КАФЕ ПАУЗА

Tag: исполнетост

  • Животот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целост

    Животот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целост

    „Carpe diem“ е слоган кој многумина го цитираат, но дали тие навистина го зграпчуваат денот? Тој се црта на згради, се користи како мото за различни институции и се споделува на интернет преку моќни мотивациски пораки како да нема утре. Работата е што утре сепак ќе дојде, но прашањето е дали и ние ќе бидеме дел од тоа. Откако ќе сфатите дека времето ви е ограничено, ќе научите како да живеете во моментот дури и ако сè уште планирате да живеете барем уште 100-тина години… Еве ги 5-те начини на кој наједноставно можете да научите како во целост да го искористите вашиот живот.rnrnЖивотот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целостrn

    1. Симнете се од возот

    rnПостои еден филм кој се вика „Before Sunrise“. Во оваа приказна Итан Хок ја замолува Џули Делпи да се симне со него од возот во кој патуваат, дури и покрај тоа што ја познава само неколку часа. Тој мора да остане во Виена до наредното утро со цел да го фати својот авион за Америка, но бидејќи ги потрошил сите пари патувајќи низ Европа нема доволно за хотел. Токму затоа и решил да шета низ градот, уживајќи во неговите пејзажи. Тоа може да го стори сам, но сепак решава да ризикува и да ја покани оваа девојка, дури и по цена да биде засрамен. Како и што можете да претпоставите, тој ќе преземе ризик кој потоа ќе му го промени животот.rnrnПрашањето е дали сте подготвени да се симнете од возот кога авантурата ве повикува? Или пак, решавате да го игнорирате овој повик така што го одбирате сигурниот пат?rn

    2. Само една вечер

    rnДа се вратиме повторно на филмот. Доколку имате само една вечер да помнете со одредена личност, без разлика дали станува збор за ваш пријател, родител, куче или партнер, што би направиле различно? Кои тајни би ги откриле? Каде би оделе? Што би сакале тие да дознаат за вас, вашата врска и општо за вашиот живот? Што би бил вашиот подарок за нив?rnrnВо повеќето врски со тек на време ние почнуваме да ги земаме луѓето, па дури и животните здраво за готово. Ние очекуваме од нив да бидат онаму каде што сакаме тие да бидат. Почнуваме да се нервираме од одредени нивни навики. Понекогаш толку многу почнуваме да се фокусираме на негативните делови, што дури почнуваме и да ги пропуштаме позитивните. Токму затоа направете си еден експеримент. Однесувајте се кон оваа личност како да сте последна вечер заедно и забележете што друго би направиле. Како што вели една позната изрека, „Вие не знаете што имате сè додека не го изгубите тоа.“rn

    3. Обрнете внимание

    rnДали ги слушате луѓето или вие сте оние кои секогаш зборуваат? Дали давате сè од себе за да ги сфатите оние околу вас или пак секогаш барате шанса да ги разубедите да го гледаат светот од ваша перспектива? Дали сте присутни во нивниот живот или секогаш размислувате за нешто друго во нивна близина? Дали се плашите да го откриете вашиот вистински лик пред најблиските? Обрнете внимание на сега и тука. На истиот овој момент. Можеби сите ваши врски се одлични. Можеби заработувате многу пари или живеете на убаво место. Или пак, можеби сакате да заработувате повеќе пари, да најдете ново момче/девојка или да живеете на поубаво место. Можеби се плашите дека ќе го изгубите тоа што го имате или дека нема да го постигнете тоа што го сакате.rnrnНе заборавајте дека вие веќе имате живот и дека треба да обрнете внимание на она кое ви се случува во моментот и од тука да почнете да работите на насочувањето на вашиот живот во онаа насока во која сакате тој да оди.rn

    Почнете денес

    rnНајчесто утре не е најдобриот ден да се почне. Вие нема да бидете помалку мрзливи, ниту пак попаметни утре за разлика од денес. Тоа не е изговор за постојано да ги одложувате нештата. Направете план и почнете да го спроведувате уште од денес.rnrnДоколку сакате да направите нешто, без разлика дали станува збор за пишување книга или за посетување на пирамидите, преземете акција денес! Почнете да штедите по едно евро дневно за вашиот пат или пишувајте по една страница на ден за вашата книга. На крајот од краиштата, навијте го алармот еден час порано од вообичаено и започнете го утрото со мали чекори кои ќе ве водат кон остварување на вашите соништа.rn

    Не живејте туѓ живот

    rnСтив Џобс еднаш рекол, „Нашето време е ограничено. Не го трошете на нечиј друг живот.“ И тој бил во право. Нашето време е ограничено и живеењето на туѓиот живот нема да нè направи среќни.rnrnВашиот живот е ваш подарок и ваша сегашност, токму затоа треба да го правите сè она кое вам длабоко ве исполнува и усреќува. Без разлика дали сакате да го освоите светот, да се искачите на Еверест или да седите на вашиот кауч, вашето време е само ваше за организирање. Почнете полека да ги правите сите оние нешта кои некогаш сте ги замислувале и животот полека ќе ви тргне во вистинската насока. Време е да престанете да се обидувате да ги задоволите потребите на сите останатите освен вашите.

  • 6 мудрости на будизмот кои ќе го променат вашиот живот

    6 мудрости на будизмот кои ќе го променат вашиот живот

    Секој човек во животот посакува да биде среќен, а будизмот го нуди токму тоа – склоп на различни верувања, традиции и обичаи кои формираат пат кон наоѓање на таа среќа, мир и исполнетост. Оваа религија претставува духовно развивање на личноста и како таква, таа е повеќе начин на живот кој му овозможува на човекот да најде внатрешен мир, мудрост и добрина, за само потоа тој да може да го пренесе тоа во сите останати гранки од својот живот.rnrn(1)-6-mudrosti-na-budizmot-koi-kje-go-promenat-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnБудизмот има големо влијание на светот денес, а ќе видите и зошто откако ќе ги прочитате следниве 6 мудрости според кои се води будистичкото верување.rn

    1. Живејте живот исполнет со сочувство и добри дела

    rnСочувството е нешто што е основно доколку сакаме да најдеме внатрешен мир. Имајќи го ова, луѓето се способни да прават добри дела и да бидат задоволни сами со себе. А кога некој се чувствува убаво и исполнето, тој некој ќе биде добар и кон останатите.rn

    2. Обрнете внимание

    rnСветот претставува смеса на презафатени луѓе, со преисполнети денови и премалку време за тоа што е навистина важно. За жал, многу од луѓето се освестуваат кога е веќе предоцна за тоа. Но убавината е во малите нешта кои од вас бараат да обрнете повеќе внимание на нив. Отворете ги очите за да го видите она што се наоѓа пред вас.rn

    3. Бидете промената по која трагате

    rnКако една од најмоќните изреки кои постојат, овие неколку збора се сѐ што ви е потребно да запомните доколку сакате да го гледате светот со поинакви очи. Секогаш, ама баш секогаш, она што го гледате е одраз на тоа какви сте вие како луѓе. Бидете позитивни и во сѐ ќе успеете да ја пронајдете позитивната страна.rn

    4. Прифатете дека еден ден ќе ве нема

    rnИгнорирањето на фактот дека еден ден неизбежно ќе заминеме од овој свет е нешто што нѐ спречува да го живееме животот до максимум. Мислејќи дека имаме време, одложуваме. Но вистината е дека времето лета и колку побрзо го прифатиме тоа, толку побрзо ќе почнеме да живееме во моментот и да бидеме навистина среќни.rn

    5. Исхраната е важна

    rnХраната која ја внесуваме во организмот игра неверојатно голема улога во нашиот живот. Свестувањето за ова е нешто кое сигурно води кон посреќен живот. Внимавајте што јадете, ценете го своето тело и своето здравје, изберете среќа.rn

    6. Ослободете се од трите најстрашни отрови

    rnАлчност, омраза и залажување – ова се трите работи за кои будистите веруваат дека го трујат сечиј живот. Како одговорни за поголемиот дел од негативната енергија која ја чувствуваме, единствениот начин да бидеме среќни и да најдеме внатрешен мир е доколку се ослободиме од нив. Само треба да најдеме начин.

  • Задоволни сте со вашиот статус сингл, но што ако вистинскиот тропа на вратата?

    Задоволни сте со вашиот статус сингл, но што ако вистинскиот тропа на вратата?

    Конечно го откривте она блаженство кога не се грижите што мислат другите за вас, кога не ви треба никој. Опцијата „среќна со статус сингл“ не постои на Фејсбук, но токму таа би ја опишала вашата моментална состојба. Имате искусено сè, зад вас се многубројни љубовни успеси и падови, мирни води и бродоломи и сега конечно се чувствувате како господар на својот живот. Не ви е потребен маж за да се чувствувате исполнето, сакано и нормално. Ја имате работата од соништата, пријатели кои ве сакаат, многубројни интереси кои никој не ви ги насочува и ограничува. Ја откривте внатрешната слобода без ниту една точка на болка и незадоволство.rnrn1-zadovolni-ste-so-vashiot-status-singl-no-shto-ako-vistinskiot-tropa-na-vratata-www.kafepauza.mk_rnrnНо, тогаш ќе се појави оној кој можеби е Вистинскиот и наместо тој да ја комплетира вашата среќа, вие загрижено се прашувате каде бил тој досега? Што ќе правите со него? Се појави сега кога конечно сте задоволни со вашиот живот.rnrnТоа што досега сте го сакале, сега станува предизвик на кој не сте спремни да одговорите. Зошто сега? Зошто кога сите коцки се на своето место, сега кога се чувствувате добро и не сакате да се менувате? Па, одговорот е прост.rnrnЗатоа што сега кога сте воспоставиле стабилна, длабока и трајна врска со самите себе, спремни сте да го направите тоа и со некој друг. Таа личност е привлечена од вашите среќни бранови. Сите претходни кои ве повредувале и за кои сте страдале биле привлечени од ниските фреквенции на вашата потреба.rnrnВи беше потребно да сакате безнадежно, да го искусите романтичниот занес од романите, да ги откриете вашите капацитети за комплетно да се предадете некому и одеднаш дојде некој во кој се заљубивте и темелно го разниша вашиот балансиран живот кој тотогаш успешно го одржувавте. Потоа ви требаше некој кој ќе ве утеши и ќе се грижи за вас, некој кој ќе ве разбуди како жена и некој што ќе ви пружи прилика да проверите дали сè уште сте спремни за љубовен занес и лудило. Па се појавија многу мажи кои прецизно ги одбиравте според вашите потреби. Тие беа мрачни, себични, деструктивни, само за авантура и женкари. Но, веднаш штом потребата ќе се исполни, врската прекинува. И сами знаевте, не може да имате „нормана“ врска со „ненормален“ партнер.rnrn2-zadovolni-ste-so-vashiot-status-singl-no-shto-ako-vistinskiot-tropa-na-vratata-www.kafepauza.mk_rnrnЕте затоа, сега кога немате потреба, конечно се појави некој кој е во состојба да ви го подобри животот. Но, вие се предомислувате дали да го пуштите во својот живот. Тоа е поради тоа што вашето искуство ви вели дека врзувањето е болно и напорно.rnrnТреба да запознаете некој нов, да се навикнете на него и да се зближите, да му дозволите да ви стане важен, да ги развиете вашите чувства за него, да се отворите и да станете ранливи. Но, не сте сигурни дали го сакате тоа. Започнувате да се чувствувате несигурно. Бидејќи ако ја пропуштите шансата која ви се нуди, можеби ќе станете самозадоволна девојка чие чувство за нормала полека се искривува додека истовремено запаѓате во илузијата дека сте во предност со вашиот сингл статус. Има многу нешта кои се удобни и лесни кога си сама, но дали тие не треба да се жртвуваат за нешто што може да биде поубаво?rnrnНо, ако дојдете до таму, одговорите сами ќе се наметнат, а предизвиците кои ја нарушуваат вашата удобност, ќе ви станат авантура која ќе ја живеете среќни и исполнети до крајот на животот.

  • 3 видови промени за поздрав, посреќен и поисполнет живот

    3 видови промени за поздрав, посреќен и поисполнет живот

    За да се случи каква било промена, потребно е да излезете од вашите секојдневни и вообичаени рутини. За да го сторите тоа, Луиза Хеј, авторката на познатиот метод „Heal Your Life“, предложува 3 видови промени со цел долготрајно да го подобрите квалитетот на вашиот живот…rnrn3 видови промени за поздрав, посреќен и поисполнет животrn

    1. Спиритуални промени

    rnЗастанете и размислете. Постои спиритуален, ментален и физички пристап на промените. Но, холистичкото исцелување ги вклучува и телото и умот и духот. Токму затоа можете да почнете со промени во која било од овие области, која со себе нужно ќе повлече промени и во останатите. Кога го средувате домот, не е важно од која просторија ќе почнете, се согласувате? Важно е само да почнете, а потоа работите сами ќе го најдат своето место…rn

    2. Промени во исхраната

    rnКога ќе го започнете процесот на спиритуални промени, вие ќе сфатите дека она што го внесувате во вашето тело не само што влијае врз вашиот изглед, туку влијае и врз вашите емоции. Сè додека имате волја и желба да се развивате и да напредувате, промените сами по себе ќе се случуваат. На пример, макробиотичарите и луѓето кои јадат само сирова храна имаат сосема различни сфаќања за животот од останатите. Оние кои јадат само сирова храна, никогаш не готват, јадат житарки и леб и никогаш не користат сол. Од друга страна, макробиотичарите сосема различно ги комбинираат своите намирници и користат сол во големо количество. Но, и покрај сè, не постои еден универзален начин на правилна и добра исхрана, тоа зависи од вашиот организам, па затоа е потребно сами да го откриете она што најмногу ви одговара.rn

    3. Ментални промени

    rnЧистењето на умот од негативни мисли е слично како промената на начинот на исхрана. Овие промени се карактеризираат со долг процес на адаптација. Во секој случај, во истиот момент кога ќе започнете со промените во исхраната, вие ќе започнете и со психолошките промени. Потсетете се на моментот кога ќе завршите со оброкот. Храната е изедена, но чинијата во која сте јаделе е нечиста и треба да биде измиена. Кога ќе почнете да ја миете, нередот на момент се зголемува, предизвикувајќи таа да делува уште понечисто. Но, доколку бидете упорни и трпеливи, на крајот таа ќе биде како нова. Истото се случува и со мислите. Кога умот е преплавен со нови идеи, сè што е добро ќе исплива на површината.

  • Како да станете најсреќната личност која ја познавате?

    Како да станете најсреќната личност која ја познавате?

    Изгледа дека среќата е една од најпосакуваните и најбараните емоции во денешниот свет. Со оглед на начинот на кој живееме, секој човек во одреден момент од својот живот заборава дека таа всушност се наоѓа во нас. Трикот е да знаете како да ја ослободите. Најлесниот начин да го постигнете тоа е доколку не им дозволувате на вашите негативни мисли да ве контролираат. Токму затоа погледнете ги наредниве 5 начини на кои можете брзо и едноставно да се ослободите од сите негативни влијанија во вашиот живот и да станете најсреќната личност која ја познавате.rnrnКако да станете најсреќната личност која ја познавате?rn

    1. Погрижете се вашето слободно време да е исполнето со проекти кои ги обожавате

    rnНеискористениот ум е несреќен ум. Вие треба да го исполните вашето секојдневие со повеќе проекти кои ќе ве инспирираат и ќе ве одржуваат постојано во движење. Секако треба да имате и време кое ќе биде посветено само на вас и на одмарање, но останатите будни часови треба да ви бидат исполнети со активности кои ќе ве полнат со позитивна енергија.rn

    2. Давајте колку што можете

    rnНе постои поголема среќа од делењето комплименти, како и правењето другите да се чувствуваат посебно и сакано. Обидете се некогаш. Делењето позитивности само го зголемува вашето внатрешно чувство на среќа и добросостојба, правејќи ве многу позадоволна личност.rn

    3. Фокусирајте се и визуализирајте го она што го сакате

    rnВашиот ум може многу лесно да премине на „најлошото можно сценарио“ доколку постојано ги храните овие мисли. Токму затоа потребно е постојано да се потсетувате точно што правите и што е тоа што сакате да го постигнете. Визуализирајте ја вашата цел најјасно што можете и веднаш ќе забележите промена во вашето расположение.rn

    4. Барајте го она што го сакате

    rnБез притоа да се чувствувате виновно за тоа. Без разлика дали станува збор за подобра маса во ресторан или пак, за зголемување на вашата плата, погрижете се да бидете понаметливи, автентични и слободни! Со намалувањето на вашите желби и потреби вие го намалувате и вашето расположение. Особено во оние ситуации кога знаете дека заслужувате нешто, вие треба да се почитувате доколку сакате навистина да се изборите за тоа.rn

    5. Консумирајте инспиративен материјал секојдневно

    rnСлушајте инспиративни говори, читајте книги, гледајте магични фотографии… Без разлика на изворот на инспирација, не заборавајте секојдневно да се изложувате на оние нешта кои ви ја зголемуваат желбата за живеење. Ова е едноставен трик кој само за неколку минути може вистински да ве направи посреќни.

  • 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

    30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

    Постојат одредени ситуации со кои сите ние се соочуваме во одреден момент од нашиот живот и на кои навистина треба да им кажеме „НЕ“. Животот постојано наоѓа различни начини за да ве зароби – даноци, лоши договори, таканаречени „пријатели“ кои само ви го отежнуваат животот… Но, тој е прекраток за да бидете заробени на работа која ја мразите, прекраток за да останете во незадоволителна врска и прекраток за да го поминувате во ситуации во кои не сте среќни. Токму затоа погледнете ги следниве 30 нешта на кои мора да научите како да им кажете „НЕ“!rnrn30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrn

    1. Кажете ѝ „НЕ“ на работата која не ја сакате.

    rn(1) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrnrnНе продолжувајте да работите од 9 до 5 на место кое не можете да го поднесете.rn

    2. Кажете ѝ „НЕ“ на токсичната врска.

    rnПрифатете ја љубовта која ја заслужувате, не онаа љубов која ќе ве скрши.rn

    3. Кажете им „НЕ“ на границите.

    rnНикој не сака да живее во кутија.rn

    4. Кажете им „НЕ“ на очекувањата од вашите родители.

    rnВо вашиот живот треба да ја следите вашата страст, без разлика колку ризично им изгледа тоа на мама и тато.rn

    5. Кажете ѝ „НЕ“ на вашата потреба да добиете одобрување од другите.

    rn(2) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrnrnВам не ви е потребен никој за да ви кажува колку сте добри. Тоа треба самите да си го знаете.rn

    6. Кажете им „НЕ“ на луѓето кои ве држат во место.

    rnИ „НЕ“ на себе, доколку не си дозволувате да продолжите натаму.rn

    7. Кажете му „НЕ“ на тоа што општеството мисли дека треба да го правите со вашиот живот.

    rnВие самите треба да го најдете вашиот пат.rn

    8. Кажете „НЕ“ за трошење на вашето скапоцено време.

    rnНаправете секој момент да вреди.rn

    9. Кажете „НЕ“ за чекање други луѓе.

    rnЕдноставно немате време за тоа.rn

    10. Кажете им „НЕ“ на диетите.

    rn(3) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrnrnИ „ДА“ на храната која му е потребна на вашето тело.rn

    11. Кажете му „НЕ“ на вашиот ужасен шеф.

    rnОдбијте секојдневно да ви викаат без никаква причина.rn

    12. Кажете ѝ „НЕ“ на последната пијачка која не ја сакате.

    rnСите пијат шотови, но тоа не значи дека треба и вие да им се придружите.rn

    13. Кажете му „НЕ“ на чувството да правите што било што не сакате.

    rnАко не ви се допаѓа нешто, не правете го тоа!rn

    14. Кажете „НЕ“ на самосожалувањето.

    rnНаместо тоа, најдете начин како да се подобрите самите себеси.rn

    15. Кажете „НЕ“ за избегнување на неизбежното.

    rn(4) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrnrnИ едноставно соочете се со тешките ситуации и потоа продолжете понатаму.rn

    16. Кажете „НЕ“ за следењето туѓ пат.

    rnВие сами го резбите својот пат низ овој свет, токму затоа почнете уште веднаш.rn

    17. Кажете му „НЕ“ на скршеното срце.

    rnЗаборавете на „давењето“ и испливајте на површината.rn

    18. Кажете „НЕ“ на откажување од вашите соништа.

    rnАко се откажете од соништата, вашиот живот ќе биде залуден.rn

    19. Кажете „НЕ“ на задоволувањето со второто најдобро нешто.

    rnНе можете да го добиете она што го сакате доколку прифаќате помалку од она што заслужувате.rn

    20. Кажете „НЕ“ за рационализирање на вашите стравови.

    rn(5) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrnrnСоочете со стравовите – тие ќе ве направат посилни!rn

    21. Кажете ѝ „НЕ“ на неактивноста.

    rnСтанете од каучот, излезете од домот… Правете сè со цел да ги постигнете вашите цели.rn

    22. Кажете ѝ „НЕ“ на оградата околу вашето срце.

    rnСите ние треба да ги отвориме нашите срца со цел да бидеме способни да љубиме.rn

    23. Кажете ѝ „НЕ“ на паниката.

    rnЗапомнете, кога ќе стигнете до дното, единствениот пат надвор е кон горе.rn

    24. Кажете им „НЕ“ на луѓето кои немаат време за вас.

    rnВистинските пријатели се оние кои го менуваат својот календар за вас, без разлика на ситуацијата.rn

    25. Кажете им „НЕ“ на притисоците.

    rn(6) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrnrnЗемете го вашиот пасош и одлетајте од тука!rn

    26. Кажете „НЕ“ на чувството дека сте изгубени.

    rnНајдобрите авантури се оние кои се случуваат само кога ќе ги напуштите мапите.rn

    27. Кажете „НЕ“ на тоа да бидете подредени.

    rnНе ѝ дозволувајте на „големата риба“ да ве оттргне од успехот.rn

    28. Кажете им „НЕ“ на вашите негативни мисли.

    rnПозитивноста ќе ве одведе онаму каде што негативноста не би можела никогаш ни да замисли.rn

    29. Кажете ѝ „НЕ“ на монотонијата.

    rnСпонтаноста е добра за вашиот живот!rn

    30. Кажете му „НЕ“ на лесното.

    rn(7) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за васrnrnИ прифатете ги сите предизвици кои ќе се појават на вашиот пат.

  • 15 начини да внесете радост во вашиот живот

    15 начини да внесете радост во вашиот живот

    Издвојувајќи време за да почувствувате радост е најдобриот начин да живеете инспиративен и среќен живот секој ден. Еве неколку начини на кои можете да го постигнете тоа.rnrn10 soveti kako da vnesete radost vo vashiot zhivot-kafepauza.mkrn

    1. Легнете и размислувајте

    rnГледајќи го животот од поинаква гледна точка, може да добиете нови идеи, да се инспирирате и да ги отстраните мислите кои ве спречуваат да чувствувате радост. Издвојувајќи време да пронајдете ново место за мир и спокој во мислите, вие сте подготвени да ја почувствувате радоста.rn

    2. Скокајте

    rnПравете го тоа додека не почнете да се смеете. Ваквите движења прават да се чувствувате среќни и насмеани. Бидете си смешни на себе, бидете слободни и радосни.rn

    3. Пеење

    rnПеењето додека слушате песни, кои ве инспирираат, прават да ги почувствувате зборовите, а исто така дополнително ве ослободува од секакви мисли и значително го поправа расположението.rn

    4. Направете нешто добро за друга личност

    rnПомагајќи на друг човек си давате до знаење дека сте одлична личност, па ќе почувствувате радост токму поради тоа што сте успеале да помогнете.rn

    5. Изберете три работи и сонувајте

    rnСонувањето ви овозможува да ја погледнете иднината. Секој човек сонува, па затоа изберете сами што сакате да сонувате и правете го тоа почесто.rn

    6. Напишете порака

    rnПратете порака на ваша блиска личност, кратка и едноставна. Тоа е доволно за да предизвика насмевка на вашите лица.rn

    7. Танцувајте

    rnСо танцувањето се ослободувате од целата негативна енергија која е собрана во вашето тело, а тоа ви дозволува да се чувствувате одлично.rn

    8. Земете длабок здив, задржете го, испуштете го

    rnКолку подлабоко дишете толку повеќе го отстранувате стресот и сомнежот. Двете работи ве блокираат да чувствувате радост.rn

    9. Читајте книга 15 минути или повеќе

    rnПаузирајте со вашите обврски и почитајте книга. Книгите се одличен начин да избегате од реалноста и психички да се одморите.rn

    10. Уживајте во цветовите

    rnВо вашиот дом, градина или на друго место, обидете се одредено време да гледате во цветовите. Нивната боја и убавина го исполнуваат вашиот мозок, а со тоа радоста цвета во вас.rn

    11. Направете честитка и пратете ја!

    rnСо тоа ја будите вашата креативност, а кога ја споделувате креативноста, сфаќате колку одлична личност сте. Тоа го исполнува срцето со радост.rn

    12. Чистете

    rnЧистејќи ја работната маса или кујната, го отстранувате нередот кој ја блокира вашата радост. Тоа нека ви стане навика што ќе го подобри вашиот живот. Ќе уживате во чистотата и ќе имате можност за нови почетоци.rn

    13. Погрижете се за некоја личност

    rnПосетете некој подалечен пријател и видете како му оди во животот. Покажувајќи грижа и интерес кон другите, вие го напуштате вашиот себичен свет и на некој начин помагате, а тоа не само што ќе ги израдува нив, туку ќе ве израдува и вас.rn

    14. Одете на кафе и обновете некои пријателства

    rnЛесно е да се дозволи старите пријателствата да ни се излизгаат низ прсти и да се заборават, но затоа вие секогаш можете да посегнете и да ги вратите назад во својот живот.rn

    15. Седнете или шетајте покрај вода

    rnВодата нè инспирира и развеселува, ни овозможува полесно да дишеме и да се чувствуваме смирено.

  • Мали животни радости на кои престанавме да обрнуваме внимание

    Мали животни радости на кои престанавме да обрнуваме внимание

    Во секојдневието кое е исполнето со стрес, заради многубројните обврски коишто треба да ги завршиме, мислиме дека имаме многу малку време, и тотално забораваме на оние мали, но многу важни животни радости кои ни ги разубавуваат лошите и сиви денови. За жал, луѓето престанаа да се радуваат на малите работи во животот, а кои вредат најмногу. Затоа ве потсетуваме на оние мали животни радости на кои често забораваме, а го прават нашиот живот посреќен и поисполнет.rnrn1-mali-zhivotni-radosti-na-koi-prestanavme-da-obrnuvame-vnimanie-www.kafepauza.mk_rnrnСлавете го петок! Секогаш постoи добра причина да се придржувате до овој ритуал.rnrnОстварете ја целта која неодамна сте ја поставиле. Колку и да ви изгледа без врска, сигурно ќе ви го подобри расположението за тој ден.rnrnУживајте во сончевите денови! Ќе ги има сè повеќе, и затоа радувајте им се, бидејќи ништо не е поубаво од топол, сончев ден.rnrnФатете некого за рака. Тоа не мора да биде вашето момче или девојка, туку најдобрата другарка, сестра, мајка. Сигурно ќе се чувствувате многу подобро.rnrnНајдете време за книгата која неодамна сте посакале да ја прочитате. Велат дека зборовите кои не се читаат со текот на времето ја губат убавината, па не го дозволувајте тоа.rnrnЦенете кога некој ќе направи нешто убаво за вас без особен повод и немојте веднаш да ја барате „причината“ за таквото однесување. Не е сè така лошо во денешните луѓе.rnrnПосветете 10 минути од своето време за вежбање. Ова е добар начин за да се активирате, да го ослободите своето тело од насобраниот стрес и да придонесете за вашето добро расположение.rnrnНасмејте некого уште денес! И повторувајте го тоа секој нареден ден. Кој знае, можеби во нечија насмевка ќе го пронајдете вашиот изгубен рај.rnrnРазвивајте ја вашата креативност и уживајте во неа. Секој ден е нова прилика за да бидете покреативни од претходниот и тоа никако немојте да го пропуштате.rnrnБидете среќни кога ќе научите нешто ново. Има многу причини за тоа, зар не?rnrnУживајте во прекрасните моменти кои ги поминувате со вашето семејство. Да, вашето семејство може да биде бучно, досадно, понекогаш и напорно. Но, членовите на семејството се оние без кои не можете да поминете ниту еден ден.rnrnФантазирајте за сè и уживајте во тоа. Не дозволувајте кој било или што било да ви го одземе тоа драгоцено време поминато во фантазирање.rnrn2-mali-zhivotni-radosti-na-koi-prestanavme-da-obrnuvame-vnimanie-www.kafepauza.mk_rnrnСетете се на убавите моменти од минатото. Иако многумина ќе ви кажат дека треба да живеете во сегашноста и да размислувате за иднината, убаво е повремено да се присетувате на моментите од минатото кои ви донеле многу радости во животот.rnrnДенес џентлмените се ретки, па затоа уживајте во моментот кога некој маж ќе ви ја отвори вратата, каде било. Тоа се мали моменти кои може да ви го поправат целиот ден. Ако сте маж, направете го ова за жена.rnrnПостои нешто волшебно во преубавата насмевка на некој непознат, па затоа уживајте во неа.rnrnАко, додека шетате низ град, наидете на деца кои си играат, не поминувајте покрај нив како да не постојат туку дозволете си да се вратите во своето детство и да се сетите како вие сте играле додека сте биле деца. Скокнете двапати на ластикот, вклучете се во нивниот муабет за размена на сликички, зашутирајте ја топката која случајно застранила накај вас…rnrnДодека на радио ја слушате песната која ја сакате, не срамете се да станете и да заиграте, макар и да сте на улица. Па што ако некој ве види? Сигурно и нему ќе му го разубавите денот.rnrnИграјте ги игрите што сте ги играле како дете. Сигурно ќе ве насмеат и за момент ќе ве вратат во времето кога сте биле безгрижни.rnrnНапишете вистинско писмо. Сигурно не сте заборавиле како тоа се прави, а може и да ги најдете оние кои што сте ги пишувале и повторно да ги читате. Ќе се чувствувате преубаво. Ви текнува на Драго непознато другарче…?

  • Што ви е најважно во животот? На Лавот му е луксузот, на Ракот чувствата

    Што ви е најважно во животот? На Лавот му е луксузот, на Ракот чувствата

    Дали некогаш сте размислувале што навистина ви значи во животот? Според хороскопот, ова ви е најважно!rnrn1-shto-vi-e-najvazhno-vo-zhivotot-na-lavot-mu-e-luksuzot-na-rakot-chuvstvata-www.kafepauza.mk_rn

    Овен – Сакаат да бидат она што се, мразат преправање

    rnОвенот ја цени индивидуалноста, независноста и потребата да биде она што е. Ниту шефот, ниту партнерот или кој било друг никогаш не смеат да му кажат што да прави или како да се однесува во одредена ситуација. Тие се најнезадоволни ако се присилени да се вклопат во некои норми. Сакаат луѓето да ги сакат онакви какви што се и не прифаќаат компромиси. Нивното мото е: Да се биде!rn

    Бик – Најважно за нив е да го задржат она што им припаѓа

    rnБиковите напорно работат на која било работа што ќе ја започнат. Кога нешто ќе остварат и постигнат, тоа не сакаат со никого да го делат. Практични се, па затоа се одлични работници. Не се алчни, но се борат за своето право, за правото на своите колеги, но кога ќе стекнат нешто во материјална смисла сметаат дека имаат потполно право над тоа. Никогаш не се откажуваат од своите работи… дури ниту поради љубовта. Нивното мото е: Да се има!rn

    Близнаци – Најважна за нив е слободата на мислење

    rnНивниот брилијантен ум им е пасош кон светот. Во своите мисли може да заминат каде што ќе посакаат. Идеите им се волшебни. Ако некој им каже дека премногу размислуваат и дека треба да бидат попрактични, смртно ќе се навредат. Нивното мото е: Да се мисли!rn

    Рак – Најважни им се чувствата

    rnРаковите се забавни и игриви однадвор, но нежни однатре. Најмногу сакаат да уживаат во своите чувства. Нивното мото е: Да се чувствува!rn

    Лав – Најважно им е да се покажат во вистинско светло

    rnЛавовите се најубави, најхрабри и најсилни суштества на земјата. Но, мора да имаат можност тоа да им го покажат и на другите. Важно им е никој да не им го одземе нивниот луксуз. Секогаш мора да бидат во центарот на вниманието. Нивното мото е: Да се посакува!rn

    Девица – Најважно за нив е да можат да донесуваат одлуки

    rnДевиците се аналитичари. Способни се да ги забележат најситните детали, па затоа им е многу важно на нив да им се додели правото за да ја донесат конечната одлука. Се борат за слободата на мислење, но најважно им е да соберат многу податоци, по можност од различни извори. Нивното мото е: Да се анализира!rn

    Вага – Најважно за нив е да ги задоволат другите, но и себе

    rnРамнотежата на идеите за Вагите е идеална состојба. На нив им е нужно тие да одлучат што е најдобро. Но, никогаш не претеруваат. Колку се борат за себе, толку се борат и за другите. Секое поле од животот им е важно: работата, кариерата, семејството… Нивното мото е: Да се постигне рамнотежа!rn

    Скорпија – Најважно за нив е да го добијат она што го сакаат и кога го сакаат

    rnСкорпиите се најиздржливиот знак во хороскопот. Тие точно знаат што сакаат и можат да издржат многу работи за да го добијат. Мислат дека потполно го заслужуваат тоа и ако не го добијат не можат да бидат среќни. Нивното мото е: Да се заслужи!rn

    Стрелец – Најважно им е да истражуваат и да ја видат целата слика

    rnСтрелците најчесто се спонтани и го прават она што го сакаат. На нив многу им е важно да се забавуваат. Не сакаат сериозни теми, па во секоја ситуација внесуваат хумор. Нивното мото е: Да се види!rn

    Јарец – Најважно за нив е од лимонот да направат лимонада

    rnТие имаат моќ да искористат и да најдат намена за сè околу нив. Важно е да можат да го изберат она што мислат дека може да го изберат. Не им е секогаш лесно, но не се предаваат. Нивното мото е: Да се поправи!rn

    Водолија – Најважна им е слободата, за сè!

    rnТие се оригинални и прагматични. Често знаат да шокираат, но и да расветлат, научат, објаснат и разберат. Се борат за сите видови слобода и никого не осудуваат. Нивното мото е: Да се знае!rn

    Риби – За нив најважно е следењето на своите соништа

    rnРибите ја ценат и барат слободата на мислите и говорот. Визионери се и многу им е важно да го следат она во кое веруваат. Одземете им ја вербата и тоа е исто како да оставите риба на суво. Рибите сакаат да веруваат дека сите се на иста страна. Нивното мото е: Да се верува!

  • 5 причини зошто туѓото мислење не смее да ви биде важнo

    5 причини зошто туѓото мислење не смее да ви биде важнo

    Човековата природа е таква што секој човек посакува да биде сакан од што е можно поголем број луѓе. Од една страна тоа е во ред, но некогаш знаеме да ги преминеме границите и да направиме нешто што би ги загрозило нашето его и интегритет само за да задоволиме нечии потреби.rnrnВсушност, тоа зависи од тоа колку очајно ви е потребно туѓото одобрение, колкава среќа и задоволство тоа ви носи и колку сте спремни да ризикувате и вложите поради тоа задоволство. Ако сѐ уште сметате дека вреди да се направи секаква жртва поради тоа мало задоволство, погледнете ги овие 5 причини зошто туѓото мислење не треба да влијае врз вас и повторно размислете.rnrn0-5-pricini-zosto-tugjoto-mislenje-ne-smee-da-vi-bide-vazno-kafepauza.mkrn

    1. Луѓето веруваат само во она во што тие сакаат да веруваат

    rnОва е многу важна животна лекција која сите ја учиме порано или подоцна. Можете да бидете најсовршеното човечко суштество на планетава (иако такво не постои) и пак некој да ве мрази. Честопати на сите низ главата ни поминуваат мисли од типот: „Дали нешто погрешно направив?“, „Можеби ако се потрудам да изгледам поубаво ќе имам подобри резултати“ или „Можеби не се трудам доволно?“ Ваквото размислување може само да ви наштети. Факт е дека без разлика што ќе направите, секогаш, некому нешто ќе му смета. Нема начин и нема потреба да го промените тоа, само да го прифатите. Колку побрзо го прифатите ова, толку полесен ќе ви биде животот.rn

    2. Не треба да ве интересира што луѓето мислат за вас

    rnКолку повеќе се грижите што луѓето мислат за вас, толку повеќе тоа штетно ќе влијае врз вашата психа. Ако вашето гледање на животот се темели на туѓото мислење, тогаш таквите мисли лесно ќе преминат и во ваши. Дали навистина сакате да бидете скулптура која ќе оставите други да ја моделираат наместо вас? Дали навистина сакате туѓите очекувања за вашиот живот да станат ваш приоритет?rnrnБидете слободни, размислувајте и дејствувајте онака како што вие сакате. Исто како што вашите мисли за другите луѓе се само ваши, така и туѓите мисли за вас се само нивни и тие треба најмалку да ве интересираат вас.rnrn1-5-pricini-zosto-tugjoto-mislenje-ne-smee-da-vi-bide-vazno-kafepauza.mkrn

    3. Луѓето не се грижат ни приближно толку многу колку што вие мислите

    rnЌе бидете озборувани, осудувани и критизирани, особено ако имате среќа да бидете популарни и интересни личности. Но тоа не смее да допре до вас. Тешко е да се признае, но вистината е дека човекот е себично суштество.rnrnНе секогаш тоа е негативно, но секој човек се труди да си посвети што е можно повеќе внимание на себеси. Па значи, доаѓаме до заклучок дека додека се ние грижиме што луѓето мислат за нас, тие всушност се преокупирани со себеси за да мислат на некој друг.rn

    4. Ничие одобрение не ви е потребно

    rnЧувството да сме обожувани, пофалени и да ни се восхитуваат е прекрасно. Секој човек кој ќе ви рече дека пофалните зборови не му годат, знајте дека ве лаже. Да добиете одобрение и пофалба за направеното или реченото е одлично, но бидејќи не можете да контролирате ничие мислење, на крај тоа може да ве полуди.rnrnМора да сфатите дека вам всушност ничие одобрение не ви е потребно. Се работи за вашиот живот, затоа и одлуките треба да бидат ваши. Од голема важност е да разберете дека без разлика што ќе направите и како ќе го направите, секогаш, ама баш секогаш ќе постои некој кој ќе ви противречи и ќе ви се спротивстави. Затоа што и да правите, правете го за вас.rn

    5. Луѓето кои замеруваат не се важни, оние кои се важни не замеруваат

    rnПостои нешто што нѐ тера да ги натераме да нѐ сакаат оние на кои не им се допаѓаме. Можеби тоа го сметаме како предизвик, или сакаме да им докажеме дека грешат, но без разлика на сето тоа, ова е бескраен круг кој води кон многу повеќе разочарување отколку лично задоволство.rnrnЗошто би се занимавале со таквите луѓе, кога постојат луѓе кои ве прифаќаат и поддржуваат онакви какви што сте? Некогаш толку многу се фокусираме на тоа луѓето да нѐ сакаат, што ги занемаруваме оние кои се секогаш тука. Овие луѓе се најважните во вашиот живот, затоа што тие се тука, без разлика на сѐ. Да ве поддржат, да ве сакаат и да се грижат за вас. Нив никогаш не мора ништо да им докажувате нити пак да ги импресионирате. Тие се импресионирани од самите вас, онакви какви што природно сте. Кога ќе ги пронајдете ваквите луѓе посветете им го вашето внимание наместо да се трудите секому да му се допаднете.rnrn2-5-pricini-zosto-tugjoto-mislenje-ne-smee-da-vi-bide-vazno-kafepauza.mk