Дали сте на вистинскиот животен пат? Се движите ли во вистинската насока? Таквите знаци можат да бидат конфузни. Неретко нема да им обрнеме доволно внимание бидејќи сме зафатени со пронаоѓањето на самите себе и нема да успееме да забележиме дека сме или не сме на правиот пат до успех.rnrnОва се 5 знаци кои ви покажуваат дека сте на вистинскиот пат, дека професијата, хобито или факултетот што сте го одбрале е она вистинското за вас. А доколку не е така, секогаш може да ги промените работите кон подобро.rnrn
rn
Вашата интуиција ви испраќа позитивни сигнали
rnНајчесто вистинскиот пат не е полн со знаци и светкави патокази кои ве уверуваат дека сте одбрале правилна насока. Тоа е чувство дека го правите она што сакате да го правите, затоа верувајте ѝ на вашата интуиција.rnrnШестото сетило не е нешто што го измислувате, туку знаци кои не ги воочува веднаш вашиот свесен разум. Не би било правилно за сè во животот да се потпреме на интуицијата, но некогаш е навистина правилен водич.rnrnДоколку постои нешто што длабоко во вас ве уверува дека сте на вистинскиот пат, тогаш послушајте го вашиот инстинкт.rn
Се смеете почесто
rnСекако, да си среќен не значи дека ќе цвета сè околу тебе од утро до мрак, но кога би ги ставиле на замислено мерило лошите и добрите моменти, добрите треба да тежат повеќе. Тоа што имате лош ден или лош период не значи дека сте несреќни, тоа се промени во животот. Но ако веќе подолго време не сте среќни, чувствувате дека не напредувате, дека работните обврски ве загушуваат, тогаш или пробајте да се фокусирате на позитивните нешта или соберете храброст за голема промена во животот.rnrn
rn
Чувство на исполнетост
rnСекој сака да биде исполнет во секој аспект од неговиот живот. Но доколку не сте на вистинскиот пат може залудно да вложувате енергија без да се чувствувате исполнети.rnrnЗа многумина чувство на исполнетост е зафатеноста, изработката на важен проект, начин на образование кое ви дозволува навистина да се надградите себеси на поле од животот за кое имате талент, или работа со која допирате до многумина и им ги менувате животите на подобро.rnrnДали кога одите на спиење може да наброите макар неколку нови работи кои сте ги научиле во текот на денот? Што променивте денес, какво ново искуство стекнавте, кого запознавте?rn
Работите примарно заради задоволство, а не за пари
rnНекој рекол дека доколку ја одбереш професијата која ја сакаш нема да поминеш ни еден ден од животот работејќи. Ја сакате вашата работа? Би ја работеле и кога би добивале помалку пари? Се будите наутро со нетрпение да заминете на работното место и се трудите да бидете исклучително добри? Дали она што го работите е забележано и се цени? Да, парите се важни, но страста е сè во животот.rnrnДури и доколку не можете веднаш да дадете отказ од работното место кое не ви одговара, тогаш најдете начин да стигнете поблиску до вашата работа од соништата. Запишете се на курс со кој ќе ги стекнете потребните знаења и насочете се кон она што сакате да го работите.rnrn
rn
Чувствувате дека сте сè поблиску до вашата цел
rnДоколку ви е тешко да го откриете ова, тогаш само запрашајте се дали сте поблиску до вашата цел од пред една недела или еден месец? Дали гледате и чувствувате дека напредувате? Се движите кон вашата цел или чувствувате дека лутате губејќи си го времето?rnrnАко одговорот е негативен, тогаш запрашајте се дали можете да почнете одново, што може да направите за да ја подобрите својата ситуација, што е тоа што ве задржува назад и не ви дозволува да напредувате?rnrnЧесто вашите блиски можат најмногу да ви помогнат кога станува збор за одбирање на правиот животен пат. Некогаш самите вие нема да може да гледате објективно на работите. Затоа побарајте совет од некој кој ви е близок и добро ве познава. Но секогаш крајните одлуки донесувајте ги со ладна глава, самите одлучувајќи што е најдобро за вас.


Верувате ли дека постои само една личност која е ваша сродна душа и сè што треба да направите е да ја пронајдете, па можете цел живот да си спиете на левото уво знаејќи дека сè ќе биде во ред бидејќи сте повторно целосни? Верувате ли дека од кога ќе ја пронајдете вашата сродна половина цел живот ќе бидете среќни и исполнети? Дека токму во овој момент, некој некаде си шетка и размислува за својата сродна душа која по некоја случајност сте вие? Дали е сè толку поврзано?rnrnПа и Адам и Ева биле создадени во пар, а кога дедо Ное си ја градел арката, нели ставал од секој вид по еден пар за да го продолжат својот род? А и бајките никогаш не завршуваат „…и така принцезата среќно си живееше, купувајќи си чевли до крајот на својот живот без да кине нерви со маж“.rnrnНо, во денешно време 20-годишни риби завршуваат со 40-годишни типови со пивски стомаци, и тие по некоја логика би биле сродни души? Баш би сакала Платон да ми објасни, кога тие биле споени па разделени, за на крај да треба да се пронајдат?rnrnКолку ни се потребни сродните души? Дали тоа нè прави премногу зависни од некое друго суштество кое би требало да нè исполнува и да нè прави среќни? Така секогаш ќе си наоѓаме оправдување за пропаѓањето на нашите претходни врски и романси – не било пишано… Но, дали станува збор за сродна душа – некој кој ти е суден тебе, или сè е во тајмингот? Извини се разминавме, а можеше да ми бидеш сродна душа. Некогаш таман кога ќе помислите дека сте ја нашле совршената личност за вас испаѓа дека ни „с“ од сродни души сте немале.rnrnНа филмовите е лесно, сродните души на крај се секогаш заедно. Доаѓа типот на улица пред куќата на девојката, со цвеќе во рака, обично одбира дождлив ден… и уште повпечатлива е сцената ако си ја изгубил маицата некаде по пат. Па така кутриот е полугол и подготвен на што и да е, само за таа да биде со него.rnrnОк, назад во реалниот свет. Некогаш и со сопствените браќа и сестри не се согласуваме и сме толку различни, а сме дошле, што се вика, од исто место, не пак со некој роден од сосема друга мајка. Животот е далеку од идеален. Нели љубовта е за компромис и флексибилност, прифаќање на разликите и живеење со туѓите маани, а не сè да се поклопува и да си доаѓа на место како со магија?rnrnНе е како во Пепелашка, кога добрата вила дојде, ја „скоцка“ за на бал и ја испрати кај совршениот принц. Работата во реалниот живот е во тоа што нема да бидете сосема исти, нема да се согласувате во сè, нема да бидете една душа и едно тело, туку две различни кои совршено се надополнуваат. На пример, ти можеби гледаш фигури во ѕидот формирани од варта или бојата, не мора да значи дека твојата сродна душа, исто така има навика да се ѕвери во ѕидовите и да пронаоѓа форми. Можеби ти ќе треба да ја научиш твојата сродна душа како да ги гледа формите во ѕидот…rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrnrnrn
Алан Вотс ги прашувал своите студенти што би сакале тие да бидат во својот живот доколку парите не се во прашање. Откако ќе го добиел одговорот им велел:rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rnrnПокрај својата слава на големите екрани и во модната индустрија, многу луѓе долго ќе ја паметат и по нејзините незаборавни цитати. Таа на многу духовит и интересен начин совршено доловува секојдневни и несекојдневни ситуации од животот. Еве еден мал дел од нив во кој сигурно ќе се пронајдете и вие:rn
rn
rn
rnrnДа, сето ова звучи и повеќе од забавно. Но, верувајте дека не мора да направите ништо драматично за животот да ви стане поинтересен и забавен. Убавината е во малите и едноставни работи, во промената на размислувањата… Ова се само дел од работите кои можат да ви помогнат да се чувствувате поисполнето. За да ја избегнете секојдневната рутина, треба да направите минимални промени во вашиот живот. Интернет-порталот за животни совети „
rn
rnrn