Спиењето може да влијае позитивно врз креативноста и продуктивноста, но може и да им наштети. Дали премногу или премалку спиеме може да се види од резултатите во работата. Томас Едисон и Салвадор Дали користеле техники за релаксација за кои верувале дека ја поттикнуваат креативноста.rnrn
rnrnТехниката се одвива за време на состојбата на лесен сон, односно фазата помеѓу будењето и спиењето, кога можеме да сонуваме, но во исто време и да ги слушаме звуците што допираат до нас. Притоа, важно е да не навлеземе во состојба на длабок сон. Дали и Едисон кога се обидувале да се одморат, земале лажица в рака и ја држеле на работ од креветот. Во моментот пред да заспијат, приборот би паднал на подот, па така тие би се разбудиле.rnrnГрупа истражувачи одлучиле да проверат дали техниката е навистина ефикасна. Повеќе од 100 учесници биле поделени во два тима, од кои едниот тим имал време да се одмори, а другиот не. Целта било да се открие дали луѓето биле покреативни и попродуктивни после одмор.rnrnСепак, тешко е да се измери креативноста, па така истражувачите им дале математичка задача на луѓето за која била потребна снаодливост и размислување „надвор од кутијата“ бидејќи решението се криело во прашањето. Од сите испитаници кои немале време за одмор, само 30% ја решиле задачата, додека од оние кои биле на краток одмор дури 83% успешно ја решиле задачата. Според тоа, може да се заклучи дека техниката функционира. Важно е само да не навлеземе во состојба на длабок сон затоа што во тој случај ефектот е послаб.rnrnОткако прочитавте за техниката за одмор што ја користеле Салвадор Дали и Томас Едисон, ви предлагаме да прочитате и за 5-те видови на одмор за обновување на вашата енергија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Tag: истражување
-

Техника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор Дали
-

Дали знаете кој е најскапиот град според најновите истражувања?
Минатата година Тел Авив беше петти најскап град во светот за живеење. Најновото истражување на трошоците на живот Economist Intelligence Unit покажало дека израелскиот град во моментот е најскапиот град на целата планета.rnrn
rnЗошто е толку многу скап?
rnИзвештајот за трошоците на живот опфаќа повеќе аспекти. Треба да се земе предвид фактот дека израелската валута, шекел, е многу силна па ги прави повисоки локалните цени кога тие се претвораат во американски долари. Додека просечно зголемување на цените за повеќето намирници било прилично скромно од околу 1,6 %, цените за околу една десетина од стоките нагло пораснаа. Се работи за цени на прехранбени производи, алкохол и транспорт (цените на алкохолните пијалаци во Тел Авив се на второ место на најскапите пијалаци во светот). Се смета дека пандемијата е барем делумно виновна, затоа што придонела за нарушувањето на синџирите на снабдување. Истражувањето функционира на тој начин што ги споредува цените на 200 производи и услуги вклучувајќи ги цените на храната, сметките за комуналните услуги и трошоците за транспорт, во 173 градови низ светот. Тие цени се претвораат во американски долар како централна валута, а потоа се споредуваат.rn
Кои други градови се на врвот на листата?
rnПариз и Сингапур го делат второто место, додека минатата година Париз беше на првото место. Досега генерален тренд беше развиените азиски градови и европски метрополи да го заземаат првото место, додека пак северноамериканските и кинеските градови имаат „релативно умерени цени“.rnrnЕве како изгледа листата:rnrn1. Тел Авивrn2. Париз и Сингапурrn3. Цирихrn4. Хонгконгrn5. Њујоркrn6. Женеваrn7. Копенхагенrn8. Лос Анџелесrn9. Осакаrn
Кои се најевтините градови во светот?
rnДамаск повторно го задржал своето место за најевтин град за живеење од листата со 173 градови, најмногу поради конфликтите што ја попречуваат сириската економија. Еве ја листата со најевтини градови во светот:rnrn1. Дамаск (Сирија)rn2. Триполи (Либија)rn3. Ташкент (Узбекистан)rn4. Тунис (Тунис)rn5. Алмати (Казакстан)rn6. Карачи (Пакистан)rn7. Ахмедабад (Индија)rn8. Алжир (Алжир)rn9. Буенос Аирес (Аргентина)rn10. Лусака (Замбија)rnrnОткако откривте кои се најскапи, а кои најевтини градови во светот според најновите истражувања, ви препорачуваме да прочитате и кои се најзелените градови во светот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs
-

Научниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравје
Најновите истражувања покажале дека чувството на благодарност не само што влијае врз подобрување на менталното здравје, туку и позитивно се одразува врз среќата и целокупната благосостојба. Научниците откриле дека ефектите на чувството на благодарност врз мозокот и телото се сложени, но смирувачки и мотивирачки исто така. Во продолжение прочитајте каков ефект има благодарноста врз мозокот и телото според научните анализи.rnrn
rn1. Чувството на благодарност го намалува бројот на срцеви отчукувања
rnВо едно истражување, група учесници биле замолени да кажат неколку збора за сопствената мајка како и да објаснат колку многу ја сакаат и ценат. Истражувачите откриле дека нивниот пулс за време на оваа активност значително се намалил во споредба со групата која не интервенирала. Истовремено, од друга група учесници било побарано да се фокусира на некое лошо искуство и личност што особено ги налутила. Споредувајќи ги резултатите од двете групи, истражувачите дошле до заклучок дека чувството на благодарност го регулира ритамот на срцето на начин што го подобрува менталното здравје.rn
2. Благодарноста ја зајакнува активноста на мозокот поврзана со емоциите
rnИстражувањето користело функционална магнетна резонанца за да ја набљудува активноста на мозокот за време на мирна состојба. Притоа, било забележано дека чувството на благодарност позитивно влијае врз амигдалата, делче во мозокот познато по улогата да ги процесира емоциите.rn
3. Благодарноста ја подобрува активноста на мозокот поврзана со мотивацијата
rnЗа време на истражувањето, научниците го проучиле и влијанието што чувството на благодарност го има врз мотивацијата на учесниците. Тие ја анализирале активноста на јадрото во предниот мозок за време на мирна состојба. Ова е регион од мозокот одговорен за делумна когнитивна обработка на чувствата поврзани со мотивацијата, а неговата активност може да биде доведена во прашање кај поединците со значителна депресија. Студиите покажале дека редовното практикување благодарност ја подобрува активноста на јадрото.rnrnОткако откривте какви ефекти има чувството на благодарност врз нашиот ум, ви препорачуваме да прочитате и за 3-те едноставни начини за покажување благодарност што ќе ви помогнат да ширите позитивна енергија.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Истражувачите го откриле идеалното време за тренинг во вечерните часови
На сите нам ни е добро познато дека кога сме физички активни во текот на денот, можеме полесно да заспиеме навечер. Едно ново истражување се фокусирало токму на оваа врска помеѓу квалитетот на сонот и физичкиот напор. Авторите на студијата сакале да откријат кое е најидеалното време за вежбање во вечерните часови.rnrn
rnrnИстражувањето било спроведено од страна на научници на канадскиот универзитет Конкордија. Учесниците кои биле дел од експериментите, биле претежно помлади и средовечни луѓе, а биле земени предвид нивниот начин на живот, здравствената состојба и физичката форма.rn„Сè на сè, нашата анализа покажа дека кај луѓето кои го завршуваат својот тренинг два часа пред спиење се забележува подобрување на квалитетот на сонот“, изјави водечкиот автор на студијата, Емануел Фримпонг, додавајќи: „Од друга страна, на учесниците кои одеа на спиење помалку од два часа по завршување на тренингот, им требаше повеќе време да заспијат, а и нивниот сон траеше пократко“.
rnИстражувачите откриле и дека возењето велосипед може да биде корисен вид на рекреација, бидејќи луѓето кои се занимаваат со оваа активност имаат поцврст сон. Покрај тоа, научниците откриле и дека интензивните тренинзи кои траат од 30 до 60 минути исто така можат да придонесат за добар сон. Нивниот заклучок е:rn
„Нашата препорака е доколку вежбате навечер, правете го тоа што е можно порано, за да не го намалите квалитетот на вашиот сон. Пожелно е вашиот тренинг да заврши најмалку два часа пред спиење“.
rnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кој период од денот е најдобар за вежбање.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
-

Која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиењето?
Повеќето физички активни луѓе знаат дека вежбањето ни помага полесно да заспиеме. Сепак, најновото истражување покажало дека вежбањето непосредно пред спиење може да предизвика проблеми со спиењето кај здрави возрасни лица.rnrn
rnТренинзите и проблемите со спиењето
rnСпоред истражувањето објавено во списанието Sleep Medicine Reviews, вежбањето со висок интензитет два часа (или помалку) пред спиење, може да влијае негативно врз квалитетот на спиење. Од друга страна, доколку помеѓу одморот и заспивањето има подолг временски период од два часа, тогаш можеме да спиеме „како бебиња“.rnrnИстражувачите откриле дека зголемениот пулс е една од причините зошто на учесниците им било тешко да заспијат набргу по вежбањето со висок интензитет. Тоа довело до физиолошка возбуда која траела дури и по три часа откако престанале да вежбаат.rnrnПокрај тоа, истражувачите ги навеле заморот на централниот нервен систем и промените во телесната температура како фактори што влијаат врз квалитетот на сонот по вежбањето.rnrnЗаклучокот е дека заспивањето може да се одложи поради зголемена телесна температура. Ова се случува бидејќи температурата на нашето тело мора малку да се намали за да може да настапи сонот. Спиењето може да се наруши доколку телесната температура е сè уште висока.rnrn
rnШто ако сакате да тренирате навечер?
rnСпоред истражувањето, вежбањето со висок интензитет повеќе од два часа пред заспивање може да има многу придобивки за сонот. Покрај тоа, краткиот период на акутна физичка активност со висок интензитет, за разлика од целосниот тренинг, не би имало никакви последици кај здрави, млади и средовечни лица и нема да го наруши спиењето.rnrnВрз квалитетот на спиењето може да влијае и типот на вежбите што се прават навечер: на пример, постојат поголеми шанси трчањето да предизвика замор и воспаление на мускулите отколку велосипедизмот.rnrnЗатоа, обидете се да вежбате два или повеќе часа пред спиење, без разлика дали одите во теретана или вежбате дома. Ако не можете да се организирате или едноставно сакате да тренирате пред спиење, направете го тоа брзо, и ако е можно, нека биде со помал интензитет, како што е возењето велосипед.rnrnОткако откривте за поврзаноста помеѓу вежбањето и проблемите со спиењето, ви препорачуваме да прочитате и кои се причините зошто ве боли главата по вежбањето.
-

Дали е возможно да имате премногу слободно време?
Замислете да имате можност самите да си одредите колку слободно време ќе имате во текот на денот. Колку часа би избрале? Но, запрашајте се и нешто друго: доколку навистина можете самите да си одредите колку слободно време ќе имате, дали би биле посреќни или тоа воопшто не би се одразило врз вашата благосостојба?rnrn
rnrnВо едно ново истражување, тим од експерти работел со цел да најде одговор на ова прашање. Тие ја проучувале врската помеѓу слободното време и чувството на задоволство за да откријат дали помеѓу нив постои причинско-последичен однос. Истражувачите го дефинирале слободното време како време кое се користи за разонода или за некоја друга цел што нема поврзаност со тековните обврски.rnrnТие ја провериле тезата дека количината слободно време влијае врз човечката благосостојба и тоа на два начина. Најпрвин, тие побарале од учесниците во истражувањето да опишат што работат во своето слободно време, а потоа ги запрашале колку се задоволни во животот. Истражувачите сакале да дознаат и како секој од учесниците ќе реагира ако има можност да избере колку слободно време ќе има. За таа цел од нив било побарано да замислат две сценарија: во првото тие би го искористиле даденото слободно време на продуктивен начин, а во второто не.rnrnПреку анализа на нивните одговори, истражувачите дошле до следните заклучоци:rnrn1. Недоволното слободно време (помалку од 2 часа) негативно влијае врз благосостојбата на луѓето, а зголеменото слободно време пак, ги прави луѓето среќни но само до одреден степен.rnrn2. Луѓето можат да имаат премногу слободно време. Истражувачите откриле дека слободното време кое трае повеќе од 5 часа може негативно да влијае врз нашето расположение.rnrn3. Важно е како луѓето го користат своето слободно време. Кога го поминуваат во друштво со пријатели, или со некаков продуктивен исход, не ослабнува чувството на лична сатисфакција. Од друга страна пак, ако го поминуваат слободното време без да бидат продуктивни со текот на времето ќе стануваат сè повеќе раздразливи.rnrn4. Овие резултати важат подеднакво и за слободното време во текот на работната недела и за време на викендот, како за вработените така и за невработените.rnrnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, ви препорачуваме да прочитате и за друга студија според која главната разлика меѓу богатите и сиромашните луѓе лежи во тоа како го поминуваат слободното време. -

Што е поштетно: долгото седење на работа или дома?
Истражувањето на американските научници покажа дека немаат сите форми на седење подеднакво штетно влијание врз здравјето на срцето. Тие забележале разликата помеѓу седењето додека сте на работа и работите канцелариска работа или сте на компјутер и седењето на софата покрај телевизорот.rnrn
rnrnОдамна знаеме дека седечкиот начин на живот има многу лошо влијание врз здравјето на една личност, особено врз здравјето на срцето и крвните садови. Самите научници беа изненадени кога открија дека времето што го поминувате седејќи на каучот дома и гледајќи телевизија е повеќе поврзано со зголемениот ризик од развој на срцеви заболувања отколку од седењето на работа.rn„Нашите резултати сугерираат дека начинот на кој го поминуваме слободното време по работното време е многу важен за здравјето на крвотокот“, објаснува главниот автор на истражувањето, д-р Кит Дијаз од Универзитетот „Колумбија“.
rnНаучниците ги анализирале податоците собрани во период од осум и пол години од 3 592 учесници во истражувањето. Податоците содржеле информации за тоа колку време учесниците минувале седејќи на работа и колку време минувале гледајќи телевизија во споредба со вежбањето во слободно време.rnrnДијаз и неговите колеги откриле дека сите оние кои одговориле дека минуваат четири или повеќе часови пред телевизорот секој ден, имаат 50% поголем ризик од развој на кардиоваскуларни проблеми и предвремена смрт, во споредба со лицата кои дневно седат пред телевизор два часа или помалку.rnrnДури и научниците целосно не разбираат зошто седечкиот начин на живот во слободно време е потенцијално поштетен од седењето на работа, но тие веруваат дека одговорот е во долгото непрекинато седење.rnrnПовеќето луѓе имаат навика да седат долго на софата пред телевизор и воопшто да не се движат, а камоли да стануваат. Сепак, на работа, повремено станувате од бирото. Во исто време, додека гледаат телевизија, повеќето луѓе посегнуваат по ужина, преработена и брза храна, засладени и газирани сокови и алкохол. Друго можно објаснување може да биде изборот на време за одмор и седењето во слободно време.rnrnИмено, комбинацијата на обилен оброк и потоа седењето неколку часа може да биде особено штетна. Затоа, треба да бидете активни по работното време.rn
„Ако сте навикнати да гледате телевизија повеќе од четири часа секој ден, треба да вежбате интензивно два до три пати неделно. Тоа е вкупно 150 минути“, советува Дијаз.
rnДури и ако работите работа што едноставно бара долги периоди на седење, не залегнувајте на софата по работата, туку правете понапорни вежби. Ова значително ќе го намали ризикот од развој на срцеви заболувања и предвремена смрт.rnrnПрочитајте кој период од денот е најдобар за вежбање.
-

Дали би се откажале од секс во замена за патувања?
Во едно истражување на Триваго каде што биле испитувани повеќе од 2.000 возрасни лица во САД и Велика Британија, компанијата сакала да види како луѓето планираат, сонуваат и размислуваат за патувања во 2021 година. Истражувањата покажале дека Американците се толку очајни што би биле подготвени да се откажат од некои работи што можат веднаш да го сменат правецот на живот.rnrn
rnrnОд анкетираните, 25 проценти од Американците рекле дека ќе се откажат од сите заштеди, а 48 проценти дури и ќе се откажат од работата. Некои испитаници дури биле подготвени да се откажат од своите љубовни врски, а 20 проценти рекле дека ќе ги напуштат своите партнери, додека 38 проценти изјавиле дека би се откажале од сексот една година само за да можат да патуваат. Јасно е дека патувањата играат голема улога во нашиот живот и целокупната среќа. Всушност, 84 проценти од испитаниците во САД рекле дека патувањето е клучно за добриот живот. Од нив, 56 проценти додале дека се чувствуваат возбудено кога ќе размислат за своето прво патување по пандемијата. Истражувањето открило и дека 72 проценти од испитаниците во САД планираат да патуваат повеќе од порано по завршувањето на пандемијата.rnrnПрочитајте и за ова истражување кое вели дека кучињата и луѓето стареат на ист начин. -

Што се случува со вашето тело кога спиете на ново место?
Ако некогаш сте поминале барем една ноќ во хотелска соба, кај пријател или каде било на друго место далеку од дома, веројатно знаете колку е тешко да спиете квалитетно ако не сте во вашата спална соба. Научниците спроведоа експеримент и излезе дека овој бизарен феномен има научно објаснување.rn
Научниците не знаат точно зошто треба да спиеме
rn
rnrnПред да го погледнете во експериментот, треба прво да одговориме прашањето зошто треба да спиеме. Можеби звучи изненадувачки, но научниците не знаат зошто точно животните и луѓето треба да спијат. Повеќето теории доаѓаат до заклучок дека, покрај многу други потенцијални причини, спиењето е клучно за мозочните клетки и за обновувањето на мускулите.rnrn
rnrnСепак, без оглед на причините и ефектите, спиењето е многу непријатен процес во еволутивна смисла. Мозокот се исклучува неколку часа и го остава животното без можност да препознае опасност и да се заштити. Така, некои животни, како китовите и делфините, развиле голем буден систем на спиење, кој се нарекува унихемисферичен бавен бран – процес на спиење каде што одмора само еден дел од мозокот. И луѓето имаат развиено слична способност.rnВашето тело реагира на новото место
rn
rnrnФеноменот кога се борите да заспиете или да спиете добро кога сте на ново место се нарекува ефект на првата ноќ. Овој феномен е вообичаен проблем и област на студии меѓу истражувачите. Сепак, немаше заеднички договор зошто се случува овој феномен, сè додека истражувањата спроведени од научници од Универзитетот „Браун“ не пронајдоа научно објаснети причини за ефектот на првата ноќ.rnrn
rnrnКога спиете на ново, непознато место, вашиот мозок го препознава како потенцијално опасна средина и не ви дозволува целосно да заспиете. Со други зборови, имате тешкотии во спиењето затоа што, исто како и делфините, само едната хемисфера од вашиот мозок мирува кога спиете на ново место. Јука Сасаки, еден од научниците на Универзитетот „Браун“, вели дека „нашиот мозок може да има минијатурен систем од тоа што го имаат китовите и делфините“.rnЕкспериментот ја докажа нерамнотежата на спиењето
rn
rnrnТим научници од Универзитетот „Браун“ регрутираа 35 здрави волонтери, ги поканија да поминат 2 ноќи во опремена лабораторија со растојание од една недела помеѓу ноќите и ја истражуваа нивната активност на мозокот.rnrnТие откриле асиметрија во фазите на длабоко спиењето помеѓу левиот и десниот дел од мозокот. Левата хемисфера не била во толку длабока состојба на спиење како десната. Таа била почувствителна на чудни (потенцијално опасни) звуци. Една недела подоцна, за време на втората ноќ во лабораторијата, фазите на длабоко спиење помеѓу хемисферите биле многу посиметрични.rnИстражувачите споделија како да се надмине „ефектот на првата ноќ“
rn
rnrnИако овој феномен е доста интересен, може да донесе многу проблеми за оние кои постојано го доживуваат. Недостатокот на сон може да предизвика проблеми како здебелување, висок крвен притисок или дијабетес. Сепак, научниците велат дека мозокот може да биде обучен да му одолее на ефектот на првата ноќ кога често го доживувате. Јука Сасаки го објаснува тоа на следниот начин: „Човечкиот мозок е многу флексибилен“.rnrn
rnrnИстражувачите откриле неколку практични трикови што ќе ви помогнат да го надминете ефектот на првата ноќ и да спиете добро без разлика каде ќе ја поминете ноќта. Бидејќи овој феномен е поврзан со спиењето на непознато место, вашата цел е да го направите местото да наликува на вашата спална соба.rn- rn 011
- Донесете нешто познато: перница, омилените пижами или топол пијалак што обично го пиете пред да заспиете.
- Одржувајте ја вашата рутина за спиење: обидете се да си легнете во исто време како секогаш и следете ги ритуалите што ги правите дома.
- Направете ја вашата околина колку што може попозната: на пример, обидете се да резервирате хотелска соба со иста големина на креветот како и дома.
rn 011
rn 011
rn
rnПрочитајте што може да се случи со вашето тело ако почнете да спиете без перница.
-

Истражувањата покажаа дека можете да предвидите раскинување преку начинот на кој зборуваат луѓето
Зборовите честопати се потценуваат и во многу ситуации не го разбираме влијанието на зборовите врз личноста кон која се упатени.rnrn
rnrnЗборовите што ги изговара една личност можат да откријат многу работи за таа личност. Едно неодамнешно истражување покажа дека одредени обрасци во говорот можат да посочат на раскинување со месеци однапред. Научниците кои го спровеле ова истражување проучиле повеќе од еден милион објави на социјалната мрежа Редит, објавени од 6 800 корисници кои изјавиле дека раскинале со своите партнери или дека биле оставени.rnrnАнализирајќи гo начинот на изразување во објавите, истражувачите заклучиле дека луѓето кои поминуваат низ раскинување почнуваат да го менуваат своето однесување три месеци пред самото раскинување. Индикатор за прекин на врската не се тажни песни или трогателни цитати, туку посуптилни знаци во говорот. На пример, луѓето кои ќе поминат низ раскинување за неколку месеци почесто ја користат заменката „јас“ и нивните објави стануваат многу полични.rn„Ова се јасни знаци дека некој носи одреден товар на размислување, обидувајќи се да го надмине она што го мачи, фокусирајќи се на себе“, вели водачот на истражувањето, Сара Серај.
rnЛуѓето кои се депресивни или тажни, почесто користат „јас“ во своите изјави затоа што им е тешко да се фокусираат на другите и да се поврзат со другите. Овие промени во говорот се евидентни дури и во теми што не се поврзани со љубовниот живот на лицата кои ќе доживеат раскинување за неколку месеци.rnrnИнтересен е фактот што говорот на луѓето кои раскинале се вратил во нормала во рок од шест месеци по прекинувањето на врската. Но, за некои луѓе, промената траела повеќе од една година и тие го покажале тоа преку чести прераскажувања на раскинувањето, а тоа им го отежнувало закрепнувањето.rnrnЗаклучокот на ова истражување, покрај очигледните промени во начинот на изразување и размислување на човекот, е и фактот дека постојаното повторување на она што довело до раскинување не доведува до заздравување ако личноста нема поддршка од најблиските. Исто така, голем број луѓе не се свесни за промените што укажуваат на тоа дека претстои раскинување. Затоа, ако забележите дека вашите најблиски се фокусирани на себе во говорот, помогнете им, разговарајте со нив и бидете тука за нив. Ако забележите такви промени кај себе, отворете се пред најблиските и не срамете се да ги претворите мислите во реченици со кои ќе споделите што ве мачи.rnrnПрочитајте колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска.