КАФЕ ПАУЗА

Tag: исполнетост

  • Сѐ во животот е навика и кога се сака сѐ се може

    Сѐ во животот е навика и кога се сака сѐ се може

    Кога ќе кажеме дека нешто не можеме да направиме или немаме време, тоа е всушност само една голема лага која си ја кажуваме себеси за да се убедиме дека не постои ништо повеќе што можеме да направиме мислејќи дека така нема да ни биде криво. Но факт е дека како што лесно можеме да се навикнеме на спиењето до касно, неправењето ништо по цел ден и одењето по кафиња или со други зборови – на трошењето време без врска што за жал многу млади денес го практикуваат, исто толку лесно може да се навикнеме и на практикувањето полезни работи со цел на крајот на денот да знаеме дека не ни поминал за џабе. И дури тогаш кога сме премногу зафатени за да се погледнеме во огледало, а да не зборуваме за уживањето во животот кој пролетува покрај нас, факт е дека ако нешто навистина ни значи тогаш секогаш може да најдеме време да му посветиме.rnrn(1)-se-vo-zhivotot-e-navika-i-koga-se-saka-se-se-mozhe-kafepauza.mk.jpgrnrnСѐ е лесно кога ќе одлучиме дека тоа ни е поважно од неправењето ништо и сѐ добива поголем удел во нашиот живот кога ќе сфатиме дека тоа ни претставува поголемо задоволство од што било друго. Иако секогаш брзаме и секогаш сме зафатени со милион обврски, па ретко си дозволуваме на нешто да се посветиме со цело срце и душа, постојат начини на кои сепак можеме да си ги извежбаме умот и телото да го бараат тоа од нас. Одредени промени во нашето секојдневие и рутини во кои целосно ќе се опуштиме можат да влијаат на нас како рестартирачки моменти по кои ќе се чувствуваме поубаво, поспособни за претстојните обврски, но и посвесни дека не е сѐ во работата.rn

    Туширање/бањање

    rnНема поубаво и посмирувачко чувство од моментот кога стоите под тушот, целосно се исклучувате од надворешниот свет и едноставно се препуштате на врелите капки вода кои се лизгаат по вашето тело. Тоа се моменти кога ѝ дозволувате на водата да ги измие сите ваши проблеми, преокупации и грижи, иако е тоа барем за момент. Дозволете си го ова чувство почесто и дајте им ја на телото и умот потребната релаксација.rn

    Пиење кафе или чај

    rnРетко чиј ден поминува без шолја топло кафе или чај. Па дури и кога немате време, откажете се од нешто што и реално не ви е од толку голема важност за да можете да уживате во ова мало слатко задоволство наречено кафе/чај, а кое ќе ви значи многу во текот на денот. За оние ранобудниците, совршениот период би бил наутро додека сите уште спијат, а за оние кои не сакаат да си го жртвуваат спиењето, тоа може да е кој било дел од денот кој ќе решат да го одвојат за ова краткотрајно уживање.rnrn(2)-se-vo-zhivotot-e-navika-i-koga-se-saka-se-se-mozhe-kafepauza.mk.jpgrn

    Јадење

    rnДисциплината во јадењето е дисциплина во животот. Доколку сте свесни што и како јадете и колку всушност здраво се исхранувате, тогаш лесно може да прифатите и спроведете промени не само во вашата исхрана, туку и во вашиот живот. Здравото исхранување целосно се одразува на водењето поздрав и посмирен живот, а со самото тоа живот во кој ќе уживате повеќе посветувајќи повеќе време на она што навистина го сакате. А кога имате време да посветите на она во кое уживате, тогаш многу полесно ќе ви биде да ги правите и оние работи кои морате, но не толку ги сакате.rn

    Вежбање

    rnПостојат неколку причини поради кои луѓето вежбаат: сакаат да ослабат, да станат посилни или, пак, поздрави. Но ниту една од овие причини не нè прави целосно задоволни со самите себе бидејќи целта ни е да станеме подобри правејќи нешто што не ни се допаѓа. Вежбањето ќе има позитивен резултат само тогаш кога целосно ќе му се посветиме бидејќи потребно ни е место и време да се исчистиме од негативната енергија и да си ги наполниме батериите. Тогаш, токму поради убавото чувство на релаксираност и исполнетост, повторно ќе одвоиме време за вежбање. Иако истоштени и заморни, после вежбањето ќе имаме повеќе волја за завршување на обврските.rnrn(3)-se-vo-zhivotot-e-navika-i-koga-se-saka-se-se-mozhe-kafepauza.mk.jpgrnrnСите овие пристапи кон дисциплина во нашиот живот ни овозможуваат да воведеме некој ред во него и свесност кон она што го чувствуваме, правиме или за кое размислуваме и потајно имаме желба да го воведеме/отстраниме од нашето секојдневие. Тогаш, знаејќи што (не) сакаме, ќе успееме да се поврземе со потребите на нашиот ум и тело и да се посветиме повеќе на она што влијае добро на нас, а со тоа и на луѓето околу нас и нашите активности. Кога ќе се навикнеме да го правиме она што е убаво и добро за нас, а тоа можеме да го постигнеме наоѓајќи време и задоволство во горенаведените рутини, многу поефективно и посконцентрирано ќе се посветиме на оние неминовни обврски во текот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 цврсти верувања според кои живеат среќните луѓе

    10 цврсти верувања според кои живеат среќните луѓе

    Сите ние имаме потреба да веруваме во нешто. Некои се вртат кон религијата, некои се посветуваат на работата, трети веруваат во семејството и нивните блиски. Но можеби најважното нешто кое за жал често го забораваме, е дека прво мора да веруваме во самите себе ако сакаме да достигнеме состојба на среќа и задоволство. А бидејќи сите сме различни, секој на свој начин мора да се избори за тоа. Доколку сѐ уште не го знаете вашиот начин, можеби следниве неколку верувања според кои се водат среќните луѓе ќе ви помогнат.rnrn(1)-10-cvrsti-veruvanja-spored-koi-zhiveat-srekjnite-lugje-kafepauza.mkrn

    1. Сѐ што ви се случува ве подготвува за тоа што сте го посакувале

    rnНишто не е розово, па најчесто токму пред самиот успех се соочуваме со најтешките предизвици. Но во најголем дел од случаите, баш тие нè подготвуваат за тоа што следува и кон кое сме целеле.rn

    2. Сите работи си доаѓаат на свое место со тек на време

    rnНе секогаш ни е јасно зошто некои работи се случуваат ниту, пак, некои работи можеме да ги промениме. Но сѐ во даден момент ќе има смисла, а на нас е да бидеме најдобри што можеме и да се справуваме најдобро што знаеме со сѐ што ќе се најде на нашиот пат.rnrn(2)-10-cvrsti-veruvanja-spored-koi-zhiveat-srekjnite-lugje-kafepauza.mkrn

    3. Пречките на патот не ве дефинираат, туку само ве освестуваат

    rnФакт е дека работите не одат секогаш како подмачкани. Па наместо да губите време на тоа зошто нешто не е како што треба, прифатете го тоа како искуство и лекција од која може да научите.rn

    4. Не можете да побегнете од минатото

    rnШто се случило, се случило. Враќање назад нема, а и да имаше, дали ќе постапевте поинаку? Веројатно не. Затоа научете да простувате, прво себеси, па и на другите, за да може конечно да се ослободите од сите стеги и решително да се посветите на сегашноста.rnrn(4)-10-cvrsti-veruvanja-spored-koi-zhiveat-srekjnite-lugje-kafepauza.mkrn

    5. Ниту една работа нема навистина да исчезне сѐ додека од неа не ја извлечете целата лекција која таа ја носи со себе

    rnДали некогаш сте ја направиле не еднаш, туку неколку пати истата грешка? Тоа е затоа што уште првиот пат не сте ја научиле добро лекцијата од неа. Бегањето од проблемите не е решение. Како среќни и здрави луѓе, истражете длабоко во себе која е вашата улога во целата ситуација, соочете со неа и никогаш повторно не правете ги истите чекори.rn

    6. Не секогаш го добивате тоа што го сакате, но ќе го добиете тоа што ви е потребно

    rnИако работите не излегуваат можеби онака како што сме ги замислиле и посакале, сепак поставената цел финално нè води кон она што всушност цело време ни било потребно. Па наместо што сте добиле на крајот, сконцентрирајте се на самото патување кое ве довело до таму и сите придобивки кои одат со него.rnrn(7)-10-cvrsti-veruvanja-spored-koi-zhiveat-srekjnite-lugje-kafepauza.mkrn

    7. Не сте оставени сами на себе

    rnШто и да правите, не го правите тоа сами. Секогаш има луѓе кои делејќи го вашето мислење ќе сакаат да ви помогнат и да ве поддржат. И секако, она што ве води и ќе ве донесе до поставената цел е верувањето дека нештото може да биде направено.rn

    8. Крајот на една патека е секогаш почеток на друга

    rnДури и кога ви се чини дека нема каде да се оди понатаму, верувајте дека има и продолжете да го барате тој пат. Среќните луѓе не се откажуваат и разочаруваат толку лесно и веруваат дека токму тоа што следува ќе биде нешто подобро. Верувајте и вие.rnrn??????????????????????????????????????????rn

    9. Секогаш верувајте му на процесот

    rnСреќните луѓе веруваат дека сѐ што се случува е дел од финалето, па со тоа самото патување е скоро секогаш многу поважно од самата цел. Прифатете и уживајте во сѐ што се случува, па посакуваната цел ќе ви дојде како јаготка на тортата.rn

    10. Поседувате неверојатна енергија која му е потребна на светот

    rnСовршени сте такви какви што сте и тоа е сосема доволно.rnrn(5)-10-cvrsti-veruvanja-spored-koi-zhiveat-srekjnite-lugje-kafepauza.mkrnrnМора да веруваме дека можеби не сѐ е така како што изгледа и дека дури и кога ни се чини дека сѐ се распаѓа, сепак постои начин да биде подобро. На крајот на краиштата, сите трагаме по среќата и тоа чувство на исполнетост кое единствено ќе го најдеме ако веруваме дека можеме. А ако не веруваме, тогаш која е поентата?

  • Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

    Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

    Сите сакаме да бидеме здрави, среќни и продуктивни, трите нешта кои гарантираат исполнет живот. Кои се навиките на здравите, среќни и продуктивни личности?rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rn

    1. Благодарност

    rnОние кои можат да го видат доброто во секоја ситуација имаат поголема веројатност да живеат среќен живот. Така што, без разлика во која фаза од животот се наоѓате и што ви се случува, барајте го доброто и позитивното во секоја ситуација. Фокусот на позитивните нешта може да стори чуда за вас.rnrnВо едно истражување спроведено на Универзитетот Дејвис во Калифорнија, психолозите утврдиле дека луѓето кои пишувале дневник со само 5 нешта за кои се благодарни за секоја недела се чувствувале подобро, биле пооптимистични, имале помалку здравствени проблеми и повеќе спиеле.rnrnВо духот на оваа поука, слушнете една позитивна песна која ќе ве натера да помислите со што сè сте благословени.rn

    2. Преземање акција

    rnНајчесто е многу тешко да се направи првиот чекор, да се излезе од безбедната зона, да се победи стравот и да се соочите себеси со предизвикот. Но, токму надвор од безбедната зона се случуваат чуда. Зацртување на целите и работењето на нив се загарантиран пат до успехот.rnrnСпоред Американското здружение за среќа (American Happiness Association), нашата среќа е 50% генетски предодредена, 40% зависи од нас самите, додека 10% зависи од демографските услови, односно статистиката на населението и оние кои нè опкружуваат.rn

    Не грижете се доколку изгубите чувство за време!

    rnГубењето чувство за време не значи дека губите време, па не плашете се понекогаш едноставно да заборавите на времето што минува. Често се случува среќните и исполнети луѓе целосно да се внесат во она што го работат и да изгубат осет за време, правејќи го она што ментално ги стимулира и исполнува. Губењето чувство за време е природен тек на креативноста и луѓето кои знаат да се „изгубат“ правејќи го она што го сакаат се позафатени, имаат поголема самодоверба и создаваат подолготрајно чувство на среќа и задоволство. Затоа доколку имате хоби, препуштете му се, правете го со страст, изгубете се во она што го правите.rn

    3. Физичка активност на чист воздух

    rnЕдна од многуте придобивки на вежбањето и физичката активност е тоа што ви помага да се ослободите од негативните емоции, а вежбањето во природа на чист воздух само ќе ви ги разбистри мислите и ќе ви даде една поинаква перспектива на светот.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rn

    Вежбањето на отворено:

    rn

      rn011

    • ќе ви помогне побрзо да се ревитализирате и заздравите
    • rn011

    • ќе ви го зголеми нивото на енергија и на уживање од вежбањето
    • rn011

    • ќе ви го намали чувството на депресија, бес и тензија
    • rn

    rnИнтересен факт: Според американското метеоролошко здружение, совршената температура за среќа е 14˚C.rn

    4. Смеење

    rnСмеењето е јасен знак на среќа, но редовното смеење е многу подобро за вас отколку што можете да си замислите. Смеењето помага при ослободување на хормонот ендрофин кој се бори со стресот и болката.rn

    Сте знаеле ли дека:

    rn

      rn011

    1. 15 минути смеа може да го зголеми прагот на издржливост на болка за 10%?
    2. rn011

    3. Смеењето е поврзано со вашиот социјален живот. За 30 пати е поверојатно дека ќе се насмееме во друштво на други отколку кога сме сами.
    4. rn

    rnНе заборавајте дека смеата е заразна. Сигурно сте забележале дека кога некој се смее поттикнува смеа и кај оној кој е во негово друштво.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rnrnИнтересен факт: Во 1962 во Танзанија децата на училиште почнале неконтролирано да се смеат што придонело за спонтани насмевки кај околу 1.000 луѓе.rn

    5. Зборување наспроти слушање

    rnСослушувањето на другите не значи само одржување на постабилни врски со луѓето и создавање позитивна атмосфера. Слушањето исто ви помага да ги спречите мислите кои ве деконцентрираат. Пробајте да слушате повеќе отколку да зборувате. Така апсорбирате повеќе знаење и изгледате посамоуверено, иако ви изгледа дека важи обратното.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rn

    Значењето на зборовите го извлекуваме:

    rn

      rn011

    • 55% од изразот на лицето на соговорникот
    • rn011

    • 38% од начинот на кој зборовите се кажани
    • rn011

    • 7% од зборовите кои се кажани
    • rn

    rnИнтересен факт: Помалку од 2% од луѓето општо стекнале формално образование за тоа како да слушаат.rn

    Ако мислите дека не ги слушате доволно луѓето кога разговарате, пробајте ги следниве совети:

    rn

      rn011

    1. Гледајте го соговорникот и внимавајте на контактот со очи.
    2. rn011

    3. Навалете се кон соговорникот и не прекрстувајте ги рацете.
    4. rn011

    5. Не прекинувајте го соговорникот додека зборува и не дозволувајте си да бидете деконцентрирани од вашиот мобилен.
    6. rn011

    7. Парафразирајте го она што сте го чуле за вашите соговорници да бидат сигурни дека сте ги слушнале и разбрале.
    8. rn

    rn

    6. Дарување

    rnСо правење добро на другите си правите добро и самите себе. Хуманитарната работа и донациите се добри за физичкото како и за менталното здравје.rnrnВерувале или не, алтруизмот, односно грижата за другите и несебичноста, го поттикнуваат чувството на еуфорија во мозокот. Оние кои редовно волонтираат и помагаат имаат подобро психичко здравје од другите и помалку се склони кон депресија.rnrnИнтересен факт: За жените е поголема веројатноста да донираат пари, додека мажите почесто волонтираат и им пружаат помош на непознати.rn

    7. Опкруженост со среќни личности

    rnСреќата не е изолирана туку постојано е под влијание на опкружувањето. Колку посреќно и попозитивно е вашето опкружување, толку посреќни ќе бидете и вие самите.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rnrnЕдно истражување спроведено на 4.000 луѓе во времетраење од 20 години покажало дека среќата е феномен на поврзаноста. Оние кои се опкружени со среќни луѓе и самите имаат поголема шанса да бидат среќни.rn

    Колку е заразна среќата?

    rn

      rn011

    • 15,3% од луѓето имаат поголема веројатност да бидат среќни ако нивен близок пријател е среќен.
    • rn011

    • 60% од луѓето имаат поголема веројатност да бидат среќни ако близок заеднички пријател кој живее блиску до нив е среќен.
    • rn

    rnИнтересен факт: Најчесто нивото на вашата среќа е просек од чувствата на 5-те личности со кои најчесто го минувате времето.rnrnУште еден интересен факт: Вашата среќа е толку заразна што може да се пренесе до 3 нивоа, односно до пријател на пријателот на вашиот пријател!

  • Едноставни активности кои ќе ви го направат животот поубав

    Едноставни активности кои ќе ви го направат животот поубав

    Најубавите моменти во животот произлегуваат од малите и едноставните нешта. Доказ за тоа се и следниве предложени активности, кои не одземаат премногу време, а ве прават посреќни и поисполнети.rnrn(0) ednostavni-aktivnosti-koi-kje-vi-go-napravat-zhivotot-poubav-kafepauza.mkrn

    1. Одење на кафе со пријателите

    rnКафето со пријателите е време кога можете да уживате во опуштен разговор, смеа и дружење. Драгоцено е кога посебните моменти ги делите со блиските пријатели. Тоа ве прави да се чувствувате внатрешно побогати, исполнети и среќни. Едноставна активност со многу придобивки. Секогаш одвојувајте време за вакви средби и направете си го животот поубав!rn

    2. Насмевка

    rnНикогаш не потценувајте ја моќта на насмевката! Секој човек копнее за малку љубезност, почит и добронамерност. За жал, ваквото пожелно однесување станува сѐ поретко поради брзото темпо на живеење и суровата борба за егзистенција. Но, не бидете и вие дел од толпата. Насмевнете се и бидете љубезни!rn

    3. Внимателно слушање на соговорникот

    rnСекој од нас сака да биде внимателно сослушан и разбран во разговорите кои ги водиме со другите луѓе. Затоа, покажете достоинство и навистина послушајте што вели соговорникот и почитувајте ги ставовите и чувствата на другиот.rn

    4. Создавање креативни дела

    rnУбавината може да се создаде. Напишете песна, почнете да водите дневник или обидете се да направите нешто креативно во некоја од другите уметности. За што и да се одлучите, нека тоа ве исполни со живот. Нека ве инспирира и мотивира за уште поголеми креации.rn

    5. Поминување време со луѓе

    rnНајубав начин за искусување на убавината на животот е да го поминете со луѓето кои ви се драги и ги сакате. Секој има потреба од човечки контакт и затоа ваквите активности треба да бидат во вашата листа на приоритети.rn

    6. Ценење на туѓите успеси

    rnЛесно е да го оформувате мислењето за другите само според нивните неуспеси. Тоа нè прави да се чувствуваме посилни, поспособни, со еден збор супериорни. Но, таквиот став и поимање на нештата е далеку од среќата. Наместо тоа, трудете се да го гледате доброто во другите луѓе, да ги помните и цените според нивните успеси и позитивни промени. Ќе забележите како таквото размислување ќе ве промени и вас самите и ќе направи да се чувствувате многу подобро.rn

    7. Одење на места полни со живот и енергија

    rnОдете на места кои едноставно бликаат со живот и енергија. На пример, парковите во кои играат дечиња, исполнувајќи го воздухот со невина смеа, радост и невиност. Или пак, одлучете се за некои потивки места во природата, кои вам повеќе ви одговараат. Одете каде вие се чувствувате најрелаксирано и впијте ја сета убавина на животот.rnrnЗа крај, во брзото темпо на живот пронајдете време за активностите од овој тип, кои ќе ве отворат за убавината на животот. Не заборавајте, среќата и надежта лежат токму во малите и едноставни нешта. Изборот е ваш.

  • 20 вистини за исполнет живот

    20 вистини за исполнет живот

    Животот одвреме-навреме навистина знае да биде тежок и понекогаш е скоро невозможно да станете од кревет наутро. Но, верувајте тие периоди секогаш поминуваат и со тек на време ќе научите нешто од тие ситуации. Доколку се чувствувате преплавено или изморено од вашиот живот, погледнете ги наредниве 20 вистини кои ќе ви помогнат полека да го најдете патот до вашиот внатрешен мир…rnrn20 вистини за исполнет животrnrn1. Видете се колку сте навистина прекрасни.rnrn2. Дозволете си да чувствувате. Тоа може да биде како детоксикација за вашата душа.rnrn3. Имајте повеќе верба во вашите соништа отколку во вашите стравови.rnrn4. Откажете се од она што веќе не ви е корисно.rnrn5. Никогаш не се смирувајте сосема. Останете по малку луди и детинести.rnrn6. Слушајте ја мудроста на вашето тело. Тоа секогаш знае што ви е потребно.rnrn7. Верувајте дека таму некаде постои план кој е поголем од вашиот. Еден ден сѐ ќе има смисла.rnrn8. Правете повеќе нешта што ве прават среќни.rnrn9. Станете свој најдобар пријател.rnrn10. Секогаш бидете во близина на оние нешта кои ви ја одржуваат возбудата за живот.rnrn11. Повлечете се духовно во себе за инспирација. Вашето срце го знае патот. Верувајте му.rnrn12. Научете да го сакате сопственото друштво. Во тој случај никогаш нема да бидете осамени.rnrn13. Не се губете себеси во сопствениот страв.rnrn14. Не се плашете да се откажете од нешто што веќе не функционира. Не е откажување ако си одите од нешто што ве повредува.rnrn15. Бидете свесни за вашата состојба. Дали бегате од нешто или трчате кон нешто?rnrn16. Она што го гледаме во животот многу зависи од она што го бараме. Верувајте во добрината, бидејќи таа секогаш е таму ако ја побарате.rnrn17. Не дозволувајте вашите рани да ве претворат во нешто што не сте. Вие сте многу посилни отколку што мислите.rnrn18. Не заборавајте да си простувате себеси. Во тоа време, сте го сториле најдоброто што сте можеле.rnrn19. Имајте на ум дека не секогаш ќе го добиете она што го сакате, но со сигурност СЕКОГАШ ќе го добивате она што ви е потребно.rnrn20. Отворете се кон љубовта. Светот има потреба токму од она што сте.rnrnЖивотот е премногу краток за го поминете во војна со себеси и со светот. Вие не сте сами, вие сте сакани. И сите сме благодарни затоа што сте тука. Вие значите. Никогаш не го заборавајте тоа.

  • Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Не е потребно многу за да бидете среќни. Погледнете кои се малите задоволства во животот, кои речиси секогаш ќе успеат да измамат насмевка на вашето лице.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn1. Седењето на плажа. Ги гледате брановите, слабо ветренце струи во воздухот, а вие не размислувате за ништо и едноставно уживате во моментот.rnrn2. Бебенце кое случајно ви заспало в скут. Мора да признаете дека нема нешто послатко од бебиња кои спијат. Ве обзема некое пријатно и хармонично чувство, кое не сакате да заврши.rnrn3. Одморање во омилената фотелја после напорен ден на работа со шолја кафе или чај. И секој коментар е излишен. Друго ништо не е важно.rnrn4. Седење дома со саканиот/саканата во петок вечер, уживање во омилената пица и гледање добар филм. Не постои подобар начин за почеток на викендот.rnrn5. Кратко патување со тато. Мал излет, прошетка низ планина или само долго возење со вашиот татко навистина исполнува.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn6. Будење со мирис на свежо мелено кафе. Со таков почеток на денот, знаете дека сѐ ќе биде во ред.rnrn7. Сладолед. Сладоледот е врвно уживање без разлика на временските услови. Ве прави среќни и задоволни, без разлика колку ви бил утепан денот.rnrn8. Добивање подароци од роднини. Добивањето убава чоколада или бонбониера од роднини што случајно решиле да ве посетат може многу да развесели.rnrn9. Гледање на виножитото. Само што помисливте дека нема ништо позитивно во мрачното и дождливо време, блика сонце и се појавува прекрасно виножито, кое го враќа духот на сите разочарани луѓе на земјата.rnrn10. Слушање на ‘What a Wonderful World’ од Луис Армстронг. Колку и да сте депресивни, лути и нервозни, оваа песна ќе ве потсети на сите добра нешта во светот и ќе направи да сфатите колку прекрасен животот навистина е.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живее
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 причини зошто е најубаво да се биде заљубен

    25 причини зошто е најубаво да се биде заљубен

    Кога таа има лош ден и кога сѐ што сака да прави е да ја гледа нејзината омилена романтична комедија, тој ќе биде покрај неа, внимателно следејќи ја секоја сцена. Или пак, кога тој е нервозен и сака на момент да заборави на проблемите на работа така што ќе го гледа својот омилен спортски тим, таа ќе донесе неколку лименки пиво и ќе навива покрај него. Ви звучи познато? Погледнете ги наредниве 25 причини поради кој навистина вреди да се биде заљубен.rnrn25 причини зошто е најубаво да се биде заљубенrnrn1. Кога вашиот аларм за на работа ќе заѕвони, тој/таа нема да ве пушти да станете од кревет додека не ве изнагушка. А верувајте, тоа е подобра причина да останете во кревет уште 10-тина минути наместо да го притискате копчето за снуз.rnrn2. Тој/таа ќе ве изненади со домашно подготвен десерт кога ќе се вратите доцна од работа само за да ви покаже дека ве сака. Па, зарем има подобар начин на опуштање по долг и напорен ден од топол и вкусен чоколаден колач?rnrn3. Доколку е премногу студено надвор, тој нема да ви дозволи да излезете и ќе претрча до продавница за да купи нешто што ви е итно потребно дури и кога станува збор за женски продукти. Или пак, доколку тој гледа натпревар со своите пријатели, таа ќе се погрижи садот со чипс постојано да биде полн.rnrn4. Понекогаш кога ви е потребна неколкуминутна пауза на работа, помислувате на последниот разговор со вашиот партнер и одеднаш се чувствувате многу поопуштено.rnrn5. Доколку морате да направите одредена промена во вашата исхрана, тој/таа ќе ја направи истата од солидарност.rnrn6. Тој/таа знае точно што сакате во кревет. И што е уште поважно, се грижи за да уживате колку што е можно повеќе.rnrn7. Тој/таа не само што е ваш партнер туку е и ваш најдобар пријател. Тој ги познава сите ваши пријатели и целата драма помеѓу нив и секогаш е тука доколку ви е потребен совет. Истото важи и за неа.rnrn8. Тој/таа ги мрази луѓето кои вие ги мразите. Исто така од солидарност.rnrn9. Понекогаш правите телепатски муабет само со очите. На пример, се запознавате со луѓе кои не ви се допаѓаат и доволно е само да се погледнете за да сфатите дека и двајцата го делите истото мислење. И едвај чекате да останете на само за да ги споделите своите доживувања од ова искуство.rnrn10. Начинот на кој тој/таа мириса ви овозможува некоја необјаснива сигурност и прави да се чувствувате убаво.rnrn11. Тој/таа се грижи за цвеќињата затоа што знае дека вие ќе ги убиете. Дури и кактусите лесно умираат, а вие тоа многу добро го знаете.rnrn12. Тој/таа нема да изгледа ниту една нова епизода без вас од ТВ сериите кои и двајцата ги следите редовно.rnrn13. Тој/таа е подготвен/а да го прошета кучето сам/а доколку вие сте премногу уморни да станете или доколку веќе сте се облекле во пижами и удобно сте се наместиле на каучот.rnrn14. Секогаш кога сте излезени некаде со своите пријатели, едвај чекате да се вратите дома и да го/ја прегрнете.rnrn15. Тој/таа им дава одлични љубовни совети на вашите слободни пријатели. И тие го/ја слушаат бидејќи тоа што го зборува едноставно има смисла.rnrn16. Вашиот партнер ги знае сите ваши приказни и не му пречи кога ги повторувате, баш напротив – тој/таа секој пат со истото внимание ги слуша.rnrn17. Тој/таа ве пофалува за вашите постигнување кога вие не се чувствувате доволно сигурни за да ги споделите со останатите луѓе.rnrn18. Имате интерни шеги кои само вие двајца си ги знаете. И тие се урнебесни, дури и кога станува збор за некоја навидум обична работа.rnrn19. Тој/таа ве познава толку добро што доволен е само еден поглед за да сфати дека сакате веднаш да си одите. Вашиот партнер едноставно знае да ви ги чита мислите.rnrn20. Вашиот партнер ве обожава во секое светло, без разлика дали сте бушави во раните утрински часови, настинати со црвен нос или пак, средени од глава до пети.rnrn21. Имате свои нагалени имиња кои постојано ги употребувате и кои прават да се чувствувате посебно.rnrn22. Тој/таа помни сѐ што ќе му/ѝ кажете и одвреме-навреме знае да ве изненади со мали нешта како вашето омилено чоколадо или пак, книгата која долго време сте планирале да си ја купите.rnrn23. Тој ги знае зборовите на вашите омилени песни од Бијонсе, а таа ги знае сите членови на вашиот омилен фудбалски тим, Но, не затоа што тоа го сака туку затоа што ве слушал/а со внимание кога сте пееле или кога сте зборувале за нив.rnrn24. Кога сте испиле малку повеќе, тој/таа е секогаш тука за да ви помогне да го соблечете капутот и удобно да се наместите во вашиот кревет.rnrn25. Кога сѐ што ви е потребно е само некој да ве ислуша и покрај кој ќе можете слободно да се исплачете, вашиот партнер ќе ги откаже сите планови и ќе биде покрај вас без разлика на тоа колку време ќе ви биде потребно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да откриете за што навистина ве бидува?

    Како да откриете за што навистина ве бидува?

    Дали некогаш сте се запрашале за што навистина ве бидува и која е работата што целосно ве исполнува? Доколку тоа е така, еве неколку едноставни совети кои веројатно ќе ви помогнат полесно да го пронајдете тоа што уживате да го правите.rnrnКако да откриете за што навистина ве бидува?rn

    Не потпаѓајте под туѓо влијание

    rnПрвото нешто што треба да го направите е да престанете да ги слушате мислењата на другите за тоа со што вие треба да се занимавате. Вие сте оние кои треба да бидат исполнети и затоа треба да си ја следите интуицијата и сопствениот внатрешен глас. Можеби звучи како клише, но навистина е така. Не се плашете од ризици и не дозволувајте другите луѓе да ве обесхрабрат во исполнувањето на посакуваните цели и намери.rn

    Бидете отворени

    rnДоколку сметате дека ве бидува за повеќе работи, не се ограничувајте и потрудете се да ги искористите сите. Можеби сте талентирани за пишување и фотографија, па зошто да не се обидете да се надградите и во двете сфери. Што и да е, бидете свесни за талентите што ги поседувате и не дозволувајте да пропаднат.rn

    Откријте што навистина ве интересира

    rnДали постојат одредени политички, општествени, религиозни, економски прашања за кои многу се интересирате? Направете листа од работите кои сакате да ги истражувате и фатете се за работа. Најдобро е да се сконцентрирате на еден или два интереса и да се потрудите да бидете одлични во нив, наместо просечни во сите.rn

    Блиските нека ви ги посочат талентите

    rnПонекогаш најблиските се повеќе свесни и подобро ги забележуваат талентите кои ги поседуваме. Послушајте што тие имаат да ви кажат околу тоа. И секако, не правете го тоа за да им удоволите. Послушајте ги кога навистина знаат да ви посочат во што сте добри и почнете со развивање на тие вештини.rn

    Сетете се што сакавте да бидете како мали

    rnШто посакувавте од срце да бидете кога ќе пораснете? Не е лошо да се запрашате и да мислите во оваа насока бидејќи токму во детството страстите и желбите се најискрени и чисти, без присуство на страв и инхибиција.rn

    Направете список со личности што ве инспирираат

    rnПравењето список со личностите што ве инспирираат е навистина добра идеја. Не мора да се некои познати луѓе, едноставно личности чиј живот сакате да го живеете. На овој начин, мошне лесно ќе сфатите каде ви лежат страстите бидејќи веројатно се слични со страстите на личностите на кои им се восхитувате.rn

    Запрашајте се што би направиле доколку немате никакви ограничувања

    rnШто би направиле доколку буквално ништо не ви стои на патот на соништата, страстите и талентите? Што ќе направите со животот ако не постојат ограничувања? Ова се одлични прашања бидејќи ве водат кон гласот на срцето. Добро е да се знаат таквите желби, дури и ако во моментот не сте во состојба да ги исполните. rnНа крајот, стравот од неуспех е можеби она што најмногу ве попречува во остварување на желбите и соништата, а не некоја реална пречка. Затоа, не плашете се, верувајте си на внатрешниот глас и следете си ги страстите. Само така ќе дознаете за што навистина ве бидува.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Има моменти во животот кога интуитивно знаеме што треба да направиме и кон што треба да целиме, но понекогаш ги игнорираме таквите чувства и решаваме да дејствуваме разумно. Еве зошто тоа не треба да биде така и зошто треба почесто да ја следите интуицијата.rnrnЗошто треба да си ја следите интуицијата?rn

    Пронаоѓање на вистинската личност

    rnКога станува збор за љубовта, лесно може да потпаднете под влијанието на другарите/другарките и да ги следите единствено советите кои тие ви ги даваат. Колку пати ви се случило да излегувате со некого за кој/а тие мислат дека е супер за вас, а на крајот излегува сосема спротивното? За да ги избегнете таквите ситуации во иднина, престанете да се фокусирате на тоа што другите го мислат и послушајте што има да ви каже интуицијата. Таа сигурно ќе ви го покаже патот кон вистинската личност.rn

    Професионална исполнетост

    rnСо следењето на интуицијата ќе почнете да ги следите и сопствените страсти и ќе градите кариера што вистински ве исполнува, а не ви претставува измачување. Само треба да ги почувствувате и следите сигналите и да верувате во себеси.rn

    Истражување на светот

    rnДодека сѐ уште имате време, истражете го светот и пронајдете го местото каде најубаво се вклопувате и кое најубаво ви одговара. Интуицијата самата ќе ви покаже каде треба да се движите бидејќи таа веќе знае каде вистински припаѓате или барем, кои места би требало да ги посетите.rn

    Целосно искористување на потенцијалите

    rnУспехот не доаѓа со седење и чекање. Младоста е период од животот кога најмногу треба да преземате ризици и да ги остварувате зацртаните цели. Потребна е храброст да се почне, но подоцна таквиот потег секако ќе ви се исплати. Вашата интуиција ќе се погрижи правилно да ве насочи на она место каде ќе бидете во можност максимално да ги покажете своите потенцијали и да напредувате како личност.rn

    Себепочитување

    rnАко животот ви се базира на постојано следење на советите од другите, ќе се претворите во личност која воопшто нема да ја сакате и почитувате еден ден. Вашата интуиција веќе сигурно знае што ви е потребно. Доколку научите да ги препознавате таквите сигнали, веројатно е дека ќе бидете многу поисполнети и позадоволни од себеси. Затоа, не ги задушувајте таквите чувства со силата на разумот и дозволете ѝ на интуицијата да ви покаже што е најдобро за вас.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 18 работи кои среќните луѓе НЕ ги прават

    18 работи кои среќните луѓе НЕ ги прават

    Сите сме во потрага по среќата, но мал е бројот на оние кои навистина ја живеат и го знаат нејзиното значење. Иако среќата е субјективна, сепак ова се некои од работите кои среќните луѓе не ги прават.rnrn18 работи што среќните луѓе не ги праватrnrn1. Не се грижат што другите мислат за нив.rnrn2. Не им се потребни комплиментите на другите за да докажат што постигнале.rnrn3. Среќата не им зависи од другите луѓе или од материјалните добра.rnrn4. Не размислуваат за минатото.rnrn5. Не се сосредоточуваат само на лошите страни кај луѓето.rnrn6. Не мислат дека плашењето е лошо.rnrn7. Секогаш се искрени за своите чувства спрема другите, а и спрема себеси.rnrn8. Немаат потреба да бидат центар на внимание.rnrn9. Не се споредуваат со другите.rnrn18 работи што среќните луѓе не ги праватrnrn10. Не се плашат од пораз.rnrn11. Ги оттргнуваат сите депресивни влијанија.rnrn12. Не се потпираат многу на надворешните фактори.rnrn13. Не им пречи кога немаат контрола врз она што се случува.rnrn14. Сметаат дека ништо не им недостига.rnrn15. Не мислат дека смеењето значи несериозност.rnrn16. Никогаш не ги земаат нештата здраво за готово.rnrn17. Никогаш не им пречи она што го имаат да го споделат со другите.rnrn18. Не се грижат премногу за иднината.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn