КАФЕ ПАУЗА

Tag: исполнетост

  • Терапија за душата: Правила по кои сите ние треба да живееме

    Терапија за душата: Правила по кои сите ние треба да живееме

    Дури и кога би добиле сè што сакаме, не можеме да бидеме сигурни дека ќе бидеме среќни. Од друга страна пак, доколку не ни се случува тоа што не го сакаме, тогаш без сомнение можеме да се доближиме до среќата. Погледнете ги следниве правила на однесување кои можат да ви помогнат да ја зајакнете вашата душа и да се исполните со позитивна енергија.rnrnТерапија за душата: Правила по кои сите ние треба да живеемеrn

    Што никогаш не треба да правите?

    rn

      rn011

    • Никогаш не се расправајте.
    • rn011

    • Никогаш не го повишувајте вашиот глас.
    • rn011

    • Никогаш не се откажувајте.
    • rn011

    • Никогаш не очајувајте.
    • rn011

    • Никогаш не ѝ се предавајте на вината.
    • rn011

    • Никогаш не лажете.
    • rn011

    • Никогаш не бидете гневни,
    • rn011

    • Никогаш не правете добрина само за да добиете нешто за возврат.
    • rn011

    • Никогаш не прифаќајте здраво за готово сè што ќе ви биде кажано.
    • rn011

    • Никогаш не бидете вообразени.
    • rn

    rn

    Што никому не треба да правите?

    rn

      rn011

    • Никому не завидувајте.
    • rn011

    • Никому не ласкајте.
    • rn011

    • Никому не се одмаздувајте.
    • rn011

    • Никому не говорите грубости.
    • rn011

    • Никому не ветувајте нешто што не можете да исполните.
    • rn011

    • Никому не се фалите.
    • rn011

    • Никому не бидете товар.
    • rn011

    • Никому не памтите зло.
    • rn011

    • Никому не одговарајте зло со зло, туку со добрина.
    • rn011

    • Никому не посакувајте нешто што не го посакувате за себе.
    • rn

    rn

    Што секојдневно треба да избегнувате?

    rn

      rn011

    • Избегнувајте да навредувате.
    • rn011

    • Избегнувајте да презирате.
    • rn011

    • Избегнувајте да се жалите.
    • rn011

    • Избегнувајте да се муртите.
    • rn011

    • Избегнувајте да исмејувате.
    • rn011

    • Избегнувајте да осудувате.
    • rn011

    • Избегнувајте да се сметате себеси за најдобри (или најлоши).
    • rn011

    • Избегнувајте да не внимавате.
    • rn011

    • Избегнувајте да озборувате.
    • rn011

    • Избегнувајте да имате идоли.
    • rn

    rn(1) Терапија за душата: Правила по кои сите ние треба да живеемеrnrnПонекогаш имаме тенденција без потреба да ги комплицираме нештата иако едноставното решение е веднаш пред нашиот нос. Сè што треба да направиме во овие ситуации е да се потсетиме што луѓето навистина сакаат, а што не и на тој начин без сомнение ќе ја пронајдеме нашата среќа, но ќе им помогнеме и на оние околу нас да бидат посреќни.rn

    Што сакаат луѓето?

    rn

      rn011

    • Добар однос.
    • rn011

    • Почитување, љубов.
    • rn011

    • Бескрајна среќа и млад живот.
    • rn011

    • Задоволства и забава.
    • rn011

    • Слава, пари и богатство.
    • rn011

    • Среќа во семејството.
    • rn011

    • Вкусна храна.
    • rn011

    • Накит, убава и модерна облека.
    • rn011

    • Одмор и патувања.
    • rn011

    • Голем имот.
    • rn011

    • Одлично здравје.
    • rn011

    • Брзо задоволување на своите желби.
    • rn011

    • Добар впечаток во очите на другите.
    • rn

    rn

    Што не сакаат луѓето?

    rn

      rn011

    • Грубост, потценување, невнимание.
    • rn011

    • Мразење и гнев, стареење, болест и умирање.
    • rn011

    • Да се биде во сенка.
    • rn011

    • Сиромаштија и беда, гладување.
    • rn011

    • Лоша облека.
    • rn011

    • Напорна работа.
    • rn011

    • Постојано поминување време на едно место.
    • rn011

    • Мал имот.
    • rn011

    • Физичка болка и патење.
    • rn011

    • Исчекување.
    • rn011

    • Лош изглед.
    • rn

  • Неверојатна музичка комбинација од „Hello“ на Адел и Реквиемот на Моцарт

    Неверојатна музичка комбинација од „Hello“ на Адел и Реквиемот на Моцарт

    Музичката композиција „Chello“ која ги комбинира „Hello“ и „Lacrimosa“ од познатиот Реквием на Моцарт е еден креативен, музички експеримент кој ги спојува духовноста на 18-от век и секуларизмот на 21-от век. Како што може да се забележи и двете композиции биле тежок предизвик за феноменалните музичари на групата „The Piano Guys“. Едната се развлекува во широк, минорен 12/8-ски такт, додека другата плови во едно поживо темпо. Едната композиција ја влече силата од исполнетоста на грандиозниот рефрен и оркестарот, а другата од изолацијата на едногласноста и пијаното. Заедно го делат истото фундаментално чувство – „Lacrimosa“ ја оплакува духовната смрт, а „Hello“ ги оплакува љубовните маки. Различни светови, различни векови, иста емоција.rnrnНеверојатна музичка комбинација на „Hello“ на Адел и Реквиемот на МоцартrnrnПри крајот на мелодијата може да се слушне обидот двете композиции да се сретнат во средината, каде што нивните текстурни ноти се спојуваат. Во своите посебни приказни, и двете мелодии го бараат помирувањето. Ниедна не може да го пронајде, но заедно имаат уште една шанса. Звуците кои ги слушаме биле создадени од 100 траки на акустично и електрично виолончело, додека видеото е снимено во познатиот Туакански амфитеатар и за него се употребени многу огледала, ладна магла и силно светло. Во продолжение слушнете ја мелодијата која ќе ви ги разигра сетилата.rnrn

  • Мали работи кои секојдневно би требало да ги правите за себе

    Мали работи кои секојдневно би требало да ги правите за себе

    Затрупани сме со безброј обврски, изгубени сме во планови и задачи, оптоварени сме со приватни проблеми… Ништо чудно што честопати забораваме на себеси. Во тој случај, неопходен ни е издувен вентил за да успееме сето тоа да го издржиме. Затоа не заборавајте дека е потребно секој ден да си овозможувате мали ритуали кои ќе ве исполнат, усреќат и ќе го направат вашиот живот попозитивен, полесен и поздрав.rnrn1-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_rnrnЗапомнете: Секој ден е нов почеток! Не дозволувајте лошите работи од вчера да ве следат и денес. Денес имате можност да направите сè подобро. Секое утро правете го она што го сакате и што ве полни со позитивна енергија, без разлика дали станува збор за овошна салата, омилената песна, трчање или нешто друго! Ако секој ден го започнувате со насмевка на лицето, тогаш таа ќе се задржи до крајот на денот.rnrnАко можете да завршите некоја обврска за неколку минути, тогаш не ја одложувајте и завршете ја веднаш. Само затоа што ви е потребно малку време, тоа не значи дека треба да ја одложите. На крај ќе ја заборавите, а можеби станува збор за нешто важно. Да, и ќе се изнервирате.rnrnСекојдневните навики се многу поважни од она што го правите „еднаш во сто години“. Тие на вашиот живот му го даваат потребниот ред и стабилност.rnrn2-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_rnrnСекогаш бидете добри кон луѓето, дури и кога тие не се однесуваат така кон вас. Не собирајте негативна енергија.rnrnКога работите нешто на компјутер, не заборавајте да направите пауза и да го фокусирате својот поглед кон нешто друго, што не е екран. И на вашите очи им е потребен одмор.rnrnПокрај креветот ставете некој мек теписон во весели бои. Оваа ситница ќе направи вашето будење да биде многу попријатно.rnrn3-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_rnrnМакар еднаш дневно отспијте малку. На овој начин ќе се опуштите, ќе се одморите и ќе си помогнете да се „изборите“ со остатокот од денот. Ако немате можност да отспиете, во тоа може да ви помогне шолја од омилениот чај или кафе.rnrnСекогаш кога разговарате со луѓето бидете потполно фокусирани и посветени на разговорот. Опуштете се и бидете спонтани, немојте да размислувате што ќе кажете следно.rnrnАко ви е тешко да станете наутро и тоа ве нервира многу, ставете го вашиот аларм малку подалеку од креветот. Кога тој ќе почне да ѕвони, ќе морате да станете за да го исклучите. Веројатно нема да ви падне на памет после тој напор повторно да се „фрлите“ во кревет.rnrn4-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_rnrnЈавете им се на пријателите со кои се немате слушнато долго време и организирајте некоја средба. Сигурно ќе ви годи, а тие ќе се израдуваат што сте се сетиле на нив.rnrnПрочитајте некој добра книга. Сè што ќе прочитате на некој начин ве менува и надградува.rnrnСмејте се. Смејте се што повеќе и што почесто.rnrn5-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_

  • Како да станете подобра личност без воопшто да се трудите?

    Како да станете подобра личност без воопшто да се трудите?

    Понекогаш ситниците, оние малите нешта кои никој не ги забележува, се токму тие кои можат да ве дефинираат како личност. Едноставно треба да одвоите малку време и да се насочите кон себе доколку сакате да станете подобра личност. Погледнете ги следниве 4 начини на кои можете да го сторите тоа, без воопшто да се трудите…

    rn

    Како да станете подобра личност без воопшто да се трудите?

    rn

    1. Направете нешто позитивно за себе

    rn

    Едно од најдобрите нешта кои можете да ги направите за човештвото е да се грижите за себе. Имајте на ум дека доколку вие имате лош ден, постои некој човек на оваа планета кој го има најдобриот ден во својот живот. Па, зошто оваа мисла да не ви служи како инспирација и вие да го подобрите вашиот ден? Прочитајте инспиративен цитат и потсетете се дека дури и во најлошите времиња постои нешто добро. Како што велат, светлината секогаш се наоѓа на крајот од тунелот.

    rn

    2. Не ги чувајте комплиментите во себе

    rn

    Луѓето многу често ги земаат своите пријатели здраво за готово. Не постои сомнеж дека вие го мислите најдоброто за вашите најблиски, но понекогаш добро е доколку и со зборови го искажете тоа. Пофалете ги за нивниот успех или пак, за добро завршената работа. Можете дури и да им дадете комплимент за новиот часовник или за чевлите. Не го чувајте во себе восхитот кој го чувствувате за нив. Дури и едноставната порака која гласи: „Еј, те сакам“ може многу позитивно да влијае на вашиот однос.

    rn

    3. Правете ги нештата без да очекувате ништо за возврат

    rn

    Најлошото во овој модерен начин на живеење е тоа што сите ние сме научиле да очекуваме нешто за возврат за нашите дела. Скоро сè што правиме може да се сведе на листата „Што добивам јас од ова?“ Зошто? Сите ние се бориме под истите соѕвездија. Вам не ви е потребна причина за добро дело. Кога се ослободувате од идеја дека некој мора да направи нешто за вас, добивате чувство на слобода кое ви овозможува да направите апсолутно сè.

    rn

    4. Размислете за вашите дела

    rn

    Еден од најмоќните чекори кои можеме да ги направиме во нашиот живот е доколку размислиме пред да делуваме. Доволни ви се само 10 секунди да се запрашате како вашите зборови или дела ќе влијаат врз другите или пак, врз светот. Би се изненадиле колку различни начини на реагирање би откриле. Вие можете да ги поминете следните 60 секунди од вашиот живот во бесцелно или несоодветно повредување на друга личност или самите себеси, или можете да ја претворите оваа минута во момент кој ќе вреди. Тоа е ваше време, ваше однесување и ваши последици. Бидете мудри.

    rn

  • 4 начини на кои можете да започнете со живот без каење

    4 начини на кои можете да започнете со живот без каење

    Без разлика кој пат ќе го одберете, секогаш ќе постои глас во вашата глава кој ќе ве прашува „Што ако?“ Што ако пропуштите нешто? Што ако не постапите правилно? Што ако не успеете? Овие мисли водат кон каење и најчесто влијаат врз вашата самодоверба и ве спречуваат да го одберете вистинскиот пат за вас. Токму затоа погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да започнете да живеете без каење и целосно да се заљубите во вашиот живот.rnrn4 начини на кои можете да започнете со живот без каењеrn

    1. Визуализирајте ги вашите цели

    rnОткријте точно што сакате, каде одите и како да стигнете таму. Еден од најдобрите начини да го направите ова е да се опкружите со инспиративни луѓе кои се подготвени да го споделуваат своето знаење и искуство. Учете и растете од оние кои оделе низ истиот пат како и вас, но не ги ставајте на пиедестал. Ако некој ви каже нешто што прави да се чувствувате лошо за себе, ослободете се од него.rn

    2. Избегнувајте ја туѓата драма

    rnСите ние ја создаваме нашата животна приказна и живееме според неа. Токму затоа и некои луѓе преферираат да останат во жанрот драма. И само затоа што тие ви ги раскажуваат своите проблеми, не значи и дека сакаат да им помогнете. Дозволете им да си најдат сопствени решенија за нивните проблеми.rn

    3. Грижете се добро за себе, емоционално и физички

    rnМожеби се чувствувате како да ги ставате потребите на сите останати пред вашите или пак, не се грижите доволно за себеси. Но, ваша одговорност е да ги негувате вашите емоционални, спиритуални и физички потреби. Начинот на кој вие се однесувате кон себе влијае врз начинот на кој целиот свет се однесува кон вас. Направете ги оние одлуки кои се правилни за вас, не за сите останати. Со донесувањето одлуки од страв, почит или вина нема никому нема да помогнете на долг рок, а особено не себеси.rn

    4. Живејте го вашиот живот позитивно

    rnЗапочнете го денот со прашањето „Како можам да направам разлика денес?“ Ова ќе ви помогне да се фокусирате на оние нешта кои љубите да ги правите и во кои сте добри. Кога ќе му пристапите на денот на овој начин вие имате поголеми шанси да започнете со мисија наместо да се чувствувате здодевно, преплавено или како да сте завршиле со тоа. Вие секој ден имате можност да направите нешто големо, само бидете оние кои навистина сте и искористете го тоа во ваша корист за да направите некаква промена, без разлика дали е мала или голема.

  • Единствените 3 избори кои треба да ги направите со цел да бидете вистински среќни

    Единствените 3 избори кои треба да ги направите со цел да бидете вистински среќни

    Најпрво треба да сфатите дека вие сте оние кои имаат контрола врз среќата во вашиот живот. Вие ги одбирате вашите реакции и вие сте автори на вашата приказна. Исто така, секогаш имате избор. Дури и во оние моменти кога ви изгледа дека сте заглавени на лошо место без излез. Погледнете ги следниве 3 избори кои ги имате за сите нешта со кои се сретнувате во вашиот живот и доколку запомните дека тие се секогаш тука, вие многу подобро ќе се справувате со вашите потешкотии и ќе бидете далеку посреќни од претходно.rnrnЕдинствените 3 избори кои треба да ги направите со цел да бидете вистински среќниrn

    1. Прифатете ја ситуацијата онаква каква што е

    rnДоколку не ја работите онаа работа која ја сакате и одберете да ја прифатите бидејќи знаете дека во моментов ви е навистина потребна, тогаш ќе престанете да се жалите и ќе ја погледнете ситуацијата од сосема нова перспектива. Наместо да барате маани, вие ќе почнете да ги гледате позитивните страни на оние нешта кои во моментов не ви се допаѓаат, а со тоа и ќе станете многу посреќна личност.rn

    2. Променете ја ситуацијата

    rnДа се задржиме на истиот пример од претходно, со работата која не ви се допаѓа. Можеби ви изгледа како невозможно во моментов да ја промените таа ситуација, но реалноста е далеку од тоа. Направете промена така што ќе разговарате со вашиот шеф и ќе предложите нови идеи за поголемо задоволство на работата. Целта е да направите одлука да останете во моменталната ситуација, додека истовремено работите на тоа да ја направите подобра за вас.rn

    3. Ставете крај на ситуацијата

    rnИмајте на ум дека секогаш постои избор. Дури и да ви изгледа како да нема, доколку сте доволно храбри широко да ги отворите вашите очи, брзо ќе сфатите дека за сè постои решение. Ако вашата моментална работа повеќе ви одмага одошто ви помага, тогаш зошто да продолжите да ја работите? Но, донесете ја оваа одлука по смирено и логично размислување за вашата моментална ситуација и секогаш имајте ја на ум вашата среќа на долг рок. Не одлучувајте ништо во момент на фрустрација или очај, бидејќи тогаш не размислувате трезвено и големи се шансите дека ќе донесете погрешна одлука.

  • Корисни совети кои ќе ви помогнат да откриете што навистина сакате да правите во животот

    Корисни совети кои ќе ви помогнат да откриете што навистина сакате да правите во животот

    Во секој човек има страст и љубов кон некоја работа, желба да прави нешто што ќе го исполнува и ќе му нуди неверојатно чувство на задоволство и мир. Но, не секој го открива тоа во ист период од својот живот. Некои знаат уште од мали деца, некои луѓе стануваат свесни кога се веќе во своите 20-ти години, а на некои им треба малку повеќе време, инспирација и соодветен сплет на околности. А ако сте и вие меѓу овие последните, тогаш следниве неколку совети ќе ви помогнат малку да го забрзате процесот кон откривање на она што навистина сакате да го правите во животот.rnrn(1)-korisni-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-shto-navistina-sakate-da-pravite-vo-zhivotot-kafepauza.mk.jpg-rn

    Верувајте дека вашиот „вистински повик“ ве бара вас, како што и вие го барате него

    rnМожеби нема да се случи веднаш, ниту, пак, во блиска иднина, но факт е дека ќе дојде моментот кога ќе се соочите со вашиот „вистински повик“. И тогаш, тоа чувство дека нешто недостасува ќе исчезне бидејќи ќе знаете дека тоа што сакате да го правите конечно ви е на дофат на рака.rn

    Форсирањето на процесот на откривање воопшто нема да ви помогне

    rnНо, може да ве одведе на погрешна патека. Сите нервози и цела таа нестрпливост нема да ве одведат далеку, освен во насока каде повеќе нема да си се допаѓате ни на самите себе. Немојте да ја туркате работата, бидете стрпливи и сѐ ќе си дојде на свое место кога ќе биде време за тоа.rn

    Земете го предвид начинот на кој сте се справиле со најтешката ситуација во вашиот живот

    rnВелат дека храбри се оние луѓе кои колку пати и да паднат, повторно стануваат на нозе и продолжуваат со крената глава. Дури и во најтешките моменти, тие луѓе нашле начин како да се справат со проблемите и така станале посилни и поиздржливи. И вие сигурно сте имале таква ситуација во вашиот живот. Размислете за тоа како сте ја решиле ситуацијата, на кој начин сте си помогнале себеси и што вие сега може да му понудите на надворешниот свет на база на научените лекции.rn

    Следете ги нештата кои ви носат задоволство

    rnКога нешто ви се допаѓа, тогаш тоа го правите со љубов и чувство на едноставност. Не може да се сопрете и не ни сакате, едноставно уживате во тоа. А кога нешто ви причинува напор или пак, не чувствувате како нешто да ве влече да го правите тоа, тогаш веројатно не треба ни да го правите. Вие не го сакате тоа, тоа не е вашиот повик. Бидејќи да беше, вие ќе се чувствувате како да играте некоја игра, а не како да сте заглавени во реалноста. Не е лесно и нема да биде, ќе чувствувате страв и можеби паника, но следејќи ги нештата кои ви носат задоволство, кога-тогаш ќе го пронајдете тоа што го барате.rn

    Пронајдете ја последната работа која навистина ве исполнувала

    rnМожеби не знаете во која насока треба да одите, но знаете од каде сте дошле и тоа можете да го искористите во ваша полза. Прочепкајте во минатото, одете чекор по чекор од сегашниот момент, па наназад и најдете ја последната работа која додека сте ја правеле, сте чувствувале вистинско задоволство. А кога ќе ја најдете, размислете што ви кажува таа, како може да ја искористите и каде може да ве однесе. Можеби сега ги гледате работите од малку поинаква перспектива.rn

    Престанете да размислувате

    rnКога нешто посакуваат и очекуваат, луѓето имаат тенденција премногу да размислуваат за тоа. Потрагата по „вистинскиот повик“ не е ништо поразлична. А колку повеќе размислувате за нешто што не сте ни сигурни што е, тогаш многу е поверојатно дека кога тоа навистина ќе дојде, нема ни да го забележите.rn

    Препуштете се

    rnДобро е да се има план, но не секогаш можете да предвидите што сѐ животот решил да ви постави на патот. Затоа, едноставно и лесно препуштете се на спонтаното, на она што не ви е познато. И не секогаш ќе испадне како што сте сакале или замислувале. Па што? Тоа е животот – непредвидлив во секоја смисла на зборот. Препуштете се, можеби токму тоа ќе ве одведе кон она што сакате да го правите во животот.rn

    Подарете си слобода да се чувствувате лудо

    rnВеројатно инстинктите кои ќе ве одведат до вашиот „вистински повик“ ќе направат да се чувствувате како да сте полуделе. Ќе мислите дека целосно сте застраниле од патот по кој треба да одите, но баш тоа е убавото и возбудливото, нели?! Подадете се кон различното, колку и да се чувствувате луди додека го правите тоа. Тоа е добар знак.rn

    Одберете нов претставник за „другите“ во вашиот живот

    rnНе постои човек на светот кој помалку или повеќе не се оптоварува со тоа што другите размислуваат за него. Но оставајќи другите да судат за тоа што ви се случува во животот и што правите со него и не е секогаш најдобра идеја. Да, нормално е да ве интересира мислењето на вашите блиски, биле тоа членови на семејството или пријателите, но некогаш ви е потребна поинаква перспектива, друг водич, нова инспирација. Најдете го тоа во друга личност, објект на ваше верување, духовен или религиозен водич или што и да ви паѓа во моментов на ум. Потребно ви е.rnrnНо најмногу, следете ја својата интуиција. Најчесто е во право.

  • Живејте живот од бајките: Направете ги овие 3 чекори и среќата сама ќе дојде

    Живејте живот од бајките: Направете ги овие 3 чекори и среќата сама ќе дојде

    Во животот постојат нешта кои обожаваме да ги правиме, но и исто така има и нешта од кои бегаме колку што нè држат нозете. Но, тоа што можеби не го знаете е дека токму соочувањето со овие „демони“ може да ви го овозможи клучот за среќен и квалитетен живот. Токму затоа погледнете ги следниве нешта кои едноставно мора да ги направите со цел да живеете поопуштено, послободно и што е најважно, со насмевка на вашето лице.rnrnЖивејте живот од бајките: Направете ги овие 3 чекори и среќата сама ќе дојдеrn

    Мора да продолжите понатаму

    rnПродолжувањето е тешко бидејќи прави притисок на вашето срце и душа. Луѓето сакаат познати нешта и ситуации, а одвојувањето од истите предизвикува страв и тага. Понекогаш токму затоа и остануваат покрај личности кои ги прават несреќни, а со тоа и се насочуваат уште подалеку од својата среќа. Многу е важно да продолжите понатаму бидејќи на тој начин ќе се ослободите од тоа што не е добро за вас и ќе си отворите пат кон поубава иднина со помалку солзи, а повеќе насмевки. Бидете храбри и направете го првиот чекор.rn

    Мора да најдете време

    rnИсклучително е важно да одвоите време за оние нешта кои ве развеселуваат и исполнуваат. Немојте само да гледате како поминува вашиот живот покрај вас, туку преземете ги нештата во свои раце. Времето е многу драгоцено, а најлошото нешто што може да ви се случи е на крајот од вашиот живот да жалите за моментите кои не сте си ги посветиле себеси, на саканите и на оние нешта кои ве развеселуваат.rn

    Мора да љубите

    rnДа сакате и да бидете сакани е една од основните човечки потреби. Сепак, понекогаш умот превладува и доаѓаме до заклучок дека љубењето нешто или некого не е многу „паметно“. Од друга страна, постои и страв од неуспех и невозвратена љубов кои се целосно ирационални бидејќи ако не пробате, како би знаеле дали нешто ќе се случи или не? Можноста за љубов не доаѓа секој ден, па затоа бидете спремни кога таа конечно ќе се појави и храбро прифатете ја. Чувството е необјасниво.

  • Вашата цел не е да им служите на мажите: 6 заповеди наменети за сите жени

    Вашата цел не е да им служите на мажите: 6 заповеди наменети за сите жени

    Откако ќе стапат во брак и ќе родат дете, многу дами забораваат на себе и своите потреби. Токму тоа е нешто што никогаш не смеете да го дозволите, бидејќи во спротивно вашиот живот ќе стане неподнослив. Со цел да ја спречите појавата на оваа состојба на неисполнетост и стрес, вие мора секојдневно да се борите за да бидете среќни. Еве како можете да го направите тоа…rnrnВашата цел не е да им служите на мажите: 6 заповеди наменети за сите жениrn

    1. Правете сè со леснотија и љубов

    rnКако што велат филозофите – тоа што е внатре, истото е и надвор. Ако на сè се радувате и уживате во секој момент од животот, вие ќе станете исто толку убави и привлечни за сите околу вас. Вашето добро расположение е како кругови на површината од вода, тие започнуваат од вас, а се шират кон сите останати. Не заборавајте дека покрај среќните мајки живеат и среќни деца, додека покрај среќните жени живеат среќни мажи.rn

    2. Никому ништо не должите

    rnНаместо едноставно да се ослободите од оние нешта кои не ги сакате, вие се нервирате себеси, ги нервирате сите останати и се претворате во огорчени жени. Никој не ве тера да робувате во кујна, правејќи 5 различни оброци за 1 ручек. Време е да заборавите на верувањето дека без добар ручек на маса вашиот сопруг ќе ве остави, а децата ќе ви умрат од глад, бидејќи токму тоа ве гуши и ве спречува да бидете среќни.rn

    3. Не се грижите за туѓото мислење

    rnЕдинственото нешто кое е навистина важно е тоа што вие го мислите за себе. А мислењето за себе треба да ви биде само убаво. Ако некој размислува различно, тоа е нивен проблем. Секоја жена треба да го бара совршенството само во своите очи, а не во очите на другите. Добро држење, лесно одење, подигната брада… Зарем според овие карактеристики некој ќе се посомнева дека сте богиња, совршена и среќна жена? Не.rn

    4. Носете женствена и привлечна облека дури и кога сте со дете во своите раце

    rnКај нас постои навика жените да се дотеруваат кога излегуваат од дома, одат на работа или на гости. Кога се дома, тие се во пижами, без грам шминка на своето лице. Но, погледнете ги малку ориенталните дами. За другите луѓе тие не мора да се дотеруваат, но кога се дома сами, со сопругот или пријателите, тие изгледаат како кралици. И сè тоа го прават за себе. Златно правило, се согласувате?rn

    5. Целта на жените не е да ги служат мажите, туку да ги инспирираат

    rnДомаќинка и жена, тоа не е истото нешто. Домаќинката е со престилка и лажица за мешање во својата рака која постојано е под стрес и се грижи, додека жената е онаа која има моќ да ја развесели куќата, да се претвори во инспирација и да направи сè што ќе посака. Девојки, вклучете ја вашата фантазија и можете да бидете сè што ќе посакате. Движете се повеќе, запишете се на танц, грижете се за вашето тело.rn

    6. Вие постоите и тоа е доволно за среќа

    rnДоколку постојано со сè се согласувате, се чувствувате криво, несреќно, тажно и ја потиснувате вашата индивидуалност, тогаш брзо ќе се изгубите. Време е да почнете да се сакате онакви какви што навистина сте и да му се радувате на животот доколку сакате да живеете исполнето. Вие можете слободно да ги трошите вашите пари онака како што сакате, без грижа на совест. Вие можете слободно да се спуштите со бели пантолони низ тобоган за деца. Вие можете слободно да излезете со пријателките во онаа облека која ви се допаѓа. Кој вели дека не можете да направите ништо од тоа што го посакувате за да бидете среќни?

  • Време е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

    Време е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

    Многу често луѓето си дозволуваат ситници да им влијаат врз нивното расположение. Уште почесто се случува тие да потклекнат на релативно површна „тага“ со надеж дека ќе најдат вистинска „среќа“. Но, токму тука е грешката. Сите ние тежнееме кон среќа. Сите ние мислиме дека доколку имаме сè ќе бидеме среќни. Ние ги гледаме другите луѓе како се смеат и се прашуваме зошто тие имаат нешто што ние немаме. Но, постојаната среќа не постои. Никој не е среќен без прекин. Дури ни мажот во скапо одело чија прва љубов се парите и кој заработува милиони. Дури ни писателот кој обожава да пишува повеќе од сè и го плаќаат да го прави тоа. Лесно е да се каже „Ќе бидам среќна, ако го имам тоа што таа го има“, бидејќи е многу тешко да се сфати дека среќата постои надвор од споредувањето. Токму затоа и сигурно не сте свесни дека…rnrnВреме е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од променаrn

    Вие не сте тажни, вие сте само незадоволни

    rnЗадоволството е алчност со маска. Никој од нас нема никогаш целосно да биде задоволен со тоа што го има, бидејќи во нашата природа е секогаш да сакаме нешто подобро, поново и посјајно. Задоволството вклучува разбирање дека животот е серија од успеси и неуспеси. Доколку го сфатите ова, големи се шансите дека нема никогаш повеќе да ѝ дозволите на тагата да ги намали вашите можности за чувството на задоволство.rn

    Вие не сте монотони, вие само сè уште не сте заљубени

    rnКако што Ед Ширан пее, „Љубовта понекогаш боли, но е единственото нешто кое прави да се чувствуваме живи.“ Никој не сака да верува дека една област од неговиот живот е поважна од која било друга, но вистината е дека недостатокот на љубов во нашиот живот нè прави безнадежни. Секој од нас лесно би можел да се изгуби во успехот, со нашето име на насловна од книга и стотици фанови кои чекаат автограм, но сè уште да се чувствуваме романтично незадоволни. Вие едноставно не сте заљубени. Постои еден еуфорија која доаѓа со љубовта, правејќи нè посреќни, но сепак тоа не значи дека без неа не вреди воопшто да се живее. Сè во животот е моментално и поминува, а секојдневно нешто ново нè чека зад следниот агол.rn

    Вие не сте грди, вие само не сте совршени

    rnНикој не е совршен. Повторете го ова гласно заедно со нас: Никој не е совршен! Секоја девојка или момче кое вие мислите дека е совршено, ние можеме да ви гарантираме дека не е. Луѓето имаат и лоши денови, исто како што имаат добри. Никој не е имун на проблеми. Совршеноста е многу мудро извајана илузија, но откако еднаш ќе успеете да погледнете околу вас со реални очи, вие веднаш ќе сфатите дека таа е мит. Вие сте прекрасни онакви какви што навистина сте и токму затоа бесцелно е да трагате по совршеноста.rn

    Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

    rnМонотонијата води кон самоуништување. Сите ние знаеме по една ваква приказна. На пример, луѓето ги изневеруваат своите сопружници поради досада, не затоа што им мислат лошо. Тие едноставно решиле да ја извадат својата потисната потреба за нешто ново и возбудливо, па решиле да живеат во близина на бомба која отчукува. Токму затоа и само прашање на време е кога таа бомба ќе ги разнесе. Од друга страна пак, колкумина од вас работите работа која не ја сакате и не ја напуштате само затоа што се чувствувате удобно и се плашите да почнете од почеток? Стабилноста е во ред и таа ни е потребна до одредено ниво со цел да преживееме, но никогаш не треба да ѝ дозволите да ве спречи вистински да живеете.