Вашето куче е старо седум или осум месеци и одеднаш веќе не е послушно, а згора на тоа, кога ќе го повикате, пркосно ве гледа и трча во спротивната насока? Само малку сопственици не го искусиле ова, а научниците советуваат да не се вознемирувате затоа што кучето е во пубертет.rnrn
rnrnНовото истражување ги поддржува препораките на експертите да почекате да помине тој период. Според научниците, кучињата поминуваат низ многу чувствителен период на почетокот на пубертетот што ги тера да се однесуваат исто како луѓето.rnrnКученцата се врзуваат со луѓето исто како децата. Но, сопствениците честопати чувствуваат дека не успеале да ги воспитаат добро кога кученцата се во адолесценција, а кај повеќето кучиња тоа се случува кога имаат околу осум месеци.rn
Кучињата се преплавени со хормони
rnИсто како тинејџерите, чии тела се преплавени со хормони и чии мозоци претрпуваат големи промени, кучињата во адолесценцијата може да престанат да ги слушаат своите сопственици, а сопствениците реагираат на тоа на различни начини. Некои ги казнуваат кучињата, некои ги игнорираат, а некои се ослободуваат од нив.rnrnЗа да се утврди како пубертетот го менува однесувањето на кучето, еден научен тим го набљудувал растот на 70 женки од расите германски овчар, златен ретривер и лабрадор кои биле обучени како потенцијални кучиња водичи.rnrnКучињата биле оценувани според тоа колку биле приврзани или колку внимание бараат од својот сопственик, на пример со седење до сопственикот или покажувајќи чувства на силна поврзаност со одредена личност, како и знаци на вознемиреност од разделување, како што е тресењето. Ваквото однесување укажува на вознемиреност и страв.rnrnИстражувањата покажуваат дека младите девојки кои имаат нарушени односи со своите родители порано влегуваат во пубертет. Исто како кај луѓето, кучињата што имаат лоши односи со сопствениците покажуваат отстапувања во својот репродуктивен развој.rnrnКучињата во адолесценција, кои биле под стрес поради одвојување од сопствениците, не ги слушале сопствениците, но слушале други луѓе, што укажува на несигурност на таа возраст исто како кај тинејџерите.rnrnЗа да ја испитаат послушноста, научниците ги тестирале кучињата најпрво на возраст од пет месеци, а потоа кога имале осум месеци. На кучињата наизменично им биле давани наредби да седнат од страна на нивните сопственици и од странци.rnrnВо фазата пред пубертетот, сите кучиња ги слушале двете лица, но кога влегле во пубертет, многупати одбивале да го послушаат својот сопственик, но биле подготвени да го послушаат странецот. Кучињата што не биле цврсто приврзани кон својот сопственик, биле дури и повеќе подготвени да ги следат заповедите на странецот, исто како што прават тинејџерите.rnrnПубертерот кај кучињата е минлива фаза и според едно истражување спроведено на 285 кучиња водичи, кучиња во фазите пред и по адолесценција можат полесно да се обучуваат за водичи за разлика од оние што се во пубертет.rnrnНаучниците истакнуваат дека заради нивната сличност со тинејџерите, кучињата во адолесценцијата би можеле да послужат како модели во истражувањето на човечките еквиваленти.rnrnПрочитајте ги овие 8 работи што треба да ги знаат сите сопственици на кучиња.




rn




rnrnДоколку родителите постојано го фотографираат своето дете, без да го вклучат семејството или пријателите во фотографиите, детето може да развие преголема самодоверба. Бидејќи камерата е постојано свртена кон него, тоа може да помисли дека сите очи треба да се свртени кон него, во секое време. Тоа веројатно ќе почне и самото да го зема телефонот и да се фотографира. Една
rnrnДецата може да почнат да помислуваат за тоа дека нешто им недостасува, доколку нивните слики не им се допаднат на многумина. Може да бараат брендирана облека, да бидат опседнати со филтрите на камерата или да прашуваат дали се доволно убави. Ова може да биде уште полошо доколку имаат пријатели чии слики се поактуелни од нивните. Споредувањето со другите не би било здраво за самодовербата на децата, а една
rnrnРодителите кои премногу ги фотографираат своите деца забораваат да им помогнат на своите малечки да создаваат спомени и да научат како да зборуваат за своите искуства. Овие родители посветуваат помалку внимание на она што се случува во моментот. Една студија покажала дека нивните сеќавања може да бидат нарушени ако се доживуваат себеси само зад објективот, наместо да споделуваат моменти со своите деца.rn
rnrnДодека родителите имаат право да контролираат како ги воспитуваат своите деца, децата имаат право на своја приватност. Родителите често споделуваат фотографии од своите деца без нивна согласност кога децата се премногу млади. Според една студија, споделувањето фотографии е обврска кон другиот и е важен дел од идентитетот на родителите. Затоа, родителите често се во дилема дали да ја заштитат приватноста на своите деца или да ги споделат нивните приказни кои може да претставуваат проблем за нивните деца, кога тие ќе пораснат.rn
rnrn„Сајбербулингот“ или малтретирањето на врсниците преку Интернет, е многу распостранет феномен бидејќи луѓето може да се скријат зад својата анонимност. Споделувањето слики на деца може да стане предмет на дискриминација врз основа на нивниот изглед, од некој кој е од другата страна на светот.rn
rnrnКога споделуваат фотографии на Интернет, родителите не знаат дека оддаваат и чувствителни информации за своите деца, како што се нивниот датум на раѓање, пол, а понекогаш и нивното име. Крадците на идентитет се насочуваат кон малите деца, затоа што тие немаат кредитна историја. Подоцна во животот, тие би можеле да имаат проблем да добијат кредит, па дури и работа.rn
rnrnДецата почнуваат да се грижат за тоа што луѓето мислат за нив уште на 24 месечна возраст, според една студија од 2018 година. Нивната изложеност пред камерата и на социјалните мрежи може да има позитивен, но и негативен ефект врз нивното однесување. Доколку родителите коментираат на социјалните мрежи за нивниот изглед или за облеката која ја носат, тоа би можело да влијае на нивното однесување. Коментарите на другите луѓе на социјалните мрежи, исто така, може да го обликува нивното размислување и став.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека