КАФЕ ПАУЗА

Tag: истражување

  • Утринско трчање или вечерна прошетка: Кој период од денот е најдобар за вежбање?

    Утринско трчање или вечерна прошетка: Кој период од денот е најдобар за вежбање?

    Истражувањето во кое учествувале мажи со висок ризик од дијабетес тип 2 открило дека оние кои вежбале попладне го подобриле своето метаболичко здравје многу повеќе од оние кои ги правеле истите вежби порано во текот на денот.rnrnУтринско трчање или вечерна прошетка: Кој период од денот е најдобар за вежбање?rn

    Кога е најдоброто време за вежбање?

    rnНо, поголемиот дел од ова истражување било насочено кон тоа кога јадете или легнувате да спиете. Дали и како распоредот за вежбање може да влијае на метаболичкото здравје било помалку јасно, а резултатите од минатите експерименти не секогаш се согласувале. Некои сугерираат дека утринските вежби, на пример, го зголемуваат согорувањето на мастите и губењето на килограмите.rnrnОд друга страна, ова истражување открило дека мажите со дијабетес тип 2, кои попладне правеле неколкуминутни интензивни сесии, значително ја подобриле контролата на шеќерот во крвта по две недели. Ако ги правеле истите интензивни тренинзи наутро, нивото на шеќер во крвта ќе им се зголемело несоодветно.rnrnПридобивките од попладневниот тренинг значително ги надминуваат ефектите од утринското вежбање.rnrnУмереното попладневно вежбање може да има ефект врз храната што ја консумирате подоцна во вечерните часови и да го забрза метаболизмот.rnrnПо 12 недели, мажите кои вежбале попладне покажале значително подобра просечна чувствителност на инсулин за разлика од оние кои вежбале наутро, што резултирало со поголема способност за контрола на шеќерот во крвта.rnrnПрочитајте како да го приспособите вежбањето според менструалниот циклус.

  • Истражување: Колку долго ќе живеете зависи од брзината на одење

    Истражување: Колку долго ќе живеете зависи од брзината на одење

    Британските лекари ја истражуваа врската помеѓу одењето и срцевите заболувања со фатален исход.rnrnИстражување: Колку долго ќе живеете зависи од брзината на одењеrnrnЛуѓето со бавно одење умираат двојно почесто од срцеви заболувања, покажуваат резултатите од обемното истражување на британските лекари.rnrnСпецијалистите следеле 230 000 жени и 190 000 мажи на возраст од 39 до 74 години во период од шест години. Учесниците во експериментот редовно правеле тестови за физичка подготовка и за општата состојба на организмот.rnrnИсто така, тие давале извештаи за темпото со кое се движеле. Се разбира, биле земени предвид и други фактори, како што се: алкохол, цигари, хронични болести, деловен статус, етничка припадност. Но, основната работа било темпото на одење.rnrnОдење со бавно темпо и поголема телесна тежина се причините за зголемена смртност кај учесниците во истражувањето. За време на истражувањето, починале 8 598 луѓе, од кои 1 188 мажи и 466 жени починале од срцев удар. Меѓу нив имало двојно повеќе луѓе, кои обично оделе полека.rnrnОбратните резултати од истражувањето го потврдиле претходниот заклучок дека брзото одење помага да се избегне развој на срцеви заболувања.rnrnИстовремено, брзината на одење не е поврзана со ризикот од рак. Но, долгиот работен ден, повеќе од 55 часа неделно, предизвикува аритмија и го зголемува ризикот од предвремена смрт за 40% во споредба со оние кои работат 35-40 часа.rnrnПрочитајте ги овие 10 популарни митови за медицината за кои експертите велат дека се лага.

  • Непланиран, спонтан, страсен: Кој секс е најдобар?

    Непланиран, спонтан, страсен: Кој секс е најдобар?

    Како вие го замислувате добриот секс? Непланиран, спонтан или страсен? Во практиката, добриот секс не е како на филм.rnrnНепланиран, спонтан, страсен: Кој секс е најдобар?rnrnИстражувањата покажаа дека најдобриот секс е всушност оној што е планиран. Истражувањето било спроведено во Германија, а резултатите биле објавени во „Магазин за сексуални истражувања“.rnrnВо истражувањето учествувале 966 парови (претежно хетеросексуалци) кои отворено зборувале за своите сексуални активности. Покрај квалитетот на сексот, биле испитани и нивните карактеристики.rnrnКрајниот резултат на истражувањето покажа интересен резултат.rnrnИмено, луѓето кои се дисциплинирани, амбициозни и насочени кон успех се позадоволни од планираниот секс отколку од спонтаниот. Најзадоволни се жените кои се во брак со одговорен маж, кој се обидува да ја задоволи својата партнерка.rnrnИстражувањето покажало дека договорениот секс дотура масло на огнот и дозволува фантазирање што наскоро ќе стане реалност.rnrnПрочитајте како ќе изгледа водењето љубов во 2021 година.

  • Новите истражувања откриваат дали полната месечина навистина влијае на квалитетот на сонот

    Новите истражувања откриваат дали полната месечина навистина влијае на квалитетот на сонот

    Тврдењето дека полната месечина влијае на однесувањето на човекот и на квалитетот на спиењето се пренесува од колено на колено.rnrnНовите истражувања откриваат дали полната месечина навистина влијае на квалитетот на сонотrnrnОд научна гледна точка, многу години луѓето не добиле никаков материјал со кој би ги потврдиле своите тврдења, сомнежи и приказни, кои ги има многу. Месечарењето, несоницата и нарушениот квалитет на сонот се само некои од симптомите предизвикани од полна месечина. Едно ново истражување објавено во списанието „Science Advances“ покажа поврзаност помеѓу нарушениот квалитет на спиењето и полната месечина.rn

    Дали Месечината влијае на квалитетот на спиењето?

    rnД-р Хорасио де ла Иглесија од Универзитетот во Вашингтон започна научно истражување кое проучувало три различни заедници од Северна Аргентина. Нивната главна разлика е начинот на живот. Првата заедница живее урбан начин на живот, втората има ограничен пристап до електрична енергија, додека третата е целосно без електрична енергија. Научниците започнаа од хипотезата дека последните две групи ќе бидат погодени од полната месечина, додека луѓето кои припаѓаат на урбаната заедница ќе имаат мали или нема да имаат никакви нарушувања.rnrnВодечка нишка на оваа хипотеза беше употребата на месечината за осветлување поради недостатокот на електрична енергија. Според оваа хипотеза, луѓето кои живеат современ начин на живот немаат директно влијание од Месечината и според тоа, Месечината не влијае на нивниот квалитет на сон. Но, она што го покажа истражувањето ги изненади истражувачите. Со следење на квалитетот на спиењето кај сите три групи, докажано е дека полната месечина влијае подеднакво на сите луѓе, без оглед на начинот на живот, односно дали користат електрична енергија или не.rnrnЗаклучокот на ова истражување е дека Месечината навистина влијае на квалитетот на човечкиот сон, но дека причината за ова нарушување не е Месечината. Една од теориите е дека промените и гравитацијата на Месечината влијаат на Земјата и на стабилизацијата на нејзината оска на ротација, а сето тоа некако влијае на спиењето. Но, за да се најде причината за влијанието на Месечината врз луѓето, што е очигледно помалку видливо, ќе бидат потребни дополнителни истражувања.rnrnПрочитајте што може да се случи со вашето тело ако почнете да спиете без перница.

  • Зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата?

    Зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата?

    Пандемијата на коронавирусот нè принуди да го промениме начинот на живот целосно и поради сето тоа многу повеќе гледаме назад во минатото. Новиот нормален и единствен начин на живот во овие времиња остави трага кај сите, а за многу луѓе враќањето во минатото стана начин за справување со сивата и чудна сегашност. Но, според најновото истражување, тенденцијата да се враќате во минатото повеќе ви наштетува отколку што ви користи.rnrnЗошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата? rnrnИстражувањето спроведено од психолози и професори од Универзитетот во Сари открива дека носталгичното враќање во минатото може да им помогне на луѓето во одреден момент, но кога ќе се погледне поголемата слика, оваа навика може да ги натера луѓето да се чувствуваат тажни во моментите на загуба. Наместо да се споредуваат минатите убави моменти со неизвесната сегашност, истражувањето наведува дека за вашето ментално здравје е подобро да гледате кон иднината или да бидете благодарни за она што го имате во моментов.rnrnВо истражувањето, спроведено за време на првиот карантин во Велика Британија, учествувале 260 жени кои имале задача да размислуваат за позитивна слика за иднината, за носталгичното минато или за благодарноста. Потоа, учесниците требало да ги оценат сопствените (позитивни или негативни) чувства, поврзаноста со другите, нивната самодоверба и смислата на животот. Резултатите биле значително попозитивни кај оние жени кои имале задача да размислуваат за иднината отколку кај жените кои размислувале за минатото.rnrnЗаклучокот од ова истражување е дека погледот кон иднината е секогаш подобра опција, дури и во оние моменти кога е понеизвесна од кога било. Замислувајќи се себеси и светот во подобро и поубаво светло во иднина, ќе ви помогне да се справите со сегашноста која не им се допаѓа на многумина. Никој не знае што ќе се случи понатаму, но оптимистичкиот поглед на иднината и активностите што ја прават таа иднина уште подобра се добри алатки за борба против сивата сегашност.rnrnПрочитајте по колку време е безбедно да се видите со некој што имал коронавирус.

  • Дали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на таблетите за контрацепција?

    Дали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на таблетите за контрацепција?

    Лекарите долго време се сомневаа дека антибиотиците ја намалуваат ефикасноста на таблетите за контрацепција, а новото обемно истражување на британските научници обезбеди дополнителни докази за таквата претпоставка.rnrnДали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на таблетите за контрацепција?rnrnИстражувањата откриле дека постои интеракција помеѓу антибиотиците и хормоналната контрацепција, што потенцијално може да ја намали ефикасноста на таблетите за контрацепција.rnrnТоа значи дека жените кои истовремено ги користат двата вида лекови, мора да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да избегнат несакана бременост, покажува истражувањето на британските научници од Институтот за клинички науки на Универзитетот во Бирмингем.rnrnНивните откритија сугерираат дека земањето антибиотици, во споредба со земањето други видови лекови, е поврзано со зголемените шанси за непланирана бременост, дури до седум пати. Наодите се резултат на обемна анализа спроведена на повеќе од 75.000 испитаници кои употребувале антибиотици.rnrnСе смета дека жените кои истовремено користат таблети за контрацепција и антибиотици, треба да користат дополнителна контрацепција како мерка на претпазливост.rnrnИстражувачите истакнаа дека ризикот од несакана бременост варира од жена до жена, во зависност од нејзините физиолошки карактеристики и од голем број дополнителни фактори.rnrnПрочитајте зошто не треба да пиете кафе додека земате пилули за контрацепција.

  • Дали постојаната желба за изложеност на сонце е еден вид зависност?

    Дали постојаната желба за изложеност на сонце е еден вид зависност?

    Изложувањето на сонце има низа придобивки за физичкото и за менталното здравје, како што се зголемено ниво на витамин Д и на серотонин. Безброј луѓе се изложени на зависности, но не стануваат сите зависни. Ова се должи на генетската компонента на зависност. Ова големо истражување се занимава со врската помеѓу однесувањето во потрага по сонце и генетските маркери на зависност.rnrnДали постојаната желба за изложеност на сонце е еден вид зависност?rnrnСончевата светлина и нејзиниот недостаток активираат ослободување одредени хормони во мозокот. Се смета дека изложеноста на сончева светлина го зголемува нивотот на серотонинот, кој е поврзан со подобрување на расположението и на концентрацијата.rnrnОд друга страна, сончевата светлина го зголемува нивото на мелатонин, хормон кој поттикнува одмор и сон. Ако сончевата светлина не е во доволни количини, нивото на серотонин може да падне, а ниското ниво на серотонин е поврзано со зголемен ризик од сезонска депресија, порано познато како сезонско афективно нарушување.rnrnПоради зголемувањето на серотонинот (хемикалија во човечкото тело за која се покажа дека помага во намалување на депресијата и регулирање на анксиозноста), природно е подолгото изложување на сончева светлина да доведе до одредена зависност во човечкото тело.rnrnНекои луѓе се изложени на работи што создаваат зависнот (супстанции, лекови, па дури и сонце), но не стануваат сите зависни. Ова се должи на генетската компонента на зависност.rnrnОбемното истражување на Кралскиот колеџ во Лондон опфатило повеќе од 260.000 луѓе за подобро да разберат како постојаната желба за изложеност на сонце е поврзана со гените кои ги вклучуваат зависноста, карактеристиките на однесувањето и функцијата на мозокот.rnrnИстражувањето опфатило две фази. Првата фаза потврди дека генетиката игра улога во однесувањето поврзани со желбата за сонце, а втората фаза помогна да се утврди кои се генетските маркери.rnrnФаза 1: Истражувачите проучувале детални здравствени податоци за 2.500 близнаци, вклучувајќи ја и нивната желба за изложеност на сонце и нивната генетика. Еднојајчаните близнаци имале слични афинитети кон сонцето отколку двојајчаните близнаци, што сугерира дека генетиката игра улога тука.rnrnФаза 2: Тимот истражувачи идентификувале пет клучни генетски маркери одговорни за ваквото однесување од дополнителна анализа на 260.000 учесници. Некои од овие гени се поврзани со однесувањето што е карактеристично за зависноста (вклучувајќи пушење и консумирање алкохол).rn

    „Нашите резултати сугерираат дека справувањето со прекумерното изложување на сонце или користењето солариум може да биде попредизвикувачко отколку што се очекуваше бидејќи е под влијание на генетски фактори. За јавноста е важно да биде свесна за ваквите генетски предиспозиции и за потенцијалната штета од прекумерната изложеност на сонце“, вели авторот на истражувањето, д-р Марио Фалчи.

    rnПрочитајте кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето.

  • Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција

    Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција

    Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од развој на потежок облик на ковид-19, според истражувањето на британскиот „Биобанк“, регистар што го следи здравјето на испитаниците.rnrnИстражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекцијаrnrnНаучниците анализирале податоци од над 400.000 луѓе вклучени во истражувањето.rnrnОд сите испитаници, 973 од нив развиле тешка форма на ковид-19 откако биле заразени со коронавирусот, поради што морале да бидат хоспитализирани.rnrnЛуѓето што се движеле бавно имале најголем ризик да добијат ковид-19, без оглед дали се слаби или имаат вишок килограми.rnrnЛуѓето со нормална тежина кои оделе бавно – помалку од 4,8 километри на час, имале двојно поголема веројатност да развијат тежок облик на ковид-19 во споредба со лицата со нормална тежина кои оделе со брзина поголема од 6,4 километри на час.rnrnЛичностите што одат бавно честопати имаа и други здравствени нарушувања.rnrnБрзината на движењето често се користи за да се тестира физичкиот капацитет кај возрасните луѓе и да се предвидат ризиците од заболување, инвалидитет и смрт.rnrnИсто така, споредено со луѓето со нормална физичка тежина, оние со вишок килограми имале 49% поголем ризик за развој на тежок облик на ковид-19.rnrnПрочитајте зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите.

  • Што значат белите линии на пилешкото месо?

    Што значат белите линии на пилешкото месо?

    Суровите пилешки гради обично имаат бледо розова боја и се сметаат за чисто месо. Како и да е, во последно време почесто можеме да видиме пилешко месо со бели линии. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Болоња сугерира дека овие бели линии се посериозни отолку што мислиме.rnrnШто значат белите линии на пилешкото месо?rnrnРезултатите од истражувањето се објавени во списанието Italian Journal of Animal Science и откриваат дека белите линии се пронајдени во 12% од примероците. Исто така, се покажало дека пилешкото месо со бели линии содржи 224% повеќе маснотии од вообичаеното пилешко.rnrnИстражувачите претпоставуваат дека белите линии се резултат на некој нов начин на кој се одгледуваат животните со што се користи препарат кој го забрзува нивниот раст во пократок временски период. Тие исто така откриле дека денешните кокошки ја достигнуваат потребната тежина за продавање двојно побрзо отколку пред 50 години. Освен тоа, се продаваат и двојно потешки од порано.rnrnПоради големата побарувачка на пилешко месо во Западот, птиците ги хранат со додатоци кои можеби се причина за намалување на мускулите и зголемување на маснотиите во месото. Иако истражувањето покажало дека пилешкото месо со бели линии е безбедно за јадење, истражувачите се сомневаат дека ова месо содржи помалку протеини и има полош вкус од „нормалното“ пилешко.rnrnПрочитајте и која е најголемата грешка при подготовката на пилешко: ако го правите ова, месото ќе биде преполно со бактерии.

  • 33 јасни знаци дека сте остареле

    33 јасни знаци дека сте остареле

    Почнавте да им одговарате на луѓето без влакна на јазикот, бучавата ви пречи, возите побавно, а на телевизија нема ништо интересно? Можеби полека сте започнале да влегувате во „некои години“. Речиси 58% од луѓето се плашат од стареење, а најмногу се плашат од губење на памтењето, заболувања и ментално нарушување. Ова се резултатите од истражувањето спроведено од британската осигурителна компанија „Engage Mutual“ во кое биле опфатени 2.000 лица. Покрај тоа, тие биле загрижени дека ќе останат сами и нема да можат да се грижат за себе.rnrn33 јасни знаци дека сте остарелеrnrnЗа повеќето испитаници, првите знаци на стареење се губење на косата, заспивање пред ТВ-екранот и несмасно ракување со мобилните телефони, телевизори и таблети. Во продолжение прочитајте кои други знаци откриваат дека сте остареле.rnrn1. Вкочанетостrnrn2. Болка при наведнувањеrnrn3. Користење на фразата „кога бев млад, работите не функционираа на тој начин“rnrn4. Користење на фразата „во мое време“rnrn5. Губење на косатаrnrn6. Непознавање на музичките топ-листиrnrn7. Ви се појавуваат повеќе влакна на ушите и на носотrnrn8. Избегнувате кафулиња со гласна музикаrnrn9. Се жалите на болка во зглобовитеrnrn10. Го заборавате имињата на другите луѓеrnrn11. Избирате облека во која се чувствувате удобно, а не убавоrnrn12. Мислите дека сите што се на водечки позиции се премногу младиrnrn13. Спиење пред ТВ-екранотrnrn14. Задолжителна попладневна дремкаrnrn15. Не ја сфаќате младинската култураrnrn16. Невешто ракување со модерната технологијаrnrn17. Технолошка неупатеностrnrn18. Постојано приговарате и се жалите за нештоrnrn19. Носите очила со врвка околу вратотrnrn20. Не ги познавате модерните брендовиrnrn21. Избегнувате да носите тешки работиrnrn22. Постојано се жалите на телевизиската програмаrnrn23. Заборавате каде ги оставивте очилата, чантата или клучевитеrnrn24. Гледате сериозни емисииrnrn25. Бавно возењеrnrn26. Избирате тивка вечер дома наместо да излегувате во градотrnrn27. Се интересирате за антиквитетитеrnrn28. Заспивате по првата чаша виноrnrn29. Тешко ви е да се ослободите од вишокот килограмиrnrn30. Се занимавате со градинарствоrnrn31. Инвестирате во кремови против стареењеrnrn32. Уживате во решавањето загатки и крстозбориrnrn33. Имате остар јазик во секоја можност, иако тоа не е секогаш соодветноrnrnПогледнете кои 7 знаци откриваат дека вашите карактеристики можеби ги заплашуваат луѓето.