцепции на храната, затоа што, според теоријата наречена „Cue Reactivity“ (условен рефлекс) , се претпоставува дека луѓето развиваат инстинктивни одговори преку дразнење на одредени стимули. Визуелните знаци на храна во програмите се претставени преку подготовка на храната што децата треба да ја консумираат, како и предизвикување на желбата за прикажаната храна.rn

    Како е откриено влијанието на телевизијата врз здравата исхрана на децата?

    rnНаучниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?rnrnЗа да се спроведе истражувањето, 125 деца на возраст од 10 до 12 години, биле замолени да гледаат 10 минути телевизиска програма наменета за деца. Некои гледале емисија за здрава храна, додека пак останатите гледале емисија во која има нездрави оброци. На првото видео биле прикажани домати, кромид, зелка и друго овошје и зеленчук, додека во второто биле презентирани хамбургери, помфрит со мајонез и кроасани.rnrnЗа да се уверат дека перцепцијата на децата за храна е онаква каква што претпоставуваат авторите, тие ги замолиле децата да ги оценат производите што се појавуваат во видеата од 0 до 10 според нивната перцепција, каде што 0 значи многу нездрава и 10 многу здрава. На крајот, на децата им била понудена закуска: можеле да изберат една од овие опции: парчиња јаболки, парчиња краставици, помфрит или переци.rn

    41% од децата се одлучиле за здрав оброк

    rnНаучниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?rnrnВо групата деца кои го гледале видеото со здрави оброци, повеќе од 41% се одлучиле за здрава храна, додека во другата група, само 20% од децата се одлучиле за здравата опција. Оние кои гледале емисија со здрави продукти, било поверојатно да изберат здрава храна откако го изгледале видеото.rnrnСпоред авторот на истражувањето Френс Фолкворд, доктор на универзитетот Тилбург, резултатите од оваа студија укажуваат дека емисиите за готвење може да бидат ветувачка алатка за промовирање на позитивни промени во изборот, ставовите и однесувањето поврзано со исхраната на децата.rn

    Други алтернативи за промовирање на здрава храна кај децата

    rnНаучниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?rnrnНегувањето на добри навики во исхраната кај децата не е толку тешко, бидејќи станува збор за навики кои тие многу полесно ги стекнуваат во детството.rnrnНо, за ефективно воведување на здравата исхрана на детското мени постојат и неколку алтернативи:rn

    Бидете модел по кој ќе учат

    rnФранс Фолкворд вели дека децата го усвојуваат однесувањето на нивните родители, со тоа што родителите им се пример најлесно влијаат врз децата. Но, не само тоа: со оваа студија, експертите предлагаат промоција и едукација за исхраната во училиштата, односно создавање училишни програми за здравата исхрана.       Вклучувањето на здравата исхрана во училишните средини може да има значајно позитивно влијание врз знаењето, ставовите, вештините и однесувањето на децата. Позитивното влијание може да ги охрабри учениците да пробаат нова храна која претходно не ја консумирале, според Фолкворд.rn

    Без притисок

    rnМожно е децата да имаат отпор кон одредена храна без да ја пробаат. Неопходно е да се обидувате повторно и повторно, но давајте им простор од најмалку една недела. Една студија покажала дека ако се обидувате децата да ги натерате да вкусуваат нова и различна храна секој ден од рана возраст, ќе му помогнете на детето да го изгуби стравот од непознати вкусови и нови текстури.rnrnНаучниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?rn

    Вклучете ги и децата

    rnДруга студија спроведена од истиот автор покажа дека кога младите учествуваат во подготовката на здрава храна, постои поголема веројатност тие да консумираат производи богати со хранливи материи, а да ја избегнуваат храната богата со шеќери и масти, во споредба со оние кои не учествуваат во готвењето.rn

    Охрабрувајте ги

    rnД-р Маја Адам, директор за здравствена едукација во Центарот за здравствено образование на Универзитетот „Стенфорд“, вели дека со децата треба да се зборува за храна, но не преку забрани, туку преку охрабрување. Значи, наместо да кажете „Вие не треба да јадете шеќер“, многу е подобро да им кажете „Дали забележавте каков вкус имаат краставиците доколку им ставате лимон и сол?“rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека не треба да пазарувате гладни зашто ќе потрошите повеќе пари на нездрава храна.

  • Загрижени сте затоа што вашето дете го цица палецот? Не грижете се, тоа има и една добра страна

    Загрижени сте затоа што вашето дете го цица палецот? Не грижете се, тоа има и една добра страна

    Истражувањата потврдуваат дека раната изложеност на нечистотии и бактерии го намалува ризикот од развој на алергии во подоцнежна возраст.rnrnЗагрижени сте затоа што вашето дете го цица палецот? Не грижете се, тоа има и една добра странаrnrnПостојат голем број теории зошто бројот на алергични меѓу децата се зголеми толку многу во последните децении, а резултатите од истражувањето спроведено во медицинското училиште „Данедин“ во Нов Зеланд ја поддржуваат т.н. хигиенска хипотеза според која неизложувањето на микроби во раното детство е причина за појава на алергии.rn

    Развој на астма

    rnНаучниците открија дека 45% од децата на 13-годишна возраст имаат барем една лесна реакција на алерген, било да е тоа мачка, куче, прашина, трева или печурки. Но, таа бројка се намалува на само 31% кај децата кои ги цицаат палците и ги грицкаат ноктите, а доколку имаат само една од тие две навики, зачестеноста е 40%.rnНо, се чини дека ниту една од овие две навики не влијае на развојот на астма.rn

    Изложеност на бактерии

    rnСпоред професор Малком Сеарс еден од авторите на студијата, истражувањето ја потврдило тезата дека раната изложеност на нечистотии и бактерии го намалува ризикот од развој на алергии во подоцнежна возраст.rnrnТој додава дека научниците претпоставуваат дека децата што го ставаат прстот во устата ја зголемуваат изложеноста на бактерии, а тоа позитивно влијае на развојот на нивниот имунолошки систем. Истражувањето открило дека позитивниот ефект продолжува во зрелоста и не е засегнат од присуството на пушачи во домот или од изложеноста на прашина и бубачки.rnrnМожеби сакате да прочитате и за првото долгорочно истражување кое покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозок.

  • 7 причини поради кои вашата коса станува седа

    7 причини поради кои вашата коса станува седа

    Седата коса доаѓа со процесот на стареење, но кај некои луѓе белите влакна се појавуваат многу рано и претставуваат вистински проблем.rnrn7 причини поради кои вашата коса станува седа?rnrnВо продолжение прочитајте некои од причините зошто вашата коса станува седа.rn

    1. Кај некој од вашите родители рано се појавила седа коса

    rnВеројатно секогаш сте се прашувале што предизвикува седа коса? Прамените во сива боја делумно се во вашите гени, вели д-р Дорис Деј, клинички вонреден професор по дерматологија на универзитетот при Медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк. Една студија објавена во „Nature Communications“ ја издвојува генетиката како причина за појавата на седите прамени откако истражувачите анализирале карактеристики на коса на 6.000 Американци. Слободно обвинете ги и своите родители ако имате седа коса, но имајте на ум дека седата коса е и природен дел од стареењето.rn

    2. Можеби имате автоимуна болест

    rnАвтоимуната болест на кожата наречена „алопеција ареата“ може да доведе до побелување на делови од косата. Како што објаснува Американската фондација за алопеација ареата (NAAF), на луѓето во оваа состојба им се појавуваат мали, тркалезни, мазни делови на скалпот и тие може целосно да ја изгубат косата на тој дел на главата или телото. Според д-р Деј ова се случува затоа што вашиот имунолошки систем ги напаѓа фоликулите на косата, со што косата паѓа. Кога косата повторно расте, таа е бела. Според NAAF, околу 6,8 милиони луѓе во Америка ја имаат оваа појава. Ако забележите загрижувачко опаѓање на косата или делови од главата без коса, разговарајте со дерматолог.rn

    3. Вашата околина е загадена

    rnЗагадувачите и токсините може да предизвикаат побрзо побелување на косата, според истражувачите. Овие хемикалии генерираат слободни радикали, или оксидативен стрес, кој го намалува производството на меланин и го забрзуваат стареењето на косата, покажуваат студиите. Откако влакното ќе изникне од фоликулот, тоа е мртво, додава д-р Деј.rn

    4. Сте доживеале голем стрес

    rnСилната поврзаност помеѓу стресот и седата коса е тема на жестоки дебати. Сепак, д-р. Деј вели дека стресот ќе ја забрза вашата генетска судбина. Значи и да немате седи влакна сè уште, стресот веројатно ќе ја промени бојата на вашата коса. Но, ако сивата боја е во вашите гени, стресот може да ја направи вашата коса сива многу побрзо и многу порано, освен ако не работите на намалување на стресните ситуации. Стресното доживување на секоја ситница може да направи побрзо да остарите.rn

    5. Изложени сте на чад од цигари

    rnАко сè уште се прашувате: Што ја предизвикува предизвикува појавата на седа коса?, можеби за тоа треба да ги обвините цигарите во вашиот дом. Без разлика дали вие или некој друг во семејството пуши во домот, изложеноста на чад од цигари може да влијае на бојата на вашата коса. Истражувања објавени во 2013 година откриле дека пушачите имаат 2,5 пати повеќе шанси за рано стареење, најверојатно заради огромните количини на слободни радикали создадени од пушењето. Наведете си го ова како уште една причина да се откажете од цигарите, или охрабрете некој близок да се откаже од оваа навика.rn

    6. Вашите хормони се менуваат

    rnЕден поглед на фотографија од вас од пред една деценија може да ви потврди дека вашата коса сега не е иста како што била некогаш. Значи, што ја предизвикува појавата на седа коса? Благодарение на хормоните, вашата коса со текот на времето може да ја промени нејзината текстура, густина и секако, бојата. Овој процес започнува да се забележува кога ќе наполните 30 години. Тоа е возраста кога луѓето почнуваат да се жалат на проблеми. Експертите сè уште се обидуваат да сфатат како точно влијаат хормоните ( како естроген, прогестерон и кортизол). Има жени во своите 50-ти години кои минуваат низ менопауза но немаат ниту еден прамен седа коса. Можеби станува збор за повеќе фактори кои влијаат на појавата на седа коса: вашата генетика, факторите на животната средина и хормоналните промени.rn

    7. Вашата возраст

    rnМожеби вие не сте подготвени за тоа, но вашата коса е веќе сива. Производството на меланин, супстанцијата што го дава пигментот на косата, се намалува со текот на стареењето. Со секоја декада, по вашата 30 година, ризикот за појава на седа коса се зголемува од 10 на 20%. Значи, невозможно е да се задржи природната боја на косата со одминувањето на годините.rnrnМожеби сакате да го прочитате и ова необично истражување: Дали гледањето филмови влијае на нашите брчки?rn

  • Дали знаете дека цигарата е штетна дури и откако ќе ја изгаснете во пепелникот?

    Дали знаете дека цигарата е штетна дури и откако ќе ја изгаснете во пепелникот?

    Научниците од Националниот институт за технологија во САД открија дека отпушоците од цигарите се поопасни за здравјето на луѓето отколку што мислите поради високото ниво на никотин што се создава во воздухот уште долго време по гаснењето на цигарата.rnrnДали знаете дека цигарата е штетна дури и откако ќе ја изгаснете во пепелникот?rnrnСпоред научниците, секој отпушок испушта речиси 15% од вкупниот никотин што се содржи во целата цигара, но иако повеќето хемикалии се испуштаат од изгасната цигара во првите 24 часа, откриено е дека нивото на никотин е штетно во рок од една недела по гаснењето на цигарата.rnrnОвие откритија ги вознемирија и Австралијците, а Советот за рак на Квинсленд ги предупреди жителите за опасностите од веќе догорените цигари.rn

    „Во Квинсленд, ние се стремиме да го забраниме пушењето на колку што е можно повеќе јавни места, особено затоа што луѓето не се свесни какво штетно влијание има пасивното пушење врз здравјето на луѓето“, изјави Крис Мекмилан, извршниот директор на Советот за рак на Квинсленд.

    rn

    „Можеби мислите дека сте ги заштитиле вашите деца од чад ако не пушите во автомобилот кога тие се присутни, но доволно е штетно и само кога пепелникот во топол автомобил е полн со отпушоци од цигари кои испуштаат штетни хемикалии“, рече Мекмилан.

    rnНаучниците откриле дека отпушоците се поштетни кога времето е потопло. Ова значи дека ако не го испразните пепелникот во текот на една недела, количината никотин на којашто се изложени непушачите може да биде двојно поштетна.rnrnПрочитајте како да го отстраните мирисот на цигари од дома.

  • Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо

    Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо

    Според Здруженијата за етичко постапување со животните, нарекувањето на животното за кое се грижите „милениче“ е навредливо. Според студијата објавена во Списанието за етика кон животните („Journal of Animal Ethics“), користењето на одредени зборови може да влијаат на начинот на кој тие се третираат.rnrnЗатоа тие предлагаат начини на кои треба да ги нарекувате вашите „крзнени пријатели“.rn

    Зборот „милениче“ е навредлив

    rnНемојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливоrnrnАктивистите за правата на животните велат дека не се користи зборот „миленичиња“ кога тој се однесува на животните за кои се грижите. Според нив, тоа е навредливо и звучи како вие да го поседувате животното. Сфаќањето дека вашите животински пријатели не се живи суштества, влијае на третманот на овие животни, па дури и на нивното однесување.rn

    Ваквиот термин значи дека животното е ваша сопственост

    rnНемојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливоrnrnАктивистите веруваат дека користењето на терминот „милениче“ асоцира на нежив предмет, па дури и на животно што е за еднократна употреба. Сепак, многу луѓе мислат дека животното е предмет и играчка. Во декември, на пример, многу луѓе добиваат кученца и мачиња како подарок, а во јануари вдомувачките центри за животни се преполни со овие отфрлени животни.rn

    Терминот го потценува животното и го идентификува како нежив предмет

    rnНемојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа ги навредуваrnrnСите знаеме дека животните можат да мислат и чувствуваат, така што називот „миленичиња“ го намалува нивниот широк спектар на емоции, чувства и ментални способности и ги сведува на мали меки предмети што се чуваат и се користат на начин каков што „сопственикот“ посакува, објаснуваат престставници од оранизациите за заштита на животните.rn

    „Придружник“ или „чувар на човекот“ е поинкузивен термин

    rnНемојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливоrnrnДомашните животни како мачките и кучињата ја разбираат вашата интонација, ги читаат вашите емоции и воопшто, ве разбираат кога разговарате со нив. Затоа, прилагодувањето на начинот на кој ги повикувате „вашите крзнени пријатели“ може да биде добра идеја.rnrnНемојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливоrnrnНа пример, кога животното го нарекувате „придружник“, па дури и го нарекувате со „тoj/таа“ наместо со „тоа“, вие го ставате животното на исто ниво како човекот. Ова ја зголемува важноста на животот на животното и во иднина, може да ги спречи случаите на напуштање. Исто така, тоа е добро и за едукација на децата, па и тие ќе разберат дека нивниот пријател има душа и чувствува, исто како и човекот.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто вашето куче ја навалува главата додека му зборувате? Пристигна одговорот и на ова прашање.

  • Една студија открива: Зошто прославувањето на родендените на децата е важно?

    Една студија открива: Зошто прославувањето на родендените на децата е важно?

    Кога доаѓа роденденот на детето, некои родители се возбудуваат и однапред се подготвуваат за прославување на оваа пригода. Но, има и родители кои преферираат да ги избегнат овие трошоци и одлучуваат воопшто да не прославуваат. А, ова може да биде контрапродуктивно.rnrnЈа споделуваме со вас важноста на прославувањето на родендените на вашите деца и  ве охрабруваме да не го избегнувате чувството на радост.rn

    Да се прави или да не се прави забава?

    rnЕдна студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?rnrnДа, сè се смени. Она што го сметавме за едноставна роденденска прослава, сега се претвори во тематска забава, со над 50 гости, персонализирана слатка маса и скапи украси кои завршуваат во ѓубре. Сепак, д-р Жаклин Воли се залага за важноста да се слават родендените на децата на, за нив, значаен начин, бидејќи тие, како и возрасните, бараат обележување на настани во нивна чест.rn

    Важноста на славењето родендени

    rnЕдна студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?rnrnД-р Воли спровела истражување за обележувањето на родендените кај малите деца. Во истражувањето биле вклучени 99 деца на возраст помеѓу 3 и 5 години. Постапката била едноставна, на сите им било претставено следново сценарио:  3 двегодишни деца требало да наполнат 3 години. Првото да има забава, второто да нема, а третото да има забава, но во 2 дела. Потоа, од испитаниците било побарано да погодат колку години има секое дете. Резултатите откриле дека многу од нив одговориле дека она дете што немало забава има 2 години, а она дете кое има 2 забави има 4 години.rn

    Повеќе од само математика…

    rnЕдна студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?rnrnТестовите на д-р Воли откриле дека за деца на предучилишна возраст, доживувањето на ненадејни промени од година во година има големо значење, бидејќи нема друга очигледна или непосредна физичка причина слична со другите промени кај децата, па затоа тие сметаат дека роденденската забава е редовен настан кој им се случува секоја година.rn

    Предностите на прославувањето роденден, според развојната психологија

    rnЕдна студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?rnrnД-р Воли верува дека ако за 4 годишно дете, целта на забавата е да наполни 5 години, тогаш славењето е важно.rn

    Затоа, родителите треба да ги земат предвид следниве предности на овој настан:

    rn

      rn 011

    • Прославата ја зголемува самодовербата кај детето;
    • rn 011

    • Кога се слави во чест на детето, тоа се чувствува сакано и значајно во семејството. Неговиот роденден станува важен настан во животот на родителите;
    • rn 011

    • Родендените ги зајакнуваат семејните врски;
    • rn 011

    • Позитивно е да се има семејни традиции. Без оглед на големината на прославата, она што е релевантно, е чувството да се биде заедно за да се прослави нешто посебно;
    • rn 011

    • Роденденските забави воспоставуваат социјални релации со другите;
    • rn 011

    • Поканувањето неколку пријатели, баби и дедовци или целото семејство на роденденска забава му помага на детето да се дружи и да биде љубезно;
    • rn 011

    • Така се создаваат позитивни спомени. Истражувањата за меморијата од предучилишна возраст вели дека повеќето сеќавања од детството не се навистина спомени, туку меморија создадена од многу податоци што детето ги има собрано од различни извори несвесно, како сензации, насмевки и музика. Затоа, создавање спомени од прослава може да биде нешто навистина значајно.
    • rn 011

    • Тоа им помага на децата да имаат перцепција за времето. Децата не се свесни за нивниот раст ако на тоа не им укажат другите. Затоа родендените се одличен начин за тие да го откријат процесот на растење.
    • rn

    rn

    Прославата не мора да биде раскошна

    rn

    Една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?

    rnНекои родители можеби се чувствуваат под притисок од потребата да го прослават роденденот на своето дете. Сепак, славењето на уште една година од животот на вашето дете не мора да биде големо. Децата се помотивирани или возбудени од прославите каде тие се на прво место, кога се важни нивните емоционални потреби и кога се чувствуваат сакано. Значи, едноставното дување на свеќичката и јадењето на торта може да биде доволна прослава.rnrnОна што е најважно не  е најсофистицираната роденденска торта на светот, ниту пак најскапиот подарок од најпрестижната продавница, туку топлината на околината во која детето се чувствува почитувано, сакано и безбедно.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто на децата кои се запоставени мозоците им се помали?

  • 10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

    10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

    Богатството секогаш како да фаворизира некои луѓе додека другите се препуштени сами на себе. Дали мислите дека се работи за судбина? Научниците не се согласуваат со тоа: психолозите и математичарите се во состојба да идентификуваат шаблон во тоа дека постои поврзаност помеѓу човечкото однесување и успехот што може секој да го постигне.rnrnВо продолжение прочитајте ги нештата кое лицето што нема среќа постојано ги прави.rn

    1. Тие ретко доживуваат неуспех

    rn10 навики кои може секого да го претворат во баксузrnrnКолку и да звучи парадоксално, оној што има најмалку грешки, престанува да се залага за успех во одреден момент.  Научниците од Универзитетот во Аризона утврдиле дека очекувана идеална можност за неуспех е 15%. Експеримент со математички модели им помогнал да го утврдат тоа. Тие се обиделе да научат робот да сортира материјали. Кога 85% од задачите биле извршени точно, процесот се одвивал побрзо. Кога роботот давал точни одговори повеќе од 85% од времето, задачата била оценета како премногу лесна и се чинело бесмислено да се бараат нови информации и алтернативни начини за решавање.rnrnОва се однесува на луѓето: честите успеси прават да се чувствуваат порелаксирано. Затоа, слободно можете да си дозволите да не успеете во 15% од она што го правите.rn

    2. Тие секогаш се обидуваат да бидат добра личност

    rn10 навики кои може секого да го претворат во баксузrnrnАко секогаш се обидувате да бидете фини или да ги задоволите сите, тоа не е начинот на кој ќе постигнете успех. Додека некои луѓе се обидуваат да го пренесат своето мислење на пољубезен начин и прават отстапки, други продолжуваат силно да ги бранат своите ставови. И, всушност, вторите почесто постигнуваат успех. Затоа, не плашете се од остри критики и не откажувајте се откако ќе слушнете негативни коментари.rnrnНаучниците од Луксембург велат дека треба да бидете бунтовни и тврдоглави, бидејќи тоа е гаранцијата за среќа. Тие дошле до овие наоди по 40-годишно истражување. Покрај тоа, оние кои уште во детството го покажуваат својот став и цврст карактер, постигнуваат најдобри резултати и се поуспешни. Децата – бунтовници стануваат возрасни кои се подготвени директно и искрено да зборуваат за своите интереси. Тие не се срамат да се спротивстават некому или да му кажат на шефот дека заслужуваат покачување.rn

    3. Тие веруваат во универзална неправда, но само кон себе

    rn10 навики кои може секого да го претворат во баксузrnrnОвие луѓе може бесконечно да зборуваат за нивните проблеми. Ако некој друг поразговара со нив за неговиот живот, тие веднаш нагласуваат дека нивните проблеми не значат ништо. Овој вид на обратен егоцентризам, изразен преку желбата да го дефокусираат вниманието од себе и да го насочат кон проблемите на другите луѓе, ги одвраќа другите. Тие самите си ја предизвикуваат лошата среќа со тоа што времето го поминуваат спомнувајќи дека се повредени од животот.rn

    4. Тие го прескокнуваат појадокот и пијат погрешни напитоци

    rn10 навики кои може секого да го претворат во баксузrnrnЕкспертите откриле дека најпродуктивен ден имаат оние кои успеваат да ги завршат важните обврски наутро и кои може да бидат концентрирани подолго време. Тоа не е тешко да се направи. На пример, почнете со тоа што нема да го прескокнувате појадокот. Првиот оброк ќе ви обезбеди енергија и ќе ја подобри вашата меморија.rnrnУште еден совет од научниците е да пиете чаша вода со лимон, наместо утринското кафе, 30 минути пред да имате појадок. Само исцедете мало парче лимон во водата. Ова ќе ја подобри вашата концентрација и ќе ви помогне да останете фокусирани во текот на денот.rn

    5. Тие ја потценуваат важноста на емоциите

    rn10 навики кои може секого да го претворат во баксузrnrnНиската емоционална интелигенција може да предизвика неуспех, како на работа така и во вашиот личен живот. Оние кои не знаат да ги препознаат чувствата на другите, се лишуваат себеси од можноста да направат компромис и брзо да одговорат на промените. Се верува дека емоционалната интелигенција може да се развие со читање книги, сликање и гледање добри филмови.rnrnСакајте се себеси. Една неодамнешна студија покажала дека „здравата“ доза нарцисоидност им помага на луѓето да успеат. Луѓето кои се сакаат себеси искрено сакаат да бидат најдобри и веруваат дека заслужуваат признание и со ова ги поттикнуваат и оние околу нив да започнат да го споделуваат ова мислење.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn

  • Дали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?

    Дали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?

    Две Французинки смислиле револуционерна замена за обичните јајца. Овие јајца се создадени од двете професорки, биолози на Париската школа за индустриска биологија. Дали сте подготвени да ги замените кокошкините јајца со оваа опција?rnrnДали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?rnrnНо, пред да го направите тоа, се поставуваат многу прашања. Дали овие јајца се користат како и обичните? Како мирисаат? Какви се по вкус?rnrnКлучните состојки сè уште биле во фаза на создавање, но наскоро ќе бидат откриени, а истражувањето главно се фокусирало на мешункастите плодови. Но, проблемот бил во тоа како да се најде вистинската рамнотежа на состојките за да се создаде вистинска формула, според биолозите Филипин Сурлè и Шерилин Тависук.rnrnОвие јајца ќе го најдат своето место на пазарот веднаш штом тестовите ќе добијат „зелено светло“ за нивната хранливост и одржливост. Целта е овие јајца да се појават на пазарот кон средината на 2020 година.rnrnМаснотиите и протеините кои тие ги содржат се за 10% помали во однос на кокошкините јајца и тие се помалку калорични од нив, а содржат и диетални влакна. Но, нивниот вкус е поинтензивен од обичните.rnrnЗа истражувачките, од суштинско значење било да создадат јајца кои ќе реагираат на ист начин како обичните, при подготвувањето. Јајцата од кокошка се користат на толку различни начини, а тоа го отежнува процесот на нивно пресоздавање во веганска верзија.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и малите трикови на големите готвачи: Со што да ги замениме јајцата во рецептите?

  • Науката открива: Што се случува кога се бакнувате?

    Науката открива: Што се случува кога се бакнувате?

    Време е за отворен разговор на оваа тема! Пред празникот на љубовта зборуваме за бакнежите.rnrnНауката открива: Што се случува кога се бакнувате?rnrnБакнувањето е романтичен завршеток на многу приказни што ги раскажуваме, на многу филмови што ги гледаме. Тоа е страстен момент во кој двајца ја реализираат својата љубов преку акција предводена од романса. Сонуваме за нашиот прв бакнеж и се плашиме од последниот, а кога сметаме дека е лош брзо го забораваме.rnrnЗошто постои потреба да ги доближиме усните за да искажеме љубов? Дали бакнувањето е нешто што човекот го учи, или е инстинкт? И дали тоа го прават сите луѓе ширум светот?rnrnКога ги допираме усните во знак на љубов, страст, почит или поздравување, ние спроведуваме ритуал за поврзување, полн со историја. Возбудата, допирањето по лицето и поинаквото однесување е вообичаено и кај цицачите, но луѓето се единствениот вид што намерно ги допира усните – со исклучок на нашите најблиски роднини (шимпанзата), кои тоа го прават од  други причини. Кај нив бакнувањето е знак на помирување.rnrnИсражувачите на оваа тема, велат дека сè уште се дебатира за причините зошто луѓето се бакнуваат и покрај тоа што чинот на бакнување се истражува веќе неколку децении. Тие велат дека можеби станува збор за вроден, потсвесен потег кодиран во нашите гени.rnrnНауката открива: Што се случува кога се бакнувате?rnrnСпоред Шерил Киршенбаум, авторка на книгата „Наука за бакнувањето“, прекрасен пример за бакнежот како облик на однесување е неговото одржување низ вековите. Се чини дека луѓето го имаат инстинктивен нагон да се поврзат со некого, но исто така, големо влијание има и нашата култура и лични искуства.rnrnЛуѓето се бакнуваат со различна цел и со различни партнери од различни причини. Всушност, постои поделеност во однесувањето при романтично – сексуално бакнување кај модерните луѓе: според студија од 2015 година, помалку од половина од 168 култури опфатени во истражувањето ја користат оваа форма за задоволување на романтично-сексусалните нагони. Сексуалниот стил на бакнување за кој можеби ние мислиме дека е вообичаен, може да се смета за брутелен на друго место, бидејќи тие култури можеби не се бакнуваат заради сексуално задоволство.rnrnИстражувањата за физичката поврзаност и реакциите при бакнувањето откриле дека користењето на мускулите на устата ослободува окситоцин, што доведува до претпоставка дека потребата од бакнување ни е вродена. Исто така, човечките усни се преполни со нервни завршетоци и тоа ги прави барем 100-200 пати почувствителни од прстите.rnrnБакнувањето, особено со користење на јазик, доведува до подобрување на имунолошкиот систем бидејќи вклучува буквално разменување на плунка, со тоа и бактерии, со што се зголемува способноста за толеранција на лошите патогени. Според истражувачите, возбудата го намалува чувството на гадење, што е неопходно во чинот што нè става во опасност од заразување со бактерии од друго лице. Кога се разменуваат бакнежи, се зголемува и нивото на лачење на плунка, како и нивото на лачење на тестостерон. Исто така, се зголемува и нивото на ендорфин и допамин во централниот нервен систем.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn