Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во светот, со оглед на фактот дека секојдневно се консумираат над две милијарди шолји од овој пијалак. Не е тајна дека луѓето пијат кафе и поради неговиот вкус и поради ефектите што наводно ги има врз телото.rnrn
rnrnЕфектите на кафето врз продуктивноста се добро познати и добро документирани, а многумина го нарекуваат „дрога на капитализмот“, благодарение на неговата незаменлива моќ да ни помогне да ги завршиме работите – толку многу што во 1950-тите, паузата за кафе била дел од американскиот закон благодарение на неговата способност да „придонесува за поголема ефикасност и да доведе до подобри деловни перформанси“. Ова се случило откако било откриено дека работниците во фабрика за вратоврски можат да завршат исто толку работа за шест часа колку што работеле претходно за осум, под услов да имаат по две паузи за кафе на ден.rnrnМеѓутоа, според новото истражување на Универзитетот во Њукасл во Австралија идејата дека кафето ви „дава“ дополнителна енергија е всушност лага – всушност, тоа само „краде енергија“ од остатокот од денот и создава долгорочен замор. Како го знаеме тоа? Сè се сведува на соединението наречено аденозин.rn
Што е аденозин?
rnАденозинот помага да се регулира циклусот сон-будење. Како што се будите и почнувате со работа во текот на денот, нивото на аденозин се зголемува бидејќи тоа е нуспроизвод од употребата на енергија во вашите клетки. Кога ова соединение се врзува за рецепторите, му дава знак на вашето тело да ја троши енергијата побавно, што прави да се чувствувате уморни. Кога одите на спиење, потрошувачката на енергија се намалува, нивото на аденозин се намалува и се будите освежени.rnrnТука влегува во игра кофеинот. Можеби сè уште се чувствувате малку поспано кога ќе се разбудите (недостатокот на сон и стресот се виновни) па затоа земате шолја кафе. Кофеинот во вашето кафе е сличен по форма на соединението аденозин, па се врзува за истите рецептори, блокирајќи ги неговите ефекти и правејќи да се чувствувате помалку уморни.rnrnСепак, аденозинот што кофеинот го блокира не исчезнува. На крајот, кофеинот се разложува и целиот акумулиран аденозин се врзува за рецепторите што ги барал. Затоа, кофеинот всушност никогаш не ви дава дополнителна енергија туку само ви купува време пред да ве достигне заморот.rnrnЗа да имате корист од кафето и покрај овие негативни ефекти, барем кога станува збор за вашата продуктивност, треба да го консумирате во вистинско време.rn
Пијте кафе подоцна во текот на денот
rnКортизолот е хормонот на стрес кој прави да се чувствувате будни. Овој хормон е присутен во најголеми количини кога ќе се разбудите. Така, можеби нема да ви треба кафе наутро.rnrnПокрај тоа, колку помалку аденозин има во вашето тело, толку помалку ќе се чувствувате уморни и помалку кофеин ќе може да го блокира аденозинот. Значи, има смисла да пиете кафе подоцна во текот на денот кога веќе се чувствувате повеќе уморни; во тој случај, кофеинот ќе може полесно да го надомести недостатокот на енергија.rnrnСекако, не треба да пиете кафе доцна бидејќи тоа ќе ви го наруши сонот, а без добар сон можете да заборавите на продуктивноста, будноста, фокусираноста и другите позитивни ефекти на кафето.rnrnОткако прочитавте за влијанието на утринското кафе врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и дали кафето може да ја подобри меморијата.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs


rnrnСкулптурата била откриена на 21 февруари од научници од три чилеански универзитети кои работеле на проект за обнова на областа по пожарот во октомври 2022 година.rn
rn
rnrnБидејќи епигеномот полесно се менува од самата ДНК, ова откритие ја зголемува можноста дека телото во иднина некако ќе може да се „ресетира“ за да се бори против болести како што се Алцхајмерова болест, дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак.rnrnВеб-сајтот 
rnrnНа листата на 15 најбогати земји во светот се наоѓаат дури десет европски земји, а покрај Сингапур и САД, има и земји богати со нафта на Блискиот Исток.rnrnРангирањето на најбогатите земји во светот е направено врз основа на БДП според паритетот на куповната моќ по глава на жител (ППП). БДП, бруто домашен производ, ја покажува вредноста на финалните добра и услуги произведени во одредена земја во една година.rn
rnrnКрвните групи ја опишуваат богатата разновидност на хемикалии прикажани на површината на нашите црвени крвни зрнца. Меѓу најпознатите се А и Б, кои можат да бидат присутни заедно како АБ и 0. Дури и во овие главни крвни групи, постојат суптилни варијации кои произлегуваат од мутациите во одговорните гени.rnrnОва истражување покажало и јасна врска помеѓу генот на подгрупата А1 и раниот мозочен удар.rnrnИстражувачите собрале податоци од 48 генетски студии, кои опфатиле приближно 17.000 луѓе кои имале мозочен удар и речиси 600.000 луѓе од контролната група која немала мозочен удар. Сите учесници биле на возраст од 18 до 59 години.rnrnИстражувањето покажало дека луѓето со крвна група А имале 16 проценти поголеми шанси да доживеат мозочен удар пред возраст од 60 години, во споредба со испитаниците со другите крвни групи.rnЗа оние од групата О1, ризикот бил за 12 проценти помал.rn
rnrnИстражувањето опфатило 5.000 вработени возрасни лица и открило дека луѓето генерално можат да „издржат“ минимум една година на новото работно место, а во просек 18 месеци, пред да почнат да размислуваат за промена.rnrnСе чини дека главните причини за тоа се чувството на вработените дека не се доволно ценети на работа и фрустрацијата од повисокото раководство на компанијата.rnrnТоа не звучи оптимистички, но статистиката покажала дека оние кои се префрлаат на ново работно место се генерално задоволни и дека само 3% проценти зажалиле за таквата одлука.rn
rnrnИмено, постојат многу истражувања според кои неколку часовното седење како она во канцелариски услови, претставува опасност по здравјето, дури и за оние кои редовно вежбаат.rnrnИстражувачите откриле дека 5 минути пешачење на секои 30 минути може значително да ги намали и шеќерот и крвниот притисок. Освен тоа, ова не само што може да го намали заморот туку може и да го подобри расположението.rnrnСпоред оваа студија, дури и малите подобрувања во физичката активност може да имаат влијание врз шеќерот во крвта и крвниот притисок. Станува збор за 40 минути физичка активност во текот на осумчасовниот работен ден, сосема доволно за да започнете со поздрав начин на живот.rnrnОпштопознато е дека стоењето и одењето го зголемуваат протокот на крв, особено во нозете. Исто така, помагаат во метаболизмот на шеќерот и мастите.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnМеѓу другото, ново истражување покажало дека зелената медитеранска исхрана може да биде ефикасна и во намалувањето на висцералните масти.rnrnСтудијата опфатила 294 учесници кои учествувале во 18-месечно тестирање при што кај дел од нив била застапена зелената медитеранска исхрана. Главната разлика помеѓу типичната медитеранска исхрана и зелената медитеранска диета е тоа што зелената верзија се фокусира повеќе на полифеноли со зелени растителни протеини и вклучува помалку црвено или преработено месо.rnrnПолифенолите се растителни соединенија кои можат да го намалат ризикот од дијабетес тип 2, некои видови на рак и срцеви заболувања, а се наоѓаат во темното чоколадо, бобинките, црвеното вино и чајот.rnrnИстражувачите ги поделиле учесниците во три групи: една група следела стандардна медитеранска исхрана, друга група користела зелена медитеранска диета, а третата група строго се придржувала до упатствата за здрава исхрана.rnrnИсходот од истражувањето покажал дека здравата исхрана може да ги намали висцералните масти за 4,2%, додека медитеранската исхрана ги намалува за 6%. Во исто време, зелената медитеранска исхрана може да ги намали висцералните масти за 14,1%. Сепак, според научниците потребни се повеќе истражувања за да се утврди дека зелената медитеранска исхрана значително може да го намали нивото на висцерални масти во организмот.rnrnЗелената медитеранска исхрана вклучува растителна храна како овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки. Покрај тоа, акцентот е ставен на рибата, со умерена количина на живина, сирење и јогурт, а маслиновото масло е главниот извор на додадени масти.rnrnОткако прочитавте за најновото истражување, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnПаритет на куповна моќ е начин на мерење на цените во различни земји врз основа на иста количина на стоки и услуги што може да се купат, односно претставува теорија на долгорочна рамнотежа во девизниот курс на одредена земја.rnrnМакроекономските аналитичари и економисти вообичаено ја користат вредноста на ПКМ за одредување на животниот стандард и просперитетот на одреден град или земја.rnrnНа првото место на рангирањето на најбогатите градови во светот во 2022 година е Њујорк со ПКМ од 2422 милијарди американски долари. Следува Токио со 2205 милијарди американски долари, додека на третото место се наоѓа Лос Анџелес.rn