КАФЕ ПАУЗА

Tag: истражување

  • Колку часа сон ви се доволни за да го „преживеете“ денот?

    Колку часа сон ви се доволни за да го „преживеете“ денот?

    Сите знаеме дека седум до девет часа сон е доволно за да се чувствуваме одморени, да закрепнеме и да му дозволиме на нашиот дигестивен систем да си ја заврши работата. Но, некои тврдат дека помалку часа сон се сосема доволни за правилно функционирање на организмот.rnrnКолку часа сон ви се доволни за да го „преживеете“ денот?rnrnЕдно неодамнешно истражување открило дека пет часа сон се сосема доволни – сè помалку од тоа ве става во ризик од здравствени проблеми. Студијата објавена во списанието PLOS Medicine го следела здравјето и спиењето на околу 8.000 британски државни службеници. Така, научниците повеќе од 25 години ги мереле нивните часови на спиење и проверувале дали страдаат од хронични болести како што се дијабетес, рак и срцеви заболувања.rnrnИстражувачите откриле дека оние кои спиеле пет часа или помалку имале 30% поголеми шанси да имаат хронични здравствени проблеми до 50-тата година од животот, во споредба со оние кои спиеле седум часа.rnrnОсвен тоа, несоницата е, исто така, проблем кој е во пораст – 36% од возрасните во Обединетото Кралство изјавиле дека веќе имаат тешкотии да заспијат барем еднаш неделно, а оваа бројка се зголемува и на глобално ниво благодарение на зголемените притисоци, како што е кризата со трошоците за живот и финансискиот стрес.rnrnПремногу и премалку сон и претходно се поврзуваа со проблеми со менталното здравје и „послаби когнитивни перформанси“, а друго истражување покажало дека конзистентноста е поважна од времетраењето на спиењето. Според оваа најнова студија, пак, јасно дека минимумот кон кој треба да се стремиме секоја вечер е пет часа.rnrnОткао прочитавте за ова најново истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои навики во исхраната можат да доведат до несоница.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Експертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!

    Експертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!

    Нови истражувања покажале дека модерниот начин на живеење може да доведе до деменција, при што како главни виновници се наведуваат лошата исхрана и консумирањето нездрави пијалаци. Експертите особено ја посочуваат штетноста на газираните и зашеќерените пијалаци.rnrnЕкспертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!rn

    „Можеби за многумина деменцијата претставува нешто неизбежно, но податоците со кои располагаме ни кажуваат дека таа најчесто се појавува како резултат на нездрав начин на живот. Можеби ќе сакате да размислите два пати пред да консумирате газирани пијалаци и други слатки производи бидејќи една од главните причини за губење на меморијата е шеќерот што се наоѓа во храната и разноразните пијалаци“, предупредува нутриционистот Рори Бат.

    rnИстражувањата покажале и дека консумирањето зашеќерени пијалаци може да доведе и до зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест која е и најчестата причина за појава на деменција. Без оглед на видот на шеќерот, без разлика дали се работи за газирани пијалаци, слатки или колачи, откриено е дека оние кои консумираат најмногу шеќер имаат најголем ризик да заболат од Алцхајмерова болест.rn

    „Премногу шеќер во газираните пијалаци е поврзан со дијабетесот тип 2, еден од најголемите фактори за ризик од деменција. Освен тоа, новото истражување откри дека вишокот шеќер во гореспомнатите пијалаци може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест, а со намалување, пак, на внесот на газираните пијалаци го намалуваме ризикот од развој на деменција во подоцнежните години“, вели докторот и автор на ова истражување, Даг Браун.

    rnОткако прочитавте за најновите истражувања во поглед на деменцијата, можеби ќе сакате да прочитате и за есенцијалното масло кое ги намалува симптомите на деменција.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Кои се 10-те градови со најмногу милионери во светот?

    Кои се 10-те градови со најмногу милионери во светот?

    Најголем број милионери живеат во САД открива најновото истражување на Henley Global Citizens Report. Дури пет градови од листата на топ 10 се наоѓаат овде. Тоа се Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго и Хјустон.rnrnКои се 10-те градови со најмногу милионери во светот?rnrnТака, Њујорк е на врвот на листата со дури 345.600 поединци чие богатство се проценува на повеќе од 1 милион долари. На второ место е Токио со 304.900 милионери, а по него следува Сан Франциско со 276.400 милионери.rnrnНа листата на 10-те градови со најголем број милионери се најдоа и Лондон, Сингапур, како и кинеските градови Пекинг и Шангај:rnrn1. Њујорк, САД, 345.600 милионериrnrn2. Токио, Јапонија, 304.900 милионериrnrn3. Сан Франциско, САД, 276.400 милионериrnrn4. Лондон, Обединетото Кралство, 272.400 милионериrnrn5. Сингапур, 249.800 милионериrnrn6. Лос Анџелес, САД, 192.400 милионериrnrn7. Чикаго, САД, 160.100 милионериrnrn8. Хјустон, САД, 132.600 милионериrnrn9. Пекинг, Кина, 131.500 милионериrnrn10. Шангај, Кина, 130.300 милионериrnrnOткако прочитавте за ова најново истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најдобрите градови за живеење во овој момент.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали знаете кој е најздравиот јаткаст плод? Еве што велат научниците!

    Дали знаете кој е најздравиот јаткаст плод? Еве што велат научниците!

    Ако сте во потрага по здрава ужина, тогаш јаткастите плодови се вашиот совршен избор. Тие се богати со здрави масти и се препорачуваат доколку сакате здрава закуска. Сепак, најздравиот од нив, особено доколку сакате да го одржите здравјето во средните и доцните години, е оревот.rnrnДали знаете кој е најздравиот јаткасти плод? Еве што велат научниците!rnrnОва го откриле истражувачите од Универзитетот во Минесота во чие истражување биле вклучени 3023 испитаници, на возраст од 18 до 30 години и кое траело околу 20 години. Истражувачите откриле дека оние кои редовно консумирале ореви биле помалку изложувани на срцеви заболувања за разлика од другите испитаници. Тие, исто така, биле физички поактивни и се хранеле поздраво од другите.rnrnТака, научниците дошле до заклучок дека консумирањето јаткасти плодови само по себе претставува поттик за здрава исхрана и здрави навики во животот. Доколку се здобиеме со здрави навики од најрана возраст, голема е веројатноста дека ќе продолжиме да ги практикуваме како што ќе старееме. Со други зборови, доколку сме навикнати да консумираме ореви за ужина, најверојатно оваа навика ќе продолжи како што ќе старееме, особено во период кога ќе имаме корист од нивните хранливи состојки.rnrnОревите содржат омега-3 масни киселини кои имаат антиинфламаторно дејство и ја подобруваат работата на срцето. Згора на тоа, тие содржат и влакна кои го урамнотежуваат нивото на шеќерот во крвта.rnrnДоколку сакате да се уверите во овие придобивки, ви препорачуваме да започнете со јадење по неколку ореви на ден. Можете да ги комбинирате со сува брусница и житарки или да ги јадете без други додатоци. Во секој случај, нивните здравствени придобивки нема да изостанат.rnrnОткако прочитавте за најздравиот јаткасти плод, можеби ќе сакате да прочитате и какви се последиците од прекумерното консумирање јаткасти плодови.rnrnИзвор: eatthis.com

  • Потценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во животот

    Потценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во животот

    Иако ќе се согласите дека за вкусовите не се дискутира, сепак нема ништо лошо во коментирањето за нечиј вкус. Така, можеби на вашата листа на дестинации има градови кои сакате да ги посетите, а кои другите сметаат дека не вредат да бидат посетени? Компанијата Bounce, специјализирана за складирање багаж, спровела истражување во поглед на тоа кои градови се преценети, а кои потценети.rnrnПотценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во живототrnrnИстражувањето зело предвид два параметра – бројот на знаменитости и атракции во еден град и бројот на посетители.rnrnВо пракса тоа изгледа вака: доколку еден град има голем број знаменитости, а не е популарна туристичка дестинација, тогаш се смета за потценет. Така, грчкиот остров Родос го зазеде првото место благодарение на многубројните знаменитости кои се дел од УНЕСКО како и прекрасно зачуваниот стар град. Сепак, иако островот е богат со историја и идеална клима, истражувањето покажало дека туристите и не обраќаат толку внимание на тоа.rnrnВеднаш по Родос следуваат Маракеш и Порто. Вториот по големина град во Португалија иако во последните години доживеа значителен туристички бум, сепак годишно го посетуваат само 2,5 милиони луѓе. На списокот следуваат Хераклион (главен град на округот Хераклион како дел од островот Крит) и Рио де Жанеиро.rnrnКога станува збор за листата со прескапи, но и преценети градови на прво место е Париз по кој следуваат Њујорк, Лондон, Истанбул и Милано. Сите овие градови годишно се посетувани од милиони туристи.rnrnВо секој случај, доколку сакате да патувате, а притоа да не мора да се справувате со гужви, знаете каде можете да отидете. Од друга страна, нека не ве плаши ниту листата со петте најскапи туристички градови бидејќи вредат да бидат посетени.rnrnОткако ги прочитавте резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Траги од инсекти пронајдени во ќесички чај

    Траги од инсекти пронајдени во ќесички чај

    Познато е дека живите организми оставаат многу „траги“ зад себе вклучувајќи секрет, измет како и мртви ткива – сите содржат траги на ДНК. Така, не треба да нè чуди фактот дека безброј инсекти почнувајќи од бубачки па сè до пајаци оставаат многубројни траги дури и на листовите чај.rnrnТраги од инсекти пронајдени во ќесички чајrnrnНаучниците откриле траги дури од 1.200 различни видови безрбетници во само 40 примероци од сушен чај и билки.rn

    „Она што навистина ме изненади беше огромната разновидност на инсекти“, вели научникот Хенрик Крехенвинкел од Универзитетот во Трир.rnrn„Во една ќесичка чај откривме траги дури од 400 видови инсекти“, вели тој.

    rnВо текот на истражувањето, научниците откриле траги од дури 3.264 видови безрбетници во примероци од чаеви и билки низ продавниците во Германија, вклучувајќи тревопасни животни и паразити од целиот свет.rnrnТака, биле пронајдени траги од ДНК од пајаци, лебарки, вошки, пеперутки, муви, богомолки и многу други инсекти.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и совети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусни.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Зошто на луѓето им се допаѓа озборувањето?

    Зошто на луѓето им се допаѓа озборувањето?

    Озборувањето е составен дел од човековото однесување и тоа е нешто што го искусил секој еден од нас. Но, прашањето е зошто луѓето озборуваат?rnrnЗошто на луѓето им се допаѓа озборувањето? rnrnФакт е дека луѓето сакаат да озборуваат. Озборувањето е всушност споделување информации за лице кое не е присутно во дадениот момент. Тоа се поистоветува најчесто со тенденцијата на фокусирање на негативните аспекти на личноста.rnrnКај некои луѓе главната цел за озборување е одмаздата. Доколку не сакаме одредена личност вообичаено бараме други луѓе кои ги споделуваат со нас истите чувства во однос на таа личност. Во овој случај самата причина дека личноста не ни се допаѓа се чини дека е доволна за да го оправда озборувањето.rnrnДруга причина поради која луѓето сакаат да озборуваат е чувството на моќ. Со други зборови, преку озборувањето луѓето добиваат впечаток дека поседуваат тајни информации за другите.rnrnОзборувањето е процес кој се случува речиси несвесно и има за цел да ја разбие монотонијата на секојдневието. Во денешно време, социјалните медиуми се „идеална“ платформа за озборување. Сепак, токму овој тип озборување има тенденција да направи повеќе штета бидејќи може да допре до поширока публика и да остане видливо подолго време.rnrnСпоред одредени истражувања, кај луѓето кои слушнале позитивни или негативни озборувања за себе, се појавила зголемена активност во префронталниот кортекс на мозокот. Се работи за дел од мозокот одговорен за однесувањето на поединецот со другите. Резултатот бил дека луѓето сакале да се вклопат во заедницата со другите, но и да добиваат позитивни коментари за себе. Така, тие биле среќни кога слушнале позитивни зборови, но вознемирени кога слушнале негативни озборувања за себе.rnrnОткако прочитавте зошто луѓето сакаат да озборуваат, можеби ќе сакате да прочитате и за зачудувачките придобивки од озборувањето.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Дали траумата може да предизвика губење на меморијата?

    Дали траумата може да предизвика губење на меморијата?

    Губењето на меморијата може да биде непријатно, а понекогаш и застрашувачко искуство, особено доколку е предизвикано од траума. Истражувањата покажале дека постои врска помеѓу емоционалната, психолошката или физичката траума и меморијата. Еве за што конкретно станува збор.rnrnДали траумата може да предизвика губење на меморијата?rn

    Физичка траума и губење меморија

    rnСтанува збор за тешки повреди или физичка траума на телото што може да предизвика посттрауматско стресно нарушување кај некои луѓе. Тоа, пак, од друга страна, може да доведе до привремено губење на меморијата. Во тој случај губењето меморија претставува еден вид одбранбен механизам на пациентот се со цел полесно да се справи со трауматското искуство. Времетраењето на оваа фаза зависи од сериозноста на повредата.rn

    Мозочна траума и губење меморија

    rnСекоја форма на траума може да предизвика стрес кај поединците кој во некои случаи трае пократко, а во некои случаи подолго. Овој тип на траума е најчесто предизвикан од повреди на главата, па така стресот може да има негативно влијание врз различни области како хипокампусот, амигдалата и префронталниот кортекс. Овие области на мозокот се поврзани со когнитивната функција и меморијата.rn

    Психолошка траума и губење меморија

    rnПсихолошката траума може исто така да влијае на меморијата. Повторно станува збор за еден вид одбранбен механизам на телото како заштита од негативните последици. Искуствата со насилство за време на детството, сексуалната злоупотреба и други психолошко-трауматски настани можат да доведат со дисоцијативна амнезија која им помага на децата да се справат полесно при што им дозволува привремено да заборават детали од настанот. Дисоцијативна амнезија е состојба при која човекот не може да се сети на важни настани или детали за својот живот.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста помеѓу траумата и меморијата, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те едноставни навики за подобрување на меморијата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Експертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години!

    Експертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години!

    Дали понекогаш сте размислувале за фактот дека нашите мисли можат да влијаат врз начинот на кој старееме? Според експертите, позитивните мисли можат дури и да го продолжат нашиот живот за неколку години. Еве за што станува збор.rnrnЕкспертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години!rnrnИмено, на сите нам ни е добро познато дека Јапонија е земјата во светот со најголемиот просечен животен век. Според едно истражување, старото население во Јапонија радосно ја дочекува староста наместо да се плаши од неа (типично за САД, но и за многу други делови во светот).rnrnБило откриено дека позитивните мисли значително влијаат врз квалитетот на животот, но и животниот век. Така, оние испитаници кои имале позитивни гледишта за својата старост живееле околу 7,5 години повеќе за разлика од оние со негативни гледишта. Во интервјуто биле вклучени и „суперстогодишници“ од Јапонија (луѓе постари од 100 години), како и најстарата жена во светот, Кане Танака, која на 19 април 2022 година почина на 117-годишна возраст.rnrnСпоред научниците, некои од аспектите на стареењето кои се причина за неговата негативна конотација се всушност негативните стереотипи како, на пример, когнитивното опаѓање. Експертите тврдат дека некои видови меморија, но и способноста за решавање конфликти стануваат подобри како што старееме.rnrnДруг факт е зголемувањето на мотивацијата да се помогне во општеството која е поизразена кај постарите луѓе.rnrnВо секој случај, врската меѓу умот и телото може значително да влијае врз долговечноста, но да не ја заборавиме и улогата на исхраната и физичката активност.rnrnОткако прочитавте за ова необично истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 нешта можете да ги правите за да го одржите мозокот здрав до длабока старост.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • Истражувачите открија која е тајната на долгите трепки!

    Истражувачите открија која е тајната на долгите трепки!

    Ви се верува или не, неодамнешни истражувања покажале дека должината на трепките влијае на тоа дали спротивниот пол ве доживува како потенцијален партнер или не.rnrnИстражувачите открија која е тајната на долгите трепки!rnrnДали некогаш сте биле сведок на ситуација кога повеќемина се обидувале да го привлечат вниманието на една иста личност – иако никој од нив не бил романтично заинтересиран за неа? Според научниците, понекогаш, овој интерес се должи токму на должината на трепките.rn

    Како вештачките трепки влијаат врз привлечноста?

    rnЕјми Адам во „Убавината е во очите на набљудувачот“ (2021) го истражувала влијанието на трепките врз привлечноста. Таа открила дека некои аспекти на физичката привлечност се поврзани со културата и времето во кое живееме, а други, пак, служат како показател за здравјето, младоста и плодноста.rnrnИсто како и косата, така и трепките се менуваат со текот на времето и можат да послужат како знак за плодност, при изборот на партнер. Во текот на истражувањето, Адам ја анализирала должината на трепките и кај мажите и кај жените. Таа открила дека жените (но не и мажите) со подолги трепки се сметаат за поженствени, попривлечни и поздрави.rnrnШто се однесува до возраста, таа открила дека постарите жени имаат повеќе корист од долгите трепки отколку помладите, но исто така забележала и дека преку должината може да ја процениме возраста на една жена.rn

    Лична трансформација

    rnНејзиното истражување покажало и дека машките испитаници за попривлечни ги избирале жените чии трепки се подолги. Ова оди во прилог на практиката за истакнување на трепките која се практикува повеќе од 4.000 години, почнувајќи од древниот Египет. Во средновековниот период, пак, се сметале за знак на прекумерна сексуалност, па жените ги отстранувале од нивните лица.rnrnИстражувањето сугерира дека подолгите трепки се „надворешен знак на здравје и женственост и затоа можат да се толкуваат и како знак на плодност“, а не само како „произволен избор на поединецот“.rnrnСпоред Адам, трепките се само една од карактеристиките што може да влијаат врз нашата перцепција за возраста и привлечноста. Таа смета дека другите надворешни знаци како што се косата (боја, должина и сл.) и брчките, имаат поголемо влијание врз перцепцијата на знаците на старост. Додава дека без овие надворешни знаци, должината на трепките не може да влијае врз нашата перцепција за возраста, особено кај постарите жени.rn

    Трепките не се најзначајниот фактор

    rnСпоред ова истражување, трепките можат да влијаат и врз социјалната интеракција, но таквите наоди треба да се анализираат во зависност од контекстот. На пример, во слично истражување од 2019 година, истражувачите ги елиминирале другите важни фактори кои влијаат врз изгледот како бојата на косата, должината и стилот.rnrnДошле до заклучок дека помладите жени изгледаат постаро со шминка, а додека повозрасните жени можат да изгледаат помладо благодарение на шминката. Но, за да се добие целосна слика, потребно е сите елементи да се истражат докрај.rnrnМожеби долгите трепки се привлечни, но не заборавајте и дека добрината, сочувството и харизмата се особини кои влијаат на привлечноста, без оглед на должината на трепките.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и 7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно денес.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs