Глобално затоплување не е лесно да се визуелизира. Ако вашата средина не е директно загрозена од покачувањето на нивото на морето, недостигот на вода или шумски пожари, како знаете дека тоа навистина се случува? Сето ова може да изгледа малку апстрактно. Затоа проекти како Climate centar се толку важни. Станува збор за веб-страница со мапи кои покажуваат кои делови од светот би можеле да биде загрозени од покачувањето на нивото на морето, а според податоците од тој сајт, ова се некои од градовите кои би можеле да бидат под вода до 2030 година!rnrn
rn
Амстердам, Холандија
rnАмстердам, Ротердам и Хаг се наоѓаат блиску до Северното Море. Холанѓаните се познати по својата одбрана од поплави, а со оглед на покачувањето на нивото на морето во последните години, се чини дека системот на насипи, брани и бариери ќе се развива уште повеќе во годините што доаѓаат.rn
Басра, Ирак
rnГлавниот ирачки пристанишен град Басра лежи на Шат ал-Араб, огромна и широка река која се влева во Персискиот Залив. Поради сложената мрежа на канали и потоци, како и соседните мочуришта, Басра и нејзините околни области се особено ранливи кога станува збор за пораст на нивото на морето.rn
Венеција, Италија
rnВо многу блиска иднина, Венеција се соочува со двојна закана: нивото на морето се зголемува, а самиот град тоне – по два милиметри секоја година. Освен тоа, климатските промени веројатно ќе ја зголемат фреквенцијата на плимата и осеката што би можеле да го потопат градот. Градот воспостави систем за одбрана од поплави, но како што кризата се влошува, тие ќе бидат потешки и поскапи за одржување.rn
Њу Орлеанс, Сад
rnЊу Орлеанс има развиен систем со насипи што го штитат од езерото Маурепас на север и од Салвадорското Езеро и Малото Езеро на југ. Без таа одбрана, Њу Орлеанс би бил сериозно загрозен од покачувањето на нивото на морето, но и со нив штетата изгледа потенцијално катастрофална.rn
Бангкок, Тајланд
rnИстражување од 2020 година покажало дека Бангкок може да биде градот што е најлошо погоден од глобалното затоплување. Главниот град на Тајланд е на само 1,5 метар надморска височина и, како Венеција, тоне (само многу, многу побрзо – околу два до три сантиметри годишно). Меѓу другото, Бангкок е изграден на многу густа глинена почва, што го прави уште поподложен на поплави.rn
Нагоја, Јапонија
rnОд Чиба до Осака, дел од крајбрежните јапонски градови се особено ранливи на порастот на нивото на морето – особено за време на сезоната на тајфуни (обично од мај до октомври). Повеќето се добро опремени да се справат со вакви работи, но индустриското пристаниште Нагоја – четвртиот по големина град во Јапонија, би можел да има големи проблеми бидејќи западните делови на градот би можеле да се најдат под високата плима.rn
Мале, Малдиви
rnПопуларна туристичка дестинација во Индискиот Океан, Малдивите веќе некое време се соочуват со заканата од покачување на нивото на морето и дури почнаа да градат пловечки град. Како што сега стојат работите, главниот град на Малдивите, Мале, не е толку загрозен, но околните острови од еродромот до голем дел од островот Хулхумала, зголемената плима би можела да биде сериозен проблем.rnrnОткако прочитавте кои градови би можеле да завршат под вода до 2030 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те модерни градови кои живеат во хармонија со природата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr